build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Новогодишно украсување

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 8>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9072
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Новогодишно украсување
    Posted: 29-Nov-2007 at 09:39

НОВОГОДИШНОТО УКРАСУВАЊЕ ГОДИНАВА НЕМА ДА ДОЦНИ

Скопје ќе се накити со елка и со илјадници светилки

Неизвесно е кој ќе настапи на традиционалниот дочек на Новата година, оти Градот се' уште бара донации за да донесе светска ѕвезда

Новогодишното украсување на Скопје годинава нема да доцни, туку ќе биде завршено до 15 декември, уверуваат градските власти. Со проектот за светлосна декорација на градот е предвидено да се украсат плоштадот Македонија, улиците 11 Октомври, Васил Аџиларски, Даме Груев, Димитрије Чуповски, булеварот ВМРО и просторот пред Судска палата.

- Со идејниот проект за дочекот на Новата 2008 година е предвидено Скопје да биде украсено цел месец, односно од 15 декември до 15 јануари следната година. На плоштадот ќе биде поставена елка висока15 метри, направена од вештачко зеленило. Таа ќе биде украсена со 50 илјади светилки и блицеви во бела боја. Исто така, ќе бидат украсени канделабрите и ќе бидат поставени сцена и осветлен портал - изјавија од Градот.

Освен главните улици во центарот на Скопје, во план е да се украсат и други улици, и тоа со ѕвездено небо, декорации на дрвјата и бандерите, како и со светлосни мрежи и завеси.

За реализација на традиционалниот дочек на Новата година на плоштадот, годинава од Градот Скопје распишале два конкурса. Едниот е веќе завршен, а се однесува на изработка на идеен проект за дочек на Новата 2008 година.

- За најдобро идејно решение за новогодишната ноќ е избрана фирмата „Баги комуникации“, зашто според мислењето на комисијата, овој проект ги задоволува сите пропишани критериуми. Нуди оригинално и унифицирано решение за украсување на централното градско подрачје, како и новини во културно-забавната програма, која опфаќа дневни манифестации за најмладите и вечерни програми за граѓаните во предновогодишниот перид, но и во деновите по празниците - објаснуваат градските власти.

Вториот конкурс е распишан за избор на фирма што ќе го реализира овој проект, и тој е во тек. За украсување на градот се одделени околу 4,8 милиони денари од буџетот на Скопје. Градските власти велат дека оваа сума е мала за вака голем настан, па ги повикуваат сите заинтересирани големи фирми да се вклучат со донации за да се спроведе новогодишната програма.

- Атрактивноста на програмата ќе зависи многу и од интересот на големите компании да спонзорираат гостување на голема светска музичка ѕвезда или група, со алтернатива да се реализира програма со учество на наши уметници и групи. За жал, во последните години интересот на големите спонзори е значително намален - велат во град Скопје.

Лани доцнеше новогодишното украсување на Скопје, па празничната атмосфера во градот се почувствува само неколку дена пред дочекот на Новата година.

(Ј.И.)

 
Извор: Дневник
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 29-Nov-2007 at 11:04
Ova ke bide interesno! Ako stvarno ke go ukrasat Skopje kako sto vikat, togash gradot ke zalichi mnogu mil
Ama dali treba da nastapi nekoja 'svetska svezda'??
Back to Top
se_manda View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote se_manda Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 29-Nov-2007 at 18:29
pa svetska zvezda za niv znaci ceca ili karleusa ili nekoja od pevaljkite od komsiluk so se LOL a za ukrasuvanje ne se nadevam mnogu mnogu poso znam kako i prethodnive godini najavuvaa kojznae so a ustvari tezok kiceraj bese
Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 29-Nov-2007 at 19:11
Ако имате да си платите, може и на „светски ѕвезди„ да отидете (се разбира доколку ви се допаѓа музиката):

http://www.avalon.com.mk/
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9072
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 12-Dec-2007 at 20:06
Толку од најавата во првиот пост. Roll%20eyes

Ова е дефинитивно нешто што дојде со Трифун. Порано често знаеше да ги изненади снег у зима па да не очистат, али не памтам некој упорно да се изненадува дека во декември е нова година и да го кити градот во 5 до 12.

Bash
Bash
Back to Top
se_manda View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote se_manda Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 13-Dec-2007 at 00:30
hihihihiihih pocna kicerajot Crazy ako ne ste primetile pocnaa da gi stavaat tie bednite zvezdi po drvana na rekord,so gi ima veke sekoja godina.za elkata ne se ni nadevam poso ke bide plasticna taka da i da sakaat nema da utnat,ko taa godina koa i falea granki.a za neso poise ukrasuvanje ne ni pomisluvam.pa sea nemozat i oni da se zamaraat tuka so kitenje na gradov.imaat pobitni stvari kako na pr koj poise kesh ke sobere i takvi nekoi stvari.i posle pak ke se zalat nemale pari za kitenje....
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9072
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 13-Dec-2007 at 00:34
најопасно е накитено градилиштето дијагонално од соборна црква Crazy рамно е на палмите на Пенов од пред некоја година
Back to Top
se_manda View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote se_manda Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 13-Dec-2007 at 00:35
toa kaj so e kranot so srekna 2008 so pisuva????
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 13-Dec-2007 at 00:39
Пак ли ќе го имаме тој челичен монструм на плоштад како елка? 
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
se_manda View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote se_manda Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 13-Dec-2007 at 00:41

abe ostaj sea ti toa,najevropsko e  Crazy

Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 13-Dec-2007 at 00:43
хахахахахаCrazy

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9072
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 13-Dec-2007 at 00:45
Originally posted by se_manda

toa kaj so e kranot so srekna 2008 so pisuva????


тоа Wallbash
Back to Top
se_manda View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote se_manda Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 13-Dec-2007 at 00:48
hahahahahahhaa aj be sea nemoj i ti taka negativen da bides.top si e.gleas duri se pomacile da ni cestitaat,drugi ni toa ne go praat.eve mene so mi fali,site postovi mi se onaka puni so optimizam,pozitivna energija.od so se taka....neznam....duri i mi ide da dignam u vazduh nekoi institucii i luge (saka nekoj so mene???) Big%20smile
Back to Top
kire85 View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 400
  Quote kire85 Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 13-Dec-2007 at 01:36
Originally posted by pbanks

најопасно е накитено градилиштето дијагонално од соборна црква Crazy рамно е на палмите на Пенов од пред некоја година
 
хахахахахаххахах.....само коа ќе помислам на нив....LOLLOL
 
може му била идеата да го збратими Скопје со Дубаи, па да почнат арапите да се расфрлаат со пари за проекти низ Скопје.Crazy
Back to Top
kire85 View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 400
  Quote kire85 Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 13-Dec-2007 at 01:38
Originally posted by se_manda

toa kaj so e kranot so srekna 2008 so pisuva????
 
у што кладба дека тоа нема година дена да го сменат, за на крај да ја сменат осмицата со деветка....Big%20smile
Back to Top
se_manda View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote se_manda Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 13-Dec-2007 at 01:40
hahahahahahahahahahhahahaahhaha aj be pa i ti.moze ke smenat(valjda) Big%20smile
Back to Top
se_manda View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote se_manda Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 13-Dec-2007 at 01:42
a ustvari u so se kladime????
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 13-Dec-2007 at 01:42
Пиво
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
se_manda View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote se_manda Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 13-Dec-2007 at 01:45

e aj,prifakam.ama koj ke ceka be godina dena za pivo....Crazy

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9072
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 13-Dec-2007 at 01:45
Originally posted by se_manda

e aj,prifakam.ama koj ke ceka be godina dena za pivo....Crazy



LOL
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 8>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.