Тетовски сообраќај (општо) |
Post Reply | Page <1 4567> |
Author | |
my Macedonia
Senior Member Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4091 |
Quote Reply #101 Posted: 25-Jul-2021 at 16:34 |
Што знаеш ти за мене пак? Тоа е, расправи се за цена па гради или да си останам во улица или под кирија? Компензирај како треба и тука нема да има проблем нема тука што. ПС: Што сум направил јас за МК и што се правам ти немаш врска, лесно ти е на ПЦ, прави нешто на ,,терен,, ако толку си ја сакаш земјата. |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #102 Posted: 01-Aug-2021 at 10:26 |
Порталб.мк“: Во Тетово, булеварот „Илирија“ никако да се заврши за да добие „европски“ изглед
Булеварот „Илирија“ уште не е реализиран во ветената форма пред четири години, иако според градоначалничката на Тетово, Теута Арифии овој проект е при крај. Новинарот на Порталб.мк во четвртокот беше на терен и го утврди недостатокот на фонтани за вода за пиење, метални држачи за дрвја, некои контејнери за отпадоци и LED осветлување за дрвените клупи. Зошто истото не е завршено, Општина Тетово одби да одговори на прашањата на Порталб.мк. Во рок од четири години, зборовите на градоначалничката Арифи за истиот проект се променија, пред четири години таа го планираше истиот плоштад со многу дополнителни елементи и во мај, во статус на „Фејсбук“, напиша дека проектот ќе заврши со поставување на ЛЕД осветлување и паркинг места за велосипеди. „Поставување урбана опрема, клупи и канти за ѓубре долж шеталиштето на булеварот Илирија! Со поставување на ЛЕД осветлување и паркинг места за велосипеди, граѓаните ќе имаат модерна пешачка зона во центарот на градот“, напиша Теута Арифи на „Фејсбук“ на 6 мај 2021 година. Булевар „Илирија“, 29.07.2021 година. На булеварот се поставени над 100 дрвени клупи, повеќето корпи за отпадоци и некои конструкции за велосипеди. Од Општина Тетово не одговорија зошто уште не се завршени сите планирани работи на булеварот. Иако трошоците за реновирање на овој плоштад се неверојатни, таму недостасуваат: 12 фонтани за вода за пиење Околу 100 дрвени клупи Некои конструкции за паркирање на велосипеди – повеќето се инсталирани 73 столбови за јавно осветлување Неколку канти за отпад – повеќето се поставени Метални заштитници на дрвата LED осветлување на дрвените клупи. Иако Општина Тетово не сакаше да одговори на прашањето за Порталб.мк, градоначалничката Арифи пред два месеци изјави дека е прашање на недели кога овој проект ќе заврши, а во меѓувреме, кажа дека ќе бидат поставени и фонтаните кои се предвидени во идејниот проект. „Во моментов сме во делот на инсталирање урбана опрема, што е финале, според контактите што ги имаме со компанијата, прашање е на недели кога ќе се заврши. Всушност, како што е проектот, така и ќе се реализира“, рече Теута Арифи за ТВ21, пред два месеци. Да потсетиме, овој булевар ја „испрати“ општината Тетово пред судот Двете страни, односно општина Тетово и компанијата „ИР ГРУП“ даваат различни причини зошто завршиле на суд, па така според општина Тетово, договорот со горенаведената фирма за плоштадот „Илирија“ е раскинат поради оддолговлекување на работите. Од друга страна, компанијата која е обвинета од Општина Тетово дека е неодговорна, ја демантира другата страна нагласувајќи дека договорот бил раскинат поради неплаќање за извршените работи, а не по вина на компанијата „ИР Груп“ . Тие додаваат дека овој проект е неуспешен откако е започнат, во сите аспекти. Инаку, фирмата што го доби тендерот за продолжување на работите на булеварот „Илирија“ е АННРА ЦЕНТРУМ со седиште во Мала Речица, и истата треба да ја заврши работата во рок од 60 дена по започнувањето. https://meta.mk/portalb-mk-vo-tetovo-bulevarot-ilirija-nikako-da-se-zavrshi-za-da-dobie-evropski-izgled |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #103 Posted: 27-Aug-2021 at 15:14 |
Boulevard construction begins. Toska in Tetovo
The Municipality of Tetovo won this project worth 43 million denars from the government program of TAV, and after the completion of all formal-legal procedures, today with special pride and pleasure we begin construction work together to continue this very good artery important for the city! https://www.facebook.com/teutaarifiofficial |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #104 Posted: 30-Aug-2021 at 17:11 |
https://www.facebook.com/MinisterKreshnikBekteshi/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #105 Posted: 13-Oct-2021 at 09:38 |
ДВА МЕСЕЦА СЕ РЕКОНСТРУИРА ПРИСТАПНАТА УЛИЦА ДО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА
На почетокот на август годинава, Општина Тетово почна да ја реконструира улицата Јане Сандански која е пристапна улица до Клиничката болница во Тетово. Набрзо потоа, започна со реконструкцијата на улицата Димо Гавроски-Кара која е исто така поврзана со болницата. Сето тоа создаде сообраќаен метеж и отежнат пристап до болницата, а според активностите на терен работите нема да завршат во брзо време. „Два месеца не можат да направат една улица долга само 200 метри. Го тргнаа стариот асфалт, ја раскопаа и така остана. Ќе направат ископ за канализација, па ќе прекинат со работењето, ќе стават неколку метри електричен кабел, па ќе прекинат со работата, потоа нешто ќе ископаат со багерот и повторно ќе ги нема неколку дена и така, еве, цели два месеца ние не можеме нормално да живееме. Деновиве, кога заврна дождот и кога целата улица се претвори во кал, не можеме ни од дома да излеземе. Еве, денеска пак почнаа нешто да работат, ама кога ќе ја видиме улицата готова, не знаеме“, вели жител на улицата Јане Сандански. Додека на оваа улица има уште многу работа за да се заврши, на улицата Димо Гавроски-Кара, иако почна подоцна да се реконструира, работите се пред крај. Меѓу улиците во Тетово кои сега се реконструираат е и улицата Гоце Делчев која се наоѓа во горниот дел од градот. Оваа улица важеше за една од најоштетените во градот и жителите повеќе години бараа реконструкција. Таа започна кој крајот на јуни оваа година, но и после три месеци градежните работи сé уште траат, а треба да се реконструираат само 700 метри од улицата. Од Општина Тетово велат дека според постигнатиот договор со изведувачите овие улици ќе бидат готови во предвидениот рок. „За реконструкцијата на сите тие улици има договор и компаниите имаат рок кога треба да ги завршат. Првата улица која треба да стигне до фаза на асфалтирање е улицата Гоце Делчев. Улицата Димо Гавроски-Кара брзо ќе биде асфалтиранаа, а кај улицата Јане Сандански имаше поголем длабински зафат, но очекуваме до 20 овој месец таа да биде завршена“, изјави градоначалничката на Тетово Теута Арифи. Парите за реконструкцијата на овие улици како и за улицата Ленин, која исто така е во фаза на реконструкција, се обезбедени преку Министерството за транспорт и врски од Светска банка. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/dva-mesetsa-se-rekonstruira-pristapnata-ulitsa-do-tetovskata-bolnitsa/ |
|
гитардемон
Senior Member Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5422 |
Quote Reply #106 Posted: 13-Oct-2021 at 09:52 |
Damn that's an ugly ass city. Little Palestine #2 (после Чаир). |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #107 Posted: 12-Nov-2021 at 18:33 |
Касами ги стопираше започнатите проекти во Тетово – издаде наредба да се разгледаат за да се утврди дали има неправилности
Новиот градоначалник на Тетово, Биљал Касами вчера ги запре сите проекти кои беа во фаза на реализација од страна на општината. „Овој и многу други проекти се разгледуваат од страна на општина Тетово. Целта е да се утврди дали има пропусти при извршувањето на активностите“, вели репортерот на ТВ21. Граѓаните кои ги сретнавме очекуваат градежните активности на патиштата да завршат час поскоро, а некои пак, беа на став дека веќе се навикнати на секојдневие со оштетени улици. „Ги стопираа бидејќи ги украдоа парите и каде сега тој да најде за да ги обнови улиците? Ќе стане катастрофа. Цело Тетово е катастрофа. Што направи Теута? Што друго да кажам. Колите си ги расипавме. Само денеска дадов 200 евра за поправка на автомобилот кој го оштетив од оваа улица“, вели граѓанин. „Треба да се санираат што е можно поскоро за сообраќајот да биде што подобар за возилата“, посочи граѓанин. „Секако дека треба да се работи и да ги санираат, но ние веќе сме навикнати и вака“, додава граѓанин. Сретнавме и неколкумина претставници на општина Тетово кои излегоа на терен за да извршат увид во градежните активности. Денеска побаравме одговор од општинските власти во однос на тоа – кои проекти се стопирани, колку чинат, во која фаза се и дали за некој од нив е направено примопредавање, но до ова информативно издание не добивме никаков повратен одговор. https://mk.tv21.tv/kasami-gi-stopirashe-zapochnatite-proekti-vo-tetovo-izdade-naredba-da-se-razgledaat-za-da-se-utvrdi-dali-ima-nepravilnosti/ |
|
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2031 |
Quote Reply #108 Posted: 12-Nov-2021 at 18:37 |
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #109 Posted: 11-Dec-2021 at 18:07 |
Сообраќајниот хаос почнува од Општина Тетово – од општината велат дека подготвуваат план за наоѓање решение
Во општинскиот совет на Тетово денеска се зборуваше за можните решенија на сообраќајниот хаос во градот , и додека внатре се дискутираше оваа проблематика, надвор, токму пред објектот на општината беше создаден хаос од лошо паркирани автомобили, оставени среде улица. Од Секторот за патен сообраќај велат дека надлежна е општина Тетово за решавање на хаосот. Зоран Талев вели дека има недостиг од возила на пајак службата, паркинг места како и сообраќајни инспектори за контрола на такси возилата и комбињата. Од општина Тетово решението го гледаат во уредување на урбанистичкиот план и отворање нови паркинг места. „Ние сме во фаза на подготовка на планови за решавање на проблемот, но тоа не се прави преку ноќ, хаосот кој се создава неколку години и во недостиг на генерален урбанистички план и проект за сообраќајот, бара време од страна на нашиот сектор за подготовка и избор на истите“, истакна Мемет Јонузи. Честопати кога е отежнат сообраќајот во Тетово, за да се помине улица од 3,5 км од едната до другата страна на градот, потребни се 45 минути. https://mk.tv21.tv/soobrakajniot-haos-pochnuva-od-opshtina-tetovo-od-opshtinata-velat-deka-podgotvuvaat-plan-za-naogane-reshenie/ |
|
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2031 |
Quote Reply #110 Posted: 11-Jan-2022 at 18:34 |
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #111 Posted: 07-Mar-2022 at 13:04 |
Сè уште има имотни проблеми со булевар „Благој Тоска“ – Касами чека подобрување на временските услови за да почне со работа
Иако се обезбедени средствата за проектот, Булеварот Благој Тоска во Тетово се уште е во иста состојба. Според градоначалникот на Тетово, работите во овој булевар ќе почнат по подобрувањето на временските услови, а додаде дека се уште не се решени прашањата за експропријација. „Што се однесува до булеварот Благој Тоска, комисијата интензивно работи, има три имоти за кои се обидуваме да најдеме решение и со создавањето на временските услови ќе продолжат градежните работи и Благој Тоска ќе се реализира како што е предвидено со почетниот проект, до текстилното училиште и ќе продолжиме со експропријација до другиот дел кај Мема“, истакна Биљал Касами. Граѓаните се скептични дека градежните работи наскоро ќе завршат. „За околу 2.5 години можеби, а сега наскоро не!“ Средствата за овој булевар се обезбедени од Владата и Тав, а на крајот на август проектот го промовираа вицепремиерот Артан Груби и поранешната градоначалничка на Тетово. Овој проект се ветува во секој изборен циклус, а во 2014 година се зборуваше дека ќе почнат работите, но и ден денес овој булевар се уште не е завршен. https://mk.tv21.tv/se-ushte-ima-imotni-problemi-so-bulevar-blagoj-toska-kasami-cheka-podobruvane-na-vremenskite-uslovi-za-da-pochne-so-rabota/ |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #112 Posted: 19-Apr-2022 at 17:13 |
Улицата „Страшо Пинџур“ во Тетово од денеска нема дрвја, граѓаните вознемирени, бараат да сопре сечата
Десетина долгогодишни дрвја кои се наоѓаа на тротоарите долж улицата „Страшо Пинџур“ во Тетово денес беа исечени, откако Општината започна со целосна реконструкција во овој дел од градот. Но, овој потег наиде на несогласување кај дел од граѓаните. Независниот советник, Хамди Сулејмани, од Иницијативата подобро за Тетово, смета дека дрвјата не требало да се исечат и бара да се сопре сечењето на оние кои останаа. Градоначалникот, Биљал Касами, пак, вели дека дрвјата биле отстранети затоа што ги оштетувале тротоарите, по што ќе бидат заменети со нови и дека тоа било неопходно поради целосната реконструкција на улицата. Асфалтот на оваа улица беше раскопан уште во октомври минатата година, за време на претходната локална власт. Касами најави дека активностите за санација ќе завршат до крајот на јуни. https://telma.com.mk/2022/04/19/ulicata-strasho-pindzhur-vo-tetovo-od-deneska-nema-drvja-gragjanite-voznemireni-baraat-da-sopre-sechata/ |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #113 Posted: 10-May-2022 at 08:47 |
Во текот на неделата почнуваат градежните работи за „Благоја Тоска“ Граѓаните: 20 години само ветувања
Градежните работи на булеварот Благоја Тоска ќе почнат за една недела, но од која страна зависи од ЕВН. Вака изјави градоначалникот на Тетово, Биљал Касами. „Несомнено очекувам работите да почнат за една недела, на почетокот беше проблем со ЕВН за некои електрични столбови и треба да се распоредат инсталации, ако почнеме од средното текстилно ако не се среди ова прашање тогаш идејата е да се започне од мостот каде што почна и таму ќе ни треба полициска помош бидејќи само со неколку сопственици законски го решивме проблемот и доколку има најави за евентуален протест ќе треба полициска помош за да се продолжи, верувам и посакувам тоа нема да се случи, ова се тие две прашања“, вели Касами. Меѓутоа граѓаните кои ги анкетиравме и кои живеат во делот каде што треба да минува булеварот, се со поделени мислења во врска со пуштањето на булеварот. Некои велат дека ги мамат веќе 20 години а некои пак се надеваат во ветувањето на Касами. „Момчето го прашало таткото о татко дали добро ќе се заврши, аман добро ќе се направи, поминува некое време и исто така го прашало момчето дали добро ќе се заврши оваа работа, аман добро ќе се заврши, така ми рече татко ми мене дека тоа ќе биде направено добро. Пет работи поминале велејќи добро ќе се направи и ние така навикнавме 20 години, ајде ќе се направи, ќе се направи сигурно ќе се направи, но кога не се знае, но ќе потрае долго време“, вели граѓанин. -Да, некогаш ќе се пушти, три четири години така, рекоа дека за една недела ќе почнат работите. Може за 2 месеца, за една недела пченка не се сади. -Да, ова се повеќе од три-четири години, овој булевар во центарот на градот е ветуван повеќе од 20 години и секој градоначалник кој е ќе дојде ветил дека тоа треба да се направи. Ова е центарот на градот, болницата и ова толку долго време се одолговлекува. И јас живеам во оваа населба овде и има толку многу ветувања веќе 20 години и ова мора да се направи бидејќи ова е центарот на градот, а не предградие, вели граѓанин. Разговаравме и со една госпоѓа дека овој булевар минува низ нејзината куќа. Зад камерата ни кажа дека општината се уште го нема решено прашањето за експропријација со неа, додека Касами неколку пати изјави дека ова прашање е решено. Средствата за овој булевар се обезбедени од ТАВ, додека работите неколкупати почнуваа и беа прекинувани. https://mk.tv21.tv/vo-tekot-na-nedelata-pochnuvaat-gradezhnite-raboti-za-blagoja-toska-graganite-20-godini-samo-vetuvana/ |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #114 Posted: 16-May-2022 at 15:43 |
Булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово конечно ќе се изгради?
