Патна мрежа (општо) |
Post Reply | Page <1 828384 |
Author | ||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #1661 Posted: 25-May-2023 at 16:03 | |
За сè има вторпат
|
||
fichot
Senior Member Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
Quote Reply #1662 Posted: 06-Jun-2023 at 06:43 | |
Да не знае некој до кај се со регионалниот Велес-Градско?
|
||
my Macedonia
Senior Member Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4090 |
Quote Reply #1663 Posted: 21-Jun-2023 at 12:25 | |
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20752 |
Quote Reply #1664 Posted: 27-Jul-2023 at 13:34 | |
РОКОТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАТОТ ВЕЛЕС-ГРАДСКО ПРОДОЛЖЕН ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ
Наместо до 30 мај, регионалниот пат Велес-Градско ќе се работи до 30 ноември, објавија од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Градежните работи што ги изведуваат „Хидрострој“ и „Ескаватори“ почнаа на 30 август лани, а рокот за изведба беше девет месеци. За овој период, изведувачите не можеле да ги реконструираат предвидените 22 километри пат. Причината за тоа биле непредвидени работи кои се појавиле при градежните активности. „Поради непредвидени и дополнителни работи на патната делница, рокот за завршување на работите е продолжен за шест месеци или до 30 ноември 2023. Асфалтирани се 12 километри прв и шест километри втор, завршен слој“, информираа од ЈПДП. Поради високите температури, изведувачот работел во периодот од 7 до 11 часот. Останува да се асфалтираат уште 10 км со прв и 16 км со втор слој. Вредноста на работите е 347 милиони денари, обезбедени со заем од Европската банка за обнова и развој. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/rokot-za-rekonstruktsija-na-patot-veles-gradsko-prodolzhen-za-shest-mesetsi/ |
||
Carpe diem
|
||
FiLo
Senior Member Joined: 26-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 142 |
Quote Reply #1665 Posted: 01-Dec-2023 at 17:32 | |
Дали регионалниов пат Велес Градско е завршен со реновирање ?
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20752 |
Quote Reply #1666 Posted: 01-Dec-2023 at 18:18 | |
СО ШЕСТ МЕСЕЦИ ОДЛОЖУВАЊЕ, ЗАВРШИ ОБНОВАТА НА РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ ВЕЛЕС-ГРАДСКО Заврши обновата на регионалниот пат Велес-Градско, со што е испочитуван пролонгираниот рок, кој беше до 30 ноември. Првичниот рок за изведба на градежните работи од девет месеци истече на 30 мај годинава, кога од Државни патишта соопштија дека поради непредвидени и дополнителни работи, рокот е продолжен за шест месеци. Должината на обновената траса е 22 километри. За разлика од обновениот регионален пат Велес-езеро Младост, делницата Велес-Градско е обележана со хоризонтална сигнализација и е поставена заштитна ограда на дел од трасата. Тој се користи како алтернатива за автопатот Велес-Градско. Вредноста на работите беше 5,6 милиони евра, обезбедени со заем од ЕБОР. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/so-shest-mesetsi-odlozhuvane-zavrshi-obnovata-na-regionalniot-pat-veles-gradsko/ |
||
Carpe diem
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20752 |
Quote Reply #1667 Posted: 08-May-2024 at 18:43 | |
По стариот пат од Скопје до Велес: Невозможна Мисија и во 2024
|
||
Carpe diem
|
||
FiLo
Senior Member Joined: 26-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 142 |
Quote Reply #1668 Posted: 08-May-2024 at 19:21 | |
Не треба во овој пат да се трошат инвестиции реално, туку треба да се направи нов автопат од Катланово до Велес паралелно до постоечкиот што е во правец Велес-Катланово, а сегашниот "автопат" Катланово-Велес да се пренамени во двосмерен помошен, стар пат како сакате наречете го.
Се останато се квази решенија ако се вложува нешто во овој пат од видеово над мојов пост. |
||
fichot
Senior Member Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
Quote Reply #1669 Posted: 09-May-2024 at 21:11 | |
Го имам минато 15 пати со точак, и стално си велам никад више. Видеово ја обработува најлошата секција мада реално патот е лош од вртењето за с. Брезица до можеби 1-2км пред ез. Младост. Некако не ми оди во глава дека ради 1 патарина (додека сите други може да се заобиколат) патот не се реконструира. |
||
fichot
Senior Member Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
Quote Reply #1670 Posted: 09-May-2024 at 21:13 | |
Тоа е се фино, ама едното кошта бар 100 пати повеќе од другото. |
||
Théoden
Senior Member Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 563 |
Quote Reply #1671 Posted: 09-May-2024 at 22:00 | |
А колку реално би чинел автопат Катланово-Велес? Се работи за 20 км, во суштина експресен пат, по веќе одредена траса, со еден тунел и подолг вијадукт. Ако го прави Бехтел и Енка знам дека ќе чини милијарда, но реално, ова не е проект ни од рангот на Штип-Кочани. Не знам зошто го нема во ниту една програма, и зошто ниту една власт го нема воопшто спомнато.
|
||
FiLo
Senior Member Joined: 26-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 142 |
Quote Reply #1672 Posted: 09-May-2024 at 22:46 | |
Па не знам дали оправањето на сегашниот стар пат од видеово би чинел поефтино. Дури и да е така, ајде да го поставиме прашањето што е подобро ? Под бр.1 инвестиција и крпење на овој квази спореден пат со доста кривини и серпентини во делот кај Катланово, плус долж целата траса е широк само колку за една кола, значи ќе треба и проширување. Ова би довело и понатаму да се користи постојниот квази автопат од Катланово до Велес кој по ниту еден стандард не е автопат, не знам и зошто плаќаме патарина кога не исполнува услови за автопат поради: -Немање помошна лента за застанување -Остри кривини поради кои максимално дозволената брзина е само 80 км/ч на одредени делови, а во поголемиот дел е само 70 км/ч, а има и делови со 60 па дури и 50 км/ч, а автопат по дефиниција треба да има минимална брзина од 80 км/ч и максимална од 130 км/ч. Да не заборавиме и на радарските контроли од полицијата, да те мерат со 100-110 км/ч и да те казнуваат зошто на "автопат" возиш 110 км/ч и загрозуваш безбедност. Чисто полнење на буџет се радарските контроли на овој квази смешен автопат. Под бр.2 изградба на права и современа автопатска делница во должина од 23 км со брзина од 120-130 км/ч покрај постоечката Велес-Катланово наспроти сегашната квази автопатска делница Катланово-Велес во должина од 27 км со смешни ограничувања од 60, 70 и 80 км/ч. Плус оваа делница многу повеќе одговара да се пренамени во спореден двосмерен пат бидејки е и реконструирана пред 10тина години (иако на одредени делови има попуштено асфалтот), плус и самата ширина на лентите е за двосмерен регионален спореден пат. Така да не знам дали опција 1, односно крпењето на сегашниот претесен и уништен пат е поисплатливо од опција бр.2 и дали би придонело до побрзо и побезбедно патување меѓу Катланово и Велес. Edited by FiLo - 09-May-2024 at 22:52 |
||
Théoden
Senior Member Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 563 |
Quote Reply #1673 Posted: 11-Jun-2024 at 11:12 | |
Еве, да се исправам, овој проект го имало во програмата на новата влада, макар што се спомнува само проектна документација, а не и изведба:
Edited by Théoden - 11-Jun-2024 at 11:15 |
||
Post Reply | Page <1 828384 |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |