build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Тетовски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 7>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1171
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 15-Sep-2013 at 12:16
Веќе скоро 1 месец и нешто се работи на остранување на асфалтот, и на тие бетонските што го делат булеварот со тротоарите забраев како се викаа  и се заменети со новиSmile, се работи само на едната лента, нареден период  на другата. Тоа со црвено е асфалтирано, тоа со жолто денеска се асфалтира. На машините и на работниците им пишува Гранит- Скопје, сигурно они се изведувачи. И се извинувам поради лошиот квалитет на сликите од мобилен се сликани.














Back to Top
4makedonia View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 16-Sep-2013
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote 4makedonia Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 16-Sep-2013 at 21:44
Здраво Драган,

Булеваров треба да е готов, три години поминаа.
Актуелна состојба ако можеш со слики да обновиш
Тетовска касарна - воени згради (нема интерес-купувачи) или општинско земјиште (од министерот подарок за општината, како во Гостивар но сосе објекти)
Евентуална обиколница-градска околу Тетово - сепак само со инвестиција на Влада, дел веројатно и низ касарна треба да поминува-поврзува со автобуска и железничка станица и кон патот за Јажинце

Владата треба за секој поголем град да одвои пари за "проекти 201X",
а не само за Скопје. Покорисни ќе бидат, ќе решаваат елементарни потреби-водовод, сообраќајници и сл.


Back to Top
4makedonia View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 16-Sep-2013
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote 4makedonia Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 16-Sep-2013 at 21:48
коментирав за #8 Posted: 08-Sep-2010 at 14:23

нов сум, поздрав до сите на форумов - одличен е!
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1171
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 17-Sep-2013 at 13:51
 Секако секако кога ќе имам повеќе време ќе поминам и натаму накај касарната и тој булевар Благој Тоска слушнав на вести се обновува. Инаку ако прашањето тие дали во тетовската касарна е дадена под концесија и треба таму да се гради згради училишта, тоа нема да се случи, таа се уште си работи си има војници што ослужуваат воен рок од други градови од Р.Македонија. Обиколница? хммм тоа на тој пост не е обиколница тоа беше нов пат кон Џепчиште и патот накај граничниот премин, но се нема никаква активност веќе две години.
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1171
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 27-Jun-2014 at 20:09
Смешно но вистинито Big%20smile прават патека за велопепедисти хаха страшно место да го расчистат собраќајниот метеж па после ова да го прават .




Edited by Dragan - 27-Jun-2014 at 20:09
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4075
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 30-Jul-2014 at 11:08
Stanuva zbor za ovaj del ili se lazam? Ako da togas super
Отварање на патот кон болницата
14.07.2014


Пред неколку деназапочнаа работите за отварање на патот кон болницата, кој што ќе овозможи полесен пристап на граѓаните до Клиничката болница – Тетово. Патот кој што се отвара од кружниот ток на ул.“Јане Сандански” во близина на Камениот мост, ќе биде во должина од 350 м. , широчина 5,5 м. и тротоар од 2 м. за движење на пешаците. Отварањето на овој пат, освен што ќе овозможи полесен пристап на граѓаните до болницата, без сомнение ќе го олесни и сообраќајот кој е доста оптоварен на ул.”29 Ноември”, што ги поврзува Здравствениот дом и Клиничката болница – Тетово.


Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4075
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 18-Mar-2017 at 10:22
Кај булеварот илирија и булеварот илинден. Проектот почнал, 72 столбови, 12 фонтани, 32 места за паркирање на велосипеди итн..



Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 16-Feb-2020 at 13:42
Тетово ќе добие нов булевар и градски превоз преку проектот за подобрување на општинските услуги МСИП

Министерката за финансии Ширет Елези информираше дека Тетово ќе добие нов булевар и градски превоз преку Проектот за подобрување на општинските услуги МСИП.

Преку 3,5 милиони евра од овој проект досега се доделени за капитални проекти во оваа општина за набавка на фотоволтаици, изградба на локални патишта, набавка на комунални возила, рече заменик министерката за финансии Ширет Елези на настанот по повод почетокот на градба на нов дел од булеварот „Видое Смилевски-Бато“, на кој присуствуваше и градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи.

Како што посочи Елези преку проектот МСИП се доделени 990.000 евра за изградба на дел од булеварот „Видое Смилевски-Бато“ од што директна корист ќе имаат 11.000 жители во општината, но ќе биде и од големо значење за сите граѓани во општината.

– Со изградбата на овој дел од булеварот, кој инаку служи за влез и излез од Тетово кон Гостивар и кон граничниот премин Јажинце, и е една од најфрекфентните улици, ќе придонесе за развој на градскиот транспортен систем во општината, за заштита на животната средина преку намалување на штетните емисии, бучавата и енергетската ефикасност, придонесувајќи кон економскиот развој преку движење и пристап до сите делови на градот – рече Елези.

Заменик министерката за финансии најави и дека преку проектот Тетово ќе набави автобуси за градски превоз.

– Преку Проектот за подобрување на општински услуги МСИП на Министерството за финансии, општина Тетово ќе набави пет автобуси за јавен транспорт. Ова е навистина голем проект од околу 1.100.000 евра со кој ќе се воспостави јавен превоз во градот. На тој начин ќе се намали сообраќајниот метеж, што ќе влијае и на намалување на загадување на воздухот. Корисници од имплементацијата на овој проект се сите жители на општина Тетово, особено сите граѓаните кои живеат или работат во градот Тетово – додаде Елези.

https://meta.mk/tetovo-ќe-dobie-nov-bulevar-i-gradski-prevoz-preku-proektot-za-podobruvaњe-na-opshtinskite-uslugi-msip/

Од фб профил на општината









Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 16-Feb-2020 at 13:43
Повторно доцни изградбата на булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово



Паркирани возила, кал и искористени шприцови се само дел од работите што може да се видат на местото каде што е предвидена изградбата на булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово. И покрај тоа што отворањето на булеварот се ветува од 2014 година, изградбата на оваа важна тетовска сообраќајница не е завршена, ниту пак може да се види градежна машинерија на терен, пишува „Порталб.мк“.

Од Општина Тетово го имаат истото оправдување како и пред две години, велејќи дека отворањето на овој булевар е заглавено во постапката за надомест на имотот на граѓаните низ кој ќе минува трасата на булеварот.

Отворањето на булеварот „Благоја Тоска“ се смета за еден од поефикасните начини за олеснување на преоптоварениот сообраќај во Тетово. Трасата на овој булевар почнува од кружниот тек кај поранешниот ресторант „Мема“ и завршува кај градскиот стадион.

Од Општина Тетово истакнуваат дека градежните работи за отворање на оваа сообраќајница ќе започнат веднаш по завршувањето на фазата на експропријација на земјиштето.

– Што се однесува до булеварот „Благоја Тоска“, општина Тетово ја спроведува постапката на надомест (експропријација) на имотите на граѓаните што се наоѓаат на првиот дел од инфраструктурниот проект, почнувајќи од Клиничкиот центар до текстилното средно училиште во Тетово. По завршувањето на оваа постапка ќе почнеме и со градежните активности за отворањето на булеварот, кој е од особена важност за намалување на преоптоварениот сообраќај на Тетово – рекоа за „Порталб.мк“ од Општина Тетово.

Надлежните општински власти се заглавени во фаза на компензација веќе неколку години. И во мај 2018 година, од Општина Тетово за „Порталб.мк“ изјавија дека отворањето на овој булевар е во „фаза на експропријација“, а ист одговор на оваа тема добиваме од 2018 година до денес.

Тетовската градоначалничка го ветува отворањето на булеварот „Благоја Тоска“ од 2014 година до денес. Трасата на оваа сообраќајница пред две години беше претворена во паркинг. Градоначалничката Теута Арифи беше убедена дека булеварот „Благој Тоска“ ќе се отвори до крајот на 2018 година, а само еден ден пред почетокот на 2020 година, таа за „Порталб.мк“ го вети отворањето на индустрискиот булевар, додека за „Благоја Тоска“ не покажа голем оптимизам.

https://meta.mk/povtorno-doczni-izgradbata-na-bulevarot-blagoјa-toska-vo-tetovo/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 14-May-2020 at 16:04
Реконструкција на ул.Борис Кидрич





https://www.facebook.com/teutaarifiofficial
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 23-Jun-2020 at 10:45
Градежните активности не продолжија – општина Тетово не го исполни ветувањето за булеварот



Се наоѓаме на булеварот „Видое Смилевски Бато’“. Од општина Тетово, ветија дека градежните активности ќе продолжат на 13 јуни, но сепак тоа не се случи. Почетокот на градежните работи беше свечено означен во февруари годинава, но работите беа стопирани поради пандемијата“, истакна репортерот на ТВ21.

На 11 јуни од општина Тетово го добивме овој одговор, односно ветување дека градежните активности ќе продолжат на 13 јуни.
„Во однос на градежните активности на индустрискиот булевар во Тетово, ве известуваме дека поради рестрикциите како последица од пандемијата Ковид-19, беа привремено стопирани, но истите ќе продолжат в сабота на 13.06.2020. Компанијата задолжена за градежните активности нѐ увери дека нема да има доцнење и дека активностите ќе бидат завршени во предвидениот рок од договорот, односно до јануари 2021 година“, велат од општина Тетово.

ТВ21 најави дека за овој булевар ќе треба да биде изготвен нов проект, бидејќи не е предвиден влез во Станицата за технички преглед, но тогаш ова го негираа од општината. Денеска се обидовме да контактираме со општинските власти, но без успех. На 13 февруари годинава, градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи заедно со заменик-министерката за финансии Ширет Елези, го означија почетокот на градежните активности на булеварот „Видое Смилевски-Бато“. Проектот датира од 2016 година, а беше свечено промовиран еден месец пред изборите кои требаше да се одржат на 12 април.

https://tv21.tv/mk/gradezhnite-aktivnosti-ne-prodolzhija-opshtina-tetovo-ne-go-ispolni-vetuvaneto-za-bulevarot/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 06-Jul-2020 at 23:50
Една идеја што ми дојде за Тетово. Многу е лошо поврзувањето на стариот пат према Гостивар со автопатото и се создаваат големи гужви во Речица. Добро е општината да испланира некое патно поврзување како на сликава.



Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 21-Jul-2020 at 16:40
Ништо од новиот булевар „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово



Додека во останатите општини интензивно се работи и се отвораат нови проекти, во општина Тетово, започнатиот проект за отворање на булевар кај спортскиот центар стагнира.

Булеварот Видое Смилевски-Бато почна да се гради во февруари годинава, но по само неколку дена, работите беа прекинати со образложение дека поради пандемијата, реализирањето на проектот не може да продолжи. Но, состојбата беше иста и денеска. Булдожерите се паркирани, а на теренот нема работници.

Жителите во населбата велат дека очекувале вакво нешто. Булеварот не е единственото нешто што почнало да се гради и останало на половина, велат тие.

„Имаме многу улици кои чекаат откако ни дојде демократскиот систем. Албанските партии секогаш нè лажат. Само за гласови велат дека ќе го направат, ќе го средат, ги заокружуваат дупките со спрејови, го правиме Тетово зелено, но ете кога гледаме, нема ништо. Не е само оваа улица, уште 20 метри понатаму улицата речиси 200-300 метри е целата со дупки. Си ги уништивме автомобилите…“

„Ги почнуваат и ги оставаат на половина, ништо не направија. Оваа улица многу ни наштетува, секој месец треба да ги поправаме автомобилите“, реагираат жителите.

Алсат се обиде да добие став и од секторот за улици и градежно земјиште, но не успеавме да добиеме одговор. Иста судбина имаат и неколку други улици и булевари, како што се Благоја Тоска, булеварот кај касарната, како и голем дел од улиците во малите градски населби.

https://alsat-m.tv/mk/ништо-од-новиот-булевар-видое-смилев/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 09-Aug-2020 at 10:37
Тетово, неколку населби немаат основни инфраструктурни услови



https://alsat-m.tv/mk/тетово-неколку-населби-немаат-основн/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 27-Aug-2020 at 14:37
Булеварот „Благоја Тоска“ заборавен, граѓаните на Тетово изгубиле надеж дека проектот ќе се реализира



https://tv21.tv/mk/bulevarot-blagoja-toska-zaboraven-graganite-na-tetovo-izgubile-nadezh-deka-proektot-ke-se-realizira/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 04-Oct-2020 at 14:14
Сообраќаен хаос во центарот на Тетово



https://telma.com.mk/2020/10/03/сообраќаен-хаос-во-центарот-на-тетово/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 26-Nov-2020 at 18:14
Порталб: Општина Тетово доби 29,5 милиони денари за изградба на булеварот „Благоја Тоска“

Секоја година веќе седум години наназад, градоначалничката на Тетово Теута Арифи ветува отворање на булеварот „Благоја Тоска“ во овој град. Во меѓувреме, пред два дена за ова беа обезбедени 29,5 милиони денари од Владата на РСМ, средства кои ќе бидат искористени за експропријација на земјиштето на жителите од оваа населба, кои според општината, се единствениот проблем за одолговлекување на работите за изградба на булеварот, пишува „Порталб.мк“.

Булеварот што започнува на потегот од поранешниот ресторан „Мема“ и завршува кај Градскиот стадион наскоро ќе наполни седум години од кога се ветува, и тоа секоја година од градоначалничката Теута Арифи. На 24 ноември годинава, на 24-та седница на Владата на РСМ, беа издвоени вкупно 120,6 милиони денари средства за капитални проекти на општините на Северна Македонија. Од нив, за Општина Тетово е одвоена сума од 29,5 милиони денари, средства кои се предвидени за реконструкција на булеварот „Благоја Тоска“.

На предлог на Министерството за транспорт и врски, Владата донесе Одлука за распределба на средства предвидени во пот-програмата 20 – Сообраќај и комуникации, став 488 – капитални дотации за единиците на локалната самоуправа во износ од 74.500.000,00 денари.

„Овие средства се распределуваат за реализација на следните капитални проекти: Реконструкција на булеварот „Благоја Тоска“, Општина Тетово – 29.500.000,00 денари“, пишува на веб страната на Владата на РСМ.

Контактирани од „Порталб.мк“, општинските власти истакнаа дека средствата ќе бидат искористени за експропријација на објектите, односно за да се отвори овој булевар се планира уривање на неколку куќи.

„Со ребалансот на буџетот, Владата на Северна Македонија одвои вкупно 29,5 милиони денари за ова, и средствата ќе бидат искористени за експропријација на објекти“, рекоа од Општина Тетово.

Од општината исто така тврдат дека имотно-правните проблеми, кои се очекува да се решат со горенаведените средства, се единствениот и главен проблем на постапката за отворање на овој булевар.

Маратонот на ветувања од Теута Арифи за булеварот „Благоја Тоска“

• 2014 година
Во првиот мандат на градоначалничката Арифи, отворањето на овој булевар се сметаше за еден од приоритетите на нејзината програма. Покрај тоа, од Советот на општина Тетово беа толку сигурни дека овој проект ќе биде завршен во првите две години од раководењето на Арифи, така што истиот беше буџетиран за 2014 година и работата беше поделена во две фази, а во 2015 се очекуваше отворањето на булеварот да заврши целосно.

„Општина Тетово за 2014 година за приоритет го има отворањето на булеварот „Благоја Тоска“ и тоа ќе се изведе во две фази, во 2014 година и во 2015 година, мислам дека ќе започнеме во близина на мостот на болницата за да го отвориме делот што остана“, рече Теута Арифи за „Порталб.мк“ во 2014 година.

• 2015 година
2014 година помина, а работите за отворање на овој булевар сè уште не беа започнати, на крајот на 2015 година од Општина Тетово рекоа дека интензивно работат на решавање на овој проблем.

„Отворање булевар и продор во населените зони, е значајна и чувствителна акција, затоа работиме интензивно и со големо внимание да го решиме овој проблем и да започнеме со работа што е можно побрзо“, рекоа од Општина Тетово.

Во меѓувреме, врз основа на проектот за отворање на овој булевар, за кој беше издвоен буџет во 2014 година, беше предвидено отворањето на вториот да се случи во 2015 година, меѓутоа тоа не се случи.

• 2016 година
Бидејќи помина 2015 година и ниту еден камен не беше поместен за отворање на овој булевар, од Општина Тетово беа сигурни дека во 2016 година ќе се најде решение за реализација на овој проект.

„Во програмата од 2016 година ја имаме реализацијата на булеварот „Благоја Тоска“ во износ од 30 милиони и 500 илјади денари. Се надеваме дека оваа година ќе се најде подобро решение да започне со имплементација на овој проект“, изјавија од Секторот за градежно земјиште во Општина Тетово, на крајот на 2015 година.

Во меѓувреме, ниту во 2016 година оваа работа не беше завршена и од Општина Тетово, од оваа година до денес, образложението за незапочнување на работите на овој булевар е исто.

„Имавме проблеми при експропријација и исплата на имот кои мора да бидат срушени, а дел од работите ќе започнат наскоро“, рекоа од Општина Тетово во 2016.

• 2017 година
Во текот на оваа година, образложението за неотворање на овој булевар беше исто како и претходната година, односно дека има проблеми поради постапката за експропријација и легализацијата на имотите.

„Одложувањата што се случија во оваа насока беа заради експропријација на имотите што беа на овој булевар. Врз основа на Законот за легализација, имотите што не беа легализирани, не можеа да бидат предмет на експропријација и имавме тешкотии што да сториме со овие имоти за да го отвориме овој булевар“, изјавил за весникот Коха тогашниот претседател на Советот на Општина Тетово, Хисен Џемаили.

• 2018 година
Во 2018 година раководителот на Секторот за патишта и градежно земјиште на Општина Тетово изјави дека интензивно работат на отворање на овој булевар, бидејќи како што истакна, ова „стана голема тема“.

„Бидејќи оваа работа на булеварот Благоја Тоска стана многу голема тема, ние работиме интензивно и со очекуваме наскоро да ја завршиме документацијата и да започнеме со работа во блиска иднина“, рече Арсим Нуредини од Општина Тетово.

Додека за „Порталб.мк“ истата година од оваа општина нè уверија дека овој проект е даден на тендер и дека целиот проблем лежи во експропријацијата.

• 2019-2020 година
Откако беа направени првите чекори за отворање на овој булевар во 2018 година, односно беа урнати неколку бараки и од Општина Тетово ни рекоа дека отворањето на булеварот ќе се реализира во јуни истата година, оттогаш не беше преземено ништо. Инаку, состојбата на овој булевар во моментов е мизерна, таму може да се види сè, автомобили, кал, нечистотија, корисници на дрога … но не и градежна механизација. Неговото отворање ќе биде еден од најефикасните начини за олеснување на густиот сообраќај во Тетово.

https://meta.mk/portalb-opshtina-tetovo-dobi-295-milioni-denari-za-izgradba-na-bulevarot-blagoja-toska
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 29-Dec-2020 at 11:28
Заев: Булеварот „Благоја Тоска“ ќе се заврши во 2021 година, општината треба да ги оправда владините средства

Премиерот Зоран Заев во текот на неговата посета во Тетово рече дека општината ќе треба да ги оправда сите средства што Владата на РСМ ѝ ги доделила за булеварот „Благоја Тоска“, бидејќи, како што рече тој, се работи за владини средства. Заев додаде дека работите во овој булевар треба да започнат во февруари – март и ќе завршат во текот на 2021 година, пишува „Порталб.мк“.

Што се однесува да застојот на работите, Заев рече дека општина Тетово има обврска да достави финансиски извештај за префрлените владини средства на општината.

„Најголемиот проблем со булеварот „Благоја Тоска“ е експропријацијата. Управните постапки се завршени и првично префрливме околу 29 милиони денари за да се плати експропријацијата и потоа ќе префрлиме уште околу 45 милиони за реализација на истиот. За сите овие пари, треба да се поднесе извештај до Владата бидејќи се средствата на Владата и треба да се оправдаат“, рече премиерот Заев.

А, со иронија премиерот рече дека општината треба да биде мотивирана од изборите што се ближат со цел што побрзо да го реализира ова долгогодишно ветување.

„Верувам дека реализацијата на овој проект и неколку други што ги финансираме ние како Влада во општината Тетово ќе биде брза. Еве има уште една мотивација за општина Тетово заради изборите што се ближат, да ги реализираат проектите, за да граѓаните бидат мотивирани да гласаат за нив“, додаде Заев.

За само 1 месец, Владата на РСМ, ѝ додели на општина Тетово повеќе од 30 милиони денари за овој булевар

Најпрво, на 26 ноември оваа година, Владата на РСМ на општина Тетово ѝ додели 26,5 милиони денари за реконструкцијата на булеварот „Благоја Тоска“.

Тогаш, од општина Тетово за „Порталб.мк“ рекоа дека средствата ќе ги искористат за експропријација на објектите што го попречуваат отворањето на овој булевар.

„Со ребалансот на буџетот, Владата на Северна Македонија додели вкупно 29 и пол милиони денари за ова, овие средства ќе се користат за експропријација на зградите“, рекоа од општина Тетово.

Околу 1 месец подоцна, на 27 декември Владата на РСМ повторно додели средства за булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово, овој пат околу 1 милион денари, но овие средства ќе се користат и за неколку други помали проекти.

Маратон од ветувања од Теута Арифи за булеварот „Благоја Тоска“
2014 година
Во првиот мандат на градоначалничката Арифи, отворањето на овој булевар се сметаше за еден од приоритетите во нејзината програма.

Дури, од Советот на општина Тетово беа толку сигурни дека овој проект ќе се заврши во првите две години од првиот мандат на Арифи, што го предвидоа во буџетот за 2014 година и работите ги поделија на две фази, при што во 2015 година се очекуваше да биде целосно завршен и пуштен во употреба булеварот.

„За Општина Тетово во 2014 година, приоритет е отворањето на булеварот „Благоја Тоска“ и ова треба да се спроведе во две фази, и тоа во 2014 и 2015 година, мислам дека ќе почнеме блиску до мостот до болницата за да го отвориме преостанатиот дел“ рече Теута Арифи за „Порталб.мк“ во 2014 година.

2015 година
Но, 2014 година помина, а работата на овој булевар сè уште не беше започната. На крајот од 2015 година, од општина Тетово рекоа дека интензивно работат на решавањето на овој проблем.

„Отворањето на булевар и продирањето во населените зони, е многу значајна и чувствителна постапка, заради тоа ние работиме интензивно и со максимална претпазливост за решавање на овој проблем и што поскоро да започнеме со работа“ рекоа од општина Тетово.

Иако, според проектот за изградба на овој булевар, за кој се предвиде и буџет во 2014 година, беше предвидено неговата изградба да се реализира во 2015 година, ова не се случи.

2016 година
Бидејќи помина и 2015 година, а ниту едно каменче не беше поместено за изградбата на овој булевар, во општина Тетово беа сигурни дека во 2016 година ќе се изнајде решение за реализацијата на овој проект.

„Во програмата за 2016 година е предвидена реализацијата на булеварот „Благоја Тоска“ и тоа во износ од 30 милиони и 500 илјади денари. Се надеваме дека оваа година ќе се најде подобро решение за да започнеме со реализацијата на овој проект“ рекоа од Секторот за градежно земјиште во општина Тетово, на крајот на 2015 година.

Во меѓувреме, ниту во 2016 година не се оствари овој проект, а образложението од општина Тетово до денеска е исто:

„Имавме проблеми во текот на експропријацијата и плаќањето на имотите што треба да се уриваат, еден дел од работите ќе започнат наскоро“ рекоа од општина Тетово во 2016.

2017 година
Во текот на оваа година, образложението за незапочнатите работи за овој булевар беше исто како лани, односно дека имало проблеми поради постапката за експропријација и легализација на имотите.

„Застојот во овој правец беше поради експропријацијата на имотите кои се наоѓаа во овој булевар. Врз основа на Законот за легализација, градбите што не беа легализирани, не можеле да бидат предмет на експропријација и ни претставуваше проблем што ќе правиме со овие поединци за да се изгради овој булевар“ изјавил за весникот Коха, тогашниот претседател на Советот на Општина Тетово, Хисен Џемаили.

2018 година
Во 2018 година, Раководителот на Секторот за улици и градежно земјиште на општина Тетово рече дека интензивно работат на изградбата на овој булевар, бидејќи како што тој нагласи, ова „стана голема тема“.

„Поради тоа што се претвори во голема тема работава со булеварот „Благоја Тоска3, ние работиме интензивно и очекуваме во блиска иднина да успееме да ја комплетираме документацијата и да почнеме со работа“ рече Арсим Нуредини од општина Тетово.

А за „Порталб.мк“ истата година од општината не уверија дека овој проект е тендериран и дека целиот проблем е во експропријацијата.

2019-2020 година
Откако во 2018 година беа направени првите чекори за отворањето на овој булевар, односно се урнаа неколку бараки, од општина Тетово ни рекоа дека отварањето на булеварот ќе се реализира во јуни таа година, но оттогаш ништо не беше преземено.

Изградбата на булеварот ќе претставува еден од најефикасните начини за олеснување на преоптоварениот сообраќај во Тетово.

https://meta.mk/zaev-bulevarot-blagoja-toska-kje-se-zavrshi-vo-2021-godina-opshtinata-treba-da-gi-opravda-vladinite-sredstva/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 07-Jan-2021 at 17:43
Проектот од 500.000 илјади евра за булеварот „Илирија“ во Тетово на суд

Булеварот „Илирија“ во Тетово никако не го добие изгледот што го вети градоначалничката Теута Арифи. Работите што започнаа од 2017 година сè уште не се завршени, а проект ги чинеше граѓаните 500.000 евра. Една од причините поради која граѓаните сè уште не можат да го видат главниот градски булевар добро уреден е тоа што компанијата што требаше да ги изврши работите и Општина Тетово се во суд, обвинувајќи се меѓусебно за неисполнување на обврските и неплаќање.

Порталб.мк дознава дека сега друга компанија е ангажирана за завршување на работите. Судскиот случај на Општина Тетово со компанијата „ИР ГРУП“ сè уште нема разрешница, и во моментов е во фаза на вештачење и не се ангажирани никакви експерти.

„Предметот ТЦ-17/19 во Основниот суд Тетово е формиран по тужба на тужителот ИР ГРУП Конструкт ДООЕЛ експорт импорт Тетово, против Oпштина Тетово, предмет во кој општината се јавува и како противтужител, а со противтужбата бара во име на договорена казна вкупно 2.925.016,00 денари, е во фаза на вештачење, а ние сè уште немаме ангажирано експерт, констатација или мислење од агенцијата што го извршува ова вештачење“, рекоа од Општина Тетово.

Дознаваме дека првично сопственичката на „ИР ГРУП“, Зана Зејнулаи поднела тужба против Општина Тетово за неплаќање, а потоа, општинските власти поднеле противтужба за ненавремено извршување на обврските од страна на компанијата.

Колку ги чинеше граѓаните реконструкцијата на овој плоштад и како изгледа денес?
Вкупната сума што општина Тетово ја плати за реконструкција на булеварот „Илирија“ во Тетово е 30.715.974,00 денари или половина милион евра.

Беше ветен ваков булевар:





Вака изгледа денес:





Иако цената за реконструкција на овој плоштад е огромна, таму недостигаат:
• 12 чешми за вода за пиење
• 233 дрвени клупи
• 32 конструкции за паркирање велосипеди
• 73 столбови за јавно осветлување
• 22 корпи за отпадоци

Пред една година, Арменд Фазлиу од Општина Тетово изјави дека го раскинале договорот со компанијата која била задолжена да ги извршува работите, поради доцнење во извршувањето на работите, односно за непочитување на договорот.

„Општина Тетово беше во суд со економскиот оператор токму затоа што договорот, добиен во постапката за јавна набавка, не е почитуван. Судот одлучи во корист на Општината, претходно беше утврдено дека 60 отсто од инфраструктурните работи се завршени, а направени се и кратења за да се овозможи раскинување на договорот и планирање на буџетот за делот на јавно осветлување, уредување на велосипедски патеки, инсталација на јавно осветлување, поставување урбана опрема и други позиции што произлегуваат од основниот проект“, изјавија пред една година од Општина Тетово за Порталб.мк..

Со ова не се согласува Зана Зејнулаи, сопственичка на компанијата што е на суд со Општина Тетово. Таа вели дека нивниот случај сè уште не е завршен и дека се чека извештајот на експертите кои ќе проценат колку општината ѝ должи на компанијата.

Зејнулаи вели дека нема да се предаде и дека ќе бара од правосудствотоа финансиските обврски што, според неа, Општина Тетово ги има кон компанијата што таа ја води, да бидат исплатени

„Во моментов чекаме супервештачење. Општина Тетово постојано врши опструкции бидејќи го гледаат поразот. Сепак, трошоците и каматите им растат секојдневно. По извештајот на вештаците, судот ќе биде тој што ќе одлучи. Тие го раскинаа договорот со изговор дека доцниме со изведбата, но ние не побаравме раскинување на договорот кога тие не нè плаќаа. Во моментот кога завршивме со бекатоните и проектот започна да се оформува, тие го раскинаа договорот. Кој ќе плати за бекатоните што ги добивме со посебна нарачка? “ рече вели Зејнулаи, сопственичка на „ИР Груп“.

Инаку, компанијата што го доби тендерот за продолжување на работите на булеварот „Илирија“ е АННРА ЦЕНТРУМ со седиште во Мала Речица, и истата треба да ги заврши работите во рока од 60 дена откако ќе започне, а почетокот на работата зависи од временските услови.

https://meta.mk/proektot-od-500-000-iljadi-evra-za-ilirija-vo-tetovo-na-sud/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 10-Jan-2021 at 15:00
ТВ21 низ тетовскиот метеж со автомобил - од УЈИЕ до Монопол за 38 минути и 5,5 километри на час



https://mk.tv21.tv/tv21-niz-tetovskiot-metezh-so-avtomobil-od-ujie-do-monopol-za-38-minuti-i-5-5-kilometri-na-chas/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 7>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.145 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.