build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Катна гаража Смилевски конгрес - кај МНТ

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 7>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1319
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Катна гаража Смилевски конгрес - кај МНТ
    Posted: 19-Feb-2013 at 16:12
Не знам дали името е добро,слободно едитирајте ако има потреба

Почна изградбата на последната катна гаража во Центар


Катна гаража со 169 места за паркирање, почна да се гради во вторник во близина на Музејот на холокаустот, во централното подрачје на Скопје.
Ова е третата катна гаража што ќе ја гради Акционерското друштво со станбен и деловен простор од седумте владино поддржани гаражи во центарот на Скопје.

„Оправданоста на овој објект ќе придонесе во намалувањето на хаосот во паркирањето, но исто така ќе придонесе и за квалитетен живот на граѓаните кои ќе сакаат да ги посетат околните објекти како Музејот на холокаустот, Стариот нов театар, Музејот на ВМРО и малиот плоштад „Карпошово востание", рече Цветко Грозданов, директор на Претпријатието за стопанисување со станбен и деловен простор.

Катната гаража чини 237.191.013 денари, а ќе биде со вкупна површина од 10.037 метри квадратни и вкупен број од 169 паркинг места. Изведувач на проектот е градежната фирма „Ламоне морена", а проектот го изработи ГС „Проект" - Скопје.

Премиерот Никола Груевски рече дека во централното градско подрачје на Скопје, постојано се градело и се преградувало, но никогаш не се водело сметка дека таму каде што ќе се собираат многу луѓе ќе треба некаде и да паркираат, па затоа Владата одлучила да изгради седум катни гаражи.

„За две години ја почнуваме и последната седма катна гаража, а веќе деновиве ќе ја пуштиме во употреба првата изградена катна гаража", рече Груевски, најавувајќи дека другите ќе бидат пуштени во употреба до крајот на годината, а оваа што денеска почна да се гради ќе биде во употреба за две години.

Груевски рече дека предвиделе овие објекти да имаат и комерцијален дел за да бидат исплатливи за оној што ги гради, па така сите катни гаражи имаат околу 15 отсто комерцијално-деловен дел. /крај/мф/бб

http://makfax.com.mk/303669/pochna_izgradbata_na_poslednata_katna_garazha_vo_centar
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1319
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 19-Feb-2013 at 16:17
Позајмив две слики од @Fosil,за поубава представа

build.mk, гради форумска историја
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 19-Feb-2013 at 16:37
мене најискрено ми се допаѓаат фотографииве како изгледа проектов ,но сепак се надевам дкеа нема да има некој неокласичен стил што според проекцииве го нема 
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1943
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 19-Feb-2013 at 16:50
mene me plasi dali ke bide zatvoren pogledot od plostadot kon kaleto, so ogled na toa deka objektov e visok 21 metar, dodeka muzejot na vmro samo 12, a teatarot okolu 22 m do krovot. spored gabaritot bi bil nekade kolku teatarot, no e malku ponazad sto e pozitivno za pogledot kon kaleto, no se naoga pomegu niv dve gledajki od plostadot

Edited by xnx - 19-Feb-2013 at 16:53
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 19-Feb-2013 at 17:02

Јас уште немам представа каде е гражата. 

Што се однесува до погледот кон Калето не верувам дека ќе го скрива затоа што предпоставувам  е многу поназад од музјеот на македонска борба и театарот а со тоа и аголот е помал. 

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 19-Feb-2013 at 17:14
јас мислам дека е овде:

41°59'55.34"С
21°25'58.79"И

просторот е во форма на тријаголник,како и рендерот
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1304
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 19-Feb-2013 at 22:13
Скептичен за неколу работи кои мислам дека нема да бидат реализирани во реалност, покрај добрата но во некои сегменти нереална "шминка" на визуелизацијата од објектов.

Зелените тераси(мислам дека нема да се направат), осветлувањето(пази дека ќе изгледа вака спектакуларно од надвор, чиста шминка да се добие на изглед), тие нееднакво закривени висински линии на парапетот(мислам дека ќе бидат со еднаква висина по цел објкет), стаклата(чисто се сомневам во таква транспарентност на внатрешноста како на рендерот), самолебдечките решетки на кровот(??). Се надевам дека не сум во право.
Во секој случај бар вака од око ми изгледа како ефикасен и функционален решен простор, особено за движењето на колите низ катовите и паркирањето, сепак тоа е најважно за објект од ваква намена.

Инаку солидно изгледа вака на визуелизацијава, се надевам дека ќе изгледа уште подобро во реалност.

Се надевам дека овие гаражни објекти кога ќе бидат завршени ќе работат со полна пареа и ќе се покажат крајно оправдани, а не да зјаат празни како онаа катна гаража во Аеродром во близина на Мекдоналдс. Се разбира за ова да се реализира треба и законите да си го направат своето, бидејќи тука друг начин на спроведување култура и ред нема.

Edited by HugoGoulding - 19-Feb-2013 at 22:24
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2085
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 20-Feb-2013 at 11:53
Оваа катна има рок на изградба од 2 години, додека таа кај Нова Македонија има 1, а сепак поголем капацитет.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1943
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 20-Feb-2013 at 13:46
barem za ovaa mislam deka so samata lokacija vednas do teatar muzei i plostad ke bide i te kako isplatliva. za razlika od taa mnogu drugi koi zjaat prazni
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1304
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 20-Feb-2013 at 23:26

А зошто ти мислиш дека некоја катна гаража мора да е буквално на 10 метри oдалечена, односно слепена до објектот кој сакаш да го посетиш за да паркираш во неа? Доволно е што повеќето се во Малиот Ринг.

Реков, со вакви размислувања, само закон и ред ќе ги разработи гаражите бидејќи ако чекаме на самосвест и култура "далеку" ќе стигнеме ...

Edited by HugoGoulding - 20-Feb-2013 at 23:27
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 20-Feb-2013 at 23:33

Многу било 40 денари. Па ако ти е многу купи си карта за автобус или вози се со точак.Во секоја држава барем оние што ги знам еден саат паркинг е отприлика како карта за автобус или трамвај дури и нешто поскапо. Така да мислам дека 40 или 50 денари не се воопшто висока цена.

За жал никогаш нема да проработи свеста на граѓаните за правилно паркирање.

Спас е само купување доволно пајаци и ангажирање на доволен број на сообраќајци. И огромни казни. Ако досега немаше доволно простор за паркирање со новите гаражи кои се пуштија и кои ќе се пуштат мислам дека центар сосема солидно ќе се снабди со паркинг простор. Па ако сакаш во центар со кола плати си ако не како што кажав точак, ролерки , такси , пешадија , автобуси има доволно алтернативи.  

Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1943
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 21-Feb-2013 at 09:23
nikoj ne rece deka taka treba da bide, ama jas samo ja konstatiram realnata situacija. poveketo katni garazi koi ne se direkno "zalepeni" za objekti stojat prazni. eve videte ja crvenata garaza na makoil ili zebra ili taa kaj amsm, a okolinata e polna so nepropisno parkirani. kaj nas ima nekoj sindrom deka mora da se parkiras bukvalno pred mestoto kade odis inaku sto ke ti e kola.

jas koga ke prakiram malce podaleku(iako mnogu mnogu retko koristam vozilo) imam zestoki reakcii kako toa taka sum se parkiral... pred nekoj den slusnav komentar: sramota sto napravija vaka, veke ne mozam da si ja ostaam kolata na partizanskata, treba zena mi da ja ostaam vo kola da ja cuva od pajaci dodeka si vrsham rabota... inaku se raboti za covek koj ima milioni na smetka a sepak ne saka da plati 30 denari za parking...

toa e za zal realnosta koja e uzasna i me vadi od takt


Edited by xnx - 21-Feb-2013 at 09:25
Back to Top
vladegf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Dec-2009
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 637
  Quote vladegf Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 21-Feb-2013 at 11:54
Originally posted by xnx


nikoj ne rece deka taka treba da bide, ama jas samo ja konstatiram realnata situacija. poveketo katni garazi koi ne se direkno "zalepeni" za objekti stojat prazni. eve videte ja crvenata garaza na makoil ili zebra ili taa kaj amsm, a okolinata e polna so nepropisno parkirani. kaj nas ima nekoj sindrom deka mora da se parkiras bukvalno pred mestoto kade odis inaku sto ke ti e kola.jas koga ke prakiram malce podaleku(iako mnogu mnogu retko koristam vozilo) imam zestoki reakcii kako toa taka sum se parkiral... pred nekoj den slusnav komentar: sramota sto napravija vaka, veke ne mozam da si ja ostaam kolata na partizanskata, treba zena mi da ja ostaam vo kola da ja cuva od pajaci dodeka si vrsham rabota... inaku se raboti za covek koj ima milioni na smetka a sepak ne saka da plati 30 denari za parking...toa e za zal realnosta koja e uzasna i me vadi od takt


za drugite si vo pravo ama za "Zebra" ne si. Zebra e full 24/7
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2085
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 21-Feb-2013 at 15:22
20 во околните населби, односно 30 во центар и во катни гаражи е реална цена за 1 час паркирање.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 28-Apr-2013 at 23:16
Катна гаража спроти староновиот театар - нема некој посебен напредок во работите

За сè има вторпат
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2085
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 04-Jul-2013 at 14:04
И по речиси 5 месеци остана само најавата на премиерот.
Или почнаа со работа?
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 04-Jul-2013 at 18:24
Мислам дека се работи, зашто често поминувам оттаму, ама не сум застанал да сликам. Најверојатно копаат темели. Ќе видам деновиве да сликам.
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 05-Jul-2013 at 11:15
Еве една денешна фотка. Градилиштето беше отворено, ама немаше работници. Немаат копано ништо, што значи дека кога сум поминувал претходно, најверојатно само го испитувале земјиштето за темелите.


DSC00958 by george k. 1981, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2085
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 04-Jan-2014 at 21:55
Што се случи со оваа катна гаража?
Помина речиси една година...
А сега од кога се изградија сите околни објекти истата е повеќе од потребна.

Edited by alexsend - 04-Jan-2014 at 21:55
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 05-Jan-2014 at 00:15
Но мани но хани
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 7>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.