Експропријација |
Post Reply | Page 123 4> |
Author | ||||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply
#1 Topic: Експропријација Posted: 17-Jan-2008 at 02:41 |
|||||
Што мислите, што е решение за долгите процеси со екпропријација, и што е лек за магарешкиот инат на сељаците кога нејкат да дадат нива за аутопут.
Ја имам еден предлог во неколку фази: 1.Најава за почеток за изградба. 2.Прва шанса по една цена. 3.Почеток на изградба (со полиција по потреба, зашто неможе на секој сељак како му текна така да кочи градба) 4.Втора шанса за откуп, поа следи подолг период кај што цената е статична. 5. Трета шанса за откуп, за малце поише пари. 6.Крајна фаза , национализација, како форма на јавен интерес, а воедно и како казна за тој што си игра со цела држава па праи проблеми за една нива. А исто да не биде толку строго може и со судска пресуда да се изврши одземање на имотот и судот да одреди цена којашто ќе му биде исплатена на сопственикот. |
||||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #2 Posted: 17-Jan-2008 at 02:41 | |||||
Ова нормално може да се примени и во градски средини за некој објект.
|
||||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #3 Posted: 17-Jan-2008 at 03:13 | |||||
Абе малце си пре-радикален... Директно идеш на кршење на основни човекови права
Али шала на страна, се слагам дека треба нешто да се направи на ова поле. Јавниот интерес секако треба да се стави над инаетот па дури и легитимниот интерес на поединецот во одредени случаи. А кај нас секакви глупости ни се дешаваа и се направи огромна штета во последниве 15 години како последица на овој и слични проблеми. Ама нема потреба од такви мерки како што предлагаш = конфискација. Мислам не треба да измислуваме топла вода, само треба да се копира законодавството од некоја средена земја која има построга политика за овие работи Edited by Cloverstack - 17-Jan-2008 at 03:14 |
||||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #4 Posted: 17-Jan-2008 at 03:21 | |||||
Затоа и пишав трека треба присилно како последна фаза да се "купи" земјиштето од сопственикот. Токму затоа и ја отворив тема зашто многу штета е нанесено поради индивидуали сељачиња коишто си имаа по некој у влада и им дозволување да изиграваат џекови во сред градска средина. На ова поле мора дефинитивно да се мисли што ќе се прави у иднина. Поради вакви работи до сеа страдаа словенечка, обиколницата(највеќе), новиот мост, итн...
|
||||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #5 Posted: 17-Jan-2008 at 03:23 | |||||
А да океј, погрешно имам разбрано една реченица, па ја имам промашено поентата.
Се слагам со тебе |
||||||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #6 Posted: 17-Jan-2008 at 15:40 | |||||
ја мислам нема што прва, втора,трета цена... така ќе идат сите на највисоката...
треба да има точен правилник на кој начин би се вршело обесштетувањето со точно определени цени за таа и таа околност, тој и тој тип на земјиште итн... треба да се предвидат рокови во кои сите недвижнини ќе мора да се легализираат доколку има таква можност и понатака за се што излегува од планвоите а не е легално да се нема милост. треба да се предвидат механизми и околности како да се истурка некој проект од национално или регионално значење (како на пример обиколницата) дури и ако е на сметка на легални градби. Значи да не се поместува траса на цел автопат ради некој што има куќа на патот. Нормално ова е само лаички муабет сигурно има милон правни аспекти кои треба да се земат во предвид. |
||||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #7 Posted: 17-Jan-2008 at 17:39 | |||||
Во уставот има едно Демек човеково право дека имотот на секој граѓанин му е загарантиран, меѓутао има и една друга работа што се вика јавен интерес.
|
||||||
UrbanFreak
Senior Member Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
Quote Reply #8 Posted: 18-Jan-2008 at 16:48 | |||||
Мислам дека треба да има ценовник и правилник како што кажа пбанкс, и дека земјиштето-објектот треба да се откупи во одреден рок (месец-два најмногу) по известувањето на сопственикот. Треба да му се исплати надокнадата која што е предвидена а сопственикот доколку не е задоволен од проценката на имотот по судски пат или преку некоја комисија да си ја бара оштетата. Впрочем така е и сега само што изградбата неможе да започне додека не се решат имотно-правните односи. |
||||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #9 Posted: 17-Jul-2008 at 18:15 | |||||
Измени во Законот на експропријација?
