Железнец |
Post Reply |
Author | |
makonix
Senior Member Joined: 08-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 520 |
Quote Reply
#1 Topic: Железнец Posted: 25-Nov-2011 at 01:33 |
Железнец, споменик на културата што се распаѓа
Демирхисарското село остана заборавено и од државата и од Општината, а запоставени се и изворите на Црна Река Демир Хисар - Згаснува животот во демирхисарскиот етнобисер Железнец. Едно од најубавите македонски села со автентична архитектура, кое од 2004 година е заштитено како споменик на културата, остана заборавено и од државата и од Општината. Државата ги запоставила и изворите на Црна Река. Едниот извор пресушил, а другиот е загаден. Железнец лежи во клисурата на самиот пат Битола-Кичево во демирхисарскиот крај. Распослано е на надморска височина од 760 метри и тука почнува животот на Црна Река, една од поголемите притоки на Вардар, со должина од 207 км. Старите селски куќи од дрво и од камен, изградени во 19 и 20 век, се распаѓаат, напуштени од сопствениците. Потиснати од сиромаштијата, жителите на Железнец го фатиле патот за градот или во туѓина во потрага за попристоен живот. Од 250 жители, колку што имаше во селото пред педесетина години, денеска се останати едвај дваесетина. Најголемиот дел се старци, само во едно семејство има момче од 15 години. Најголем дел од луѓето живеат од земјоделство и од планината. Собираат печурки, билки и разни други шумски плодови. Селото е исклучително живописно. Куќите се стари, но многу убави. Изградени се од камен со плитар и со дрво, и имаат големи чардаци. Во Железнец ќе ве обземе убавинита од сите страни, густата шума, жуборот на реката Црна, чистиот и свеж воздух, гостопримството на жителите. Меѓутоа, надлежните го оставиле да пропаѓа селото. Државата ниту интервенира, ниту, пак, презема мерки за зачувување на ова природно и културно богатство. „Селото е запустено, она што го имаше некогаш сега е се уништено. Јас сум стар, но верувајте, ако поживеам уште дваесет години ќе бидам сведок дека на ова место имало нешто што било споменик на културата, а ништо не останало“, вели Перо Илиевски, жител на Железнец. „Сите куќи паднале, нема која да ги поправи. Ние дојдовме од град да закрпиме некоја дупка, ама џабе, се' што се реновира го нарушува нивниот автентичен изглед. Наместо поарно, ние правиме полошо. Сите луѓе заминале и се' остана така “, вели Менка Дамјановска. Во Железнец не се знае што повеќе е запоставено дали селото со раритетна архитектура или изворите на Црна Река. Стариот извор, Црна Дупка, пресушил со изградбата на патот што поминува токму над него. Новиот извор, пак, е загаден и по течението во должина од 15 километри. Порано во реката имало пастрмка, мрена, крап, клен, но сега сиот отпад се фрла во неа. Жителите велат не само што треба да се постават контејнери и строго да се казнува секое фрлање отпад во реката, туку и неколку години да се забрани риболовот на пастрмката. „Ниту државата, ниту општината го поправија изворот. Требаше да направат мост, ама ништо од тоа. И речната пастрмка ја нема, ја ловеа со мрежи, со харпунзи, со што ќе им текнеше“, вели разочарано Илиевски. Немоќна да ги земе работите во свои раце е и демирхисарската општина. Оттаму велат дека најдобро ќе биде да се најдат странски или домашни инвеститори. „Таму имаме неколку објекти, стари куќи што се наша сопственост. Шанса за излез од ситуација во која се наоѓа Железнец како споменик на културата гледаме во едно јавно приватно партнерство. Затоа би сакал да упатам апел до сите заинтересирани да реализираме проекти за заштита на културното наследство, но и за развој на алтернативниот туризам“, вели Тони Ангелевски, градоначалник на општината Демир Хисар. Селото Железнец е едно од најпривлечните места во демирхисарскиот регион и за дивите копачи. Во околината на селото имало град уште во античко време. За тоа сведочат урнатините на населбата Градиште, каде што и денеска се трага по злато и по артефакти. Инаку, според демирхисарската верзија, Итар Пејо бил родум од Железнец. Неговата мајка го родила токму на изворите на Црна и по вода го пратила до Мариово. (А.Б.) source |
|
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #2 Posted: 17-Jul-2016 at 19:06 |
|
|
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #3 Posted: 17-Jul-2016 at 19:09 |
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #4 Posted: 02-Aug-2016 at 22:22 |
|
|
Post Reply |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |