Author |
Topic Search Topic Options
|
Baze
Senior Member
Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
|
Quote Reply
#1 Topic: Управна зграда на ЈП „Водовод и Канализација“ Posted: 26-Jul-2010 at 22:06 |
И јавното претпријатие Водовод и канлизација ке се пресели од бараките во нов обијект.
|
 |
Baze
Senior Member
Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
|
Quote Reply
#2 Posted: 26-Jul-2010 at 22:07 |
Системот како решето, а „Водовод“ ќе си гради зграда

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ ќе гради нова управна зграда, информираат надлежните по вчера објавениот конкурс за идејно решение. Управната зграда нема да биде сама, таа ќе има и свои придружни содржини, но од претпријатието не појаснија што се' се подразбира под тоа. Детали за изгледот и за катноста на објектот, за тоа кој се' таму ќе биде сместен и колку пари ќе се потрошат за изградбата, ќе се знаат по завршувањето на конкурсот и изборот на првонаграден труд.
Од претпријатието не одговорија од каде нова зграда стана приоритет на „Водовод“ ако се земе предвид дека загубите на вода во системот, по разни основи, изнесуваат фантастични 60 отсто. Овој податок беше изнесен во годишниот извештај на претпријатието што пред два месеца го усвои Советот на Градот Скопје и покажа дека загубата со години е практично иста, а поскапувањето на водата за 100 отсто од пред три години, кое беше направено со цел тие да се намалат, било напразно.
Изградбата на нов објект, според надлежните во „Водовод“, е неодложна бидејќи сегашните бараки под Кале се времени објекти, подарени по земјотресот во 1963 година од државите што се солидаризирале со трагедијата. Во одговорот од претпријатието се вели дека во изминатите 20 години многупати била утврдена неопходноста од цврста градба на објект што ќе овозможи основни услови за нормално одвивање на работните активности, па според објаснувањето, токму сега дошло времето таа идеја да види бел ден.
- Управата на ЈП „Водовод и канализација“ функционира сместена во простории добиени благодарение на нашите пријатели од светот и нивната поддршка по катастрофалниот земјотрес во Скопје. Конкретно во нашиот случај тие се донација во форма на времени објекти - дрвени бараки од далечната 1964 година како привремено решение - велат во претпријатието.
Во однос на локацијата, од „Водовод“ не се сигурни каде ќе се наоѓа новата зграда, а не кажаа ни колку приближно би чинела изградбата.
- Се надеваме дека локацијата на која ќе се изгради овој објект ќе биде на постојната, каде што сега се наоѓаат времените бараки. Условите, начинот, роковите и останатите детали за изготвувањето и за пријавувањето на идејните решенија се утврдени во конкурсната документација и огласот што „Водовод и канализација“ го објави на страницата на Бирото за јавни набавки. Согласно награденото идејно решение, ќе се премине кон заокружување на финансиската конструкција, како и кон изнаоѓање можности за соодветни извори на финансирање на објектот - велат од „Водовод“.
Оттаму појаснија дека изградбата на објектот е од исклучително значење за вработените и за корисниците на услугите на претпријатието и затоа тековно, за секоја фаза од изградбата, навремено и детаљно ќе ја информираат јавноста.
Како што е познато, во времени објекти подарени по земјотресот со децении работат и вработените во Град Скопје, во речиси сите општини, во останатите градски претпријатија, како“Паркови и зеленило“, „Улици и патишта“, „Градски паркинг“, но и голем дел од државните претпријатија, како Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. За жал, во слични услови се' уште се образоваат илјадници генерации ученици, затоа што многу основни и средни училишта во Скопје се' уште се сместени во трошни и распаднати бараки од по земјотресот, за кои се' уште никој не утврдил дека е приоритет да се изградат во цврста градба.
Јорданка Ивановска
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3034A65C4BDC4B44A6A8B14002CB9BF1
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#3 Posted: 27-Jul-2010 at 19:21 |
Уште еден ваков конкурс без позната локација?!? Изгледа и ова го планираат да премине во навика... и како после човек да не фрла дрва и камења?
А многу ме копка дали господата сепак по некое чудо ја знаат квадратурата на непознатата локација и ја навеле во конкурсот (како што беше случај со конкурсот за објект за градската администрација). Или пак можеби „оставиле“ потполна „слобода“ на авторите околу површината. Не знам во кој случај фарсата е поголема.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#4 Posted: 27-Jul-2010 at 19:30 |
Позната е локација. Нели ова е кружната маркица на кеј до царина?
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#5 Posted: 27-Jul-2010 at 19:39 |
Можно е, но според текстот во случајов пак има некоја магла, а веќе имавме нешто слично со „Градска Куќа 2“... Еве кои делови ми бодат очи:
Во однос на локацијата, од „Водовод“ не се сигурни каде ќе се наоѓа
новата зграда, а не кажаа ни колку приближно би чинела изградбата.
-
Се надеваме дека локацијата на која ќе се изгради овој објект ќе биде
на постојната, каде што сега се наоѓаат времените бараки. |
Детали за изгледот и за катноста на објектот, за тоа кој се' таму ќе
биде сместен и колку пари ќе се потрошат за изградбата, ќе се знаат по
завршувањето на конкурсот и изборот на првонаграден труд. |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#6 Posted: 02-Sep-2010 at 23:12 |
Нов конкурс
за управна зграда
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ ќе го повтори конкурсот
за избор на идејно решение за планираниот нов административен објект.
Иако на повикот биле подигнати 18 тендерски документации, до крајниот
рок за достава на понудите имало само две и од нив не е избрана ниту
една. Сашо Лазаровски, директор на претпријатието, информира дека ниту
едно од двете идејни решенија не ги исполнувало бараните услови во
целост.
„Поради тоа ќе го повториме јавниот повик и се надеваме
дека во вториот обид ќе одбереме соодветно идејно решение. Сметаме дека
првата објава не се покажа како успешна, бидејќи конкурсот го распишавме
можеби во несоодветен период, за време на летните одмори, па авторите
имаа краток рок за изготвување на идејните решенија“, вели Лазаровски.
Идејата
на ЈП е да изгради нова управна зграда, која, како што велат
надлежните, им е повеќе од потребна поради несоодветните услови за
работа во постојните бараки по Кале.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=B5CEF67269305C428086369E7BE5B69C |
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#7 Posted: 28-Oct-2010 at 11:34 |


Барок и за новата управа на „Водовод и канализација“ Свои трудови
на конкурсот за идејно решение на новиот објект испратија 11 автори, кои мораа да
ги запазат стиловите на другите објекти што се планира да се градат на таа локација,
односно барок, класицизам или неокласицизам |
|
|
|
 |
|
Новата
управна зграда на јавното претпријатие „Водовод и канализација“ што ќе
се гради на левата страна на реката Вардар ќе биде во старински стил и
ќе мора по дизајнот да одговара на барокниот изглед на петте хотели и
катната гаража што се планирани таму. Објектот ќе се гради на местото
на постојните бараки на претпријатието на површина од 5.000 квадратни
метри во основата, а ќе биде висок пет ката, плус купола. Во конкурсот
за идејното решение се бараше да се запазат стиловите на другите
објекти што се планира да се градат на таа локација, односно барок,
класицизам или неокласицизам. Од „Водовод и канализација“ велат дека сé
уште не се знае кој е победникот на конкурсот, односно по чие идејно
решение ќе се прави новата управна зграда. Конкурсната комисија за една
недела би требало да заврши со разгледувањето на трудовите и да го
избере победникот. Надлежните најавија дека е можно да се организира и
изложба на која ќе бидат прикажани сите трудови.
- На
конкурсот се пријавија 11 учесници, но конкурсната комисија сé уште
детално ги нема разгледано сите идејни решенија, затоа што освен на
надворешниот изглед, мора многу да се внимава и на внатрешниот дел,
особено на функционалноста. Ќе се внимава на сé, од паркингот,
распоредот на канцелариите, до пристапот на странките. Во новиот објект
се планира да се сместат сите служби на претпријатието, што сега се
лоцирани во целиот град. Жирито е составено од три члена, кои долги
години работат во претпријатието - објаснија од „Водовод и
канализација“.
По изборот на најдобрите решенија, претпријатието ќе се обиде да најде можности или инвеститори што ќе го градат објектот.
Според
деталниот урбанистички план „Парк 2“, во близина на управната зграда на
„Водовод и канализација“ треба да се изградат и пет хотели и една катна
гаража. Сите тие треба да бидат изградени во барокен стил за да
одговараат со објектите што веќе се градат на левиот брег на Вардар, во
рамки на проектот „Скопје 2014“.
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ од 1964 година работи во веќе руинираните бараки под Калето. |
|
|
|
Автор: Александра Денковска | |
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1028101049127&id=14&prilog=0&setIzdanie=22118
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#8 Posted: 31-Oct-2010 at 23:12 |
ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ "ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА"
Со нова управна зграда во барок-стил
Од ЈП
"Водовод и канализација" велат дека на конкурсот се пријавија 11
учесници, но Конкурсната комисија се уште детално ги нема разгледано
сите идејни решенија, затоа што освен на надворешниот изглед, мора многу
да се внимава и на внатрешниот дел, особено на функционалноста. Ќе се
внимава на се, од паркингот, распоредот на канцелариите, до пристапот на
странките
Јавното
претпријатие "Водовод и канализација" ќе добие нова управна зграда која
ќе се гради на левата страна на реката Вардар, ќе биде во старински
стил и ќе мора да одговара на барокниот изглед на петте хотели и катната
гаража што се планирани таму. Инаку, објектот ќе се гради на местото на
постојните бараки на претпријатието на површина од 5.000 квадратни
метри во основата, а ќе биде висок пет ката, плус купола. Како што е
наведено во конкурсот за идејното решение се бара да се запазат
стиловите на другите објекти што се планира да се градат на таа
локација, односно барок, класицизам или неокласицизам.
Од ЈП "Водовод и канализација" информираат дека се уште не се знае
кој е победникот на конкурсот, и дека Конкурсната комисија за една
недела би требало да заврши со разгледувањето на трудовите и да го
избере победникот. - На конкурсот се пријавија 11 учесници, но
Конкурсната комисија се уште детално ги нема разгледано сите идејни
решенија, затоа што освен на надворешниот изглед, мора многу да се
внимава и на внатрешниот дел, особено на функционалноста. Ќе се внимава
на се, од паркингот, распоредот на канцелариите, до пристапот на
странките. Неопходноста од цврста градба на објект кој ќе овозможи
основни услови за нормално одвивање на работните активности на нашето
претпријатие беше многупати утврдена особено во последните 20-ина година
кога на неколку наврати всушност се утврди дека изградбата на управна
зграда за ЈП е неодложна пред се поради дотраеноста на постојните
простории во времените објекти-бараки кои веќе не ја исполнуваат својата
основна намена - информираа од "Водовод и канализација".
Оттаму додаваат дека градежните активности ќе отпочнат од вториот
квартал во 2011 година и истите ќе траат не подолго од 3 години.
Изградбата на објектот е од исклучително значење за вработените и
корисниците на услугите на ЈП "Водовод и Канализација" - Скопје. Но,
според деталниот урбанистички план "Парк 2", во близина на управната
зграда на "Водовод и канализација" треба да се изградат и пет хотели и
една катна гаража кои треба да бидат во барок-стил за да одговараат со
објектите што веќе се градат на левиот брег на Вардар, во рамките на
проектот "Скопје 2014".
http://vecer.com.mk/?ItemID=87D0E2758A056A4085225762B9857EEA |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#9 Posted: 06-Nov-2010 at 12:44 |
Водовод ќе гради барокна зграда

Објектот ќе
никне на постојната локација на ова јавно претпријатие, под тврдината
Кале, на површина од 962 квадрата, а ќе има приземје плус пет ката и
подземен паркинг на две нивоа
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ ќе гради нов
административен објект - управна зграда за сопствени потреби. Објектот
ќе биде во старински сил - барок, класицизам или неокласицизам, на веќе
постојната локација, каде што сега се бараките на претпријатието, под
тврдината Кале. Од „Водовод и канализација“ велат дека објектот не е дел
од проектот „Скопје 2014“, туку ќе се гради за нивни потреби, но сепак
ќе се внимава тој да се вклопи во околината.
Зградата ќе биде на
парцела со површина од над две илјади квадратни метри. Самата површина
за градба изнесува 962 квадрати, а бруто-површината ќе биде 5.772
квадрати. Максималната височина на објектот ќе биде 21 метар и ќе има
приземје плус пет ката. Ќе се обезбедат 115 паркинг-места со подземен
паркинг на две нивоа.
Деновиве се очекува да се избере најдоброто идејно решение за објектот. Огласот беше распишан во септември.
-
Изборот на прва награда и три откупи за идејно решение очекуваме да
биде деновиве. На огласот се пријавени девет труда. При изборот на
идејно решение особено внимание ќе се посвети на функционалноста на
објектот за граѓаните да добијат брза квалитетна и ефикасна услуга.
Корисниците на нашите услуги ќе добијат повеќе шалтери и поголем
паркинг-простор, а и нашите вработени поповолни услови за работа,
образложуваат од „Водовод и канализација“.
Од „Водовод и
канализација“ се надеваат дека градежните активности ќе почнат во
почетокот од вториот квартал на 2011 година, но не можат да прецизираат
колку ќе чини изградбата на објектот.
- Финансиските проекции се'
уште не се комплетирани, бидејќи проектот е се' уште во фаза на избор
на идејно решение. Откако и тоа ќе се заокружи, ќе го имплементираме во
нашите инвестициски програми за периодот 2011-2013 година, велат од
„Водовод“.
Времетраењето на изградбата е планирано да изнесува најмногу три години.
Сегашните бараки на „Водовод и канализација“ се донација по земјотресот од 1963 година. http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E105806E4027124E8360BB12BAA3AC3F |
|
 |
Mr.Edmund
Groupie
Joined: 23-Jul-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#10 Posted: 11-Nov-2010 at 20:45 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#11 Posted: 22-Nov-2010 at 11:06 |
Избрано идејно решение за зградата на „Водовод“
Жарко Чаушевски ја доби првата награда, вредна 190.000 денари, за новата управна зграда на ова ЈП
Новата управна зграда на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ ќе се гради според идејното решение на архитектот Жарко Чаушевски. Тој ја доби првата награда вредна 190.000 денари. Откупени се и три труда по 70.000 денари. Првиот - на Веселинка Герасимовска-Петровска, Геле Алиломов и И. Смилевска, вториот - на Васил Велков, Фетах Фетаху и Игор Василевски, а како трет е откупен трудот на Игор Неделковски и Јелена Стокуќа. На огласот конкурирале вкупно 9 труда. Ова го објави вчера Бирото за јавни набавки.
Управната зграда која ќе биде во старински стил - барок, класицизам или неокласицизам и ќе се гради на местото на кое сега се наоѓаат постојните привремени бараки под скопската тврдина Кале, на улицата „Лазар Личеновски“.
- Во неколку наврати се утврди дека изградбата на управна зграда за „Водовод и канализација“ е неодложна пред се' поради дотраеноста на постојните простории во привремените бараки кои веќе не ја исполнуваат својата основна намена, објаснуваат од ова јавно претпријатие.
Објектот ќе има приземје и пет ката, со максималната височина до 21 метар. Површината на градба ќе биде 962 квадратни метри, а бруто-површината 5.772 квадратни метри. Градежната парцела на која е изграден објектот има површина од 2.089 квадратни метри.
- Во приземјето на објектот ќе биде формиран едношалтерски систем, каде што на граѓаните ќе им биде овозможено непосредно комуницирање со вработените. Големиот влезен хол ќе создава чувство на современост во административното работење, објаснуваат од „Водовод“. Објектот ќе има две подземни полунивоа за паркинг со капацитет за 115 возила, како и помошни простории. Ќе располага и со кафе-ресторан со библиотека. Во зависност од потребите на вработените, постои можност и за планирање простор за чување на децата, како и простор за физичка активност за време на паузата. Доколку сите предвидени активности течат непречено, градежните активности ќе почнат на почетокот од вториот квартал на 2011 година и ќе траат не подолго од три години.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=9728D45C5649704B9EE844BD4B48D70C |
|
 |
Mr.Edmund
Groupie
Joined: 23-Jul-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#12 Posted: 22-Nov-2010 at 17:43 |
А, знае некој дали ќе има изложба?
|
СМРТ ЗА ФАШИЗМОТ-СЛОБОДА ЗА НАРОДОТ
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#13 Posted: 22-Nov-2010 at 17:48 |
Хммм... последна изложба што ја памтам јас беше за офицерски дом. Не сум оптимист...
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#14 Posted: 02-Dec-2010 at 14:09 |
Еве еден од конкурсните трудови Автор: Игор Неделковски, диа Соработник: Јелена Стокуќа, диа Консултант: Проф. Станислав Миловановиќ
|
 |
FoSsiL
Senior Member
Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
|
Quote Reply
#15 Posted: 02-Dec-2010 at 18:46 |
Kinda like it... But we will see... what the officials will choose...
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#16 Posted: 02-Dec-2010 at 18:48 |
 Изборот на победничко решение е направен (види погоре), а ова е еден од трите откупени трудови.
|
 |
FoSsiL
Senior Member
Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
|
Quote Reply
#17 Posted: 02-Dec-2010 at 19:28 |
But I haven't seen a render of the project which won the contest, yet. So I have no idea what they have chose... And that Baroque, Neo-Classicism, Classicism doesn't mean nothing until we see a render of the winner... And why have they bought the other projects, if they won't use them for any reason... they could just gave them rewards, or refund them... Idk... Maybe I didn't understand well, or the journalists didn't put the info well...
|
 |
ovaj_stariov
Senior Member
Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
|
Quote Reply
#18 Posted: 02-Dec-2010 at 21:15 |
@FoSsiL,некој ти го хакнал профилот и почнал да пишува на англиски
|
build.mk, гради форумска историја
|
 |
FoSsiL
Senior Member
Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
|
Quote Reply
#19 Posted: 02-Dec-2010 at 21:22 |
не... јас сум, тука сум... ама сакам малку да експериментирам.... се надевам нема да ви пречи....
|
 |
nylon
Senior Member
Joined: 23-Oct-2010
Online Status: Offline
Posts: 168
|
Quote Reply
#20 Posted: 02-Dec-2010 at 21:55 |
Originally posted by FoSsiL
не... јас сум, тука сум... ама сакам малку да експериментирам.... се надевам нема да ви пречи....
|
На добар пат си
|
 |