Црна хроника |
Post Reply | Page <1 242526 |
Author | |
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2029 |
Quote Reply #501 Posted: 28-Apr-2021 at 20:49 |
Би било коректно и пожелно Македонија да побара помош во екпертиза и механизација од Србија и Грција. И тоа не мислам за да ни излезе нешто поефтино во никој случај, ќе си платиме све. Него мислам исклучиво во интерес да се санира коридорот побрзо и да се успостави сообраќајот повторно. Со двете држави имаме одлични односи, и во нивни интерес е, така да еве шанса да се покаже пријателство на дело.
|
|
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2029 |
Quote Reply #502 Posted: 16-May-2021 at 15:39 |
|
|
Тркало
Senior Member Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
Quote Reply #503 Posted: 20-May-2021 at 22:23 |
Локомотивата е скоро 50 години во сообраќај.Сега веќе нема да ја мачат.
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #504 Posted: 22-May-2021 at 16:46 |
Се запали локомотива кај Гевгелија, машиновозачот повреден
Во текот на вчерашниот ден околу 09:25 часот во Полициска станица Гевгелија било пријавено дека на Железничка станица „Смоквица” се запалила локомотивата на патничкиот воз кој сообраќа на релација Скопје – Гевгелија. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Гевгелија, а на машиновозачот му е укажана лекарска помош од итна медицинска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гевгелија. https://www.slobodenpecat.mk/se-zapali-lokomotiva-kaj-gevgelija-mashinovozachot-povreden/ |
|
marfimk
Senior Member Joined: 18-Feb-2012 Online Status: Offline Posts: 195 |
Quote Reply #505 Posted: 28-May-2021 at 16:49 |
Вчера 27 Мај, возот што поаѓаше од Скопје за Битола, наместо во 6.57, на станицата во Скопје пристигна во 8.05 и веднаш тргна за Битола (без никаква проверка). Околу 9.45 застана на станицата Стари Град и потоа не тргна. Околу 4 часа чекавме да дојде возило од Скопје кое донесе 6-7 пластични шишиња (мислам од 10 л) со гориво, масло и вода. Беше турено (без инка, со пресечено пластично шише) но локомотивата не тргна. После сето тоа се испостави дека е до сензорите и планот се утврди да се чека следниот воз од Скопје (поаѓа во 14.30). Потоа треба да се поврзе композицијата, да се одвезе до Чашка или станица Велес па дури потоа да се тргне пак за Битола. Само двајца од патниците се согласија со пикапот од МЖ да одат до Велес или Скопје па одтаму да си организираат превоз. Жалосно за патниците, но и за луѓето кои работат, страдаат од неодговорност и неорганизираност на повисоки нивоа. Во разговор дознав дека во 11.30 (два часа одпосле) уште не биле тргнати кон станицата Стари Град а и не знам зошто се праќаше возило од Скопје а не од Велес. Вработените изгледа не се доволно обучени да управуваат со сензорите, а низ разговор се спомнуваа и "Кинески мајстори" - изгледа дел уште престојува во МК. Се враќав од Ниш, каде состојбата со железниците е многу подобра, особено во смисла на организираност и посветеност. Нема потреба да се објаснува дека патувањето со воз е многу покомфорно и подобро споредено со автобус, но кај нас, за жал се оди само во негатива. Возот стигна во Битола доцна одручекта.
Edited by marfimk - 28-May-2021 at 16:52 |
|
marfimk
Senior Member Joined: 18-Feb-2012 Online Status: Offline Posts: 195 |
Quote Reply #506 Posted: 29-May-2021 at 17:15 |
Дополнето со слики: Возот на станица Стари Град:
Пикапот на МЖ, со фамозниот товар:
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #507 Posted: 04-Jun-2021 at 17:16 |
Во центарот на Велес се расипа товарен воз
Сообраќајот преку железничкит премин кај Новиот Мост „Гемиџии" во Велес денеска околу 12:10 минути беше запрен, поради дефект на локомотива на товарен воз, кој сообраќал на пругата Велес-Гевгелија. Со помош и асистенција на екипи на СВР Велес, сообраќајот од центарот на Велес кај споменикот на „Коњаникот" денеска беше пренасочен преку Стар Мост. Пренасочувањето, создаде големи колони од автомобили во центарот на градот. По прекин од околу еден час, од страна на екипи на ЈП МЖ, возот е извлечен и транспортиран за поправка, информираат за МИА од Железничката станица во Велес. Со тоа и сообраќајот повторно е пуштен преку овој железнички премин кај Новиот мост „Гемиџии" информирааат за МИА,од СВР Велес. https://kanal5.com.mk/vo-centarot-na-veles-se-rasipa-tovaren-voz/a477845 |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #508 Posted: 12-Jun-2021 at 16:56 |
Каменуван возот Скопје – Велес кај Орешани
На 11.06.2021 во 09.40 часот било пријавено дека на тргнување од стојалиште во Орешани кон Ново Зелениково, едно лице фрлало со камења по патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје-Велес. Повредени лица нема, а предизвикана е само материјална штета. Се работи на расчистување на случајот. https://mk.tv21.tv/kamenuvan-vozot-skopje-veles-kaj-oreshani/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #509 Posted: 19-Jul-2021 at 10:53 |
ЖЕЛЕЗНИЧКА НЕСРЕЌА КАЈ ВЕЛЕС: Тешко повреден маж
Вчера попладне, во 16.30 часот било пријавено дека на пругата помеѓу железничките станици Велес и Чашка, поточно на патен премин кај с.Горно Оризари се случила сообраќајна незгода помеѓу товарен воз кој сообраќал на релација Прилеп-Трубарево и патничко возило „цитроен берлинго“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Е.П.(46) од Велес. Во незгодата, возачот Е.П. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Велес. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Велес. https://vecer.mk/makedonija/zheleznichka-nesrekja-kaj-veles |
|
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2029 |
Quote Reply #510 Posted: 10-Aug-2021 at 17:00 |
Опожарени дрвени прагови од пругата за Куманово. Ова незнам дали ја онеспособува пругата за користење и мора да се менуваат, или едноставно може да си тече сообраќај како ништо да не било.
видеото тука:https://www.facebook.com/watch/live/?v=950883119086382 |
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #511 Posted: 14-May-2023 at 19:20 |
Се запали локомотива пред влезот на железничката станица во Велес
Локомотива на „Македонски железници“ попладнево се запалила на отворена пруга пред Велес, односно пред влезот во железничката станица во градот, објави „Курир“. Во исто време, патници се пожалија на социјалните мрежи дека со часови чекале во место помеѓу Велес и Зелениково, а им било кажано дека некоја локомотива била расипана пред Велес. Засега нема официјална информација за инцидентот и за тоа дали тој е причина за застојот во патничкиот железнички сообраќај. https://www.slobodenpecat.mk/se-zapali-lokomotiva-pred-vlezot-na-zheleznichkata-stanica-vo-veles/ |
|
За сè има вторпат
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #512 Posted: 29-Oct-2023 at 15:05 |
ЖЕЛЕЗНИЧКА НЕСРЕЌА ВО МАКЕДОНИЈА: Патнички воз Скопје - Неготино удрил во железен предмет на пруга, граѓаните патувале шест часа
Патничкиот воз Скопје - Неготино синоќа удрил во железен предмет кој испаднал на пругата од друг воз, при што патниците патувале шест часа. Како што објасни за МИА неготинецот Илија Стамков, поголемиот дел од возот останал во тунелот, само предниот дел каде што е кабината на машиновозачот бил излезен надвор. Се беше во ред се додека машиновозачот кој има подолго искуство и возеше бавно во тунелот пред Велес, не го забележал предметот железо што наводно испаднал од друг воз и почна со кочење, но бидејќи возот има голема тежина удривме во железниот предмет, од кој што можевме да бидеме исфрлени од железничката пруга. Се слушнаа неколку удари, јас помислив дека можеби ќе бидеме исфрлени од пругата, но закочивме и поголемиот дел од возот остана во тунелот, само предниот дел каде што е кабината на машиновозачот беше излезен надвор од тунелот, рече Стамков. Возот застанал и според информациите на патниците, случајот бил пријавен кај надлежните и во полиција. Безбедноста била, како што им кажале, околу тоа дали ќе продолжи возот, бидејќи од ударот, не можело да се види дали има некое оштетување. Полиција дојде, но тоа не значеше крај на нашите маки. Се изначекавме. Почнаа сите од возот да излегуваат и да се бунат, три пати испаднавме и се буневме, два пати не лажеа дека сега ќе тргнеме, сега ќе тргнеме. Испаднавме и почнавме во нервоза да се караме поостро и поостро. Благодарност до машиновозачот кој беше присебен и ни ги спаси животите на сите со неговата брза реакција и кочење. Стасав на железничка станица Неготино во 23 часот, а тргнав од Скопје околу пет часот, нагласи Стамков. Тој додаде дека додека возот стоел, неколкумина патници тргнале пеш по пругата до Велес. - Имаа среќа и не им се случи ништо лошо по патот, по таа темница по пруга. Кога тргнавме, ги качивме и нив по патот, рече Стамков. Тој изрази надеж дека во иднина нема да се случуваат вакви немили настани. https://faktor.mk/zeleznichka-nesrekja-vo-makedonija-patnichki-voz-skopje---negotino-udril-vo-zelezen-predmet-na-pruga-gragjanite-patuvale-shest-chasa |
|
Carpe diem
|
|
Post Reply | Page <1 242526 |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |