build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Булевар Цветан Димов

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2345>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12640
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 18-May-2020 at 14:28
ФОТОВЕСТ: Чаир дише послободно

На хаосот на булеварот “Цветан Димов“ му дојде крајот. Поставените бетонски банкини по средина на коловозот го смирија сообраќајниот хаос на најфреквентната улица низ Чаир.
Полицајци се распоредени на пешачките премини и не дозволуваат никому да застане на улицата. Наскоро ќе се постават и заштитни столпчиња со што ќе се спречи паркирањето на возила на тротоарите.
– Продолжуваме посветено со имплементирање на ефикасни сообраќајни проекти за олеснување на движењето низ улиците на општина Чаир. Нема препрека која може да ја сопре нашата волја и желба да го направиме Чаир со стандард каков што го сакаме – изјави градоначалникот Висар Ганиу.

https://www.vecer.press/фотовест-чаир-дише-послободно/
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2576
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 18-May-2020 at 23:04
Денес

Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2576
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 08-Jun-2020 at 21:34
Каква штета ќе биде сечата на дрјвава БРТ е добар проект и се надевам дека ќе се реализира, ама сепак. Барем нека ги пресадат ако е возможно.

извор

Edited by Staro Skopje - 08-Jun-2020 at 21:36
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 343
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 08-Jun-2020 at 22:39
Веројатно може да се направи некоја варијанта дрворедите да станат дел од физичката бариера што треба да ги одвои лентите за автобускиот сообраќај од колскиот, затоа што во секој случај ќе треба да се направи проширување, дури и без брз автобуски превоз, булеваров треба да биде 3+3 со жардиниера. Вака, сегашниот коловоз би останал 2+2 со мала жардиниера на средина наместо сегашниот бетон, до самите дрва кои би останале тенки зелени појаси од по метар-метар и пол, автобуската лента би била наместо сегашниот тротоар, а тротоарот и велосипедската патека би биле на проширениот простор.
Но тоа ќе биде еден мачен и скап проект заради големиот број објекти за рушење, но ако се сака - се може. А и далеку-далеку сме уште од таа фаза, да сме живи и здрави до тогаш. Cheers

Edited by Théoden - 08-Jun-2020 at 22:40
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12640
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 06-May-2021 at 14:48
Продолжува изградбата на „ѕидот“ против бесните возачи на Цветан Димов

Општина Чаир ноќеска продолжи да поставува бетонски банкини на остатокот од булеварот Цветан Димов, кој остана непокриен со бетонски блокови, кои беа поставени пред една гоина за да се зголеми безбедноста на оваа фрекфентна сообраќајница.

-Ова е само привремено решение сè додека не се спроведе проектот за брзи автобуси, кој беше најавен од Град Скопје пред неколку дена. Олеснувањето на сообраќајот на улиците на општина Чаир е наш приоритет. Спроведувањето на ефикасни проекти за комуникација е направено со единствена цел да има патишта без хаос и безбедни граѓани. Денешната акција е во соработка со Град Скопје, напиша градоначалникот Висар Ганиу на Фејсбук.

https://24info.mk/продолжува-изградбата-на-ѕидот-пр/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12640
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 06-May-2021 at 16:08
Се бетонира Чаир! Граѓаните: Како во Бангладеш – Ганиу: Ова е само привремено решение

https://mk.tv21.tv/se-betonira-chair-graganite-kako-vo-bangladesh-ganiu-ova-e-samo-privremeno-reshenie/
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3962
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 08-May-2021 at 07:13
Andej lule, kendej mure. Таму цвеќе ваму зид.
Апсолутно треба да се престане со ваква пракса, нека си инвестираат на сериозни проекти. Ова е чисто како во авгханистан.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5307
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 08-May-2021 at 08:07

А Чаир и Авганистан па многу различни...
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1525
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 08-May-2021 at 09:12
До толку ли мора бе да се пркоси на каурската држава, па и едно вртење преку дупла линија да се прави од инат према државата? И вака кога ќе се реши темелно со некое привремено решение и од тоа да се прави меѓуетничка тема со овакви глупи изјави и поделба на "Таму" и "Ваму". Вака ли ќе влагаме ние сите заедно во изградба на 3+3 и тука и на пластичарска. До кога со овакви поединци што чекаат на низок старт да изнарипаат со душебрижнички изјави.

Камо среќа да видам овакви бетонски блокови кај зелено пазарче и веќе да не изрипуваат пред кола пензионери со кеси без да погледнат дали иде некој, туку на некоја манипулативна сентиментална жичка се фрлаат пред коли и возачите треба да ги толерираат мимо сите сообраќајни правила, дека ете тие дивите преминувачи се стари, уморни, неможат да кружат, се возат со автобус и слични будалаштини.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3962
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 08-May-2021 at 09:21
Сега без емоции, ајде еден дел ама целиот булевар.. не етикетирав ништо освен дека во другата страна нема врска кој живее има многу убави цвеќиња а тука си гледаш бетон тоа е факт. ,,Привремено,, со децении а пак мора да се каже, дека во такво густо место нормално дека има гужва, таму треба да се урне и нови булеварски решенија а не Murë.
Еве пример: Дојдов во Скопје и згрешев и влегов во булеварот или булевар MURI и ајде сега каде да се вратам? Лево тесна улица и којзнае каде би завршил десно исто сега треба до другата раскрстница да си визам и пак нема да бидам во иста улица па ќе си вртиш круг па да си возиш таму а влез-излез и така ќе си почекаш.
Не нудиш никакви решенија а жалење дека вртат? А стигма е најголема: Нормално Ши-тари необразовани бла бла а никој не гледа дека нема никакво решение.
Јас лично да бев чаирчанец никогаш не би прифатил Mure кога веќе едвај се дише таму.

Edited by my Macedonia - 08-May-2021 at 09:42
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3962
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 08-May-2021 at 09:22
Originally posted by гитардемон

А Чаир и Авганистан па многу различни...

Па да, таму се повеќе ги нема зидовите, а во чаир само никнуваат
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12434
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 08-May-2021 at 12:45
Originally posted by my Macedonia

Таму цвеќе ваму зид.
Апсолутно треба да се престане со ваква пракса, нека си инвестираат на сериозни проекти. Ова е чисто како во авгханистан.
Originally posted by my Macedonia

А стигма е најголема: Нормално Ши-тари необразовани бла бла а никој не гледа дека нема никакво решение.

За да има централно зеленило наместо бетонска ограда, мислам дека ти е сосема јасно дека прво мора да се прошири булеварот. За да се прошири булеварот, треба да се обезбеди доволно широка траса (Околу 34 метри е минимална ширина за да има 6 ленти, централно зеленило, велосипедски патеки и соодветни тротоари за булевар од ваков ранг). Ама обврска на Општина Чаир е да го заштити просторот покрај булеварот од нови градби. Повели, види како го „заштитутва“:

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1017&PID=72227#72227

И тоа е само во периодот 2002-2009, којзнае уште што никнало од тогаш до денес.

Почнувајќи од 1996 кога е донесен нов закон за територијална организација на Република Македонија, градоначалник на Општина Чаир е Албанец, исто така во советот на Општината мнозинство се Албанци. Во тие 25 години јас не сум видел Општина Чаир јавно да објави ниту еден единствен урбанистички план, а не па да преземе нешто посериозно во поглед на урбанистичко средување на општината. Мислам дека тоа е малку пореално објаснување зошто на бул. Цветан Димов има бетонска ограда наместо цвеќиња, отколку невешто да имплицираш дека се работи за некакво угнетување?

Исто така, секој што не го лоцира вистинскиот проблем, туку рефлексно ги гледа работите вака низ етничка призма, токму придонесува говедата градоначалници и советници да продолжат да се однесуваат како досега. Зошто да се зафаќаат со решавање на натрупаните проблеми, кога може избори едноставно да се добиваат на националистичка карта, со сеење магла?

Edited by Cloverstack - 08-May-2021 at 12:48
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1525
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 08-May-2021 at 13:01
Бујрум заедно да го централизираме Скопје! Ако не сте способни сами да насадите цвеќиња со сите партии, општини, закони, институции и се останато што е запустено од албанци-политичари во Македонија само за да запази основен социјален мир. Ако не сте способни, еве ќе се најде некој каур на централно ниво и ќе насади цвеќиња и во Чаир, ама прво мора да го оставите кој и да е, Македонец или Албанец, да спроведе коридор без солидаризирње со околна сива економија и диви градби, без медиуми, без плачење и цмиздрење во телевизија, без кочење на експропријација.

Морам и јас вака сељачки, со "Ние" и "Вие", да се изразам, извинете останатите! Пошто друг начин да се одговори на овакви небулози нема, освен сељачки начин.

Edited by user8642 - 08-May-2021 at 13:02
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1525
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 08-May-2021 at 13:09
Originally posted by Cloverstack

... Ама обврска на Општина Чаир е да го заштити просторот покрај булеварот од нови градби. Повели, види како го „заштитутва“:
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1017&PID=72227#72227

И тоа е само во периодот 2002-2009, којзнае уште што никнало од тогаш до денес....

Мислам дека почетокот на булевар Цветан Димов, гледано од Бит-Пазар, може да се пробие лесно до полн профил ако се откажеме од потребата Цветан Димов да биде права линија. Што вака за мене е сосема ОК компромис, битно е основната функционалност да се запази. Пред се мислам на тоа да се штрбне од школските дворови на ОУ Лирија и градинката Фидани, како и дворот на Јахја-Пашина џамија.

Edited by user8642 - 08-May-2021 at 13:09
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7658
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 08-May-2021 at 23:11
Originally posted by my Macedonia

Еве пример: Дојдов во Скопје и згрешев и влегов во булеварот или булевар MURI и ајде сега каде да се вратам? Лево тесна улица и којзнае каде би завршил десно исто сега треба до другата раскрстница да си визам и пак нема да бидам во иста улица па ќе си вртиш круг па да си возиш таму а влез-излез и така ќе си почекаш.
не може да размислуваш вака, ова е исто како да кажеш дека ако си утнал да влезеш во еднонасочна улица, дека е скроз океј да се вратиш назад по истата... таквиот менталитет создава хаос во сообраќајот во Скопје и од таквиот менатилет не може да се дојде до решенијата што ги бараш затоа што сите мислат дека нивните лични потреби треба да се задоволени
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3962
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 09-May-2021 at 00:22
Originally posted by zabegan

Originally posted by my Macedonia

Еве пример: Дојдов во Скопје и згрешев и влегов во булеварот или булевар MURI и ајде сега каде да се вратам? Лево тесна улица и којзнае каде би завршил десно исто сега треба до другата раскрстница да си визам и пак нема да бидам во иста улица па ќе си вртиш круг па да си возиш таму а влез-излез и така ќе си почекаш.
не може да размислуваш вака, ова е исто како да кажеш дека ако си утнал да влезеш во еднонасочна улица, дека е скроз океј да се вратиш назад по истата... таквиот менталитет создава хаос во сообраќајот во Скопје и од таквиот менатилет не може да се дојде до решенијата што ги бараш затоа што сите мислат дека нивните лични потреби треба да се задоволени

Не е лична потреба туку нешто што една метропола треба да ја има.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7658
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 09-May-2021 at 00:30

епа на тоа требало да помислат пред да го претворат Чаир во маало од блиски исток

ова се главни булевари на градот и не треба до нив да има пристап од секој дуќан и куќа и не треба локациите за потенцијални сообраќајни решенија да се узурпирани од објекти

точно дека ѕидов е привремено решение, ама полукружно вртење на булевар на полна лента не е во никој, ама во никој случај оправдано
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3962
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 09-May-2021 at 00:40
Originally posted by user8642

Бујрум заедно да го централизираме Скопје! Ако не сте способни сами да насадите цвеќиња со сите партии, општини, закони, институции и се останато што е запустено од албанци-политичари во Македонија само за да запази основен социјален мир. Ако не сте способни, еве ќе се најде некој каур на централно ниво и ќе насади цвеќиња и во Чаир, ама прво мора да го оставите кој и да е, Македонец или Албанец, да спроведе коридор без солидаризирње со околна сива економија и диви градби, без медиуми, без плачење и цмиздрење во телевизија, без кочење на експропријација.

Морам и јас вака сељачки, со "Ние" и "Вие", да се изразам, извинете останатите! Пошто друг начин да се одговори на овакви небулози нема, освен сељачки начин.

Каде да се насаде? Врз бетон? Едно место што никогаш не било сериозно инвестирано додека во сите страни на Скопје со време се инвестирало. После децении биле граѓаните криви зошто така е како е? Ајде во другите места каде нема албанци, зошто и таму изгледа како авгханистан? Нели ,,вие,, културни сте? Тоа нема врска со националноста туку со тоа што кога во едно место не се инвестирало со децении, тешко да се поправи MURE, тука требаат сериозни инвестиции.
Од каде знаеш ти дека нема да се дозволи експропријација во Чаир кога вакво нешто никогаш не е понудено? Вакви тези се сељачки па и затоа и ти стои да си зборуваш сељачки... само терај
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3962
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 09-May-2021 at 00:42
Originally posted by zabegan

Originally posted by my Macedonia

Originally posted by zabegan

Originally posted by my Macedonia

Еве пример: Дојдов во Скопје и згрешев и влегов во булеварот или булевар MURI и ајде сега каде да се вратам? Лево тесна улица и којзнае каде би завршил десно исто сега треба до другата раскрстница да си визам и пак нема да бидам во иста улица па ќе си вртиш круг па да си возиш таму а влез-излез и така ќе си почекаш.
не може да размислуваш вака, ова е исто како да кажеш дека ако си утнал да влезеш во еднонасочна улица, дека е скроз океј да се вратиш назад по истата... таквиот менталитет создава хаос во сообраќајот во Скопје и од таквиот менатилет не може да се дојде до решенијата што ги бараш затоа што сите мислат дека нивните лични потреби треба да се задоволени

Не е лична потреба туку нешто што една метропола треба да ја има.
епа на тоа требало да помислат пред да го претворат Чаир во маало од блиски исток

ова се главни булевари на градот и не треба до нив да има пристап од секој дуќан и куќа и не треба локациите за потенцијални сообраќајни решенија да се узурпирани од објекти

точно дека ѕидов е привремено решение, ама полукружно вртење на булевар на полна лента не е во никој, ама во никој случај оправдано

Секако дека не, ама немој да ми кажеш дека зидот е најдоброто привремено решение? Па да се надеваме дека ,,привремено,, ќе биде.
Треба да се признава дека како држава не сме способни за реални и добри решенија наместо ние вие бла бла.

Edited by my Macedonia - 09-May-2021 at 00:46
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7658
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 09-May-2021 at 00:48

да, ѕидот е најдоброто привремено решение, повели слободно предложи друго
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2345>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down

This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.