![]() |
![]() |
![]() |
Sky City (Џеваир облакодери и трговски центар) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 787980 |
Author | ||
DingerCarlos2 ![]() Newbiе ![]() Joined: 19-Oct-2024 Online Status: Offline Posts: 15 |
![]() ![]() |
|
Редовно го користам молов, и воопшто не се согласувам со констатацијата дека е тажен. Напротив, супер е што нема гужва и на мир може да се отиде до ДМ, Просветно дело и слично. Једини тажен мол у градов е Ист гејт мол. Ама што знам може би само се работи за разлики во перцепции. Јас на пример не сакам да сум сведок на мафијашки ликвидации, сообраќајки во подемен паркинг, експлозии и поплави. Можеби ради тоа што не се ложам на наркодилерски облакодери во Тирана. |
||
![]() |
||
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
|
Супер си е молов, двата кафичи секогаш се полни, а и два нови ресторани има, италијанскиот е одличен. Со паметен менаџмент ќе го пополнат и останатиот простор, само треба да си ангажираат некоја маркетинг агенција за настани, social media итн. Фокус треба на брендови за техника и спорт да стават.
Само што кога ќе биде целосно полн (кога и да е тоа) и кога ќе се завршат сите згради од околина и кула Д, не верувам дека ќе биде лабав мол без гужви. Ќе треба барем катната гаража да ја активираат. Во Лиса и Капитол е континуиран хаос, иста приказна и овде ќе биде. |
||
![]() |
||
anna75 ![]() Groupie ![]() Joined: 16-Sep-2021 Online Status: Offline Posts: 51 |
![]() ![]() |
|
Се додека им е овој „менаџмент„ молов нема да проработи асолно, за жал.
Имам информација (не знам колку е точна) дека на потенцијалните закупци им барале процент. Edited by anna75 - 18-Nov-2024 at 18:26 |
||
![]() |
||
DingerCarlos2 ![]() Newbiе ![]() Joined: 19-Oct-2024 Online Status: Offline Posts: 15 |
![]() ![]() |
|
Не е точно дека барале процнет, проверно.
И во Лиса иначе вториот спрат е празен а првиот полупразен со дуќани. Али затоа супермаркетите се пуни во трите објекта. Не се согласувам со констатацијата дека на Скопје не му требаат повеќе молови. Треба уште два најмалце - еден на влез кај Хиподром и еден во Сарај за провинцијалците од истокот и западот, респективли. Што не е случај со ГТЦ кој е во очајна состојба и каде ќоро пиле не поминува.. |
||
![]() |
||
anna75 ![]() Groupie ![]() Joined: 16-Sep-2021 Online Status: Offline Posts: 51 |
![]() ![]() |
|
Ова можеби најново им е, ама почетокот имаа таква идеја.
Жален е молов и морбиден, а штета бидејќи има предиспозиции да работи многу добро. Само да се смени менаџерскиот тим, оти на овие ич не им е гајле. |
||
![]() |
||
DingerCarlos2 ![]() Newbiе ![]() Joined: 19-Oct-2024 Online Status: Offline Posts: 15 |
![]() ![]() |
|
Супер си е молот за секој кој не е малограѓански или паленечки сноб.
Edited by DingerCarlos2 - 21-Nov-2024 at 18:59 |
||
![]() |
||
anna75 ![]() Groupie ![]() Joined: 16-Sep-2021 Online Status: Offline Posts: 51 |
![]() ![]() |
|
Јасно, јасно... Едвај десетина продавници има, вториот кат скоро празен. Морбиден е од што е супер. А утката со Кит го е во посебна категорија. Абре, супер е ![]() |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
ВИДЕО | Гневни станари во зграда на „Џевахир Скај Сити“ бараат итно поправање на расипаните лифтови
Од фирмата за сервисирање тврдат дека обвинувањата на станарите се невистинити, дека од четири патнички работат два лифта, а дека се чекаат делови за да се поправат и другите два Станарите на станбениот блок Ц во „Џевахир Скај Сити“ веќе подолго време се соочуваат со еден од најголемите проблеми со кој можат да се соочат жители на облакодер од 40 ката – не работат лифтовите. Тие тврдат дека својот револт за овој дефект постојано го потенцирале кај управителот кој раководи со сите услуги и потреби на зградата, меѓу другото е надлежен и за исправно работење на лифтовите, но станарите велат дека оттаму немало слух за решавање на проблемот. Поради недостигот на комуникација меѓу засегнатите жители и управителот, станарите овој пат решиле да го прескокнат управителот „Хауз Мајстор Плус“ и упатиле заедничко писмо кон повеќе државни институции, до кабинетот на министерот за внатрешни работи, до Министерството за економија и многу други, каде тие го искажуваат своето незадоволство од работата на управителот на зградата и бараат нивна интервенција за решавање на нивниот проблем. -Изминативе неколку месеци се соочуваме со сериозни проблеми во комуникацијата и извршувањето на обврските од страна на компанијата „Хауз Мајстор Плус“, кои кулминираат изминативе два месеци и заради нивно неодговорно, а се сомневаме и криминално постапување, секојдневно сме изложени на животозагрозувачки ситуации. Во последните неколку месеци се појавија низа дефекти едноподруго, а тоа продолжува да се случува во континуитет и за нив е повеќе пати известен управителот, кој е повикуван на состаноци каде му го искажувавме својот револт за овие проблеми, но тоа не вроди плод и ситуацијата остана иста – се вели во писмото на станарите. Станар од зградата вели дека од шест лифта кои ги има во блокот Ц, само еден е целосно исправен, а сите останати се или делумно или тотално нефункционални. – Единствено фирмата „Хауз мајстор“ е управител со зградата, ние како станари исто така ги носиме одлуките со 51 отстотно мнозинство од вкупниот број станови, кој изнесува околу 350. Управителот ја раскинал петгодишната гаранција за сервисирање на лифтовите со компанијата „Хјундаи“ без да нѐ праша нас како луѓе кои живеат во оваа зграда – вели станар за „Слободен печат“, кој тврди дека еден од лифтовите не е во функција повеќе од една година, а останатите се со расипани врати за затворање или други дефекти, додека пак само еден лифт е целосно исправен и во функција. Во блокот Ц има околу 350 станови каде живеат над 1200 станари, а зградата има шест лифта, од кои, согласно куќниот ред, четири треба да се користат како патнички за пренос на лица кои со себе не носат голем товар, потоа еден товарен лифт наменет за пренос на габаритен и тежок товар и еден издвоен лифт кој е сервисен и служи за исфрлање на комунален отпад. Според станарите, повеќе од една година еден од патничките лифтови е надвор од целосна употреба со образложение од управителот дека се чека дел од производителот од Турција. Во меѓувреме, многу често, останатите три патнички и еден товарен лифт покажуваа дефекти кои доста бавно биле сервисирани. Тензијата е најголема наутро, кога, како што вели еден од жителите, е „тепачка“ кој да се качи прв, земајќи предвид дека стотици луѓе истовремено одат на работа. Управителот на комплексот, пак, за „Слободен печат“ вели дека со Блокот Ц раководи од 2023 година, а кога ја преземал зградата ситуацијата во која се наоѓале лифтовите била многу лоша бидејќи тие не биле сервисирани повеќе од 3 месеци од предвидениот рок. -Ние како фирма дојдовме во 2023 година како нови управители и оттогаш ги исполнуваме сите наши обврски, учествуваме на состаноци со надзорниот одбор на станарите од Блок Ц, кој патем беше наша идеја бидејќи ние кога започнавме со раководење на зградата, станарите немаа оформено никакво тело за полесна комуникација со нас како управители. Свесни сме за проблемот со лифтовите, ги имаме добиено сите пријави и поплаки од жителите и сме во постојана комуникација со договорената фирма за сервисирање „Мега лифтови“, но едноставно, како што ни објаснија оттаму, се работи за лош момент бидејќи два лифта се расипаа одеднаш и имаат ист дефект – велат од фирмата управител и додаваат дека што поскоро ќе биде решен проблемот со неподвижните лифтови. Од фирмата за сервисирање „Мега лифтови“, пак тврдат дека според сите нивни проверки, четири од вкупно шест лифтови се исправни и сигурни за пренос на патници и товар. -Не е точно дека само еден лифт работи. Тоа се невистинити обвинувања од страна на станарите, ние како фирма за сервисирање извршуваме преглед на лифтовите еднаш месечно, а дополнително реагираме и на сите пријави кои ги добиваме од страна на станарите и управителот. Сите мали проблеми ги санираме, но двата патнички лифтови кои моментално не работат имаат посериозен дефект со инвертерот. Тој дел го чекаме да стигне директно од фабриката од Турција – велат од компанијата за сервисирање. Оттаму додадоа дека уредно доставиле допис до станарите и управителот пред околу еден месец дека е нарачан нов дел за еден од двата дефектни лифта, а според нарачката, за да пристигне делот биле предвидени 20-тина денови, но делот сѐ уште не е пристигнат во Македонија. -Според последните добиени информации, делот ќе пристигне утре. Штом пристигне, сервисирањето на неподвижниот лифт ќе биде направено за неколку часа и тој повторно ќе биде ставен во функција. Доколку делот е точен и одговара како што очекуваме, веднаш ќе нарачаме уште еден за вториот лифт што има идентичен дефект – информира сервисерот. Проблемот на станарите е сериозен, тие немаат друга опција за движење освен со лифт, со исклучок на станарите од пониските катови кои можат да ги користат скалите, но за оние што живеат повисоко, особено од петнаесеттиот до четириесетиот кат, одењето нагоре пеш е речиси невозможно. Станарите се гневни, проблемот се развлекува со месеци, но доколку одговорната фирма за сервисирање постапи според најавеното, најдоцна за еден месец сите лифтови во Блок Ц ќе бидат исправни и сигурни за користење. https://www.slobodenpecat.mk/video-gnevni-stanari-vo-zgrada-na-dzhevahir-skaj-siti-baraat-itno-popravanje-na-rasipanite-liftovi/ |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
DingerCarlos2 ![]() Newbiе ![]() Joined: 19-Oct-2024 Online Status: Offline Posts: 15 |
![]() ![]() |
|
Па тоа де, вистинска оаза е трговскиот. Таман малце да одмориш од развлечени вокали преку викенд пристигнати во главиот град како вистинска господа со своите каурски голфови (читај: Сеати). Ако сакаш да се лакташ со луѓе пошто имаш патолошка анксиозност од соочување со себе си и работење на своето нагризено и напатено его, трговскиов, сестро, не е за тебе.
А за брендовите што да кажам, тие се. Просечниот Севердонец ионака за помалце тепаше пат сосе два сата на граница за да пазари у Ејченем и да збута гиро и пол у Космос. Може да пробаш таму ако сакаш, гужвата ќе ти ја попуни празнината во градите, а гирото у стомакот. |
||
![]() |
||
DingerCarlos2 ![]() Newbiе ![]() Joined: 19-Oct-2024 Online Status: Offline Posts: 15 |
![]() ![]() |
|
Па тоа де, вистинска оаза е трговскиот. Таман малце да одмориш од развлечени вокали преку викенд пристигнати во главиот град како вистинска господа со своите каурски голфови (читај: Сеати). Ако сакаш да се лакташ со луѓе пошто имаш патолошка анксиозност од соочување со себе си и работење на своето нагризено и напатено его, трговскиов, сестро, не е за тебе. А за брендовите што да кажам, тие се. Просечниот Севердонец ионака за помалце тепаше пат сосе два сата на граница за да пазари у Ејченем и да збута гиро и пол у Космос. Може да пробаш таму ако сакаш, гужвата ќе ти ја попуни празнината во градите, а гирото у стомакот. Edited by DingerCarlos2 - 06-Apr-2025 at 15:27 |
||
![]() |
||
MKDSTRUGA ![]() Senior Member ![]() Joined: 20-Jun-2018 Online Status: Offline Posts: 465 |
![]() ![]() |
|
Не знам шо си се возбудил, шо некој на поинаков начин го доживува трговскиов центар од тебе. Јас лично воопшто не сакам трговски центри не значи дека ќе се истурам со невкусен вокабулар на некој што по форумов пишал нешто убаво или неубаво за било кој трговски центар.
На крај која е поентава да иаме форум ако сите имаме исто мислење или ако се вреѓаме кога мислењата се различни. А за ова севердонец и мешање политки имаш среќа шо ја не сум админ иначе одма бан ќе добиеше. Еве јас лично сум против промената и на крај памет не ми паѓа да глумам Димче и да вреѓам луѓе по форуми или луѓе шо сакаат да идат у Космос и да си јадат гиро колку год мене да ми е одвратен и космос и Солун како град. |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 787980 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |