build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Булевар Цветан Димов

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Swimmer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 09-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote Swimmer Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 09-Aug-2010 at 23:05
Требало уште музиче да пуштиш Thumbs%20Up
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 10-Aug-2010 at 13:15
Долго време постои проблем во оваа улица, а тоа што напомена пред неколку постови за разликата од 2002 и 2010 дека навистина таму се изградиле куки тоа не е нивна грешка ,туку грешка на надлежните пошто овој проект постои скоро од 60-тите години и од тогаш освен 2-те згради во чаирчанка и комплексот ништо од тоа не е спроведено.

Јас како чаирчанец се секавам дека имаше уште тогаш планови за спојување на чаир со железара ,ги мереа улиците во должина и ширина итн.

Првото спојување кое сум го приметил е спојувањето на железара со ул. цветан димов и џон кенеди.




Втората работа што долго време се планираше беа токму рушењето на тие куките за проширување на цветан димов, и ден денес 70% од тие куките се привремени објекти.



А тие што граделе знаат дека еден ден ке ги рушат но повекето се сложиле со тој факт мислејки дека нема никогаш да дојде до реализација на тој проект.


Трета работа што ја имам приметено е мерењето на оваа улица само не знам што поточно мислеа дали спојувањето со паркот газибаба не знам точно ако некој има детален урбанистички план од овој дел нека пушти да видиме.


"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 12-Aug-2010 at 00:18
Originally posted by alexgizh

Ако се дивоградби, полесно е. Треба само повеќе политичка воља и разбирање

Туку мене ме плаши да не се "легални" дозволите за градба. Знам дека во ГУП стои дека тука треба да има булевар од полн профил, со што би се оневозможило давање дозвола овде, меѓутоа знаејќи во какво општество живееме, не ме чуди ако го "превиделе" ова.

Тогаш следува обесштетување, со што на големо ќе нарасне цената на изведба...

Не гледам како би биле легални дури ни во каубојска држава каква што е Македонија во моментов. Ако некој негде потпишал некаква дозвола, тоа не значи дека е легално, тоа само значи дека таа личност треба да одговара. Не може да биде легална никаква дозвола што е во спротивност со урбанистичките планови, а овде дури и ГУП-от веќе се кажува. Знам, го имаме искуството со кинескиот ѕид кај стадионот, за кој се води судски спор по слична основа (дали дозволите се вистински легални), но таму се одеше на постепено заплеткување на работата, кување на ДУП-ови, пренамени и зголемување на габаритот на маркицата која веќе постоеше... и којзнае што уште не. А кај Цветан Димов тешко дека би можело да се заплетка нешто вакво, со оглед на тоа дека се работи за траса на клучна сообраќајница, а потребна би била промена и на ГУП-от. Се надевам дека во државава не владее толкава анархија за да дивоградби од ваков ранг може да се протуркаат на било каков начин. Ако било што новоникнато во трасата на булеваров по некое чудо испадне „легално“, тогаш поарно да дигнеме раце од било какво урбанистичко планирање и било каква политика за борба против дивата градба. Навистина, ако не можеме да ги заштитиме трасите на клучни сообраќајници во главниот град, тогаш што би останало за се друго?




@ mitatos
За првата спојка (Џон Кенеди - населба Железара), да предвидено е, само не така директно, туку продолжетокот на Џон Кенеди треба да се поврзе со зацртаната кружна сообраќајница околу парк-шумата Гази Баба, а со тоа индиректно да се поврзе и со Железара.

Ѕирни во ГУП-от:
http://www.build.com.mk/docs/GUP-Transport.jpg


Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 12-Aug-2010 at 12:12
Сега го проверив ГУП-от, Clover@ , јас сликите што ги пуштив од гугл, се местата каде што сум ги видел како ги мерат улиците, значи можеби се планирало за некој друг проект,предвидуваа 1 излез од железара кон чаир, тие две страни беа можни опции ,едната не можеше да се изведе од куќите, другата беше можна али кошта повеке.
И најверојатно затоа е оставена туку така, али ке дојде времето оваа улица ке биде многу потребна.

"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1968
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 12-Aug-2010 at 12:32
Обиколница околу Гази Баба ми се гледа како поверојатна опција. Единствен недостаток е што ќе има две раскрсници на 10 метри (Цветан Димов со Џон Кенеди, и Обиколницата со Џон Кенеди).

А на митатос идејата е многу убава, и логична, ако се гледа одозгора, меѓутоа се работи за доста ридест терен и или ќе мора да се направи тунел (=пари) или ќе има непријатна узгорница/уздолница по ридот.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 12-Aug-2010 at 22:23


Навистина е кнап просторот од крстосница до крстосница, но не е до толку критично 
Споредував кај америчка амбасада (42° 0'38.17"N  21°25'42.30"E) во ГУП-от изгледа уште покнап, а сепак на терен има околу 50 метри. Во секој случај и да се 60 па и 70 метри ваму накај Гази Баба, сепак во право си дека се наметнува како проблем. Добро е тоа што (претпоставувам) нема да биде којзнае колку прометна сообраќајница (што секако треба да се провери со анализи и симулации) и тоа што е тространа крстосница (помало создавање на гужва), па можда сепак може да функционира океј...

Од друга страна за директно поврзување со Железара секако се наметнува проблемот што го спомна со нагибот на ридот, а плус уличките таму се ужасно тесни (3-4 метри) класични маалски улички каде што нема ни услови да се трансформираат во нешто поприкладно за такво поврзување, па би рекол дека директно поврзување секако отпаѓа како опција.


Edited by Cloverstack - 12-Aug-2010 at 22:24
Back to Top
Bulldozer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Jul-2010
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote Bulldozer Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 18-Aug-2010 at 17:12
Денес околу 16h кај Чаирчанка имаше полициски патроли кои најверојатно се изналепиле казни зошто во делот кај што се ствара најголема гужва немаше паркирани коли и се поминуваше без застанување. Можеби треба секој ден во период од 3-5h да патролира полиција додека се одлучи конечно да се прошири булеваров

Edited by Bulldozer - 18-Aug-2010 at 17:14
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1968
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 18-Aug-2010 at 20:19
Во контекст на булеваров, кој сега приметив дека всушност треба да е една целина од Кочо Рацин, Крсте Петков Мисирков, Цветан Димов и Христијан Тодоровски Карпош, на сајтот на општина Бутел се вели дека еден од 2та капитални проекти за 2010 е изградбата на булевар од источната страна на Бутел 1 кој ќе ја поврзе обиколницата со Христијан Тодоровски Карпош.

Добро е да се чуе дека има некаква иницијатива за ова, меѓутоа 2010 полека поминува, а нема никаква најава за отпочнување на проектот (како ни за нова училишна зграда за ОУ „Живко Брајковски“). Навистина мислам дека се зезаат и ништо не работат во општинава...

http://www.opstinabutel.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=82:planirani-proekti&catid=46:proekti
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 04-Oct-2010 at 01:10

Ќе се решава сообраќајниот колапс на „Цветан Димов“

За да се прошири сообраќајницата, ќе мора да се исечат и дрвја од дрворедите

Општина Чаир во соработка со Град Скопје ќе го решава сообраќајниот колапс на улицата „Цветан Димов“ на потегот кај џамијата „Јаја-паша“. Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, вели дека за решавање на овој проблем веќе има готов сообраќаен проект во Градот. Токму тој дел од „Цветан Димов“ со години е тесно грло низ кое поминуваат околу 70 илјади жители на општините Чаир и Бутел.

Дали ќе се решава протокот на возила по улицата „Цветан Димов и на кој начин, беше поставено и како советничко прашање на последната седница во Градот. Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, рече дека за конкретниот потег постои проект што предвидува булеварско решение на сообраќајницата, но оти тој се' уште се разгледува. Според него, засега сообраќајниот метеж може да се ублажи само со зачестено присуство на полицијата. Трајановски смета дека метежот дополнително го зголемуваат и дуќаните лоцирани на сообраќајницата, за што, според него, виновна е Општина Чаир, бидејќи издала дозволи за поставување урбана опрема на тротоарите, кои се јавна површина.

„За проширување на улицата ќе мора да исечеме повеќегодишни дрвја од дрворедот и нема да биде важно дали тие се стогодишни или не, бидејќи ќе решиме проблем со кој нема да се соочуваат идните генерации. Ако треба, ќе насадиме нови садници, како што го направи тоа градоначалникот Трајановски на улицата ’Илинденска‘“, вели градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.

Тој смета дека за да се прошири „Цветан Димов“, ќе мора да се урнат и три куќи, кои се дивоградби, но и покрај тоа, Општината ќе ги обештети нивните сопственици. Просторот, според Меџити, мора да се расчисти за да може да се добие проширување на сообраќајницата со по уште една лента во двете насоки.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=FF8637420A5F9E428FDF4211C009315C
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 04-Oct-2010 at 01:16
За какви три куќи зборуваме? Од една страна толку решително идат со зеленилото, од друга страна ретерирање пред триесетина трошни куќи што релативно ефтино може да се срамнат. Средишно зеленило ќе го опростам, освен што ќе придонесе за вртење преку полна линија што пак не е решение. Мора барем ако не полно, ама барем метар средишно да се остави. Не им ја сваќам ни политичката логика и на градот и на општината. И да изгубат триесетина фамилии како гласачи ќе добијат три илјади. А од друга страна па викаат дека проект постои, а изгледа за тој проект е пеглано и во гуп и во дуп-ови, па проектот е направен потоа. Да видиме што ќе се работи. Сега за сега основен примарен услов ми е да се задоволи бројот на коловозни ленти од гуп. За потполен профил да видиме што испланирале.Инаку којзнае како ќе тече проширувањето. Со оглед на тоа што сообраќајот во голем дел ќе се пренасочи преку Кале, а овој сегмент тука фали (42° 0'43.37"N 21°25'51.13"E), ќе биде доста мачно.


Edited by lslcrew - 04-Oct-2010 at 01:18
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 04-Oct-2010 at 12:30
Најголемата кочница што сум ја приметил јас во цветан димов е тоа што аутобусиве застануваат на постојката во чаирчанка, дефинитивно таа аутобуска постојка треба далеку подоле да се премести , тоа е бр.1, а др работа е автомобили што се паркираат од страна и едноставно една лента е зафатена со паркирани автомобили,доколку ја поминеш чаирчанка ке приметиш дека веке метежот го нема и натаму иде све како што треба се до џон кенеди, 3-та работа се пешаците, кои поминуваат каде ке стигнат како и да е таква е населбата што серава и газибаба се многу блиско поврзани ( едниот дел од чаирчанка и др дел од газибаба ) ,дефинитивно многу згрешија што уште на почетокот кога ја реконструираа ова улица требаше да се превземе некое идеолошко решение за намалување на метежот,јас не верувам дека ако не се решат овие 3 проблеми дека Цветан Димов ке се регулира, едноставно што ми иде на памет е уште една дополнителна лента само од една страна, каде што ке може да се паркираат ,а да останат 2х2 во кои ке биде строго забранет паркинг, или улицата да стане едносмерна ( што не доага во предвид заради детелинката ) , или некое подземно решение кое не бара повеке од 600 метри и може да биде изводливо.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 04-Oct-2010 at 15:00
Дивото паралелно паркирање лесно се решава, ако се сака. Не е тоа нешто што треба да се стимулира со градење дополнителна лента за паркирање. Во никој случај пристапот не смее да биде таков. Улицата станува тахикардија по целата должина. А автобуска се решава исто така со чатал, со џеб доволно долг да прифати барем два автобуса. Гледам доста членови упорно како главен проблем ги посочуваат навиките, а притоа наместо инфраструктурата да ја градиме така да донесе до менување на поедини навики на подобро, ние си бараме начин да ги стимулираме лошите навики со дополнителна лента за паркирање. Може би катна гаража не се прави преку ноќ, ама убеден сум дека со пајак може да се постигне значаен успех и преку ноќ. Како што можеше да партизанска карши Буњаковец да се воведе колку толку некој ред и да се отпуши она тесно грло што беше пред три-четири години, може и тука.
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 12-Oct-2010 at 11:58

ГРАДОТ НИ В ГОДИНА НЕМА ДА ЈА ПРОШИРИ ГЛАВНАТА УЛИЦА ВО ЧАИР

Нема спас од хаосот на Цветан Димов

Решавање за метежот на Цветен Димов од Градот најавуваат дури за 2012 година оти било потребно време за изработка на проект, за поставување канализација и решавање на имотно- правните проблеми

На улицата Цветан Димов во населбата Чаир владее вистински хаос. Метежот и колоните возила на кои има треба дури по 20 минути за да го минат делот од клучката Детелинка до влезот на Општина Бутел е секојдневие за граѓаните која ја минуваат оваа делница. Најголемиот проблем го прават испаркираните возила од двете страни на улицата. На кој како ќе му текне се паркира, не водејќи сметка за застојот на сообраќајот што ќе го предизвика.
"Мислев дека кога ќе ја направат клучката Детелинка ќе се растовари сообраќајот во овој дел, ама ништо. Секој ден губиме нерви во метежот, само затоа што некои граѓани се паркираат на самата улица и го блокираат сообраќајот. Откако ја направија Словенечка, за да стигнам до дома возам по неа. Иако имам дупло поголема километража, барем не се нервирам со стоење во место и колони возила пред мене", вели жител на населбата Бутел.
Градоначалникот на Општина Чаир Изет Меџити вели дека решение за спас од хаосот на Цветан Димов е единствено проширување на улицата со уште по една коловозна лента во двата правца.
"Овој дел години наназад е најтесно грло во Скопје. Барав од градоначалникот Коце Трајановски да се стави во приоритетната програма за проширување на улици и колку што знам, веќе во Градот се прави проект за тоа. Иако проширувањето ќе ни донесе низа проблеми, како што е сечење на дрвјата и уривање на неколку домови, мораме овој проект да го истераме оти тоа е единствено решение за хаосот во овој дел", вели градоначалникот Меџити.
Од Град Скопје потврдуваат дека прават проект за проширување на Цветан Димов, но посочуваат дека неговата реализација би стартувала дури во 2012 година.
"Досега во Градот немало никаков проект за проширување на Цветан Димов. Во моментов тој се изготвува, па потребно е време за изведбен проект, за поставување канализација, решавање на имотно- правните проблеми. Затоа ни в година не би можеле да старуваме со проширувањето на улицата", велат од кабинетот на градоначалникот Трајановски.
(А.А.)
http://vest.com.mk
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 12-Oct-2010 at 12:14
Ај вака малку систематски чисто поради објективност...
12/10/2010
...било потребно време за изработка на проект...

Една недела предходно...
4/10/2010
....за конкретниот потег постои проект што предвидува булеварско решение на сообраќајницата, но оти тој се' уште се разгледува.

Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 12-Oct-2010 at 12:24
Мислам дека улицава во скоро време нема потреба од проширување прво поради фактот што планираат да додадат средишно зеленило кое освен за пешаците нема да има предности улицата ќе остане 2+2.
Право решение е да се казнуваат и да се отстрануваат возилата на сегашните споредни ленти и тоа како што профункционира на Рузвелтова и на други улици во Скопје со ваков профил ќе се отвори поголем проток на возила. Ова да биде континуирана акција и мислам дека ќе има големи ефекти.
Со оглед на поприоритетните Теодосиј Гологанов (Не Јужен Булевар), Првомајска и евентуално пробивање на тунелот под плоштад па и проширувањето на булеварот во правец на обиколницата се поприоритетни проекти за градот. Тука недостасува овеќе сообраќајна култура и почутвање на закони.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 12-Oct-2010 at 13:38
Градоначалникот Меџити од една страна бара проширување на булеварот, од друга страна седи со скрстени раце додека на трасата никнуваат дивоградби. Симптоми на синдром на подвоена личност?

И баш ме интересира каков е тој проект за проширување каде што ќе требало да се исечат неколку дрва и да се урнат „неколку домови“. Што ќе прават овде на пример:
42° 0'29.05"N  21°26'36.38"E
Слалом булевар?
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 12-Oct-2010 at 13:43
TIPS & TRICKS: Види бул. Водњанска !!! Big%20smileBig%20smileBig%20smile
Back to Top
Bulldozer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Jul-2010
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote Bulldozer Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 12-Oct-2010 at 21:56
Originally posted by Supervisor

Мислам дека улицава во скоро време нема потреба од проширување прво поради фактот што планираат да додадат средишно зеленило кое освен за пешаците нема да има предности улицата ќе остане 2+2.



Дури и да се импровизира со решение од типот 2+2, средишното зеленило (па макар и некаква преграда) и тоа како ќе биде предност во решавање на хаосот ако се има во предвид дека покрај непрописно паркираните возила, метежот најмногу се ствара и поради непрописно полукружно свтување преку две полни лини.

Навистина штета што решавањето на проблемот со оваа улица се одложува постојано. Имам впечаток дека нема воља за воопшто да се реши овој проблем иако се работи за најголемото тесно грло во градот.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 14-Feb-2011 at 12:23

Се готви решение за проширување на улицата „Цветан Димов“

Допрва ќе се знае дали ќе треба да се исечат повеќедецениските дрвја од дрворедите

Снежана Калабакова


Градот подготвува идејно решение за проширување на улицата „Цветан Димов“ во Чаир. Финалната изработка на проектот ќе покаже дали ќе мора да се исечат дел од повеќедецениските дрвја од дрворедите или можеби проширувањето на коловозните ленти ќе се реши поинаку.

Иако оваа улица беше реконструирана пред десетина години, сега таа повторно е тесно грло низ кое секојдневно треба да поминуваат над 60 илјади жители од општините Чаир и Бутел. Протокот на возила го оневозможуваат и паркираните автомобили од двете страни на улицата, а дополнителен сообраќаен метеж предизвикуваат и недисциплинираните возачи, кои непрописно се вклучуваат од тесните улички од левата и од десната страна на булеварот „Цветан Димов“. На оваа сообраќајница метежот трае 24 часа, па сите што секојдневно минуваат по неа, знаат дека мора да возат внимателно и поради пешаците, кои постојано претрчуваат. Сообраќајниот застој само делумно се реши со отстранувањето на семафорите на влезот и изградбата на кружниот тек пред Бит-пазар.

Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, смета дека со проширувањето на сообраќајницата ќе се реши повеќедеценискиот проблем на чаирчани. Еднаш засекогаш ќе се пробие тесното грло, па и по цена да се исечат старите дрвја од дрворедот.

„Сообраќајниот проект за проширување на булеварот ’Цветан Димов‘ ќе покаже колку од дрворедите ќе бидат опфатени или ќе може да се прошири и без да се сечат дрвја. Финансиски средства се предвидени во генералната ставка за реконструкции и проширувања на улици“, велат од Одделението за односи со јавноста во Градот.

Оттаму не соопштуваат до кога ќе биде готово идејното решение и до кога се планира да се работи финалниот проект. Но, според изборната програма на градоначалникот Коце Трајановски, реконструкцијата на улицата „Цветан Димов“ треба да биде завршена до 2013 година.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=CB714E5F38EB8846AB1C1B29E3050365
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 20-Aug-2011 at 03:25
Прееска градоначалникот на Чаир гостувапе во емисија на сосема друга тема но беше прашан за булеварот и одговори дсека се разгледувале две опции, едната со проширување, веропјатно како тоа што е најавено, и другата да биде едносмерен булеварот во комбинација со Џон Кенеди и Македонско-Косовска Бригада. Ќе биде некоја велеимпровизација, а толку лесна траса и потребен проект.

Edited by lslcrew - 20-Aug-2011 at 03:36
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.