build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Црна хроника

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1314151617 25>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #281 Posted: 01-Mar-2012 at 18:43
Мошне интересно со ова во Тетово, денес нешто слично се случи помеѓу Велес и Скопје, воз налета на помала карпа, цел воз се испотреси и по извесно време застана... и тоа веднаш по Кадина река, каде што Вардар е најдлабок . Се расипа цревото во резервоарот за воздух, па мораше отворот на електричната локомотива да се затвора со поголемо дрво за да стигне до Велес. Не беше нешто сериозно, ама богами помалку страшно.

Инаку вчерашното „крадење на кабли“ помеѓу Скопје и Велес не било вистина, повторно проблеми со сигнализацијата на пругата, барем така зборуваат железничарите.
Back to Top
zookisk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote zookisk Quote  Post ReplyReply #282 Posted: 01-Mar-2012 at 19:52
Која локомотива беше?
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #283 Posted: 01-Mar-2012 at 22:33
Мислам дека беше 441-754, а и сигнализацијата пред Велес правеше проблем, останавме на црвено 10-15 минути. Не ми е јасно, со новиот команден центар во Скопје дали целото управување со возовите се врши од едно место или сеуште играат некаква улога железничките станици и стојалиштата, т.е. нивниот персонал.
Back to Top
zookisk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote zookisk Quote  Post ReplyReply #284 Posted: 01-Mar-2012 at 23:22
Целосното управување со сигнализацијата се врши од Трубарево...

Edited by zookisk - 01-Mar-2012 at 23:23
Back to Top
zookisk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote zookisk Quote  Post ReplyReply #285 Posted: 02-Mar-2012 at 22:19
Дваесет годишниот Мартин З. вечерва настрада во несреќа која се случи во населбата 11-ти Октомври, информираат од полицијата.
Според првичните информации, вечерва околу 19:45 часот на железничката пруга во населбата 11.Октомври, возот број 645 кој сообраќал на линија Скопје-Битола удрил во несреќното 20-годишно момче од Скопје.

Засега е непознато како дошло до несреќата. Поради истата железничкиот сообраќај Скопје-Лисиче е во прекин.

Edited by zookisk - 02-Mar-2012 at 22:20
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 823
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #286 Posted: 03-Mar-2012 at 00:59
Originally posted by zookisk

Дваесет годишниот Мартин З. вечерва настрада во несреќа која се случи во населбата 11-ти Октомври, информираат од полицијата.
Според првичните информации, вечерва околу 19:45 часот на железничката пруга во населбата 11.Октомври, возот број 645 кој сообраќал на линија Скопје-Битола удрил во несреќното 20-годишно момче од Скопје.

Засега е непознато како дошло до несреќата. Поради истата железничкиот сообраќај Скопје-Лисиче е во прекин.


Ако не е од самубиствени побуди, ќе ти кажам едноставно зошто. Затоа што граѓаните со децении ја преминуваат пругата масивно во населба 11 Октомври за да отидат до аеродром, а никој не ни помислиш да ја обезбеди и да изгради соодветни премини кои би можеле да се користата од населениет за преминување кон аеродром.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #287 Posted: 03-Mar-2012 at 01:55
Оааа ситуација се провлекува со години и години и на потегот Аеродром-Влахов-Кисела Вода. Лично ми се има десено тука поради непрегледност локомотива да ми застане и машиновозачот да ми даде предност. Не по негова вина нормално, но за жал, факт е дека единствен начин да стигнеш од Аеродром до Кисела Вода е или со ауто или пешки преку пруги. Ваквата несреќа, доколку не е самоубиство, доволно говори за нашиот цивилизациски, социјален и пред се цивилен развој како заедница и општество. Доколку не е самоубиство веднаш оставка треба да поднесе одговорното лице а градоначалникот да си каже фала многу пријатно. Битно тортите на кеј да напредуваат.
Back to Top
zookisk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote zookisk Quote  Post ReplyReply #288 Posted: 03-Mar-2012 at 14:12
Originally posted by N23

Лично ми се има десено тука поради непрегледност локомотива да ми застане и машиновозачот да ми даде предност.

Некогаш даваат предност некогаш не...
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #289 Posted: 20-Mar-2012 at 15:14
од сигурни изворни знам дека пред 1-2 месеци кога излета локомотивата во Тетово(наводно од кражба на скретница што не е точно),при кревање на локомотивата со кран им паднала и настанала штета на нејзе.дали е оправена незнам
Back to Top
zookisk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote zookisk Quote  Post ReplyReply #290 Posted: 20-Mar-2012 at 16:22
Кажи која локомотива испадна во Тетово пошто викаш дека знаеш од сигурни извори, и ако не е виновник свртницата тогаш што е???

Edited by zookisk - 20-Mar-2012 at 16:25
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #291 Posted: 20-Mar-2012 at 19:51
случајно се возев во купе со двајца од МЖ и се коментираше случајот,а бројот на локомотивата не ја запамтив,а за причината рекоа дека воопшто не било дозволено да се прави увид што е причината туку дирекно е казнет еден од скретничарите,така да не е утврдено во каква состојба е скретницата.каква била штетата од падот на локомотивата незнаеаја да кажат,вероватно небила висината голема од каде паднала,но сепак 110 тони и од пола метар да паднат е голема штета.интересно е дека шефовите не дозволиле да се прави увид што е спротивно на сите закони(и јас правам увиди па ја знам та проблематика)

во нишката црна хроника вероватно има повеќе податоци за несреќата
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #292 Posted: 20-Mar-2012 at 22:26
Originally posted by gjoko

случајно се возев во купе со двајца од МЖ и се коментираше случајот,а бројот на локомотивата не ја запамтив,а за причината рекоа дека воопшто не било дозволено да се прави увид што е причината туку дирекно е казнет еден од скретничарите,така да не е утврдено во каква состојба е скретницата.каква била штетата од падот на локомотивата незнаеаја да кажат,вероватно небила висината голема од каде паднала,но сепак 110 тони и од пола метар да паднат е голема штета.интересно е дека шефовите не дозволиле да се прави увид што е спротивно на сите закони(и јас правам увиди па ја знам та проблематика)

во нишката црна хроника вероватно има повеќе податоци за несреќата


Се заредија неколку несреќни случаи во последно време, некако на пролет најмногу ни се случуваат. Мене најмногу ме фаќа страв поради принудниот одмор на вработените и делењето откази, бидејќи сметам дека повторно администрацијата во железница ќе се спаси, а најмногу ќе настрада оној дел од персоналот кој и денес ни недостига.
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 692
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #293 Posted: 21-Mar-2012 at 12:58

Каменуван меѓународен воз кај кумановско Опае

Вчера околу 21,20 часот,  на железничката пруга  Куманово кон Табановце,  во атар на с.Опае, поточно во близина на железничката постојка „Карпош“, непознати лица извршиле каменување на меѓународен воз, кој сообраќал на релација Скопје-Белград.

При тоа се скршени три прозорски стакла, а повредени патници нема.

МВР презема мерки за откривање на сторителите.

Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #294 Posted: 21-Mar-2012 at 15:31
Previous Нема апел до граѓаните *да се однесуваат совесно и да го чуваат заедничкото*? 
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 692
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #295 Posted: 01-May-2012 at 20:07

Двајца повредени во железничка несреќа во Скопје

Двете лица се потешко повредени.

Денес околу 17:00 часот меѓународниот воз 892, кој сообраќал во правец Скопје - Приштина на рампа кај Ново Село, удрил во бело Југо со скопски регистарски таблички во кој имало две лица.

Двете лица од Скопје кои се потешко повредени се пренесени со возило на брза помош  во ургентениот центар во Скопје.

Back to Top
zookisk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote zookisk Quote  Post ReplyReply #296 Posted: 28-Jun-2012 at 13:27
ФАТЕНИ КРАДЦИТЕ КОИ МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ ГИ ОШТЕТИЛЕ ЗА 3 МИЛИОНИ ДЕНАРИ
ЧЕТВРТОК, 28 ЈУНИ 2012 12:57     

Фатени крадците кои македонски железници ги оштетиле за дури 3 милиони денари. Двајца 30 годишни велешани и еден 25 годишен добија кривична пријава за тешка кражба, загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие.

По претходни сознанија во близина на населбата Превалец, тројцата приведени биле затекнати како со патнички автомобили марка Тико и Опел астра превезувале исечени шини и оксигенски боци.

Веднаш биле приведени во полициската станица во Велес, а од разговорот се утврдило дека во периодот од мај до октомври минатата година, во четири наврати се упатиле во близина на железничкото стојалиште кај село Теово и со подесен алат сечеле кабел кој е наменет за телекомуникациски врски и регулирање на железничкиот сообраќај помеѓу станиците Велес и Богомила, при што одзеле вкупно 1350 метри кабел и 746 метри шини, со што ја загрозиле безбедноста и уредноста на сообраќајот како и животот на железничките работници и корисниците на железничките услуги.
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 692
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #297 Posted: 20-Jul-2012 at 12:37

Воз удри во возило на „Гранит“ – загина возач на камион

Несреќата се случила утрото, околу 10:45 часот. На лице место загинал вработен од АД „Гранит“ кој управувал со товарното возило.

Тешка железничка несреќа кај преминот Ногаевци – Велес. Како што информира полицијата, возот кој сообраќал од Гевгелија за Скопје удрил во товарно возило, сопственост на градежната компанија „Гранит“. Во несреќата загинал возачот, кратовецот Борче Ј.

Увидот на местото на инцидентот е во тек, по што се очекуваат повеќе детали околу причините кои доеле до несреќата.

Извор: Канал5
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #298 Posted: 20-Jul-2012 at 16:39
Го видов видеотот од железничката несреќа, страотен судир. За жал, загина еден човек. Железницата останува без една електрична локомотива. Според штетата на локомотивата и товарните вагони, доколку бил патнички воз ќе имало повеќе загинати луѓе.
Back to Top
zookisk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote zookisk Quote  Post ReplyReply #299 Posted: 21-Jul-2012 at 13:52
Originally posted by BOJAN

Го видов видеотот од железничката несреќа, страотен судир. За жал, загина еден човек. Железницата останува без една електрична локомотива.

Жалосно за изгубениот човечки живот а локомотивата 441-755 ќе се направи за брзо нема некоја поголема штета освен страничната дупка и нови воздушни црева и квачило од предната страна...Најбитно е што не се оштетени моторите и долниот строј...
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 692
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #300 Posted: 23-Jul-2012 at 12:05

Воз прегази човек кај Могила


Илустрација

Во близина на селото Могила утрово нешто после 10 часот, се случила железничка несреќа во која патничкиот воз кој сообраќал од Скопје кон Битола прегазил човек.

Загинатиот е на возраст од околу 50 години, а неговиот идентитет се уште се утврдува. На местото на несреќата излегла полициска увидна екипа, истражен судија и заменик јавен обвинител, кои ги истражуваат причините за несреќата.

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1314151617 25>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.