build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Тетовски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 567
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 18-Sep-2022 at 17:20
Булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово, со судбина како пругата кон Бугарија



И понатаму се одолговлекува работата на булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово. Пред два месеци работите продолжија, со ветување дека сè ќе биде готово во септември, но на теренот не се гради ништо. Жителите се жалат дека патот е целосно уништен и со автомобилите не можат да стигнат ни до своите домови. Според нив, багерите со денови стојат во место.

„Таму ми е куќата, не можам да ја извадам колата од таму. Многу нè кочи, но немаме што да правиме. Таму некој багер некогаш работи, некогаш не работи. Сите продавници се затворени“, рече еден жител.

„Не годинава, не знам како почнаа вака, поминаа три месеци, отворен е само еден канал, пукнаа и чешмите, сите сме во неволја. Работниците доаѓаат и работат час, два и ништо повеќе. Нема ништо видливо, како што започнаа, ова сега требаше да биде готово. Не можеме да излеземе и да дојдеме до нашите куќи со возила. Ги оставаме таму долу. Ова е катастрофа за населението, но нема што да правиме“, рече друг жител.

Од општина Тетово тврдат дека причина за доцнењето била куќа на крајот од патот, чиј сопственик иако го загубил судењето, не се иселувал.

„Има случај каде општината ја заврши експропријацијата и предметот беше на суд и одлуката беше донесена. Странката сега мора да ја продолжи комуникацијата со основниот суд, додека работите, фирмата што го доби тендерот, работи на терен и се надеваме дека работите ќе завршат на крајот на овој месец. Секако дека да, ќе има одложувања, но се надеваме дека странката ќе ја разбере реалноста и ќе ги земе средствата за експропријација и ќе се пресели. Странката секогаш ќе ја има поддршката на општината со правна помош“, изјави Бесар Дурмиши, Општина Тетово.

Иако од општината велат дека судењето е завршено и странката го изгубила случајот, сопственикот на куќата го вели спротивното. Според него, за овој случај воопшто немало судење.

„Ние сме за да се изгради овој пат, но ни земаат 350 метри квадратни, ни останаа уште само 80 метри и бараме да ни дозволат да изградиме куќа овде, а патот нека излезе“, рече Ислам Рушити, Сопственик на куќата.

Проектот „Благоја Тоска“ се ветува две децении по ред. Пред две години, со средствата што ги издвои Владата од парите на ТАВ Македонија, претходната градоначалничка најавуваше изградба на булеварот, но ништо конкретно не беше преземено

https://alsat.mk/mk/bulevarot-blagoja-toska-vo-tetovo-so-sudbina-kako-prugata-kon-bugarija/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 12-Nov-2022 at 18:06
Општина Тетово незаконски ќе урива приватен објект иако процесот експропријација се уште трае тврди сопственикот



Откако го добиле известувањето од Општина Тетово за отстранување на куќата на чие место треба да поминува булеварот „Благоја Тоска“, сопственикот Ислам Рушити се пожали на притисок. Тој тврди дека рушењето не треба да спроведе затоа што сѐ уште трае постапка за експропријација на имотот, односно треба да се направи супер вештачење од овластен судски вештак за определување надоместок, одлука донесена на судско рочиште во мај годинава.

Според приватното вештачење цената е многу повисока од таа на Општината, вели Рушити.

ШТО ЌЕ ПРАВАМ, ЈАС ЌЕ СЕДАМ ВО КУЌАТА, ЌЕ КАЖАМ И НА ПОЛИЦИЈАТА И НА ДРУГИТЕ, ЗАТОА ШТО СМЕ НА СУД, ДА ИЗЛЕЗЕМЕ ОД ПРОСЕЦОТ, ПОСЛЕ ЌЕ ВИДИМЕ. НЕ Е ЗАВРШЕН ПРОЦЕСОТ. НИЕ БАРАМЕ КОЛКУ ШТО ПОКАЖА ВЕШТАЧЕЊЕТО, 120 ИЛЈАДИ ЕВРА, ОПШТИНА ДАВА 76. МЕСТОТО МИ Е СО ГОЛЕМИНА ОД 426 М2, А ОПШТИНАТА ЗЕМА 350, ВЕЛИ РУШИТИ.

Градоначалникот Биљал Касами, пак, информираше дека рушењето ќе го спроведат во понеделник.

ЗНАЧИ ПОНЕДЕЛНИК, ВЕЌЕ Е ИНФОРМИРАНА ПОЛИЦИЈАТА ЗА ДА АСИСТИРА, ЗА ДА СЕ ЕЛИМИНИРА И ПОСЛЕДНАТА ПРЕЧКА ВО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ОСТАНАТИОТ ДЕЛ ОД ТРАСАТА НА БУЛЕВАРОТ. СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА ПОЛИЦИЈАТА ПОЗИТИВНО ЌЕ ОДГОВОРИ И ЌЕ ГО ЕЛИМИНИРАМЕ И ПОСЛЕДНИОТ ПРОБЛЕМ И ЌЕ СЕ ПРОДОЛЖИ СО ДИНАМИКАТА. ОБЈЕКТ КАДЕШТО СИТЕ ЗАКОНСКИ ПРОЦЕДУРИ СЕ ЗАВРШЕНИ, СЕГА ТРЕБА ДА СЕ ОТСТАНИ ГРАЃАНИНОТ И ДА СЕ ПРЕМЕСТИ НА ДРУГО ЖИВЕАЛИШТЕ, РЕЧЕ КАСАМИ.

Куќата е последниот објект на трасата на која булеварот „Благоја Тоска“ треба да продолжи во правец кон станбениот Блок 70, проект за растеретување на сообраќајот, кој граѓаните на Тетово го чекаат речиси две децении.

https://telma.com.mk/2022/11/12/opshtina-tetovo-nezakonski-kje-uriva-privaten-objekt-iako-procesot-eksproprijacija-se-ushte-trae-tvrdi-sopstvenikot/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 15-Jan-2023 at 13:05
ДВОЈНОТО ПАРКИРАЊЕ ПО УЛИЦИТЕ Е ГЛАВНA ПРИЧИНА ЗА СООБРАЌАЈНИОТ ХАОС ВО ТЕТОВО



Двојното паркирање, односно паркирање на две коловозни ленти, е една од најголемите причини за сообраќајниот хаос на улиците во Тетово. Тоа е најизразено на булеварите каде, покрај третата сообраќајна лента која е наменета за паркирање на возилата, поради немање доволно паркинг места но и поради избегнување да се плати паркирањето, некои возачи едноставно ја оставаат колата на втората сообраќајна лента.

Поради ова, сообраќајот по булеварите како Илинденска, Благоја Тоска и Маршал Тито се одвива само по една лента и тоа предизвикува големи застои, гужви и нервози кај возачите. Тоа посебно доаѓа го израз кога ќе наидат и автобусите од јавниот градски превоз, па честопати се случува тие да не можат да поминат од овие непрописно паркирани возила. Поради ова од центарот на градот па до излезот или обратно, за растојание од помалку од 500 метри, потребни се и по десетина минути пробивање низ закрчените улици.

Тетовската полиција презема мерки и ги санкционира овие погрешно паркирани возила, но тоа не е доволно, па непрописното како и двојното паркирање се секојдневна појава, посебно кога на улиците нема сообраќајната полиција.

„Минатата година на поширокото тетовско подрачје вкупно се изречени 6.373 мерки кои се однесуваат на непрописно паркирање. Најголемиот број од ланските мерки биле изречени во декември 822, ноември 772, октомври 711 и јули 691. Возилата кои го попречувале нормалното движење на другите учесници во сообраќајот биле подигнати од тетовската пајак-служба. Нивниот вкупен број лани бил 4432 возила“, вели портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Истиот тренд на непрописно паркирани возила продолжува и во оваа година. Според СВР Тетово, за овие неколку денови од јануари полицијата презела 276 мерки при што пајакот отстранил 110 непрописно паркирани возила. Овие прекршители ги очекуваат парични глоби кои, зависно од прекршокот, се движат од 45 до 180 евра во денарска противвредност.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/dvojnoto-parkirane-po-ulitsite-e-glavna-prichina-za-soobrakajniot-haos-vo-tetovo/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 06-Mar-2023 at 16:35
Застој во градежните активности за пробивање на булеварот „Благоја Тоска“



Застој во градежните активности за пробивање на булеварот Благоја Тоска, проект кој граѓаните го чекаат со децении, за да се растовари сообраќајниот метеж во Тетово. Од локалната самоуправа велат дека фирмата изведувач направила пауза поради временските прилики. 65% од работите се завршени, а најавите се дека ќе биде целосно готов до крајот месецов.

https://telma.com.mk/2023/03/04/zastoj-vo-gradezhnite-aktivnosti-za-probivanje-na-bulevarot-blagoja-toska/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 21-Jun-2023 at 17:58
Blagoja Toska Boulevard, Tetovo











https://www.facebook.com/nbcompany.mk
Carpe diem
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2031
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 22-Jun-2023 at 20:45
Не сум знаел дека Пена на Албански јазик се вика Shkumbin, исто како и една друга река во Албанија. Ве молам доколку некој знае буквален превод на зборот "Shkumbin" да преведе што значи, дали исто како и што зборот "Пена" означува на словенските јазици?
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1149
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 23-Jun-2023 at 08:54
Фино средено и изваден максимум за таа ситуација. Имаат и за паркирање и дрворед, само уште тротоарите да ги држат неузурпирани. Кај Пена треба Тоска да продолжи и да се спои со другиот дел или веќе е направено тоа?

Edit: веќе е пробиена, добра алтернатива за накај Шапка.





Edited by <Fresno> - 23-Jun-2023 at 09:04
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 25-Jun-2023 at 17:10
Ќе се продолжи булеварот „Благоја Тоска“? – Касами вели дека е потребен проект и да се обезбедат финансиски средства

Пуштен во употреба долгоочекуваниот дел од булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово, но за продолжување на истиот е потребен уште еден проект, бидејќи општина Тетово нема детален проект и не знае колку би чинело „Благоја Тоска“ да се поврзува со булеварот „Илинден“. Градоначалникот на Тетово, Билал Касами вели дека прво треба да се направи проект, а потоа да се обезбедат средства за да се продолжи патот.

„Во моментов не, разговаравме и со соработниците, според информациите што ги имам, има основен проект, треба да се нарача студија за експропријација, да се направи финансиска конструкција, да видиме колку ќе чини експропријацијата на овој проект и да се обезбедат средства за да продолжиме со реализација на овој проект“, вели Биљал Касами.

Тетовци очекуваат овој булевар да продолжи. Тие велат дека општината треба да инвестира во инфраструктурата, бидејќи само така ќе се олесни сообраќајот.

„Мислам дека булеварот треба да се отвори до булеварот „Илинден“ и доколку не може да се оди до таму, барем до првата кривина, да се намали сообраќајот, тоа би било во најдобар интерес за граѓаните. Благодарни сме на сите фактори кои даваат дали е тоа централната или локалната власт и без сомнение тоа е во најдобар интерес на граѓаните“.

Булеварот „Благоја Тоска“ пред три дена го пушти во употреба градоначалникот на општина Тетово. Должината на овој дел е речиси 1 километар, додека отворањето на овој булевар има за цел да го поврзе булеварот „Илинден“ со регионалниот пат Тетово- Јажинце, но 20 години се одложува отворањето на истиот поради финансиските средства.

https://mk.tv21.tv/ke-se-prodolzhi-bulevarot-blagoja-toska-kasami-veli-deka-e-potreben-proekt-i-da-se-obezbedat-finansiski-sredstva/
Carpe diem
Back to Top
Marcello View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 22-May-2024
Online Status: Offline
Posts: 51
  Quote Marcello Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 10-Nov-2024 at 22:26
Започна реконструкцијата на улицата Борис Кидрич во Тетово    

Започна реконструкцијата на улицата „Борис Кидрич“ која општината одлучила да ја направи булевар. Улицата ќе има посебни сообраќајни ленти, пешачка и велосипедска патека, а реконструкцијата ќе изнесува околу 12 милиони денари.

-Се работи за модерна инфраструктура и нов концепт на патната инфраструктура на градот каде ќе имаме пешачка патека во средината на булеварот, а сообраќајот ќе се одвива од двете стани на патеката. Концептот е овој дел од булеварот да биде продолжување на градскиот плоштад. Од двете страни на пешачката патека предвидено е да има зеленило, патека за велосипеди и тротоар на рабовите од сообраќајницата. Ако не послужат временските услови, булеварот треба да биде завршен за 4 месеци. Целата инвестиција ќе се реализира во две фази, првата е 5 милиони денари и опфаќа подготвителни работи и тампонирање и втората фаза асфалтирање која ќе чини околу 7 милиони денари, изјави Касами.

За реконструкцијата на улицата ќе се исечат триесетина големи иглолисни и листопадни дрва кои оваа улица ја правеа најзелена во градот. Касами вели дека морало да се сечат бидејќи биле стари.

-Имаме елаборат од соодветен инженер за таа проблематика кој направи соодветно решение. Овие дрвја, поради тоа што се застерени ќе бидат исечени и ќе биде посадено ново зеленило и тоа повеќе отколку што го има сега и ова е согласно елаборатот за заштита на животната средина, вели Касами. ас/сст/

https://mia.mk/en/story/%D0%B7%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%87%D0%BD%D0%B0-%D1%80%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%81%D1%82%D1%80%D1%83%D0%BA%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%83%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%81-%D0%BA%D0%B8%D0%B4%D1%80%D0%B8%D1%87-%D0%B2%D0%BE-%D1%82%D0%B5%D1%82%D0%BE%D0%B2%D0%BE

Edited by Marcello - 10-Nov-2024 at 22:26
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 567

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.220 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.