Решен е последниот проблем за да почнат градежните работи за булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово. Општината склучила договор за експропријација со сопствениците на објектот кој треба да се урне. Сопственикот на зградата ги отфрли оправдувањата на претходниот состав на општината за неговиот имот. „Никогаш не не повикаа. Дури сакавме патот да се направи брзо бидејќи траеше веќе долго. Никогаш не сме ја спречила општината, но сега најдовме решение. Порано, пред четири години, побарав да контактирам со поранешната градоначалничка, но не успеав да стигнам до канцеларијата. Сега се договоривме, но јас никогаш не сум се спротивставил“, вели Али Рушити Сопственик на куќа покрај „Благоја Тоска“. Работите за „Благоја Тоска“, која се финансира со средства на Тав Македонија, ќе започнат неделава, а се планира да заврши кон крајот на септември. Шефот на општинскиот совет Бесар Дурмиши го обвини претходниот состав на општината за одолговлекување на процедурите. „Сите договори што требаше да ги направи општината се завршени. Не знам зошто претходното раководство не го обработи до крај прашањето за експропријација и не го испрати предметот во катастар, Министерството за транспорт, подрачната единица за имотни права за да заврши експропријацијата во последните инстанци на државните институции“, рече Бесар Дурмиши, претседател на Советот на општината. Со експропријација на последните згради завршува првата фаза од познатиот проект „Благоја Тоска“ по повеќе од една деценија. Во меѓувреме, по завршувањето на овој дел, вториот дел од проектот ќе продолжи, сѐ до стариот ректорат на УТ“. На третата делница од булеварот се работи веќе четири години, но ништо повеќе не е направено освен копање на теренот. Патот кој започна во овој дел, се претвори во депонија. https://alsat.mk/mk/bulevarot-blagoja-toska-vo-tetovo-konechno-ke-se-izgradi/ |
|
Carpe diem
|
|
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2031 |
Quote Reply #115 Posted: 16-May-2022 at 17:41 |
Еве ви бе неспособни едни, лекција! Никој не ви бара да гледате од Германија, да не идеме подалеку! Еве како во Албански град се прави тоа. И тоа булевар со све колекторски улици, по права линија.
Тирана! Edited by user8642 - 16-May-2022 at 17:42 |
|
my Macedonia
Senior Member Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4091 |
Quote Reply #116 Posted: 16-May-2022 at 22:57 |
Не е само до Тетово, цела Македонија има неспособни луѓе. Во Скопје доста примери, Тирана се подалеку од нашото Скопје, ќе тераме со Приштина.. |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #117 Posted: 19-May-2022 at 07:58 |
ЗАПОЧНА ПРОБИВАЊЕТО НА БУЛЕВАРОТ БЛАГОЈА ТОСКА ВО ТЕТОВО
По повеќе најави, конечно започна пробивањето на булеварот Благоја Тоска во Тетово. Тој треба да го растовари сообраќајот на Индустриска улица и така полесно да се пристапува до центарот на градот. Денеска градоначалникот Билал Касами го означи почетокот на доизградбата на овој дел од булеварот. „Почнавме со градежните работи од другата страна, а не од таа каде што се почнати работите, бидејќи има некои објекти кои треба да се рушат. Очекуваме до есен сите работи да бидат завршени и конечно овој булевар да биде отворен“, изјави Касами. Досега овој булевар не беше пробиен бидејќи тешко се расчистуваа имотно-правните односи со сопствениците на станбените објекти кои требаа да се урнат. Во меѓувреме, постигнати се договори, освен за една куќа, чиј сопственик не се согласува со понудените средства за експропријација. „Во завршна фаза е изборот на компанија која ќе го изврши рушењето. Со сите граѓани на кои им е одземено земјиште, објект или куќа е договорена експропријација, но има едно семејство кое не ја прифаќа процената за земјиштето и објектот. За овој случај имаме правосилно судско решение, а ако сопственикот не го прифати, тогаш со дополнителни судски процедури ќе треба да се отвори сметка во банка, на која Општината ќе ги депонира средствата, а сопственикот има време од 10 години тие пари да ги подигне. Ако не го направи тоа, тие ќе се вратат во општинската каса“, појасни Касами. Минатата година, со средства добиени од ТАВ, тогашната градоначалничка Теута Арифи асфалтираше педесетина метри од булеварот и тука работите запреа. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/zapochna-probivaneto-na-bulevarot-blagoja-toska-vo-tetovo/ |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #118 Posted: 30-Jun-2022 at 13:11 |
КАСАМИ САКА ОД УТРЕ ДА ИМ ЗАБРАНИ ВЛЕЗ ВО ТЕТОВО НА ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ, ПОЛИЦИЈАТА НЕГИРА ДЕКА ДАЛА СОГЛАСНОСТ
Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, сака од утре да им забрани влез во градот на превозниците. Тие ќе треба патниците да ги донесат до предградието, односно кај Штуловиот универзитет, или до автобуската станица, а оттаму да го користат јавниот градски превоз. Целта е, како што вели, да се растовари сообраќајот во градот од големиот број комбиња што превезуваат патници. „Со одлука на Советот на Општина Тетово, сите превозници кои вршат превоз на патници од други општини и приградски населени места ќе немаат право да влезат во градскиот дел. Општинскиот инспекторат врши и ќе врши контроли, па ги информирам сите превозници дека ќе бидеме принудени и да запленуваме возила. Значи, сите што ќе влезат во градското подрачје без дозвола за движење во тој дел ќе бидат спречени. Транспорт на патници во градот ќе може да врши само Јавното градско транспортно претпријатие. Со дозвола ќе може да се врши наменски превоз, како разни стоки или работници, но не и превоз на патници“, изјави Касами. Оваа одлука е донесена на 9. седница на Советот, пред тој да се распушти, а стапува на сила на 1 јули. Касами вели дека мерката е направена во соработка со СВР Тетово, но од тетовската полиција го демантираат ова. „Во врска со најавената забрана за влез на превозни возила во Тетово, Секторот за внатрешни работи Тетово категорично демантира дека за ваквата забрана е остварена координација со надлежните служби од Одделението за полиција, односно со инспекторите по сообраќај. СВР Тетово нагласува и дека до овие служби не е доставено никакво писмено барање, ниту известување за најавената забрана. На секоја измена на сообраќајниот режим треба да претходат ревидиран стручен проект и согласност од Министерството за внатрешни работи, а не да се преземаат чекори на своја рака и надвор од законски предвидената процедура. Доколку службите на СВР Тетово констатираат законски неправилности, адекватно ќе реагираат и ќе изготват пријави против сите кои ќе ја прекршат законската регулатива, без разлика дали станува збор за институции, правни или физички лица“, се вели во соопштението на СВР Тетово. Касами вели дека не е информиран за соопштението на полицијата. „Ние имаме одлука на Советот на Град Тетово и таа треба да се почитува. Не ни е кажано дека има некоја пречка од полицијата. Ние сме во секојдневна координација со полицијата и ако има потреба од какво било барање, ние ќе се координираме“, вели Касами. Сопствениците на возилата кои вршат локален превоз на патници се револтирани од ваквата одлука. Тие велат дека тоа многу ќе се одрази на нивната работа, бидејќи патниците кои доаѓаат од други населени места ќе мора да плаќаат двојни сметки. Според некои проценки на општината, во ваков превоз се вклучени 250 до 300 возила, од кои само мал дел имаат лиценца. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/kasami-saka-od-utre-da-im-zabrani-vlez-vo-tetovo-na-privatnite-prevoznitsi-politsijata-negira-deka-dala-soglasnost/ |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #119 Posted: 24-Jul-2022 at 15:43 |
ПО ЕДНА ГОДИНА РЕКОНСТРУКЦИЈА ГОТОВА ТЕТОВСКАТА ГЛАВНА УЛИЦА СТРАШО ПИНЏУР
По речиси 11 месеци реконструкција, градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами денеска ја предаде во употреба улицата Страшо Пинџур во Тетово која се наоѓа во центарот на градот и е една од главните градски сообраќајници. Улицата е целосно реконструирана со вградување на подземна и надземна инфраструктура, а засадени се и нови дрва откако старите повеќедецениски дрва кои тука растеа, беа исечени што тогаш предизвика голем револт кај тетовци. „Успеавме во рекордно време да го реализираме овој проект кој го наследивме со многу пропусти. Сега се направени сите дополнителни интервенции во подземната инфраструктура и во делот на асфалтирањето на улицата и реконструирањето на тротоарите и зеленилото. Оваа улица е пример како понатаму во Тетово ќе се реализираат проектите. Им честитам на жителите на оваа улица, на бизнисмените кои тука работат и на сите тетовци за оваа улица и со ветување дека во иднина Тетово се почесто ќе промовира вакви проекти со сите стандарди“, изјави градоначалникот Билал Касами. Улицата Страшо Пинџур започна да се реконструира минатата година, непосредно пред почетокот на локалните избори, од страна на тогашната градоначалничка Теута Арифи. Тогаш само се отстрани асфалтот, се раскопа улицата и градежните работи сопреа. По доаѓањето на новата општинска власт на чело со Билал Касами работите неколку месеци беа во прекин бидејќи, како што тогаш изјави Касами, во проектот имало многу пропусти, а најмногу во делот на подземната инфраструктура па морало да се направи нов проект. Работите околу изградбата на улицата започнаа пред околу 3 месеци. Оваа улица исто така стана позната во пошироката јавност кога при повторно започнатите градежните работи беа исечени дваесетина повеќедецениски дрва за кои тетовци сметаа дека воопшто не требало да се сечат. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/po-edna-godina-rekonstruktsija-gotova-tetovskata-glavna-ulitsa-strasho-pindhur/ |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #120 Posted: 09-Sep-2022 at 11:24 |
Не се знае дали булеварот „Благоја Тоска“ ќе биде готов наесен, Општина Тетово молчи (ВИДЕО)
Толку многу ветуваниот и многу дискутиран булевар „Благоја Тоска“ во Тетово, никако да се доврши и да се растовари сообраќајниот хаос. Иако беше ветено дека булеварот ќе биде готов во текот на есента, работите таму се изведуваат со слаб интензитет, тврдат граѓаните коишто ја користат оваа сообраќајница. Од општината молчат за тоа кога ќе завршат градежните работи, пишува Порталб.мк. Се ближи есента а со тоа и рокот за завршување на работите и пуштање во употреба на оваа сообраќајница. За да види до каде се работите, Порталб.мк излезе на терен. Таму може да се види само еден багер и четворица работници. Работите се одвиваат многу бавно. Жителите од околината велат дека таму некогаш се работи, а некогаш не, и тоа многу бавно. Од Општина Тетово, иако рекоа дека ќе одговорат на новинарските прашања за тоа дали има проблеми во реализацијата на работите и кога ќе завршат, сепак не одговорија. Потсетуваме дека првиот човек на општината пред два месеца изјави дека при работата за продолжување на булеварот се појавиле многу непредвидени работи, но дека очекува истите во иднина да се санираат. Сега веќе поранешните општински советници од ДУИ и новоизбраните советници, ја критикуваат општината дека ги присвојува заслугите за овој проект што е добиен од претходното раководство. Работите за продолжување на булеварот започнаа на 16 мај од Текстилното училиште „Гоце Стојчевски“, за да завршат таму каде што лани во август започна претходното раководство, кај мостот под Градската болница, па и беше оставен на половина. Според предвидената динамика се очекува работите да завршат во овој месец или во октомври. Инвеститор на проектот е Владата на РСМ, а финансиран е од ТАВ. Работите на булеварот ги изведува фирмата НБ, а општина Тетово е надзорно тело. https://meta.mk/ne-se-znae-dali-bulevarot-blagoja-toska-kje-bide-gotov-naesen-opshtina-tetovo-molchi-video/ |
|
Carpe diem
|
|
Post Reply | Page <1 4567> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |