build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Виртуелна Македонија > Ваши концепти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Концепт за Ново Маало

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Концепт за Ново Маало
    Posted: 30-Jul-2010 at 11:21

Работам на еден проект, замислен, за Ново Маало, таму каде што се предвидуваат стокатниците Tongue, но незнам каде да го постирам, дали тука негде, во овој подфорум, или пак некаде на друго место, Замисли,идеи..... Сепак е на скечап.... па можеби би било добро да се отвори и тема за вакви замислени проекти за некои локации. Дали тука, или пак на друго место, сеедно, или пак да се оди во постоечка тема. 

Исто таа мислам дека оваа тема треба да е закачена со боцка.

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8961
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 30-Jul-2010 at 11:48
Originally posted by FoSsiL

Работам на еден проект, замислен, за Ново Маало, таму каде што се предвидуваат стокатниците Tongue, но незнам каде да го постирам, дали тука негде, во овој подфорум, или пак некаде на друго место, Замисли,идеи..... Сепак е на скечап.... па можеби би било добро да се отвори и тема за вакви замислени проекти за некои локации. Дали тука, или пак на друго место, сеедно, или пак да се оди во постоечка тема. 

Исто таа мислам дека оваа тема треба да е закачена со боцка.



Слободно отвори тема овдека Фосил, затоа направивме подфорум Cheers
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 30-Jul-2010 at 14:00
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 30-Jul-2010 at 14:45

Мулти-наменски комплекс на местото на денешно Ново Маало и паркингот пред Холидеј Ин. 

Се вртеше  опцијата дека на ова место ќе никнат 3 висококатници, но имајќи во предвид дека поради денешната потреба на Скопје за вакви објекти е нереална и дека оваа опција е многу нереална за да се реализира, почнав да размислувам како може тој простор да биде добро искористен, функционален, и посетуван од граѓаните на Скопје и пошироко, а воедно и економски исплатлив. На интересен и заводлив начин да стане место за Скопјани каде може да го поминуваат своето време и да биде новото препознатливо место во Скопје за ова време.

За да не остане само на објект, односно место кое само ќе може да се гледа, но не и да се доживува, испланирав многу содржини кои ќе бидат во функција на потребите на сите посетители.

Предлогот е самиот по себе опуштен, односно место кое ќе се вклопи во градот без да направи некаква штета. Широк, отворен, еколошки и прилично зелен. А Скопје отсекогаш бил зелен град. Ова е еден голем допринос за да се задржи таа состојба, но во исто време да се искористи максимално за потребите на сите луѓе.

Значи вака, целиот концепт се темели на отворен простор, но бидејќи тој простор е голем, решив да внесам дополнителни содржини.

Прво, целиот тој блок од Голем Ринг е обвиткан од некаде широк, некаде потесен појас од парк (ниска трева, клупи, дрва, и се што претставува парк, нешто како Делот на Градски парк кај Школка, со содржини за деца, ниски лавиринти од жива ограда итн.

Второ, појас на ситен песок-плажа, со лежалки, чадори, неколку барови и еден-два кафич-дискотека (во вид на плато од дрво покриено со лесен кров, бар, столици и маси итн.), содржини за деца, спортско-рекреативни содржини (одбојка на плажа, фудбал итн.), тушеви и се попатно.

Трето, два големи базени-езерца од затворен тип, никакви допирни точки со Вардар и сопствен систем на пренос, регулација и филтрирање на водата. На нивоа, со ублажени премини од една во друга длабочина (40цм-121цм-203цм) и дополнителни содржини кои сеуште не сум ги определил.

Потоа кула од 170,26м (со основа 30,26м*16,04м=485,3704 метри квадвратни) која може да служи и како комуникациска, ама јас не би се определил кон тоа. Односно, повеќе би ми одговарале содржини како ексклузивни ресторани, галерии, видиковци (со исклучок на тој што би бил на врвот, кој во секој случај е вклучен). Формата на кулата е таа, но фасадата е разиграна, слично нешто на таа што ја имав претставено на форумов претходно, проџирно и темно стакло или бетон во комбинација, а може да се изведат и испакнати делови, нешто како во Чикаго и Детроит кулата што беше, мислам, не сум сигурен. Но може да има и некои други содржини и искористеност, пример, тука може да се смести и контрола на летање-централа (нешто како што направија Србија), или пак некои лаборатори и обсерватории, метеоролошка станица итн.



Edited by FoSsiL - 30-Jul-2010 at 14:51
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 30-Jul-2010 at 14:53
Мислам дека ќе биде најдобро да одиме со подфорум на подфорумов  LOL ...за да се избегне конфузија за тоа што е реален објект а што е предлог (знам дека самата тема има доволно јасно име ама сепак).

Во секој случај, слободно постирај, па со време ќе измодерирам.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 30-Jul-2010 at 15:19

Следно би било панорамското тркало со дијаметар од 70,01м и апсолутна визина од 77,05м, бројот на кабините соодветено би се одредил, и веројатно би биле за 4-8 лица.

Врската помеѓу Кулата и Тркалото е платформа на висина од 3,04м. А под неа би постоел простор за изнајмување или пак купување, и тоа, ресторани, кафичи, бутици, галерии, кина, игротеки, забавни паркови, куглани, пинг-понг итн. Прилично голем простор. Рестораните и кафичите би имале поглед на езерата, и во нивна близина, во езерата би можело да има фонтани, водоскоци, прилагодено осветлување, итн.

Платформата би претставувала еден вид плоштад, плато каде може да се шета да се седи, да се случуваат разни културни, спортски настани, како и концерти, но не и митинзи, иш иш, тоа не ни треба. Нека биде пл. Македонија за тоа. Може да се вршат презентации, мали саеми, турнири, проектирања (за што добро би дошол ѕидот од кулата), исто така е како направена само за Баскерфест, итн.


Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 30-Jul-2010 at 15:35

Како што реков, ќе има и фонтани, водоскоци, но ќе бидат повлечени кон ватрешноста на езерцата, а може и некои исклучоци, како што би бил некој водоскок кој забегал од групата, а луѓето може да се забавуваат.

Осветлувањето би било соодветно за целиот комплекс и може зависно од денот да се менува, но да не бида нападно, а за петок, сабота може и малку поромантично Big%20smile.

Потоа исто така, може во паркот, да се има и некој терен за фудбал, кошарка, тенис, ова-она, по некој летниковец итн.

Може да се постават и кајчиња, чамчиња, за навечер.

Паркингот може да се смести под паркот, иако според мене и не е потребен некој голем паркинг.

Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 30-Jul-2010 at 16:09

САМО, моделот е недоработен, еден вид план како би изгледало. Општо, без детали. Можеби ќе го доработам, но важно ми беше да го претставам концептот и да го доловам моментот. Се надевам дека ќе можам да го доправам, но се плашам дека со додавање на детали, ќе почне да ми кочи и да не можам да го завршам, а од друга страна, ми фалат техники, како на пример текстурирање и боење, ова сега што е е генеричка текстура од програмот. Така да може и некој да помогне во доработка или преработка. Овој сега е лаички направен и не би можел да претставува рендер за некој конкретен проект.   

Ако успееме да создадеме нешто конкретно може и некој ќе се заинтересира да го реализира. ApplauseThumbs%20UpShockedLaughSleepyBananaThumbs%20UpNutsNaughtyRockTongueBig%20smileClown



Edited by FoSsiL - 30-Jul-2010 at 16:13
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 30-Jul-2010 at 16:23

Па ќе кажеш нешто. Дали ти се допаѓа идејата, некоја критика, пофалба...

Се утепав од пишување, а никој до сега не ми вратил ништо.

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8961
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 30-Jul-2010 at 16:31
Па чекај Фосил, си се утепал од пишување, ние сега се утепуваме од читање за да биде добар одговорот

Edited by pbanks - 30-Jul-2010 at 16:31
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 30-Jul-2010 at 16:32
Ќе кажам дека те поддржувам во изработката на концепти. Јас пробав со еден концепт за стадион кај Момин Поток, и тогаш никој не ми искоментира, така што знам како ти е LOL

Во однос на твојот концепт, ќе ти го кажам следното:

1. Што и да е, ќе биде подобро од тоа што го имаме денес на таа локација.

2. Дали навистина е потребно такво езерце во толкава близина на Вардар?

3. Се надевам дека кулата е само така ставена како placeholder, би сакал да ја доработиш, да видиме нешто пореално и поосмислено, а не само квадар

4. Не би се согласил дека има малку потреба од паркинг. Напротив, има потреба од многу повеќе паркинг места од денешните. Денешните се малку, а тие се сервис на околните згради. На овие места додади ги потребните паркинг места за волкава зграда... незнам.

Во секој случај, продолжи да го развиваш концептов!
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 30-Jul-2010 at 16:34

Еее, за тоа си во право. Се извинувам.

Кој има скечап нека го симне од линкот, да го види од блиску.

Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 30-Jul-2010 at 17:04

алекс-

1. Се согласувам, затоа и размислував како може да се уреди.

2. Мислам дека е потребно. Мислам дека може да се реализира, со оглед на близината на Вардар и мислам дека реката воопшто не ни прави некоја разлика, во никој случај во поглед на конкуренција. Од друга страна мислам дека е потребно езеро, баш во центарот на градот, а оваа локација е погодна. Зошто? Поради близината, поради обврзаноста да се одржува, поради урбанистичкото, општественото уредување на просторот. Потреба за место каде луѓето ќе можат да се релаксираат а да не биде како езерото Треска, надвор од градот и запуштено. Да не се импровизира со плажи на Вардар . Незнам колку скопјани се мрзливи, ама јас од Аеродром да одам до Треска (Сарај) на езеро, ме мрзи. Далеку е, троши време, расипува разположение дур да стигнам, повеќе трошоци итн.

Локацијата на комплексот само по себе не може да се промаши, блискоста до секоја населба ќе придонесе за голема посетеност и искористеност. А плус и туристи ќе има, блиску им е . Ретки се тие кои одат до Матка . Ова е и лоша работа за Матка, но мислам дека на Матка и нема конкуренција и дека ако сака некој ќе ја посети, а за да сака треба да знае, а за да знае треба поголема промоција. За Матка би отишол, ама на Матка не се оди секој ден, а ова кај Ново Маало го замислувам како место за секој ден, центар на случувања, ако не секој ден, секој втор ден, никој не те обврзува, ама ете да сакаш да отидеш, да не те мрзи и да не биде далеку.

3. Да. Плејсхолдер. Модел, но не би ја менувал формата, освен мало заоблување кај платформата, нешто како скејт лак, она, знаеш де. А Фасадата си е посебна работа, плус тие испакнувања-коцки кои ги спомнав.

4. Ни јас не сум сигурен. Но го сметам ова за десет години, а за десет години го замислувам центарот на Скопје без коли т.е. Голем ринг. Но тоа нема да се случи

ПЛУС СОДРЖИНИ:

-Кулата може да служи за банџи-скокови (право венѕеро), и за искачување со јаже или без јаже (во секој случај она сигурносно ќе си биде таму, постои, знаеш што мислам). И зависи, може да има нивоа, ниско, средно, високо, лесно, средно, тешко. па може и од ниското да се скока и во вода, ова, она, скокалница .

Може да се искористи максимално за различни содржини. Во центар на градот да можеш да правиш банџи-скокови и да се искачуваш-планинариш, го нема сегде. Може ќе биде малку поскапо, но и немора да значи, зависи од заинтересираност, за која не се сомневам дека ќе биде голема. Ако не, регулаторна комисија, бе.

Инаку целиот комлекс го замислувам како приватна инвестиција. Дали ќе биде 1 или повеќе (здружени) инвеститори, сеедно, концептот е тој.



Edited by FoSsiL - 30-Jul-2010 at 17:07
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 30-Jul-2010 at 17:11
  А за езерото, тоа и не е езеро, нема да има жив свет, растенија, риби итн. Тоа се во принцип големи базени. Не како оние 50м*25м. Да не се стискам во гужва, секрети во 40 степени на летен ден. Иако и тука би се полнело, ама сепак има поголем капацитет, има плажи и друга забава така да водата е само за разладување на телото. Мини-Охрид во Скопје, само без цените, зашто ќе бојкотирам, штрајкувам со глад

Edited by FoSsiL - 30-Jul-2010 at 17:13
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 02-Aug-2012 at 22:57

Ej... јас склопив нешто ново за тука... 

Да не ја тупам многу со објаснување/опишување, ете слики... само да кажам дека макс. висина е 72 метра, или некои 24-25 ката... со се приземје...

 

 

 

 

 

 



Edited by FoSsiL - 02-Aug-2012 at 23:00
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 02-Aug-2012 at 22:59

 

 

 

 

 

 

 

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.