build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Нови регистарски таблички

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 24>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
46&2 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 347
  Quote 46&2 Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 17-Mar-2010 at 22:37
Еве што ископав од сајтот на мвр
Дефинитивен изглед како ќе изгледаат табличките и морам да кажам дека ми се свиѓаат многу. Претходната слика што ја имавме беше правена во пеинт од некој нерелевантен и затоа изгледаа лошо.
 
 
Гитар брат имаме иста пасија по регистарски таблички Big%20smile и ја имам направено неколку визии како би сакал да игледаат мк таблиците ама далеку сум од ова што го имаш ти разработено а и немам време. Си ги заборавил и коцкастите таблици кои се најчести заедно со правоаголните цивилни Smile


Edited by 46&2 - 17-Mar-2010 at 22:44
I use public toilets and I piss on the seat.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4750
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 17-Mar-2010 at 22:52


Абе најголеми се од сите, не ги виде? Еве пак!



Ме иритира употребата на латницата и покрај тоа што официјална политика на државата е да тврдиме дека ние сме ја измислиле кирилицата.

Edited by гитардемон - 17-Mar-2010 at 22:55
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
46&2 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 347
  Quote 46&2 Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 17-Mar-2010 at 23:13

Упс грешка Big%20smile Најголем проблем според мене не е фонтот дали е кирилица или латиница туку самите грбови. Еве и самиот гледаш грбот на Скопје е тотална утка, социјалистички, пејсажен, нема хералдички елементи, катастрофални бои итн. итн. Уште 80 посто од грбовите во МК се такви, а најголема трагедија за скопскиов е што не е новокомпониран туку е одамна и никој не превзел ништо во врска со тоа.

Како што кажав и порано ја повеќе сум за латиничен фонт од едноставна причина практичност и навика на досегашните ознаки. Како второ не сфаќам зошто упорно го форсираш бураскиот модел (и со таблици од јавен транспорт), мене тој воопжто не ми е добар. Еве ти еден пример за тоа. Софија одамна си ги истроши комбинациите со С буква затоа што такви букви што ги има и во латиница и во кирилица се малку за да се изведат многу комбинации. Сега има СА Roll%20eyesLaugh
I use public toilets and I piss on the seat.
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 17-Mar-2010 at 23:19
А заборавивте дека ќе дојде време кога ќе треба да се додаде уште една цифра на таблициве?
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 17-Mar-2010 at 23:25
Гитар по која логика некој би требало да носи грб на туѓа општина. Тоа е само дополнителен елемент и треба да си е според адресата на живеење на сопственикот. Обично се делат и опсезите по градовите. Па се знае кој опсег по дкој град е. Е сега доколку да речеме некој од Свети Николе купи кола од Штип нема потреба да ја менува таблицата туку на прва регистрација да си добие само амблем на својата општина. Кај нас всушност во децентрализацијата ги нема регионите како најнормална појава, оние природни региони на поголемите градови. Ги нема како последица на злоупотребување на најмалите единици на локална самоуправа во етнички, политички и секакви цели. Што па тогаш ќе биде ако ги има? Тогаш ќе немавме дилеми кој грб да треба да се постави, нормлано тоа ќе беше грбот на општината. Да имавме региони префиксот на таблиците ќе биде од името на регионот, а опсезите во суфиксот да бидат општините. Ај може некогаш во подобри времиња ќе имаме нормална локална самоуправа.

Во однос на азбуките, овој бугарскиот модел ми изгледа доста интересен, ама не би го применил воопшто.

А онаа скицата што ја постираше 462 малку ми е збунувачка, поради тоа што мислам дека е од официјалните потекнува, а мислам дека фонтот требаше да биде германскиот, а да оваа скицата се обични букви.
Back to Top
46&2 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 347
  Quote 46&2 Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 17-Mar-2010 at 23:25
Originally posted by Supervisor

А заборавивте дека ќе дојде време кога ќе треба да се додаде уште една цифра на таблициве?
Само на скопските. И тоа за брзо време.
 
Иначе сега приметив Гитардемон дека грбот ти е инверзен, калето треба да стои од десна страна. Question
I use public toilets and I piss on the seat.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 17-Mar-2010 at 23:29
@ gitar

Пред се добри идеи имаш, кои во доста сегменти се разликуваат од моите предлози. Ми се чини дека си избрал еден хибрид на бугарско - словенско решение, кои и двете ми допаѓаат многу.
Пред се поздравувам што си ја избрал кирилицата (односно оние букви кои се графички блиски со латиницата), но не се држиш доследно до тоа. Да речеме Битола си ставил ВТ, а тоа значи Витола. Го имаме апсурдот од Пловдив (РВ) кога првата буква е латинична а втората кирилична, што е збунувачко. Јас разбирам дека на Битола најубаво и прилега кириличниот код БТ, но заради Б-то тоа отпаѓа. Би имало две решенија: или кодот да биде од првите две букви кои соодејствуваат со латиницата ТО, или кодот да биде во форма Y(Y) - NNN - XX, демек некои градови да имаат префикс со една, а некои со две букви.
Потоа да се префрлам на грбовите на општините. Како што сам знаеш дека во Македонија го нема средното ниво на власт, односно областите/регионите, тогаш неможе општини кои спаѓаат во територијалната ознака на Битола (Ресен, Крушево, Демир Хисар...) да го носат грбот на Битола. Тоа е непотребно. Мислам дека покрај ознаката за Битола Y(Y) секоја општина што гравитира кон битолските ознаки треба да си го носи својот амблем. Така е во Словенија и немал број други држави (тоа е Австриски модел всушност), а досегашната диференцијација со последните две букви ми е многу глупава и несфатлива за непознавачи.



Потоа, сметам дека кодот ЈС е непотребен и тоа може да се реши на најразлични начини. Еве како тоа е решено во Словенија: Распоредот на броеви и цифри на таблицата е заменет, при што наместо Y(Y) - NNN - XX имаме Y(Y) - XXX - NNN, при што првото е код на градот, второто се буквите и третото бројките. Да речеме ЛПП Љубљанското ЈСП така си ги означува и инвентурните броеви на своите автобуски: LJ - LPP - 214. Сметам дека за Скопје тоа би било супер идеа, а кај нас нема ни над 1000 автобуси. Значи би имале сосема иста таблица како за сите останати автомобили, и би изгледала вака: СК-ЈСП-854, при што бројката е инвентарниот номер на возилото.



Не сметам дека таксистите би требало да се разликуваат по таблиците, значи сосема нормални таблици за нив.

Специјалните служби пак би ги решил на малку поинаков начин: користење на латиничи префикси за следните служби:

PO - 01 -200 Полиција (POlice)
MA - 01 -100 Армија (Macedonian Army)
CP - 01 -050 Цивилна заштита (Civil Protection)



При што, би стоел наместо општинскиот симбол, симболот на дадената институција, а самите служби би биле поделени во региони и одделенија. Да речеме Скопје, како прв регион, би имал код 1 и секојс станица под скопскиот регион би имала уште еден код, да речеме Беко 1 (како прва градска полициска станица). И за крај последните три бројки пак инвентарниот број на полициската кола. Значи PO-11-010, би значело полициско возило од прв регион (Скопје) и прва полициска станоица (Беко), кола број 10. Исото важи и за другите служби, само бојата на буквите е заменета (темно сино за полиција, темно земена за војската и црвена за цивилната заштита кога ќе се воведе).

Јас би одел и на создавање на 2 рег. ознаки за Скопје. СК - за самиот град, односно за 10те општини во него, со симбол на градот Скопје и СО, Скопје област, со сите општини кои гравитираат кон Скопје (Илинден, бла бла ...), со своите општински грбови.

Моите предлози за кодови:

СК-Скопје, град
СО-Скопје, област
КУ-Куманово
КР-Крива Паланка
Т-Штип (ти пак од каде го најде АС, од Астибо ли? епа давај тогаш за Битола ХЕ).

СТ-Струмица
КО-Кочани
ТЕ-Тетово
ОС-Гостивар
КЕ-Кичево (КО премногу ми асоцира на Кочани, што е поголем и поважен град од Кичево)
ОХ-Охрид
СУ-Струга
ТО-Битола (или само О)
РЕ-Прилеп (или само Р)
ВЕ-Велес
ЕВ-Гевгелија

Утре, здравје Боже, ќе претставам што мислам и графично!
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
46&2 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 347
  Quote 46&2 Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 17-Mar-2010 at 23:30
Originally posted by lslcrew


А онаа скицата што ја постираше 462 малку ми е збунувачка, поради тоа што мислам дека е од официјалните потекнува, а мислам дека фонтот требаше да биде германскиот, а да оваа скицата се обични букви.
И ја мислев дека ќе бидат со германски фонт (што е тешка глупост), ама после го најдов ова на кајгана иначе сликано е од службен весник на РМ на кој за жал не сум претплатен. Инаку ова е официјалниот фонт кој се планираше да се користи од 2008. Има ситни и интересни модификации на сегашните букви, погледнете ги само О и Г Big%20smile
 
Исто тука стојат и новите кратенки од градовите. Мислам дека се седум нови.
 
I use public toilets and I piss on the seat.
Back to Top
46&2 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 347
  Quote 46&2 Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 17-Mar-2010 at 23:39
Originally posted by гитардемон



Таблици за такси возила. TX е за автобус. Резервни варијации, ТА, ТК, ТС. 

Сепак мислам дека не се потребни посебни таблички за неколку илјади лиценцирани таксисти што ги имаме во МК. Едноставно непотребен луксуз. Освен БГ немам видено некоја друга земја да користи ваков модел. Не знам само во Атина дали имаше нешто такво слично.
 
@Andrej_LJ  И во Словенија се јавија слични проблеми во врска со грбовите на таблиците. Имаше случаи ознака и грб да не се поклопуваат за 30-тина километри. Како на пр. кола од Крива Паланка со ознака КП да носи грб од Куманово. Сепак Словенија е по територија помала држава од Македонија а некаде прочитав дека има 20тина комбинации од букви за градови и дури 60 грба на таблиците па пак не може да ја покрие убаво целата територија. Ние планираме да имаме 17 комбинации од букви (по ново).


Edited by 46&2 - 17-Mar-2010 at 23:46
I use public toilets and I piss on the seat.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 17-Mar-2010 at 23:42
Незнам зошто не ви се допаѓа бугарскиот модел (дали само што е бугарски ли?) кога тој го користат сите кирилични земји (со исклучок на Србија), која ионака не се грижи по никаков основ за кирилицата. Русија, Украина и Белорусија на прво место, како и Грција (поправи ме ако грешам Гитар). Тоа е идеален модел за кириличите подрачја, а проблемот со малкуто букви кои кореспондираат графично со латиницата е решен со ставање на 4 бројки (Y(Y) NNNN XX). Пред се е нормално толкав град како Софија да има С и СА, но и СО за Софија (област). Ставањето ред во општинските служби (од страна на рег. таблици) за мене е од исклучителна важност, затоа што денешниов систем е хаотичен, непрактичен и наинформативен во многу насоки.

@ 46&2

Ајде те молам најди ми регистрациона ознака на такси во Бугарија баш да ја видам!

Edited by Andrej_LJ - 17-Mar-2010 at 23:46
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
46&2 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 347
  Quote 46&2 Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 17-Mar-2010 at 23:49
Жолтите Big%20smile Прочитај погорен пост, го едитирав за тебе Thumbs%20Up
 
Новите таблички на Србија од 2010 (не копираат Nuts)Big%20smile
 


Edited by 46&2 - 17-Mar-2010 at 23:55
I use public toilets and I piss on the seat.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 18-Mar-2010 at 00:04
Оф бре! Зошто ме нервираш?
Нели се гледа дека тоа е за секое патничко возило, а не за такси возилата? Пошто црните ознаки престануваат да важат во 1985 и во 1986 се воведуваат ознаки на жолта позадина. И зарем ќе вадиме нечии таблици од времето на комунизмот (или пред тоа) како аргументи дека СЕГШНИТЕ не чинеле? Па ако е за така тие си биле источен блок, многу внимавале за латиницата и има и случаи кога се користат најтипичните за кирилицата букви, како код на градот по времето на комунизмот: Търговище - Тщ (сега Т), Ямбол - Яб (сега У).

Какви се овие информации за Словенија? Прво не е помала затоа што се работи за само 4000 км квадратни, ама бројот на регистрирани возила е мноооогу поголем по глава на жител! Тука тој параметар се гледа. Не дезинформирај дека е јавиле проблеми или несовпаднувања, затоа што тоа не е можно. Љубљанскиот код LJ се користи за многу општини во Љубљанската регија и секоја од нив си го има кодот на Љубљана, а грбот на сопствената општина.

Љубљана град:



Љубљански регистарски округ (незнам која општина). Се гледа дека грбовите се различни.



Плус сакате да ми кажеш дека нашево и српсково се поарни, со користење на локална латиница, која и на Словенија (како исклучиво латинична земја) не ги користи?! На што личи ŠT за Штип и ĆU за Чуприја? Тек тоа е незнаење и некомпетентност.

Инаку Словенија има 11 регистарски региони (и соодветно кодови):

GO - Нова Горица
CE - Целје
KK - Кршко
KP - Копер
KR - Кранј
LJ - Љубљана
MB - Марибор
MS - Мурска Собота
NM - Ново Место
PO - Постојна
SG - Словењ Градец

Edited by Andrej_LJ - 18-Mar-2010 at 00:16
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
46&2 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 347
  Quote 46&2 Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 18-Mar-2010 at 00:17
Originally posted by Andrej_LJ

Оф бре! Зошто ме нервираш?
Нели се гледа дека тоа е за секое патничко возило, а не за такси возилата? Пошто црните ознаки престануваат да важат во 1985 и во 1986 се воведуваат ознаки на жолта позадина. И зарем ќе вадиме нечии таблици од времето на комунизмот (или пред тоа) како аргументи дека СЕГШНИТЕ не чинеле?
Passenger и Private дали е исто??? Roll%20eyes Убаво си пишува, и ги имам и видено после 2000 година.
 
Originally posted by Andrej_LJ


Какви се овие информации за Словенија? Прво не е помала затоа што се работи за само 4000 км квадратни, ама бројот на регистрирани возила е мноооогу поголем по глава на жител! Тука тој параметар се гледа. Не дезинформирај дека е јавиле проблеми или несовпаднувања, затоа што тоа не е можно. Љубљанскиот код LJ се користи за многу општини во Љубљанската регија и секоја од нив си го има кодот на Љубљана, а грбот на сопствената општина.

 
 
Ај пошто си во Словенија најди и сликај кола од Постојна  со грб од Птуј. Ја зборев за помалите места а не за Љубљана. Од 2008 год. повторно се со зелена рамка словенечките таблици и кажи ми дали треба ја да ги земам како неважечки ако ги постираш. Збориме кој модел е најприкладен а не дали во Бугарија таксите имаат или немаат веќе таков модел.

Originally posted by Andrej_LJ


 
Плус сакате да ми кажеш дека нашево и српсково се поарни, со користење на локална латиница, која и на Словенија (како исклучиво латинична земја) не ги користи?! На што личи ŠT за Штип и ĆU за Чуприја? Тек тоа е незнаење и некомпетентност.
Мислиш дека е боље опција Куманово како КY  да стои како со ипсилон а не со нашето затоа што има разлика во тие две букви а нашето у очигледно не може да стои. 


