build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Нови регистарски таблички

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 212223
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7066
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #441 Posted: 14-Feb-2016 at 15:43
Originally posted by Macedonicus

31 подрачје со по 10.000 комбинации (дека 4 цифри), испаѓа дека таблициве се проектирани за народ од 3.100.000 жители а ние сироти не сме ни 2 милиона

Ако планираа да воведуваат толку подрачја можеа да го сменат концептот, или да останеа 3 цифрени или да воведеа други комбинации, пример букви од азбуката (АА-001-AA)
ама има многу повеќе возила отколку што има жители, само во едно домаќинство има по две коли, а плус тука се и сите службени возила што постојат во земјава
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Могли View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 21-Apr-2015
Location: Битола
Online Status: Offline
Posts: 70
  Quote Могли Quote  Post ReplyReply #442 Posted: 20-Feb-2016 at 23:29
Originally posted by phenomenon

Originally posted by Могли

Дали некој знае од кога Македонски Брод има свои регастарски таблици (МВ)? Вчера поминував оттаму и се изненадив. Покрај ова, таму со таблиците е хаос - се возат три видови на таблици: старите од Охрид (ОН), новите од Кичево (KI) и најновите од Македонски Брод (МВ). Дали некој знае (освен тие што се наведени на Википедија) има и други кои се дополнително усвоени?


Да, има! И Македонска Каменица (МК), Демир Капија (DK), Валандово (VA), Дебар (DB), Kратово (KR), Пробиштип (PS).

https://ener.gov.mk/files/propisi_files/additional/17_489321877Правилник за изменување на Правилникот за регистра.pdf


Фала на одговорот. Значи сепак Крушево повторно извиси за свои таблички.
Back to Top
Teglarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 569
  Quote Teglarot Quote  Post ReplyReply #443 Posted: 08-Mar-2017 at 13:47
Нешто ново или на своја рака?

Back to Top
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 336
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #444 Posted: 08-Mar-2017 at 21:03
Не ми личи на своја рака, додадено е тире, можда се сменети.
ಠ_ಠ
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1572
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #445 Posted: 09-Mar-2017 at 09:35
Колку се плаќа за избор на табличка? Не за име да ти пишува селска работа е тоа туку за избор на бројка пр. SK 4321 00
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1320
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #446 Posted: 10-Mar-2017 at 00:36
Најверојатно е на своја рака, вчера видов нова табличка SK 1ХХХ AN со вообичаените елементи (кирично квадратче, без тире).
Иначе, има регистрации што завршуваат на АА во Скопје? Не сум видел ниту една досега.

Edited by Staro Skopje - 10-Mar-2017 at 00:39
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1572
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #447 Posted: 10-Mar-2017 at 09:43
"демек" владини биле тие
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 336
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #448 Posted: 14-Jun-2018 at 21:27
Ќе се мења кодот од МК во NM / NMK согласно договорот за името. Кој код би стоел боље на таблиците?





Edited by Macedonicus - 14-Jun-2018 at 21:29
ಠ_ಠ
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2343
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #449 Posted: 14-Jun-2018 at 21:43
Originally posted by Macedonicus

Ќе се мења кодот од МК во NM / NMK согласно договорот за името. Кој код би стоел боље на таблиците?


Oдиш веднаш на намакура?

https://www.ethnologue.com/language/nmk
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11922
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #450 Posted: 15-Jun-2018 at 02:14
Originally posted by Macedonicus

Ќе се мења кодот од МК во NM / NMK согласно договорот за името. Кој код би стоел боље на таблиците?

NMK, затоа што кога ќе се покрие N со лепенка, боја или слично, останува MK.

Јас така ќе направам. Но морам да појаснам, тоа не би бил мој чин на граѓанска непослушност кон мојата држава, туку мој среден прст кон грчкото силеџиство. Го поддржувам постигнатиот договор, колку и да ме разгневува, со надеж дека ќе бидеме доволно паметни и тактични за да истраеме наредните 10-тина години додека да им ги прешкртаме инструментите со кои не уценуваа минатите 27 години.  Потоа редно би било не само граѓаните, туку и институциите да почнат да си го бришат газот со договорот, баш онака како што грците си го избришаа газот со времената спогодба од 1995 година. Во такви услови, слободно нек се жалат во Хаг.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2014
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #451 Posted: 15-Jun-2018 at 12:00
Previous
 
Ако ја сметаш за твоја држава.
 
Јас не можам да сметам за моја држава било кој или било каков ентитет кој си го дава на себеси правото да одлучува кој сум и што сум јас по националност.
Back to Top
iGi_PoP View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 209
  Quote iGi_PoP Quote  Post ReplyReply #452 Posted: 15-Jun-2018 at 15:11
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by Macedonicus

Ќе се мења кодот од МК во NM / NMK согласно договорот за името. Кој код би стоел боље на таблиците?

NMK, затоа што кога ќе се покрие N со лепенка, боја или слично, останува MK.

Јас така ќе направам. Но морам да појаснам, тоа не би бил мој чин на граѓанска непослушност кон мојата држава, туку мој среден прст кон грчкото силеџиство. Го поддржувам постигнатиот договор, колку и да ме разгневува, со надеж дека ќе бидеме доволно паметни и тактични за да истраеме наредните 10-тина години додека да им ги прешкртаме инструментите со кои не уценуваа минатите 27 години.  Потоа редно би било не само граѓаните, туку и институциите да почнат да си го бришат газот со договорот, баш онака како што грците си го избришаа газот со времената спогодба од 1995 година. Во такви услови, слободно нек се жалат во Хаг.


Ako go potipsat dogovorot za promena na ime so Grcija ke vlezat vo istorija kako lugjeto koi ja prodadoa Makedonija za fotelja vo Sobranie i Vlada.

Sramota! Ako go imate dogovorot procitajte Artcle 7 tocka 2 i 3... se odrekuvame od cela istorija i na eden nacin prifakame deka sme izmislen narod od Tito... Sramota....
Zajko i kommpanija ke platat debelo za ova ako stvarno go potpisat dogovorot...
Ivanov e edinstven za sega koj sto odbiva da potpise.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1320
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #453 Posted: 15-Jun-2018 at 18:45
И за ова си има тема

Ќе ни треба време да ја поправиме штетата од 11 годишното перење мозоци...
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11922
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #454 Posted: 15-Jun-2018 at 19:04

@ iGi_PoP

Никој ништо нема да потпише во твое име, ќе имаш референдум кој ќе биде финална одлука, па гласај си онака каков што ти е капацитетот за расудување. Немој тука да продаваш приказни за предавници, доволно ги слушавме тие приказни 11 години (истите оние 11 години во кои од добитна позиција во спорот за името стигнавме до денешнава ситуација).

Иначе форумов се вика build.mk и би било убаво понекогаш да те видиме со посериозен придонес во дискусиите што се од доменот на нашиот интерес, наместо со постојано бистрење политика.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2014
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #455 Posted: 15-Jun-2018 at 22:32
Previous
 
Значи ако мојот глас на референдумот е спротивен на мнозинството гласови, тоа му дава право на мнозинството да одлучува како јас ќе се декларирам по националност ?
 
Дај не глуми лудило, одлично знаеш дека ова е однапред договорено и испланирано велепредавство на дело.
 
Идиотизмот наречен проект Скопје 2014, односно проект Македонија 2017 дојде во облик на бетон, стиропор, гипс картон и долгови, но бетонот може да се сруши, стиропорот и гипс картонот можат да се отстранат, а долговите можат да се платат.
 
Велепредавството кое се подготвува ќе остави рак-рана која ќе обележи цели генерации и нема пари со кои таквата рак-рана ќе може да се отстрани.


Edited by Dexter26 - 15-Jun-2018 at 22:36
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11922
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #456 Posted: 15-Jun-2018 at 23:30


Го употребуваш тој збор „националност“, но очигледно не знаеш што значи.

И стварно доста со ова крештење за велепредавство, ако толку сте запнале да најдете велепредавство побарајте го во 2007 и во 2008 година. Кога конечно се наѕираше пораз на Грција и дека ќе може да го решаваме овој апсурден спор под наши услови, односно откако ќе им ги анулираме оружјата со кои Грците не уценуваат, некој реши дека треба на аеродромот да му се стави дебилно име, реши да се слика поклонувајќи се пред карта на голема Македонија, реши да најавува изградба на споменик на Александар Велики на плоштад... и сето тоа на неколку месеци пред самитот во Букурешт. Еве повели една многу интересна дискусија од тоа време:



Но ние изгледа не учиме ни од сопствените грешки. Нема везе, ајде да изгубиме уште 11 години со самоуништувачки политики, да продолжиме да чекориме наназад, да тонеме и да гниеме, па да видиме во 2029 каква спогодба ќе ни биде понудена, ако тогаш воопшто бидеме фактор за макар формално да не прашаат.

Bash



Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2343
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #457 Posted: 16-Jun-2018 at 10:12
Originally posted by Cloverstack

Го употребуваш тој збор „националност“, но очигледно не знаеш што значи.
И стварно доста со ова крештење за велепредавство, ако толку сте запнале да најдете велепредавство побарајте го во 2007 и во 2008 година. Кога конечно се наѕираше пораз на Грција и дека ќе може да го решаваме овој апсурден спор под наши услови, односно откако ќе им ги анулираме оружјата со кои Грците не уценуваат, некој реши дека треба на аеродромот да му се стави дебилно име, реши да се слика поклонувајќи се пред карта на голема Македонија, реши да најавува изградба на споменик на Александар Велики на плоштад... и сето тоа на неколку месеци пред самитот во Букурешт. Еве повели една многу интересна дискусија од тоа време:
Но ние изгледа не учиме ни од сопствените грешки. Нема везе, ајде да изгубиме уште 11 години со самоуништувачки политики, да продолжиме да чекориме наназад, да тонеме и да гниеме, па да видиме во 2029 каква спогодба ќе ни биде понудена, ако тогаш воопшто бидеме фактор за макар формално да не прашаат.
Bash




Koja гаранција имаш дека Грција ќе се придржува до тој договор и нема и понатаму да не блокира за да влеземе во ЕУ и НАТО? Кој договор Грција испочитувала досега? А и зошто да почитува, кога за тоа не сноси никакви последици?

Ние сега сме во ситуација како кога момче лаже мома и ѝ вели:„Купи венчаница, направи фризура, купи прстени, смени си го презимето во сите твои документи - изводи, лична карта, пасош, возачки дозволи, лиценци, имотни листови и сл., а дури тогаш ќе почнеме преговори за да започнеме евентуална врска“.

Според тебе, дали момата треба да се согласи на ваков предлог?
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2014
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #458 Posted: 16-Jun-2018 at 12:09
Originally posted by Cloverstack




Го употребуваш тој збор „националност“, но очигледно не знаеш што значи.

И стварно доста со ова крештење за велепредавство, ако толку сте запнале да најдете велепредавство побарајте го во 2007 и во 2008 година. Кога конечно се наѕираше пораз на Грција и дека ќе може да го решаваме овој апсурден спор под наши услови, односно откако ќе им ги анулираме оружјата со кои Грците не уценуваат, некој реши дека треба на аеродромот да му се стави дебилно име, реши да се слика поклонувајќи се пред карта на голема Македонија, реши да најавува изградба на споменик на Александар Велики на плоштад... и сето тоа на неколку месеци пред самитот во Букурешт. Еве повели една многу интересна дискусија од тоа време:



Но ние изгледа не учиме ни од сопствените грешки. Нема везе, ајде да изгубиме уште 11 години со самоуништувачки политики, да продолжиме да чекориме наназад, да тонеме и да гниеме, па да видиме во 2029 каква спогодба ќе ни биде понудена, ако тогаш воопшто бидеме фактор за макар формално да не прашаат.

Bash



 

 
Националното определување е лично право на секоја индивидуа, а не право на некоја држава да одлучува како некој(а) треба да се декларира по националност.
 
И те молам не ги вади грешките на старата влада, тие повеќе од 1 (ЕДНА) година се` во опозиција, а гејците не бараат менување на уставното име на Македонија од 2007/2008 година, туку уште од раните 1990-ти години, што говори дека коренот на проблемот не е во тоа што се случувало во 2007/2008 година, туку во самото постоење на македонската држава и на македонската нација.
 
Ако 11 години одбивање за менување на уставното име на македонската држава за тебе е уназадување, тогаш браво за тебе, толкав ти е менталниот капацитет, за мене прашањето на името на државата и националната декларативност на еден народ е домашно прашање во кое не треба да се меша никој од надвор.
Back to Top
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 336
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #459 Posted: 16-Jun-2018 at 14:53
Пак мешате круши и јаболки, но не сте вие криви, погрешната практика на медиумите и македонистите доведоа до забунава.
Националност не е етничка припадност или етникум (кај нас погрешно се кориси терминот пр “Што си по националност?” Сите граѓани на РМ се по националност македонци, тоа е врската на државата со индивидуите. Во Британските пасоши стои Nationality: British Citizen. Со договорот за името се додава само граѓанин на Северна МК (Macedonian/Citizen of North Macedonia). Тоа е исправно и точно. Етничкото декларирање е право на секој граѓанин и тоа никој не може да го преговара или одзеде впрочем тоа го кажуваат и од Грчка страна - ние признаваме македонска националност во правна смисла, не признаваме македонски етникум - ќе ги нарекуваме славомакедонци но не можеме да им забраниме да се самодекларираат како македонци. Значи еден граѓанин на РСМ ќе биде по националност македонец а по етникум: македонец, албанец, влав итн. Се надевам појасно е
ಠ_ಠ
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1572
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #460 Posted: 20-Jun-2018 at 22:36
Државата може да се вика и "банана" (како што и е) и тоа не го менува фактот дека по националност си македонец и говориш македонски како мајчин јазик.
Јазикот е признат од Обединети Нации пред 40 години, а слободата за самоопределување е цивилизациска придобивка, патем можеш да се пишеш и "марсовец" и ќе мора така да ти стои во сите документи. Просто е.
Македонецот по националност е македонец дури и кога живее во Австралија. Освен кога има бугарски пасош тогаш е само бугар.
Северна Македонија е по кул. Нека знае цел свет дека територијата не многу поголема од 25.713 км2!!!
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 212223

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.