Diamond of Skopje (Limak) |
Post Reply | Page 123 45> |
Author | |
mladen_s
Senior Member Joined: 04-May-2010 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 407 |
Quote Reply
#1 Topic: Diamond of Skopje (Limak) Posted: 14-Jan-2012 at 20:33 |
Во врска со парцелата позади рамстор:
Урбанистичкиот план предвидува улицата да биде долга речиси еден километар, широка 31,5 метри, да има две ленти за возење од по 3,75 метри во двата правца и две ленти по 3 метри наменети за застанување на возилата. На подземната улица е предвиден и средишен коридор со трамвајска пруга. Тоа што ме интересира е дали инвеститорот ќе гради и трамвајска станица? Личано сметам дека целава работа со огромната парцела е голема грешка - толку голем објект ќе прекине многу пешачки движења, а делот позади Старата Железничка е локација која треба да остане во владение на градот, токму заради траспортната инфраструктура. Сеапка, знам дека ова се решени да го протуркаат по секоја цена, без оглед на тоа како за истото ќе платиме во иднина.. |
|
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #2 Posted: 14-Jan-2012 at 20:58 |
Како ќе изгледа просторот врз јужниот булеварсабота, 14 јануари 2012, 17:52Прво, на местото на јужниот булевар, ќе има зградa долга околу 800 метри. Со дозволената максимална висина и до 70 метрi, на две места, зградата ќе биде значително повисока од било кој објект во околината. Во неа ќе може да има трговски центри, хотели, деловен простор, по избор на инвеститорот. Бидејќи ќе се гради врз , за Скопје важниот Јужен булевар, евентуалниот купувач ќе мора да ја изгради и сообраќајницата под земја и да ја предаде на Градот. - „ За гаранција дека идниот сопственик на парцелата ќе го изгради булеварот, и од Градот и од Транспорт, посочуваат две точки од објавата. Првата е банкарската гаранција од половина милион евра. Втората е обврската на победникот на наддавањето прво да постигне договор со Градот за булеварот, како услов и офицајно да му се додели земјиштето. “ Втората парцела пак која се однесува на просторот околу старата железничка станица, дозволува висина колку и на постоечкиот објект. Купувачот таму ќе треба да изгради објект од културата на 51 процент од земјиштето,а за останатато ќе може да избира меѓу другото и за трговски центар или деловни простории. Неофицијално, новите објекти ќе треба да бидат интегрирани во постоечкиот објект на Старата железничка станица. Ако на овие две парцели се додадат и параметрите за објектите кои треба или веќе се градат во околината, овој дел од Центарот на Скопје ќе добие комплетно нов лик. Хотели, катна гаража, затворен пазар, се само дел од новите содржини. Александар Димитриевски http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=44902 |
|
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #3 Posted: 15-Jan-2012 at 15:26 |
ако планот се склопи во еден таков голем објект, ќе биде голема грешка... се затвара целиот тој простор, и за разни движења и за видик... треба да се направи малку подетален план, па да видиме што ќе испадне
покрај тоа, грешка е што толкаво огромно и битно центарско земјиште се дава во приватни раце, без некоја посебна контрола од властите и се надевам дека не се сериозни за тоа булеварот да биде 2X2 профил... не е маалска уличка тоа, туку урбан автопат... |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
fichot
Senior Member Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
Quote Reply #4 Posted: 15-Jan-2012 at 15:33 |
А колку треба да има? 6? Па не сме Лос Анџелес мајку му. 2+1 за застанување, толку се и автопатите кај нас. |
|
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #5 Posted: 15-Jan-2012 at 15:46 |
ќе треба пак да се справуваме со крпеници и импровизации и денес |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
fichot
Senior Member Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
Quote Reply #6 Posted: 15-Jan-2012 at 15:52 |
Па ок, ама Јужен ако не се лажам, за толку е и планиран, незнам дали има простор за повеќе од тоа. |
|
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #7 Posted: 15-Jan-2012 at 16:05 |
па под земја ако го прават, има простор и за два булевари
|
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #8 Posted: 15-Jan-2012 at 16:50 |
Јужен булевар е планирано да се изведе плитко под земја. Наместо копање екстремно скап длабок тунел, нели е логично да се искористи фактот што трасата е чиста и едноставно да се ископа ров и после да се покрие? Како планираш да сместиш „два булевари“ на таков начин во тој простор? |
|
kenzo_fan
Senior Member Joined: 19-Dec-2011 Online Status: Offline Posts: 306 |
Quote Reply #9 Posted: 15-Jan-2012 at 17:05 |
А на Капиштец 30 години душа му вадеа дека го блокирал воздушното струење од Водно...
|
|
my Macedonia
Senior Member Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4090 |
Quote Reply #10 Posted: 15-Jan-2012 at 17:14 |
Se nadevam deka investitorot kje gi zema najdobrite arhitekti i kje gradi edna od najdobrite objekti vo Makedonija i posiroko posto objektot, kje bide ogromen a kje se gleda od sekoj kjos na skopje. Ako ovaj objekt ispadne katastrofa togas Skopje definitivno kje stane grd grad barem gledano od vodno
|
|
FoSsiL
Senior Member Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
Quote Reply #11 Posted: 15-Jan-2012 at 17:17 |
2+1 е сосема доволно. Нели е урбан автопат. Доволно е бидејќи не зависи сообраќајот толку многу од лентите колку што зависи од тоа дали е непрекината траса или не. Односно дали ќе има обични раскрсници или клучки на местата каде ќе се поврзува со останатиот дел од мрежата. Значи се додека нема критични места за создавање застој, се ќе биде во ред. Плус брзината сигурно ќе биде најмалку 80км/ч или дури и 100ка, ако не е и 120 како и секој друг автопат. А исто така нема ни пешачки премини на трасата, бидејќи е автопат. Отприлика така е и по светов, освен во некои џинови градови, каде тунелите имаат и повеќе ленти. бев во Рим, и повеќето тунели им се со по две ленти, некои немаат ни лента за застанување. |
|
mladen_s
Senior Member Joined: 04-May-2010 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 407 |
Quote Reply #12 Posted: 15-Jan-2012 at 18:00 |
Воопшто не ми се допаѓа продажбата на толку голема парцела на ваква локација. Мислам дека повеќе би се добило ако се расцепка на 4-5, со коридори во јавна сопственост помеѓу - покра фактот што вака нема да има никаков јавен премин на 800м(и тоа може да се обезбеди со ДУП, ама ајде). Па и идејата прво да се изгради подземна инфраструктура па да се нудат парцелите е подобра од ова(бидејќи испаѓа дека оваа траса е поевтина од онаа покрај Вардар, нели?). Но јавното мислење е пренасочено на друга тема, па дури и опозицијата си тргна натаму..
Во врска со тоа кон што се движат работите.. Мислам дека 2+1 е сосем доволно и навистина ми е чудно колку на форумов дискусиите се вртат околу колскиот сообраќај.. Според мене, а веројатно и други овде, најголем проблем е јавниот превоз и начинот на кој градските власти го третираат тоа прашање. Токму фактот што оваа траса ќе биде изградена еднаш засекогаш зборува дека истата мора да се оспособи па дури и за воведување на метро. Најмалку што очекувам е Градот да го земе ИДОМ за консултант кој ќе може добро да го притисне изведувачот да подготви добра подземна инфраструктура: голема подземна станица со директен пристап до јавна површина, евакуациони тунели и за булеварот и за јавниот превоз итн. |
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #13 Posted: 15-Jan-2012 at 18:57 |
Колскиот сообраќај мора да се реши соодветно и неговото нерешавање неможе да го компензира ниту најдобро развиениот систем на јавен превоз туку тие треба да се комплементарни и да се развиваат паралелно. Мислам дека фокусот на дискусиите на форумот во врска со колскиот сообраќај најчесто се поврзани со клучните сообраќајници кои би овозможиле брз, ефикасен и ефтин транзит низ поголемиот дел од градот. Јужниот булевар е секако една од овие сообраќајници. Инаку воопшто не е тешко да си го предвидиме сообраќајниот колапс, дури и под претпоставка дека ќе ни дојде памет и идеално ќе почнеме да се развиваме и да ги приоретизираме нештата. Македонија и понатаму има мизерни статистики за број на возила/жител во споредба многу од соседните а да не зборувам за развиените земји, што значи дека состојбата понатаму само ќе се влошува. |
|
mladen_s
Senior Member Joined: 04-May-2010 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 407 |
Quote Reply #14 Posted: 16-Jan-2012 at 00:24 |
Ама истовремено има и мизерни статистики во однос на употреба на јавен превоз. А да не зборуваме за општиот став кој се наметнува на секој можен начин за иделната формула: куќа на периферија и возило за секој член од фамилијата.. На некој начин, се наоѓаме во „рокфелерска“ фаза на капитализам (додавање на ленти и купување автобуси) па ова е само мал дел од сето тоа, но токму преку вакви форуми би требало да се делува во друга насока. Медиумите ионака веќе одамна се на другата страна - па едвај во неколку натписи се споменува дека постои и траса за шински превоз. А ако зборуваме за развојот на сообраќајните инфраструтури - теоретски тие би требало да се комплементарни, но истото и не се случува во практика: градовите понекогаш даваат предност на јавниот превоз, барем одреден период, а со цел истиот да стекне повеќе корисници. Што се однесува до паралелноста - тука не би се сложил, барем не во просторна смисла (планерски, секако). Имено, постојат многу примери каде јавниот превоз следи сосема друга логика од колскиот. Секако, проблемот на Скопје е што нема скоро никакво искуство или примери за нивно одвојување, што е резултат на многу моменти од неговиот развој. Но искрено би посакал да решеа да „надокнадат“ некоја фаза од типот на развој на трамвајска мрежа, отколку архитектонски стилови, ама математиката на политичарите има 4-годишен рок За крај, мислам дека немањето било каков шински или одвоен колски јавен превоз, ниту пак транспарентни планови за такво нешто влијае врз дискусиите на форумов. Мое лично мислење е дека „идеалните“ решенија за колскиот сообраќај на сметка на се' друго се малку.. ретро? Никој не успеал да се справи со колскиот сообраќај.. Edited by mladen_s - 16-Jan-2012 at 00:26 |
|
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #15 Posted: 19-Feb-2012 at 10:34 |
17.02.2012, 17:47
Само една компанија сака да го купи плацот над Јужен булевар Земјиштето се продава за три милиони евра, а купецот ќе мора претходно на свој трошок да ја изгради подземната улица Деспина Трајковска Очекувано или не, само една компанија е заинтересирана да го купи земјиштето над Јужен булевар на кое ќе може да гради деловен и хотелски комплекс висок дури до 20 ката, но откако претходно на свој трошок ќе ја изгради предвидената подземна улица. За да стане сопственик на земјиштето од приближно 32.000 квадрати, кое се протега во должина од околу 1 километар, инвеститорот ќе треба на државата да и' искешира само три милиони за атрактивниот плац. Заинтересираната компанија, практично, ќе се наддава сама со себе на лицитацијата, што е дозволено со објавата за продажба на земјиштето. „Електронското јавно наддавање може да почне со најмалку еден учесник. Наддавањето се врши ‘чекорно‘ со зголемување на вредноста со секој ‘чекор‘ не помал од триста денари“, се вели во огласот што го распиша Министерството за транспорт и врски минатиот месец. Од таму не откриваат која компанија се пријавила за учество на лицитацијата. Велат дека е противзаконски сега да откриваат дали станува збор за домашна или за странска компанија. Единствено информираат дека само една компанија е заинтересирана да го купи плацот во непосредна близина на Стара железничка станица. „Заклучно со крајниот рок, 15 февруари, до Министерството за транспорт пристигна една пријава за учество на електронското јавно наддавање за локацијата која се наоѓа во општина Центар, а е наменета за изградба на култура – В3, со компатибилни класи на намени – времено сместување, мали комерцијални и деловни единици, големи трговски единици, деловни простории, државни институции и спорт и рекреација“, велат од Министерството. Станува збор за парцела од речиси 10.000 квадратни метри со вкупна почетна цена од околу 450.000 евра. При презентацијата на урбанистичкиот план, планерите објаснија дека, всушност, таму е предвидена изградба на комерцијален објект на местото на сегашниот паркинг меѓу Музејот и ТЦ „Рамстор“. ДУП-от налага инвеститорот да го изгради објектот со „пресликана“ фасада и висина како и железничката станица. Истовремено, планот дава можност и за обнова и развој на разрушениот дел на Старата железничка станица, кој практично е испланиран да биде влез во новиот деловно-административен комплекс. Инаку, се' уште не е утврдено за колку време купецот ќе има обврска да ја изгради подземната улица. Тоа, според објаснувањето на Министерството, допрва ќе го дефинираат идниот сопственик на плацот и Град Скопје. „Пред потпишувањето на договорот за оттуѓување на земјата, инвеститорот ќе има обврска да склучи договор со Град Скопје за уредување на односите за изградба на подземната сообраќајница“, велат од Транспорт. Според ДУП, улицата треба да биде широка 31,5 метри, да има две ленти за сообраќај од по 3,75 метри во двата правца и две ленти широки по 3 метри наменети за застанување на возилата. Во урбанистичкиот план е зацртан и средишен коридор на улицата со трамвајска пруга. Последни парцели во Центар што ги продава државата Овие две парцели се последните атрактивни плацеви чија продажба ќе се реализира преку Министерството за транспорт и врски. Иако некои општини почнаа сами да ги отуѓуваат државните парцели, Општина Центар се' уште го нема преземено управувањето со државното земјиште. Тоа, според најавите, ќе се реализира до лето. Со колку парцели за продажба ќе располага Општината и со каква намена се тие, надлежните се' уште утврдуваа http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=86EA96C14CCD554081B6191F92AF4B2E |
|
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #16 Posted: 21-Feb-2012 at 14:00 |
limak mislam deka e gradezna kompanija od turcija koja raboti na poveke proekti na balkanot
Одржано електронско јавно наддавање за отуѓување на земјиште во општина Центар, опфатено со ДУП „Стара железничка станица“ - 21.2.2012
Почитувани,
Ве информираме дека денес се одржа електронско јавно наддавање за отуѓување на градежно земјиште кое е предвидено со Детален урбанистички план Стара Железничка Станица, на општина Центар, со намена за изградба на – комунална инфраструктура, комунална супраструктура, мали комерцијални и деловни единици, големи трговски единици, големи угостителски единици, деловни простории и хотелски комплекси со компатибилни класи на намени.
Најповолен понудувач на електронското јавно наддавање е компанијата „Лимак“ од Република Турција која на електронското јавно наддавање за градежната парцела со површина од 31.929 м2, понуди вкупна цена од 201.152.700 денари.
Најповолниот понудувач за оваа локација има обврска, на свој трошок, во целост да ја изгради подземната сообраќајница, предвидена согласно Деталниот урбанистички план “Стара Железничка Станица“ и по изградбата на истата, без надомест, да ја предаде во владение на Град Скопје. Најповолниот понудувач е должен пред склучување на договорот за отуѓување на градежното земјиште предмет на оваа објава, а во рок не подолг од 20 дена од завршувањето на постапката за јавно наддавање, да склучи договор со Градот Скопје со кој ќе ги уреди односите за изградба на подземна сообраќајница, што ќе бидат обврска на најповолниот понудувач, предвидена согласно Деталниот урбанистички план “Стара Железничка Станица“, а пред склучување на договорот за отуѓување на градежното земјиште предмет на оваа објава, во рок не подолг од 15 дена од завршувањето на постапката за јавно наддавање, да достави банкарска гаранција за навремено и квалитетно завршување на работите во износ од 500.000 евра, со рок на важност до крајниот датум за завршување со изградбата на градбите предмет на договорот за отуѓување на градежно земјиште.
Компанијата „Лимак Холдинг“ претставува една од најголемите инвеститори во Република Турција која од 1976 година работи со инвестиции во градежништвото, туризмот и енергетиката. Оваа компанија е сопственик на еден од најголемите хотелски синџири во Турција и Кипар, со континуиран пораст, а компанијата оперира и со повеќе хидроелектрани во Турција и Грузија, како и со аеродромите „Сабиха Гокчен“ во Истанбул и меѓународниот аеродром во Приштина. Јавната објава за отуѓување на оваа локација беше објавена во печатените медиуми и на интернет, а со цел анимирање на сите заинтересирани инвеститори за истата беа информирани економските промотори и дипломатските претставништва на Република Македонија. http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3614 |
|
Portal
Senior Member Joined: 13-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 452 |
Quote Reply #17 Posted: 22-Feb-2012 at 15:47 |
Na Map gledajki ja regulacijonata linija (granicata na parcelata), dokolku tocno / pravilno ste ja obelezile granicata navlezena e od zadnata strana kaj tehnickiot vlez na Ramstore mall. Isto taka i na objektot od karsi.
Edited by Portal - 22-Feb-2012 at 15:51 |
|
Petar
Senior Member Joined: 09-Nov-2011 Online Status: Offline Posts: 269 |
Quote Reply #18 Posted: 22-Feb-2012 at 16:04 |
Source - Utrinski Vesnik: Турци ќе го окупираат Јужен булевар |
|
makonix
Senior Member Joined: 08-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 520 |
Quote Reply #19 Posted: 25-Feb-2012 at 05:25 |
имаше на алфа многу добар рендер колкав ќе биде овој проект и богами изгледаше доста грандиозен, ако тоа се се оствари овој дел од Скоје ке биде некој вид на нов бизнис центар
|
|
Gradinarot
Senior Member Joined: 14-Aug-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 369 |
Quote Reply #20 Posted: 25-Feb-2012 at 07:11 |
Ако не се лажам, профилот на Јужен булевар уште од пред 15-тина години, беше мошне широк уште во проектна фаза, но неговата траса тогаш беше во план да биде чисто надземна и без вакви грандиозни потфати по неговата должина. Ударната линија на пропаднатиот самопридонес за трамвај, пред 20-25 години, и тогаш беше вцртана во средишниот дел, како што и сега читам во погорен пост.Воопшто не ми се допаѓа толкаво парче на оваа локација, освен ако не се планира изградбата да биде во посебни ламели, го немам видено проектот, но имајќи ги во предвид разноликостите на неговите функции нема причина да не биде така. Ме интересира дали некој има информации кој е точниот опфат на овој проект и дали во себе ги инкорпорира паркот спорти бивши геолошки и пропаднатата Радисон инвестиција.
|
|
..... .......
|
|
Post Reply | Page 123 45> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |