build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Цени на станови

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2025
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 04-Mar-2024 at 18:34
Мора да се направи нешто на тема данок на имот, едноставно мора! Толку стана тоа купување станови на некој начин замрзнување на капиталот, со купување втор трет итн. стан, Луѓето кои имаат пари на страна ги "заштитуваат" од инфлација повлекувајќи ја целокупната понуда на станови, правејќи ги условите на пазарот неподносливи, додека некој неможе да дојде ни до прв стан. Тоа е правилна социјална политика, а не предизборните флоскули на Кончита Вурст.

Од друга страна па нема во што паметно да вложи освен што сега на хоризонтот се појавуваат некакви енергетски проекти, којзнае дали вреди да се инсетира во солари место во станови. Повратот на ивестицијата незнам колку е процентуално годишно, ама во Босна во Мостар има одличен пример како е направен соларен парк, и секој со неколку илјади евра може да инвестира и да знае точно кои квадрати солари се негови. Да знаеш кое ќоше е 100% твое, а не да купуваш 3% акции во некоја фирма каде немаш никакво гласачко прав и некој ќе ти ги излапа и испере парите.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20514
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 10-Jul-2024 at 18:56
Цената на становите и натаму расте, за една година квадратот пораснал за 11,5 проценти

Станови од сто квадрати во центарот на Скопје по цена од над 200.000 евра, 40 квадрати стан во Аеродром над 80.000 евра, 43 метри квадратни стан во Карпош 399.000 евра – огласите за недвижности на кои метар квадратен за стан во метрополата чини над 2000 евра станаа веќе пракса, а воедно и невозможна мисија за повеќето граѓани да ги купат.

Според анализата што Народната банка ја направила врз основа на огласите, цените на становите во главниот град во периодот од април до јуни се повисоки за 11,5 проценти во однос на истиот перидо лани, а поскапување од 8,2 проценти се бележи и во однос на првите три месеци од гдоинава.

Но, од Градежната комора се сомневаат дека ваквата методологија ја одразува реалната слика на пазарот..

„Што се однесува на понуда тука во голем процент се однесува на понуда и на половни станови кај што тука од еден на друг се пренесуваат цени и вредности се вкалкулираат и со тоа создаваат притисок на зголемување на цените. Во однос на нови градби кои се инвестирани и наменски за продажба тука мислам дека се стабилизирани дека немаме ние тука поместувања во однос на цените во тој дел. Сепак вредноста на цените зависи и од локациски каде се.. “-Ивица Јакимовски – Градежна комора на Македонија.

Иако, градежниот бизнис е во експанзија веќе две децении, сепак интересот кај малдите за оваа област се намалува од годинава во година.. Деканот на градежниот факултет Горан Марковски алармира дека сосојбите се веќе загрижувачки.

„ Ние сме загрижени со оглед на намалениот иснтерес за студирање на ова струка загрижени сме за иднината на градежништвото, а уште повеќе за идинаната на државта, бидејќи држава без домашно градежништво тешко е дури иневозможно да функционира. Наш заклучок е дека само со трипартнитна соработка меѓу државата, односно владата, образованието, факултетот и стопанството преку стопанските комори може да се изнајдат решенија да се подигне оваа гранка на ниво кое го заслужува да биде најдоходовна, да учествува со најголем процент во БДП.“- Горан Марковски – Декан на Градежниот факултет во Скопје.

Цените на становите во Скопје постојано растат, а побарачувачката не се намалува, иако последниот попис покажа дека секој трет стан во метрополата зјае празен. Тогаш во Скопје имало 59.300 такви станови, а најмногу празни ги има таму каде што и најмногу се градат, во скопски Центар, над 10.000.

https://kanal5.com.mk/cenata-na-stanovite-i-natamu-raste-za-edna-godina-kvadratot-porasnal-za-11-5-procenti/a649002

Edited by stef4o - 10-Jul-2024 at 18:56
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.820 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.