Author |
Topic Search Topic Options
|
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#161 Posted: 13-Jul-2010 at 14:08 |
Малешевијата со трафостаница на далечинско
управување
 Делчево, 13 јули - Малешевскиот крај доби трафостаница на
далечинско управување, со што се зголемува сигурноста во управување на
мрежата во источниот дел на земјата, соопштуваат од „EVN Македонија“. Трафостаницата
„Делчево“ е со јачина од 110 kV и е вклучена во централниот систем за
далечинско управување на високо и среднонапонската електроенергетска
мрежа. Со тоа, како и со зголемување на мобилноста на екипите
во беровско и Македонска Каменица, се подобрува сигурноста во
управување со мрежата во источниот дел на земјава. „Со
софистицираниот „СКАДА“ систем овозможено е постојано далечинско
набљудување на работата на трафостаниците, преглед на оптоварувањата во
секој момент, реагирањето на заштитите, како и контрола на
прекинувачите. Тоа овозможува помалите прекини во снабдувањето со
електрична енергија да бидат санирани веднаш, а времето за лоцирање на
поголемите прекини да се сведе на минимум“, соопштуваат од „ЕВН
Македонија“. Далечински се управуваат и скопските трафостаници
на високо и средно напонско ниво, како и 110 kV трафостаница „Теарце“. По
Делчево, наскоро во системот ќе бидат влучени и 110kv трафостаници
„Полог“ – гостиварско и „Овче поле“ – штипско. / Журнал МК
/
http://zurnal.mk/mk/cont.asp?k=21208181242&s=251209112732&ID=1371014139
|
 |
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
|
Quote Reply
#162 Posted: 19-Jul-2010 at 17:56 |
Проект за Постројка за производство на
когенеративна енергија од биомаса во Кочани
Место на реализација : Хартија КО -
Кочани
На основа на постапката за верификација за
ЦДМ проект ЕУРЕЦНА- Италија ја става на јавен увид ПДД
документацијат а. Јавна расправа по истата ќе се одржи на ден
23.07.2010 год. со почеток во 11 часот во сала на Совет на
Општина Кочани. Сите коментари за истата можат да се
поднесат по писмен пат до едношалтерска канцеларија на Општина
Кочани до 05.08.2010г.
За детални информации :
Тел 072 275 629
Координатор Гоце Серафимов http://www.kocani.gov.mk/pdf,%20ppt/biomasa/prevod%20PDD-CDM%20biomass-fed%20plant%20kocani%20-%20steam%20and%20electricity%20production%20-%20version%203%200.pdf Ne razbrav baš no kolku što razbrav ke pravat stanica za proizvodstvo na energija od bio masa, so koja ke se snabdeva fabrikata i ostanototo omrežje.
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#163 Posted: 11-Aug-2010 at 14:42 |
Започна модернизацијата во Термоелелктраната на РЕК „Битола“
11.08.2010 15:22
 | Термоелектраната РЕК „Битола“ |
| |
Со инвеситиција тешка 56 милиони евра, Државните
електрани на Македонија ја започнаа модернизацијата на турбоагрегатите
во Термоелектраната на РЕК „Битола“. Пристигната е опремата за
целосна ревитализација и модернизација на првиот блок и по демонтажата
на старата опрема и постројки, до 25-ти октомври се очекува да биде
инсталирана и ставена во функција, велат менаџерите на ЕЛЕМ, кои денеска
го посетија најголемиот производител на електрична енергија во
Македонија. „Со овој проект очекуваме да го продолжиме работниот
век на РЕК „Битола“ најмалку за дваесет години. Тука зборувам, пред се,
на Термоелелктраната, зашто очекуваме да добиеме нови турбини, како за
низо, така за среден и висок притисок, понатака, целосна модернизација
на генераторите, а со тоа, ќе добиеме нови 120.000 работни сати за
целата турбина од целиот блок“, рече денеска директорот на ЕЛЕМ Влатко
Чинговски. Во наредните две години, ќе се пристапи кон
модернизација и на вториот и третиот блок, со што, покрај продолжувањето
на работниот век на термоелелктраната за две децении, инсталираната
моќност на трите блока ќе се зголеми за 25 мегавати со зголемување на
производството на електрична енергија за 200 гигават часови годишно, без
зголемување потрошувачката на јаглен. Паралелно со оваа инвестиција, ќе
се обезбедат и потребните количества на јаглен, вели првиот човек на
ЕЛЕМ. „Активно работиме на сериозно отпочнување со експлоатација
на јагленокопот „Брод- Гнеотино“, од каде што првите количества на
јаглен веќе доаѓаат оваа година. Со тоа, ќе го релаксираме рудникот
„Суводол“: Понатаму, започнавме со отворањето на подинските јагленови
серии, од каде што очекуваме идната година да започнат да течат првите
количества на јаглен, и на тој начин, со една комбинирана експлоатација
на трите рудници, во наредните дваесет години РЕК „Битола“ да биде
стожер на електроенергетскиот сектор во Македонија“, рече првиот човек
на државните електрани. Последниве четири години, во развојот на
РЕК „Битола“ се инвестираат 100 милиони евра или 60% од вкупните
инвестиции на ЕЛЕМ, велат менаџерите на оваа државна компанија. http://www.time.mk/read/f4f3d118fa/91cbc356e0/index.html
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#164 Posted: 11-Aug-2010 at 16:01 |
АД ЕЛЕМ годинава вложи 100 милиони евра во РЕК Битола
АД „Електрани на Македонија“ и годинава
продолжи да инвестира во нови енергетски проекти кои ќе придонесат за
солидна енергетска стабилност и унапредување на енергетскиот систем на
Република Македонија.
Во таа насока, како што соопштуваат од ЕЛЕМ, во РЕК Битола
започна реализацијата на модернизација и автоматизација на
турбоагрегатите на термоелектраните „Битола“, најголемата инвестиција
од завршувањето на изградбата на комбинатот во 1988 година.
- Според договорот, руската компанија „Силовие машини“, која е
избрана како најповолен понудувач, по принципот „клуч на рака“,
почнувајќи од годинава па заклучно со 2012 година, ќе ја реализира оваа
инвестиција вредна 55,9 милиони евра, од кои 30 милиони евра се
кредитно задолжување од Стопанска банка АД Скопје, додека останатите
25,9 милиони евра се сопствени средства на АД „Електрани на Македонија“,
истакнуваат од компанијата.
Модернизацијата на турбоагрегатите на ТЕ „Битола“, која е во тек,
како што се посочува, е насочена пред се` кон зголемување на
доверливоста во работа на термоелектраната и продолжување на
експлоатациониот век на енергетските блокови за најмалку уште 120.000
работни часови.
- Инвестицијата ќе ја зголеми инсталираната моќност на секој од трите
агрегати во ТЕ „Битола“ за дополнителни 8,32 мегавати по блок, односно
вкупно 25 мегавати инсталирана моќност за трите блока. Тоа ќе значи и
зголемување на производството на електрична енергија од 160 до 200
гигават часови на годишно ниво, без зголемување на специфичната
потрошувачка на јаглен, се истакнува во соопштението од ЕЛЕМ и се додава
дека со модернизацијата на енергетските блокови ќе ги редуцира
динамиката и оперативните трошоци за ремонти и тековно одржување на
термоелектраната во наредниот период.
Годинава АД ЕЛЕМ со отворањето на подинската јагленова серија на
рудникот „Суводол“ и набавката и монтажата на еден нов БТО систем
составен од багер СРс 1050 и одлагач А2РСБ 5500 во кој се вложени 25
милиони евра, како и зајакнувањето на производниот процес на
површинскиот коп Брод – Гнеотино со два багери дреглајни еш 10/70 вредни
4,5 милиони евра како и изградбата на асфалтниот пат од село Новаци до
рудничкиот круг во Брод - Гнеотино, инвестира повеќе од 100 милиони
евра во нашиот најголем електроенергетски капацитет.
- Потпишан е и договорот со германската компанија „Тисен Крупп“ за
набавка и монтажа на главниот транспортен систем за јаглен од
површинскиот коп Брод – Гнеотино до рудникот „Суводол“ во должина од 10
километри, што претставува инвестиција вредна 17,3 милиони евра, која ќе
се реализира во наредните 12 месеци, потсетуваат од АД ЕЛЕМ и
нагласуваат дека последните инвестиции ќе придонесат за продолжување на
векот на експлоатација на РЕК„Битола“ и за стабилно производство на
електрична енергија во наредните 20 до 25 години. http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/ad-elem-godinava-vlozi-100-milioni-evra-vo-rek-bitola
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#165 Posted: 20-Aug-2010 at 16:09 |
Неколку милиони евра инвестирала ЕВН во
реконструкција на застарената мрежа во државата на која повеќе од
дваесет години не се интрвенирало.
Во Куманово, последните две години интензивно се работи на подобрување во снабдувањето со електрична енергија. Се
прават квартални анализи каде се појавуваат проблемите во зимскиот
период па следните летни месеци мрежата се реконструира. Последните две
години се поставени нови дваесетина трафостаници, а зајакнати се и
постоечките на оние места каде што било неопходно. Сукцесивно се
заменуваа старите дрвени бандери со нови бетонски, направени се два нови
изводи со што ќе се зголеми довербата меѓу ЕВН и граѓаните - вели
Атанас Ковачевски, портпаролот на ЕВН.
Според
Ковачевски, сите тие инвестиции покажуваат дека во 2010 година немало
поголеми проблеми. Во наредниот период најавуваат реконструкција и
дислокација на неколку трафостаници во градот каде што почесто се
јавуваат проблеми, но и замена на дрвените електрични столбови како и
ставање на нови кабли со поголем пречник. Од подрачната единица во
Куманово известуваат дека според планираното,снабдувањето и наплатата до
сега се задоволителни. http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/evn-ja-osovremenuva-elektricna-mreza.html
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#166 Posted: 01-Sep-2010 at 17:35 |
МЕПСО купи опрема вредна над два милиони евра01 септември 2010, 16:04 Извор: Макфакс
Скопје
Македонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО) објави дека
купува опрема во вредност од над два милиони евра за 400 kV (киловолтно)
и 110 kV (киловолтно) напонско ниво.
За таа цел претставници на АД МЕПСО и на АББ, реномиран шведски
производител на електро-опрема, денеска склучија договор за
купопродажба, испорака и инсталација на високонапонска опрема за 16
трафостаници.
Во рамки на овој проект финансиран со кредитна линија од Светската
банка набавени се прекинувачи, одводници на пренапон и мерни
трансформатори за далеководни полиња на 400 kV и на 110 kV напонско
ниво, раставувачи за 110 kV напонско ниво и друга дополнителна опрема,
се појаснува во соопштението на МЕПСО.
Инсталацијата на новата опрема АББ ќе треба да ја изврши во наредните пет месеци. /крај/со/ап/ http://www.time.mk/read/72314c0fa7/d633b350ef/index.html
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#167 Posted: 15-Sep-2010 at 05:52 |
Отворен реконструираниот Национален
диспечерски центар на АД МЕПСО
Премиерот Никола Груевски денеска го
отвори целосно реконструираниот Национален диспечерски центар со кој АД
МЕПСО управува со електроенергетскиот преносен систем на Република
Македонија.
- Оваа реконструкција значи нова и најсовремена опрема во
Диспечерскиот центар, замена на диспечерскиот пулт, замена на
целокупниот ентериер на салата на Центарот како и значително олеснета
работа на диспечерите кои 24 часа дневно и седум дена во неделата го
управуваат електро-енергетскиот систем на државата и се грижат за
македонските корисници, рече премиерот Груевски.
Тој истакна дека АД МЕПСО практично доби нов Диспечерски центар кој
ги исполнува сите стандарди пропишани од меѓународните енерегетски
организации и со кој се обезбедува навремено и ефикасно следење на
производството, преносот на целокупната електрична енергија,
потрошувачката, напонот, фреквенцијата, оптоварувањата на преносната
мрежа и други потребни информации.
- Вака организираниот систем за следење и управување со државниот
електро-енергетски систем овозможува сигурно и стабилно снабдување со
електрична енергија како на домашната економија така и на нашите
граѓани, нагласи Груевски.
Досегашнот директор на АД МЕПСО Владимир Здравев потенцира дека
Македонија со реконструкцијата има Национален диспечарски центар еднаков
на оние што ги имаат земјите во ЕУ.
- Работата на диспечерите значајно ќе биде олеснета заради тоа што
новиот дисплеј нуди модули и можности за полесно водење на системот и
воочување на сите случувања во електроенергетскиот систем, рече Здравев,
нагласувајќи дека сега Македонија е рамноправен партнер на Европската
заедница на електроенергетски системи.
Тој посочи дека досегашниот менаџерски тим на МЕПСО успеал загубата
од 27 милиони евра во 2007 година, во 2008 да ја намали на 4,5 милиони
евра, а во 2009 година да оствари добивка од 13,8 милиони евра.
- Во 2010 година на полугодието компанијата е во добивка од речиси
пет милиони евра, а до крајот на август добивката изнесува 7,6 милиони
евра. Овој резултат е остварен во услови на намалена економска активност
во нашата земја предизвикана од глобалната економска рецесија што
претставува уште еден цврст аргумент дека деловната политика на
менаџментот на АД МЕПСО е успешно избрана и доследно применета, рече
Здравев.
Досегашниот директор на МЕПСО истакна дека годинава по првпат
компанијата доби еден милион евра за надоместоци за трошоците за транзит
на електрична енергија низ македонскиот систем од Европската
асоцијација на преносни систем-оператори (ЕНТСО-Е).
Здравев нагласи дека во изминативе неколку години се реализирани
многу значајни проекти во АД МЕПСО меѓу кои го истакна ставањето во
функција на новата 400/110 KW-трафостаница Штип што е најголема
инвестиција во енергетскиот сектор во источна Македонија во измјинативе
20 години. http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/otvoren-rekonstruiraniot-nacionalen-dispecherski-centar-na-ad-mepso |
    МИА фото
Edited by lslcrew - 15-Sep-2010 at 05:55
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#168 Posted: 23-Sep-2010 at 13:29 |
Валтер Болц, генерален директор на Австриското регулаторно тело E-CONTROL
Ниските
цени сами по себе не се лоша работа, сè додека ги одразуваат фактичките
трошоци и ги поттикнуваат компаниите и понатаму да инвестираат во
одржувањето на мрежите и во проширувањето, како и во постоечките или во
нови електрични централи. Секогаш кога принципот на рефлектирање
на трошоците не се следи, земјата неизбежно се упатува кон енергетска
криза со снабдувањето. За Македонија, ова најверојатно значи дека
енергетските цени ќе се зголемат порано или подоцна. И колку и да
изгледа чудно, ако ова се случи поскоро, на крајот ќе биде подобро за
населението Традиционалните извори на енергија во светски
рамки сè повеќе се исцрпуваат, наспроти нараснатите енергетски потреби.
Во една таква ситуација, на кои алтернативни извори, според Вас, треба
да биде ставен акцентот?
- Тоа е една позната погрешна
претстава: дека ги исцрпуваме конвенционалните извори на енергија, како
што се јагленот, нафтата или гасот. Вистината е дека сè уште имаме
релативно изобилство на фосилни горива за следните неколку стотици
години.
Но, сепак, имаме предвид дека овие горива не може целосно да ги
искористиме, бидејќи глобалната клима не може да се справи со
резултирачките емисии на CO2, без притоа да се јави значително
зголемување на температурата.
Решението на овој проблем е
двострано: од една страна, треба да ја намалиме нашата потрошувачка на
енергија и да станеме енергетски поефикасни.
Од друга страна, пак, мора да ја зголемиме искористеноста на
обновливите извори на енергија, иако и овде достапноста - по разумни
цени - е ограничена. Кога се користат обновливи извори на енергија,
примарниот акцент треба да биде ставен на исплатливите потенцијали
коишто се достапни во една земја, како што се хидроенергијата за
електрична енергија и биомасата за греење во Австрија.
На транспортот му се потребни други решенија освен оние за
топлинската или електричната енергија. Не постои златно правило, но
вообичаено секоја земја се обидува да спроведе комбинација од сите овие
мерки и технологии, во зависност од својата ситуација.
Во
колкав степен сега се користат сонцето, ветерот, морските бранови и
другите обновливи извори на енергија, конкретно, во европски размери, и
какви се, воопшто, потенцијалите во таа смисла?
-
Основната бројка во Европската унија е 8,5 отсто обновлива енергија во
2005 година, при што се планира овој процент да се зголеми на 20 отсто
до 2020 година. Со цел да го постигне ова ниво, Европа ќе продолжи со
користење на сите достапни технологии за добивање енергија од обновливи
извори кај секој поединечен случај. Постои комбинирана слика во
зависност од поединечните региони.
Земјите кои се поблизу до Северното Море, се обидуваат да го
промовираат ветерот што дува кон морето, додека, пак, земјите на југ
повеќе се насочени кон искористувањето на сончевата енергија. Постојат,
исто така, и одредени заложби за соработка со северна Африка, на
пример, иницијативата „Дезертек“ во рамките на којашто го тестираме
потенцијалот за производство од сончева и топлинска енергија во Сахара.
Каков е Вашиот став во однос на градењето атомски централи?
-
Секоја земја може сосема слободно да одлучи која енергетска комбинација
ќе ја користи. Во Австрија, на пример, владее силно политичко и народно
мислење против постоењето нуклеарна централа.
Многу земји-членки на Европската унија имаат релевантен удел на
нуклеарна енергија во својата енергетска комбинација. Во рамките на ЕУ,
нуклеарната енергија придонесува со речиси 30 проценти во производството
на електричната енергија. Се очекува овој удел да се намали, иако голем
број земји ќе ги заменат нуклеарните централи што полека застаруваат.
Голем
проблем, исто така, претставува енергетската ефикасност, поточно
неефикасност, а тоа е особено изразено во Македонија. Како да се подобри
состојбата на тој план, односно порационално да се користи и да се
штеди скапата енергија?
- Вообичаено, транспортот и
греењето се двете области од човековото живеење, коишто во себе содржат
најголеми потенцијали за зголемување на ефикасноста во домаќинствата.
Ефикасноста во овие области може, на пример, да се поттикнува преку
субвенции за реновирање на зградите и за подобра изолација.
Но, сепак, секогаш е неопходно сите политички мерки да се засноваат
на добра информативна основа, т.е. структурата на енергетската
потрошувачка и нејзината природа мора да се анализираат, за да се утврди
каде се јавуваат ризиците што и се закануваат на ефикасноста.
Таквите информации потоа водат кон заклучоци за потенцијали, и тоа не
само кога станува збор за потрошувачката, туку и за производството.
Токму тоа го направи и E-Control при изработката на т.н. Зелена книга за
енергетска ефикасност во 2008 година, по барање на Владата. Оваа книга
сега содржи низа конкретни политички мерки предложени за Австрија,
трошоците што ќе бидат вклучени, како и количината на енергија којашто
може да се заштеди.
Општо земено, првиот чекор секогаш е
преминување кон цени што ги рефлектираат трошоците за сите видови
енергија, со цел да се создадат вистински стимулации за енергетските
потрошувачи, дури и ако ова на почетокот е непопуларно. Исто така,
поголемиот дел од земјите-членки на ЕУ, релативно многу го оданочуваат
користењето на енергијата, што резултира со поефикасно искористување на
енергијата во Европската унија во споредба, на пример, со резултатите од
САД.
Цената на електричната енергија во Република
Македонија е меѓу најниските во Европа. Според Вашето мислење, до кога
ќе биде издржливо тоа, имајќи предвид дека нашата земја, сакала или не,
мора максимално да го либерализира пазарот?
- Се разбира
дека ниските цени сами по себе не се лоша работа, сè додека тие ги
одразуваат фактичките трошоци и ги поттикнуваат компаниите и понатаму да
инвестираат во одржувањето на мрежите и во проширувањето, како и во
постоечките или во нови електрични централи.
Секогаш кога принципот на рефлектирање на трошоците не се следи,
земјата неизбежно се упатува кон енергетска криза со снабдувањето.
Впрочем, трошоците на економијата за секој киловатчас којшто не е
снабден се на крајот многу пати поголеми од трошоците за негово
производство. Алтернативниот пристап би бил субвенционирање на
енергетските цени со државни средства и нивно одржување на вештачко
ниско ниво.
Онаму каде што се случува ова, останува фактот дека, на крајот,
потрошувачите ја плаќаат целата цена. Кога станува збор за ваков систем,
тоа е само индиректно наплаќање; и се разбира, ова е спротивно на
принципите на модерната економија. Од кој било аспект да се разгледува
ова, мора да биде јасно дека трошоците мора да се покријат.
За
Македонија, ова најверојатно значи дека енергетските цени ќе се зголемат
порано или подоцна. И колку и да изгледа ова чудно, ако се случи
поскоро, на крајот тоа ќе биде подобро за населението.
Либерализацијата
на европскиот енергетски пазар, пак, е сè поизразена. Какви се
искуствата, позитивни и негативни, на земјите-членки на Европската
унија? Во тој контекст, што содржи третиот пакет мерки за натамошна
либерализација на енергетскиот сектор?
- Би било фер да
се каже дека европските искуства со либерализираните енергетски пазари
се во најголем дел позитивни за секоја страна, иако првично постоеше
одредена доза на несигурност и страв, особено од страната на
енергетската индустрија.
Досега, дури и енергетската индустрија ја прифати либерализацијата и
егзистира - вообичаено релативно добро – со неа низ цела Европа. Иако се
остварија многу придобивки за бизнисите и за домаќинствата, сепак, сè
уште има многу активности што треба да се реализираат. Многу од
научените лекции се вклучени во третиот пакет.
Тој е навистина сеопфатен и поединечните аспекти се поврзани едни со
други, но клучните предности коишто ќе се постигнат се подобри и
усогласени правила за прекугранично тргување, потоа ефикасна поделба кај
системот за пренос и зајакнување на правата на потрошувачите. И,
конечно, третиот пакет воспоставува регулаторна агенција на ЕУ и
механизам за дефинирање и приспособување на правилата на ниво на
Европската унија за сите важни аспекти од енергетскиот пазар, без
потреба од ново законодавство.
Со какви предизвици во тој поглед ќе се соочи Република Македонија како, се надеваме, идна членка на Унијата во догледно време?
-
Имајќи го предвид енергетското acquis communautaire, би рекол дека
целата Енергетска заедница е на добар пат кон транспонирање на вториот
пакет, иако се чини дека процесот тече побавно од очекуваното. Ако
Македонија сака да стане земја-членка на ЕУ, таа исто така ќе мора да
направи голем напор за брзо да го транспонира третиот пакет којшто
претставува предизвик.
Но, бидејќи имам информации дека и
Енергетската заедница веќе го разгледува можното транспонирање на
третиот пакет, би рекол, се чини дека Македонија го следи вистинскиот
пат.
Што содржи агендата на Европската комисија за енергетика?
-
Во еден говор одржан во јули, комесарот за енергетика, Гинтер Отингер,
изјави дека следните чекори би биле пакет за енергетска инфраструктура
во текот на есенва и промовирање на својата политичка цел, којашто
подразбира интегрирање на пазарот до 2015 година.
Истовремено, очекуваме соопштение од Европската комисија за
интегрирање на регионалниот пазар, а беше најавен и предлог за
транспарентност и интегритет на тргувањето на пазарот на големо. Тој ќе
воспостави соодветни правила за однесување на пазарот и регулаторна
рамка за следење и надзор на овие пазари.
Притоа ќе биде опфатен секторот електрична енергија и гас, но можеби и
пазарот на CO2. Уште една точка што се наоѓа на агендата на Генералниот
директорат за енергетика е ревидирањето на акцискиот план за енергетска
ефикасност, којшто ги промовира целите 20-20-20. И, се разбира, сето
тоа е придружено од фокусот на Европската комисија на спроведувањето на
третиот пакет.
За мене, најинтересни би биле новата структура на
таканаречените „Регионални иницијативи“ и најавениот пакет за
инфраструктура, коишто есенва треба да и се претстават на јавноста. Во
моментов, Европската комисија ја разгледува можноста за потемелно
следење на енергетското тргување. Сè уште не се знае кога ова ќе биде
објавено.
Кои се активностите на Агенцијата за
соработка на енергетските регулатори, чијшто потпретседател на Одборот
на регулатори сте Вие?
- Агенцијата за соработка на
енергетските регулатори ќе започне со работа во март 2011 година. Во
меѓувреме, веќе се одвиваат подготвителните активности со активна
поддршка од поединечните европски регулаторни органи и од Советот на
европските енергетски регулатори. Целта на Агенцијата е соработка со
националните регулаторни органи за електрична енергија и за гас при
извршувањето на нивните задачи од релевантност за Европската унија.
И во случај кога е неопходно, координирање на нивните активности. Во
продолжение на тоа, Агенцијата има задачи поврзани со ENTSO
(нововоспоставената Европска мрежа на оператори на системите за пренос
на електрична енергија и на гас), следење на и известување за пазарите
на електрична енергија и на гас, како и задачи поврзани со условите и
барањата за пристап до и оперативната безбедност на прекуграничната
инфраструктура. Агенцијата ќе работи на еден навистина транспарентен
начин и ќе се потпира на јасната, правна основа од Регулативата за
Агенцијата во рамките на третиот пакет.
Цените ги објавуваат учесниците на пазарот, а не политичарите
*Регулаторната
комисија за енергетика на една држава, по дефиниција, е независно тело.
Како ја коментирате ситуацијата кога премиерот ја информира јавноста за
колку ќе поскапи електричната енергија, пред тоа официјално да го
соопштат регулаторите?
- Енергетските цени за повеќето видови
потрошувачи во Македонија се регулирани, додека, пак, E-Control во
Австрија ги регулира само мрежните тарифи, а цената на производот
произлегува од слободниот пазар. Ова би значело дека споредуваме јаболка
и портокали, доколку сакаме да повлечеме паралела помеѓу различните
системи со различни фази од отворањето на пазарот. Промените на
енергетските цени во Австрија, вообичаено, ги објавуваат учесниците на
пазарот, а не политичарите или регулаторниот орган.
Улогата на E-Control е да ги објавува промените на мрежните надоместоци што ние ги регулираме. Што
се однесува до ситуацијата во Македонија, би рекол дека не е од клучна
важност кој орган ќе ги објави промените на цените, сè додека тие се
резултат на пресметки направени од страна на регулаторниот орган, врз
основа на транспарентна и конзистентна методологија, којашто
соодветствува со принципите на добра и стабилна регулаторна рамка за
енергетските видови поврзани со мрежите. http://www.time.mk/read/9639e614b4/5d64f7e711/index.html
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#169 Posted: 23-Sep-2010 at 19:12 |
 Најмалку што треба е да се ослониваме на анализите на некакво си австриско лоби
ЕВН струи кон нов монопол
Австриската
компанија ЕВН добива привилегиран третман од македонските власти во
однос на државните енергетски компании ЕЛЕМ и МЕПСО со новиот Законот за
енергетика. Со него, ЕВН ќе стане монопол, а последиците ќе ги
трпат граѓаните преку поскапа струја, предупредија дел од експертите по
енергетика, кои учествуваа на вчерашната собраниска расправа за новите
измени во регулативата од оваа област.
За професорот на
Машинскиот факултет во Скопје, Атанаско Туневски, нејасно е зошто новиот
Закон за енергетика го фаворизира ЕВН во однос на ЕЛЕМ и МЕПСО. Според
него, новата регулатива не е во согласност со европските директиви
бидејќи поддржува создавање монопол.
- Со овој закон монополот на
ЕВН ќе биде дури и поголем од тој на старото ЕСМ. Компанијата ќе биде
во привилегирана положба зашто во крајната цена ќе и' се признаваат уште
многу други надоместоци и трошоци. Добива можност да биде монопол во
дистрибуцијата и снабдувањето со електрична енергија, плус да биде и
снабдувач во краен случај. Тоа значи дека ако ЕВН не може повеќе да ја
снабдува земјава од која било причина, истата компанија ќе треба да ја
обезбеди и резервата, што е апсурдно. Во кулоарите веќе кружи муабет
дека законот е скроен исто како да го пишувале од ЕВН - рече Туневски.
Ставот
дека државните енергетски компании се дискриминирани го дели и
професорот на Факултетот за електротехника и информатички технологии
(ФЕИТ) во Скопје, Арсен Арсенов.
- Според директивите на ЕУ,
треба да има недискриминираност. А тоа во практиката не постои. Односно,
државата ги дискриминира сопствените компании со тоа што на ЕВН и'
дозволува да наплаќа за ангажирана моќност иако тоа треба да го наплаќа
ЕЛЕМ како произведувач. Со новата верзија на законот практично се
забавува либерализацијата на пазарот на електрична енергија - рече
Арсенов.
Министерот за економија, Фатмир Бесими, не се согласува
со експертите. Тој смета дека самиот факт што новиот Закон добил
поддршка од сите енергетски компании во земјава, како и од енергетската
заедница, покажува дека регулативата е во согласност со европските
директиви.
- Апсолутно не се фаворизира ЕВН во никаква форма. Ако
има какво било сомнение за нечија монополска позиција на пазарот, може
да се покрене постапка пред Комисијата за заштита на конкуренцијата или
пред Регулаторната комисија за енергетика. Одредени компании и експерти
критикуваа зошто регулаторната комисија добива поголеми надлежности.
Токму затоа регулаторите ги добиваат, за да ги заштитат интересите на
потрошувачите - изјави Бесими.
Прашан дали со законот ЕВН се
фаворизира за да се откаже од тужбата во Арбитражниот суд во Вашингтон
против државата, Бесими одговори дека не станува збор за никаков договор
со ниту една компанија, туку за законско решение кое е во согласност со
Енергетската заедница.
Пратеничката на СДСМ, Радмила Шекеринска,
се согласи дека новиот закон е подобар од постојниот и оти ја
приближува енергетиката до директивите на ЕУ. Но, напомена дека има и
одредени слабости.
- Ја поздравувам зголемената улога на
Регулаторната комисија. Добро е што во законот стои дека регулаторите не
смеат да се под влијание на компаниите или на партиите. Но, никаде не е
споменато дека не смее да се под влијание на државните органи. А токму
тоа се случуваше во минатото. Новиот закон го легализира катастрофалниот
договор со „Окта“ што го направи една претходна влада на ВМРО-ДПМНЕ.
Всушност, во него пишува дека регулаторите ќе ги одредуваат цените на
нафтените деривати согласно преземените обврски од купопродажниот
договор со „Окта“ - рече Шекеринска.
Даница Тунтевска |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=888B7941DBE2B4448A36CDF0400C207E
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#170 Posted: 23-Sep-2010 at 21:23 |
Апсолутно се залагам за една непопуларна опција и малку проблематична. Државата да го откупу назад ЕСМ, да го либерализира потполно енергетскиот сектор и да понуди на тендер чисти субјекти, со јасни долгови и граници на имот, со прецизирани обврски и права без матни сиви зони. Како што го расцепкаа ПТТ на пошта, мт, мт-нет и мобимак, така и тука. Може изгледа премногу сложено но дури и после пет години сеуште да не можеме да ја отплеткаме мрежата, мислам дека треба да се пресече јазолот.
Edited by lslcrew - 23-Sep-2010 at 21:25
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#171 Posted: 23-Sep-2010 at 23:01 |
Не е работата во тоа дали е таа опција популарна или не, туку колку е реална. Можноста за такво нешто е отприлика 0%
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#172 Posted: 23-Sep-2010 at 23:08 |
Па реална е. Колку толку се прочистија односите. Се донесе закон кој предвидуваше експропријација на енергетски објекти без посебна причина во комбинација со судскиот спор што се отвори ги ставија на маса односите и се дојде до некои резултати. Сег аова не знам што е детално со новиот закон, но монополизам и привилигирани позиции не смее да се доделува на приватни субјекти по никоја цена.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#173 Posted: 23-Sep-2010 at 23:24 |
Што од ова кое што го кажуваш ја прави таа опција пореална? Всушност целиов развој на настаните е комплетна спротивност на тоа. Политиката е театар, но нема место на форумов, па нема да навлегувам во тоа како ЕВН од лош инвеститор за кој се најавуваше дека буквално се спрема да биде национализиран, наеднаш дотурка до вакви завидливи позиции. Можам да кажам само дека повторно купување на фирмата од страна на државата е далеку помалку веројатно отколку кога беше прв пат лиферувано, а и тогаш веројатноста се движеше околу 0%, па види ти сеа...
Edited by Cloverstack - 23-Sep-2010 at 23:26
|
 |
Мартин
Senior Member
Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
|
Quote Reply
#174 Posted: 14-Oct-2010 at 13:17 |
ПРОЕКТИ КРЕДИТИРАНИ ОД СВЕТСКА БАНКА
Со „Луково Поле“ до повеќе струја
Изградбата
на браната „Луково поле“ е евтина инвестиција со голема рентабилност,
која дури за 25 проценти ќе го зголеми капацитетот на мавровскиот
енергетски систем, коментираат енергетичарите откако власта доби
поддршка од Светска банка за кредитирање енергетски проекти. Според
академик Томе Бошевски, со зголемување на дотурот на вода во
хидроцентралите „Вруток“, „Врбен“ и „Равен“, учеството на овој систем
во вкупното производството на електрична енергија ќе биде околу три
проценти. Изградбата, пак, на далноводот ќе обезбеди директна
поврзаност со Србија и посигурно снабдување со електрична енергија,
посочи тој. - И двата објекти се приоритет во стратегијата и се наоѓаат
на врвот според рентабилноста, со оглед на тоа што инвестицијата не е
многу голема. „Луково Поле“ е најголем приоритет во енергетската
стратегија и, практично, ќе значи зголемување на дотурот на вода во
хидроцентралите за една четвртина. Другата придобивка е што се
зголемува производството на електричната енергија од обновливи извори
на енергија, што е обврска од меѓународната заедница - истакна
Бошевски. Браната „Луково Поле“, која Македонија одлучи да ја гради
сама без Косово откако со обележување на границата овој дел премина на
македонска територија, ќе чини околу 40 милиони евра. Овој проект,
заедно со далноводот кон Србија, ќе се финансира во првата година од
кредитната линија на Светска банка, која ќе изнесува најмалку 150
милиони евра и ќе се реализира во период од три години. Се проценува
инвестицијата да се реализира за четири години. Проектот предвидува
акумулацијата да ги собира шарските води на кота над 1.590 метри
надморска висина и потоа водата енергетски би се преработила во трите
низводни хидроцентрали. - Најзначајната придобивка од овој зафат би
била во енергетска смисла, односно годишното производство на „Електрани
на Македонија“ би се зголемило за дополнителни 114 милиони
киловат-часови електрична енергија преку трите веќе изградени
хидроцентрали. Покрај тоа, со изградбата на овој зафат и со зафаќањето
на водата се обезбедува постабилен биолошки минимум на реката Вардар,
особено во најкритичните летни месеци, и користење на водите за
индустриски и за земјоделски потреби - изјави Мирче Котевски, портпарол
на ЕЛЕМ. Изградбата на далноводот од Штип до границата со Србија се
пресметува на околу 20 милиони евра. Стручњаците велат дека во тој дел
значајно ќе се подобри транспортот на електрична енергија, која досега
за да стигне до Србија одеше преку Косово. Македонија има енергетска
поврзаност со Грција кон која има два далноводи, еден неодамна пуштија
кон Бугарија, а нема поврзаност со Албанија. Во меѓувреме, општина
Струмица го повлече барањето до Светска банка за финансирање на
проектот за гасификација на градот. Градоначалникот Зоран Заев вчера
обвини дека овој проект го сопира Владата. - Владата ја бојкотира
Струмица и го сопира нејзиниот развој. И по 10 месеци Министерството за
финансии не дава согласност на нашето барање за кредитно задолжување на
Општината кај Светска банка за гасификација на Струмица. Затоа, и
официјално го повлекуваме барањето и се подготвуваме сами да го
реализираме проектот - изјави Заев.
С.М. | http://www.time.mk/read/NONE/2d330bd94f/index.html
Edited by Мартин - 14-Oct-2010 at 13:17
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#175 Posted: 19-Oct-2010 at 02:09 |
ИНВЕСТИЦИИ ОД 20 МИЛ. ЕВРА
Ќе се гради далноводот од Ниш до Македонија
Српското државно претпријатие Електромрежа на Србија (ЕМС)
планира во наредната година да изгради 400 киловолтен далновод од Ниш до
границата со Македонија. Инвестицијата е вредна околу 20 милиони
евра, а проектот ќе биде финансиран со донација на Европската унија.
Како што пренесува агенцијата Бета, овој далновод долгорочно ќе го реши
прашањето за снабдување на југот на Србија со електрична енергија, а ќе
овозможи привлекување на странски инвестиции. Овој далновод ќе биде од
исклучително значење за целиот регион на Југоисточна Европа, како и за
Македонија и Грција.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=302327C14A68994AB16EB4D3E808B9CD |
|
 |
Dragan
Senior Member
Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
|
Quote Reply
#176 Posted: 26-Oct-2010 at 16:01 |
Еве вчера пак немаше електрична енергија во тетово, од 22:00 па се до денеска до 8:00, ако не се направи нешто Полошкиот регион ( или само тетово со околина ) пак ќе има проблеми
Edited by Dragan - 26-Oct-2010 at 16:02
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#177 Posted: 09-Nov-2010 at 02:38 |
Само Македонија нема министер за енергетика |
|
|
Македонија
е една од ретките земји во регионот,
па и пошироко,
која нема посебно министерство за енергетика во време кога на големо
се зборува за
гасификација,
приклучување
кон меѓународни енергетски коридори, недостиг од струја, јаглен, нафта, изградба на нуклеарна централа и сл.
|
|
|
|
 |
|
Кој е одговорен за енергетиката во државата?
Министрите Пешевски, Ставрески, Јанакиески и Бесими или директорите
Чингоски (ЕЛЕМ), Гечевски (Агенција за енергетика) и Миладинов (ГАМА).
Кон оваа листа може да се допишат и бројните претставници на невладиниот
сектор, но и Македонската академија на науките и уметностите. Сите тие
заедно играат одредена улога за развојот на овој исклучително важен
сектор, но формално никој не е директно задолжен за енергетиката.
Македонија е една од ретките земји во регионот и пошироко, која сé уште
нема министерство за енергетика. Такво министерство има дури и Косово,
иако е најмлада држава на Балканот.
Имаме министри без ресор, министер задолжен за декадата на Ромите,
министер за спроведување на рамковниот договор, но ниту една Влада
досега не се сети да назначи министер, кој ќе биде директно одговорен за
гасификацијата, енергетските коридори (гас и нафта), соларната и
хидроенергијата, резервите на фосилни горива, увозот на струја итн.
- Сите овие прашања се директно поврзани со економскиот пораст на
државата, но обврските за нивно спроведување досега беа делени низ
повеќе министерства и агенции, наместо да се координираат од едно место.
Со тоа се избегнува и одговорноста за енергетскиот ќор-сокак, во кој со
децении е затечена државата - тврдат експертите.
Во Министерството за економија, кое формално е надлежно за енергетиката, немаат конкретно објаснување за ваквата состојба.
- Ние не можеме ништо да преземеме за посебно министерство за
енергетика. Само Владата може да реши за такво нешто - велат оттаму.
Дознаваме дека во Владата досега не била отворена дискусија за нов ресор
ниту, пак, за реорганизација на постојните енергетски сектори.
Македонија има Агенција за енергетика, како посебно тело, чија
надлежност е повеќе во доменот на обновливите извори на енергија.
- Главниот корпус на прашањата поврзани со енергетиката е во
Министерството за економија, каде што за ова има и посебен сектор.
Сепак, координативната улога за енергетската политика во државата ја има
вицепремиерот за економски систем, кој е централна точка што ги
координира секторите кои имаат надлежност во оваа област - вели Мартин
Мартиновски, портпарол на Владата.
Мартиновски додава вреди да се размислува за оваа идеја, да се видат
искуствата на другите земји и да не се затвораат опциите за посебно
министерство за енергетика.
Досегашното искуство, пак, покажува дека „неформален министер за
енергетика“ кому власта најмногу му верува е Македонската академија на
науките и уметностите, како изготвувач на сите долгорочни енергетски
стратегии во земјата. МАНУ ја изработи Енергетската стратегија до 2025
година, Стратегијата за обновливи извори на енергија и Стратегијата за
енергетска ефикасност.
Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски досега повеќе беше
задолжен за гаснење „енергетски пожари“, улога што успешно ја игра со
оглед на тоа што ги смири и ги седна на преговарачка маса раскараните
ЕЛЕМ и ЕВН. Пешевски е и претседател на владината комисија, која треба
да ја донесе историската одлука дали во Македонија ќе се гради нуклеарна
централа или не.
Во Министерството за транспорт и врски, со кое раководи Миле Јанакиески,
пак, се дефинираат приоритетните правци за гасификација на земјата и
студијата за оправданост. Свој удел во енергетиката има и министерот за
финансии Зоран Ставрески, кој го затвори прашањето за клириншкиот долг
со Русија, пари што ќе бидат искористени за гасификација на земјата.
Министерството за економија ги спроведува тендерите за изградба на мали
хидроцентрали, ја води постапката за „Чебрен“ и за „Галиште“, задолжено е
за минералните суровини, дава субвенции за сончеви колектори, но ги
подготвува и сите други документи и законски акти од областа на
енергетиката. Со енергетски прашања се занимаваат и бројни други
здруженија и асоцијации, како Македонска енергетска агенција (МЕА),
МАЦЕФ, Солар итн. Познавачите велат - премногу кадар за едно
министерство што сé уште не постои.
Првиот и засега единствен исчекор на планот на енергетиката е најавениот
крак на гасоводот „Јужен тек“ низ Македонија, најавената изградба на
проектите „Луково поле“ и „Бошков мост“, како и ревитализацијата на шест
големи хидроцентрали.
|
|
|
|
Автор: Александар С. Димковски | |
| http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=118101023265&id=10&setIzdanie=22127
Edited by Cloverstack - 09-Nov-2010 at 02:39
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#178 Posted: 09-Nov-2010 at 03:19 |
Тривијално е да се занимаваме и некои да ловат политички поени на тема кај треба да биде седиштето на идно можно министерство. Капа на нероден Петко. Ова прашање затворено со Член 6 од Устав на РМ "Главен град на Република Македонија е Скопје". Не дека сум против дисперзирани министерства, само што за вака мала држава ова е стварно непотребно, а од друга страна сосема возможно и не неупотребливо. Во однос на потребата пред многу време мислам дека гоимавме ова дискутирано, идејата за министерство за енергетика ми се допаѓа, само што во тој случај ионака во Македонски услови најќество повеќето проекти се управуваат од некакви неформални совети од неколку надлежни министри и директори и практично не се знае на кого што му е ингеренција пасе собираат сите што е можно да им е ингеренција како гарант дека ингеренцијата е тука некаде измеѓу присутна. Така да не дека нешто многу ќе значи, освен што од Министерство за Транспорт и Врски и Министерство за економија ќе повлеќе многу ингеренции и ќе биде второто скапо министерство после Министерство за Транспорт и Врски. Освен што ќе послужи како добар поткусурувач во формирање коалиции, некоја посебна примена нема. Или па мотив за уште една барокна зграда во Скопје.  Или Битола.
Edited by lslcrew - 09-Nov-2010 at 03:41
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#179 Posted: 11-Nov-2010 at 03:07 |
РЕК „Битола“ ќе стане и топлификација

Најновиот проект е иницијатива на општините Битола и Новаци
БИТОЛА - Капацитетот на РЕК „Битола“ да се искористи и за добивање
топлинска енергија, освен за производство на струја. Ова е најновиот
проект за централно греење што го иницираат општините Битола и Новаци.
Можноста ја даваат заедничките проекти за погранична соработка меѓу
Македонија и Грција каде што на располагање се 25 милиони евра од
фондовите ИПА-2 на ЕУ.
Новаци и Битола, заедно со две грчки
општини, аплицираа до европските фондови за изработка на проектна
документација, според која, РЕК „Битола“ би функционирал и како
топлификација. Идејата е по примерот на термоелектраните „Костолац“ во
Србија да се искористат топлите отпадни води од работата на трите
термоелектрани на РЕК. Со такво пренасочување ќе има можности за греење
на населението од Пелагонија, но и за производство на ран зеленчук под
пластеници.
„Иницијативата потекна од норвешкиот консултант за
енергетика ‘Норт енерџи‘. Пареата од турбините на РЕК ‘Битола‘ треба да
ги затоплува домаќинствата. Се предвидува изградба на три главни
цевководи за пренесување топлинска енергија од комбинатот до населените
места. Со идејата се запознати и во комбинатот. Парите од ИПА-фондовите
на ЕУ ќе бидат за проектна документација, а потоа ќе се бараат средства и
за изработка на системот“, објаснува Лазар Котевски, градоначалник на
општината Новаци.
Битола како да нема среќа со централното
греење. Локалната власт, барем досега, повеќе сакаше да ги топли
граѓаните со виртуелни проекти наместо со реални инсталации. Пет години
минаа од изборното ветување на градоначалникот Владимир Талески за
изградба на топлана во северниот дел на Битола. Но, нема абер ни од
објект ни од греење.
Песимистичките најави на синоптичарите за
долга и студена зима дополнително ги загрижија битолчани, особено што
најголем дел од домаќинствата се греат на дрва и на струја. Последниве
зими сметките за греење се се' подебели, а граѓаните немаат избор. Ова
затоа што власта со години нуди само проекти на хартија, но не и реално
решение на проблемот.
И оваа грејна сезона не проработи
популарниот битолски топловод преку кој требаше да се затоплуваат голем
дел од колективните згради и институции сместени на северниот дел од
реката Драгор. Општината, судовите, Ректоратот на Битолскиот
универзитет, Архивот, ЈП „Стрежево“, зградата „Шехерезада“ и Куќата на
албанската азбука, лоцирани на булеварот „Први мај“, и зимава сами ќе се
погрижат за греење.
„Топланата што требаше да го храни
топловодот е во фаза на проектирање. Таа ќе биде зад општинската зграда,
бидејќи не се постигна согласност за другата локација, зградата
‘Шехерезада‘ што е приватна сопственост“, вели Зоре Симјановска,
раководител на Секторот за комунални дејности во Општина Битола.
Според
направените пресметки, со реализацијата на проектот за топлификација од
РЕК „Битола“ трошоците на битолчани и на новачани за греење би се
намалиле дури за половина од сегашните. Ова би било поевтино и од
затоплување со дрва, но и од струја. Предноста на ваквиот топлификациски
систем од РЕК „Битола“ е намалувањето на загадувањето.
Паралелно
со замислата за таканаречено далечинско греење, Новаци со грчките
партнери аплицираше до европските фондови и за изградба на мерна станица
што би ја читала загаденоста на воздухот.
„Нашата општина е
најблиску до комбинатот. Сакаме секојдневно да знаеме дали загадувањето е
над дозволените параметри“, изјави Котевски. (А.Б.) |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4B59638815202F4C9DA28F53E8CCFD4A
|
 |
Мартин
Senior Member
Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
|
Quote Reply
#180 Posted: 10-Dec-2010 at 15:23 |
Германија ќе го финансира далноводот Албанија- Македонија Германската влада ќе
ја финансира изградбата на 400 киловолтниот далновод Албанија-
Македонија. Во известувањето до албанското министерството за надворешни
работи стои дека германската влада преку банката за развој, КФВ
одобрила многу поволен кредит во износ од 30 милиони евра, во рамките
на добрата германско- албанска соработка.
Оваа линија од висок напон е прва меѓу двете земји која ќе
овозможува директен пренос на енергија меѓу двете земји. Истовремено
овој проект ќе ја подобри поврзаноста на Албанија со регионалниот
енергетски систем и ќе ја прошири интерконекциската линија исток- запад
до Грција.
-Изградбата на далноводот Албанија- Македонија ќе придонесе не само
во економски развој на Албанија туку и во консолидацијата на
регионалната соработка во регионот во енергетскиот сектор, во
гаранцијата за редовно снабдување со електрична енергија како и
интензивирањето на регионалните услуги во енергетскиот сектор меѓу
двете земји, стои во соопштението.
Вера Тодоровска
| http://www.time.mk/read/NONE/0a93e62b6c/index.html
|
 |