build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Железничка алијанса на Југосферата

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Железничка алијанса на Југосферата
    Posted: 28-Jul-2010 at 08:46
Biznis na šinama

T. SPALEVIĆ | 27. jul 2010


Srbija, Hrvatska i Slovenija odlučile da započnu novu eru i formiraju zajedničko železničko preduzeće. Cilj je skraćivanje granične procedure i konkurentnost u prevozu robe.

ZAJEDNIČKO preduzeće srpske, hrvatske i slovenačke železnice moglo bi da počne sa radom već u oktobru ove godine. Proizvođači, koji svoju robu transportuju prugama mogu da odahnu, jer će ubuduće prevoz kroz tri države ugovorati samo na jednom mestu. A, kako će zahvaljujući zajedničkom preduzeću, železničke uprave efikasnije koristiti lokomotive, teretne vagone i smanjiti troškove, izvoznici mogu da se nadaju i povoljnijim cenama transporta.

Ako carinske, fitosanitarne i veterinarske kontrole na graničnim prelazima budu pojednostavljene odnosno eliminisane, od Ljubljane do Istanbula umesto za sadašnjih 57 “teretnjaci” će prugom stizati za 35 sati. Jer, trenutno teretni vozovi na svakom graničnom prelazu “izgube” oko pet sati. O kakvoj je uštedi reč najbolje govori podatak da se za zadržavanje jednog teretnog vagona plaćaju penali od 25 evra dnevno, a samo jedna kompozicija ima minimum 20 vagona.

- Ova zajednička priča odnosi se trenutno samo na prevoz robe, dok će se o prevozu putnika kasnije razgovarati - kaže za “Novosti” Dragan Grujić, direktor Direkcije za prevoz u “Železnicama Srbije”. - Definitivno cilj je da se skrate granične procedure. Eliminacija tih troškova zbog zadržavanja vagona, omogućiće nam da ponudimo klijentima jeftiniju uslugu.

Srbiju osnivanje zajedničkog preduzeća sa sedištem u Ljubljani praktično ništa neće koštati. Predlog ugovora o osnivanju biće pripremljen za 15 dana, a u petak će ministri saobraćaja triju zemalja potpisati da su saglasni sa namerama svojih železničkih uprava.

- Svaka železnička uprava imaće svoj deo - ističe Grujić. - Klijent iz Slovenije neće morati da se obraća srpskoj železnici već će sve ugovoriti po jedinstvenoj ceni u Ljubljani. Kada bude startovao izvoz automobila iz Srbije, “Fijat” će moći taj prevoz kroz Srbiju, Hrvatsku i Sloveniju da reši sa “Železnicama Srbije”. Srpska železnica imaće prihod za prevoz, koji realizuje na svojoj teritoriji, a isto važi i za Hrvatsku i Sloveniju. Valorizovaće se sve što svaka od železnica unosi u ovu priču.

http://www.novosti.rs/vesti/naslovna/aktuelno.69.html:294133-Biznis-na-sinama
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 28-Jul-2010 at 08:50

И слика од попишувањето на договорот на трите екс-ју држави (секако не и МК)

 

Edited by La Linea - 26-Aug-2010 at 02:02
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 30-Jul-2010 at 10:17

Железничка ЈУ - Алијанса без Македонија!?

вторник, 27 јули 2010, 18:56


Станува ли Македонија слепо црево во делот на железничкиот сообраќај. Во петок во Белград, Хрватска, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина, потпишуваат договор за формирање Алијанса на железниците. Идејата на проектот за кој паднал договор уште во мај во Опатија е да се овозможи поефикасен, порентабилен и побрз превоз на стоки и патници долж коридорот 10. Македонија била контактирана но засега не е на списокот земји потписнички на договорот, изјави за Алфа Златко Рогошар, директор во Хрватски железници:

„Последните разговори со Македонија ги водеа Словенечките колеги. Договорот што го постигнавме е отворен и се` уште е можно Македонија да пристапи кон него, што јас и го очекувам. Инаку на овој начин сакаме да излеземе од кризата, да се обидеме да функционираме на пазарен принцип. Договорот предвидува формирање Алијанса која во октомври ќе добие правна рамка и ќе се формира заедничко претпријатие. Зборуваме за единствен настап во комерцијална смисла, што значи во прво време да можеме да користиме заеднички вагони, а подоцна и локомотиви...

Зошто Македонија е надвор од овој проект и дали властите планираат да се вклучат во него денеска не можеше да се дбие одговор. Алфа писмено се обрати до министерството за транспорт и врски но оттаму не добивме каков било одговор. За идејата за формирање заеднички железнички систем на просторите на поранешна Југославија се зборува уште од крајот на деведесетите години на минатиот век. Договорот дава надеж дека регионот повторно ќе добие ефикасен и брз железнички транспорт. На Македонија чија железничка инфраструктура е во очајна состојба неопходно и е приклучување кон овој регионален проект за да не остане трговски и патнички изолирана.


Izvor: AlfaTV

Како што може да забележите, на Македонија одлично и оди во развојот на железницата и се плаши дека некаква унија може да ги загрози нејзините модерни локомотиви и вагони како и вековниот суверенитет на земјатаNuts!

Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 30-Jul-2010 at 12:16

... Станува ли Македонија слепо црево во делот на железничкиот сообраќај. Во петок во Белград, Хрватска, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина, потпишуваат договор за формирање Алијанса на железниците. ...

Ова дека и Босна и Херцеговина е во алијансата е потполно грешка.
Но тоа не ја менува нашата неактивност на КОРИДОР X.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 30-Jul-2010 at 12:42
Вакво нешто е нужно поготово за тие држави, зашто кога се пробивани тамо трасите во време на Југославија, немало граници од човек поставени. Пругите во тие држави во голема мера се безцелни ако се работат одделно. Македонија не е во тој кош. Македонија со својата железничка мрежа е на некој начин слеп колосек без гранични препокривања. Ова е мое мислење за една од причините.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 18-Aug-2010 at 12:24
Балканската железница тргнува на 1 октомври Белград, 18 август – Првиот воз на железничката Алијанса на Словенија, Хрватска и Србија треба да тргнепо балканските пруги на први октомври, потврдуваат од Алијансата.

Како што најави министерот за транспорт и врски на Србија, Милутин Мркоњиќ за „Б92“, до крајот на август треба да се прецизираат деталите за функционирање на заедничкото претпријатие.

Министрите на трите земји ќе ги претстават тие детали на состанокот во текот на септември.

Со формирање на заедничката железница, Србија, Хрватска и Словенија ќе овозможат побрз и поевтин транспорт.  / B92 /

http://zurnal.mk/mk/cont.asp?k=21208181242&s=251209112732&ID=18810102030
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 24-Aug-2010 at 09:35

МЖ ќе стане дел од екс-ју железницата

24 август 2010, 10:10
Извор: Макфакс

Македонија се приклучува на новата железничка иницијатива која ја предводат Словенија, Хрватска и Србија, јавија од „МЖ-транспорт.

Во јавноста се создаде погрешна слика дека Македонија не изразила подготвеност да учествува во новата железничка алијанса, вели за „Форум“, Оливер Дерковски, директор на „МЖ-транспорт“.

Македонија дефинитивно има желба да стане дел од железничката алијанса што дваесет години по распадот на СФРЈ решија да ја формираат Словенија, Хрватска и Србија, а чија цел е  поефикасен, порентабилен и побрз превоз на стоки и патници во регионот.

За таа цел Дерковски, на 31 август, годинава ќе отпатува за Словенија каде што на средба со раководството на словенечката железница ќе разговара за деталите околу вклучувањето на Македонија во овој проект.

„Во јавноста се создаде погрешна слика дека Македонија не изразила подготвеност да учествува во новата железничка алијанса. Вистината е дека трите земји-иницијатори на проектот тргнале со заедничка идеја со овој проект да се обедини работата на трите железници и да се привлече сообраќајот од Коридорот 4 кој преку Унгарија и Романија ги поврзува европските земји со Бугарија и Турција. Поради тоа, покана за учество на Македонија во овој проект најпрво воопшто немаше. Меѓутоа, отпосле беше сфатена значајноста на Коридорот 10, кој минува и низ Македонија по што следуваше и покана до нашата земја“, вели Дерковски.  

Тој вели дека македонската страна позитивно одговорила на поканата и дека сега дополнително ќе се договара на кој начин нашата земја би се вклучила во новата железничка алијанса.

„Станува збор за ново правно лице кое најверојатно ќе биде со седиште во Словенија, со оглед на тоа што единствено таа земја е членка на Европската Унија од сите останати земји-поранешни југословенски републики. За останатите детали јавноста ќе биде запознаена по состанокот во Словенија„, вели Дерковски. /крај/пд

http://www.time.mk/read/NONE/88c3c238b7/index.html
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 24-Aug-2010 at 19:46
Ова се однесува исклучиво на товарниот сообраќај, нудење на подобри услуги во товарниот сообраќај по целата должина на трасата на коридорот 10 врз кој што би се движеле без поголеми формалности и процедури, кои сега ја отежнуваат работата. Олеснувањата значат повеќе коминтенти, поголема заработка и поголема заработувачка за МЖ.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 24-Aug-2010 at 23:50
И истата вест во видео облик

Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 25-Aug-2010 at 13:40
Една поширока информација...

Македонија конечно ќе преговара за железничкото спојување


По три месеци неизвесност, Оливер Дерковски, директор на „Македонски железници-транспорт“, вчера обелодени дека „Македонија дефинитивно има желба да стане дел од железничката алијанса“ што решија да ја формираат Словенија, Хрватска и Србија. Останува нејасно зошто чекавме „посебна покана“ додека функционери од железничките компании на трите земји-иницијатори јавно ја повикуваа земјава да се приклучи кон заедничкиот проект.

По тримесечен молк и тактизирање од надлежните државни институции за проектот за заедничка железница на земјите од т.н. „Југосфера“, вчера од „Македонски железници-транспорт“ официјално потврдија дека и Македонија се приклучува на железничка иницијатива што ја предводат Словенија, Хрватска и Србија. - Македонија дефинитивно има желба да стане дел од железничката алијанса што дваесет години по распадот на поранешна СФРЈ решија да ја формираат Словенија, Хрватска и Србија, а чија цел е поефикасен, порентабилен и побрз превоз на стоки и патници во регионот - изјави за „Форум“ директорот на компанијата, Оливер Дерковски, кој на 31 август годинава ќе отпатува во Словенија, каде што на средба со раководството на словенечката железница ќе разговара за деталите за вклучувањето на земјава во овој проект. Како што објасни тој, во јавноста се создала погрешна слика дека Македонија не изразила подготвеност да учествува во новата железничка алијанса. Според него, трите земји-иницијатори на проектот тргнале со заедничка идеја овој проект да ги обедини работата на трите железници и да се привлече сообраќајот од Коридорот 4, кој преку Унгарија и Романија, ги поврзува европските земји со Бугарија и Турција. - Поради тоа, покана за учество на Македонија во овој проект најпрво воопшто немаше. Меѓутоа, отпосле беше сфатено значењето на Коридорот 10, кој минува и низ Македонија, по што следуваше и покана до нашата земја - вели Дерковски, истакнувајќи дека македонската страна позитивно одговорила на поканата и сега дополнително ќе се договара на кој начин нашата земја би се вклучила во новата железничка алијанса. Инаку, пред еден месец „Шпиц“ пишуваше дека земјава незаинтересирано седи со скрстени раце и на готово чека на покана за да се вклучи во заедничката железница уште од месец мај, кога беше постигнат договорот за формирање на алијансата, а во меѓувреме, високи претставници на железниците од трите земји-потписнички јавно порачуваа дека вратата е отворена како за Бугарија и Турција, така и за Македонија. За опозицискиот СДСМ останува отворено прашањето зошто земјава толку време чекаше на добра волја на Словенија, Хрватска или Србија да ја викнат да се приклучи кон железницата, наместо да покаже самоиницијативност и да се наметне како четврт партнер.
- Македонија веќе губи многу на економски план, пред се, во полето на туризмот, но и при извозот и увоз на стоки, поради тоа што е отсечена од регионот и Европа. Не знам зошто железници чекаа 3 месеци, како што владата чека со години да го обнови Коридорот 8 кон Бугарија - изјави Томе Чингоски од СДСМ, кој не верува дека државата ќе успее да влезе во проектот на регионалното железничко спојување, туку само создава лажна слика дека нешто работи. Мите Митевски од здружението за сообраќај при Стопанската комора на Македонија вели бизнисмените би имале голема корист од железничкото спојување, кое, според него, значи отворање кон пазарот. - Во услови на глобализација, секое олеснето движење на луѓе и стоки игра важна улога во бизнисот - изјави Митевски. Сепак, тој посочува дека треба да ги почекаме деталите од условите под кои земјава би се приклучила кон овој проект, кои ќе ги знаеме следниот месец.


Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 25-Aug-2010 at 16:19
I Crna Gora želi u železnicu

Beograd -- Ministar mora i transporta Crne Gore Andrija Lompar potvrdio je da su i crnogorske železnice zainteresovane da se priključe železničkoj alijansi.

Lompar se sastao sa Milutinom Mrkonjićem i potvrdio zainteresovanost železnice da se priključi sa makedonskim železnicama zajedničkom preduzeću Srbije, Slovenije i Hrvatske.

U saopštenju Ministarstava infrastrukture navedeno je da će o tome biti reči 8. septembra na osnivačkom sastanku u Beogradu, a želju da bude deo železničke alijanse ranije je izrazila i Makedonija.

Ministari Mrkonjić i Lompar razgovarali su i o modernizaciji železničke pruge Beograd-Bar. Prema studiji, koju finansira italijanska vlada, radovi na rehabilitaciji pruge bi koštali oko 330 miliona evra, a trebalo bi da počnu u septembru, navedeno je u saopštenju Ministarstva infrastrukture.

Na sastanku je bilo reči i o izgradnji autoputa od Beograda do Čačka, pa do granice sa Crnom Gorom sa srpske strane i od Bara do granice sa Srbijom sa crnogorske strane. Ministri su se saglasili oko zajedničkog nastupa u tom poslu sa turskim firmama.

Sastanku Lompara i ministra za infrastrukturu Srbije Milutina Mrkonjića prisustvovali su i direktori avio kompanija Srbije i Crne Gore, a u razgovorima je, kako piše u saopštenju, naglašen zajednički interes dve strane oko prevoza putnika na evropskim destinacijama i modernizaciji vazdušnih luka u Tivtu i Podgorici u saradnji sa srpsko-crnogorskom agencijom za kontrolu letenja.

http://www.b92.net/info/vesti/index.php ... _id=453992
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 25-Aug-2010 at 16:38
Зашто само Словенија, Хрватска и Србија ја потегнава оваја иницијатива.

На коридор IV идат 7.000 товарни воза, додека на коридор X само 1.000 воза, кон исток преко Унгарија и Романија со задна дестинација - Истанбул.

Со алиансата од Љубљана до Истанбул на коридор X сега идат во најдобар случај за 60 часа, со скратените процедури во алиансата би се добило да овој пат се пројде само за 40 часа, со сегашната состојба на пругите. Така да би била огромна конкуренција на коридор IV.

Од страна на алијансата се појави и варијанта да истото се дејстува и на правецот кон Атина т.е. Истанбул (помошен), па така и Македонија да се вкучи.

А од предходната вест накнадно и Црна Гора се јавува со правецот према Бар.

Така да новинарите и политиката малце да истражат па потоа да објават.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 26-Aug-2010 at 01:46
Оваа тема од сега ќе биде третирана во своја посебна нишка Cheers


Edited by La Linea - 26-Aug-2010 at 02:06
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 27-Aug-2010 at 16:56
На белградската железничка станица веќе можат да се видат дизел 0локомотиви со назнака „Коридор 10“ залепена над ознаката Железнице Србије. Тоа значи дека на проектот забрзано се работи, а со ова, претпоставувам дека ќе има одреден контингент на локомотиви коишто ќе работат во новото претпријатие од сите железници. 
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 06-Sep-2010 at 14:16

Ќе стане ли Македонија дел од Железничката Алијанса?

недела, 05 септември 2010, 15:31

Ќе стане ли Македонија дел од новата железничка компанија на Србија, Хрватска и Словенија која на први октомври треба официјално да почне да функционира? Новиот проект за кој во јули во Белград трите земји потпишаа договор е отворен и за Македонија, но се` уште нема ништо конкретно. Владата допрва ќе го разгледува ова прашање. Премиерот Груевски смета дека станува збор за позитивна иницијатива. Деталите ќе се разгледале на владина седница па пото ќе се известела јавноста.

Раководството на МЖ презеде конкретни активности дури откако беше потпишан договорот во Белград. Првиот човек на МЖ Транспорт, Оливер Дерковски кој минатата недела беше на разговори во Словенија најавува дека Македонија наскоро ќе биде вклучена во подготовките за проектот. Според Дерковски, ова е шанса за евентуално зголемување на приходот, а ефектите можело да се очекуваат од наредната година.

Седиштето на новата компанија инаку треба да биде во Словенија, како земја членка на ЕУ. Целиот проект има за цел да го направи поефикасен и побрз железничкиот сообраќај долж Коридорот 10. Според проценките, трите држави на годишно ниво од новиот концепт ќе имаат по околу 50 милиони евра добивка. На Македонија чија железничка инфраструктура е во очајна состојба неопходно и е приклучување кон овој регионален проект за да не остане трговски и патнички изолирана.

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=27229


Edited by pbanks - 06-Sep-2010 at 17:02
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 08-Sep-2010 at 12:11

Словенија, Храватска и Србија со заедничко железничко претпријатие?

Белград, 8. септември 2010 (ИНПРЕС)

Денеска во Белград треба да се сретнат претставниците на словенечката, хрватската и српската железница.

Тие ќе разговараат околу усогласувањето на предлогот за формирање на заедничко претпријатие со законодавството на трите држави. Целта е да се намали времето за транспорт на стоката на Коридорот 10.

Според помошник - министерот за инфраструктура на Република Србија Дејан Ласица, денеска и утре треба да се одвиваат сериозни преговори од кои се очекува дека ќе се добие основачкиот акт. Потоа владите на трите држави ќе мора да го потврдат основањето на заедничкото претпријатие.

- Првите возови веќе почнале да сообраќаат и настапуваат со заедничка понуда и цена, истакна Ласица.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 09-Sep-2010 at 13:52
Македонија и Црна Гора не влегоа во „југо-железницата“
Автор: Редакција ФОРУМ     14:43 | 09 септември 2010

Претставниците на словенечките, хрватските и српските железнички компании во четврток во Белград го потпишале протоколот за усогласување на основачкиот акти на заедничката компанија „Карго 10“ чија прва композиција треба да тргне на 1-ви октомври


Според информациите на Б92, Македонија и Црна Гора заради услови кои не се наведуваат во информацијата, не се согласиле да влезат во новоформираната заедничка компанија, но се наведува дека ќе бидат дел од пошироката заедница со компанијата.
Според коментарите во медиумите во трите држави со денешното потпишување практично е формирана заедничка компанија која ќе има цел да го скуси времето на транспорт на Коридорот 10.
Српскиот министер за инфраструктура Милутин Мркоњиќ најавил дека првиот воз ќе тргне на 1-ви октомври точно во 12 часот од железничката станица во Љубљана.
Во следните десетина денови документот треба да го ратификуваат владите на трите држави. Со компанијата ќе управуваат три директора, седиштето ќе и’ биде во Љубљана, а за прв директор е именуван Роберт Вуга.
Мркоњиќ најавил дека со ова здружување ќе бидат скратени царинските процедури  со што ќе се заштеди на време при транспортот.
„Заедничката железница ќе располага со по поет отсто од вкупниот број возови на железниците на трите држави, Во прво време не се планирани поголеми инвестиции, иако се потребни’, изјавил Вуга додавајќи дека оваа компанија треба да биде „значаен играч“ во железничкиот сообраќај, пишува Б92.

http://www.time.mk/read/9f249ec38c/562c8e0338/index.html

Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 09-Sep-2010 at 19:34
Изворната вест, со чуден наслов

Železnice "SHS" kreću od 1.oktobra
9. septembar 2010. | 11:14

Potpisan je protokol o usaglašavanju osnivačkog akta zajedničkog železničkog preduzeća Kargo 10.

Protokol su potpisali predstavnici srpskih, slovenačkih i hrvatskih železnica, u Vladi Srbije u Beogradu, čime je praktično formirano preduzeće, čiji je cilj smanjivanje vremena transporta na Koridoru 10.

Ministar za infrastrukturu Milutin Mrkonjić je tom prilikom najavio da će prvi voz krenuti 1. oktobra u 12 časova sa železničke stanice u Ljubljani.

Mrkonjić je objasnio da će u narednih 10 dana biti sve pripremljeno i da preostaje da osnivački akt potvrde Vlade sve tri države.

Preduzeće će imati tri direktora, sedište u Ljubljani, i zadatak da ubrzavanjem graničnih procedura značajno skrati teretni prevoz na Koridoru 10, odnosno od Ljubljane do Istanbula. Njen prvi direktor je Robert Vuga.

"Zajednička železnica će raspolagati sa pet odsto od ukupnih vozova železnica tri države i u prvo vreme nisu planirane veće infrastrukturne investicije, iako su potrebne", rekao je Vuga i dodao da će Kargo 10 biti "značajan igrač u železničkom transportu".

On je najavio da će biti skraćene carinske procedure na graničnim prelazima, kako bi vozovi zajednicke železnice brže saobraćali.

Železnice Srbije, Hrvatske i Slovenije imaće po trećinu udela u Kargu 10, a u istom procentu će biti deljen i profit.

Crna Gora i Makedonija, kako je danas rečeno, nisu pristale da udju u zajedničku železničku kompaniju, ali će biti deo šire alijanse i po tom osnovu imati odredjenu korist.

Dogovor o osnivanju zajedničke železničke kompanije Srbije, Hrvatske i Slovenije postignut je krajem jula ove godine, kaka bi se prevoz robe i putnika na panevropskom Korodoru 10 učinio efikasnijim, rentabilnijim i bržim, odnosno putovanje od Ljubljane do Istanbula skratilo sa sadašnjih 57 na 35 sati.

http://www.b92.net/biz/vesti/tema.php?id=140&nav_id=457527


Edited by Vladimir P - 09-Sep-2010 at 19:35
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 10-Sep-2010 at 11:27

Железничката алијанса не е Дедо Мраз

Во Македонија во никој случај не смее да се наметне лажен амбиент во кој на железничката алијанса ќе се гледа како на некаков економски „диносаурус“, кој ќе ги прифати сите вработени или отпуштени работници во железниците на сите држави-партиципиенти и автоматски ќе ги реши сите проблеми

%20
Претставници на железницата на Србија, Хрватска и на Словенија вчера во Белград го потпишаа протоколот за формирање заедничка железничка алијанса „Карго 10“. Протоколот треба да биде одобрен од владите на трите држави, а на 1 октомври од Љубљана да тргне првиот воз. Заедничката железничка компанија ќе располага со пет проценти од вкупниот број возови на железницата на трите држави. Македонија барем засега останува надвор од новата железничка алијанса.

Во хрватското министерство за сообраќај и транспорт ни потврдија дека во врска со новата железничка алијанса, односно новоетаблираното меѓународно претпријатие „Карго 10“, благодарение на медиумските шпекулации била создадена искривена претстава дека Македонија е индолентна и незаинтересирана да стане дел од тој модерен проект. Тие велат дека Македонија не била поканета само во првата, гамбит-фаза, додека не е афирмирана и разгледана вредноста на Коридорот 10, кој минува низ Македонија. Веднаш потоа Македонија е и официјално повикана да се придружи на проектот, со што е детално запознаен директорот на МЖ, Оливер Дерковски. Директорот на „Хрватски железници“, Златко Рогочар, кој ќе биде и еден од директорите во меѓународната фирма „Карго 10“, предупредува дека во Македонија во никој случај не смее да се наметне лажен амбиент во кој на железничката алијанса ќе се гледа како на некаков економски „диносаурус“, кој ќе ги прифати сите вработени или отпуштени работници во железниците на сите држави-партиципиенти и автоматски ќе ги реши сите проблеми. Рогочар сигнализира да не се прави никаква „подарок- еуфорија“, новата фирма нема да биде Дедо Мраз, а уште помалку некаква социјална институција. Станува збор за мала и ефикасна фирма, која ќе овозможи оперативна апликација и продажба на услуги, размена и дистрибуција на информации за цените и тарифите и полесно справување со условите на транспорт и ракување со процедурите. Во хрватското министерство за сообраќај и транспорт велат дека за Македонија можеби и најголема добивка во првата фаза ќе биде отворањето на можноста за користење и консумирање на претпристапните фондови на ЕУ за проектот на Коридорот 10. Тоа го потврдува и директорот во „Хрватски железници“, Златко Рогочар, кој нé извести дека Хрватска веќе ги користи средствата од претпристапните фондови на ЕУ, со што ги возобновува и репарира деловите на најфреквентните пруги.

И директорот во „Словенечките железници“, Роберт Вуга, кој ќе биде и прв човек на новата железничка алијанса, е задоволен што Македонија и оперативно ќе партиципира во новата фирма, која ќе има седиште во Љубљана. Тој потврдува дека е многу важно за Македонија да едуцира стручен и експертски кадар, кој ќе се придружи на меѓународниот раководен и технички персонал во „Карго 10“. Најдобри центри во кои е афирмирана железничко-транспортна практика и доктрина се Брисел и Лондон, па е пожелно и неколкумина од македонските стручњаци да бидат таму ад хок брифирани пред да се фатат со сериозна работа во алијансата. Вуга вели дека Словенија, покрај тоа што ќе го даде директорот на алијансата и што ќе биде седиште на новата фирма, ќе има и посебна одговорност и улога како членка на ЕУ, која мора да му го олесни на претпријатието пристапот на пазарот и да ја редуцира постапката за усогласување на транспортната легислатива. Инаку, Вуга додава дека земјите–членки треба да очекуваат намалување на трошоците и зголемена профитабилност, потоа етаблирање на заеднички вагонски пул и заедничка промоција на меѓународните саеми, при што и кооперативноста на Скопскиот саем ќе биде од полза.
 
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 11-Sep-2010 at 12:20
Изјава на директорот на МЖ Транспорт за А1 ТВ

Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.