build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Новогодишно украсување

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 78910>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 31-Dec-2021 at 13:19
ЗА ПРВПАТ НА ПЛОШТАДОТ ВО СКОПЈЕ НЕ ДОЈДЕ ДЕДО МРАЗ И НЕМАШЕ НОВОГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА ДЕЦА



Денеска на Плоштадот Македонија во Скопје не дојде Дедо Мраз, за првпат откако Град Скопје организира новогодишни прослави. Досега, Дедо Мраз кој трационално пристигнуваше на Плоштадот, делејќи им подароци на децата.

Град Скопје не организираше ниту програма за деца. Бината и Плоштадот се празни, немаше детски џагор. Денеска не се слушаа детски песни, не се одржуваше новогодишна детска претстава, намеше маскоти и други забавни точки кои со години ги имало за радост на најмладите жителите на градот. Единствен Дедо Мраз беше од приватното фото студио кое има поставено штанд за сликање. Не работат ниту сите штандови од „Винтерленд“, а дури денеска е наместена бината на која вечер за дочекот ќе настапат домашни пејачи и групи.

„Главен град на држава без Дедо Мраз за да се израдуваат децата, срамота. Иако нигде не беше најавено дека ќе има програма за пристигнување на Дедо Мраз, сепак дојдовме на Плоштадот затоа што секоја година во 12 часот доаѓа Дедо Мраз и тоа е радост за децата. Не ни помисливме дека е можно да нема детска програма. Но, еве на Плоштад сме, а Дедо Мраз го нема“, вели Д. М. од Скопје која се јави во нашата редакција.

Од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска само ни одговорија дека годинава Дедо Мраз нема да дојде на Плоштадот, но до објавување на текстот не образложија зошто во програмата за „Винтерленд“ за која се потрошени 32.000 евра не се предвидело и доаѓање на Дедо Мраз и детска програма .

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/za-prvpat-na-ploshtadot-vo-skopje-ne-dojde-dedo-mraz-i-nemashe-novogodishna-programa-za-detsa/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 27-Nov-2022 at 15:02
Улиците ќе останат без украси и светилки, ќе заблеска ли елката на плоштад?

Речиси сите скопски општини нема да издвојат дополнителни средства за новогодишно украсување, а причината, како што наведуваат тие, е економската и енергетската криза, како и препораките да се штеди. Градските власти, пак, сè уште молчат околу ова прашање иако ноември речиси заврши. На прашањата дали и на кој начин Град Скопје ќе го украсува Градот и дали, како и вообичаено, ќе се организира традиционалниот настан „Винтерленд“, како и новогодишната програма, оттаму одговорија дека ќе има посебна тематска прес-конференција на која ќе бидат најавени сите активности поврзани за новогодишната прослава, со цел информирање на граѓаните

Скопјани нема да имаат можност да ја почувствуваат предновогодишната еуфорија, бидејќи овој пат ќе изостане украсувањето на општинските улици, и не се одвоени средства за таа цел од општинските буџети. Единствено што ќе ги обележи претстојните празници се предновогодишните пакетчиња, но и хуманитарните акции со пакети храна за социјално загрозените семејства.

Тоа се информациите од речиси сите скопски општини, а причината, како што наведуваат тие, е економската и енергетската криза, а и препораките на Владата да се штеди. Поради тоа, тие решија да не трошат средства за оваа намена.

Градските власти, пак, сè уште молчат околу ова прашање иако ноември речиси помина. На прашањата дали и на кој начин Град Скопје ќе го украсува градот и дали, како и вообичаено, ќе се организира традиционалниот настан „Винтерленд“, како и новогодишната програма, оттаму одговорија дека ќе има посебна тематска прес-конференција на која ќе бидат најавени сите активности поврзани за новогодишната прослава, со цел информирање на граѓаните.

Високите цени на електричната енергија и препораките на Владата за заштеда на струја се причина Општина Центар оваа година да не предвиди средства за новогодишно украсување и за новогодишна програма.

Со новогодишни светилки и украси нема да блесне ниту Општина Аеродром, но, како што велат оттаму, ќе се обидат да го кренат предновогодишното расположение кај жителите.

– Поради енергетската криза со која се соочува државата, Општина Аеродром оваа година нема да има новогодишно украсување. Изминатите месеци воведовме низа мерки со кои, како Општина, значително ја намаливме потрошувачката на електрична енергија, а во таа насока ќе продолжиме и во месеците што следуваат. Но, сепак, се потрудивме да внесеме предновогодишно расположение кај аеродромци и за таа цел, во декември ќе организираме три фестивали – „Дромфест“, „Винодром“ и „Базарфест“, на кои жителите ќе може да се дружат и претпразнично да се забавуваат во пријатна атмосфера – информираа од оваа локална самоуправа.

И во Карпош не се планира ништо да се украсува.

– Предвидена е традиционалната хуманитарна акција за помош со прехранбени производи и средства за хигиена за социјално загрозените семејства. Сè ќе биде сведено на минимум – е одговорот од Општината.

Во насока на мерките за штедење финансии и електрична енергија, годинава и Општина Ѓорче Петров нема да ги украсува јавните површини.

Но, затоа, како што најави градоначалникот Александар Стојкоски, имаат во план да организираат базар со учениците викендот пред Нова година и со сопствени сили да ги анимираат граѓаните.

Општината Гази Баба, исто така, нема да биде новогодишно украсена, поради економската и енергетската криза.

– Ќе се доделуваат новогодишни пакетчиња на деца од социјално загрозените семејства. Ќе има голема хуманитарна акција со пакети со храна за семејствата од социјален ризик – заклучија од Општина Гази Баба.

Општина Чаир, пак, годинава ќе ги пренамени средствата предвидени за украсување на јавните места по повод новогодишните празници за плаќање енергенси за греење во основните училишта и во градинките на нејзина територија.

https://www.vecer.press/улиците-ќе-останат-без-украси-и-светил/
Carpe diem
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1110
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 27-Nov-2022 at 21:41
Мегаломански буџет за 2023 од 5,3 милијарди, кој во однос на некој од пред десетина години е поголем за едно 2-3 СК2014-ки, ама битно на сијалички ќе штедиме.

Фино им е оправдувањево и на централна и на локална власт, економска/енергетска криза, па ајде ќе штедиме демек. Прво треба да објаснат зашто имаме 20% инфлација, највисока со балтичките земји, а никаков раст на БДП (за разлика од повеќе источноевропски земји), па после да се вадат на екстерни фактори.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 28-Nov-2022 at 12:32
Оти соседи ни се Албанија и Косово, а не Германија и Финска.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1110
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 28-Nov-2022 at 13:16
Добар „аргумент“ плус за некое владино соопштение
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 28-Nov-2022 at 15:25
Originally posted by <Fresno>

Добар „аргумент“ плус за некое владино соопштение


Не, туку wakeup call за сите што уште веруваат дека сме имале „потенцијал“. Мала држава со сѐ помалку население, без излез на море, со тотално некадарна и функционално неписмена работна сила, опкружена со соседи без никаква куповна моќ — ништо не сме поразлични од Молдавија и Косово. Ниту ВМРО ниту СДССМ ќе ја оправи, а дефинитивно не ДУИ.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 532
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 28-Nov-2022 at 16:45
Што се случи со нашата евроатлантска иднина? Нели конечно излеговме од 19 век и ги започнавме пристапните преговори за полноправно членство во Европската Унија? Сепак сме и земја членка на најмоќниот воен сојуз во историјата - НАТО? Дали можеби токму годинава ќе ги дочекаме долгонајавуваните инвестиции на Фејсбук и Гугл, па затоа е толкав буџетот?
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1110
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #168 Posted: 28-Nov-2022 at 20:35
Originally posted by гитардемон


Не, туку wakeup call за сите што уште веруваат дека сме имале „потенцијал“. Мала држава со сѐ помалку население, без излез на море, со тотално некадарна и функционално неписмена работна сила, опкружена со соседи без никаква куповна моќ — ништо не сме поразлични од Молдавија и Косово. Ниту ВМРО ниту СДССМ ќе ја оправи, а дефинитивно не ДУИ.


За работната сила дефинитивно, но тоа се менува ако се сака за 2-3 декади. Ако можело од 45-90 од неписмено население да се стигне до илјадници инжењери, архитекти, доктори итн., може и од оваа ситуација да се излезе. Доволно е до точка да копираме успешни мали земји каде и да се во светов со <5м жители. Шансите се мали, нормално.

Он топик, муабетот ми беше дека популистички (штедливо и одговорни) и едни и други се вадат на криза, како во 90-ти мед и млеко да течеле па сме имале за украсување.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #169 Posted: 09-Dec-2022 at 12:25
СКОПЈЕ ЗА ПРВПАТ ОСТАНА БЕЗ НОВОГОДИШНО УКРАСУВАЊЕ ВО МАНДАТ НА АРСОВСКА



Скопје годинава за првпат остана без новогодишно украсување. На улиците нема ниту една светилки и украс, на Плоштадот Македонија нема елка, ниту новогодишен базар. Во главниот град единствено новогодишната атмосфера ја доловуваат кафулињата и дуќаните кои се украсени и осветлени.

Со години, Скопје кон почетокот на декември веќе бил украсен, елката на Плоштад пуштена да свети или пак украсувањето било при крај, но строгиот центар на градот веќе бил во новогодишна атмосфера. Сега нема никакви активности за украсување ниту пак најава дека тоа ќе се случи.

Сите главни градови низ Европа веќе одамна се украсени, се одржуваат новогодишни базари и Дедо Мразовци пејат и се сликаат со децата. Во Штип украсувањето почна пред една недела, а Општините Охрид и Струга најавија дека ќе има новогодишно украсување и покрај енергетската криза бидејќи очекуваат голем број гости. Во главниот град нема ништо, ниту пак градоначалничаката Данела Арсовска кажува дали ќе има новогодишна програма и зошто градот не е украсен.

Лани Арсовска кажа дека Градот веќе нема да дава пари на приватни фирми, туку ќе се купат лампиони и со нив ќе се украсува. Но, според податоците од Бирото за јавни набавки, не е спроведена ниту постапка за набавка на украси.

САКАМДАКАЖАМ.МК два пати ја праша Арсовска дали Градот ќе биде украсен и дали ќе има новогодишна прослава. Градоначалничката ги игнорира нашите прашања и кусо ни одговора „ќе има прес-конференција и тогаш поставенте ги овие прашања“. Прес-конференцијата што ја најави на 29 ноември уште не е одржана.

Со доаѓањето на Арсовска на функција престана традицијата на новогодишно украсување на градот и организирање на новогодишен базар со програма за деца и возрасни како во сите европски земји. Лани само симболично беше украсен градот со елка и неколку украси кои, како што рече Арсовска, биле донација од општествено одговорни компании. Лани за првпат немаше новогодишна програма за деца и на Плоштадот Македонија не дојде Дедо Мраз. Беше организиран само новогодишен дочек со домашни музичари.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/skopje-za-prvpat-ostana-bez-novogodishno-ukrasuvane-vo-mandat-na-arsovska/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #170 Posted: 16-Dec-2022 at 16:24
Конечно почна новогодишното украсување на главниот град



https://kanal5.com.mk/konechno-pochna-novogodishnoto-ukrasuvanje-na-glavniot-grad/a560443
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #171 Posted: 16-Dec-2022 at 18:24
Скопје, сепак, ќе се кити и ќе има елка!







https://www.vecer.press/мини-луна-парк-поставен-градскиот/
Carpe diem
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #172 Posted: 20-Dec-2022 at 02:06
ме иритира дискусијата за украсување секоја година... имаме ко прво далеку поголеми проблеми... со месеци веќе не работи уличното осветлување на одредени локации, а таму каде што работи светилките се неодржувани или запоставени меѓу зеленило
украсувањето што се збори треба да се стави на плоштад со одвратен плочник, недоврпени карабини, јавни обраснати или оштетени површини и соголени фасади и полу-градилишта
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 566
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #173 Posted: 20-Dec-2022 at 20:56
Aма од друга страна ни факинг елка ако немаме, тогаш па за каде сме
Back to Top
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Czech Republic
Online Status: Offline
Posts: 398
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #174 Posted: 21-Dec-2022 at 13:06
Тирана во меѓувреме:

https://twitter.com/VisitTirana/status/1600198819903406080
ಠ_ಠ
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #175 Posted: 21-Dec-2022 at 18:21
ФОТОВЕСТ: Нова атракција на Плоштад





Од синоќа со нова атракција градоначалничката Данела Арсовска ќе ја подига предновогодишната атмосфера. На плоштадот вози вовчето од Луна Парк.

За билет од 40 денари по човек, вовчето тргнува од мини забавниот парк и движејќи се по сивата лента врти цел круг околу плоштадот.

Вовчето за најмладите, но и за возрасните е на располагање од 10 до 22 часот. При тоа, локомотивата на вовчето не работи на еколошко гориво.

https://www.vecer.press/фотовест-нова-атракција-на-плоштад/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #176 Posted: 09-Dec-2023 at 18:27
СКОПЈЕ БЕЗ НОВОГОДИШНО УКРАСУВАЊЕ, АРСОВСКА НЕ КАЖУВА ДАЛИ ЌЕ ГИ КИТИ ПЛОШТАДОТ И УЛИЦИТЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ

Скопје е без новогодишно украсување, ниту се знае дали градот ќе има новогодишен амбиент како сите останати главни градови. Плоштадот Македонија и улиците во центарот на градот зјаат празни, без елка, светилки и новогодишни украси.

Со доаѓањето на функцијата на градоначалничката Данела Арсовска повеќе не се распишува тендер за новогодишно украсување, ниту се организира новогодишен базар. Во изминатите две години, на десет дена пред Нова година се поставуваа елка на Плоштадот и неколку светилки, но кој ги поставуваше и како се плаќаа со оглед дека нема тендер, Арсовска не кажуваше. Кусо одговараше дека украсувањето е донација на општествено-одговорни компании.

Ниту годинава Град Скопје не распиша тендер за новогодишно украсување или за набавка на украси. По доаѓањето на функцијата, Арсовска кажа дека повеќе немало да се даваат пари на приватни фирми за изнајмување украси, туку Градот ќе набави свои. Но, тоа не се случи.

Од кабинетот на Арсовска, како и цел нејзин двегодишен мандат, не добивме одговор на прашањата дали градот ќе се кити и дали ќе има новогодишна прослава.

За разлика од Град Скопје, со новогодишни украси и светилки е накитена Општина Центар, односно поголемите улици и паркови на нејзината територија. И годинава, новогодишен амбиент и новогодишен базар има во Крива Паланка. Општината и годинава ги украси плоштадот и главните улици, а се најавува и новогодишна програма.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/skopje-bez-novogodishno-ukrasuvane-arsovska-ne-kazhuva-dali-ke-gi-kiti-ploshtadot-i-ulitsite-vo-tsentarot-na-gradot/
Carpe diem
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #177 Posted: 27-Dec-2023 at 03:25
не дека лично имам против да се има штедиша табиет кај гратските власти, но доколку сакаа да извлечат максимум со минимум вака тендерски чинам освен за дебакл од новогодишна атмосфера подалеку ако се добаци тоа би било навистина јуник, дотогаш јуникорн фантазмагории ќе биде муабетот само за по сеир, во случајов пак бидна и белосветски, на што ако воопшто утеха ет е дека живееме в каузален свет та не значи ако сега не сеират [1] дека утре нема да се сврти тркалото, но ние треба да сме свесни дека вака укажуваме на еден феномен колку нам Стара Нова Година Изворно ни ет Помила та пооригинално за Православен Божиќ се спремаме [1][1][1] ем бидејќи сеуште топтан не сме препарирани евроатланско конзумеристички (нормал што од скромност што од сиромаштво) та комотно можеме да им фрлиме и ние одма сеир на европеи за нивнио метросексуален мајндсет!, та зар не е побитно Градо да има одблокирана трансакциска сметка него Дино Мерлин скотјани новогодишно да ги забавља, на страна што и така и вака кусур ќе бидеме турбофолкерски!

ако е за урнек утеха скотската кичофонија од елки (без соодветно место за елка) [2] доколку се има соодветен пристап дури и во ваква форма може некако подобно да се стокми, а за што урнек ет истоветната елка лани в Битола [3] незнам само дали за кинеска направија е збор, та ако испадне поефтино сами ко Сограѓани да си нарачавме елињата от АлиБаба [4][4] та сеиро да бидне и помалу кусур по резило!?

некој пооригинален со минимум максимум пристап би бил, да секое Основно Училиште донираше некој свој сегмент за Елка сторен, а за некоја мега поставка од тензилни елки кои на сајли би виснале врз да речеме Мериот, потем МСУ, па ГТЦ, па платото зад Опера и Балет (можеби место Кале стоковна Мост итн.), а на то единствено што би фалело навечер Блеклајт рефлектори да осветлуваат флуо или фосфоресцентни лампиони, евентуално на секои 10 минути да се палат пазарџиски алајк ласерчина или стробоскопи кои контурите од лампионите по тензилните страни на пирамидалните елки би ги осветлувале!, не дека не е изводлива ваква направија само треба добро анкерисуење соодветни лесни сајли наместо пвц ко на следнио фус [5] а може да одат на пр. зелени киригами банери за таквите тензилни скулптури и лајтграфити [5] кусур имаме и слично та и поризично искуство [5] а некому сигурно ќе му текне и плинско да зафрчи пламен у боја штом саатот куцне час!?, огномет де!, но кога се нема пари за спектакли зошто не и плинско да не фрла димни сигнали мислам ако веќе се брка некакв атмосфера за Деца то и занив пред се' да биде фора, но за денски тоа да бидне случај конфети од лакмусова хартија или фрактална фолија [5] поарно би биле него какво и да ет импровизирано лајтшоу!, иако и со малку ноухау може да се фтаса некаква dmx атмосфера [5] можеби заелчени кобасици на роштиљ за да се апострофира дека неопагански е муабето со ДМ и Елко Елко т.е. се придало христијански лејбл на традиционалнио пагански во однос идолатријата кон дрвата како еден од основните ресурси при народите [6] само што тро денес то изгледа погрешно за доштимуење ем конзумеристичко кичерисуење сепак оди запри го циклусо на весело китење хм нема ни потреба доколку правилно покасно на појават и се приоѓа налик радоста доаѓа од заедништвото а не китењето сред самотлук од индивидуализам сред овие времиња каде и се' да е накитено пак бадијала [6][6][6] некако кога пакетчина едвај и за грегоријанска нова година мањак а не пак и за Православен Божиќ ем Василица да има за Деца та од крај в крај Торжествено да ет ние дури ко и за споредба со наште Предци во својто заедништво не сме колку и да било бајковито сепак домашните игри биле уникатно весели за Децата а денес каде тоа у игротека само, сепак сеуште сме уникатни некако и ние со прекакуваната предхристијанска оставштина [7][7][7] то за возрасни ова би било нали, со оглед дека има логика на 7/8 од плоштади околу главнио да има различни перформанси цел таков од секуларен па се до Православен циклус на зимски фестивали [7] Aма Kако кога на тендер живото ни се свел!?

сепак греота е да се сеири ваквио тренд, и не заради друго туку и така мнозина загинале воља за Спасение Душа та уште да им мериш ут вијуга зошто припаѓале во транс ако фестивало зимски им бил терсене очобол!, иако за волја на вистината Деца треба да се веселат постојано та Фестивали да има што почесто, а Сите како Заедница токму заради Нив што повеќе да се потрудиме секој еден месец при секој празник да им угодиме бар со уникатни перформанси, а каде самовилски соништата и бајки помалку би имало, туку отповоќе судбински та и ријал политички џумбус би врвело, нели за што побрзо да пораснат бидејќи Печалба ги чека се' порано него подоцна!!!, во спротивно ризикуваме да ги искривиме небаре реалноста им е мед&млеко сестрано!, ех сигурно ќе ме обвинат види го теле без осет&ред како сеиро го надградил?, НОУ НОУ НОУ!, ојте на рихаб АЛО!, во наше време Елка у Маало имавме само онаква природно засадена, а на Плоштад и да ја има бидејќи еден беше па ко и да ја нема, особено бидејќи таму ме носеле само еднаш во година!, нешто покасно 6-то или 7-мо одделение да бев одел почесто, ама пак тогаш до елка ми било само Дома!, и не дека треба и денешниве Деца соодветно да се челичат, но кога во титоизам кога имаше за сите нали се' па нешто многу многу поуникатна атмосфера немаше, што пак денес кога за сите се' нема!?, колку само Деца ќе немаат топол оброк или кров над глава за новогодишната ноќ а вам ви било кусур што елката околу Алексо ко тензилен конус не е оптегната!, бреј така и поефтино ќе се помине него сега тендерски!, та бар еден ден во годината и така паметникот не е некој монументален штембил за посебност ами конзумеристички испринтан реализам речиси идеален ко за 3Д Детска Сликовница в скопски тематски парк, та и навистина зошто еднаш во годината Деца на таква фора да не се израдуваат!?, може и да лебди тро над лавоите конусо за нанив капчина од ДМ да се поредат ем поклони во фонтана нафрлат!, и оп ето туристички спин кој и така не сме католици мнозинството та и нема нешто трагично да го доживееме муабето!, ех уште таквио тензилен конус од елка врзнего да ротира и топ, ето рингишпил од лампиони срочени од секое едно ОУ во земјава та и од по некое наше в туѓина!!!, да можевте да го прашате Алексо а тој и да ви одговори дали би се налутил сигурно ќе речеше Ало Нек Се Радуваат Деца О вие акмаци кичоосани!, ама нали вие би се за Децата ама Алексо онаков испринтан ви е помил да не сте го навредиле у принтана монументалност од паметник!, хм може за следнио ако не овој новогодишен Панаѓур в Центар да се досетите на постов ко одговорни, ама прво сторете Јавна Дебата за да не се најди некој одлепен партиот та да ви удри уште поодлепен белосветски сеир зошто Алексо сте му го елкнато јавнале!, просто имаме сешто од македонштинлук во скотјево дали!?, е сега, ако некако некогаш ми било ко Дете радост в Центар ваква новогодишна атмосфера то беше гужвата по тезгите на ул.МКД т.е. таквио спин правеше посебен штимунг, а сега то на сред Плоштад куќарите каде бе оди спореди со она што беше порано по цела ул.МКД па се до Чаршија од тезги и понуда!, на плоштад незнам зошто пак и пак лизгачки ринг нема ама каде профи Уметнички Лизгачи перформанси на Деца ќе им прават (додека навечер само по кондури брејкденсери да шизат!), но нали безбедносно склет времина а Милиција сеуште све не' учипила за со лезет да пази не само локален наплив ами и интернационален при евентуална слична новогодишна тезга авенија, та и разбирливо!, бреј ко новогодишен бувљак беше тогај муабето, прва плоча од Марли таму си ја бев начекал у Живот замисли и то Не Се КајаМ, а сега ни у продавница ќе ја најдеш!, е сега x2 со минимум максимум до година ако сеуште светска економија е нанозе, а и сега и тогај не заборавјте дека Деца Приказни Ги Радуваат но сними ли некој некоја весела општонародна налик Силјан Штркот алајк со Ирваси оолунего ко кросовер за весел рипит на лектирите, или можеби за постарите стори зевзекманија алајк хор да пофали градоначаниците, илити за најстарите да им препее некоја Изворна од младоста празнично, хм некако ко да не сме веќе Заедница ами само конзумеристички бројлери кои берат гајле в кој мол паркинг место ќе дофатат!? hm mozhno li et nad Kale bar tro potro nekoj da im stori niet na Deca i novogodishno lajtshou da im sklepa nali ko shto et trend po sveto kale zsh ako popagjaat bar samo MSU eventualno da zakrcka [9] posekako potencijal imame nekogash i kajnas takvo neshto Deca da vidat ta bilo toa i so mini~dronchinja [10]


Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #178 Posted: 27-Dec-2023 at 04:33
ех осмио фус го испуштив а?, та ево прикладен пост занего!, односно она идејана наивно да им се угоди на Деца дури до степен Алексо да ет сторен елка кога веќе не моит да се најде соодветно место занеа, чинам може и треба да се стори и другде така тензилно на или околу плоштад, а некакви сајдкик кандидати би биле Лумикс ил Триумфалката т.е. врзнив да лебдит таков муабет, арно ама така ќе затераме Карачи алајк та на оние кои ценовно струјата ни ја таманат да им украсиме предпорти што би било тро сиромашки земено дебакл од симболика, та мошне веројатно таков спин може да се стори тензилно врз КосиоМост в сред Вардар, ем Народ ќе може да врви поднеа кога по Камен Мост поминува та и космички да се подосети празнично!, е сега дали и каков тип на елка треба формално да се стокми тоа ет друг муабет, ем дали горе да има пентаграм или Сонце илити комета то исто референдумски може да се зацементира како долготраен параф со оглед дека таква елка ќе биде тро поуникатна појава меѓу сите досега а и бидејќи немаме нешто идеална локација за в Центар та и доколку види бел ден некогаш остана изгледа муабето така трајно!, е сега дали да се врти па може и снег успат в сред да снежи ако сакате, битно како новогодишна визура ќе го реши кичофоничнио момент кој се јавува секоја година околу Алексо откако на Плоштад дојава!, а дека ќе биде фора дефакто ќе биде, прашање е само дали ќе бидат надлежните спретни при евентуални куршлуси правовремено да интервенираат она Врапче им изела сијаличка две та како брзо да ги заменуваат, хм со вертикален мост преку дронови спуштаат идентична тензилна конструкција како јавната замена за постојната нормал 4 добри дрона можат да ја оптегнат и јавнат врз куршлосаната и така заменат!, ова говорам доколку повлечит регионална атракција ваква лебдечка лед елоина како да не биднеме резил сред новогодишен наплив на туристи!, бреј после она кривата елка чинам што и да испраиме нема гајле!, а ваков лебдечки абер чинам досега немам чуено некој Град да испраил сред Центар како трајна инсталација, вистина кусур ќе биде моментот да може и поднеа да се доживее лајтшоуто, а за што муабето може да затера и фестивалски соодветно доколку почнат на сите потенцијлни центарски плоштадчина ем општинските такви Летај Ми Летај Моја Весела Елко инсталации да се општегнуваат, пазете околу тимарето на приказните само како ви текнало ја нисам одавде Ало!, не ме местете мене, просто нам памето од секогаш ни шеткал летал терал и потака од другите, само што воа удбалитичаре ни проектираат дек термите ни го полазиле, а уствари ним чавки заборџиле!, та помогнете им со Гулаби донесете им и лебдечки Маслинови освен Елови дрва ...

хм, ако споредам од каде ми идејата, хм хм хм, Саем ни го рушија дали, а ко за беља Саем уште од најмали нозе ми беше Идила у мал мозок ако ориентир што треба да ет современа инсталација од масивна скулптура на отворено т.е. то рекламните Кјубои потпрени на ивица т.е. налик искосен тесеракт [1] само што тогај ко за прва таква општонародна инсталација ем тро потрајна та морало да се оди со профили како основа!, но сега кој век сме?, комотно може да се изведе и само wireframe конусна конструкција за да носи илјадници ледои кои би ја оформиле таквата елка со најспектакуларна визура од Кале кон Плоштад та ето и Кале така подобно може да се анимира доколку кај МСУ или паргингот помеѓу има подополнително Новогодишна Програма можеби со вештачки снег правење Снешковци итн. итн. Замрзнати Замоци и слично!, хм на то мосто кај МНТ клајте 3 Големи Ирваси!!!, само за да не уапат некого глејте на надувување да се!, за малу еден астрал не ме беше зобал!, та пазете како со паганизми си играте!


Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #179 Posted: 28-Dec-2023 at 21:20
кога ќе размислам подобро така ризикот од преголема оптовареност врз Камен Мост бара или негово затворање, доколку таму висни или се исправи Елка, или евентуално дозвола за премин да имаат Деца со Родители или Роднини та таму да се фотнат т.е. да е дозволено помала раздвиженост на мостот во зимски празнични денови кога Елка ет таму испраена, а конечно доколку постои сенс дека околу Плоштад може и треба да има помали скверови и на секој соодветна панаѓурска поставка та ова нема да биде некаков проблем, ете бар еднашка во годината Децата да имаат поголема привилегија од сите останати!, плус ова ќе биде прилика самите скопјани да впрегнат инерција за разни скверови и сврталишта дури Градо е нем за таква потреба, а при што мора да внимавате и некој да не ја злоупотреби ваквата идеја за некаков ефтин маркетиншки хајџак та наместо народни скверои да биднат таквите локации кока-кола-лоботомија а вам склет зошто нема да можете на сите Деца да им приуштите полни чаши сок бидејќи на тоа и ќе се сведи доколку не внимавате кому како таму ќе му дозволат да точи напитоци!, чунки најтокму би било одредена невладина која ќе има дозвола за организирање новогодишен ивент на даден сквер да има сите профит од продажба на топли напитоци и костени пченки ем шекерна волна!, так на пример кај Опера и Балет (дал напред партерот кај музилките ил одзади паркчето) да има Панаѓур на уметнини ракотворби и книжари како пригодни тезги или куќарки како акцентот би бил на култура, а каде комотно може и некое друго автентично дрво да се испраи, на кое пр. може да се закачуваат честитки за Сите Ништи Духом т.е. Молитви вонив Занив, нешто налик то јапонската танабата традиција [1] потем кај Лумикс може да ет сквер и новогодишно дрво ко Бел Бор како Молитва за Сиромашни во контекст родната куќа на Мајка Тереза [2][2] а пр. под Кале може да се склепа Спортско Дрво налик каква и' да е инсталација на зимско дрво, на кое би имало пр. Лулашки по сите страни, бреј ако ет ротационо може да заличи и на Рингишпил комотно во некоја идна верзија при ревитализиран СРЦ Кале [3] практично идејава е повеќе за целогодишна поставка та 7/8 скверои се стокмат околу Плоштад Македонија [4] а ако ништо друго бар ето така во Зима заради Детска Радост во различни перформанси секоја година Сите да сетат дека се Заедница во која иако оладила Љубовта пак се трудиме да развиори истата некако поуникатно него моловски постојно!, та ето интересна и локална и туристичка мотивација за Дружба низ практична смила за ологосување Заедништво и Сочуствување со Сите кои сме ги забораиле т.е. каде таквите новогодишни скверои би биле дел од даден Социјален Инжињеринг за бар тогаш Деца да можат да заборават на сета постојна безидејност која не заплиснала во овие времиња!, конечно социјален инжињеринг може да тера во разни комбинации пр. ваквите скверои да се сплотат во еден фрактал на Љубов та секое Дете низ дадена Маршута од сквер до сквер со по еден пазл на крај да стокми Лампион Снегулка за Дома која може секоја недела да е во различна боја се до Православна Нова Година кога пр. Православна Невладина би им делела на Деца пред Соборниот Храм Сотиролошки Сликовници Боенки Киригамиа!, во основа поентата е како Сите да се свестат та дури и Децата дека Сите сме Гости на Овој Свет та се' што чиниме во својот Живот да ет заради Љубов Мир и Спасение ...

... хм атеисти сигурно ќе срипаат како бе таква индоктринација, но Референдум решава подоста гајрети од ваков вид, доколку и навистина има такви кои мислат дека Верата Православна е промашена смисла на живот, хм за жал има и' такви, но слободна волја та нивното би било нивно но само доколку се мнозинство, а доколку такви некако дигнат џева та логично би било компромисот да ет Референдумски стасан по што сигурен сум никој нема да треба за убава идеја да крева во недоглед џева, иакo паметно е да постои и 24/7 филозофско метафизичка дебата во општествово како полуписмени сограѓани не ви биднувале импакт фактор на штимање свест пропагандно т.е. да постои Дијалог помеѓу различните граѓани со контра Идеали!, бреј може таквио вајб да тера и онлајн пр. ко што се то дебатите на ЏејД [5] мислам како поинаку би се зауздала ароганцијата на неопаганите и безидејноста на атеистите кои од таквиот новогодишен моментум единствено што максимум ќе повлечат ет празна конзумеристича еуфорија, небаре одбројување до одредено завршување на годишен сончев циклус е ултимејт радост за постоење следната година, онака суеверно налик забораваш се' што било претходно и од 1-ви јануари ресетирани почнувате очистени од гајлињата, бреј бреј бреј зар не ет тоа најтривијална лоботомија од смисла за некаква општествена прослава!?, но ко за беља ни на Свадба таква еуфорија нема Чоек да види ама за новогодишната ноќ опиени од безидејни здравици отчукувањето на саатот новогодишен лупнуе фантастично нали Ура Ура Ура Среќна Нова Година ко главна здравица, И Аирлија камо така да се радувавме секој Ден што не обденал!, но ова бе прејде во тешка лакрдија без никаква освен конзумеристичко аздисана смисла!, та бар да распределеа Родители буџето и од католичка до Православна Нова Година цел тој период да им го чинат од весел повесел како зимски распуст, но ко за беља не е како во титоизмот кога можеше таков вајб да се втаса бидејќи фамилијарно сите беа сплотени здраво та и за сите постојано секаде бар весела трпеза да ги дочека, сега бреј едвај една недела таков вајб да здрма, но затоа сега пак имаме каде каде повеќе можности да се сплотиме низ Граѓанско Здружување и осигураме фестивалски пакет аранжман на различни нивоа ето стрит левел ако не друго, Но за такво нешто да бидне реалност мора Град Скопје да спрости еФорум за содветни ивенти каде нво-а би сплотиле сили и срочувале постојано бар празнични проекти!, но каде бе, уште од времето на Коце некој им ја дал идеја ама ко што гледам освен рубрика за обичен коментар ко на инфопортал ништо друго нема од Тематски еФорум, кусур каде содома&гомора ботови си лепнуваат спамои ко нигде другде по европите та и потака [6] ех бар во нешто сме уникатно ефективни во однос останатиот Свет!, си викаш вистина колку безгрижни градоначалници си имаме што ама мува не ги лази каде заседнале на што се насадиле врз кого зеле Околија а не па Живот да му оправаат!, та до толку ли бе никој немало да ги предупреди досега!?, хм еве бонус предлог ~ кај Лотосо в Парк може да се пресади Елка од некој Поправен Дом за да ги потсеќа натака сите идни скопски началнички наоро потфатени абер налик "Ало не' значи дека оние пред вас ако заспале, дека и вас дремеж треба да ви е норма у градскио домакинлук!", практично идеално би било Град Скопје да има 24/7 за сите теми Отворен еФорум модериран и дебатиран од локални невладини организации со оглед дека за такво нешто сами немаат капацитет, та може така да видиме и екстра волонтери утре, и не само за градски манифестации, туку и за тековното работење на Градо!, Аирлија Натака, но како ви ет обичај да си терате со памето, пазете да не се насадите на некоја екс удбашко-убалитичарска стапица и ко волонтери!, десет пати премерувајте пред да се нафатите на сите оние в Парк паркирани в то бараките карши-кермески!, ех Трифка уште ли го обновуе Кермез или ојде и тој проект под стечај заедно со банката!?, та бар ко Куќа на Страво да го стокмеа запуштенио објект, ко ќе видиш слични хотспотои еден куп во градов, та бар од таков келепурлук да се стори така туристички спин, а може тогај ќе им текне закон да сменат и се' што е во и околу Центар од параспур напуштени објекти со Маркетинг Боксои да се среди, та ако не сакаат стопаните, од тоа да му капе на Градо што оптегнал скелиња со маркетинг тараби или церади!!!, бреј на Плоштад нели сеуште имаме два такви егземплара а не па другде, Риспект Параспур Јуник ни ет реалност стрит левел центарски а то преведено во олдскул фраза би било """"Живот Пише Романе", а кај нас Кучина Скитковци ни у Стационар", на позадина од Суперхикс Африка Шампаста од сладок соживот!", со параф на Дедо Марко Цепенков" ... Се Е Бе Супер само ни фали тро отпојќе суво грозје домашно, ко за меѓу редои бисквит колач, попарени со Компот од Мушмули, та нели немајќи автохтоно банани не ни можеме да биднеме БананДрж ами МушмулДрнч!, додека военото ни разузнавање не си спрасти отанизирани вијуги, а затим Спектакл!


Edited by beTon - 28-Dec-2023 at 23:16
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #180 Posted: 28-Dec-2023 at 23:58
него Лајтшоуа Огномети Петарди, во првио случај Камен Мост ем МОБ моит комотно да се стокмени со новогодишни лајт графити, додека Огномет да е редовна фора по Кале или кај СРЦКА (доколку се стокми ко што треба), а петардите ко кракери во сите форми може да се дозволат на места ко МКЦ или Музеи каде за да се анимира посетеност навечер би имало пиротехнички шоуа уз редовната програма!, така речи уз ритам да им крцка под нозе на гости рајатот!, бре цветен фаерворкс хоризонтално сте виделе ли како изгледат, онака огномет врз Вардар ниско да распукует по сите страни а никому очи да не му извади!?, но каде бе кој тоа да организира кај нас, можеби воени разузнавачи со Пица Хат на глава, може и Кинг Бургер роштиљ у дисаѓи!?, вистина зошто стрит фуд да не им е дозволено на регистрирани занаетчии од Домакини и Домакинки кои ето онака Домашна Храна по стандардизирана цена за вакви и слични празници не би продавале На Точак!?, нека им стандардизираат и пакувања ако треба ем штембил у тесто, ама за сите да има нормални цени за закуски и јадења на улица при вакви празници!, ах што лиги ќе ви течат потем што сте си украсиле утроба со мевлеми пример од ајурведска макробиотска посна Православна Кујна!, мислам и само на сендвичари како Хармонија да им допуштаат таков вело шатл сервис ко сквер испостави та бар празнично нема да мора да се чуди Народ со што уникатно да израдува Деца ем поучи зошто е Убо да олабават од џанк фудоина!

но Корпи Бе!?, каде кој да клаи екстра церадни топки за џубар при масовни навали на Плоштади!?, многу пати и пред да завршат такви утра денои ноќи шеташ така празнично и цапаш во секаков смет, та не најуба Елка да има ем украси во сите фрактални одблесоци и бои пак бадијала кога памето ти заминал тро по тро во она што ти се сметнало на патика, бидејќи нели одтаму некаде продолжуе весеље, та веројатно мнозина се приморани и заради вакви банални работи на џа-или-бу табиет, илити си носат резервна обуча сосебе!, бреј бар да шиткаат некои фестивалски најлони за на нога, хм и за на глава може вистина мора и треба да е норма да има некој да дели и Хартиени Кеси за ургетни моменти ждрело кога се надразнило или желудник закиселил, вистина никој не си носи своја Кеса за секој случај а никогаш незнаеш кога може да ти се слоши!, оди ти стигни сега до жардињера ко порано на Плоштад, мораш во Вардар а ко за беља најчесто таму оит Бина наместо под Алексо ...

друга битна работа која не ни мора да се спомне но може да бидне супер фора е да има плински греалки наоколу за сограѓани со слаба циркулација, зар ним не им е до славје!?, хм можеби тајфуни на пола плоштад да збрчуваат ниско топол воздух ко побезбедна опција, но каде бе Градо едвај камен за то наКривената Елка нашол а не пак нешто револуционерно!, а и да ги има чиниш ќе ги задскријат правилно густо сунгересто ко топли маскоти та дури и некој ако му се слоши да моит да се подоптегни додека интервенираат ПП-ници, туку ќе ги расфрлаат ко вишок урнама опрема од која сопнувајќи се може чело ќе си остава Народ на плочник!, вистина колку треба во онака затворен Плоштад Македонија да се наштима уникатно фина клима!?, минимум Две Африканки во традиционална носија (пред или на стејџ) за плацебо да си решите подобна регулација на циркулација у организам!, мислам кога ќе видиш некоја летно необуена наметната и разиграна нормално нема да кршиш клечки колку ти студело зш трезен ѕенѕаш!

Edited by beTon - 29-Dec-2023 at 00:00
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 78910>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.111 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.