build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Статистика (Општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Статистика (Општо)
    Posted: 25-Sep-2010 at 17:44

Ја отварам нишкава поради реалната потреба од податоци од секоја област во државата и надвор, а притоа и нивна компарација. Оваа нишка се основа на општа статистика, која би опфаќала информации, податоци, мерења, истражување, анализирање за сите дејности, институции, области...

Засега нека стои вака како општа, па со тек на време, администраторите / модераторите можат да ја направат подсекција на форумот. Ако не пречи може и сега тоа да се направи, за да после нема потреба од средување и префрлање... Ќе видиме како ќе се развива, има време ај...

Па, околу областите... економија, финансии, државна статистика, население и сите попратни работи, дневни миграции, миграции, статистика за градови, села, инфраструктура, енергетика, води, руди, граници, транзит, царина, трговија,  телекомуникации, сообраќај, туризам, клима, географија.... и се друго што може да се мери и спореди... со тек ќе се соберат податоци од многу области....

Врската со Build.mk е голема... На секој кој сака да реализира нешто, му се потребни точни, конкретни податоци, информации, точна статистика, за да опипа претходно што го чека, а не после како што викаме да се за..е... 

Статистиката е многу важна за развој и проперитет на секоја држава, институција, кмпанија, општество, човек...

Па ајде да креираме една база на податоци... лесно достапна и точна!

Нас ќе ни треба, баш денес ми се провртеа неколку идие околу глава, за кои кога ќе имам време ќе пишам, но ми требаа податоци за влез и излез на странски државјани во РМ, секако преку границите и аеродромите... Но кој ќе бара по интернет....

Мислам дека постои државна институција за статистика, но не и го ни знам името, а и незнам колку е развиена... Може да биде од корист....

Мислам дека таква агенција треба да биде многу развиена и да има податоци за се, затоа што на многу инвеститори ќе им се потребни.... 

Ај доста е уводен дел... кој има нешто да сподели нека сподели, јас отидов да барам за границиве

Back to Top
Swimmer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 09-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote Swimmer Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 25-Sep-2010 at 17:57
Ти ја контам поентата за отворање на нишкава и сосема е на место. Има недостаток од статистички податоци во секоја сфера. За нивно формално собирање и презентирање постои завод за статистика stat.gov.mk
 
Да, не е вообичаено друг да собира или располага со податоци освен нив. Прво затоа што истите имаат одреден степен на доверливост па макар се работело и за таканаречено небитни. Значи тој што дава информации, може да одбие да ги даде, но не и кога тоа го бара оваа агенција/завод која доставува образци/ формулари кои треба да се пополнат и достават.
 
За сите други истражувања и собирање на податоци, се зависи од вољата и расположението на давателот на информации, а обично не се расположени (и донекаде не ги осудувам).
 
Она што се наметнува како проблем е веројатно бавното процесирање и презентирање на податоците од Заводот кои обично траат 3-4 месеци, ако не се лажам, што од практичен аспект на корисникот на податоцит е релативно многу долг временски период.
 
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 25-Sep-2010 at 18:32

Можеме да ја насловиме како Неофицијална Статистика (Општо)...

Да, и јас се согласувам околу тоа... Дури мислам дека Заводот за статистика (така беше ), ги собира информациите и податоците доброволно од компаниите, институции и други правни субјекти и објекти... или пак грешам?

А ние тука можеме да споделуваме податоци од официјални извори, на пример објавени податоци од Заводот на интернет - страницата, царината, МВР, невладини, институти, интернационални светски и европски статистичари, универзитети, научни институции, МАНУ , стопански комори, синдикати, компании (доколку имаат објавено, некои имаат таква практика), интитуции, јавни претпријатија, истражувачи, блогери, дури и новинари (нив треба прво да се проверат пред да се пуштат ;D ).... и секако Wikipedia и разни интернет страници..... секако со претходна дозвола, ако не е дозволено, ако е тогаш зошто да не го имаме тука, средено, на едно место, лесно достапно.....

А мислам дека има многу податоци кои не засегаат и интересираат нас и други луѓе, а воено и ни се потребни во голем број на случаи, само што се расцепкани насекаде и многу тешко да се допре на до нив, да се најдат, а немора да значи дека не може или не се достапно јавно, туку поради тоа што никој не знае дали постојат...

А вака ќе биде многу полесно и подобро....

Back to Top
Swimmer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 09-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote Swimmer Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 25-Sep-2010 at 18:53
Океј си е името како статистика што се однесува до мене.
 
Заводот за статистика токму затоа и постои да собира податоци и да врши статистичка обработка, а точно е и дека податоци можат да се најдат и на други места како што наброја, зависно од карактерот на истите.
 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 27-Sep-2010 at 01:36
Фосил, добра идеја за нишкава, а можеби и за подсекција во иднина, како што велиш времето ќе покаже. Единствен проблем за тоа гледам во фактот што голем дел од статистиките кои ни се од интерес веќе си имаат прикладни тематски нишки, каде и до сега сме ги постирале и дискутирале и каде реално припаѓаат.

Еве за почеток од мене една статистика за бројот на населените места во Македонија според нивната големина и бројот на население според тоа во колкаво место живее:




Edited by Cloverstack - 27-Sep-2010 at 01:49
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 27-Sep-2010 at 01:48
Ако има некој време и желба нека се обиде да побара последни податоци за сообраќај на автопат Табановце-Богородица и податоци од Српска и Грчка статистика за премините. Да видиме колку има диспаритет во тие податоци. Roll%20eyes Па и Македонските податоци за овие премини.

За почеток не мора да бидеме посебно прецизни и да земеме дека сообраќајот МК-СР и МК-ГР се поништува со СР-МК и ГР-МК реципрочно. Еве и внатрешниот домашен сообраќај нека биде џокер.


Edited by lslcrew - 27-Sep-2010 at 01:55
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 27-Sep-2010 at 10:32
Добро... Зар е можно да не најдам нешто за македонските граници... Барам барам.... никако да најдам ни неофицијална статистика за граници а официјална пак нема шанси.... барам уште... ќе видам и за Србија и Грција... па ќе видиме...
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 05-Feb-2012 at 23:48
Топ 100 најголеми работодавачи за 2010


Извор: Капитал
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 26-Feb-2013 at 13:00
Според богатството на шумите БиХ е прва на Балканот, седма во Европа





Според истражувањето на Светска банка околу 43 отсто од територијата на БиХ е под шума, која за жал нерационално и несовесно се користи


Последните години шумите станаа стратешки ресурси од кои многу земји во светот заработуваат огромни средства. Меѓутоа, некои земји со неконтролираната сеча полека остануваат без ова вредно природно богатство. Меѓу нив е и Босна и Херцеговина која наспроти неконтролираната сеча која трае со години и понатаму стои на самиот европски врв според шумското богатство.

Кога се работи за регионот на југоисточна Европа, повеќето земји од овој дел на светот се наоѓаат меѓу државите кои често се нарекуваат зелен рај на земјата. А според резултатите од истражувањето кое го спроведе Светска банка за 2012 година во областа на шумските ресурси, Босна и Херцеговина е најбогата земја со шума од сите земји во регионот на југоисточна Европа.

Имено, околу 43 отсто од територијата на БиХ е покриена со шума, т.е. речиси половина од земјата е обоена во зелено.

Шефот на Секторот за лов и ловен туризам на Јавното претпријатие Срајевошуме мр. Зејнил Берило, за агенцијата Анадолија потврди дека БиХ е една од најбогатите европски земји според шумското богатство.

- Дури, според бројот на жители, БиХ во Европа е држава со најголема површина на шимски ресурси. Поточно околу 50 отсто земја во БиХ е покриена со шума - рече Берило.

За споредба, Босна и Херцеговина според шумско богатство е два пати побогата од Белгија, три пати од Данска и речиси четири пати од Велика Британија. БиХ според шумските ресурси е пред многу држави економски развиени, како што се Кина, Франција, Германија, Италија и Соединетите Американски Држави.

Меѓутоа, Берило истакнува дека шумите во БиХ се користат нерационално и несистемски, па во разни делови на земјата постои илегална сеча.

- Само во кантонот Сараево има над стотина нелегални места за сеча. Исто така, официјално минатата година во Кантон Сараево околу 10.000 кубни метри дрва бесправно се исечени. Но, мислам дека таа бројка е три пати поголема. Ако вака се продолжи со бесправна сеча, ќе се намалат резервите на шуми што ќе предизвика намалување на природните извори на вода, нагол пораст на инсекти, гливични заболувања, итн. - тврди Берило.

Според истражувањето на Светска банка, по БиХ следат Црна Гора во која 40,4 отсто од територијата е покриено со шума, Македонија со 39,6 отсто и Хрватска каде 34,3 отсто земја е под шуми.

Најмалку шуми во регионот имаат Србија и Албанија, каде шуми покриваат 31, т.е. 28,3 отсто од цела територија. Од земјите од поширокиот регион на Балканот, најбогата со шуми е Словенија во која се наоѓа околу 62 отсто шума.

Освен тоа, Словачка има околу 40 отсто шуми, Бугарија 36, Романија 28 и Турција со околу 15 отсто шуми. Гледано на европско ниво, земја со најмногу шуми е Финска во која 73 отсто од територијата е обоена во зелено, а веднаш зад неа следат Шведска со околу 69, Словенија со 62 и Летонија со 54 отсто шума.

Според истражувањето на Светска банка, меѓу најбогатите европски земји во областа на шумските ресурси спаѓа и Естонија со 52 отсто, Австрија со 47 отсто, додека БиХ со околу 43 отсто шуми се наоѓа на високо седмо место.

Од друга страна, со шуми најсиромашни европски земји се Монако и Сан Марино, каде само 0,1 отсто од територијата е покриено со шума, а следат Исланд со 0,3 отсто, Ирска 10 и Холандија со околу 11 отсто шума.

Гледано на глобално ниво, најмногу шуми поседува Суринам каде околу 95 отсто земја е под шума, а следат Микронезија со околу 91 отсто, Американска Самоа со 90 и Габон со 85 отсто од територијата покриена со шума.

Од друга страна, држави со најмалку шуми во светот, освен Сан Марино и Монако, се и Оман, Катар, Египет и Либија, во кои шумите се само околу 0,1 отсто од целата територија. Според истражувањето на Светска банка, висок процент на шуми има Јапонија каде околу 69 отсто од територијата е под шума, Русија околу 49, додека САД има 33 отсто шуми и Кина со 22 отсто од шумското подрачје.

Имајќи предвид дека БиХ е на европскиот врв по покриеност на територијата со шума, Берило потенцира дека треба да се преземат мерки за да се спречи неконтролираната и непланска сеча.

- Конечно дојде време да се заштити овој вреден природен ресурс. Треба да се постават постојани шумски рампи, како во развиените европски земји и камери и да се следи прометот. Потребно е да се санкционираат сите тие кои се замешани во илегална сеча на шумите. На тој начин би се намалиле штетите за 90 отсто - вели Берило.

Тој истакнува дека властите во БиХ мораат да посветат многу поголемо внимание и грижа за овој природен ресурс.

- Во БиХ имаме еден парадокс, а тоа е дека постојат многу министерства, а немаме министерство за шумарство на државно ниво иако 50 отсто од земјата е под шума. Во многу европски земји основани се министерства за шуми и вода, поради економски и еколошки причини, бидејќи тие на време го сфатиле значењето и потенцијалот на шумите - рече Берило.

http://www.sitel.com.mk/spored-bogatstvoto-na-shumite-bih-e-prva-na-balkanot-sedma-vo-evropa

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 26-Feb-2013 at 19:25
1/7 од шумскиот фонд во РМ се наоѓа во Кичево и околните кичевски општини
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 26-Feb-2013 at 23:23
Ѓоко гледам ги бараташ процентите. Ме интересира дали бројката од 39,6 % шума во Македонија е точна и ако има некоја статистика за тоа како се движат овие проценти во изминатите години. Затоа што во Струмица и Струмичко шумата е „покољ! направена.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 26-Feb-2013 at 23:30
релативна работа е што е шума.има голема разлика помеѓу квалитетна дабова,борова и букова шума и оние прнарите кај Велес и останатиот дел од источна Македонија.И тие се водат како шуми но се работи за деградирана шума.Имам пријатели во македонски шуми и ќе се потрудам да ги дознаам вистинските податоци за шумите
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 13-Apr-2013 at 01:42


Датум: 12.04.2013, 18:25
НЕЕДНАKОВ РАЗВОЈ

Скопјани 3,5 пати побогати од кумановци и од кратовци



Во скопскиот регион се остварува најголем дел, дури 43,7 отсто, од вкупниот домашен бруто-производ (БДП) на државава, а сите преостанати плански региони, освен Пелагонискиот, учествуваат со помалку од 10 отсто

На североисток сиромашно, на југ малку побогато, а најмногу шанси за добра заработка има во административниот центар Скопје. Повеќедецениската лоша развојна политика во земјава придонесе Македонија да има исклучително нерамномерен економски развој меѓу главниот град и другите населени места. Во скопскиот регион се остварува најголем дел, дури 43,7 отсто, од вкупниот домашен бруто-производ (БДП) на државава, а сите преостанати плански региони, освен Пелагонискиот, учествуваат со помалку од 10 отсто. Статистиката покажува дека просечен скопјанец е за 3,5 пати побогат од жител на Kуманово, Kратово или Kрива Паланка, градови во Североисточниот плански регион, кој имаат најмало учество во креирањето на БДП на Македонија.

Триесет и двегодишниот Марко Илиоски oд Македонски Брод е дипломиран економист, магистер по маркетинг. Kако невработен со две малолетни деца ја плаќа цената на реалноста и на (не)развиеноста на градот каде што се родил и каде што живее со своето семејство. Едноставно, за него таму нема работа. Ако има среќа, од јуни ќе работи во Битола за каде што веќе има изгледи, но во Македонски Брод не. Градот пустее.

- Навистина ми е жал што во мојот град нема иднина за мене. А каде? Зошто да одам и да работам некаде на друго место каде што може да бидам обвинет дека им го земам работно место на некои жители од таму. Иако не е така и сите конкурираме со своите знаења и со квалитетите што ги имаме, сепак не е во ред што јас, всушност, сум принуден да бегам. Да бегам од пустелијата. За жал, каков тежок збор за моето гратче - вели Марко.

Децениската масовната преселба на населението во градовите, а особено во метрополата, придонесе да се опустошат македонските села и цели региони, а Скопје да добие статус на држава во држава. Во Скопје се сместени државната администрацијата, претставништва на најголемите фирми и банки, најголем дел од даноците се плаќаат во метрополата, но соодветно тука се троши и најголем дел од нив за што често има забелешки од жителите во внатрешноста.

Економска зона во секој град

За да се намалат разликите меѓу осумте плански региони: Вардарскиот, Источниот, Југозападниот, Југоисточниот, Пелагонискиот, Полошкиот, Североисточниот и Скопскиот, Владата подготви Стратегија за регионален развој во периодот од 2009 до 2019 година. Со неа е предвидена постојана финансиска поддршка за регионален развој од страна на државата во износ од 1 отсто од БДП, но и тоа засега се покажува како недоволно.

- Овој процент треба да се издвојува за секој од осумте плански региони во државата. Сепак, освен што не се исплатуваат овие пари од државниот буџет, постојано има тренд на намалување на финансиите за рамномерен регионален развој - вели Невзат Бејта, поранешен министер за локална самоуправа и новоизбран градоначалник на општина Гостивар.

Еден од плановите на Владата за да го забрза рамномерниот регионален развој е да се отворат индустриски зони во повеќе градови во внатрешноста. За таа цел, освен изградените технолошко-развојни зони кај Скопје, Тетово и во Битола, се отвораат и во Kичево, Прилеп, Гевгелија, Ранковце, Струга, Радовиш, Струмица и во други градови. Владата се обидува да го стимулира локалниот развој и со инвестиции во патната инфраструктура и во образованието.



- Ме радува дека и втората димензија на нашата стратегија за привлекување странски инвестиции се остварува, а тоа е влезот на фабриките на целата територија на државата. Ако порано с` беше концентрирано во Скопје, денес веќе и центрите како Битола, Kавадарци, Демир Хисар, Штип се на мапата на странските инвеститори. Ние многу се трудиме тоа да се реализира затоа што за нас е важно во секој дел од земјата да се создадат можности за вработувања согласно со стратешкиот концепт на еднаков регионален развој - изјави неодамна премиерот Никола Груевски.

Драстични разлики

Економистите што ги консултиравме велат дека ова е еден од пристапите за евентуално намалување на длабокиот економски јаз.

- Во суштина постојат два начина да се придонесе за поголем економски раст во регионите. Едниот е овој, односно насочена диригирана активност на Владата. За тоа мора претходна оценка за тоа во колкав обем и со што треба да се инвестира, треба да се испитаат природните и човечките ресурси за да се донесат правилни одлуки, на пример, за нови инвестиции. Другиот пристап е да се постигне ефект преку фискално израмнување. И за ова треба дополнителна анализа за остварениот економски резултат по општини, по кои може да се донесе одлука некои од градовите и од општините дополнително да се финансираат од државниот буџет - вели Томе Неновски, универзитетски професор.



Анализата на податоците за регионот покажуваат значајни разлики во условите што го одредуваат нивниот развој. Додека жителите на североисточниот регион се жалат дека државата во изминативе децении немала покрупни инвестиции таму поради што населението масовно се иселувало во потрага по подобар живот, во струмичкиот и во гевгелискиот регион ги уживаат плодовите од плодната почва и од климата, но и од близината на Грција. Според последните податоци за стапката на невработеност, во јужните делови од Македонија се намалува бројот на луѓе без работа, што не е случај со градовите во североисточниот дел на земјата. Бројките се толку различни, што се дури сурови. Лани стапката на невработеност во југоисточниот регион е само 9,3 отсто, а во градовите од североисток безмалку 60 отсто.

Скопскиот регион е најблиску до просечната статистика на државата, во главниот град стапката на невработеност е 30,7 отсто.

Полошка сиромаштија

Според податоците од 2010 година, Скопскиот плански регион со БДП на жител од 5.110 евра според стандардот на куповната моќ е далеку над просекот на земјата од 3.400 евра. Заедно со Пелагонискиот плански регион (3.600 евра), тоа се единствените региони со повисок БДП на жител од просекот на земјата. Потоа следува југоисточниот регион, односно секој жител на Струмичко во просек секоја година создава со 3.500 евра. Вардарскиот плански регион има БДП на жител од 3.300 евра, а во источниот регион годишно се содава нова вредност од 2.800 евра. Преостанатите четири региони имаат БДП на жител помал од 70 отсто од просекот на земјата. Најмал БДП на жител има во полошкиот регион (1.600 евра), но овој дел од земјата е најгусто населен.

Од Заводот за статистика посочуваат дека при користењето на податоците треба да се има предвид дека податоците за домашниот бруто-производ на жител во одделни региони во голема мера се под влијание на дневната миграција на работната сила. Таа придонесува во даден регион да се создаде БДП што не е резултат на резидентното население.

Големи разлики и во ЕУ

Во земјите од ЕУ се сретнуваат и поголеми регионални разлики, при што рекордот го држи Велика Британија каде што најбогатиот регион е 9,7 пати побогат од најсиромашниот регион. Но, забележливо е дека големите регионални разлики во БДП на жител се карактеристични за поголемите земји, како Велика Британија, Германија и Франција. Регионалните разлики во нивото на БДП на жител се далеку пониски во земјите од ЕУ со слична големина како Македонија. На пример, во Словенија тој сооднос изнесува 2,1, во Летонија и во Естонија 2,2, а во Литванија 2,5. Оттука се наметнува констатацијата дека Македонија се карактеризира со исклучително нерамномерен економски развој меѓу главниот град и другите населени места во земјата, несвојствен за мала земја по територија и по население.

Александра Томиќ, Марјан Блажевски


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=9FA179A997E6774BA530856175F0D720

Ретко читам долга статија за која немам ниту една забелешка кон новинарите (во случајов и истражувачи)!

Само овој дел е малку „he's dead because he's not alive“:


Со неа е предвидена постојана финансиска поддршка за регионален развој од страна на државата во износ од 1 отсто од БДП, но и тоа засега се покажува како недоволно.

- Сепак, освен што не се исплатуваат овие пари од државниот буџет...





Edited by гитардемон - 13-Apr-2013 at 01:49
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 13-Apr-2013 at 01:48
А да, само да прашам од кога тетовчани, дебарчани, кумановчани и кратовчани станаа преку ноќ тетовци, дебарци, кумановци и кратовци? Аман, скопци и битолци е следно? Скопска новинарштина

Многу бев изненаден од невработеноста од 60% во кривопаланечко и тој ќош на светот, но по мала размисла за тоа што сум го видел поминувајќи оттаму, нема ни што да ме чуди. А југоисточниот регион според мапава не е само Струмица и Гевгелија, туку малку поголем, така што ќе кажам само good job!
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 13-Apr-2013 at 02:04
Не треба да си изненаден од тој податок ,Северо-Источниот регион (Куманово,Крива Паланка и Кратово сите со околината) е најсиромашниот регион во Македонија од 2000 наваму односно откако се затворија и последните фабрики и рудници во тој регион кон крајот на деведесетите години доаѓа до целосен колапс на локалната економија во тој регион и назадување, што е втората лоша работа земјата не е толку плодна (иако е плодна ги нема истите услови како појужно) а и нема инфраструктура (автопат, железница па и локални патишта) што по автоматизам значи престанок на развојот, сето тоа продолжува и во последниве 15тина години па така доаѓаме до таа драстична разлика и невработеност.
Дополнително невработеноста во Куманово и околината се дооформи со затворањето на Б.С. во затвор пред неколку години, а локалната самоуправа не превзема ништо за средување на локалната инфраструктура и создавање на индустриски зони, а воедно и привлекување на инвеститори, од друга страна централната власт е сконцентрирана на веќе знаеме што и претежно на развој на југот неразмислувајќи дека северот се пресели во Европа и Азија.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 13-Apr-2013 at 02:10
На секој чекор слушам за запустеноста на истокот. Не дека не е така, ама бидејќи се разбира дека се мисли во рамки на Македонија, според овие податоци испаѓа дека не е баш така. Во рамки на државава, Источниот плански регион не стои толку лошо ниту по БДП, а изненадувачки добро за македонски услови стои по невработенсот. Исто така ако ги земеме на куп сите три источни региони, мизеријата на североисточниот регион се компензира особено со релативната просперитетност на југозападниот регион.

Кога зборат за запустеност на истокот, треба точно да се посочи кој дел од истокот е тоа - најмногу североисточниот дел.


Edited by Cloverstack - 13-Apr-2013 at 02:14
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.