build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Реконструкција на пругата Битола - Лерин

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 12>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gorazd View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 396
  Quote gorazd Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Реконструкција на пругата Битола - Лерин
    Posted: 03-Jun-2019 at 12:21
dzabe:

https://meta.mk/grchkata-zheleznicza-zasega-nema-interes-za-voveduva-e-voz-od-bitola-do-lerin/

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12090
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 16-Apr-2019 at 20:14
Еве и видео:

За сè има вторпат
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1103
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 16-Apr-2019 at 10:43
Некоја слика од денешното тест возење






Извор:tera.mk
https://tera.mk/свирна-возот-за-кременица-тера-на-проб/?fbclid=IwAR2GmYq-PzPFrYPQh6wLg2lFx7RGUlUCV5k78YI8O7_6LN2iajjcqDGOX54

Edited by Тркало - 16-Apr-2019 at 10:44
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1103
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 15-Apr-2019 at 22:17
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12090
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 02-Apr-2019 at 20:43
Е да, се гледа дека поевтино не можеле да ја направат.
За сè има вторпат
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 399
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 02-Apr-2019 at 20:14
Разочарување е тоа што станицава не ја отсликува архитектурата на другите станици низ мк.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12090
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 02-Apr-2019 at 19:13








извор: фејсбук (Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club)
За сè има вторпат
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 30-Jan-2019 at 18:12
Заврши изградбата на пругата Битола-Кременица

Пругата со која Битола железнички ќе се поврзе со Грција е изградена, а наскоро се очекува технички прием, потврдуваат за апла.мк од Министерството за транспорт и врски.

Но, кога ќе се воспостават првите линии, се уште е неизвесно. Според најавите оваа делница требаше да биде комплетно завршена до крајот на минатата година,а причина за последното одложување се временските неприлики во овој регион, снегот и поларните температури зимава, поради што не можеше да се постави електричната инсталација, велат од Транспорт и врски.

Проектот е финансиран од државниот буџет и средства од Евопските фондови, а во изминатите години беше проследен со многу проблеми при изведувањето, поради што се закануваше опасност Македонија да ги изгуби парите од европските фондови. Станува збор за проект од 17,2 милиони евра, од кои 6 милиони се ИПА средства, а 11 милиони евра се од буџетот.

Кракот од Битола до пограничното битолско село Кременица, на самата гранична линија со Грција е во должина од 18 километри.

tera.mk
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 399
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 15-Dec-2018 at 19:55
Извадок од интервју со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески

Пругата Битола-Кременица треба да биде готова за кусо време. Што понатаму? Ќе има ли редовен воз до Лерин, а од таму до Солун? Што направи Грција од својата страна?

-Изградбата на пругата е веќе завршена, единствено останува да се изведат електрични поврзувања. Направен е и спојот меѓу македонската и грчката пруга и сега останува нашата и железницата на соседна Грција да утврдат воспоставување на нова линија или возни редови. Она што е најважно е дека пругата е готова, а тоа ќе придонесе за развој не само на Пелагонискиот Регион, туку и на цела држава. Таа пруга прв пат е изградена во 1894 година, а прекината е со сообраќај во 1986 година. Имаме обврска таа релација да ја воспоставивме повторно поради развојот на земјата.

https://nezavisen.mk/mk/vesti/2018/12/112413

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12090
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 08-Dec-2018 at 15:53
За сè има вторпат
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1873
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 26-Nov-2018 at 17:30
Можно ли е да е веќе споена со грчката пруга ? Бидејќи на Битола - Кременица Проџект на фејсбук еден господин има пуштено слика од истава композиција на друга локација која напишал дека е Неос Кафкасос ,односно од грчката страна на границата.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12090
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 26-Nov-2018 at 10:41
Не сум сигурен, можеби се на изведувачот на градежните работи.
За сè има вторпат
Back to Top
mon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Dec-2009
Location: Europa
Online Status: Offline
Posts: 655
  Quote mon Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 26-Nov-2018 at 05:18
Чии се овие жолти вагони? На МЖ?
Železničko modelarstvo:
Makedonija: http://outmacedonia.blogspot.se
ex-YU: http://malezeljeznice.net
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12090
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 26-Nov-2018 at 00:05
Од фејсбук профилот на Министерот за транспорт и врски:







За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12090
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 21-Nov-2018 at 17:56
ПРУГАТА ОД БИТОЛА ЗА ГРЦИЈА ДО НОВА ГОДИНА ЌЕ БИДЕ ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА, ВОЗ ДОПРВА ЌЕ СЕ ОБЕЗБЕДИ



Поставени се шините на пругата од Битола до грчка граница, а до Нова година останува да се довршат другите делови околу пругата, како сигнализацијата, струјата, информатичкиот систем, железничката станица и паркингот. Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев при денешниот увид на градбата рече дека пругата ќе биде пуштена во употреба до Нова година.

„Ова беше проект со многу технички проблеми и со проблеми во изведба. Имаше претходно изведувач кој не ги завршуваше работите. Вложивме голем напор за да се надминат проблемите како од технички, така и од финансиски аспект. Пругата со сите свои сегменти ќе биде завршена до крајот на оваа година. Можно е да биде пуштена во употреба до 31 декември. Целокупните градежни работи се завршени, останува да се надеваме дека до Нова година ќе ги видиме и првите возови како поминуваат по оваа пруга“, рече Анѓушев.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески запрашан дали тоа ќе бидат нови возови или ќе се користат старите, рече дека дел од локомотивите ќе бидат поправени, а сѐ друго што е неопходно, ќе се набави.

„Најбитно за нас во моментот е да овозможиме оваа пруга да биде функционална. Во делот на возобновување на возовите размислува Владата, а со вицепремиерот и со директорите на Транспорт и железници сме разговарале за поправките на локомотивите. Дел од тие локомотиви ќе бидат во употреба, а сè она што треба дополнително да се набави, вклучувајќи возови, ќе биде од наша страна направено“, рече Сугарески.

Пругата од Битола за Грција ќе биде ставена во функција по 32 години. Проектот за нејзино обновување беше едно од големите ветувања на претходната власт, но тогашниот бугарски конзорциум не ја изгради пругата, ги проби роковите, а подизведувачите ги остави со празни џебови. Новата Влада пролетоска вети дека до ноември ќе се изгради пругата и таа забрзано се градеше изминатите месеци. Станува збор за проект од 17,2 милиони евра, од кои шест милиони се ИПА средства, а 11 милиони евра се од буџетот.

Со претходната компанија која не ги исполни договорите Македонија води судски спор.

Пругата ќе го забрза и транспортот на стока и патници. Досега, извозно ориентираните компании од Битола го вршеа извозот на стока до Солунското пристаните преку Гевгелија.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/prugata-od-bitola-za-grtsija-do-nova-godina-ke-bide-pushtena-vo-upotreba-voz-doprva-ke-se-obezbedi/
За сè има вторпат
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 174
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 02-Nov-2018 at 12:48
Детална репортажа

После 18 години нова пруга од 18 километри

Линк
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 174
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 02-Nov-2018 at 09:46
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 174
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 31-Oct-2018 at 13:37


Edited by Џоле - 01-Nov-2018 at 09:53
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 728
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 24-Oct-2018 at 18:23


Бидејќи работам во браншата електрична енергија, само да потенцирам дека равенката либерализација на пазарот на електрична енергија = помала цена не е така едноставна. Патем, либерализацијата на пазарот на електрична енергија е веќе случен за големите фирми, а МЖ „Транспорт“ е дел од него и веќе набавува енергија на слободниот пазар (последниот тендер им беше пред некој месец).

Се додека ние како држава не излеземе од магичниот круг да зависиме за енергија од други, односно сме увозно зависни, цената нема да биде помала од сегашната, бидејќи на Балканот повеќе недостига енергија, така што поради поголемата побарувачка цената оди и нагоре во последниве години на единствената регионална берза, а тоа е во Унгарија.

На страна струјава, јас ќе бидам пресреќен и само да ги довршат проективе, и на најфрекфентниот коридор 10 да се изнајдат начини за два колосеци по цела должина.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 24-Oct-2018 at 11:04
Originally posted by FiLo

Дали овој сектор на коридор 10, од Велес до Битола и понатаму Кременица има план некогаш да биде електрифицирана ?


Во предизборната програма на СДСМ стоеше дека ќе ги електрифицираат сите пруги во Македонија. Од ова нема ниту најава дека ќе се реализира во моментов, тоа е факт. Сепак, она што се знае дека ЕУ во моментов нема да обезбеди средства за електрификација на пругата од Битола до Кременица, ниту пак обезбедила средства за електрификација на пругата од грчката граница до Лерин, и ова е факт.

Ќе треба да бидеме пресреќни доколку се пушти во употреба оваа пруга и како неелектрифицирана во моментов. Од друга страна, со либерализацијата на енергетскиот пазар, т.е. цената на електричната енергија, треба македонската држава сериозно да си направи стратегија дали е поисплатливо за железницата да вози на дизел или електрична енергија во иднина.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.102 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.