build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Црна хроника

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 25>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 06-Jan-2009 at 12:29
Originally posted by Б.Ѓ.Т


Дај малку твоето сеќавање по опширно, бидејќи не се сеќавам за несреќа со шпанец ???!!!

vo 1990 god.imashe soobrakajka megu megu kenedi i spanec ako ne se lazam a ne se lazam zasto sigurno e taka,masinovocacot na spanecot mi e tetin...e sea neznam dali praime muabet za istoto ova beshe vo periodot 1990 ili 1991 pokasno sigurno ne.

Изгледа не правиме муабет за исто, ова се има случено на 02-12-1990 год во близина на Рајко Жинзифов, а на сликите никаде не се појавува шпанец.

Еве некој слики од таа трагедија





Б.Ѓ.Т, би те молел да се распрашаш кај тетинот ако можеме да добиеме подетални информации
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Б.Ѓ.Т View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Б.Ѓ.Т Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 06-Jan-2009 at 13:56
ke se rasprasam...
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 06-Jan-2009 at 19:54
Па добро бре, зарем не водиме ние никаква евиденција за несреќите во транспортот?
Ова баш ме заинтригира, кои се воопшто најголемите несреќи во железничкиот и автобускиот транспорт во земјава? За авионскиот, мислам дека убедливо е падот на Палер 1993-та година.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 06-Jan-2009 at 21:22
За жал со тешки маки ги собирам информациите од мојата област - железницата, бидејќи Македонија е една од ретките земји која нема железнички музеј, каде би се собрале сите документи.

Но тоа во некоја друга нишка
Wallbash
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 05-Sep-2009 at 14:18
Каков ден ...
 
 
 

ПРИ СУДИР НА АВТОМОБИЛ И ВОЗ КОЈ СООБРАЌАЛ НА ЛИНИЈА СКОПЈЕ - КИЧЕВО ЗАГИНА ЖИТЕЛ НА ТЕТОВО

Воз кој сообраќал на линијата Скопје - Кичево утрово околу 9 часот и 15 минути удрил во автомобил, а од здобиените повреди на пат кон тетовската клиничка болница загина возачот на автомобилот 34-годишниот Садик Љоки од Тетово.

Сообраќајна несреќа се случи на необележан железнички премин на стариот пат кон тетовското село Брвеница.

Според првичните информации, сега починатиот сакал да влезе на автопазарот кој се наоѓа во близина на железничката пруга, но поради непрегледниот терен не видел дека од левата страна му се приближува возот.

На местото на сообраќајната несреќа увид извршија екипа на полицијата, истражен судија и јавниот обвинител.

 
 
 
 
Back to Top
zookisk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 333
  Quote zookisk Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 05-Sep-2009 at 15:18
Голема среќа што не бил шпанецот туку била класична гарнитура со МЖ 661-220 на чело...
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 19-Sep-2009 at 13:20
Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash

Повредена девојка при каменување на воз

Една девојка е повредена при каменување на возот, кој сообраќал од Кичево кон Скопје. Според полицијата, непознати лица вчераутро, околу шест часот, во близина на железничката станица Гостивар, ги каменувале вагоните на патничкиот воз 6901.

Притоа, еден камен удрил во стаклото што се скршило и и' нанело повреди на патничката К.А. (23) од Кичево. По инцидентот со каменувањето, возот застанал, а машиновозачот го пријавил случајот во полиција. Повредената патничка, која имала исеченици по телото, била пренесена во гостиварската болница. Ова е втор инцидент регистриран на пругата Кичево-Гостивар од почетокот на годинава. (Х.Р.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2A3F0190E4EEAC4AAC34ECA70CE3A609
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 19-Sep-2009 at 14:00


Еве и малку подетална хроника. Всушност се работи за трет сериозен инцидент на таа пруга годинава.

Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash

Каменуван воз кај Гостивар

Кичевката К.А.(23) била расечена по лицето и рацете откако со камења бил искршен прозорецот на купето од возот во кој се возела, вчера кај Гостивар.

Непознати лица го каменувале возот што сообраќал на релација Кичево-Гостивар, утрото во близина на железничката станица. Полицијата трага по насилниците. Во јули во населбата Циглана локомотива удри во блокада од бетонски плочи која била поставена на пругата. Пред тоа, во март, на излезот од Тетово кон Гостивар скопјанецот Мухамед Д. (27) завршил во болница со повреди на главата кога непознати напаѓачи го каменувале патничкиот воз со кој тој се возел. (З.Г.М.)



Edited by Cloverstack - 19-Sep-2009 at 14:00
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 19-Sep-2009 at 14:05
Во однос на минатата година, сепак бројот на инциденти на оваа пруга е намален. Сепак, не ми е јасно зошто нема полицајци во возот оваа година, како и тоа зошто не се присутни на железничките станици во Тетово и Гостивар. Изненадува тоа што овие негативни дејанија почнале да се случуваат и во Гостивар, бидејќи до сега главен проблем беше излезот од Тетово кон Гостивар. Треба да се превземе нешто за да не се случи поголема трагедија. Минатата година кога се враќав од Кичево на самиот мост над автопатот имаше поставено камења. Се слушна силен тресок под седиштата, но Шпанецот го продолжи патот кон Тетово.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 11-Oct-2009 at 20:30
Еве како ни го враќаат вагонот од Приштина од возот 891/892



И така кубуриме со возни сретства и уште ова. Нема друго него - ВАНДАЛИ - ПРИМИТИВЦИ
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 11-Oct-2009 at 21:14
Ohno     Bash
 
Нели има за ова регулирано како треба да се надомести штетата?

Дури и да не е регулирано, токму од другата страна се бараше воведување на оваа линија, па ваљда ќе прифатат некаков договор.

Во крајна линија доколку нема желба за фер однос, би требало да го укинеме возов. Нашата држава и на нашите железници нема ништо да изгубат со тоа.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 11-Oct-2009 at 21:50
нема што да трпи некоја линија заради ова или она, ако истата е исплатлива, сите вакви багабонства се решаваат со осигурување на возниот парк на ангро. мислам дека попрво ова е масло на оние кои таксираат него на вандали, кои заради скинатиот такси бизнис од страна на дампинг цените на железницата реагираат вака, бидејќи во случај навистина да е фул искористена линијата тоа од повеќе аспекти е зијан и за шверцерите и за таксистите, кои во случај на мал патен промет немаат ефтина амортизација и дебела заработувачка, правејќи ги самите овие професии поризични односно понеисплатливи. ваквата претпоставка ако ништо друго и без искршениот прозорец има основа, имајќи предвид колку вносен бизнис се и шверцот и таксирањето во гужва. 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 11-Oct-2009 at 22:03
Макс иако би се сложил делумно со твојава тероија сепак мислам дека вандализмов се должи на политичка причина и неодамнешните случувања или па евентуално на "спортски вандализам" од чиста мира одколку на оргинизирана група поради дампинг цени на железница.

Владимир имало ли вакви слични ситуации во изминативе ~2 години колку што сообраќа возов или ова е некој изолиран сегашен случај?!

Ако имало ондак незнам што чекаме и нема реакции од надлежните.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 11-Oct-2009 at 22:14
види стои тоа но не смее да се дозволи дополнително да се подгрева состојбата! еве јас вака ќе си ја толкувам ваквата беља, нормално може да превагне вандализмот http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=09349C2AFA538B4AA16E78B45E598839 кој јас повторно и во овј случај мислам дека е заради таксирањето, каде наголемо им се кине бизнисот на комбињата! но ај возот туку страдаат и луѓе http://antikorupcija.kirilica.com.mk/vest.asp?id=32100   http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=82142B5CE51B4241929D048DD8046517
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 11-Oct-2009 at 23:11
@ lslcrew
Воопшто нема потреба да се замараме со мотивите. Суштинско е дали ова може да се реши, а што му се вртело во глава на некој вандал кога уништувал е лично негов проблем.

------------------------------------------------------------------------------------

Макс, како бе оние што таксираат накај Велес или Битола не се сетиле на ваква „бизнис практика“? Од каде ти е идејата, си слушнал некаков муабет или чисто претпоставка?

Друга работа, патничкиот железнички сообраќај како што е организиран кај нас, нема никаква шанса да е профитабилен вклучувајќи ја и оваа линија. Исто така и осигурувањето е трошок, особено што ќе ти набијат цена поради очигледниот ризик. Така да МЖ немаат никаков финансиски интерес да го трпат ова.

Прашањето е дали е регулирана оваа работа и доколку не е, дали може да се регулира. Ако вагоните продолжат да се уништуваат, а не се најде решение барем за компензација, МЖ не се должни да финансираат нечиво изживување и во таков случај немам дилеми дека линијата треба да се укине.

За накај Кичево работите треба да ги средат нашите државни органи, ама на Косово има друг кој треба да бере гајле.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 11-Oct-2009 at 23:57

компензација не е решение, бидејќи во таков случај далеку потешко се пеглаат штетите, комисии, бирократија, медиуми, филозофи итн. најчисто е ангро осигурување кога можат да ги осигураат патниците многу јасно е дека можат и возниот парк, ова не би требало да чини многу со оглед дека имаме доста осигурителни компании кои ќе се потепаат да дадат ваква полиса!

веќе и истата ја има некој и како отворена опција:

ПРИКЛУЧНИ ПРУГИ, УСПИЊАЧИ (КАЧУВАЛКИ),
ЖИЧАРНИЦИ, ЗАКУПЕНИ ЖЕЛЕЗНИЧКИ СКЛАДИШТА,
ДИГАЛКИ И ПОСТРОЈКИ ЗА НАТОВАР И ИСТОВАР

Член 31
(1) Во колку дејности на осигуреникот, како извор на опасност од полисата, се обавува со користење на приклучни пруги, успињачи, жичарници, закупени железнички складишта, дигалки и други постројки за натовар и истовар, со осигурувањето е опфатена:

1) одговорноста за штети настанати од употреба на приклучни пруги (шумски, полски, индустриски), успињачи или жичарници, ако превозот се врши без наплата на возарина;

2) одговорност за штети од употреба на дигалнки и постројки за натовар и истовар, во колку не настанале при употреба на постројки кои по својата конструкција го пуштаат товарот да падне;

3) договор за одговорност за штети настанати од употреба на закупеното железничко складиште спрема македонската железница.

(2) Ако посебно се договори со осигурувањето е покриена:
1) одговорноста за штети поради оштетување на вагони, бродови, моторни возила со користење на дигалки и други постројки за натовар и истовар.
2) одговорноста за штети настанати при употреба на приклучни пруги (шумски, полски, индустриски) успињачи или жичарница ако превозот се врши со наплата на возарина.

http://www.euroins.com.mk/default.aspx?item=vodic&itemid=60&osig=86&text=more

Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 12-Oct-2009 at 00:01
Македонски железници се осигурани, но, кога вашата кола иако е осигурана ќе добиете некој дел ќе изгубите време и живци и ќе биде на крај крпена работа.

Иначе сите знаеме дека таа линија е само политичка во никој случај рентабилна, чак ни во онија усллови на рентабилност на патнички сообраќај.

Но на крај зашто тоа се случува само во западна Македонија и Косово, како може некој нормален да постави карпа насред пруга и во ниедна друга област или земја !!!???

Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 12-Oct-2009 at 00:08
Макс, ако компензација не е добро решение, а штетите продолжат, тогаш осигурување не е никакво решение.

Осигурувањето чини доста пари, а чини дури и повеќе доколку се очекуваат штети. А бирократија, медиуми и филозофи ќе бидат исто така присатни како и за со компензација.

Ако не ја бива работата, линијата многу едноставно треба да се укине. Ионака немаме никаква корист од нејзе, туку беше воведена со добра воља.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 12-Oct-2009 at 00:34

значи Владимир МЖ транспорт е осигурана, тогаш негледам никаков особен мотив за тргнување на линијата!

а за ова искревенава шасија, незнам што да кажам, крај на муабетот карпа вандали не ставаат, ова е чисто бизнис саботажа, па нема логика некој да загрозува до овој степен безбедност на патници, и пред се свои сограѓани, ако за тоа нема посреди некој дебел интерес! ајде каменувале, ајде парички на шини оштреле, ајде на диво премини врвеле, ама ова е веќе претеризам, од кој и да е!

инаку кло знам за слични заврзлами со друг вид на бизнис, за ова не сум сигурен, но посекако возот им краде на комбињата многу работа, а имајќи предвид дека на тоа поле бизнисот иако нефискализиран сепак е "централизиран" фамилијарно или клановски, повеќе од сигурно е дека ова масло не е на деца кои од немајкаде ќе прават бељи! 

во секој случај од железница треба да изнајдат начин како да ја спречат оваа појава, пример со уште поголемо кревање на обемот на патнички превоз на овие дестинации, што ќе се случи само доколку видиме нови и удобни возови кои ќе бидат мамка за што повеќе патници, со што и евентуалните бизнис саботажи да се отстранат како причина, веќе во тој случај доколку продолжат и понатака вандализмите тоа ќе мора да се решава со набљудување, а колку што знам за предизвикување општа опасност не се мали казните, еден да стрпаат ќорка и работите ќе се смират, освен ако неговите жители не се соживеат со неговото апсење и во негова чест го продолжат неговото недело  


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 12-Oct-2009 at 10:42
Изгледа почнавме да се вртиме во круг...  Roll%20eyes

Мислам дека премногу лесно заклучи дека сите овие појави се бизнис саботажа, барем да оставеше простор дека добар дел не се. Но без разлика, еве да земеме дека е така. Зошто во таков случај осигурувањето би било решение? Пак повторувам, осигурувањето не е некаков волшебен дар од небото, цената на осигурувањето расне со вакви инциденти и штетите не можат да се одбегнат. А и како што кажа Владимир, крпена работа си е крпена работа.

И како жити се со поголем обем на патници, саботажите ќе престанеле??? Па по твојата логика за саботажите, тие можат само да се зголемат во таков случај. А со нови возови како што предлагаш, и штетите ќе бидат многу поголеми.

А за нови возови или вагони, прво и основно треба да ги набавиме. После тоа треба да ги распоредиме, а на ваквите линии, доколку работите во меѓувреме не се средат, е лудост да се пушта и „стар“ воз, а камо ли нов. Се знае по кој редослед треба да одат работите: прво обезбедување на основни предуслови, а после скапи играчки, не обратно!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 25>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.