build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Виртуелна Македонија > Ваши концепти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Концепт за нов стадион кај Момин Поток

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Концепт за нов стадион кај Момин Поток
    Posted: 30-Jul-2010 at 16:48
Напомена: овој пост е копија на еден пост од темата за Националната Арена „Филип Втори“.

Originally posted by axel

Арената е неисплатлива инвестиција

вторник, 22 јуни 2010, 16:59

Реконструкција на арената Филип втори која чини фантастични седумдесет и два милиони евра е економски неисплатлива – тврди архитектот Михајло Волканов кој цел живот проектира спортски објекти и бил еден од ревизорите на основниот проект за обновата на градски. Објаснува стадионот со 32 илјади седишта главно ќе биде празен, се залагале за помал но власта не ги послушала..

Архитектите предлагале дека е подобро да се изгради нов стадиот, на претходно планираната локација кај Момин поток но власта ја отфрлила идејата – а на крајот откако се дозна цената од седумдесет и два милиони евра излегува дека со парите за реконструкција можела да се изгради нова арена – вели професорот Волканов.

Покрај економска неисплатливост проблем е што власта цело време криеше дека реконструкцијата чини 72 милиони евра.

Арената треба да биде готова до Нова година – работниците на Бетон интензивно работат на вересија – досега им се исплатени само 9, 5 милиони евра. Ако работите ги завршат до крајот на 2010 државата ќе им должи шеесет и два милиони евра.

http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&egId=6&eventId=23999


Оваа локација е како погодена за стадион. Прво, бидејќи ќе се исчисти целиот простор кој малтене спаѓа во самиот центар на градот, а сега таму има само еден куп неурбанизирани куќи и сиви бизниси. Второ, бидејќи добро ќе се вклопи во целиот тамошен планиран елитен дел (кај сегашните касарна и зајчев рид).

Еве како би изгледало такво нешто. За пример го зедов Стад де Франс (добро, малце претерано, ама сакав да покажам дека и толкав голем стадион може да се собере). Малце го променив токот и на реката што се слива во Вардар. Паркингот што може да се добие е околу 23.000 м2, што е многу повеќе од 14.000 м2 карши Холидеј Ин.









The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8963
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 30-Jul-2010 at 16:53
Не би се пожалил да го имаме Стад де Франс таму

Локацијата е добра бидејќи е повторно блиску до градскиот парк и големите рекреативни зони на Скопје, спортската сала и базенот во Карпош итн...

Најголем + на оваа локација е добрата околна инфраструктура. Се наоѓа многу блиску до скопската обиколница, пристапен е со квалитетни сообраќајници од 3 страни (и е одлично поставен кон сите населби освен можеби Аеродром/Кисела вода). На ваква локација може да се воведе и одличен јавен превоз што би ја елеминирало потребата за мегаломански паркинзи.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 30-Jul-2010 at 17:41

И јас сум за, на ова место во иднина да се изгради стадион, да се планира местото за таква намена. Како што рече пбанкс, ќе има одлична местоположба во градот. Па и немора да е огромен, но би сакал да биде само фудбалски.

Потребата од нов стадион ќе се потисне со финиширањето на Градски, но се надевам дека во иднина таа ќе стане доволно голема да се инвестира на ова место, а воедно дека ќе се обезбедат средства и економска исплатливост. 

Јас сум за.

Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 30-Jul-2010 at 18:45
Има повеќе примери во светот каде што два поголеми стадиони се релативно блиску еден до друг. Навистина не гледам причина Филип 2 да биде пречка за евентуален стадион на оваа локација.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 30-Jul-2010 at 19:02

Не поради блискоста. Мене Баш тоа најмногу би ми се допаѓало. Зборувам за потребата од нов стадион откако ќе се изгради Градски.  Градски би ги задоволувал денешните потреби за организирање на спортски или културни настани, во поглед на капацитетот, и во поглед на искористеноста на ангажманот кој може да го даде, односно може да опслужува настани без да има кнап распоред и недостаток на слободно време, термини.

Но со тек на време, апетитот можеби ќе ни се зголеми, па градски ќе биде недоволен. Во случај на голем прогрес во македонскиот фудбал, а со тоа да имаме и успех на европски и светски план, заинтересираноста ќе се зголеми, но и користењето на Градски ќе се стави на максимум, да речеме. Па нели имаше компликации околу тоа кој ќе игра на Градски, дали Тетекс, дали Работнички.

Да се надеваме декаќе се развиваме на овој план, и дека едне стадион ќе ни биде малку. Остај тоа, 2 милиона луѓе сме биле. Ако има интерес и успех на нашиот фудбал на секаков план, тогаш само на Скопје нема да му бидат доволни два стадиона.

Но од друга страна, сепак треба да се инвестира и во другите градови и нивните стадиони. Но мислам дека Скопје може да издржи и дека може да има реална потреба од 2 стадиона.

Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 30-Jul-2010 at 19:07
Сега за сега апсолутно Филип 2 ни е (и повеќе од) доволен.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 30-Jul-2010 at 19:14
Па нели екс-ју државиве, дали само Хрватска и Србија, или уште  БИХ и Црна Гора, незнам не е важно, сакаат да основаат заедничка лига. Само ако земеме учество во оваа лига, бројот на фудбалски натпревари ќе се зголеми. Со тоа се зголемува искористеноста на стадионите, распоредот ќе се стесни. Можеби нема да се стави на макс. но со сигурност ќе гледаме повеќе фудбал, но и поквалитетен. А квалитетот ќе донесе и заинтересираност. Пример Ливерпул.  
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 18-Aug-2010 at 17:15
Alexgizh mi se dopagja ideata, no prosirena. Od taa strana vklucuvajki ja i Kasarnata Ilinden da se napravat poveke sportski tereni od razlicni sportovi, kako sto se Hipodrom, Golf, bazeni na otvoreno, i za mn drugi sportovi, da se dobie edna sportska celina, kako i da se prodolzi parkot, no ne i da se sozdade nova naselba, mislam deka ova mesto zasluzuva sportski duh. Bravo za ideata. Thumbs%20Up
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.