Edited by 46&2 - 18-Mar-2010 at 00:18
I use public toilets and I piss on the seat.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4750
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 18-Mar-2010 at 00:18
Originally posted by lslcrew

Гитар по која логика некој би требало да носи грб на туѓа општина?

Си во право, да, ама бидејќи МК регионите се користат само за статистички, а не административни цели, нивната употреба на таблиците пропаѓа, за жал. Меѓутоа од твоето прашање исто може и да се прашаме по која логика еден град да носи код на друг град? Зошто Гевгелија да е VE? Исто ти е.


Originally posted by lslcrew

Да имавме региони префиксот на таблиците ќе биде од името на регионот, а опсезите во суфиксот да бидат општините. Ај може некогаш во подобри времиња ќе имаме нормална локална самоуправа.


http://en.wikipedia.org/wiki/Statistical_regions_of_Macedonia
Овие да добијат административна улога би било супер! И етничките барања ќе се задоволат, и други.


Originally posted by lslcrew

Во однос на азбуките, овој бугарскиот модел ми изгледа доста интересен, ама не би го применил воопшто.


Не е само бугарски, туку и грчки, и како за држава што тврди дека измислителите на кирилицата потекнуваат од неа, веројатно би требало да ја примениме кирилицата. Ако ништо друго, официјално писмо ни е! Латиницата не е! Тоа од СФРЈ е останато, а нели ја нејќеме СФРЈ



Originally posted by 46&2


Сепак мислам дека не се потребни посебни таблички за неколку илјади лиценцирани таксисти што ги имаме во МК. Едноставно непотребен луксуз. Освен БГ немам видено некоја друга земја да користи ваков модел. Не знам само во Атина дали имаше нешто такво слично.



Ова важи во Грција и во Шведска (од ЕУ), и е многу корисно, за да се знае која кола е такси, а која не е. (Диви таксисти и сл.)


Originally posted by Andrej_LJ


Пред се поздравувам што си ја избрал кирилицата (односно оние букви кои се графички блиски со латиницата), но не се држиш доследно до тоа. Да речеме Битола си ставил ВТ, а тоа значи Витола. Го имаме апсурдот од Пловдив (РВ) кога првата буква е латинична а втората кирилична, што е збунувачко. Јас разбирам дека на Битола најубаво и прилега кириличниот код БТ, но заради Б-то тоа отпаѓа. Би имало две решенија: или кодот да биде од првите две букви кои соодејствуваат со латиницата ТО, или кодот да биде во форма Y(Y) - NNN - XX, демек некои градови да имаат префикс со една, а некои со две букви.

Па BT и PP како еквивалент на сегашните, и онака се квалификуваат како кирилични. И навистина е како РВ за Пловдив, и се имам мислено и јас за ТО за Битола (и сл.), ама за Прилеп тогаш би било Е? Не е лошо како во Бугарија, ама не е толку голем проблем кои букви ќе бидат, колку што е изборот на азбуката.


Originally posted by Andrej_LJ


Потоа да се префрлам на грбовите на општините. Како што сам знаеш дека во Македонија го нема средното ниво на власт, односно областите/регионите, тогаш неможе општини кои спаѓаат во територијалната ознака на Битола (Ресен, Крушево, Демир Хисар...) да го носат грбот на Битола. Тоа е непотребно. Мислам дека покрај ознаката за Битола Y(Y) секоја општина што гравитира кон битолските ознаки треба да си го носи својот амблем. Така е во Словенија и немал број други држави (тоа е Австриски модел всушност), а досегашната диференцијација со последните две букви ми е многу глупава и несфатлива за непознавачи.

Да беа грбовите асални, ај да речиш, ама со вакви грбови е веќе срамота. Затоа најубаво осумте статистички региони да станат административни, и тие грбови да се користат. Кој знае, можеби во иднина, во зависност од како ќе оди политичката состојба во земјава.


Originally posted by Andrej_LJ


Потоа, сметам дека кодот ЈС е непотребен и тоа може да се реши на најразлични начини. Еве како тоа е решено во Словенија: Распоредот на броеви и цифри на таблицата е заменет, при што наместо Y(Y) - NNN - XX имаме Y(Y) - XXX - NNN, при што првото е код на градот, второто се буквите и третото бројките. Да речеме ЛПП Љубљанското ЈСП така си ги означува и инвентурните броеви на своите автобуски: LJ - LPP - 214. Сметам дека за Скопје тоа би било супер идеа, а кај нас нема ни над 1000 автобуси. Значи би имале сосема иста таблица како за сите останати автомобили, и би изгледала вака: СК-ЈСП-854, при што бројката е инвентарниот номер на возилото.

Тоа можеби си во право, ама под јавна служба мислам возила на општината, возила на комуналец, возила на разни ЈП под капа на општината, кои не би требало да плаќаат комуналии - сами на себе (под претпоставка дека општините треба да ги прибираат парите од регистрацијата со следните фази на децентрализација). И да не е така, зошто камион за ѓубре на ЈП да плаќа за регистрација? Ај може тоа е моја фикс идеа, но во Грција е така, и добро е што е така.


Не сметам дека таксистите би требало да се разликуваат по таблиците, значи сосема нормални таблици за нив.


Ако ништо друго за лиценцирањето и казнувањето на таксистите во башибозук држава како нашата ова е многу корисно. Не дека ако сакаат да ги казнат дивите не може, ама вака од прва се гледа, и патниците сами ќе си знаат кој е таксист со лиценца, а кој не Плус тоа во Грција е така поради тоа што таксистите се едни од ретките што смеат да возат дизел. Затоа таа таблица е за дизел возила - таксисти.

Originally posted by Andrej_LJ


Специјалните служби пак би ги решил на малку поинаков начин: користење на латиничи префикси за следните служби:

PO - 01 -200 Полиција (POlice)
MA - 01 -100 Армија (Macedonian Army)
CP - 01 -050 Цивилна заштита (Civil Protection)

На слична линија бев со регионизацијата како тебе, ама за возила кои не смеат да ја напуштат државата нема потреба да биде напишано на латиница. Во секој случај PO за POLICE е подобро од POLICIJA (небаре во Хрватска сме).


Originally posted by Andrej_LJ


Моите предлози за кодови:

СК-Скопје, град
СО-Скопје, област
КУ-Куманово
КР-Крива Паланка
Т-Штип (ти пак од каде го најде АС, од Астибо ли? епа давај тогаш за Битола ХЕ).

СТ-Струмица
КО-Кочани
ТЕ-Тетово
ОС-Гостивар
КЕ-Кичево (КО премногу ми асоцира на Кочани, што е поголем и поважен град од Кичево)
ОХ-Охрид
СУ-Струга
ТО-Битола (или само О)
РЕ-Прилеп (или само Р)
ВЕ-Велес
ЕВ-Гевгелија


АС од Астибо, да Меѓутоа може ете ST по старото ŠT, ама и Т не е лошо. И покрај сè што кажа, заеба работа со РЕ за Прилеп. Според тоа што викаш треба да биде само Е. Според мене РР е сосем ОК, како BT за Битола. Ако треба да биде ТО за Битола (што сум го размислувал), тогаш Е за Прилеп.

Инаку за Кичево имав напишано КВ, а за Кочани КО.

Edited by гитардемон - 18-Mar-2010 at 00:33
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4750
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 18-Mar-2010 at 00:22
Originally posted by 46&2

Мислиш дека е боље опција Куманово како КY  да стои како со ипсилон а не со нашето затоа што има разлика во тие две букви а нашето у очигледно не може да стои. 


Зошто да не може? Кој ти брани Y (ипсилон) да го напишиш како У? Тоа е прашање на фонт.

Edited by гитардемон - 18-Mar-2010 at 00:23
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
46&2 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 347
  Quote 46&2 Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 18-Mar-2010 at 00:28

Ако веќе BT стои зошто да го менуваме SK ќе си замислиме само дека е наше S (Буква која само ние ја имаме) попатриотски од тоа здравје Big%20smile Факт е дека ако сакаш да користиш 10 букви треба или да ги обележуваш општините со рандом букви или да имаат по една буква општините С за Скопје, К за Куманово итн. Вака со две букви не оди.

