build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Нови регистарски таблички

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 24>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
blejdsk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 319
  Quote blejdsk Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 19-Feb-2009 at 17:13
SO SE DESI SO TABLICIVE ????

NEKOJA INFORMACIJA ??



Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 19-Feb-2009 at 17:17
Originally posted by blejdsk

SO SE DESI SO TABLICIVE ????

NEKOJA INFORMACIJA ??


Штама... се надевам во функција на редизајн или на табличките или на грбовите на општините
Back to Top
blejdsk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 319
  Quote blejdsk Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 19-Feb-2009 at 17:41



Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 19-Feb-2009 at 18:10
Во чекање исход од процесот со Грција! Барем тогаш заглави тамо кај натписите MACEDONIA и MK коитребаше да стојат на таблиците!
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4750
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 19-Feb-2009 at 18:52
.

Edited by гитардемон - 15-May-2011 at 21:59
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 21-Mar-2009 at 03:20
Македонските регистарски таблички најлесен „бренд“ за фалсификување

Македонските регистарски таблички по се изгледа се најлесниот „бренд“ за фалсификување, како дома така и во соседството. Тоа го потврдува и информацијата од Србија, каде што во неколку полициски акции биле запленети куп фалсификувани македонски таблички. Табличките биле пронајдени при претрес во домовите на четворица фалсификатори во Нови Пазар, кои имале комплет опрема за фалсификување регистарски таблички, пасоши и визи. Освен македонските регистарски таблички, кај нив биле пронајдени и фалсификувани српски и босански таблички, кои ги изработувале по нарачка. Само во Скопје постојат десетици дуќани што изработуваат фалсификати. Станува збор за спојување на доброто и корисното. Муштериите добиваат отпечатен фалсификат на табличката што ја загубиле и си заминуваат без да тераат процедура и да висат по шалтери со минимален трошок од 300 денари. Печатарот нормално си тера бизнис и си става пари во џебот, а државата досега нема уапсено ниту еден изработувач на фалсификувани таблички. Иако сообраќајните патроли секојдневно фаќаат десетина возачи што покрај едната оригинална имаат и една фалсификувана табличка.

Образложението на возачите е дека едноставно морале да си направат фалсификат оти оригиналните таблички поради техничката несовршеност на закачување на автомобилот паѓале и „ветар кога ќе дувнел“.

- Немам време за да ја чекам целата процедура, со која треба вадење нова сообраќајна дозвола и се од почеток, а згора на тоа и треба да ги платам истите трошоци што веќе еднаш сум ги платил. Зошто да плаќам кога иста табличка можам да купам за 300 денари. Проблемот може да се сузбие веднаш ако го вратат стариот систем, кога табличката беше директно зацврстена на автомобилот, па ништо не можеше да ја бутне, или пак некој да ја украде - вели возач што користи фалш-таблички.

Изработувачите на таблички имаат полни раце работа и кај нив секојдневно одат возачи што бараат соодветна табличка за загубената. Сообраќајците ги казнувале само ако автомобилот возел без таблички или само со една табличка. Ако имал една добра, а една фалсификувана, можело да им се прогледа низ прсти.

- Луѓето доаѓаат и бараат да им изработам таблички и коментираат дека не им се исплати да вадат нови бидејќи како што кажуваат тоа било скапо, а овие изработки им се евтини и и служат до наредна регистрација на возилото - вели сопственик на фирма што изработува таблички.

Од Авто-мото сојузот информираа дека тие не се надлежни за решавање на тој проблем и дека кај нив се вршат техничките прегледи и се подготвуваат потврдите за таблички, а за нивната изработка и издавање одговорно било МВР.

Од МВР потврдуваат дека за една загубена табличка е потребно целосно менување и добивање нов регистарски број бидејќи загубената табличка може да биде злоупотребена од трето лице.

- Во случај една од поставените две таблички да биде загубена, потребно е целосно менување на табличките, а тоа значи добивање нов регистарски број. Целата процедура е сложена, но се е со цел за да се заштити сопственикот на загубената табличка бидејќи таа може да биде злоупотребена - велат од секторот за сообраќај при МВР.

Истиот проблем се јавува и со третата табличка за товарна приколка или за камп, па според МВР таа дополнително се изработувала по пријава на сопственикот, а според нив бројот на третата табличката не бил ист со табличките на возилото.

Според информациите од МВР, ваквите случаи со фалсификувањето на табличките и нивната масовна употреба најчесто биле откривани при вечерните сообраќајните контроли. Тоа било затоа што фалш-табличките не се флуоресцентни и не рефлектираат светло. Според нив, најчесто вакви таблички користеле возачи на кои им се регистрирани автомобилите, но имале загубено една табличка.

Н.Македонија - Драган Јованов - 25.10.2008

Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4750
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 13-Jan-2010 at 01:23



Што им фали да бидат вакви?

Edited by гитардемон - 13-Jan-2010 at 20:13
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 13-Jan-2010 at 03:43
Имаат МК на нив

ти ја правеше оваа ?
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4750
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 13-Jan-2010 at 04:05
од онај автобусот што го направив во скечап скриншотови се (и таблици кладов)
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 13-Jan-2010 at 04:25
Па такви и треба да бидат, само што на нив има и некои флуоресцентни делови што не се гледаат, а тоа е името на државата испишпано вертикално веднаш до плавата лента и тогаш се јави добро познатиот проблем и све се заташка.
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 13-Jan-2010 at 08:43
Инаку топ се таблициве - одамна имав чуено за идејава и мислам дека треба со вакви. И посебно е добро тоа што ќе имаат грб на секоја ОПШТИНА мислам - освен не знам како би било за Град Скопје, дали ќе е со грб на градот или на секоја општина посебно.

Инаку видов погоре - грбот на општина тетово нема фрагменти - од симболи на туѓа држава, а ми се чини само на општина Зајас е тој случај.
Back to Top
46&2 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 347
  Quote 46&2 Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 13-Jan-2010 at 12:59
Мене новите таблици ми се утка. Пренападни, очигледно копија на словенечките кои исто го имаат тој германски фонт, и грб од секоја општина. А дали е потребно да се ставаат грбови за држава од два милиони со 25000км квадратни, ја мислам дека не е. Прво тие наши грбови, се просоцијалистички, релативно нови, многу од нив се лошо направени итн. итн. Мислам дека половина од граѓаните не ги ни знаат како изгледаат. За разлика од Словенија,Австрија, Швајцарија каде тие грбови се стари и по неколку века. Плус сигурно и ќе кошта изработката на вакви таблици повеќе.
Мислам дека што поедноставно, тоа поубаво.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 13-Jan-2010 at 13:27
Малку е замешано со тие грбови. Низ свет обично тоа се грбови на региони кои функционираат како втор степен на децентрализација (Македонија е мала па нема нешто вакво) и се стари како што кажа по неколку века. Во Македонија и да сакаме да ги употребиме немаме начин. Не сите општини имаат свои автознак па така помалите општини се регистрираат под автознакот на поголемите. Е сега кој грб ќе се употребува, тој на регистрационата општинаили на местото на живеење на сопственикот?! До сега имаше некоја дистинкција по општини, се делеа буквените опсези од вторите две букви, така да и сега вероватно би можело да се подели со грбовиве, ама сепак ова е финеса што може и со простор за налепница да се реши, па опционо. Да имавме региони како околниве земји ќе беше сосема јасна ситуација така да излишно е кај нас да се трудиме нешто такво да спорведеме. Немаме техничка можност, а за други да не дискутираме. Башка тие региони низ Европа се скоро колку Македонија големи па најдобро би ни било државно знаме или само цртка.

А фонтот ќе биде германскиот, се сеќаам така се најавуваше.
http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/3/30/FE-Schrift.svg


Edited by lslcrew - 13-Jan-2010 at 13:28
Back to Top
46&2 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 347
  Quote 46&2 Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 13-Jan-2010 at 16:27
Лсл тој модел ти што го спомнуваш најчето се применува кај држави кои што немаат кратенки од две или една буква од градот (пр. СК, КУ) туку се користи посебен шифриран метод каде секоја област има одредена буква која нема врска со името и на таков начин се добиваат повеќе комбинации од бројки и букви за да не се истрошат. Такви примери се Италија и Франција кои што имаат ист распоред на бројки и букви како нас. Е сега како го решиле они проблемот да има информација за регионот на таблицата, бидејќи се добиваат илјадници комбинации. Французите со нивните најнови таблици го имаат решено многу елеганто. Преку знаци, обележја на своите области кои се многу модерно изведени и кои стојат во десниот агол на таблицата.

Мапа со областите

Каде се наоѓа тој дел на таблицата


Италијаните го имаат решено тој проблем со нумерација


И кај нас има направено некаква нумерација, за прва втора општина, трета итн. што се под иста главна општина. Само што тие делови од таблица се скриени и само на силно сонце се гледаат.

Значи заклучок. Нам не ни требаат ниту такви модели ниту грбови. Со овој нив модел Французите имаат да остварат 50 милиони комбинации, што за нив е сосема доволно. Ние дали имаме едвај половина милион. Спомнуваш грб од држава, епа така ќе добиеме идентични табли со Хрватска, Србија (има нови со грб). И јас се согласувам дека цртката или печат е најдоброто и најелегантното решение.
Back to Top
46&2 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 347
  Quote 46&2 Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 13-Jan-2010 at 16:30
Originally posted by гитардемон

од онај автобусот што го направив во скечап скриншотови се (и таблици кладов)


А зошто на кирилица ???
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4750
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 13-Jan-2010 at 17:46
Не е на кирилица. Личи дека е на кирилица. CK сфати го како латинично ЦК Нешто како финтата на Бугарите. Или Прилеп би бил РР, ама сфати го како кирилично RR. Сепак зошто да биди на латиница? Или ако сакаш на нашки: можат Бугарите и Грците, можеме веројатно и ние до толку.

Ете ги буквите кои би биле дозволени во таблиците:

A B C E H J K M O P S T X У 3

Ако не се доволни, секогаш може некоја друга комбинација не мора да биде СК - 123 - АА, може СКА - 123 или СК - 123 - А1


Edited by гитардемон - 13-Jan-2010 at 17:51
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
46&2 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 347
  Quote 46&2 Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 13-Jan-2010 at 17:53
Originally posted by гитардемон

Не е на кирилица. Личи дека е на кирилица. CK сфати го како латинично ЦК Нешто како финтата на Бугарите. Или Прилеп би бил РР, ама сфати го како кирилично RR. Сепак зошто да биди на латиница? Можат Бугарите, можеме веројатно и ние до толку.
Има логика и така да се направи, само што кај Бугарите отсекогаш е Софија С и Ќустендил КН. Тоа значи и дека сите после ќе мораме да менуваме и скроз комбинации на таблици. Нема да има пола букви од латиница во вториот дел, ќе можат да се користат само десетина. А В К М Н О Ј Т Р  

Edited by 46&2 - 13-Jan-2010 at 17:53
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 13-Jan-2010 at 19:56

Инаку видов погоре - грбот на општина тетово нема фрагменти - од симболи на туѓа држава, а ми се чини само на општина Зајас е тој случај.
[/QUOTE]
 
ne, znaci crveno  ja imaat i makedoncite i albancite po znaminjata.
e sega, zolto e za sonceto sto ja ima makedoncite a crna e za  albanskiot zname
da zajaz ja ima recisi isto ko albanija, a za aracino mislem deka i taa ima ama ne sum siguren.
 
spored mene ova e tazno sto se slucuva vo mkd( ova opstina ima poveke makedonci, aj neka bide grbot makedonski, .. poveke albanci aj albanski grb. itn.)
 
mene ke mi bese milo da imavme site edno znam za drzavata, a posebno zname za sekoj narod)Roll%20eyes
 
ama sekoj misli nesto druge i toa e toaBig%20smile
 
izvinite izbegav od temava
 
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4750
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 13-Jan-2010 at 20:10


Има логика и така да се направи, само што кај Бугарите отсекогаш е Софија С и Ќустендил КН. Тоа значи и дека сите после ќе мораме да менуваме и скроз комбинации на таблици. Нема да има пола букви од латиница во вториот дел, ќе можат да се користат само десетина. А В К М Н О Ј Т Р  


Да, ама Јамбол пак отсекогаш беше Я, сега е Y.

