build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Меѓународни ланци во Македонија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 21-Apr-2016 at 08:43
Не е баш меѓународен, ама ајде...

ОТВОРЕН „ГУДИС БУРГЕР ХАУС“ВО „СИТИ МОЛ“



Во „Сити мол“ на вториот кат е отворен „Гудис бургер хаус“. Ова е втор по ред ресторан во Скопје, по оној во центарот „Веро“. Препознатлив е по бургерите подготвени од 100 отсто чисто говедско месо, како и сендвичи и скара од пилешко месо.

„Целокупната храна се подготвува од суровини со највисок квалитет и тоа веднаш по нарачувањето од страна на гостите, што дополнително придонесува таа да се послужи во свежа состојба и со одличен вкус кој ги има задржано сите оригинални ароми. Гостите и во овој ресторан ќе добиваат супериорна и брза услуга“, велат од менаџментот.

http://utrinski.mk/?ItemID=7DD86173B4A94145BE1BAC7546916398
За сè има вторпат
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 21-Apr-2016 at 09:59
Добро, технички по дефиниција ако е во повеќе од една земја присутен, тогаш брендот е меѓународен Регионален е во секој случај - Македонија, Албанија, и секако матичната Грција и Кипар. А богами да ви кажам навистина отскокнува од Бургер Кинг и МекДоналдс.

Плус ова не е класичен Goody's, туку е од новата линија на Burger House.

http://www.goodysburgerhouse.com/gr/menu/the-angus-burgers/
Not bad at all.

Инаку на нивниот сајт мапата вика дека имаат во Веро Центар, и во Рамстор!?

Edited by гитардемон - 21-Apr-2016 at 10:00
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
buco55 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 20-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 12
  Quote buco55 Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 21-Apr-2016 at 10:03
Да, првиот уште пред неколку години е отворен во Веро центарот, на местото на поранешниот Mcdonalds.
Инаку секогаш е добро да се има повеќе избор, за вкусови не се преговара :-)
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 24-Apr-2016 at 17:23


За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 08-May-2016 at 00:17
Отворена првата продавница на Полие спорт во Македонија

Денес во Скопје Полие спорт (Polleo Sport) ја отвори првата продавница. Регионалниот лидер во индустријата за спортска исхрана и опрема на своите полици донесе био и здрава храна, витамини, минерали, суплементи, фитнес опрема, облека и обувки.



Сите посетители имаа можност да купат производи од светски познатите брендови како што се Under Armour, Optimum Nutrition, My Protein, Scitec Nutrition, Naturya, Garmin, Atleticore, Everlast, Bad Boy, Bad Girl, QNT, BSN, MVP, My Nutrition, TRX, Kineta, Zoe Leggings, и многу други, по намалени цени. Исто така можеа да дегустираат некои од најпопуланите производи од палетата на здрава храна и додатоци во исхраната.

На свеченото отворање присуствуваа голем број на професионални спортисти, рекреативци и љубители на спортот и здравиот начин на живот, меѓу кои и бренд амбасадорите на Полие спорт, Елена Ристеска, ракометарот Дејан Манасков, националниот рекордер во пливање Мартин Стефановски, фитнес инструкторот Марио Јовановски, атлетичарот и модел Дарко Петковски – Спејко, членовите на клубот Бар Гладијаторс...



„Среќни сме што наидовме на интерес и поддршка од толку многу луѓе кои денеска дојдоа да го прослават овој ден со нас. Благодарни сме им на сите кои одлучија да нѝ се приклучат во промовирањето на здрав и спортски стил на живот, бидејќи сега заедно како вистински тим ќе можеме да се избориме против лошите навики. Се надеваме дека од денеска, па натаму бројот на нашите пријатели ќе расте и дека сите добро ќе се забавуваме додека ги поместуваме границите во борбата за поквалитетен живот“, велат од компанијата.

Полие спорт е еден од најголемите ланци на специјализирани продавници за спортска опрема и здрава исхрана во регионот. Долгорочните планови на компанијата вклучуваат отворање на повеќе од 10 продажни центри низ Македонија до 2018 година. Втората Полие спорт продавница веќе е во подготовка за отворањето кое според планот треба да се случи следниот месец.



Полие спорт е носител на престижниот сертификат за квалитет Superbrands, како и на Green Superbrands ознаката за бренд со високо развиена еколошка свест и одговорност.

http://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/otvorena-prvata-prodavnica-na-poleo-sport-vo-makedonija-foto#1
За сè има вторпат
Back to Top
avijacijamk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2013
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 364
  Quote avijacijamk Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 31-Jul-2016 at 22:43
KFC се отвара во Albi Mall во Приштина. Има некоја најава за нешто кај нас ново? Изгледа секаде има нешто ново освен ние.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4191
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 10-Oct-2016 at 12:31
IKEA, LIDL, H&M..Зошто нè заобиколуваат меѓународните брендови?

IKEA, LIDL, H&M, C&A – светски брендови кои се шират во регионот, но засега нè заобиколуваат. Во Србија, Бугарија и Грција имаат и по неколку продавници во повеќе градови, но не и во Македонија. Причина – мал пазар со ограничена куповна моќ, како и стагнациите во евроинтеграциите; коментираат сопствениците на мали бутици, пишува Денар.



Официјални изјави не сакаат да дадат најверојатно бидејќи и кај дел од нив може да се најдат токму ваквите брендирани парчиња, но по повисоки цени отколку во оригиналниот синџир.

„Носење на бренд бара голема инвестиција, околу еден милион евра само за почеток, а приходите се ограничени и би биле многу помали во споредба со поразвиените држави“ објаснува сопственик на бутик кој продава текстил со етикети од H&M, но дури и Armani и Versace.

Дел од медиумите веќе шпекулираа со можно влегување на нови марки. Според овие написи H&M, С&А и Deichmann треба да дојдат во Македонија во наредните три години, а рестораните за брза храна KFC и побрзо.

Во меѓувреме Burger King ја шири својата мрежа низ земјава, но McDonalds се повлече и засега нема најави дека ќе се врати. Македонија е една од само неколку држави кои не се дел од најголемиот fast food синџир.

Сепак, состојбата полека се менува – пред четири години дојде групацијата Inditex со своите Zara, Bershka, Pull&bear, Massimo Duti и Stradivarius, но засега остануваат само во City mall. Во центарот на Скопје се уште ги нема иако во сите метрополи имаат свои продавници и на prime локација во пешачките зони.

Од друга страна по три годишно функционирање синџирот на маркети Carrefour се повлече од Македонија, а зад себе остави и долгови кон добавувачите. Засега нема најава за влез на некој од големите европски и регионални играчи кои би им конкурирале на Ramstore, Tinex, Vero…

http://www.skopjeinfo.mk/ikea-lidl-hmzoshto-ne-zaobikoluvaat-megjunarodnite-brendovi
Back to Top
carver91 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 163
  Quote carver91 Quote  Post ReplyReply #168 Posted: 10-Oct-2016 at 14:00
Nosioci svih glavnih fransiza u MK su uglavnom turska preduzeca.
poput Burger King, Dominos pizza, Polaris obuca (turski Deichmann)
Nadam se da ce KFC se prosititi i na trziste Makedonije u skorije vreme..

Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #169 Posted: 12-Oct-2016 at 09:11
Што мислите, дали евентуалното влегување на IKEA на нашиот пазар е добра или лоша работа за економијата? Би добиле бренд име, поголем избор за купувачите и некои 200-300 работни места, а истовремено би загубиле релативно голем број на мали домашни производители и трговци на мебел.

Edited by Navigator - 12-Oct-2016 at 09:12
Back to Top
avijacijamk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2013
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 364
  Quote avijacijamk Quote  Post ReplyReply #170 Posted: 12-Oct-2016 at 09:15
Originally posted by Navigator

Што мислите, дали евентуалното влегување на IKEA на нашиот пазар е добра или лоша работа за економијата? Би добиле бренд име, поголем избор за купувачите и некои 200-300 работни места, а истовремено би загубиле релативно голем број на мали домашни производители и трговци на мебел.


Тоа се тие наши производители кои често се безобразни, мораш да ги молиш и често пати да се тужакаш затоа што едно си порачал а добиваш нешто други. Не се сите такви далеку од тоа но во голем дел се шкарт и несериозни со исклучок од неколку фирми кои се добри но истите работат за извоз повеќе. Икеа е ефтино и неквалитетно но имаш избор. Во Македонија нема избор. Самиот бренд и да влезе (иако нема да влезе) ќе потикне конкуренција.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #171 Posted: 12-Oct-2016 at 15:14
Ако фабриката се смести некаде во регионот Куманово-Скопје-Тетово, сигурно ќе има наплив на косовски купувачи, што би придвижило и други услужни гранки, од типот ресторани, бензиски пумпи и слично. А секој проклет заработен денар ни е битен. Од ИКЕА можеби ќе бидат погодени некои помали произведувачи, додека поголемите (и извозно ориентираните) веројатно ќе претрпат помала штета.
За сè има вторпат
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #172 Posted: 12-Oct-2016 at 17:27
Се сложувам Џоле. Само работата е што немаме вистински осет за бројот на малите локални произведувачи и трговци на мебел и како навистина влезот на ИКЕА би се ефектуриал врз нив. Веројатно погубно за повеќето од нив. Тоа се семејни и(ли) мали бизниси кои државата мора ги пази. Од друга страна, многу посвесни сме и поопипливи ни се позитивните ефекти од отворањето на ИКЕА и мултипликаторите што ги спомна ти.

Инаку да, доколку се постигне согласност, локацијата би била на патот кон Куманово.
Back to Top
carver91 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 163
  Quote carver91 Quote  Post ReplyReply #173 Posted: 28-Nov-2016 at 22:48
Jel radi Dominos pizza? Vidim da im web site ne radi..
Back to Top
FlytheSky View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Sep-2016
Online Status: Offline
Posts: 157
  Quote FlytheSky Quote  Post ReplyReply #174 Posted: 29-Nov-2016 at 10:21
Работи. Плус Бургер Кинг како најголем и Гудис се брендови.
Критичар за критика
Back to Top
carver91 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 163
  Quote carver91 Quote  Post ReplyReply #175 Posted: 11-Apr-2018 at 14:21
Jel ima neka novost, pozicija za vrabotuvanje od KFC Macedonia?
Back to Top
carver91 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 163
  Quote carver91 Quote  Post ReplyReply #176 Posted: 03-Jun-2020 at 16:14
True or false..

Германскиот трговски синџир „Лидл“ планира да отвори свои продавници и во Македонија, дознава InStore од свои извори.

Засега нема информација кога точно тоа би се случило, но изворите кажуваат дека подготовките на „Лидл“ веќе се влезени во сериозна фаза.

Во трговскиот сектор кај нас веќе и јавно се зборува за влезот на „Лидл“ на македонскиот пазар. Но, од седиштето на компанијата во Германија ниту ја потврдиле, ниту децидно ја демантирале информацијата.

Ви благодариме за интересот за нашата компанија. Во моментов сме концентрирани на нашата експанзија во Латвија и во Естонија, одговориле од „Лидл“ на прашањето на InStore за тоа кога планираат да дојдат на македонскиот пазар.

Според нашите извори, „Лидл“ ќе стартува со една продавница. Станува збор за објект кој нема да го земе под закуп, туку ќе го гради.

https://faktor.mk/lidl-otvora-prodavnica-vo-makedonija
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #177 Posted: 03-Jun-2020 at 17:23
Првпат слушам за ова.
За сè има вторпат
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 753
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #178 Posted: 03-Jun-2020 at 18:30
There is a fake facebook page that appears to be the source of the fake news:

www.facebook.com/lidlmacedonia
Back to Top
Green Bay View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 27-Nov-2014
Online Status: Offline
Posts: 32
  Quote Green Bay Quote  Post ReplyReply #179 Posted: 08-Jun-2020 at 21:39
Originally posted by carver91

Според нашите извори, „Лидл“ ќе стартува со една продавница. Станува збор за објект кој нема да го земе под закуп, туку ќе го гради.

https://faktor.mk/lidl-otvora-prodavnica-vo-makedonija


Кога "Лидл" влегува на некоj пазар, той не влегува со една продавница, а гради и отварjа истовременно минимум 10 продавници истовременно.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #180 Posted: 09-Jun-2020 at 10:10
Лидл не планира да се шири во Македонија

09/06/2020

Лидл не планира отворање супермаркети во Северна Македонија, ниту пак засега постои план за ширење во земјата, велат од еден од најголемите трговски синџири во Германија и Европа за Дојче веле.

Деновиве во македонската јавност проструи веста дека Лидл уште годинава ќе отвори супермаркет во земјата. Од Лидл велат дека тоа не е точно.

„Лидл постојано ги анализира можностите за експанзија. Но во моментов нема никакви планови за влез на пазарот во Северна Македонија“, се вели од прес-службата на компанијата.

Лидл во моментов има маркети во 29 земји во Европа и во САД. Последната голема експанзија на компанијата беше во 2018 во соседна Србија, каде досега се отворени 41 маркети. Синџирот поседува повеќе од 10 илјади супермаркети во речиси сите земји членки на ЕУ, како и во Србија и Велика Британија. Во регионот, освен Северна Македонија, Лидл нема уште и во Албанија, Косово и Црна Гора.

https://www.slobodenpecat.mk/lidl-ne-planira-da-se-shiri-vo-makedonija/
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.191 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.