I use public toilets and I piss on the seat.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 18-Mar-2010 at 00:31
Originally posted by гитардемон


Originally posted by Andrej_LJ


Специјалните служби пак би ги решил на малку поинаков начин: користење на латиничи префикси за следните служби:

PO - 01 -200 Полиција (POlice)
MA - 01 -100 Армија (Macedonian Army)
CP - 01 -050 Цивилна заштита (Civil Protection)

На слична линија бев со регионизацијата како тебе, ама за возила кои не смеат да ја напуштат државата нема потреба да биде напишано на латиница.
Во одредени околности ја напуштаат земјата. Ако не друго армиските, за мировни мисии, за меѓународни воени вежби и слично.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 18-Mar-2010 at 00:34
И не би бил за решение каде би имало случаи со по една и случаи со по две букви за градот (предлогот Т за Штип). Стриктно по две, без шареноликост.


Edited by Cloverstack - 18-Mar-2010 at 00:36
Back to Top
46&2 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 347
  Quote 46&2 Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 18-Mar-2010 at 00:35
Ај да ја усмерам дискусијава у друг правец. Што мислите за тоа да имаме пластични таблички како Франција, Норвешка, Велика Британија ?
I use public toilets and I piss on the seat.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4750
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 18-Mar-2010 at 00:36
Originally posted by 46&2

Ако веќе BT стои зошто да го менуваме SK ќе си замислиме само дека е наше S (Буква која само ние ја имаме) попатриотски од тоа здравје Big%20smile Факт е дека ако сакаш да користиш 10 букви треба или да ги обележуваш општините со рандом букви или да имаат по една буква општините С за Скопје, К за Куманово итн. Вака со две букви не оди.



Па BT и PP од зорт, бидејќи не може кириличните букви, а СК штом може со кирилица, зошто да не?
Инаку не сфатив зошто викаш да имаат само по една буква? Баш не реков тоа. Како тогаш ќе ги разликуваме Кочани и Кичево ако сакаме со по една буква да бидат? Според мене дали ќе биле една или две букви е повеќе прашање на педантност и доследност, и јас лично само во Бугарија имам видено да има кодови и со една, и со две букви за градот. Секаде друго место е константен изгледот на табличките. Еднаш да се решат да користат кирилица, после комбинациите се најмал проблем. Ако ништо друго може милијарди комибнации на букви и бројки да се искористат. Ете во Грција се 3 букви + 3 бројки, па пак се грчки знаците, и пак секој регион си има своја буква (само што не е баш многу асоцијативна комбинацијата, N е за Солун, I за Атина, ама затoa Z е Закинтос и ред други кои имаат смисла).

Originally posted by Cloverstack


Originally posted by гитардемон

Originally posted by Andrej_LJ


Специјалните служби пак би ги решил на малку поинаков начин: користење на латиничи префикси за следните служби:

PO - 01 -200 Полиција (POlice)
MA - 01 -100 Армија (Macedonian Army)
CP - 01 -050 Цивилна заштита (Civil Protection)

На слична линија бев со регионизацијата како тебе, ама за возила кои не смеат да ја напуштат државата нема потреба да биде напишано на латиница.
Во одредени околности ја напуштаат земјата. Ако не друго армиските, за мировни мисии, за меѓународни воени вежби и слично.


Ми текна отпосле на тоа (за цивилната заштита ако оди напомош во соседството), ама за АРМ сум 90% сигурен дека добиваат таблички таму каде што одат. Пример возилата на КФОР и УНМИК си имаат свои таблички. Исто и за ИСАФ во Авганистан и Ирак, си имаат свои таблички (не одат со тие на АРМ).

Edited by гитардемон - 18-Mar-2010 at 00:41
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 24>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.