build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Реконструкција на пругата Битола - Лерин
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Реконструкција на пругата Битола - Лерин

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 91011
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1509
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #201 Posted: 10-Oct-2018 at 20:53
Originally posted by ehrlich



Јас навистина не знам колку од тие дизел локомотиви може натоварени со лимови или нафта или контејнери да го преминат делот Богомила-Гостиражни, дури и да беше изградена оваа пруга.


Можеби новите 4ри ќе бидат вклучени во сообраќај на таа делница....
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3371
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #202 Posted: 11-Oct-2018 at 10:21
Originally posted by Obedineta Makedonija

Originally posted by ehrlich



Јас навистина не знам колку од тие дизел локомотиви може натоварени со лимови или нафта или контејнери да го преминат делот Богомила-Гостиражни, дури и да беше изградена оваа пруга.


Можеби новите 4ри ќе бидат вклучени во сообраќај на таа делница....


Новите четири локомотиви ќе бидат вклучени на пругата Табановце-Гевгелија, бидејќи станува збор за електрични локомотиви. На неелектрифицираната пруга од Велес преку Битола до Кременица може да сообраќаат единствено дизелки. Не верувам дека дизел локомотивите не можат да го совладаат делот од Богомила до Гостиражни. Доколку постои вакво нешто, тогаш вообичаена практика е да се прикачат две локомотиви на чело на композицијата, со една локомотива дополнително на крајот од вагоните. Нема шанси да не може вакво нешто да се направи


Единствено што би можело да направи проблем е носивоста на пругата меѓу Велес и Прилеп. Јас навистина не знам колкава е таа, бидејќи од тоа може да зависи големината на товарните композиции. Да речеме, кон Гевгелија сега сообраќаат композиции и по 50-тина вагони и би било навистина проблематично доколку кон Битола е дозволено да сообраќаат по 5 или 10 вагони по еден товарен воз.
Back to Top
FiLo View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 26-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 39
  Quote FiLo Quote  Post ReplyReply #203 Posted: 11-Oct-2018 at 14:26
Јас мислам дека си правите бајрами на паметот затоа што ако товарниот сообраќај трпи, а мора да се пренесе робата со железница, и ако ја погледнеме мапата, поисплатливо им е од Солун да се тргне према пругата кон Петрич-Софија и потоа Софија-Ниш, отколку да кружат преку Битола.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3371
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #204 Posted: 11-Oct-2018 at 16:29
Originally posted by FiLo

Јас мислам дека си правите бајрами на паметот затоа што ако товарниот сообраќај трпи, а мора да се пренесе робата со железница, и ако ја погледнеме мапата, поисплатливо им е од Солун да се тргне према пругата кон Петрич-Софија и потоа Софија-Ниш, отколку да кружат преку Битола.


Она што со сигурност можам да ти го кажам е дека пругата од Солун кон бугарската граница е исто така неелектрифицирана, заедно со пругата од српската граница со Ниш. Воедно, од искуство можам да ти кажам дека од Ниш до српско-бугарската граница се патува поспоро од Велес до Битола. Со сигурност. Воедно, пругата од Велес преку Битола до Кременица е дел од Коридор 10, т.е. Коридор 10д и затоа и ЕУ ја финансира нејзината изградба. Затоа, нема причина да се верува дека не би се користела истата како алтернатива.
Back to Top
FiLo View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 26-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 39
  Quote FiLo Quote  Post ReplyReply #205 Posted: 11-Oct-2018 at 19:22
Ајде да видиме што и како ќе биде. Дај боже да биде сообраќајот преку Македонија, да не трпи загуби македонски железници.

А Велес-Битола во каква состојба е пругата ? Со која брзина патуваат патничките возови ? Дали е во состојба да издржува голем товар со голем интензитет на товарен сообраќај ?

Edited by FiLo - 11-Oct-2018 at 19:24
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11998
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #206 Posted: 14-Oct-2018 at 20:44
Originally posted by BOJAN

Единствено што би можело да направи проблем е носивоста на пругата меѓу Велес и Прилеп. Јас навистина не знам колкава е таа, бидејќи од тоа може да зависи големината на товарните композиции. Да речеме, кон Гевгелија сега сообраќаат композиции и по 50-тина вагони и би било навистина проблематично доколку кон Битола е дозволено да сообраќаат по 5 или 10 вагони по еден товарен воз.

Носивоста можеби е проблем, но не за должината на композициите, туку како огрничување на оскиното оптеретување, односно колкава максимална тежина може да носи секој вагон.

Должината на композициите е ограничена од должината на станичните колосеци. Колку што можам да видам на гугл земја, станичните колосеци на К10 се подолги, но не драстично.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3371
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #207 Posted: 15-Oct-2018 at 08:54
Originally posted by Cloverstack


Originally posted by BOJAN

Единствено што би можело да направи проблем е носивоста на пругата меѓу Велес и Прилеп. Јас навистина не знам колкава е таа, бидејќи од тоа може да зависи големината на товарните композиции. Да речеме, кон Гевгелија сега сообраќаат композиции и по 50-тина вагони и би било навистина проблематично доколку кон Битола е дозволено да сообраќаат по 5 или 10 вагони по еден товарен воз.
Носивоста можеби е проблем, но не за должината на композициите, туку како огрничување на оскиното оптеретување, односно колкава максимална тежина може да носи секој вагон.
Должината на композициите е ограничена од должината на станичните колосеци. Колку што можам да видам на гугл земја, станичните колосеци на К10 се подолги, но не драстично.


Сепак, се работи за пониска категорија на пруга во однос на оскиното оптоварување. Ц-Е, 20 тони тежина по оска, 6,4 тони тежина по должина метар е за пругата Велес-Кременица. Пругата Табановце-Гевгелија е 22,5 тони по должина метар и 8 тони тежина по должина метар.
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 690
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #208 Posted: Yesterday at 19:02
НОВО ВИДЕО

https://www.facebook.com/1451544438474299/videos/558714494568557/
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 690
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #209 Posted: Yesterday at 19:19

До крајот на годината ќе биде изградена пругата Битола- Кременица


До крајот на годинава ќе заврши изградбата на пругата Битола-Кременица, соопштија од Министерството за финансии. Информираат дека досега завршени се 90% од градежните работи.

Изградбата на оваа делница од железничката пруга, по 32 години повторно ќе го поврзе Пелагонискиот регион со Солунското пристаниште.

Од Министерството за транспорт и врски велат дека ова поврзување е уште еден крак од Коридорот 10 за конекција со Солун.

Тоа претставува алтернатива како за превоз на патници, така и за транспорт на производи од и до компаниите во тој регион.

Во моментов железничкиот сообраќај на релација Велес-Гевгелија е во прекин поради оштетениот мост на Црна Река, кај Градско. Линијата не е во функција од крајот на минатиот месец, а надлежните од МЖ Инфраструктура очекуваат санацијата на мостот да заврши во текот на следната седмица.

До сега штетите само за МЖ Транспорт се околу 600 милиони евра.

Но, особено засегнати се и компаниите од металуршката индустрија, бидејќи немаат друга алтернатива за транспорт на производите до и од солунското пристаниште.

Пуштањето во функција на пругата Битола-Кременица претставува една од алтернативите. Изградбата на пругата со должина од 17 км започна во февруари годинава. Инвестицијата е вредна 17,1 милиони евра. Од нив, 12,5 милиони евра се буџетски пари, а 4,6 милиони евра се грант од европските фондови.

Линк за видео

ИЗВОР



Edited by Danielbtmk - Yesterday at 19:22
Back to Top
FiLo View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 26-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 39
  Quote FiLo Quote  Post ReplyReply #210 Posted: Yesterday at 20:00
Дали овој сектор на коридор 10, од Велес до Битола и понатаму Кременица има план некогаш да биде електрифицирана ?
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 91011

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.