Државата во иднина ќе може да стане владетел врз значајни енергетски капацитети. Со новиот предлог закон за експропријација може присилно да му се одземе имотот на секој кој се занимава со пренос на струја. Владиниот портпарол Боцевски тврди дека ваков предлог закон досега не бил на владина седница. Во предлог законот до кој дојде А1, а е испратен и во Брисел, во Директоратот за енергетика и транспорт, децидно стои: „Зградите, инсталациите и линиите за трансмисија на електрична енергија или природен гас кои произведуваат активности од јавен интерес можат да бидат одземени“. Со ваквата одлука Владата би можела да го тргне ЕВН од пазарот и таа да ја преземе компанијата. Исто така ќе може да биде единствен сопственик на гасоводната компанија „Гама“ и да го тргне „Макпетрол“ од игра. Тука е и Топлификација, која во моментов гради гасна централа, но и сите други кои во иднина ќе се занимаваат со пренос на струја и природен гас, коментираат експерти за А1. Според информации на А1, можно е измените на законот за експропријација да се најдат на дневен ред во Собранието по итна постапка, уште идната недела. Владиното образложение за ваквата одлука е дека со ваквиот закон ќе се овозможи непрекинат и континуиран пренос на гас и струја и затоа било потребно Закон за експропријација да биде во координација со новиот Закон за енергетика. www.a1.com.mk Се надевам дека нема ова да предјде во национализација. Патем треба да се преиспита и начинот на екпропријација за земјиште кој имаме дискутирано порано. п.с. Префрлете ја темава во урбани прашања. Незнам што уопште тука сум ја отворил. |
||||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #10 Posted: 17-Jul-2008 at 18:30 | |||||
Незнам дали се работи за намерна или случајна грешка, но зборот одземени во прелог закон е јасно пишан екпропреирани, а не како што стои во новинарското соопштение. Не би сакал да помислам дека некој сака да ги помати работи и да не претстави во лошо светло пред светот, а најмалку па тоа да биде домашна телевизија. сите знаеме што значи одземени, а што значи екпропреирани. За првото не се зема ништо, а за второво се зема пари. И ова не е прв пат да се мешаат овие термини. Дали е тоа некоја забуна од прошлиот систем и луѓето сеуште доживуваат дека некој им ги одзема имотите, или што друго е, незнам?! |
||||||
vardar
Senior Member Joined: 03-Mar-2008 Online Status: Offline Posts: 1106 |
Quote Reply #11 Posted: 18-Jul-2008 at 11:03 | |||||
Добро бе државата неможе на еден прост сељак да му одземе нива а овие си прават филмчиња за енергетските капацитети
За сељаците кои сакаат да станат милионери со 100 квадрати нива веќе имам кажано, оштета по пазарна цена и точка (се разбира доколку се работи за проект од јавен интерес)
|
||||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #12 Posted: 18-Jul-2008 at 12:57 | |||||
Абе за сељаците како крајна фаза ја одобрувам национализацијата. Но овие измени се однесуваат на енергетиката, а ова изгледа владава сака да му контрира на ЕВН, зашто нели они се инвестиција од прошлата влада. Него да не навлагам многу овие измени се јасни за што се.
|
||||||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #13 Posted: 18-Jul-2008 at 13:23 | |||||
Ако е навистина такво нешто (и мене ми делува така) тоа е страшно. Па ЕВН не се СДСМовска фирма туку Австриска. За какви странски инвеститори збориме со вакви потези? |
||||||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #14 Posted: 02-Sep-2008 at 04:41 | |||||
во контекст на Град Скопје еве ја службата одговорна за спроведување постапки за експропријација на недвижности заради реализација на работи од јавен интерес
и плус една мала офтопик реплика на пбанкс каде сакам да посочам дека сите тие фирми немаат врска со слобода на пазар, доколку не оставиш простор за ограничување на истите може и глава да не кренеш подоцна од самарење и да ни се случуваат ситуации како во пост-советска Русија! не дека некој инвеститор ќе избега или ќе се уплаши од ваков закон, но наше е да обезбедиме превентивни механизми во случај на саботажи или дилентатизам... Edited by Cloverstack - 02-Sep-2008 at 22:42 |
||||||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #15 Posted: 02-Sep-2008 at 05:30 | |||||
интересен момент забележав во репортажа за експроприација на имоти за бул. Словенија
а што ако имаат капини или декор-грмушки? |
||||||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #16 Posted: 04-Sep-2008 at 03:14 | |||||
Устав на Македонија член 30
овој вториот момент со ограничување на сопственоста и заедно со прописот за општо одземање е користен при процесот на национализација во минатото кој воедно е поништен со законот за денационализацијата...
се уште го нема новиот закон на нет, па доколку некој го има од "Службен весник на РМ" бр. 106 од 27.08.2008 нека постира апдејт на усвоената верзија, мислам дека немаше екстра амандмани усвоени т.е. немаше ни предложени колку што се сеќавам!
|
||||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #17 Posted: 03-Oct-2008 at 16:22 | |||||
Размислувајќи на оваа тема деновиве ми дојде една идеја, да се основа фонд за експропријација. Значи тој фонд може да работи локално на општинско ниво, на регионално и на државно ниво. Може да се полни од редовен процент од општински буџети. Овој фонд би имал за цел многу порано од изградбата на некој објект или пат да ја заврши експропријационата постапка. Често се случува доцнење на проектите поради ова, затоа може оваа постапка да се одвива многу порано одколку изградбата, па така кога ќе влезе нешто у план за изградба автоматски да стартува на чисто земјиште. Да речеме да се утврди одреден процент приходите во урбанизмот (градежни дозволи, други услуги, па дури и минимален дел од данок) кои ќе се влеваат во овој фонд и редовно да се врши екпропријација според листа на приоритети. Може да се утврди секоја општина со колкав процент ќе учествува во регоналните фондови, а со колкав во државниот. Башка постои можност дел од државниот да биде пренасочен во регионалните, а дел од регионалните во општинските фондови, со цел да биде некој проект побрзо готов. Односно фондов ќе биде на некој начин голема помош за општините во наоѓање пари за експропријација. Нормално за убрзување на постапката, секако општините ќе можат и да си убацат дополнителни средства за конкретен проект, односно да си извршат редовна постапка како и досега.
Финансиски импликации: Ова може да придонесе многу за инфраструктурниот развој, а башка и не е мртва пара, пошто автоматски цело време пара ќе влага и излага од фондот така што нема да се трупа огромен капитал на државни сметки. Сите овие пари кои ќе пројдат низ фондот понатака имаат големи шанси да бидат инвестирани во семејни бизниси. Башка ионака општините и државата грдна пара даваат за екпропријација и тоа све иде ад-хок кога треба да се гради нешто, вака подобро тие пари да се канализираат и многу порано да се заврши работата. Можеби предлогов е преамбициозен со неспроведена финансиска децентрализација, но ете само онака ми дојде како идеја. Edited by lslcrew - 03-Oct-2008 at 16:25 |
||||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #18 Posted: 09-Oct-2008 at 23:41 | |||||
БЕз разлика кои се плановите за градежни совети и едукација, оваа тема некако не ми одговара тука. Повеќе лежи за во урбани прашања. |
||||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #19 Posted: 09-Oct-2008 at 23:53 | |||||
Еве јас едно прашање до тие што го спомнуваат случајот веро или другите слични случај. Да ги прашам дали е јавен инетерес реализација на одреден ДУП. Ако во некој дуп фигурира парцела која со поголема површина и опфаќа неколку приватни имаоти, на кој начин може да се дојде до решение. Секако дека решение е екпропријација на тие имоти. Неможе пак да се враќаме на она штуро решение со бескрајно убедување на сопствениците.
Гледам спомнуваат заштита на правото на приватна сопственост. Сепак да нагласиме дека експропријацијата опфаќа и парично обештетување, и воопшто не е исто како пред 60 години. |
||||||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #20 Posted: 10-Oct-2008 at 18:21 | |||||
лсл јавен интерес не е приватна инвестиција, туку државна-народна, а веро и е далеку од државна инвестиција, мислам дека тука се работи за поседување дел од парцела без кој неможе да се дооформи локација - маркичка, па најверојатно им бил одземен имотот на луќето по пат на облигација каде доколку не успееш да се договориш со оној што го има поголемиот дел од парцелата те даваат на суд а судот сетне сече дали мораш да го отстапиш просторот или не, мислам дека ова ограничување е поврзано со процентот од сопственоста. можеби грешам но само ова е реално оправдување во случај на отуѓување на приватно земјиште.но најверојатно станува збор за грешка на државата при продажбата па сега сакаат да поминат полесно и да куртулат од евентуална тужба од веро кој сигурно ќе ги даде на меѓународен па оштетата ќе биде боли глави а и стапала.
|
||||||
Post Reply | Page 123 4> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |