![]() |
![]() |
![]() |
Когенеративни електрани (Термоелектрани-Топлани) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 7891011 12> |
Author | |
DiKej ![]() Newbiе ![]() Joined: 04-Aug-2009 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Cloverstack баш паушални обвинувања имаш во врска со монополот на Топлификација, и тоа како треба да се продава пареата. 2008 топлификација се откажа од сите лиценци и се распиша меѓународен тендер. Неколку пати беше повторуван тој тендер, меѓутоа никој не се јави, баш поради тоа што се откажа и топлификација, а тоа е лошата методологија во врска со формирањето на цената, која генерира загуби на фирмата. Од друга страна, цела Македонија збори како тоа Топлификација ја корумпирала Регулаторната комисија, што сосема е неточно, баш поради лаичкиот пристап кон гледање на проблемот. Втората работа, когенеративна електрана треба да се изгради баш поради искористувањето на пареата. Таа пареа се продава на топлификација со (мислам дека) 15% дисконт од цената на гасот. Трета работа, пак глупости се дека цената на парното пораснала поради влогот на топлификација во те-то. Тоа си се кредити од landesbank berlin и комерцијална банка скопје. Друга работа е дека од 2006 навака топлификација работи со загуба, или пак некоја година со минимална добивка, а според методологијата треба да има 1.5милиони евра. И уште нешто.. Лошото мислење за топлификација според мене е поради некоордираноста на либерализацијата на снабдувањето со топлинска енергија и електрична енергија. Електирчната енергија поради социјалната политика се држи вештачки ефтина, а топлинската енормно порасна заради скокот на цената на мазутот и гасот. Меѓутоа, мислам дека за топлификација ќе има подобри времиња, односно граѓаните ќе разберат до сега зошто била цената на парното "толку висока", кога цената на струјата ќе се продава според пазарни услови. Знам дека дискусијава не е за темата на форумов, но решив да пишам..
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=2711717255&id=10&setIzdanie=22200 |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
![]() Од кои поточно лиценци се откажала топлификација? Ајде биди конкретен и прецизен, од каков „товар“ се откажала фирмаата, па морало да се распиште меѓународен тендер, на кој „за чудо“ не се јавил никој друг. А јасно е како ден дека топлификација во догледно време ќе има апсолутен монопол во својата дејност (додека не се оствари она што го спомна миракуликс) и дека никој не може да и конкурира во моменталниве околности, па таму треба да се бараат причините за незаинтересираност на други субјекти за било какви лиценци да се овие кои ги спомнуваш. Тоа дали топлификација ја корумпирала регулаторната комисија немам доказ, но немаш ниту ти дека не ја корумпирала, но секој може да извлекува заклучоци од разни индиции и околности, а јас се сомневам дека има потенцијал да корумпира многу пошироко од регулаторната комисија. Константните „загуби“ или симболични профити на некои фирми се веќе виден феномен и се реални колку што беа реални бројките на Enron, или на дел од финансиските институции на чело на глобалнава финансиска криза, или на државното сметководство на нашиот јужен сосед, или пак во контекст и на грците и на енергетиката, да ја спомнеме и домашната рафинерија ОКТА која ако им се верува на хартиите наместо на очите и на здравиот разум, едвај крпи крај со крај. За тоа колку Топлификација е „обесправена“ со цената на парното, веројатно доволно зборува фактот што не мал број граѓани се откажуваат од парно греење и се греат на струја, а цената на електричната енергија не е до таа мерка социјално потисната, за да биде објаснување за еден ваков интересен феномен. Edited by Cloverstack - 07-Feb-2011 at 17:42 |
|
![]() |
|
DiKej ![]() Newbiе ![]() Joined: 04-Aug-2009 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Моја грешка е годината кај што наведов дека се откажала топлификација од лиценците. се работи за 2006.
Вака.. По теркот на бившо Електростопанство на РМ, да се формираат ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН, така и Топлификација се подели на Топлификација (Производство), Топлификација Дистрибуција, Топлификација Снабдување (Исток, Запад, Центар). Во 2006 Топлификација одби да ја обнови лиценцата за дистрибуција и снабдување и со тоа се објави меѓународен оглас. Работата е што според методологијата на регулаторна комисија, фирмата која ќе сака да се бави со оваа дејност ќе мора 100% да си ги наплати фактурите, инаку нема да оствари добивка. Има и други забелешки меѓутоа ова најбитното. Со пример да подобјаснам: Топлификација фактурира преку 30мил евра годишно. Регулаторна и дава максимална добивка од 1.5мил евра. Значи ако топлификација успее да наплати 95% годишно од факутируте за парно, ке биде на позитивна нула. А мислам дека сите знаете дека да се наплати 95% е невозможно. Од тука и се генерираат загубите. Еве ти просто кажано што е проблемот со методологијата. Инаку и овој и преходниот пост ми се издражани и со факти и со бројки. А муабетот ми беше баш за чаршиските муабети и заклучоци што се носат. Еве и последната твоја реченица води натаму. Го пратив и линкот да погледнете за цената на струјата. Моментално е 4.5евроценти, а се очекува за 3 години да достигне 9. Од друга страна, цената на парното неможе да се прогнозира така. Таа директно зависи од цената на мазутот и гасот. Како конкуренција може да биде гасот до домовите, меѓутоа такво нешто пред 2030 неможе да се случи за Скопје |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Не разбирам, кои се ефектите од тоа што топлификација се откажала од лиценцата за дистрибуција? Што губи во пракса? И зошто е чудно што не се јавил друг субјект, кога монополот на Топлификација е толку очигледен во овие услови?
А статиајта во Нова Македонија ми делува небулозно и искрено не сакав ни да ја коментирам. На пример:
Edited by Cloverstack - 07-Feb-2011 at 18:33 |
|
![]() |
|
DiKej ![]() Newbiе ![]() Joined: 04-Aug-2009 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Топлификација го отстапи местото, друга фирма да биде монопол, меѓутоа никој не се јави, а бидејки обавува услуга од јавен карактер мора да продолжи со работа.
|
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Работава испаѓа дека Топлификација сака да се откаже од бизнисот и да
стави клуч, ама државата со сила тера приватен субјект да продолжи да
работи и тоа наметнувајќи му загуби. Дали е навистина така? Дали работите воопшто може така да функционираат, макар теоретски?
И како некој друг би станал монопол, едноставно со тоа што ќе купи некаква лиценца? Ситуацијата на терен е таква, што тоа парче хартија во моментов не вреди ни пет пари. Откажувањето на Топлификација од лиценцата ми делува добро пресметано, тоа можат да го користат во натегања или како оружје во битката за јавното мислење, а поседувањето или непоседувањето на лиценца во овие околности, во пракса ништо не им менува (бидејќи нели, државата им налага да продолжат да работат). Edited by Cloverstack - 07-Feb-2011 at 18:58 |
|
![]() |
|
UrbanFreak ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
![]() ![]() |
@DiKeј, финансиски гледано ненаплатата на долговите од страна на клиентите не се смета за загуба. Тоа си се книжи како ненаплатни обврски на клиентите и влегуваат во билансот за успех како приходи. Значи загубите на хартија (билансот на состојба) не се, и неможе да бидат поради ненаплата. Бидејќи сум и самиот акционер во Топлификација, ова ме зантригира но за жал на Сеи-Нет (http://www.seinet.com.mk/Issuers.aspx?PartyID=54) имаат некој проблем па билансите привремено не се достапни.
|
|
![]() |
|
DiKej ![]() Newbiе ![]() Joined: 04-Aug-2009 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
@UrbanFreak, Потполно си во право, според МФС треба на крајот на секоја година да се врши отпис, меѓутоа бидејки регулаторна комисија смета дека како монопол имаат загарантиран пазар, не ги признава за трошок ненаплатените побарувања.
Добра е страната на СЕИНет кај мене. |
|
![]() |
|
sosed ![]() Newbiе ![]() Joined: 17-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Здраво на сите
Јас сум нов во форумов .Вчера нешто пребарував на интернет за дозволена бучава во населени места па ми излезе несто од вашите коментари.Ги прочитав сите па еве денес и јас станав член. Инаку јас живеам на само 4 метри од оградата на ТЕ-То , поточно на 4 метри од компресорската станица. Еден од Членовите напишал дека околните куќи се ШУНТ и дивоградби и дека така ни требало.За негова информација јаз живеам во куќа што нее дивоградба и имам имотен лист за се се што поседувам, а како второ тоа нема никаква врска со трпењето на неподнослива бучава од ТЕ-То. И сега за што всушност јас пребарував на интернет. Откако завршија првичните проби кои што се слушаа низ цел Аеродром и кои што траеја по 10 часа започнаа со секојдневна работа. Е мој мили пријатели јас од тогаш немам дома преспиено како човек. За да можам да заспијам ставам памук во ушите но и тоа не помага , а зошто.Затоа што од компресорската станица која ми е на 4 метри од мене излегува звук од 85 децибели. Последниве две ноќи ја гаснат централата во 24 часот, но и тоа не ми вреди. Имам мало дете од 2 години па заспива некако во 22 часот а околу 24 часот вчера вечер кога ја исклучуваа постројката се слушаа татнежи и пиштења од пареа едно 10 минути па така детето со плачење се разбуди па моравме повторно да го успиваме до едно 2 часот од сабајле така од моето спиење ништо. Утринава станав во 7 и дојдов на работа. Но како да работам. Шефот веке неколку пати во последниов месец ме опомена дека не сум доволоно сконцентриран на работа. Но тоа не е битно, битно е дека мојата околина била дивоградба.Незнам што да направам , се јавував и во министерство за животна околина и во општина но само си ја префрлаат одговорноста. А што се однесува до Те-То они ги откупија дворните места на неколку куќи поточно на оние кои што им требаше местото а другите има да трпиме. А сега поздрав ми помина паузата. < = < ="ifofjsCall==''jsCall;elsesetTimeout'jsCall',500;" = |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
Епа во вакви ситуации или тужиш, или се исселуваш. Подобро е од тоа да не направиш ништо. Евентуално да дадеш многу пари за изолација...
Што се однесува до твојата куќа и опкружувањето би рекол дека како жител на таа област не можеш да ја согледаш реалната состојба и коментираш сентиментално и субјективно. Факт е дека Скопје треба да се стреми кон урбанизација, не рурализација. |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Па горе доле објаасни гитар. За тужење незнам кого ќе тужиш. Не е ништо спорно со нивоата на бучава веројатно кога добиле дозвола, проблем е блиското живеење. Кај и да се направи мора некој блиску да живее. еве и дупот го гледав незнам кој е тој што испланирал толку блиску стамбени објекти, тоа сигурно било да се излезе во пресрет, ама отпосле излегла поголе штета. Ќе се сложам дека премногу субјективно посматраш, сепак општеството има виши интерес. А и не знаеме, не си напишал што лично сметаш како решение, сигурно не да се затвори топланата.
|
|
![]() |
|
sosed ![]() Newbiе ![]() Joined: 17-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Да. Тоа е точно дека Скопје треба да се урбанизира, и јас сум за тоа. Но изгледа не си ме сватил, јас не се противам да дојдеа кај мене луѓето од те-то и да се договоревме за преселба< = < ="ifofjsCall==''jsCall;elsesetTimeout'jsCall',500;" = , па после на моето место нека првеа што сакаат. Но нисто од тоа , јас сега според тебе треба да ја затворам куќата што сум инвестирал во неа и да одам негде под кирија, и за што работел татко ми дедо ми еве и јас. ел живот сме улагале во куќата.Незнам во кој дел на Скопје живееш и незнам дали живееш во стан или киќа. Како за споредба помеѓу мене и еден другар од Аеродром.Додека моите се заглавиле во кредит за да ја изградат куќата него државата во тоа време му дала стан со некоја мала кирила. ПО распадот на Југославија штотуку го испалтивме ние нашиот кредит новата држава му го нуди да си го откупи станот за 3000 марки. И се супер тој го откупува за толку а сега го продаде за 60000 евра. Значи ние сто сме немале никаква помош треба пак да бегаме и да се мачиме а ваквите како него ни го факаат сеирот.
|
|
![]() |
|
mirakuliks ![]() Senior Member ![]() Joined: 06-Feb-2010 Location: New York Online Status: Offline Posts: 831 |
![]() ![]() |
Moj mal sovet ne baraj ednakvost i pravda vo zhivotot nekoj imal srekja nekoj nemal, nekogash nekoi potezi vo zhivoto se ispostavuvaat pogreshni nekoi mnogu dobri. Probaj da gi trgnesh site emocii na strana od dadeniot dom momentalen i napravi analiza na situacijata, vidi koje dolgorochniot urbanistichki plan za toj prostor, vidi koe reshenie...megju koi i naogjanje nov dom, ili pravenje dobra izolacija najmnogu ti odgovara tebe i na tvojata familija, i vidi ako spored urbanistichkiot plan se planirani na toj prostor stanbeni objekti togash probaj da se informirash koga e planirano da se napravi zvuchna izolacija na elektranata. Vakvi elektrani ima povekje tuka vo Berlin shto se bukvalno vo sred grad, ama prostorot okolu niv obichno e popolnet so komercijalni objekti....pred se skladishta. |
|
![]() |
|
accipiter82 ![]() Newbiе ![]() Joined: 02-Mar-2011 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
ПОТЕНЦИЈАЛНИ КОГЕНЕРАТИВНИ ТЕРМОЕЛЕКТРАНИ-ТОПЛАНИ (ТЕТО) ВО МАКЕДОНИЈА
Република Македонија не располага со резерви на фосилни горива, па логично е да се сврти кон обнвливите извори на енергија. Но во овој случај некои од технологиите не се развиени (созреана технологија) до тој степен да пружаат брз поврат на инвестицијаата и поради тоа се ризични за инвестиции. Предвидените 8 MW на соларни паркови иако се добра основа, сепак влагуваат како мал процент на производството на енергија. Доколку ги разгледаме сите останати технологии, кои се применувани и можат да се применат кај нас, можеме да заклучиме дека когенеративните Термоелетрани – Топлани на природен гас се брзо стартни проекти (3 години со планирање) кои произведуваат ефтина електрична енергија. Таква ТЕ-ТО е веќе изградена и функционира во населбата ќерамидница во Скопје. Изградбата на вакви централи е поврзана со развој на гасоводниот систем, но исто така, ова може да биде решено со гасоводи финансирани од инвеститорот на електраната. За таа цел се одлучивме да ги разгледаме потенцијалите на изградба на вакви ТЕ-ТО во Република Македонија. Во екот на предизборието ги рагледавме двете програми на коалициите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ (баравме и на партијата ДОМ која по правило треба да нуди зелени решенија но не најдовме никаква програма, и претпоставивме дека одат со програмата на коалицијата). За жал ВМРО ДПНЕ не предвидува изгадба на ваква електрана, иако истата може да задоволи голем процент од енергијата која се увезува. Во својата програма СДСМ предвидува изградба на нова гасна електрана ТЕ-ТО Куманово – нова комбинирана когенеративна електрана со инсталирана моќност од 300 MW електрична моќност и до околу 150 MW топлинска моќност, со производство на околу 24% од сегашните потреби на Македонија од електрична енергија. Со горната планирана електрана ќе се задоволат потребите на теоплинска енергија во Куманово, но и ќе се елиминира дефицитот на енергија во нашата држава. Позитивен аспект е Гасоводот кој поминува низ Куманово и можно е лесно поврзување на овој енергенс со електраната. Изградба на нова гасна електрана ТЕ-ТО Струмица – нова комбинирана когенеративна електрана со инсталирана моќност од 200 MW електрична моќност и до околу 60 MW топлинска моќност во Струмица е алтернатива која може да биде вметната во плановите на владата, посебно со фактот што во Струмица постојат околу 2500 хектари стакленици и пластениици кои дел од нив се затоплуваат со фосилни горива. Исто така близината на кракот од Гасоводот од Петрич, Р. Бугарија, преставува уште една можност за изводливоста на овој проект. Генералноземено, ако се види енергетската карта на Р. Македонија, слободно можеме да кажеме дека овие два објекти во Источна Македонија се повеќе од потребни, првин поради енергетската избалансираност, второ по економскиот развој кои истиот би го пружиле. Затоа било која нова влада треба со сериозност да ги земат и да ги разгледат овие два проекти, првиот развиен до ниво на идеја, вториот до ниво на првична префизибилити студија за лоцирање. http://energetskaefikasnost.info/?p=760 |
|
http://energetskaefikasnost.info
|
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Извори на “Капитал“ во Те-То велат дека старот на електраната зависи од банкарските гаранции на инвеститорите руската Синтес груп и Топлификација, кои руската компанија Газпром ги бара за да почне да доставува гас за електраната. Неофицијални рускиот конзорциум Синтес, кој е сопственик на 80% од капиталот на Те-то веќе обезбедил банкарска гаранција. Како што откриваат нашите извори за стартот на Те-то се чека гаранцијата на Топлификација, која учествува со 20% во Те-то. Хаџимишев најверојатно побарал и гаранција од државата дека произведената струја од Те-то, сигурно ќе се продаде. Но, за што точно се работи јавно не зборуваат ниту од Те-То, ниту од Топлификација. Производството на електрична енергија од комбинираната електрана зависи токму од гасот на руски Газпром, кој во Македонија стига по многу висока цена. Со скапиот гас Те-то ќе произведува и многу скапа струја, што од старт создава незивесност дали таа ќе може целосно да се продаде на слободниот пазар. Најверојатно тоа е причината поради која Топлификација се обидува да ја натера Владата, односно државата, да го гарантира откупот на струјата од Те-То, која е целосно приватна компанија?!. И Хацимишев и раководството на Те-То молчат околу тоа дали и кога електраната ќе почне да работи. Нема потврда дека проблемите со банкарските гаранции кои најверојатно ги бара Гаспром за да го испорача гасот на Те-То се единствената пречка за електраната да почне да работи. Енергетски експерти во земјава, пак, ја спорат можната државна гаранција на една приватна компанија, чиишто производ ќе се продава на слободниот пазар, каде важат конкурентните цени. “Те-То како основно погонско гориво ќе го користи природниот гас, кој ќе го испорачува од руски Газпром. Газпром најверојатно бара банкарски гаранции од Те-То за да ја испорача количината на гас која ја бара клиентот. Поради високата цена на метар кубен гас во Македонија, Те-То ќе има висока производна цена на струјата. Ако државата застане како гарант за откупот на произведената струја на Те-То, тогаш овој дополнителен трошок би можел да се одрази врз цената на струјата во земјава. Сепак Те-То е приватна компанија чијашто произведена енергија треба да се натрпреварува со цената на струјата на отворе пазар”, објаснуваат за “Капитал” енергетски експерти. Те-То почна со пробна работа во декември лани. До денеска, електраната не почнала со производство. http://www.kapital.mk/MK/dneven_vesnik.aspx/76448/hadzhimishev_ucenuva_-drzhavna_garancija_za_gas_i_mazut_ili_skopje_bez_parno_!_vladata_kje___.aspx?iId=2461 |
|
![]() |
|
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=111911842356&id=10&prilog=0&setIzdanie=22435 „Топлификација“ сака државата да нé грее Димитар Петров, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, вели дека е точна информацијата дека „Топлификација“ ја вратила лиценцата за производ- ство на топлинска енергија, со образложение дека доколку продолжи да работи, ќе трпи загуби. Регулаторите велат дека компанијата има обврска една година однапред да најави враќање на лиценцата За да се оттараси од ризикот во работењето Државата да ги преземе трите друштва што вршат снабдување со топлинска енергија (регулирана дејност од јавен интерес) и да обезбеди финансиска гаранција во корист на „Топлификација“. Ова го предлага управниот одбор на оваа групација за да се надминат ликвидниот и системскиот ризик со кои се соочува компанијата во своето работење. На седниците на одборот на „Топлификација“ било истакнато дека најдоминантен ризик за групацијата е можноста компанијата да стане неликвидна (да остане без пари) и да престане навремено да ги намирува обврските кон доверителите и акционерите. Првите луѓе на компанијата сметаат дека ваквите ризици најлесно ќе се елиминираат на тој начин што групацијата ќе се ослободи од дејноста снабдување со топлинска енергија, која сега ја вршат три посебни правни друштва што до пред извесно време беа дел од компанијата. Во Владата засега немаат никаков став по најавата дека „Топлификација“ не сака повеќе да ги снабдува домаќинствата со топлинска енергија. Димитар Петров, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, вели дека е точна информацијата дека „Топлификација“ ја вратила лиценцата за производство на топлинска енергија, со образложение дека доколку продолжи да работи, ќе трпи загуби. - Во нивното образложение пишуваше дека поради проблеми со набавка на мазутот, обезбедување банкарски гаранции и кредитна изложеност не се во можност да ја вршат оваа дејност без загуби во работењето. На тоа, РКЕ одговори дека „Топлификација“ мора една година однапред да најави дека сака да прекине со производство, со оглед на тоа што станува збор за јавна дејност - вели Петров. Тој вели дека РКЕ целосно и ги признава трошоците за набавка на гориво на „Топлификација“, така што во очите на регулаторите ваквото образложение не држи вода. Петров додава дека „Топлификација“ не смее самоволно да прекине со работа и додава дека има можност во наредната година РКЕ да распише јавен повик за давање нови лиценци за производство на топлинска енергија. За ваквата состојба РКЕ, а најверојатно и „Топлификација“ неодамна ја известиле Владата, по што следуваше изјавата на вицепремиерот Владимир Пешевски дека Владата ќе се обиде да најде решение. Тој не ја исклучи и можноста „Топлификација“ да добие мазут од стоковните резерви. Освен постојаниот пораст на цените на парно греење, кој кулминира со годинашните поскапувања од околу 16 отсто, македонските граѓани-корисници на услугите на „Топлификација“ се незадоволни и поради тоа што нивните сметки за парно греење се зголемуваат секогаш кога некој сосед во зградата во која живеат ќе се откаже од парно греење. Ваквата состојба се должи на тоа што „Топлификација“, иако најави, не почна со мерење на потрошената топлинска енергија на ниво на стан, поради што корисниците се принудени да плаќаат и за греењето на соседите што се откажале од парното. Поради ова, Организацијата за заштита на потрошувачи и народниот правобранител иницираа промена на начинот на пресметка и на наплата на цената на парното греење. Од друга страна, во „Топлификација“ велат дека корекцијата на цената за испорачана топлинска енергија, која важи од 1.11.2011 година, е изнудена поради постојаното зголемување на енергенсите што се користат при производството на топлинска енергија. - Цената на природниот гас и цената на мазутот во последните три години бележат константен пораст. Цената на природниот гас од 2009 година до денес е зголемена за 83 отсто, а цената на мазутот за 62 отсто. Ако се има предвид дека горивото во финалниот производ на „Топлификација“ учествува со 75 отсто, од кои природниот гас со 70 отсто, а мазутот со 30 отсто, јасно е дека секое зголемување на цената на овие енергенси има големо влијание во цената на топлинската енергија - велат во „Топлификација“. Оттаму додаваат дека последното зголемување на цената на природниот гас од 38 отсто во однос на цената во вториот квартал предизвикало зголемени трошоци во работењето по основа на цената на горивото на „Топлификација“. - Поради тоа, во согласност со правилникот за формирање цена на топлинска енергија за греење, побарана е од Регулаторната комисија за енергетика корекција на цената. Оваа цена е со важност до 31.12.2011 година, така што во зависност од движењето на двата енергенси, можно е во наредната година цената на топлинска енергија да претрпи и намалување, како што повеќепати се случи во минатото - велат во „Топлификација“ Во „Топлификација“ подолго време бараат од Регулаторната комисија за енергетика да направат ревизија на работењето и нејзиното влијание врз финансиските резултати на друштвото. - Ревизијата што Регулаторната комисија за енергетика ја направи во 2008 година, каде што се прикажани штетите што ова регулаторно тело ги има направено на друштвото сé уште не е достапна до нас, ниту, пак, до судските органи каде што се водат судски спорови со регулаторната комисија - велат во „Топлификација“. Оттаму велат дека повеле повеќе судски спорови со Регулаторната комисија за енергетика и дека во јули 2010 година јавното обвинителство поднесе кривични пријави за основано сомневање за злоупотреба на службената должност за направена штета од над 10 милиони евра. ТЕ-ТО веќе требаше да работи „Топлификација“ во 2007 година стана коинвеститор во проектот за изградба на гасната електроцентрала за производство на топлинска и на електрична енергија ТЕ-ТО, инвестиција вредна околу 135 милиони евра. „Топлификација“ во овој капацитет инвестира околу 30 милиони евра (20 отсто од вкупниот капитал), а доминантен сопственик со 80 отсто од капиталот е руската „Битар холдингс лимитед“. Градбата на централата и сите потребни инфраструктури за неа се завршени уште во 2010 година, а нејасно е зошто електроцентралата уште не работи, кога првично се очекуваше да почне со комерцијална употреба уште во април годинава. „Топлификација“ ја тужи РКЕ Во мај 2010 година „Топлификација“ поднесе кривична пријава против поранешните членови на Регулаторната комисија за енергетика. Основа за пријавата е несоодветното применување на методологијата од правилникот за начин и услови за регулирање цени за топлинска енергија за греење за временскиот период 2006-2007 година, со што во „Топлификација“ сметаат дека им е нанесена штета во износ од над 10 милиони евра. Кој е газда на друштвото? - Најголем акционер е „Потеза, борзно посредничка дружба д.д.“ од Словенија, кој поседува 18 отсто од капиталот во друштвото - Управниот одбор поседува 1,8 отсто од акциите Над 336.000 евра за менаџерски плати Според извештајот за работењето на „Топлификација“ во 2010 година за менаџерски плати и награди биле исплатени над 336.000 евра, од кои околу 18.000 евра се исплатен надоместок за членство во управен и надзорен одбор. Автор: Владимир Николоски Edited by Тркало - 19-Nov-2011 at 15:53 |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
„Топлификација“ објави дека топланата ТЕ ТО ќе почне со работа овој месец![]() Овој месец започнува со работа вториот производител на топлинска енергија ТЕ ТО АД, извести „Топлификација“ АД, во соопштение испратено до Македонската берза за хартии од вредност. Компанијата додава и дека заради ова, октомври 2011 година е последен рок за завршување на нејзината реорганизација. Од ноември 2011 година, на пазарот на топлинска енергија во државата ќе има независен производител на топлинска енергија ТЕ ТО АД, кој, во рамките на своите потреби и можности, ќе продава топлинска енергија. Поради тоа, согласно Законот за енергетика, потребно е да се појави нов субјект - регулиран производител на топлинска енергија (за таа цел е формирана фирмата „Производство на топлина“ ДООЕЛ), кој треба да му овозможи на ТЕ ТО АД, а во иднина на другите заинтересирани независни производители на топлинска енергија, да учествуваат на пазарот на топлинска енергија, се вели понатаму во соопштението. Новиот регулиран производител на топлинска енергија е должен на системот да му ги даде сите неопходни сервиси за да може ТЕ ТО АД и другите идни слични производители да продаваат топлинска енергија во системот. Еден од основните сервиси, кој оваа нова фирма треба да ги дава на независните производители на топлинска енергија, е кога ним не им одговара да работат и да произведуваат топлинска енергија, регулираниот производител треба да ги обезбеди потребните количества за оваа дејност од посебен јавен интерес, снабдување со топлинска енергија, биде реализирана во секој случај, се објаснува натаму во соопштението. „Производство на топлина“ ДООЕЛ е друштво во 100 отсто сопственост на „Топлификација“ АД. За да може ова друштво да ја врши функцијата регулиран производител на топлинска енергија, „Топлификација“ АД и ги изнајми основните средства со договор за изнајмување. Согласно тој договор, ова друштво на сопственикот на основните средства, „Топлификација“ АД, ќе и плаќа годишен износ за изнајмувањето во висина од амортизацијата за основните средства и приносот на капитал одобрен од Регулаторната комисија за енергетика. „Топлификација АД“ со формирањето на „Производство на топлина“ ДООЕЛ, ги префрли во новото друштво и вработените, кои до октомври 2011 година беа во „Топлификација“ АД, а која дотогаш ја вршеше само функцијата производство на топлинска енергија. Со тоа „Топлификација“ АД во иднина нема да врши регулирана енергетска дејност и ќе функционира како сопственик на групација на фирми од кои пет, „Снабдување Центар“ ДООЕЛ, „Снабдување Запад“ ДООЕЛ, „Снабдување Исток“ ДООЕЛ, „Дистрибуција на топлина“ ДООЕЛ и „Производство на топлина“ ДООЕЛ ќе вршат регулирани енергетски дејности, а другите фирми во сопственост на „Топлификација“ АД, ќе работат пазарни дејности, како и сите други субјекти во државата. Со реализираната реорганизација нема никаква промена на односите на „Топлификација“ АД кон доверителите и кон фирмите од кои „Топлификација“ АД има побарувања. Таа нема никакво влијание и на акционерскиот капитал на „Топлификација“ АД, бидејќи таа и понатаму останува сопственик на основните средства за вршење на регулираните дејности и од нивното изнајмување ќе го добива најмалку истиот приход како и досега, се вели на крајот на соопштението. http://www.time.mk/read/51148c797a/5e5b117449/index.html |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
ТЕТО може да ја намали цената на парното греење?ТЕТО стартува за 10-тина дена. Комбинираната електрана која ќе произведува струја и топлинска енергија наскоро ќе почне со работа. Тето е во 100% сопственост на Топлификација. И таа ќе работи на природен гас како и останатите топлани, но регулаторот бара да произведува поефтина енергија од останатите за 5%. ![]() Бизнисот со ТЕТО нема да оди преку топлификација.. Компанијата денеска испрати соопштение до македонската берза во кое се вели дека се повлекува од работење и ќе биде само надзор врз своите ќерки фирми.. Основа нова фирма преку која ќе се врши производство на топлинска енергија. Иако Топлификација сама на себе ќе си продава, купува енергија и ќе наплатува разни маржи и дополнителни трошоци - тоа нема да ја покачи цената на топлинската енергија. Од регулаторна комисија велат дека тие нема да бидат прифатени кога ќе се крои новата цена на парното. Дека стартувањето на тето нема да направи турбуленции во компанијата топлификација денеска ги утеши акционерите. Во соопштението се вели дека со ваквата одлука тие нема да бидат оштетени..најмалку истиот приход и натаму ќе го добивале. http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/teto-moze-da-ja-namali-cenata-na-parnoto-greenje |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Те-То и Газпром се договорија за испорака на гасДиректорот
на Топлификација, Димитар Хаџимишев, открива дека електраната Те-То
потпишала договор со Газпром и дека ќе почне со работа најверојатно
догодина. |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 7891011 12> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |