![]() |
![]() |
![]() |
Стибера - Чепигово |
![]() |
Post Reply ![]() |
Author | |
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() Posted: 03-Oct-2010 at 15:56 |
За СТИБЕРА
По течението на Црна (Еригон) во непосредна близина на прилепското село Чепигово се наоѓа античкиот град Стибера. Стибера е град во кој со археолошките ископувања се откриени најмногу антички скулптури зачувани во целост. Стибера - центар на македонските кралеви во борбите против Илирите. Како што пишува римскиот историограф Ливие, Стибера бил градот во од кој последниот македонски крал Персеј во 169 година п.н. е. тргнал во борба против Илирите. Кога точно е изградена Стибера се уште не е точно утврдено, но се претпоставува дека тоа било во времето на Филип Втори. Стибера, или како што археолозите сакаат да ја викаат Македонска Помпеја, е еден од најголемите антички градови во Македонија а, истовремено, и еден од најатрактивните антички градски населби. Таа се наоѓа во близина на прилепското село Чепигово, а нејзините остатоци лежат на јужните падини на ридот Бедем каде во неговото подножје се влева рекичката Блато во Црна Река (Еригон). Неколкуте пишани антички извори соопштуваат за животот и убикацијата на Стибера. Во подоцнежните записи таа воопшто не се споменува, па оттаму се претпоставува дека исчезнала пред IV век, и тоа за време на владеењето на царот Галиен. Со археолошките истражувања на овој локалитет пронајдена е цела една ризница од подвижен археолошки материјал, што главно му припаѓа на периодот на II и III век, кога Стибера го доживеала својот процут. Од него се издвојуваат керамички садови, монети, мермерни споменици, повеќе од триесет статуи и бисти на угледни граѓани од тоа време, околу дваесетина постаменти и плочи со натписи и голем број на мермерна пластика. Тоа зборува дека со овие ископувања е откриен дел од градскиот бедем. Градот бил обиколен со обѕидие од кршен камен. Во внатрешноста на градот се откриени темелите од некогашниот храм посветен на божицата на судбината - Тихе, а подигнат во спомен на една богата граѓанка и на нејзините блиски роднини. На тоа место постоел извор, кој повеќе имал култна и мистичка, одошто практична вредност. Таму било изградено, а подоцна и обновено, светилиштето што најверојатно и било посветено на истата божица, како и храмот. На овој простор пронајдени се разновидни мермерни украси, статуи и бисти, меѓу кои и статуата на божицата Тихе на постамент со натпис. Храмот се состоел од наос и предворје. Неговите ѕидови биле изградени од кршен камен и цврст малтер, а темелите биле цврсти и масивни. Начинот на градење на наосот е типично римски. На источниот дел од наосот постоеле седум ниши, меѓу кои една голема централна и по три од обете страни. Зачувани се нивните подови, апронајдени се и шест мермерни полукружни плочи кои, според големината, одговараат на подовите на нишите на чии страни биле врежани имињата на лицата чија биста стоела во одделната ниша. Тие најверојатно веќе биле мртви кога овој храм бил обновен и кога биле изработени нивните бисти. Меѓу нив се наоѓаат бистите на угледниот војсководец и граѓанин добро познат на овие простори, Тит Флавиј Орест, и на неговиот син Филоксен. На овој простор пронајдени се разновидни мермерни украси, статуи и бисти, меѓу кои и статуата на божицата Тихе на постамент со натпис. Храмот се состоел од наос и предворје. Неговите ѕидови биле изградени од кршен камен и цврст малтер, а темелите биле цврсти и масивни. Начинот на градење на наосот е типично римски. На источниот дел од наосот постоеле седум ниши, меѓу кои една голема централна и по три од обете страни. Зачувани се нивните подови, апронајдени се и шест мермерни полукружни плочи кои, според големината, одговараат на подовите на нишите на чии страни биле врежани имињата на лицата чија биста стоела во одделната ниша. Тие најверојатно веќе биле мртви кога овој храм бил обновен и кога биле изработени нивните бисти. Меѓу нив се наоѓаат бистите на угледниот војсководец и граѓанин добро познат на овие простори, Тит Флавиј Орест, и на неговиот син Филоксен. Перистилот се наоѓал до југозападниот агол на Хероонот.Оваа градба била свртена на север кон плоштадот.Долж неа се протегало предворјето кое имало влез во доѕиданата екседра.Во таквите градби била изведувана теоретска училишна настава. Овде стоеле голем број статуи од кои се сочувани само три мермерни женски статуи.Комуникацијата помеѓу овие градби и плоштадот се одвивала во еден долг и тесен простор, несомнено користен и како атлетска патека - најстариот и наједноставниот градежен елемент во гимназионите.Во подножјето на бедемот, над патеката имало седишта од каде публиката можела да ги следи натпреварите. Тука биле одржувани трки, фрлање диск, стрели, копје, што на градот му давале посебна убавина и свечена атмосфера. Овие архитектонски градби, вклучувајќи ја и декоративната архитектонска пластика, говорат за економското богатство и моќта на семејствата од I до III век и укажуваат на важноста и угледот што овој град го поседувал во тој период од неговата историја. Варварските пустошења на периферните делови на Римското царство,кон крајот на III век,било причина голем број градови да бидат разрушени а меѓу нив и градот Стибера. ПРИКАЗНА ЗА СТИБЕРАВо Македонија нема што нема. Земја, сонце, води, дивеч, билки, се успева.Високи планини, снежни врвови, ретки шуми како на Пелистер, Бистра, Кожув. Планини со гранит, мермер, оникс, ураниум, неметали, цел Менделеев систем на едно место се збрал. Плодовите, цветовите, виното, пастрмката, биволите и разни ендемити се живи сведоци на размената на сите богатства што Александар ги вршел со далечни земји. Прекрасните пејсажи, луѓето и уметничките дела се автохтони, македонски. Градовите симетрично распоредени и сегашните и древните, се споменици на уникатност на уметничка дарба и способност на генерациите. Природата, животот, умот и човекот заедно ја претставуваат македонската одлика. Во центарот на Пелагонија, што повеќе од три илјади години така се вика, се наоѓа селото Тополчани.Опркужено е со неолитски наоди, тумби и царски градови. Во подножјето го пара Црна Река (Еригон). Над самото село на ридот е највиска кота на Пелагониска греда што ја дели Пелагонија на половина меѓу Прилеп и Битола или Керамиде и Хераклеја. Од тука се гледаат сите градови и патишта. Во близина е Стибера, Дерион, Алкомена, Пелагонија, Хискана и Хераклеја кои се поврзувале со царскиот пат меѓусебе. Тој пат уште е во функција едни велат римски е, други турски бил, само затоа што Македонците граделе и во Рим и во турско, кога Македонија владеела со сите земји. Тука низ Пелагонија затрупана е целата древна македонска историја. Стибера тоа го покажува. Од сите досегашни истражувања од тој комплекс на градови таму останале лузни од ограбувања на сите држави и војски што ни присвојувале. Стибера е најголемиот и најбогатиот град од сите македонски древни градови, град ковачница на златните монети на царевите Филип II и Александар, град светилиште со храм на Тиха и статуи на Асклепио, Херакле, Хефест. Стибера со Гимназионот, Стадионот, салите-училници била најголем образовен центар цели 600 години, седиште на племството на Пелагониските, Пеонските, Линнкестидските и Дериопските кралски куќи. Стибера уште не ги покажала царските палати, театарот, лабораториите и Асклепијадите типични за секој македонски царски град. Досега сите ископувања во подножјето се правеле само за да се грабне некоја статуа или плоча со писмо. Така колоната од статуи, сега се колони во многу светски музеи. Таму тие ја немаат светоста на Македонија, библиската земја, зјаат само лузни од грабеж. ..... http://kralemarko.org.mk/ |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
![]() |
|
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() извор:Гоогл земја + мрежа |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
![]() |
|
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
|
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
![]() |
|
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
![]() |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
![]() |
|
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
![]() ![]() |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
![]() |
|
Tony Martin ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Aug-2012 Location: EU Online Status: Offline Posts: 124 |
![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
Tony Martin ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Aug-2012 Location: EU Online Status: Offline Posts: 124 |
![]() ![]() |
Стибера ќе ги отвори портите за туристи ![]() На делови од античкиот град се преземаат интензивни конзерваторски зафати, за што Министерството за култура одлучи да одвои 2,5 милиони денари Моника Талеска Стибера полека се открива!Со 2 милиони и
500 илјади денари, завршена е конзервацијата на дел од бедемот и
градскиот водовод. Нивната заштита е толку многу значајна колку и фактот
дека од ова археолошко наоѓалиште со децении диви копачи краделе и во
Србија и Грција продавале подвижни археолошки предмети, од четвртиот век
пред нашата ера до третиот век по нашата ера. ![]() Археолошките истражувања на античкиот град Стибера ќе продолжат и во идната година, но да се открие целиот град близу прилепското село Чепигово и да се видат неговите вистински вредности треба многу пари и многу години. Стибера имала над 20 илјади жители. Градот бил заштитуван од божицата на среќата Тихе, а има и гимназион во кои младите се образувале. Со 2 милиони и 500 илјади денари, завршена е конзервацијата на дел од бедемот и градскиот водовод. Нивната заштита е толку многу значајна колку и фактот дека од ова археолошко наоѓалиште со децении диви копачи краделе и во Србија и Грција продавале подвижни археолошки предмети, од четвртиот век пред нашата ера до третиот век по нашата ера. Со продолжување на истражувањата археолозите очекуваат откривање на уште поголеми и позначајни објекти од градот кој и припаѓал на римската провинција Македонија. Зоран Момироски ЛОКАЛИТЕТ НА КОЈ СЕ НАЈДЕНИ НАЈМНОГУ СКУЛПТУРИ
"Конзерваторските работи се вршени во јавниот објект Гимназион, каде
своите тела ги оформувале елитните гарди и самата елита на градот.
Извршена е реконструкција и конзервација на ѕидови од недефинирани
простории, како дел од комплексот каде се наоѓаат мермерните постаменти,
односно каде се наоѓале мермерни скулптури на истакнати граѓани во
природна големина. Исто така, заштитени се и двата култни објекти во кои
се одржувале ритуали посветени на божествата, откриени со ископувањата
во 2009 и 2010 година. Римскиот и дел од хелинистичкиот бедем, исто
така, беа опфатени со конзервација", објаснува Јованоски. "Овој канал всушност е со огромно значење бидејќи токму тука се пронајдени најголем дел од скулптурите. Во тоа време на чести војувања, токму во одводен канал се фрлани мермерните скулптури како знак на одмазда и понижување по победата на освојувачот", додава Кире Јованоски. Конзервација на сите објекти годинава е извршена со средства од
Министерството за култура на РМ во висина од 2. 5 милиони денари. (Д.Т.)
Првите истражувања во Стибера се вршени во 1953 година кога е откриен
храмот на богинката Тихе и јавната градба Гимназион. Во понатамошни
истражувања покрај остатоците од градби, откриен е голем број на
мермерна пластика, најмногу на територија на Македонија, меѓу која се
издвојуваат 13 портретни и 4 култни статуи во природна големина...
Edited by Tony Martin - 12-Nov-2012 at 15:15 |
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
http://www.mn.mk/istorija/6372-Golemiot-anticki-grad-Stibera-kaj-sCepigovo
Него знае ли некој што се случи со локалитетов ? Се истражува ли сеуште , се отвори ли за туристи ? Кој управува со него? итн Edited by daci92 - 02-May-2014 at 01:32 |
|
![]() |
|
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
Четири нови импресивни објекти пронајдени на локалитетот СтибераСабота, 21 Јуни 2014 Дарко Штаргоски 4 нови објекти, се пронајдени на 3 нови пунктови, кои оваа година се отворија на локалитетот Стибера кај Прилеп. Откриени се еден огромен жртвеник, на засега непознат бог, надвор од досегашниот комплекс кој се истражува во месноста Бакарно гумно, потоа светилиште на египетскиот бог Хорус, една работилница и можеби еден од најретките и најрепрезентаивните објекти досега откриени во Македонија - мега комлекс со внатрешни ѕидови украсени со штуко-техника. Се претпоставува дека тој бил објект од јавен карактер, но допрва треба да се истражи неговото значење и функција.
Во наредниот период ќе се интезивираат истражувањата во Стибера, каде прв пат ќе се употреби гео скенерот, кој во цела Југоисточна Европаединствено го поседува македонската Управа за заштита на култунро наследство.
Стибера како град својот најголем процут го има некаде во 1 и 2 век од нашата ера. Според историските записи градот тогаш броел околу 20.000 жители што укажува на тоа дека Стибера била вистински центар во овој дел на Македонија. Инаку се претпоставува дека градот се простирал на површина од околу 50-тина хектари, а досега е откриено само околу 1 процент од него. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ПАТОКАЗ.http://www.patokazmagazin.com.mk/vesti/top-5/item/4-novi-objekti-vo-stibera |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
вторник, 24 јуни 2014, 19:03
Македонија Сензационално откритие на локалитетот Стибера: Објект на државно собрание Новооткриениот објект на локалитетот Стибера, кај Чепигово, според првичните информации на д-р Виктор Лилчиќ е првото државно собрание на територијата на Македонија Оваа констатација произлегува од фактот што во ископувањата што ги врши екипа на прилепскиот Музеј предводена од археологот Душко Темелкоски, е пронајден пишуван споменик со кој јасно се дефинира објектот. - Мислиме дека се работи за објект - булевтерион, односно собрание, кој функционирал во ран период, т.е од први до трети век наша ера - ни изјави Виктор Лилчиќ, директор на Управата за заштита на културното наследство. Овој објект заедно со другите новооткриени фрлаат нова светлина за локалитетот Стибера, кој заради овие причини стана капитален проект на државата. Автор: Ка.М http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=36429 |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Гледам, никој не ја споделил оваа вест...
(насловот е сензационалистички) Македонската Помпеја: Откриени агора, мермерна биста и артефакти во Стибера Прилеп, 4 ноември 2021 (МИА) – Откриена е прва агора во голем обем во антички град во земјава, мермерна биста и мерна маса, редок наод по примерот на Помпеја во Италија. Ова се дел од ексклузивните откритија со најновите истражувања на античкиот град Стибера кај Прилеп. Античка Стибера е позната како најголемо наоѓалиште на мермерни статуи. ![]() Според археологот од прилепскиот Завод и музеј Душко Темелкоски, новите откритија го потврдуваат епитетот за „македонската Помпеја“ која нуди големи наоди на еден простор и тоа од 2 век од нашата ера, период на голем процут на античка Стибера кај прилепското село Чепигово. Мермерната биста се смета дека е бистата на жената на императорот Антониј Пиј, Фаустина. -Најрепрезентативен наод претставува бистата веројатно на Фаустина, жената на римскиот император Антониј Пиј кој владеел во средината на 2 век од нашата ера. Тоа е време на најголемиот процут на градот, односно благосостојба на територијата на целото римско царство. Кога Фаустина релативно млада починала во 140 година, императорот ја прогласува за дива, односно човек-божество. Во годините што следат во нејзина чест насекаде во царството се подигаат комеморативни бисти со нејзин лик. Бистата од Стибера била поставена на постамент во ниша која била луксузно декорирана со флорална орнаментика. Таа според извонредната изработка претставува можеби најрепрезентативниот пример на познатата работилница за мермерни скулптури во градот, изјави археологот Темелкоски. ![]() Откритието на агората во Стибера, место за купопродажба и дел од стопанските објекти на античкиот голем град е ретко на нашата територија. Заедно со мерната маса, најслична откриена во Помпеја, Италија, го зацврстува епитетот на Стибера како „македонска Помпеја“. -Агорите, како големи плоштади во античките градови биле средиште на економскиот, религиозниот и социјалниот живот на луѓето. Покрај другото, агората претставувала и пазариште, место каде граѓаните вршеле стокова купопродажба. Со истражувањата откриен е всушност, така да го наречеме, административниот дел од агората во Стибера. Подот бил поплочен со мермерни и гранитни плочи, додека централно бил изграден ритуален бунар, околу кој се одвивале разни религиозни активности. Просторот бил заграден и покриен и според сочуваните остатоци од ѕидовите имал речиси квадратна форма со димензии 13 х 13 м, рече Темелкоски. ![]() Тој информира дека во агората во Стибера се откриени и две мермерни маси. На едната била најверојатно поставена терезија – вага. Тука било местото каде била верифицирана тежината на овошните плодови, зеленчукот и житариците кои се продавале. Другата маса претставува редок наод, за прв пат откриен во земјава. Тоа е таканаречена мерна маса за верификација на количествата на течните продукти (млеко, вино). На масата има издлабено 8 отвори со различни пречници и длабочини и со отвори на дното, каде истекувале течните продукти. Количествата кои се верификувале се 10, 5, 3, 2 литри, 1 литар, 700, 300 и 150 милилитри. -Вакви мерни маси, но во фрагменти, се пронајдени во Италија, Грција, Турција и Израел. Според сочуваноста, нашата мерна маса се споредува со онаа од Помпеја, која била покриена со лавата по ерупцијата на вулканот Везув. На фронталната страна на овие маси обично имало врежан натпис, каков што има и масата од Стибера. Според натписот кој го прочита класичниот филолог Весна Калпакоска од Битола, службеното лице на агората, агораномот со име Ајлиј Химнос, во годината 289 од т.н. македонска ера, односно 142 од нашата ера, донирал свои средства за поставување на мерната маса, објаснува Темелкоски. По завршувањето на археолошките истражувања, архитектот при прилепскиот Завод и музеј веќе направи конзерваторски анализи и би требало следната година да започне реконструкцијата и конзервацијата на откриениот дел од агората во Стибера. Античкиот град, каде во истражувањата се најдени преку 30 мермерни статуи и бројни артефакти со конзервацијата може да биде атрактивна туристичка дестинација. -Се надевам дека по неколку кампањи на конзерваторски активности, ќе добиеме уште една репрезентативна градба покрај храмот на заштитничката на градот, Тихе. Заживувањето на античкиот урбан центар на областа Дериоп, Стибера, како значајна туристичка дестинација, го заслужуваат жителите на блиското село Чепигово, кои се гордеат со неа и несебично помагаат при археолошките истражувања, вели археологот од прилепскиот Завод и музеј, Душко Темелкоски. https://kajgana.com/makedonskata-pompeja-otkrieni-agora-mermerna-bista-i-artefakti-vo-stibera |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Одлични вести се ова, добро е што преживеало наоѓалиштево од диви копачи. Се надевам ќе го спроведат тоа што го пишале во последната реченица за промоција и конзервација на наоѓалиштево.
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |