build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Реконструкција на пругата Битола - Лерин

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Могли View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 21-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 82
  Quote Могли Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 14-Jun-2016 at 14:17

Да се надеваме дека ќе биде за брзо.

Edited by Могли - 14-Jun-2016 at 14:19
Back to Top
Могли View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 21-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 82
  Quote Могли Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 14-Jun-2016 at 14:18
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 22-Jun-2016 at 23:06

Поставени првите прагови и шини на новата пруга Битола- Кременица



http://play.mrt.com.mk/play/392
Back to Top
Могли View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 21-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 82
  Quote Могли Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 27-Jun-2016 at 22:26
Денес
[1] Новата пруга

[2] Спојот на новата со старата


Во меѓувреме, околу 350 метри северно (41°00'59.9"N 21°20'37.8"E)
[3] Поглед кон југ


[4] Поглед кон север

До пред една седмица овој дел од пругата беше целосно обраснат со висока трева, но еве денес беше искосена. (sort of)
Back to Top
katani View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Jan-2013
Location: Bulgaria
Online Status: Offline
Posts: 125
  Quote katani Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 28-Jun-2016 at 07:45
Тази част няма ли да се модернизира?
Back to Top
geny View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 16-Mar-2013
Location: Bulgarya
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote geny Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 28-Jun-2016 at 18:37
А каде Деве Баир кога ще ги видим те така!!!!!LOLLOLLOL
Back to Top
Могли View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 21-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 82
  Quote Могли Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 20-Jul-2016 at 21:44
Originally posted by katani

Тази част няма ли да се модернизира?

Искрено, не верувам. Иако, за толку краток дел сметам дека можело да се издвојат средства. Но, ајде да видиме.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1179
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 31-Jul-2016 at 23:42
Дали уште е активна работата или се завлече поради одредени причини?

Edited by Тркало - 31-Jul-2016 at 23:42
Back to Top
Могли View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 21-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 82
  Quote Могли Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 01-Aug-2016 at 00:54
Завлечена е работата. Еве веќе еден месец не гледам да се работи. Пред една седмица возев кон границата и немаше никакви активности. Инаку, рокот за завршување на пругата истече пред некој ден (30.07.2016)

Ова е од вчера (31.07.2016) Вака е веќе цел месец.
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 420
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 01-Aug-2016 at 01:48


Уште колку рокови ќе истечат ехеееее ич не му се секирај    
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 01-Aug-2016 at 08:34
Овој проект се финансира од европските ИПА фондови. Од владата велат дека од тековните проекти не се стопирани, ама можно ли е да има некое одолговлекување поради ова?
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 14-Aug-2016 at 15:09
Наместо пруга кон Грција, состаноци за пари во Битола

Доцни изградбата на пругата од Битола до Кременица. Наместо да биде завршена до 30 јули, на терен работите уште не се стигнати до поставување на долен и горен строј долж целата траса со должина од 17 километри. Локалните подизведувачи на пругата денеска се пожалија дека „Понстрој инженеринг“, една од бугарските фирми – членки на конзорциумот, не им ги исплатила средствата. Како што јавува телевизија „Орбис“ од Битола, градежните фирми денеска имале средба со раководството на конзорциумот за да се пронајде решение на проблемот. Ако не им се исплати сработеното, подизведувачите најавуваат радикални мерки на терен.

На денешната средба присуствувал и менаџерот на овој проект, Валери Барбунски. „Неисплатени суми кон „Понстрој инженеринг“, „Трејс“, „Карпош“ и „Водстрој“ нема. Зошто „Понстрој инженеринг“ не сака да им исплати на подизведувачите, тоа не е мој проблем. Подизведувачите немаат никаква работа со конзорциумот, тие се подизведувачи на „Понстрој“, посочува Барбунски.

Додека се водат преговори за разрешување на постоечкиот проблем, изградбата на железничката врска кон Грција се наоѓа на мртва точка. Периодов на терен не се одвиваат градежни работи, а нов краен рок за пуштање во употреба на пругата не е утврден. Самите подизведувачи нема да продолжат да работат до моментот на исплата на веќе заработените средства. Во меѓувреме, бугарската фирма „Понстрој инженеринг“ е отстранета од конзорциумот што го изведува проектот.

Пругата Битола – Кременица им се ветува на македонските граѓани уште од пред 2009 година. По повеќегодишни одложувања на почетокот на градежните работи, реализацијата почна на 30 јануари 2015 година. Проектот е во вредност од 19,9 милиони евра, кои се обезбедени од европските ИПА фондови. Долж целата траса треба да се изведат девет помали мостови, 10 железнички премини, едно стојалиште во село Кравари и да се постави сигнална и телекомуникациска опрема. Оваа пруга треба да овозможи повторно воведување на патничкиот и товарниот сообраќај кон Грција, со максимална брзина на движење на возовите од 100 километри на час.


http://www.build.mk/?p=51688
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 16-Aug-2016 at 21:54
Водострој ќе продолжи со реконструкцијата на железничката станица Битола-Кременица

Компанијата Водострој денеска информираа дека продолжуваат градежните работи на проектот за надградба и реконструкција на железничката станица Битола-Кременица, како дел од Коридорот 10.

Водострој е водечки партнер во конзорциумот што го извршува проектот со чија реализација имавме потешкотии поради објективни фактори, главно поврзани со климатските услови кои го спречија и забавија извршувањето на градежните работи. Имаше и одложување поради нерешените финансиски односи меѓу еден од учесниците во конзорциумот и неговите изведувачи. До денес Водострој 98 како водечки партнер во конзорциумот ја презема целосно обврската да ги исполни сите видови работи потребни за завршување на проектот во најкус можен рок, соопштија од компанијата.

Извор
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 17-Aug-2016 at 08:55
Треба да се нагласи и дека дел од подизведувачите за четврток најавија дека ќе ја блокираат изградбата на пругата Битола-Кременица до моментот на нивна исплата.

Подизведувачите на пругата најавуваат штрајк на терен
Засега нема одговор, ниту пак решение за подизведувачите по однос на нивната досегашна работа на пругата кон Кременица. Неофицијално, најавуваат штрајк на терен во четврток, со поставување на механизација, со што ќе биде запрена работата на пругата Битола-Кременица.

Незадоволни од тоа што засега никој не нуди решение за нивниот проблем, поточно начин како да си ги земат заработените пари, подизведувачите кои работеа на изградба на пругата Битола-Кременица, најавуваат штрајк на терен за наредните денови. Еден од главните проблеми е тоа што фирмата од која што биле ангажирани Понстрој инженеринг, не е веќе дел од конзорциумот, а новата фирма нема обврска да ги преземе долговите од претходната. На веќе одржаната средба во седиштето на Водстрој во Битола, на која присуствуваа незадоволните подизведувачи и менаџерот на проектот Валери Барбунски, не присуствуваа претставници од фирмата Понстрој инженеринг.

ТВ Орбис не успеа да дојде до информации од македонската подружница на Понстрој Инженеринг, чие седиште е во Прилеп и во моментов работи на неколку проекти во земјава, за тоа како и кога ќе се реши проблемот на подизведувачите, за да се продолжи со изградба на пругата кон Кременица, која што веќе 17 дена требаше да биде ставена во функција на железничкиот превоз.

Локалните фирми подизведувачи, велат дека се оставени на милост и немилост да ги добијат парите за тоа што веќе го сработиле. Прашуваат дали државата кога ангажира странски конзорциуми, има правен механизам да ги заштити сопствените фирми ангажирани како во конкретниот случај? Дали пак ЕУ, која е надлежна за парите, води сметка каде и како тие се трошат? ТВ Орбис побара став и од делегацијата на ЕУ во Македонија во однос на ненавремената изградба на пругата од Битола кон Кременица, бидејќи истата се гради со европски средства. Дали од некого ќе биде побарана одговорност и од кого и дали Делегацијата има механизам да побара исплата на средствата кон локалните подизведувачи од фирмата Понстрој инженеринг. Одговор побаравме и од Македонски железници инфраструктура, кои првично истакнаа дека ќе се побара пролонгирање на рокот за изградба на пругата до крајот на годинава, поради објективни и субјективни причини. Во текот на наредните денови, ги очекуваме и нивните ставови.

Izvor: TV Orbis Bitola, http://tvorbis.com.mk/?p=39347
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 21-Aug-2016 at 15:39
Започнувајќи ја сторијата за доцнењето на изградбата на пругата Битола-Кременица, екипата на ТВ Орбис се соочи со онаа народната: „Копајќи гуштерица, ископавме змија“.

На три дена пред истекувањето на крајниот рок за изведба на пругата, 30 јули, на терен се уверивме дека работата едвај стигнала до Жито Битола, поточно до преминот кај бензинската пумпа на Макпетрол. Тогаш, од македонски железници инфраструктура добивме одговор дека постојат објективни и субјективни слабости при реализација на проектот и дека истиот ќе биде пролонгиран. Од водечката фирма во конзорциумот избрана на тендер за изградба на пругата, Водстрој, кажаа дека работата на терен е завршена само ¼ од предвиденото, негираа застој и упатуваат на одредени тековни проблеми во работењето, верижно надополнети и со ненавремено префрлување на финансиите. Набргу работите излегоа на виделина. Една од фирмите во конзорциумот, Понстрој инженеринг, не им исплатила речиси ништо на фирмите, особено локалните, кои ги ангажирала за работа на пругата. Така, локалните подизведувачи во петокот на 12 август,си ги бараа парите од главната фирма во проектот Водстрој. На средбата присуствуваше само менаџерот на проектот кој во камера за ТВ Орбис истакна дека до оваа фаза, преку Министерството за финасии, се е платено на сите фирми во конзорциумот, вклучувајќи ја и Понстрој. Зошто таа фирма не ги исплатила подизведувачите, немаше одговор и нагласи дека Водстрој нема да ги обештети подизведувачите. Понстрој е отстранета од проектот, а на нејзино место дојде фирма од Тетово, која нема да ги преземе долговите на претходната фирма. Трагајќи по одговор од фирмата Понстрој, наидовме на неможност да го пронајдеме првиот човек на македонската подружница чие седиште е во Прилеп, или контакт телефони. Неофицијално пак, околу оваа фирма се плетат повеќе приказни и гласини, од тоа дека е под закрила на поранешен висок владин функционер, дека нетраснпарентно и ненавремено ги изведува и другите работи во земјава, вклучувајќи ја и пречистителната станица во Прилеп, проект вреден 26 милиони евра. Од Делегацијата на ЕУ во Македонија, кои сакаат да ги потенцираат проектите за кои тие издвоиле средства и редовно ставаат табли со вредноста и рокот на изведување на проектот, беа децидни. Ако не се исполнат условите од договорот за изградба на пругата, сите средства кои ЕУ ги дала до тој момент ќе бидат повлечени од Владата, односно Министерството за финансии, каде што и се дадени. Тоа и не би било прв таков случај, затоа што Брисел на Владата и одзеде 8,5 милиони евра од ИПА 1 фондовите, наменети за колекторски систем во Радожда и Враништа, Струшко, со образложение дека нема капацитет да ги употреби средствата во предвидените рокови. Се претпоставува дека околу 24 милиони евра од парите преку ИПА 1 кои и биле доделени на земјава се вратени неискористени во Брисел, а виси одлуката дали на Македонија ќе и бидат доделени околу 100 милиони евра од ИПА 2 програмата. Министерот за финансии Миноски пред еден месец појасни дека одлуката на ЕК поврзана со повлекување на 27 милиони евра од ИПА се однесува на средства кои се уште не се испрограмирани и не се договорени проекти со Европската Комисија и дека проектите за пругата кон Кременица и пречистителната станица во Прилеп, нема да прекинат.

Пенали најавија и од Македонски железници инфраструктура за пробивање на рокот, кои иако не се носители на проектот, имаат договори со фирмите за изградба на пругата. Во случајот се огласија и политичките партии, а опозицијата излезе со бројка од над 1 милион евра неисплатени долгови кон локалните фирми подизведувачи. Сагата на работниците не завршува, а со тоа и сториите на ТВ Орбис, посветени на изградбата на пругата, затоа што до понеделник, фирмата носител на проектот сепак вети исплата на парите, иако тврдеа дека тоа не е нивна работа. Подизведувачите пак, остануваат на ставот дека ќе штрајкуваат на самата пруга со поставување на механизација и стопирање на работните активности, ако не ги добијат парите.

Битола нема многу проекти кои што се направени со средства од ЕУ, иако дел од нив се веќе реализирани, како улицата Железничка, зоолошката градина итн. Се чека на реализација на проектот Биофос за користење на затоплување на спортската сала Младост со биомаса. Сепак евидентно е дека во земјава, колку проектите се поголеми во парична вредност, толку поголеми кочници имаат во реализацијата. Дали тоа се должи на реални проблеми на терен, како што секојдневно слушаме од одговорните, или пак од пораснатите апетити на политичарите?

Извор: http://tvorbis.com.mk/?p=39567

Edited by Мартин - 21-Aug-2016 at 16:28
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 31-Aug-2016 at 16:44
(ВИДЕО) Репортажа: Наместо готова пруга до Грција, работите се запрени, изградбата ниту до половина

Целата репортажа на следниов линк: http://alsat.mk/News/268406/reportazha-namesto-gotova-pruga-do-grcija-rabotite-se-zapreni-izgradbata-nitu-d
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1179
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 03-Oct-2016 at 16:59
Originally posted by Danielbtmk

<h1 style="margin-top:0;">Поставени првите прагови и шини на новата пруга Битола- Кременица</h1>http://play.mrt.com.mk/play/392



А дали е вистина дека старите завршиле како гориво во битолската фабрика за квасец и алкохол?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15235
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 07-Nov-2016 at 08:21
ЗАПРЕ ИЗГРАДБАТА НА ПРУГАТА КОН ГРЦИЈА

Запре изградбата на железничката пруга од Битола за Кременица, а од таму кон грчката граница. Министерството за транспорт и врски го раскина договорот со бугарската фирма „Водстрој“, која беше водечки партнер на конзорциумот составен од четири фирми. Пругата требаше да биде завршена пред два месеца, но бугарската фирма не го почитува рокот, па сега, кога договорот е раскинат, Министерството ќе ја активира банкарската гаранција. Тоа го потврди и министерот Владо Мисајловски истакнувајќи дека активирањето е механизам што произлегува од договорот во насока на заштита на државниот интерес.

„Случајот многу внимателно го разгледувавме со ЕУ бидејќи овој проект се гради со пари од ИПА-фондовите. Сега е раскинат договорот и ние ќе ги почитуваме законските прописи што важат во Македонија, а кои оставаат простор за активирање на банкарската гаранција“, рече Мисајловски.

За оваа делница од пругата кон Грција, во должина од 17 километри, што се гради со пари од ИПА-фондовите, се доделени 20 милиони евра. Колку пари добил бугарскиот конзорциум не е познато, но македонските фирми што се вклучени во проектот како подизведувачи се пожалија дека не им се исплати средства за она што го сработиле досега. Неисплатените обврски ја забавија изградбата, а кон средината на август годинава работниците најавија и штрајк, но потоа го откажаа кога им било ветено дека набрзо ќе си ги добијат парите.

Менаџерот на проектот, Валери Барбунски, тогаш рече дека бугарската фирма „Понстрој инженеринг“ требало да ги исплати подизведувачите во Македонија.

„Се' што е сработено до овој период е исплатено. Нема неисплатени пари кон ’Понстрој инженеринг‘, ’Трејс‘, ’Карпош‘ и ’Водстрој‘. Зошто ’Понстрој инженеринг‘ не сака да им плати на подизведувачите, не е мој проблем“, се огради Бабунски пред два месеца кога имаше средба со подизведувачите во Битола.

За (не)исплатените обврски кон домашните подизведувачи летото полемизираа и политичките партии кои изградбата на пругата ја искористија за меѓусебни обвинувања. Од СДСМ рекоа дека долгот на изведувачот кон фирмите подизведувачи и доставувачи надминува милион евра. Опозицијата се сомнева дека со цел да се забошотат работите во изградбата на пругата се вклучува нова фирма од Тетово. Но, од ВМРО-ДПМНЕ, пак, рекоа дека сите проблеми се решаваат во текот на работењето и дека се постапува според законските прописи. Оттаму тогаш појаснија дека „Водострој 98“ ја презема целосно обврската да успешна реализација на проектот.

Но, очигледно не е така, па сега изградбата е целосно запрена. Министерот Мисајловски ги советува домашните компании да преземат мерки во согласност со договорите што ги имаат потпишано со бугарските фирми од конзорциумот. Во овој случај нашите градежници не можат да сметаат на помош од државата бидејќи таа нема никаква улога зашто потпишаните договори не се со согласност со Министерството. Мисајловски најави нов тендер за избор на друга компанија што ќе ја заврши изградбата на пругата, но за тоа чека инструкции од ЕУ. Имајќи предвид дека сме во предизборен период, повеќе од извесно е дека тоа нема да се случи до крајот на годинава, што дефинитивно значи пролонгирање на изградбата на пругата. (Б.А.)

http://www.utrinski.mk/?ItemID=FF33281225CC7A46A7165D07D083916B
За сè има вторпат
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 25-Sep-2017 at 18:22
24.09.2017

Back to Top
katani View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Jan-2013
Location: Bulgaria
Online Status: Offline
Posts: 125
  Quote katani Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 27-Sep-2017 at 09:26
Още снимки няма ли?

п.п. В Wikimapia изображението показва, че са извършвани не малко строителни работи (има готови нови мостове и водостоци, даже на малко разстояние след Битоля има положен и баласт).

Edited by katani - 27-Sep-2017 at 10:44
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.809 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.