ТИРЗ Виница |
Post Reply |
Author | |
jyvation
Senior Member Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
Quote Reply
#1 Topic: ТИРЗ Виница Posted: 23-Oct-2014 at 12:01 |
Започна изградбата на индустриските зони кај Виница и Берово
Премиерот Никола Груевски денеска го означи почетокот на изградбата на технолошко – индустриските развојни зони кај Виница и Берово. Со средства од државниот буџет е предвидено да се реализира целата инфраструктура, со што ќе се овозможат директни странски инвестиции и во овие градови од источниот дел на земјата. Во рамки на зоните ќе се изгради патна мрежа, приклучоци за вода, електрична енергија и гас, канализациска мрежа, како и преземање на сите мерки за заштита на животната средина. ТИРЗ „Виница“ е лоцирана во месноста „Поповец“, на два километри оддалеченост од градот Виница и ќе се простира на површина од 21,04 хектари, со 10 градежни парцели за индустриски објекти. Беровската технолошко – индустриска развојна зона е лоцирана покрај регионалниот пат Берово – Дабиле во месноста „Шушлевец“, на еден километар од Берово и ќе се простира на површина од 17,38 хектари, исто така со 10 парцели за фабрики. Премиерот во своето обраќање на свеченоста истакна дека за развојот на овие зони од исклучително значење ќе биде изградбата на автопатот Скопје – Штип, експресниот пат Штип – Кочани и надградбата на магистралниот пат што води кон Делчево. Внатрешната инфраструктура на ТИРЗ „Виница“ ќе ја изведува „Жикол“ од Струмица, додека онаа во ТИРЗ „Берово“ ќе ја гради „Бауер БГ“ од Скопје. |
|
jyvation
Senior Member Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
Quote Reply #2 Posted: 23-Oct-2014 at 12:02 |
|
|
Post Reply |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |