Автопати и експресни патишта (општо) |
Post Reply | Page 123 52> |
Author | ||
Andrej_LJ
Senior Member Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
Quote Reply
#1 Topic: Автопати и експресни патишта (општо) Posted: 21-Oct-2012 at 18:55 |
|
Прв пост, кој би сакал да го надополниме со сегашната ситуација на теренот во Македонија, како и една хронолошка слика кога се пуштани делниците кај нас. Супер би било да дојдеме до бројки за фрекфренцијата на возила, како и дискусија за идните проекти.
|
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
Andrej_LJ
Senior Member Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
Quote Reply #2 Posted: 21-Oct-2012 at 19:20 | |
Продолжеток на дискусијата од овде: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=598&PID=139087#139087 @ Clover Многу глупаво се изразив затоа што бев фокусиран на глупоста што се прави во врска со карактеристиките на патов, не на неговата траса. Така што тој дел на дискусијата го испуштив! Апсолутно се согласувамд ека не треба да се прават посериозни зафати или патишта од повисок ранг на Прилеп-Градско, туку автопатот да оди директно од Велес кон Прилеп и Битола. Велес географски се наметнува како главна (се разбира после Скопје) сообраќајна патна и железничка раскрсница на Македонија и сите поенти и идеи кои ги наведе Кловер се сосема верни и се согласувам со нив. Сеедно не се согласувам дека овој автопат треба да биде приоритет пред Миладиновци - Штип заради следниве неколку факти: -Источна Македонија е традиционално и долгогодишно запоставувана а се претвора во се поголе економски центар. Повторно Штип е географски, а со тоа и сообраќаен центар на Истокот, така што автопат од Скопје до Штип ќе обезбеди далеку побрза врска и со другите градови а) кон Кочани: Делчево, Виница, Берово, Пехчево, Мак. Каменица, како и кон Струмица: Радовиш. -Патиштата во Источна Македонија се многу полоши од оние во Централна така што мислам дека под итно да се подобри инфраструктурата таму, особено преку изградба на автопат кон Штип. -Како аргумент кој ја тангира приоритетноста при изградбата на автопатите е фактот што железницата во Источна Македонија е во далеку полоша состојба отколку онаа кон прилеп и Битола. Луѓето немаат никаква алтернатива при патничкиот превоз, затоа што освен Штип и Кочани, никој дргу град и нема железница. -Автопат кон Штип преку Св. Николе, значително ја скратува сегашната делница преку Велес (поента која признавам е валидна и за автопат Велес-Прилеп). -Делницата Миладиновци - Штип е доста полесна за градба отколку онаа кон Прилеп. Тоа претполага оваа делница да ја завршиме без поголеми напори, однопсно како побрзо така и поефтино. Сепак признавам дека автопат од Велес до Прилеп треба да биде висок приоритет и да се изгради што побрзо. Во тој ред на мисли не се согласувам со Кловер околу полуавтопатот. Да, тоа би било прифатливо во некоја нромална земја, а не во нашата бидејќи патот така ќе остане со децении. Да не забораваме дека при изградба на едниот коловоз се завршуваат 80% од работата (засеци, мостови, тунели, израмнувања на теренот), така што за подоцна би останало само тампонирањето и асфалтирањето на вториот коловоз. Мислам дека ова не се исплати (повторно носење и ангажирање на техника, при поголеми зафати одеднаш цената паѓа итн) и дека треба да стегнеме заби да се изгради се одеднаш како што треба. Мислам дека ова би привлекло многу поголем сообраќај од сегашниот пат и ќе ја отвори Игуменица како алтернативно пристаниште на Солун и Драч за нашите фирми (Игуменица е крајот на коридорот 10Д). Малку подоцна ќе направам една карта со моите приоритети и замисли за автопатската мрежа во Македонија, но сметам дека мора Владата конечно целосно да се посвети на развој на патната инфраструктура ( во последно време има некакво раздвижување во поглед на железничката, но патната останува дупка). Пред се мислам дека мора да престанат овие глупости и експерименти како додавање на трети или четврти ленти и тоа да ни се претставува како автопат или реална замена за експресен пат и мора да се почне со изработка на идејни и технички проекти, со што би имале проектна готовност и при прва можност да се обезбедат сретства и да се започне со градба! Edited by Cloverstack - 21-Oct-2012 at 20:06 |
||
elnino
Senior Member Joined: 28-Mar-2010 Location: kavadarci Online Status: Offline Posts: 129 |
Quote Reply #3 Posted: 21-Oct-2012 at 19:54 | |
Не мислев одма да се вклучам тука но баш ме заинтригира патнава мрежа и еве јас што си правев замисли
владава да сака сама може да ги направи дел од патиштава пример за капитални инвестиции беа одвоени околу 400милиони евра, еве за патишта да се 300 секоја година од буџет шо не се мали средства за период од 6 години би сде изградиле повеке од делнициве..... да ги објаснам по боја Лила бојата е автопатско решение кое е приоритет А (Куманово-Паланка и Другово_Охрид) Другата розе боја е автопатско решение со евентуално Експресен пат од Висока категорија до Штип Приоритет А1 исто и Скопје Качаник Темно зелено е Експресен пат во планински предел, целта е со помали трошоци да се дојде до сепак солидно решение приоритет А (Годтивар-Кичево и Паланка Граница Ѓуешево Експресен пат од Високо ниво две ленти со една за застанување од 2,5 (Велес-Прилеп) Приоритет Б Експресен пат Буково-Охрид со заобиколница во Ресен како тесно грло приритет Б1 експресен пат Прилеп-Раец Б приоритет Експресен пат Штип Струмица А1 приоритет Експресен пат од пониска категорија РАЕЦ-КАвадарци-Неготино Б приоритет (ова како алтернатива на владиниот Битола преку мариово до Демиркапија, зошто да се прескокне Кавадарци а д асе праве толку футуристички пат преку мариово и кожуф) беспотребно Експрсен пат Штип=Кочани пониска категорија со по две ленти у коловоз и паркинг на секои 2км приоритет Б Трета лента на патот Валандово струмица Експресен пат Повисока категорија велес-Штип А приоритет |
||
elnino
Senior Member Joined: 28-Mar-2010 Location: kavadarci Online Status: Offline Posts: 129 |
Quote Reply #4 Posted: 21-Oct-2012 at 20:00 | |
Целта ми беше во лесни делници и рамнини да има Автопатско решение бидејки трошоците се помали а во ридско планински предели со Експресен пат би се решил проблемот колку толку задоволително.......
прашање колку би чинел експресен пат во рамница, колку во ридски терен.....како што рековте со не поголем наклон од 6-7% колку би чинел автопат без тунели и мостови во прилично рамне терен... кога би ги знаеле овие окуларно многу полесно владата би ги градела овие со наши фирми со годишен план од околу 300 милиони |
||
Andrej_LJ
Senior Member Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
Quote Reply #5 Posted: 21-Oct-2012 at 20:36 | |
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
FoSsiL
Senior Member Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
Quote Reply #6 Posted: 21-Oct-2012 at 20:43 | |
Дефинитивно да! Одлично! Само фали временска рамка... само како што знаеме како се движат работиве кај нас... поарно и да ја нема... ќе расипува одлична презентација... Само ме чуди зошто не сметаш дека би требало Куманово - Деве Баир да биде целосно автопат... јас сум повеќе за таа варијанта... Сепак се работи за најважниот патен правец кој не поврзува со Бугарија, и ги поврзува главните градови по најкратко растојание... |
||
Македонија - Земја на чудата!
|
||
Andrej_LJ
Senior Member Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
Quote Reply #7 Posted: 21-Oct-2012 at 21:03 | |
Го правам и тоа.
Него знае ли некој колку е точната должина на автопатите во Македонија? Итно ми треба! |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
FoSsiL
Senior Member Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
Quote Reply #8 Posted: 21-Oct-2012 at 21:42 | |
хмм... незнам точно... ~200км Некои бројки од 197 до 216 километри и тоа без Тетово-Гостивар, Катланово - Велес, а со Табановце - Куманово и скопската обиколница... незнам каде се појавува таа разлика од 19 километри... најверојатно кај сврзувањето на коридорите... или евентуално ако некои го важат и... источниот влез на Скопје... Како и да е.... бројката е приближно таа... 200км ЕДИТ: моја грешка беше... 216 биле... не 206 Edited by FoSsiL - 21-Oct-2012 at 21:46 |
||
Македонија - Земја на чудата!
|
||
FoSsiL
Senior Member Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
Quote Reply #9 Posted: 21-Oct-2012 at 21:50 | |
Не... Сега проверив... тие 19 се уствари Тетово - Гостивар... Некои погрешно го сметаат за автопат.... Значи... Бројката е 197км.. ~ 200 заокружено.. пак испаѓа толку |
||
Македонија - Земја на чудата!
|
||
elnino
Senior Member Joined: 28-Mar-2010 Location: kavadarci Online Status: Offline Posts: 129 |
Quote Reply #10 Posted: 21-Oct-2012 at 21:51 | |
не заборавај Битола и Прилеп да ги поврзеш со Струмица и Гевгелија.....како големи економски центри.....
|
||
Andrej_LJ
Senior Member Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
Quote Reply #11 Posted: 26-Oct-2012 at 15:22 | |
Еве го ветениот од мене план за изградба на автопатската мрежа во Македонија. Изградбата би била поделена во 2 фази, секоја од нив содржејќи по уште 3 подфази. Првата фаза го опфаќа периодот од 2013 до 2019 година во кој е предвидена изградба на најважните и најтешките делници во Македонија.
ФАЗА 1-1 (2013-2015), 3 години: Тука нема потреба за многу објаснувања, но сепак да кажам зошто токму овие две делници. Првата од Миладиновци до Штип сметам дека е исклучително важна заради поврзувањето на буквално сите градови во Источна Македонија индиректно, како и директно на два - Штип и Св. Николе. Патот преку Св. Николе значително (20+ км) го скратува времето за патување до Штип, а со тоа и на југ кон Радовиш/Струмица и Кочани/Делчево. Замислете си Скопје - Штип за половина час, колку голем имплус ќе му даде на целиот регион. Втората делница е дел од коридорот 8 и Е65, пат кој води до нашиот најголем туристички центар. Јас не ја замислувам Македонија без автопат до Охрид, а изградба на сериозен туризам во Охрид (каков што сега ниту од далеку нема) е невозможен без автопат до Скопје. Оваа траса од Гостивар до Осломеј е прва фаза од вкупно четирите за изградба на автопат до Охрид и Струга. Освен што се елиминира ужасно тешкиот превој на Стража, патот се скратува значително, додека Гостивар добива своја Обиколница (сегашниот пат дефакто минува низ Гостивар и создава проблеми и жртви). Автопатот би завршил кај Осломеј, а натаму по стариот магистрален кон Охрид. ФАЗА 1-2 (2015-2016), 2 години: Во оваа подфаза, предлагам изградба на повеќе пократки делници, сите со меѓународно значење со цел поврзување на земјата со соседните држави. Пред се тоа е делницата од Скопската Обиколница до Блаце. Поврзувањето со Косово е многу важно од економска гледна точка (сите сакаме Скопје да биде болница, шопинг центар и центар за различни услуги за Косово), а потребата се засилува по најавата за изградба на автопат од Приштина кон нашата граница. Втора делница е лесниот дел од трасата кај Охрид, односно рамничарската делница Охрид - Мешеишта. Нема потреба да објаснувам колку важна а лесна делница е ова. Третата делница е всушност обиколницата на Кичево, по неговата источна страна. Започнува од селото Осломеј, па се до селото Пополжани, односно одвојувањето за Крушево и Битола по патот R416. Ова е сложна делница, бидејќи вклучува 3-4 километарски тунел, во делот каде што трасата го заобиколува Кичево. Четвртиот дел на трасата е од Куманово до с. Војник. Обиколницата на Куманово би започнала кај селото Романовце и по југо-источната и источната страна би го заобиколила градот. Оваа делница е во претежно рамничарски терен и е релативно лесна за изградба. Со тоа освен што градот Куманово добива нова Обиколница, се скратува и олеснува патот за Бугарија, земја која е во топ 5 трговски партнери за Македонија. ФАЗА 1-3 (2017-2019), 3 години: Тука главен акцент е ставен на поврзувањето на Прилеп и Битола со патот Е75, Скопје и Источна Македонија. Оваа делница повторно на сите ни е јасно зошто е многу важна и мора да се изгради како автопат. Тука е и една кратка и лесна делница помеѓу Охрид и Струга, пат кој целогодишно има голем сообраќај, кој кулминира во летните месеци. Исто така тоа е уште еден лот, со кој стануваме поблиску до комплетирање на К8 низ Македонија и поврзувањето со Албанија. Трета делница е експресниот пат Охрид - Градиште по падините на Галичица, над езеото. Можеби многумина нема да се согласат или ќе се зачудат на мојот избор, но мислам дека под итно треба да се направи пат со високи параметри кој би ја опслужувал Охридската Ривиера. Сите знаеме какви гужви и неудобства има на овој пат во летните месеци, а крајбрежните населени места би живнале и земале воздух од опсадата на автомобили. ФАЗА 1 (2013-2019), индикативни заокружени трошоци по години: Со комплетирањето на оваа фаза 1, Македонија до почетокот на 2020 година ќе ја дуплира сегашната автопатска мрежа од околу 250 километри до околу 506 километри. Се дава акцент како на внатрешните потреби, така и на поврзувањето со соседите и исполување на модерни и брзи транспортни Пан-европски коридори. |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
FoSsiL
Senior Member Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
Quote Reply #12 Posted: 26-Oct-2012 at 15:33 | |
Реално... Само уште да се нафатат да потрошат милјарда и нешто милиони евра... Вака на прв поглед навистина изгледаат многу... Ама потоа кога ќе се размисли поубаво... тоа се 7 државни годишни буџети.... иако ќе биде малце стегнато... мислам дека ќе можат да го издржат тој финансиски товар... За следната фаза и не е толку загрижувачки, со оглед на тоа дека ваљда до 2020 ќе бидеме влезени во ЕУ, ако се направи нешто со проблемот за името годинава како што се збори... па може делумно или целосно да се финансира со европските фондови... ама за тоа потоа... Што правиме сега... 2013 е на два месеци од сега... така да 2013 во секој случај ја пропуштаме... |
||
Македонија - Земја на чудата!
|
||
Denko
Senior Member Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
Quote Reply #13 Posted: 26-Oct-2012 at 15:41 | |
Edinstvena zamerka e toa sto edna od najrazvienite opstini ili region Strumica e ostaveno kako slepo crevo. Nitu avtopat, nitu zeleznica, nitu direktno povrzuvanje so zapadna t.e. jugozapadna Makedonija. Regionalniot pat kon Stip (65km od koi ca. 30km se rekonstruirani vo izminative 20 god.) ne gi zadovoluva standardite so sto znacajno go zabavuva tempoto na ekonomski razvoj koj moze da go ponudi ovoj kraj.
|
||
<Fresno>
Senior Member Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1145 |
Quote Reply #14 Posted: 26-Oct-2012 at 18:20 | |
Буџетот за 2012 е околу 2,7 милијарди евра. Како и да е, никој не финансира изградба на инфраструктура од тековни средства. А сите овие желби што ги има Андреј наброено, некако и би можеле до 2020 да се реализираат само ако БДП оди нагоре, заборавиме на други капитални инвестиции и се решиме за поголем надворешен долг. Инаку уште во старт не е точен планот бидејќи Демир Капија - Смоквица уште не е изградена, а Скопје - Блаце е планирана за 2012. |
||
FoSsiL
Senior Member Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
Quote Reply #15 Posted: 26-Oct-2012 at 18:30 | |
Знам знам... сакав само да направам споредба на финансиската моќ на Македонија да се нафати на вакво нешто... дека е можно и да се оди и само или делумно со државните буџети, да се исполни целта, но дека ќе биде стегнато.... доста стегнато... зашто 3*7 = 21 милијарда евра... еден да одат за автопатите... не е нешто што не може да се поднесе... излегува по 150 милиони евра годишно... Инаку сигурно ќе се оди со кредити кои ќе се исплаќаат најмалку 15 години.... па тоа ќе се распредели низ 15 државни буџети.... па да се намали на некои 80-100 милиона годишно зависно од камата и услови... а со кредити на подолг рок... да се намали уште повеќе... но вкупно ќе не чини повеќе секако.... |
||
Македонија - Земја на чудата!
|
||
Andrej_LJ
Senior Member Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
Quote Reply #16 Posted: 26-Oct-2012 at 20:42 | |
Според податоците до кои дојдов јас, буџетот на РМ (расходната страна) изнесувал 3,4 милјарди евра во 2011 година. Мислам дека секоја година има тенденција на зголемување, така што следната година мислам дека ќе биде околу 3,5 - 3,7 милјарди. Ако ја земеме средната бројка за сигурно (3 милјарди евра годишно), излегува дека тие 150 милиони евра се 5% од буџетските средства, под услов да се одлучиме да финансираме сами. Со одот на годините, веројатно БДП ќе расте, а со тоа и издатоците за изградба на автопати, со што оваа бројка од 5% од сегашниот буџет ќе остане иста или ќе паѓа. Но, се разбира никој не е луд да финансира се од свој буџетски средства и според мене добра формула е 20% од буџетот и 80% од заеми или ЕУ фондови (кои и сега ни се достапни, но не ги користиме!). Што се однесува до Демир Капија - Смоквица, таа делница намерно не ја имам земено во предвид, бидејќи веќе се гради, односно можеме да ја отпишеме од листата на делници за финансирање и изградба. Јас незнам кој кажал дека во 2012 година ќе се изгради автопат до Блаце, како што гледаш има само уште два месеци. Дури и за 2013 ова е невозможно бидејќи немаме ниту идејни и технички проекти, ниту средства, ниту тендери. Да не забораваме дека за првите 7 години треба да се издвојат 1,06 милјарди евра, што не е некој голем трошок (затоа и ги имам распределено трошоците по години). За вторите 6 години пак треба да се издвојат 1,17 што повторно е неголем товар за буџетот, особено ако се земе во предвид временската рамка од 13 години. Во последните 10 години буџетот на Македонија е двојно зголемен, најмалку. И сето тоа во пример сами од буџетот да ги покриеме сите расходи, што е безумно. Edited by Andrej_LJ - 26-Oct-2012 at 21:01 |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
FoSsiL
Senior Member Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
Quote Reply #17 Posted: 26-Oct-2012 at 20:51 | |
Да... Ама ќе треба да скратиме на споменици и други беспотребни глупости... |
||
Македонија - Земја на чудата!
|
||
Andrej_LJ
Senior Member Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
Quote Reply #18 Posted: 26-Oct-2012 at 21:02 | |
Да де, пак случајно овие 150 милиони евра потребни на година за изградба на автопати, да не не ги даваме за Ск 2014?! Притоа без апсолутно никакви реални економски ефекти (само лаик може да го тврди спротивното)! |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
stratus
Senior Member Joined: 19-Aug-2010 Location: Bitola/Skopje Online Status: Offline Posts: 754 |
Quote Reply #19 Posted: 26-Oct-2012 at 21:43 | |
А да не забораваме дека овие патишта доколку се изградат би имале и патарини (иако не треба кога веќе се плаќа регистрација) што дополнително ќе ги намали трошоците
|
||
Andrej_LJ
Senior Member Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
Quote Reply #20 Posted: 26-Oct-2012 at 21:43 | |
Фазата 2 би течела од 2020 до 2025 година вклучително. Исто така е разделена на 3 подфази, при што последните две се групирани како една поради малиот финансиски ресурс коишто го захтеваат. Целта е вкупната автопатска мрежа да се прошири од 506 километри во 2019, до 824 километри кон крајот на 2025 година, или 3,5 пати повеќе автопати од денеска.
ФАЗА 2-1 (2020-2022), 3 години: Приоритет во оваа подфаза се дава на конечното сврзување на Охрид и Кичево, преку изградба на нов автопат. Теренот е тежок, но пак затоа се одвоени цели 3 години за изградба. Втора делница, исто така по К8, но по Е871 е делницата од село Војник (Кумановско, онаму каде што завршува рамничарскиот предел и започнува ридско-планинскиот) до кривопаланечкото село Псача, од каде што почнува навистина многу тешка делница, која најверојатно ќе треба да ја градиме заедно со Бугарија заради потребата на тунел под Деве Баир/Ѓуешево. Со оваа делница на експресен пат,к значително ќе се забрза и олесни патувањето помеѓу Скопје и Софија, а низ села ќе се ослободат од транзитниот сообраќај. Третата делница е Кочани - Штип - Радовиш (само до раскрсницата помеѓу патот М6 кон Струмица и R107 кон Градско/Неготино). Овој експресен пат ќе биде дел од идната автопатска мрежа во Источна Македонија, Кочани директно ќе го поврзе со националната патна мрежа, а Радовиш и Струмица стануваат поблиски. Со ова се скратува и патувањето кон сите 3 (Делчево, Берово, Ново Село) гранични премини кон Бугарија. ФАЗА 2-2 (2023-2024), 2 години: Тука главен акцент е поврзувањето помеѓу Прилеп и Битола со модерен и класичен автопат. Сите знаеме зошто, особено што теренот е рамничарски. Втора голема делница е експресниот пат помеѓу раскрсницата на патиштата М6/R107, Струмица, се до гп Ново Село. Оваа делница освен што не сврзува со Струмица, важен регионален град, го поврзува и густо населеното Струмичко поле со градот. Исто така се добива модерен пат до Бугарија, а со тоа и излез на автопатот Струма, кон Солун или Софија. ФАЗА 2-3 а/б (2023/2024 - 2025), 2-3 години: А: Тука се обрнува внимание на поврзување со соседните земји, преку 3 различни експресни патишта. Од нив најтешка е изградбата на експресниот пат кон Бугарија, во регионот на Деве Баир. Освен експресен пат, тука веројатно ќе мора да се изгради и преку-граничен тунел. Може да се направи и една цевка во прво време, со кое ќе се елиминира искачувањето до баирот. Б: Во оваа подфаза би се работело на изградба на експресниот пат Велес - Штип и продолжување на источниот крак, за некои 10 километри кон Истибања. СУМИРАНИ ТРОШОЦИ ПО ГОДИНИ ФАЗА 2: И крајниот резултат: Со тоа Македонија добива автопатска мрежа од 824 километри (наместо сегашните под 250), како и дури 8 гранични пункта со соседните земји (со секоја по два) поврзани со автопат. |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
Post Reply | Page 123 52> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |