Трговско-деловен центар Маџари |
Post Reply |
Author | |
Djole88
Senior Member Joined: 28-May-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 611 |
Quote Reply
#1 Topic: Трговско-деловен центар Маџари Posted: 22-Feb-2010 at 21:25 |
Ова е проект во најава, па затоа нека стои за сега името, кога ќе имаме официјален почеток на работите и изведувач ќе го смениме името. И би замолил некој ако знае каде е ова место, нека пушти координати
Маџари ќе добие модерен трговско-деловен центар Се расчистува градежната парцела од 4100 квадратни, каде што ќе се гради објект на седум ката Во населбата Маџари, на улицата "Благоја Стевковски", зад Матичното, попознато како кино "Маџари", се работи интензивно на расчистување на локацијата каде што е предвидена изградба на модерен трговско-деловен центар. Од Општина Гази Баба информираат дека станува збор за реализација на деталниот урбанистички план, според кој се предвидува изградба на објект на седум ката. - Деновиве нашите служби активно работат на расчистување на локацијата каде што е предвидено да се гради. Висината на објектот е 13,20 метри, површината на градежната парцела изнесува 4058 квадратни метри од кои максималната површина под градба изнесува 1949 квадратни метри, со вкупна изградена површина 5130 квадратни метри - ни рече Емилија Кипровска, портпарол на Општина Гази Баба. Жителите кои живеат на оваа улица велат дека откако се доселени, па се до денес живеат на место каде што по цели денови по улицата се движат камиони од кои се крева прав и врева и дека конечно ќе се уреди овој дел и нема повеќе да поминуваат по кал и прав. - Навистина е добро ќе ни се разубави улицата, сега барем ќе имаме каде да се прошетаме. Се надеваме дека Општината ќе го среди овој дел од населбата, па ќе стане поубаво место за живеење - ни рече еден жител од оваа улица. извор |
|
SpaceAge
Groupie Joined: 11-Dec-2009 Location: SWEDEN Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #2 Posted: 07-Mar-2010 at 23:21 |
7 kata 13,2 m,za dzudzinja li e ova,ili nekoja greska po obicaj.
|
|
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #3 Posted: 07-Mar-2010 at 23:44 |
ocigledno e deka e greska.standardno za nasive novinari
|
|
Post Reply |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |