![]() |
![]() |
![]() |
Ветерници |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 7891011> |
Author | |
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
По ЕЛЕМ, и турската „НеСа Енерџи“ ќе гради ветерен парк кај Богданци
Паркот на ветерна електрана „Вардар Проект“ со инсталирана моќност од 50 мегавати е вториот проект за искористување на обновливата енергија од ветерот на кој активно се работи во земјава. Турската компанија „НеСа Енерџи“ е заинтересирана да инвестира во енергетски објект од овој вид во општините Богданци и Дојран, за кој до локалните самоуправи веќе е доставено Известување за намера за изведување на проект. Во документот се наведува дека турците ќе изградат 20 ветерници со висина од 100 метри, дијаметар на елисата од 50 метри, ветерна турбина и генератор со моќност од 2,5 MW, трансформатор, подстаница, нова трафостаница 20/110kV и пристапен пат во должина од 7 километри.
Турците планираат да го градат ветерниот парк североисточно од Богданци, над вештачката акумулација „Паљурци“. Досегашните мерења на брзината на ветерот на ниво на Македонија покажаа дека токму овој дел од земјава е најповолен за вакви вложувања. Според плановите на „НеСа Енерџи“, ветерниот парк ќе се простира на површина од околу 50 хектари. Оваа компанија минатата година веќе потпиша писмо за намери со општина Богданци за инвестирање во проектот, кога и за прв пат ја запозна македонската јавност со него.
Ако се реализираат намерите на специјализираната турска компанија за финансирање и менаџирање на проекти од областа на обновливата енергија, во Богданци ќе се изгради вториот ветерен парк во земјава. Државната компанија ЕЛЕМ во моментов активно работи на завршување на ветерниот парк „Богданци“, од кој првите киловат часови електрична енергија ќе се произведат во текот на претстојнава пролет. http://www.build.mk/?p=33648 Edited by Danielbtmk - 19-Mar-2014 at 03:13 |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Богданци
![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Vige ![]() Newbiе ![]() Joined: 24-Mar-2014 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Зашто втор пат?
Инаку верувам кружат многу приказни и има многу дилеми околу оваа елктрана..... Нема ништо мистериозно во приказната. Паркот на Ветерни Елктрани - Богданци (ПВЕ) е во финална фаза на изведба, инсталирани се сите 16 Машини и приклучокот до Електропреносна мрежа преку 110 Kv - ТС Богданци 20/110 Kv до ТС Валндово 10/20/35/110 Kv е под напон од Петокот 21.03.2014. Машините би требало да почнат да се приклучуваат на мрежа во пробен погон наредната недела. Реално, за неколку недели сите 16 ќе бидат во пробна работа. За генералиите на електраната горе долу се е познато.... Машините се производ на Siemens Wind AS , ама дизајнот е одамна во употреба. Блиску до нас вакви машини има во Хрватска, покрај Задар и Сплит. Механички и аеродинамички, машината е класична со асиххрон генератор и ZF Редуктор, со варијабилна брзина. Избрани се машини од IEC IIA класа поради условите на ветарот на локацијата. Toчното име на машината е Siemens SWT - 2.3-93, Со висина на центар на ротор од 80м и брзина на рототорот од 6-16 вртежи во минута. Работи во дијапазон на брзина на ветар од 4 до 25 m/s, а максимална снага ќе достигне на 13 m/s. Предвидено годишно прозводство на Електраната е околу 100GWh, што е повеќе од ХЕЦ Света Петка, да речеме... Инсталирана Моќност им е скоро иста ПВЕ Богданци вкупно има 36.8MW, Света Петка 38MW. Што се однесува до финансирањето и трошоците и таму е горе долу се познато. Во оваа фаза со 16 машинини и комплетна инфраструктура за поврзување на мрежа електрана чини нешто преку 55 милиони евра. Инаку проектот ПВЕ Богданци треба да има инсталирана моќност од 50MW или 22 исти вакви машини т.е. уште 6. Во таква конфигурација проектот би тренало да чини нешто преку 70 милина евра и да произведува околу 135GWh, што е повеќе од ХЕЦ Тиквеш. Инаку трошоците за годишно одржување се нешто преку 1 посто, а во случајов првите 10 години, машините ги одржува Siemens Wind. Од овие бројки, лесно може да се пресмета прозводната цена по MWh, која во случајов за нов енергетски објект, е релативно ниска. Инаку електраните на Ветар имаат предвиден животен циклус од 20 години и потоа во зависност од условите на пазарот обично се менува опремата т.е. Турбините. Реално, од сите достапни технологии за производство на Електрична Енергија на пазорот, барем во Западните општества Ветарот е најефтин и затоа многу бргу се додава капацитет. |
|
![]() |
|
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
се убаво кажа, одличен маркентиншки настап, само не колку ќе чини 1 КВЧ, и дали струјата од ветерниците се субвенционира?