И кај нас отсекогаш е BT за Битола, PP за Прилеп (откако престана да биде BT), само што сега ќе биде OX за Охрид, СК за Скопје (иако и сегашните варијанти се прифатливи според тие комбинации), СР (или СТ) за Струмица, и слично.

Е сега градови како Штип или Гостивар, според мене е најпаметно да бидат обележани со првите две достапни букви, како на пример ОС за Гостивар, а АС за Штип (од Астибо). Би можело ете или СТ (од ŠT), ама тоа нема смисла.

Би можело да има и жолти таблици TA, или TX за такси возилата (со што ќе се стави ред кој е таксист, а кој си развозува луѓе без врска).

Исто така возила кои не плаќаат давачки и такси (пример на владата, на општинските институции), би можеле да имаат други таблици (како досега оние со зелена подлога).

А грбовите... Па или секој од шесте статистички региони да си има свој грб и таблиците да го носат тој грб, или пак и да е колата од Могила, ако има таблица BT, ќе си го има грбот на Битола.

Знам дека ова е утопија, не се способни да се договорат за најпроста работа, а не пак да мислат на ова.

Edited by гитардемон - 13-Jan-2010 at 20:11
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4750
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 17-Mar-2010 at 21:23
Пак јас со мојата идеја за новите таблички, но не се сите готови.


Таблици за возило на физичко или правно лице.
Комбинациите остануваат како досега.




Варијација на таблици за возило на физичко или правно лице.
Комбинациите остануваат како досега.




Таблици за возила на јавна служба (општински возила и сл.)
ЈС значи јавна служба, а СК на крајот е за Скопје. HASC кодот MK.CE е кодот за општина центар.




Варијација на таблици за возила на јавна служба (општински возила и сл.)
ЈС значи јавна служба, а СК на крајот е за Скопје. HASC кодот MK.CE е кодот за општина центар.




Таблици за возила на јавниот превоз. АВ е за автобус. Резервни варијации, АУ, АТ, АС.




Таблици за такси возила. TX е за автобус. Резервни варијации, ТА, ТК, ТС.





Таблици за тешки товарни возила со димензии кои ги надминуваат нормалните. ТВ е за тешки возила. Досегашната боја на овие таблици беше зелена, но тоа ми асоцира на нешто нормално, а црвено на нешто опасно, па подобро е да бидат црвени.



Кодовите за градовите би биле:

BT - Битола
PP - Прилеп
CK - Скопје
OX - Охрид
TE - Тетово
CP - Струмица
AC - Штип
BE - Велес
КУ - Куманово
OC - Гостивар
KO - Кочани
PA - Радовиш
KA - Кавадарци
CT - Струга
КP - Крива Паланка
KB - Кичево
ЕВ - Гевгелија

Како што имав кажано, дозволените букви во табличките се само тие што ги има и во латиницата и во кирилицата: A, B, E, 3, S, J, K, M, H, O, P, C, T, У, X.

Грбовите на општините кои се појавуваат на таблиците би зависеле од тоа кој код го носи табличката, а не од која општина е возилото. Ако е од Општина Зајас, ќе си го добие грбот на Кичево бидејќи ќе има таблички КВ. Ако е од општина Чаир или Ѓорче Петров, ќе си го носи грбот на град Скопје, бидејќи носи код СК. Од Општина Новаци и Могила ќе го имаат грбот на Битола бидејќи го носат кодот на Битола.

Не сум готов со сите таблички (земјоделски, за странци, полиција, пожарна и АРМ), ќе ги постирам и нив. Детска радост

Edited by гитардемон - 17-Mar-2010 at 21:26
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 24>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.