build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Нови регистарски таблички

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 222324
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5361
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #461 Posted: 12-Apr-2019 at 01:52
Originally posted by ТЕРА ТВ



Полицијата казнила битолчанец со 100 евра, бидејќи на регистерската табличка не се читала кратенката МК


Битолчанец треба да плати глоба од 100 евра, бидејќи сообраќајната полиција утврдила дека регистерската табличка на неговиот автомобил, не е доволно читлива, односно е избледена, објавија медиумите.

Од фотографијата која возачот ја објави на социјалните мрежи може да се забележи дека избледена е само кратенката МК, а остатокот од регистрацијата е читлив.

Возачот бил запрен и казнет кај граничниот премин „Меџитлија“ со Република Грција.

Останатите возачи коментираат дека е небулозно да се казнува за избледената кратенка, која треба да се менува, односно на новите таблици наместо МК ќе пишува НМК. Други возачи пак велат дека има граѓани кои намерно ја бришат кратенката МК за да влезат во Грција.

Соoбраќаецот се повикал на член 37 од Законот за возила.


https://tera.mk/%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BA%D0%B0%D0%B7%D0%BD%D0%B8%D0%BB%D0%B0-%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%BE%D0%BB%D1%87%D0%B0%D0%BD%D0%B5%D1%86-%D1%81%D0%BE-100-%D0%B5%D0%B2%D1%80/
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2050
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #462 Posted: 12-Apr-2019 at 06:58
Така треба!
Регистраските таблички се во сопственост на МВР и сите што ги оштетшиле треба да се казнат.
А за одење во Грција има поедноставна опција се вика ИЗОЛИР во сина боја кој после пестојот во Грција се одлепува за 1 секунда.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #463 Posted: 12-Apr-2019 at 15:05
Моите таблички се исто избледени а никогаш ништо не им е залепено, и сеа јас што треба да направам, да си платам 1500+ денари затоа што МВР ми издало неквалитетни таблички ?

Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2050
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #464 Posted: 12-Apr-2019 at 15:33
Да бидеме реални. Има еден куп луѓе кои намерно ги избледуваат ознаките МК.
А за сами да ти избледат треба да ти се стари 15+ години.

Edited by alexsend - 12-Apr-2019 at 15:33
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #465 Posted: 12-Apr-2019 at 18:12
Еве ти реалност ,колата 2012 е купена од Штип и донесена во Скопје, префрлена на Скопски таблици ,и 2-3 години подоцна таблиците се избледени сами од себе, не е возена надвор ,не е лепено ништо на нив и тоа токму исто како на сликава погоре, дури можеби и полошо, а што е најинтересно не сум единствен ,имам прашано уште многу луѓе, некој се сомнева од сонцето, некој од хемикалија која ја користат на перење ,ама сите се согласни дека табличките се неквалитетни.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2050
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #466 Posted: 12-Apr-2019 at 19:01
Јас имам таблички од 2007 и се како нови. Може има лоши серии не велам не, не знам, тоа во Раде Кончар треба да знаат и доколку е тоа случај не треба да се санкционира.

НО за случај како на фотографијата погоре каде апла се гледа дека е избледуван левиот син дел со ознаката МК (а такви случаеви има многу) и тоа како заслужува казна.

Е сега едвај чекам да видам колку ќе држат новите лепенки NMK кои ќе ги добиеме при следна регистрација.

А кога сме веќе кај регистрација неможам а да не прокоментирам по којзнае кој пат на којзнае колку места: "Каде има статистика за тоа колку возила се однесени на регистрација и вратени затоа што не ги исполнуваат условите за безбеден сообраќај поединечно од АМСМ и ПСС" сообраќајната несреќа требаше да биде повод за таков вид на истрага како на медиумите така и на МВР. Тоа е криминал далеку посериозен од избледени таблички.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2656
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #467 Posted: 31-Mar-2020 at 01:14
Почнале со BA во Скопје, 8 години требаа да се потрошат AB-AZ.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1768
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #468 Posted: 17-Aug-2020 at 17:12
Супер за Пехчево (како и Вевчани) што сега ќе има на располагање повеќе од 5 милиона комбинации на располагање. Вероватно толку мравки нема на територија на општина Пехчево, не па возила. Глупа е Германија, ние сме паметни! Наместо варијабилни должини на ознаките за градови како и варијабилен број на карактери на региострациско подрачје, ако веќе идеме на регионално означување, повторно локал патриотизам непромислен. Никогаш неисцрпена тема....

ПЕХЧЕВО ЗА ПРВ ПАТ ДОБИВА СВОЈА РЕГИСТЕРСКА ТАБЛИЦА СО ОЗНАКА ПЕ
Објавено на 15.08.2020 во 22:33:21 часот | Македонија

Градоначалник На Општина Пехчево
Граѓаните на Пехчево од денес можат да ги користат новите регистарски таблички



Граѓаните на Општина Пехчево од денес можат да ги користат новите регистарски таблички, со кои за првпат во историјата и Пехчево добива свое место во означувањето на возилата. Сите новорегистрирани автомобили, наместо досегашната ознака „BЕ“ отсега ќе имаат сопствената ознака „ПЕ“ испишана на латиница (PE). Градоначалникот Драган Тренчовски изјави дека му е чест и задоволство што со граѓаните ја споделува информацијата дека е целосно завршена процедурата за добивање сопствени регистарски таблички на Општина Пехчево. -Одлуката е донесена согласно со правилникот за регистрациски и нивни ознаки и од денес можат да се користат новите таблици. Тоа значи дека ознаката ПЕ (PE) отсега ќе биде единствената при регистрирање на возилата на граѓаните кои потекнуваат од пехчевскиот регион, рече Тренчовски. Граѓаните изразија задоволство од одлуката со која Пехчево како општини добива свое обележје во автомобилската регистрација и дека ќе ги препознаваат како жители на Пехчево.
Back to Top
Marxentric View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Apr-2020
Location: Paionia
Online Status: Offline
Posts: 313
  Quote Marxentric Quote  Post ReplyReply #469 Posted: 20-Aug-2020 at 23:12
Вака сега, прво глупо е што секое село и град има таблички, тоа лесно води кон нарушување на нечија приватност, дискриминација, па и нанесување штета на возилото. Најпаметно би било таблички според региони, СК, СИ, ИС, ЈИ, ПО, ЈЗ, ПЕ и ВР. И друго нешто, криењето и бришењето на МК ознаката во левото ќоше треба да биде казниво со закон (ако не законски, тогаш од самите граѓани).. И оние со бугарски таблички исто така, не сум должен јас да плаќам давачки, за некој да се перчи со евтино БМВ и да загадува и оштетува асфалт.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15042
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #470 Posted: 22-Apr-2021 at 14:09
БИТОЛЧАНИ ТРИ НЕДЕЛИ НЕ МОЖАТ ДА СИ ГИ ВОЗАТ НОВИТЕ КОЛИ ЗАШТО ВО ЗЕМЈАВА НЕМА РЕГИСТАРСКИ ТАБЛИЧКИ

Веќе трета недела, нема регистарски таблички за новонабавени возила во земјава, реагираат жители на Битола. Оние кои купиле возило во странство или Македонија не можат да ги возат бидејќи не им се издадени таблички.

„Кажано ни е дека бил распишан нов тендер и ќе се промени добавувачот. Со проблемот веќе трета недела се соочуваат не само физички лица, туку и фирми, кои во услови на ваква криза не можат да ги вклучат своите возила во промет и со тоа губат и клиенти и приход. Доколку нема таблички, барем нека издаваат потврди од МВР дека возилата се регистрирани и можат слободно да се движат сѐ до моментот на добивање на регистарски таблички“, велат битолчани.

Од МВР одговорија дека е избран нов економски оператор и поради технички причини има мал застој во издавањето на таблички.

„Испораката е веќе почната по градови и проблемот многу брзо ќе биде надминат“, соопштија од МВР.

Претходно, на ваков проблем се пожалија и струмичани. Тие уште пред десетина дена кажуваа дека речиси две недели чекаат да добијат регистарски таблички за сите видови моторни возила, бидејќи ги нема во залиха.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/bitolchani-tri-nedeli-ne-mozhat-da-si-gi-vozat-novite-koli-zashto-vo-zemjava-nema-registarski-tablichki/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15042
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #471 Posted: 01-Jun-2021 at 08:50
Три месеци нема регистарски таблички во Македонија, сомнителни причините зошто државата не го даде тендерот на „Раде Кончар“

Веќе трети месец нема регистарски таблички во Македонија. Сопствениците кои набавиле нови возила или пак, вршат пререгистрација не можат да добијат таблици. Се чека дури со недели. Се јавивме на неколку Станици за технички преглед , претставувајќи се како заинтересирани за услуга,и ни го потврдија истото.

По повеќе од две децении прекина соработката на “Раде Кончар” со МВР, но прашањето е зошто? Министерството повеќе не набавува регистерски таблици за автомобили од фабриката.Во раководството велат ,дека не им е јасно зошто биле елиминирани како понудувач и не го добиле тендерот. Образложението, според нив ,не било воопшто издржано и чекаат да заврши постапка околу жалбата“.

Алфа од свои извори дознава дека тендерот го добива фирма со чудно потекло регистрирана во Западна Македонија, но бидејќи е регистрирана само како канцеларија нема можност да печати таблички. За да не избие скандал државата, според нашите извори, одлучува да нарача таблички од Германија.

Што се случува? Која е фирмата што го добила тендерот, дали во моментов таблици се носат од странски држави и дали тоа е причина за нивен недостиг изминатиов период? Сите прашања ги испративме официјално до МВР. Фирмата од Западна Македонија не се споменува во одговорот од нив. Велат договорот со “Раде Кончар” бил временски истечен и вредносно истрошен. Редовната постапка за набавка била обжалена и се чекало на решение.

“Во меѓувреме спроведена е итна постапка со цел обезбедување на таблици до завршување на редовната постапка, каде избран е економскиот оператор Квантум од Скопје кој настапува како група на понудувачи со оператор од Германија. Со тоа се надминати проблемите односно евентуални застои во издавањето на таблиците. Што се однесува до Тетово, Ве информираме дека уште во текот на денешниот ден ќе бидат доставени таблици.” велат од МВР.

Во меѓувреме дали ќе биде прифатена жалбата на “Раде Кончар”, треба да одлучи Комисијата за жалби при јавни набавки .Дотогаш, преку оператор Квантум ќе се набавуваат таблици,што не ја исклучува можноста, повторно да има застој во испораките.

https://alfa.mk/tri-meseczi-nema-registarski-tablichki-vo-makedonija-somnitelni-prichinite-zoshto-drzhavata-ne-go-dade-tenderot-na-rade-konchar/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1768
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #472 Posted: 01-Jun-2021 at 09:14
Што е ова толку проблем да си го превземе министерствоо со внатрешни ресурси ?? Јас не ни знаев дека е надворешна фирма, мислев дека е дел од МВР. Како може пасошите и личните карти да стигаат полуфабрикувани и да се до-персонализираат во МВР, така да може и ова. Празни таблички од било каде од светот, ќе се до-стиснат бројктие во МВР.    Зошто мора прости едноставни работи да ги комплицираме непотребно?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15042
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #473 Posted: 04-Jun-2021 at 16:55
РЕГИСТАРСКИ ТАБЛИЧКИ НЕМА НИКАДЕ, СПАСОВСКИ УПОРНО ТВРДИ ДЕКА ИМА

Регистарски таблички нема никаде во државата веќе со месеци, иако министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упорно тврди дека проблемот е надминат и таблички има.

По вчерашната изјава на Спасовски дека проблемот со табличките е надминат, САКАМДАКАЖАМ.МК утринава провери на лице место во неколку станици за технички преглед во Скопје и околината и секаде доби ист одговор: „таблички нема и не знаеме кога ќе дојдат“. Иста е ситуацијата низ републиката.

„Регистарските таблички пристигнуваат во континуитет и граѓаните врз основа на потребите може да си бараат и да ги подигнуваат. Имавме проблем од аспект на јавните набавки, такви се законските прописи, но тој проблем е надминат и стигнуваат на дневна основа регистарски таблички“, изјави вчера Спасовски.

Во реалноста, граѓани се јавуваат секојдневно во редакцијата и тврдат дека поради тоа што со недели нема таблички, ги паркирале автомобилите дома и не можат да ги возат.

МВР на 29 април се пофали дека стигнале регистарските таблички откако повеќе од еден месец имаше недостиг во станиците за регистрација. Тогаш, од МВР рекоа дека имало мал застој во издавањето на регистарските таблички во неколку градови бидејќи се избирала нова фирма, но дека тендерот е завршен и договорот е склучен.

„Проблемот е веќе надминат и таблички се испорачани по градови, односно граѓаните можат да добијат регистарски таблички“, рекоа од МВР пред повеќе од месец дена.

Тендерот за изработка на регистарски таблички го доби фирмата „Квантум ДООЕЛ“ од Скопје. Договорот е склучен за три месеци, а вредноста е 182.000 евра.

Но, продолжија поплаките од граѓаните дека не можат да ги возат новите возила кои ги купиле, бидејќи нема регистарски таблички. Читател на САКАМДАКАЖАМ.МК од Прилеп кој ја контактираше нашата редакција бидејќи вчера не можел да го регистрира новиот автомобил оти немало регистарски таблички и му било кажано дека може само да му дадат потврда за извршен технички преглед, со која ќе може да вози низ Прилеп, но да не излегува надвор од градот.

Во скопските станици за технички преглед кои ги посети САКАМДАКАЖАМ.МК, со чудење реагираа на нашето прашање за регистарски таблички.

„Што прашуваш па ти, какви таблици, нема никаде во државата таблици. Имаше по портали, телевизии, џабе. Немаме никаква најава, не знаеме кога ќе има“, ни одговори вработен во станица за технички преглед.

Вчера, во врска со недостигот на регистaрски таблички реагираа и од компанијата „Раде Кончар – Контактори и Релеи ДОО“, кои претходно го снабдуваа МВР со регистарски таблички. Оттаму велат дека постапката за набавка на регистaрски таблички трае повеќе од 9 месеци, а причината лежи во честите измени во тендерската документација кои што ги објавуваше Министерството за внатрешни работи како и пропустите при водење на постапката.

Нивната понуда била отфрлена при двете досегашни евалуации како неприфатлива, заради технички грешки во понудата. Од „Раде Кончар – Контактори и Релеи ДОО“ тврдат дека фирмите на кои што им било овозможено да учествуваат на електронска аукција не располагаат со сертификат од Меѓународно акредитирана лабораторија, кој потврдува дека регистарската табличка е во целост усогласена со меѓународните стандарди.

Тие поднеле жалба до Комисијата за жалби по јавни набавки, која ја увидела оваа околност и дала насоки на договорниот орган дека при вршење на повторна евалуација на понудите е потребно да изврши правилна евалуација, која ќе биде во согласност со барањата и условите наведени во тендерската документација.

„Од наша страна вложена е повторно жалба до Државната комисија за жалби по јавни набавки и се надеваме дека истата ќе постапи во согласност со нашата пријава и ќе ги уочи сторените неправилности и ќе спречи настанување на ненадоместлива штета, односно испорака на неквалитетни регистарски таблици, меѓународно непризнаени, во крајна линија неиспорака на регистарските таблици и доведување во прашање на стекнатиот меѓународен углед на Република Северна Македонија. Во моментов, доведено е во прашање и нормалното пуштање во сообраќај на моторни возила, нормалното функционирање на сообраќајот и функционирањето на многубројните дејности“, велат од „Раде Кончар – Контактори и Релеи ДОО“ и додаваат дека и покрај недостатокот на регистарски таблички повеќе од пет месеци во земјата, не гледаат никаква реакција од надлежните институции и изненадени се од небрежноста на релевантните фактори.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/registarski-tablichki-nema-nikade-spasovski-uporno-tvrdi-deka-ima/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1768
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #474 Posted: 04-Jun-2021 at 17:03
Јас неможам уште да си разјаснам како вака редовни си ги загрозуваме некои општествени елемнти кои не прават всушност држава, и пред себе, ама и пред останатите држави во светот. Афера со пасоши, па после нема пасоши, сега еве со табличкиве, па нема-нема ќе се појави некој случај со некој сомнителен пакет на аеродром што вечно не држи далеку од европските големи дестинации, па после нешто ќе снема реагенси на царина. Секогаш нешто такво безвезно. Значи не зборам за искинати знамиња и некакви патриотско-кафански елементи на државност со чиста симболичка функција. Си загрозуваме реална функционалност на државата да биде држава!

Edited by user8642 - 04-Jun-2021 at 17:04
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15042
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #475 Posted: 17-Jun-2021 at 16:53
ГРАЃАНИТЕ НА МАКА, РЕГИСТАРСКИ ТАБЛИЧКИ НЕМА И ПО ДВА МЕСЕЦИ - Од МВР велат: За тендерот се чека решение од Комисијата за жалб

Големи поплаки од граѓаните во земјава за регистарските таблички за нивните автомобили.

Поголем број читатели на Фактор се жалат дека иако уредно платиле регистрација и ги поминале сите процедури, од станиците не можат да добијат регистарски таблички, а некои чекаат период и од веќе два месеци.

Еве што раскажува еден од нашите соговорници.

„Јас претходно го возев мојот автомобил со бугарски таблички. Но, сега сакав да го пререгистрирам автомобилот и да си извадам македонски регистарски таблички. Иако уредно си платив и царина и ги поминав сите процедури, а ги платив и сите потребни давачки за регистрацуија и слично, не можам да си ги добијам регистарските таблички. Од станицата ми велат дека луѓе чекаат и по два месеца за таблички, бидејќи таблички едноставно нема“, вели нашиот соговорник.

Тој додава дека во Бугарија, за регистрација на автомобилот и за сите други потреби му бил потребен само еден ден.

„Тука целата процедура траеше речиси два месеци, при што уредно платив за сите потребни документи, за хомологација, за регистрација и за се што треба, и сега излегува дека не можам да ги добијам регистарските таблички, што значи не можам да го возам автомобилот. Ова е еден голем апсурд, дотолку повеќе што веќе ми истекува периодот на регистрација, а јас не можам да си го возам сопствениот автомобил“, вели овој наш граѓанин.

Тој вели дека му дале само потврда дека може да го вози автомобилот, додека не стигнат регистарските таблички.

„Но, што ми вреди таа потврда, бидејќи автомобилот можам да го возам само на територијата на мојата општина, но не и надвор од неа. А да не зборуваме што не можам да заминам во странство во време на годишни одмори“, се жали овој наш сограѓанин.

Според неговите сознанија, а и на неколку други граѓани, наводно некој го добил тендерот нма МВР за таблички, но се шпекулирало дека тој се уште немал машина за нивна изработка.

„Но, сето ова се само шпекулации. Нас граѓаните тоа не не интересира, туку само дека после толку време се чудиме зошто не можеме да си ги земеме регистарските таблички“, вели овој наш сограѓанин.

Се жали и еден друг граѓанин.

„Во Кочани, а како што имам разбрано и во некои други градови во Македонија, веќе два месеци нема регистерски таблички. Јас пред некој ден зедов ново возило, и буквално од сите станици во Кочани добив инфо дека немаат таблички, добиваат по 20-тина на две недели, но има доцнење од два месеци, или во превод, кој поднел барање во април, дури сега добива регистерски таблички. Во некои од станиците има и по 70 до 120 возила кои имаат платено осигурување и регистрација, а наместо таблички, добиваат потврда, која важи исклучиво во Македонија. Надвор, од границите на земјава, со истата потврда, не е дозволено да се патува. Така што, доколку некој има потреба од здравствен, бизнис, спортски, итн карактер, не е во можност со сопствен превоз да реализира излез од државата“, вели овој наш сограѓанин, барајќи помош од медиумите како да се надмине овој голем проблем со кој се соочуваат граѓаните.

Фактор постави прашање до МВР зошто и по два месеци нема регистарски таблички за граѓаните, односно толку треба да се чека. Која фирма сега го добила тендерот и зошто е раскинат договорот со претходната фирма? Кој е проблемот со новата фирма, зошто не ги изработува табличките на време?

Од МВР велат дека како што веќе ја информирале јавноста, истечен е претходниот договор со Раде Кончлар, а за новата набавка се чека договор од Државната комисија за жалби по јавни набавки. Во меѓувреме била спроведена и итна постапка, со која се премостувал проблемот.

„Што се однесува до регистерските таблички, веќе ја информиравме јавноста дека претходниот договор со ‚Раде Кончар' истече, а редовната постапка за набавка на таблици е обжалена и се чека решение од ДКЖЈН. Во меѓувреме, спроведена е итна постапка со цел обезбедување на таблици до завршување на редовната постапка, каде избран е економскиот оператор ‚Квантум' од Скопје кој настапува како група на понудувачи со оператор од Германија. Со тоа го надминуваме периодот до завршувањето на сите постапки околу редовната набавка“, велат од МВР.

Неофицијално, се очекува проблемот многу скоро да биде надминат, бидејќи Комисијата веќе ја донела својата одлука

https://faktor.mk/gragjanite-na-maka-registarski-tablichki-nema-i-po-dva-meseci---od-mvr-velat-za-tenderot-se-cheka-reshenie-od-komisijata-za-zalbi
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15042
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #476 Posted: 19-Jun-2021 at 11:20
Проблеми со вадењето пасоши, нема регистарски таблички и возачки дозволи, а недостигаат и свидетелства

Со денови сите „оператори се зафатени“ за закажување термин за издавање лична карта и пасош
Регистарски таблички нема неколку месеци. Единствен начин легално да се управува ново возило е сопственикот да извади пробни таблички кои траат 5 дена, но тие може да се извадат најмногу двапати.
Наместо да добијат сите, свидетелства им се издаваат само на полуматурантите и матурантите за да може да се запишат во средно или на факултет
Граѓани се жалат дека во последниов месец имаат тешкотии да извадат лични документи како лични карти и пасоши, а повеќе од три месеци не можат да обезбедат ниту регистарски таблички за автомобили. Со крајот на учебната година се појави уште еден проблем, а тоа е недостиг од свидетелства во основните и средните училишта.

Скопјанец вели дека се обидува цел месец да закаже термин за лична карта и пасош преку телефонскиот број 072 92 92 92, но не може ниту да добие оператор за да се информира за слободни термини и времетраењето на изготвување на патната исправа.

„Секојдневно ѕвонам на телефонската линија која е објавена на веб-страницата на МВР и секогаш се случува истото – сите оператори се зафатени. Не можам ниту да се информирам за да знам дали воопшто ќе имам термин, а личната карта и пасошот ми истекуваат за неколку недели“,

вели нашиот соговорник.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека проблемот со вадење лични документи е поради надградба на системот, но дека од денеска граѓаните можат да ги добијат овие услуги.

„Поради надградба на системот, не работеа службите за издавање лични документи и за тоа навремено и соодветно ја известивме јавноста со понудени термини како замена за граѓаните кои нема да можат да ја добијат услугата во овој период. Од денеска службите повторно работат и граѓаните можат да ги добијат услугите“,

велат од Министерството.

Пред два дена МВР соопшти дека со измена на Законот за патни исправи ќе се продолжи важноста на пасошите, дипломатските и службените пасоши, чиј рок на важење е истечен или истекува по 31 јули 2020 година. Со оваа измена, важноста на патните исправи е продолжена до 31 декември годинава.

Од Министерството велат дека оваа измена е направена за да им се излезе пресрет на голем број наши граѓаните кои поради пандемијата, карантинот и другите отежнати услови, во нашава земја, но и надвор од неа, во дијаспората, беа спречени навремено да ги продолжат своите документи. Тврдат дека патни исправи има во доволен број и дека им излегуваат во пресрет на сите граѓани.

„Патни исправи од сите типови има во доволен број и се одговара на сите барања на граѓаните. Има мал застој во издавањето на одреден тип возачки дозволи, но деновиве се очекува да пристигне пратка со обрасци, со што ќе се надмине и овој застој“,

велат од МВР.
Појаснуваат дека овие измени важат и за дијаспората, но и за граѓаните што ќе сакаат да патуваат од земјава во странство.

„Што се однесува на прашањето дали наш граѓанин може да излезе од РСМ, одговорот е логичен – да, бидејќи Законот не дава ограничувања дали е некој во странство или во РСМ“,

додаваат од МВР.

Три месеци нема регистарски таблички

Сите оние што купиле нови автомобили или ги сакаат да ги заменат регистарските таблички не можат да набават, бидејќи нови – нема.

Од една станица за технички преглед во Скопје велат дека проблемот со недостиг на таблички трае најмалку три месеци и доколку некој сака да регистрира ново возило единствен начин легално да го управува е да извади пробни таблички кои траат 5 дена, но, како што напоменуваат, тие може да се извадат најмногу двапати.

Од МВР велат дека проблемот е во тоа што претходниот договор со компанијата ‘Раде Кончар’ истекол, а редовната постапка за набавка на таблички била обжалена и се чека решение од Државна комисија за жалби по јавни набавки.

„Во меѓувреме, спроведена е итна постапка со цел обезбедување на таблици до завршување на редовната постапка, каде што избран е економскиот оператор ‘Квантум’ од Скопје, кој настапува како група понудувачи со оператор од Германија. Со тоа се надминува периодот до завршувањето на сите постапки околу редовната набавка“,

велат од МВР.
Според увидот во документите на Бирото за јавни набавки, договорот со „Квантум“ е склучен на 15 април, но и покрај тоа, граѓаните сè уште не можат да обезбедат регистарски таблички.

https://360stepeni.mk/problemi-so-vadeneto-pasoshi-nema-registarski-tablichki-i-vozachki-dozvoli-a-nedostigaat-i-svidetelstva/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15042
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #477 Posted: 20-Jun-2021 at 14:22
Полека се надминува проблемот со немањето регистарски таблички за возилата

Од понеделник треба да почне испораката на регистарските таблички за возилата. Ова за Алсат го потврдуваат од МВР. Министерството склучи рамковна спогодба со фирмата Квантум од Скопје која и официјално ќе ги прави табличките. До избор на фирмата, од МВР велат дека се чекаа жалбите од другите фирми кои беа во конкуренција да ги прават регистарските табли.

Со потпишаната рамковна спогодба се решава застојот на издавањето на табличките, т.е. во наредниот период ќе следат тековни испораки на сите видови на обрасци од регистарски таблички за кои ќе се прават поединечни договори за нарачка. Со ова очекуваме целосно нормализирање на состојбата за издавањето на табличките во периодот што следи – изјави Сузана Прањиќ Талевска, Началник на Одделение за информации од јавен карактер при МВР.

Сепак, табличките нема веднаш да дојдат до крајните корисници. И во моментов ако регистрирате возило кое нема таблички нема да можете да ги добиете. Алсат денеска се обиде да контактира неколку станици за технички преглед, но поради продолжениот викенд никој не нè удостои со одговор по колку време се чека за регистарска табличка. Проблемот со регистарските таблички во земјава се појави откако заврши договорот за испорака со фирмата која ги правеше досега, Раде Кончар. До изборот на актуелната фирма, Квантум, граѓаните со месеци беа без регистарски таблички за своите нови возила. Најголем проблем има во Скопје и Битола, а од идната недела треба да почне неговото решавање.

https://alsat.mk/mk/poleka-se-nadminuva-problemot-so-nemaneto-registarski-tablichki-za-vozilata/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15042
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #478 Posted: 26-Jun-2021 at 14:28
КОЈА Е „КВАНТУМ ДООЕЛ“, ФИРМАТА ПОСРЕДНИК ЗА РЕГИСТАРСКИТЕ ТАБЛИЧКИ - од МВР уверуваат дека се е по закон и по сите прописи

Која е фирмата „Квантум ДООЕЛ“, која го доби тендерот на Министерството за внатрешни работи, за да биде посредник при изработкта на регистарските таблички за возилата во земјава.

Според податоци кои можат да се добијат од Бизнисмрежа, сопственик на фирмта е извесен Аднан Назим.

Нејзината адреса е на улица Народен фронт во Трговскиот центар Беверли Хилс.

Но, она што би требало да загрижува, барем како што може да се види од податоците, доколку станува збор за истата компанија, е дека се работи за деловно неактивен субјект.

Фактор сите овие дилеми ги провери кај МВР, односно ги прашавме која е компанијата „Квантум ДООЕЛ, дали е активна, кој е нејзин сопственик, колку време постои и колкав е нејзиниот основачки влог.

Од МВР добивме одговор дека фирмата има способност, ги платил сите даноци, а не е во стечај ни во ликвидација. Исто така, од МВР уверуваат дека постапката е спроведена по закон и по сите стандарди.

„Фирмата на тендер доставува документи за утврдување на способност, утврдени согласно Закон за јавни набавки, и од доставените документи може да се утврди дека сите даноци се платени, нема забрана за работа, не е во стечај и не е во ликвидација. Постапката е спроведена по сите стандарди и законски норми, и тоа е потврдено и од надлежните тела кои одлучуваа по жалби во врска со постапката“, се вели во дописот кој го добивме од Министерството за внатрешни работи.

Инаку, како што веќе пишуваше Фактор, Министерството за внатрешни работи ја ангажираше германската компанија ЕХА Хофман со потекло од Германија, која сукцесивно во наредните три години ќе треба да ги изработува регистарските таблички за моторните возила.

Според рамковната спогодба, ЕХА Хофман е производител на регистарските таблички, додека посредникот е фирмата „Квантум ДООЕЛ“.

Според договорот објавен вчера во системот за јавни набавки, тендерот чини 118 милиони денари со вклучен ДДВ.

Една алуминиумска табличка за моторно возило ќе чини 368 денари, а на истата ќе треба да биде изработена и новата назнака „NMK“ според Преспанскиот договор. Гаранцискиот рок ќе трае 7 години. Според рамковната спогодба, ќе треба да бидат произведени повеќе од 300.000 примероци, од кои 240.000 ќе бидат за класичните моторни возила.

Министерството за внатрешни работи веќе најави дека ќе стартува со издавање нови регистарски таблички со ознаката „NMK“, што е дел од обврските со Преспанскиот договор со кој се реши спорот за името со Грција. На сината лента на таблицата ќе стои кодот „NMK“.

Министерот Оливер Спасовски вчера во Собранието потврди дека имало одреден проблем и одреден застој со јавната набавка, која се спроведувала и по забелешки од Бирото за јавни набавки била обезбедена конкурентност. Тој проблем со склучување на договорот, посочи Спасовски, е надминат и во понеделникот се стигнати 14 илјади таблици во магацините на МВР.

https://faktor.mk/koja-e-kvantum-dooel-firmata-posrednik-za-registarskite-tablichki---od-mvr-uveruvaat-deka-se-e-po-zakon-i-po-site-propisi
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14159
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #479 Posted: 11-Aug-2021 at 08:34
Повеќе од еден месец како чекам за нови регистерски таблички, и абер нема дека ќе добијам во скоро време
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15042
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #480 Posted: 13-Aug-2021 at 10:18
Исто и јас во периодот мај-јуни скоро 50 дена чекав,тотален застој и хаос е и со сите видови на лични документи
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 222324

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.