За да не пресметуваме сами, иако велиш дека лесно е да пресметаме, јас мислам дека не е лесно. Не е точно дека ветрот е најефтин, најефтин е јагленот, нуклераната енергија па гасот, може да се провери на сајтот на ЕУРОСТАТ. Никогаш не сум бил во Богданци, ме интересира да ли таму навистина дува КОНТСТАНТЕН ветер со прзина од 4 до 25м/сек? |
|
![]() |
|
Vige ![]() Newbiе ![]() Joined: 24-Mar-2014 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Најефтин е јагленот.......таму кај што го има и што се се зема во цена на чинење. Во нашиве услови воопшто не е ефтин, а и го немаме. Имаме лигнит со прилично ниска калорична вредност...ама ова е друга приказна.
Инаку киловат произведен во нуклеарна електрана е вистина најефтин, посебно во САД каде што овие електрани се со висока вредност на искористување, ако не се лажам дури 93 % од времето се со максимална снага на мрежа. Гасот веќе не е ефтин.............статистиката на ЕУРОСТАТ за жал e до 2012. Струјата од ветар е субвенционирана и се продава за 8.9 евро центи по киливат/час во период од 20 години, кај нас. Ова се однесува за инсталиран капацитет до 150MW во нашиот ситем. Константен ветар не дува никаде и Богданци не е специјален случај. Има периоди кога дува помалку или повеќе од потребното. Електраните на ветар се вреднуваат со таканаречен фактор на капацитет кој во суштина е однос помеѓу максималната теоретска искористивост и реалното производство на конкретната локација. Затоа, како што реков, е лесно да се пресмета знаејќи го проектираното годишно производство. |
|
![]() |
|
Vige ![]() Newbiе ![]() Joined: 24-Mar-2014 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Не водиш изгибена битка...само незнаеш колку чинат герално елктраните. Технологијата за производтво на Струја од ветер, последниве години е исплатлива и без субвенции. Генерално, инсталиран MW кошта помеѓу 1,2 до 1,6 милиони евра. На тоа се додаваат оперативни трошоци кои се реално мали........1-1.5% годишно. Скоро слушнав некоја цена и се изненадив многу, модерна термоелектрана неможе да се изгради за помалку од 3,0 милиона евра по MW. Е овде оперативните трошоци се ужас, нема да ти се верува, зашто треба да обезбедиш Енергенс - јаглен, лигнит..кој или го купуваш или го копаш и на крај да го складираш некаде пепелот, па милон запослени, па сопствена потрошувачка и сл. Затоа, баш и не сум видел некаков особен развој на класични ТЕ во Европа последниве години. Цените на енергијата од старите електрани се навиститина релативно ниски, ама никој негради нови. Кај нас дури и ова не е точно, производната цена од старите ТЕ е скоро иста со новите Електрани на Ветер. Приказната со НЕ ( Нуклеарни Електрани) е нешто поразлична. Иако цените по Фукушима скокнаа драматично, ефектот е повеќе психолошки. Нивната производна цена е пропорционална со Утилизацијата ( искористувањето) зошто горивото се троши правеле струја или не. Ако системот може да си дозволи да работат цело време на максимална моќност тогаш производната цена им е релативно ниска. Мора да се има предвид дека овие елктрани не продуцираат стакленички гасови и пепел, што е усхте една позитивна особина. Edited by Vige - 25-Mar-2014 at 05:11 |
|
![]() |
|
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
Ако е навистина 8,9 евроценти тогаш е ОК, не е голема разлика ако е таа од јаглен околу 5 центи, тоа е мала разлика и можеме да си допуштиме ваква играчка, демек имаме и ние ветерници. Сакам да кажам не е големо оптоварување, но не би требало да почнеме некоја еуфорија на масовно градење. СИМЕНС само чека такви работи. Иначе константен ветар (или во најголема мерка константен) има во Северно Море и на шпанскиот атлански брег, затоа таму и се градат големи фарми на ветерници.
Прво сакам да разјаснам една работа: постои разлика во улогата на изворите на обновливива енергија во ЕУ и кај нас. Тие можат да си дозволат субвенции со идеја да се развива нивната индустрија и постепено да се достигне нивото на исплатливост. НИе таков интерес немаме, немаме индустрија, а и немаме доволно пари за субвенции ако разликата е преголема. Додека не се спушти цената на чинење на ОИЕ тогаш би требало да се потпреме на јагленот кој е ефтин. ТЦ на јаглен се градат во европа, дури и во Германија, RWE мислам гради 2 во Полска, во Шведска, Турција потпиша пред некој ден договор за голема ТЦ на јаглен. Се работи за ТЦ од нова генерација, кои навистина се поскапи, бидејќи се оптеретени со еколошки дажбини, но памалку загадуваат. ЈАс навистина не ја знам состојбата со залихите на лигнит во Македонија, бидејќи никој досега јасно не кажал дали има доволно или нема јаглен кај нас. едно време се форсираше изградба на НЕЦ што е глупост најголема, и се ширеа вести дека во Пелагонија имаме уште неколку години јаглен, а потоа одеднаш се открија нови наоѓалишта. Нас ни треба повеќе штедење, Македонија премногу троши |
|
![]() |
|
Amper ![]() Newbiе ![]() Joined: 31-Jul-2013 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Сепак се вртат вентилаториве
Дневни информации за производство на ел. енергија 26.04.2014 80 Mwh 27.04.2014 44 Mwh 28.04.2014 54 Mwh Пред некој ден дневното производство беше 303 Mwh Податоците се достапни за јавност на страната на А.Д. МЕПСО |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
Овие бројки воопшто не се лоши.На пример РЕК Осломеј Кичево ќе бидат презадоволни доколку произведат 400-500 gwh за цела година,а има преку 1200 вработени и скапо производство
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
И МАКЕДОНИЈА ДОБИ СВОЈА ВЕТЕРНИЦА ЗА СТРУЈА
Ветерница со вертикална осовина со полуцилиндрични рецептори на ветерот, целосно изработена во Македонија, деновиве беше пробно тестирана во погонот на „Еуро мебел метал“ во Тетово и ги даде очекуваните ефекти. Ветерницата, исто така, беше испробана и на автомобилска приколка со брзина на движење до 100 километри на час со 27,77 метри во секудна, а кратко беше тестирана и на брзина од 120 километри на час со 33,33 метри во секунда и функционираше без никакви механички и звучни проблеми. Според зборовите на авторот на овој најнов изум, машинскиот инженер Митре Митрески од Гостивар, ветерницата нема потреба да се ориентира спрема правецот на ветерот, бидејќи го прима ветерот од сите страни. „Ветерницата на пробната работа покажа исклучително добри механички особини. Беше многу стабилна, нивото на бучавата изнесуваше околу 45 децибели, што одговара на бучава што ја создава машина за перење алишта. На тестот турбината ги задоволи сите барања за произведување енергија, без притоа да создава бучава над дозволените граници“, вели Митрески. Повеќе на http://www.utrinski.mk/?ItemID=33D012615D758142B16BAB9C026E5F6C |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Amper ![]() Newbiе ![]() Joined: 31-Jul-2013 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Ова се првични информации за тоа колку произведуваат на дневна основа, а во иднина и просек на поголеми периоди. Претпоставувам дека од ова ке зависат и сите можни идни ветрени проекти во Македонија вклуцително и доградбата на ова ветрено поле.
29.04.2014 138 Mwh 30.04.2014 574 Mwh На 30.04 во 1 цасот е постигнато и најголемо производство за еден час од 33 Mwh сто е блиску до максималниот капацитет. |
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Во мај во вкупното производство на струја 1,4 проценти од ветерници
Во април годинава во Република Македонија првпат е регистрирано производство на електрична енергија од ветерни електрични централи, коешто во мај учествува со 1,4 проценти во вкупното бруто -домашно производство на електрична енергија, објави денеска Државниот завод за статистика. ![]() Во мај годинава во Македонија е евидентирана вкупна потрошувачка од 639.152 мегават часови електрична енергија, 3.400 милиони нормални метри кубни природен гас, 643.654 тони јаглен и 72.709 тони нафтени продукти. Бруто - домашното производство на електрична енергија учествува со 72 проценти во бруто - домашната потрошувачка на електрична енергија, а 96,4 проценти од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. http://www.kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=44918 |
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Домаќинствата веќе добиваат струја од ветерниот парк „Богданци“
Иако е во тест-период, енергијата што се добива од првата ветерна електроцентрала во земјава придонесува во вкупното производство. Со тоа се зголемува учеството на обновливи извори во вкупно произведената енергија во Македонија. ![]() Енергија произведена од ветер, поточно од ветерниот парк „Богданци“, веќе три месеци се испорачува до домаќинствата во Македонија. Во последниот извештај на Државниот завод за статистика за енергија за мај 2014 година е регистрирано дека во вкупното производство на електрична енергија има и струја произведена од овој обновлив извор. - Во април 2014 година во Република Македонија првпат е регистрирано производство на електрична енергија од ветерни електрични централи, кое во мај 2014 г. учествува со 1,4 отсто во вкупното бруто-домашно производство на електрична енергија - е наведено во извештајот на ДЗС. ВО ИДНИНА СТРУЈА ЗА 60.000 ЖИТЕЛИ Енергијата добиена од првата ветерна електроцентрала во земјава, иако е во тест-период, веќе придонесува во вкупното производство, со што се зголемува учеството на обновливи извори во вкупно произведената енергија во Македонија. - Од април е регистрирано производство на електрична енергија од ветерници затоа што од почетокот на месецот паркот на ветерни електроцентрали „Богданци“, во сопственост на ЕЛЕМ, влезе во пробно производство. Инаку, ова е прв капацитет во Република Македонија од ваков вид. Ветерниот парк во моментов е во фаза во која се тестира целокупната опрема и се проверуваат перформансите на ветерните турбини - велат од ЕЛЕМ. Од компанијата објаснуваат дека паралелно со процесот на тестирање на опремата, што е во согласност со прописите на производителот и што трае три-четири месеци, истовремено се испорачува електрична енергија во домашниот електроенергетски систем за потребите на македонските потрошувачи. - Овој капацитет е со инсталирана моќност од околу 36,8 мегавати или 2,3 мегавати од ветерна турбина. Во зависност од временските услови се очекува да испорачува околу 100 милиони киловат-часа годишно, што во просек е 2 проценти од вкупното домашно производство на електрична енергија. Ова е количество што на годишно ниво би ги задоволувало потребите на еден поголем град во Република Македонија со околу 60.000 жители - додаваат од ЕЛЕМ. ТЕРМОЦЕНТРАЛИТЕ СЕ НАЈГОЛЕМИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ Како што може да се забележи од извештајот на ДЗС, во вкупното производство на струја од обновливи извори најголем удел имаат хидроцентралите со 16,5 отсто, па ветерните централи со 1,4 отсто и на крај соларните со 0,4 отсто. Во вкупно произведената електрична енергија традиционално најголем удел имаат термоцентралите со речиси 82 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2014 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува 639.152 мегават-часа електрична енергија, 3.400 милиони нормални кубни метри природен гас, 643.654 тони јаглен и 72.709 тони нафтени продукти. Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 72 проценти во бруто-домашната потрошувачка. Истиот извештај покажува дека дури 96,4 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија. Производство на електрична енергија април мај Вкупно бруто-производство 498.694 460.170 Термоцентрали 408.837 376.457 Хидроцентрали 84.090 75.866 Соларни електрични централи 965 1.626 Ветерни електрични централи 4.802 6.221 Извор: Државен завод за статистика ![]() http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=730141059449&id=10&prilog=0&setIzdanie=23237 |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Богданци
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() фотографии: Н. Батев (vecer.mk) Edited by Џоле - 14-Aug-2014 at 11:17 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Ветерниците во Богданци произведоа над 40 гигавати струја
Како што информираат од Електрани на Македонија за околу 5 месеци тест-период испорачана е струја половина од планираното производство на годишно ниво Од април годинава откога стартуваше пробното производство на електрична енергија од првиот парк на ветерни електрани „Богданци" произведени се над 40 милиони киловат-часови струја или 40 гигавати електрична енергија. Како што информираат од Електрани на Македонија за околу 5 месеци тест-период испорачана е струја половина од планираното производство на годишно ниво. ПВЕ „Богданци" очекува да се испорачуваат најмалку 100 гигават-часови природно одржлива енергија, што на годишно ниво е доволно за снабдување на домаќинствата на преку 60.000 граѓани на Република Македонија, или еден поголем град како Прилеп, Куманово, Тетово или Гостивар. Ветерниците како значаен енергетски капацитет и прв од ваков вид во земјава, наскоро ќе влезат во редовно производство и ќе дистрибуираат електрична енергија во електроенергетскиот систем на земјава. На локацијата Ранавец кај Богданци монтирани се сите 16 ветерници. Инсталираната моќност на секоја од нив е 2.3 мегавати, висината на столбот изнесува 80 метри, а дијаметарот на елисата изнесува 93 метри. Турбините се производство на Сименс - Данска и се вбројуваат меѓу најдобрите во својата класа. Овој ветропарк во земјава го скрши мразот и ја вброи Македонија во земјите коишто произведуваат струја од ветер. -Со овој проект ќе се зголеми и учеството на обновливите извори во портфолиото на ЕЛЕМ и претставува уште еден показател за грижата на компанијата кон животната средина-укажуваат од енергетската компанија. Изградбата на ветропаркот на локацијата Ранавец стартуваше во мај лани. Проектот е вреден 55.5 милиони евра, а заемот од Владата на Сојузна Република Германија преку КФВ банката изнесува 47.9 милиони евра, додека 7.6 милиони евра веќе обезбеди. http://vecer.mk/ekonomija/veternicite-vo-bogdanci-proizvedoa-nad-40-gigavati-struja |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
Браво.Рек Осломеј за споредба ако има јаглен годишно можи да произведи околу 600 ГВЧ,а ангажаира 1500-2000 работници,машини,багери,камиони....
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Богданскиот ветер лани „издува“ 70.000 мегавати струја
![]() Во Македонија за прв пат годинава што измина се произведе електрична енергија од ветер. Земјава го доби првиот парк на ветерни електрани "Богданци" и со тоа го скрши мразот и се вброи во земјите кои ветерот го претвораат во струја. Производството стартуваше во април 2014 година и за 9 месеци произведени се над 70.000 мегават-часови струја или околу 70 гигавати електрична енергија. Како што информираат од Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) за овој временски период, кој што е наречен тест-период испорачана е струја за 77% од планираното производство што на годишно ниво е утврдено со Енергетскиот биланс. Според анализите на енергетската компанија "Богданци" очекува за 12 месеци да испорачува најмалку 100 гигават-часови природно одржлива енергија, што на годишно ниво е доволно за снабдување на домаќинствата на преку 60.000 граѓани на Република Македонија, или еден поголем град како Прилеп, Куманово, Тетово или Гостивар. Бројките како што велат експертите само потврдуваат дека ветерниците се веќе значаен енергетски капацитет и како прв од ваков вид во земјава, тие веќе дистрибуираат електрична енергија во електроенергетскиот систем на земјава. На локацијата Ранавец кај Богданци монтирани се 16 ветерници, кои секоја од нив е со инсталираната моќност од 2.3 мегавати, а вкупната моќност се 36,8 мегавати. Како што потсетуваат од ЕЛЕМ висината на столбот на една ветерница изнесува 80 метри, а дијаметарот на елисата изнесува 93 метри. Турбините се производство на Сименс - Данска и се вбројуваат меѓу најдобрите во својата класа. Изградбата на ветропаркот на локацијата Ранавец стартуваше во мај 2013 година Проектот е вреден 55.5 милиони евра, а заемот од Владата на Сојузна Република Германија преку КФВ банката изнесува 47.9 милиони евра, додека 7.6 милиони евра веќе обезбеди. Но инвестициите во ветерници се очекува да продолжат и во следните години, за што со одлука на Владата е одобрена вкупна моќност на овие енергетски објекти во годините што следуваат да бидат во континуиран пораст. Така до 31 декември 2016 година одобрена е вкупно е моќност од 65 мегавати, до 31 декември 2020 година до 100 мегавати и до 31 декември 2025 година вкупно 150 мегавати. http://vecer.mk/ekonomija/bogdanskiot-veter-lani-izduva70000-megavati-struja |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
martind ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 29-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 332 |
![]() ![]() |
Дали паркот на ветерници е во државна сопственост или приватна?
Иначе нели е попаметно Македонија како земја со многу ограничени ресурси да се насочи кон производство на енергија на овој начин, ветерници и преку соларни централи? мислам дека тоа е клучната инвестиција за енергетска независност на Македонија. |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Сопственост е на компанијата ЕЛЕМ која, пак, е во државна сопственост. |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Navigator ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
![]() ![]() |
Edited by Navigator - 18-Jan-2015 at 23:46 |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 7891011> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |