build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Црна хроника

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1920212223 24>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #401 Posted: 28-May-2014 at 00:00
И таман кога си помисив дека барем во поминување на пруга со затворени рампи сме светски прваци налетав на видеото:


Видеото е поставено до Монголеци и пишува на монголски ни незнам каде се случува.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11620
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #402 Posted: 28-May-2014 at 07:04
Тие „рампи“ што излегуваат од земја се чинат многу делотворни... Во неколку наврати ги спречија возилата да поминат кога обичната рампа се спушташе. Треба вакво нешто и кај нас.
За сè има вторпат
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Online
Posts: 2345
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #403 Posted: 06-Jul-2014 at 14:19
Вежбал за новите возови, чисто за да остане во форма:

На 05.07 2014 година околу 19,45 часот на делот од пругата помеѓу ж.с.Куманово и ж.с.Табановцe од страна на лице (овчар кој напасувал стока покрај пругата) извршено е каменување на патничкиот воз кој сообраќа на релација Скопје-Табановце. Од извршеното каменување нема скршено стакло или повредени патници, но била загрозена безбедноста на железничкиот сообраќај.

開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1049
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #404 Posted: 06-Jul-2014 at 16:11


Товарен воз се судри со влекач-сканија вчера попладне на патниот премин Кукуречани, при што нема повредени, но е причинета материјална штета.

Железничка незгода се случила вчера во 16,15 часот на железничката пруга од ЖС-Градско кон ЖС-Кукуречани, помеѓу товарен воз бр.5221 (кој сообраќал на релација Градско-Гевгелија) управуван од машиновозачот Д.К.(1968) од Скопје и влекач-Сканија управуван од М.Н.(1980) од Кавадарци.

Од незгодата, нема повредени лица, а е причинета материјална штета.Во тек е увидот на лице место. Сообраќајот на тој дел од пругата се уште е во прекин.


Инаку селото е КукУричани, Велешко.
КукурЕчани е меѓу Битола и Демир Хисар.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Online
Posts: 2345
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #405 Posted: 06-Jul-2014 at 16:53
Истото е и со ж.с. ТабановцИ, иако никаде, во ниту еден документ и на ниту една географска или топографска карта не сум сретнал дека селото ТабановцЕ фигурира како ТабановцИ.

Истото важи и за РомановцЕ кое само за Македонските железници е РомановцИ.

Еклатантен пример на неписменост!



Edited by phenomenon - 06-Jul-2014 at 17:02
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4414
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #406 Posted: 16-Jul-2014 at 18:57
Веројатно Нагоричане, Романовце и Табановце некому му звучи како множина на српски, па тој некој своеволно си ги преведува на македонски.

Edited by гитардемон - 16-Jul-2014 at 18:58
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11620
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #407 Posted: 20-Jul-2014 at 10:28
Загинатиот ми е прв братучед Селото не е Ранковце, туку Романовце.

http://www.telegraf.mk/aktuelno/hronika/175951-tragedija-vo-kumanovo-voz-udri-vo-motociklist
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #408 Posted: 20-Jul-2014 at 12:22
сочуство од мене

да не се створи крива слика дека се работи за некој `бесен моторџија`,човекот се возел на обичен томос,стар со векови




Edited by gjoko - 20-Jul-2014 at 12:38
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Online
Posts: 2345
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #409 Posted: 20-Jul-2014 at 23:37
Originally posted by Џоле

Загинатиот ми е прв братучед Селото не е Ранковце, туку Романовце.

http://www.telegraf.mk/aktuelno/hronika/175951-tragedija-vo-kumanovo-voz-udri-vo-motociklist


Сочувство до неговите најблиски. Беа искажани пофални зборови за починатиот како примерен домаќин.

Него го уби системот на државата со испревртени приоритети кои не најдоа за потребно тука да се направи еден надвозник зашто преминот е многу опасен и непрегледен.
За жал, очекувам состојбата драстично да се влоши по изградбата на Коридор 8 зашто во Куманово ќе се создадат уште два исклучително опасни железнички премини кај дивата населба Османов Рид и ромската маала во населбата Перо Чичо.

Во Телеграф напишале

"Ударот се случил во близина на кумановското село Ранковце"

Прво и прво, ниту Ранковце е кумановско село, ниту низ него поминува пруга.

Да не дозволиме да го нарушиме квалитетот на дискусиите постирајќи извештаи од новинари што немаат елементарно ниво на писменост.



Edited by phenomenon - 20-Jul-2014 at 23:57
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #410 Posted: 20-Jul-2014 at 23:53
Originally posted by Џоле

Загинатиот ми е прв братучед Селото не е Ранковце, туку Романовце.

http://www.telegraf.mk/aktuelno/hronika/175951-tragedija-vo-kumanovo-voz-udri-vo-motociklist


Најдлабоко сочуство до тебе и целата фамилија.

Тажно навистина. Незнам само уште што траба да се случи за сите ние сите комплетно почнувајки од граѓаните па се до институциите обрнеме малку повеќе респект кон безбедноста и да покажеме малку повеќе почит кон човечкиот живот. Ова што се случува со сообраќајот во Македонија не е нормално. И за чудо никој не чуствува потреба да се промени нешто. Во моето село со години веќе автомобилите, камионите, автобусите влегуваат со 80 км / ч и повеќе и за чудо никој досега не нашол потреба да се проговори за проблемот. Веројатно се чека некој да настрада и после да се интервенира. Јас се обидувам со дописи до одговорните ама слабо оди кога нема подршка од другите граѓани.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #411 Posted: 21-Jul-2014 at 14:31
Originally posted by kultuzin

Originally posted by Џоле

Загинатиот ми е прв братучед Селото не е Ранковце, туку Романовце.

http://www.telegraf.mk/aktuelno/hronika/175951-tragedija-vo-kumanovo-voz-udri-vo-motociklist


Најдлабоко сочуство до тебе и целата фамилија.

Тажно навистина. Незнам само уште што траба да се случи за сите ние сите комплетно почнувајки од граѓаните па се до институциите обрнеме малку повеќе респект кон безбедноста и да покажеме малку повеќе почит кон човечкиот живот. Ова што се случува со сообраќајот во Македонија не е нормално. И за чудо никој не чуствува потреба да се промени нешто. Во моето село со години веќе автомобилите, камионите, автобусите влегуваат со 80 км / ч и повеќе и за чудо никој досега не нашол потреба да се проговори за проблемот. Веројатно се чека некој да настрада и после да се интервенира. Јас се обидувам со дописи до одговорните ама слабо оди кога нема подршка од другите граѓани.


Немој да ме сфатиш погрешно, ама познат си по форумов дека во голем дел даваш согласност за новите фасади низ Скопје и СК2014 во целина. Е тоа не убива сите денес, зашто они се заљубени у СК2014, као тинејџер коа паѓа на плавуша, за после 3-4 години да сфати колку уствари изгубил и бил наивен. Исто и овие сеа, претерано внимание даваат на СК2014 и маркетингот и не се ни свесни дека државата колабира на секој чекор и дека најголема жртва е обичниот човек. А се додека тие што возат 80/90 преку сила, мускули, роднини, алфи, тепачи и сл нема да бидат казнувани, и додека за градоначалници просечниот граѓанин гласа недоветни личности без три чисти и потпросечно IQ, вакви работи, а за жал и поголеми трагедии ќе бидат се почести. Неделава возејќи се до Битола приметив дека има најмалку 2 НЕОБЕЗБЕДЕНИ И НЕПРЕГЛЕДНИ ПРЕМИНИ, со сосема солиден проток на луѓе и возила. А за тоа се криви сите што избегаа по секоја цена од тие места за да станат директори у Скопје и со тоа да "заврши" нивната одговорност за локалните и мали места.
23ka.wordpress.com
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3359
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #412 Posted: 24-Jul-2014 at 16:31
Откако ги стави камерите на железничките премини, МЖ-Инфраструктура редовно објавува видео-снимки од возачи и пешачи кои ги прекршиле сообраќајните знаци и преминале на преминот пред да наиде воз. Еве линк до неколку видео снимки, само забележете дека сите се направени во речиси исто време и во ист ден, така што може да се претпостави колку ги „почитуваме“ правилата:
http://www.mzi.mk/news-info.php?id=261&&cat=7
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11620
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #413 Posted: 24-Jul-2014 at 16:46
Стока од народ! После се жалат немало рампи и сигнализација, а и кога ги има - исто ко да ги нема.
За сè има вторпат
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1049
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #414 Posted: 24-Jul-2014 at 17:37
Можда не е за оваа нишка, ама локомотивата од Драчево 3 видеото!

Поради брзината, посебно поради изгледот цело време очекував дека некоја друга е поттурнувач на возот од назад, а оваа е оштетена и ја носат негде на поправка.

А овие ‘моторџииве‘ на Кванташки видеото ќе се убијат едни со други после возот

Edited by Тркало - 24-Jul-2014 at 17:40
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #415 Posted: 26-Jul-2014 at 03:23
ЕДЕН ПОВРЕДЕН ВО ЖЕЛЕЗНИЧКА НЕСРЕЌА ВО ЛОЗОВО

Полицаец сакал со автомобил да мине пред возот, па бил удрен

Попладнево во населбата Лозово, се случи железничка несреќа, кога воз удри во автомобил. Несреќата се случила околу 17 часот, кога возот кој сообраќал на релацијата од Велес за Штип удрил во возило марка голф, со штипски регистарски таблички, на обезбеден патен премин во населбата. Во автомобилот биле две лица а од ударот помладиот се здобил со повреди и бил пренесен во велешката болница. Патниците од возот сведочат за настанот, кој видно ги вознемирил.

- Возот долго свиреше, што ме зачуди па почна да кочи. Видов низ прозорот кога го удри автомобилот марка голф со сина боја. Среќна околност е што возот не возеше брзо, оти тука беше железничка постојка и сопираше, за патниците. Од колата излегоа две лица, разбравме биле татко и син. Детето беше повредено и го однесоа веднаш во болница - вели патник од возот. Во патничкиот воз, нарешен ,,шпанец, имаше околу 20-тина патници кои чекаа 3,5 часа за да заминат за Штип и Кочани. Дел од жителите на Лозово беа собрани близу преминот и раскажуваа за настанот. Никој од нив не бил очевидец.



- Слушнавме силно и долго свирење, кочење, удар. Кога излегов го видов автомобилот марка голф, како е удрен. Од него излезе соселанец, кој работи како полицаец. Ете и они не ја почитуваат сообраќајната сигнализација. Синот беше со него, имаше повреди . И отидоа за Велес во Болница. Среќа е што возот влегувал на стојалиштето и не возел брзо - вели жител на Лозово. На местото на настанот беа екипи на полиција, јавен обвинител и претставници на ЈП МЖ. Тие информираа дека патниот премин во населбата Лозово е обезбеден со сообраќајни знаци. Дежурниот доктор од Општата Болница во Велес д-р Влатко Вишинов изјави дека кај нив дошле двајца пациенти, татко и син од Лозово, полесно повреден бил малолетникот, на возраст од 15 години. Тој бил третиран и минал само со неколку полесни повреди нагмечувања и посекотини, па по барање на родителот бил пуштен на домашно лекување. Пред два месеци на оваа пруга, во блиското село Сарамзалино кога автобус минеше на обезбеден железнички премин, при спуштени рампи беше удрен од патнички воз а беа повредени 32 лица. ЈП МЖ заради превентива започна да ги снима со видео камера најфреквентните железнички премини во земјава. (П.П.)



http://www.utrinski.mk/?ItemID=D3684046C2B48F4783DD4E10E3919DA4&arc=1

Полицаец и тоа со дете во кола тешко на новите возови што треба да пристигнат
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Online
Posts: 2345
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #416 Posted: 26-Jul-2014 at 09:47
Eве зашто железничкиот превоз е непопуларен кај нас

"Во патничкиот воз, нарешен ,,шпанец, имаше околу 20-тина патници кои чекаа 3,5 часа за да заминат за Штип и Кочани."

Полн воз патници треба да биде заложник поради некоја несовесна и арогантна будала.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1049
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #417 Posted: 12-Aug-2014 at 22:30
Култура.Негде едноставно ја снемало.


Кај Кондово воз удрил во возило, месното население удрило со камења и шипки по возот

Три лица се повредени при судир на воз со автомобил „шевролет авео" кај Кондово.


Возот кој сообраќал на релација Скопје-Кичево на железничкиот премин удрил во возило со скопски регистарски таблички.

Дел од месното население, сведоци на сообраќајката почнале да фрлаат камења и метални шипки кон возот.

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #418 Posted: 12-Aug-2014 at 22:58
Возот како да е Ферари па да закочи во место.

Анархијата се препознава кога народот во името на правдата сам ќе го земи во свои раце спроведувањето на законот
Back to Top
zookisk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 333
  Quote zookisk Quote  Post ReplyReply #419 Posted: 14-Aug-2014 at 13:12
ВОЗОВИТЕ НЕ ЗНААТ ЗА НАШЕТО НЕЗНАЕЊЕ И КУЛТУРА !!!

На пругата во Волково деца си играле со механизмот за спуштање и за кревање на рампите. На преминот во Кондово група локалци го нападнале возот со метални прачки и камења затоа што удрил автомобил што непрописно ја минувал пругата. ...На пругата во Волково деца си играле со механизмот за спуштање и за кревање на рампите. На преминот во Кондово група локалци го нападнале возот со метални прачки и камења затоа што удрил автомобил што непрописно ја минувал пругата. На друг премин за малку ќе загинеа неколку лица што се возеле во автобус чиј шофер сакал да ги заобиколи спуштените рампи оти му се брзало...

Возовите не знаат на националност, за верска, расна или друга припадност на луѓето. Возовите минуваат по шините по претходно точно утврден редослед. На возовите не им е гајле дали некој околу Кондово решил да ја премине пругата во недозволено време или место или, пак, дали рампите во Волково се спуштиле поради детска игра со магнетните регулатори за рампи. Тој си минува кога треба да си мине. Вие внимавајте. Или, уште поточно, едноставно почитувајте ги сообраќајните правила и прописи. Животот е во прашање. Речиси нема недела без да прокнижиме сообраќајна несреќа од поголеми размери во која има и жртви. Скапите животни лекции, освен што не ги учиме навреме, ги повторуваме и ги плаќаме со нова крв. Колку и да звучи страшно, па и морбидно, тоа е вистинито. Стотици текстови, илјадници апели, многу казни беа напишани за сообраќајната некултура, за сообраќајната неписменост на дел од нашиов народ, а децении поминаа и речиси ништо не се смени. Во одредени делови тргна и на полошо. Повторувачи во одделението за почетници-возачи, велосипедисти, мотоциклисти и пешаци има сѐ повеќе и повеќе. Памет не ни доаѓа.

На пругата во Волково деца си играле со механизмот за спуштање и за кревање на рампите. На преминот во Кондово група локалци го нападнале возот со метални прачки и камења затоа што удрил автомобил што непрописно ја минувал пругата. На друг премин за малку ќе загинеа неколку лица што се возеле во автобус чиј шофер сакал да ги заобиколи спуштените рампи оти му се брзало.
Да се вратиме на возовите и нивното незнаење за нашето невнимание, некултура и никаква одговорност кога е во прашање сообраќајот. Што треба да се стори? „Македонски железници“ немаат толку вработени за да шетаат по пругите и да отстрануваат неправилности, да информираат за доаѓање на возот кај секое населено место или, пак, да изигруваат сообраќајци кај што има раскрсница, железничка инсталација или, пак, мост. За тоа, во поголем дел од железничката инфраструктура, е воспоставен автоматски систем на контрола и предупредување кога е во прашање сообраќајот. Тогаш каде е грешката?
Очигледно е дека треба да почнеме да воведуваме многу построги казни кога е во прашање сообраќајниот прекршок. Некој ќе рече тоа е непопуларна мерка и нема да даде плод. Но ако дава резултати, може да се проба. Па, нели човечкиот живот е највреден. Можеби треба да се почне многу од почеток, уште додека се калат возачите, во автошколите. Да се стегне ременот таму, па потоа на улиците, раскрсниците и железничките премини... Нема току голема казна за несовесен шофер или пешак чие несовесно однесување може да значи нечиј живот. Воспитувањето, едукацијата и културата се заучуваат уште од мали нозе, а се надградуваат и прошируваат во текот на целиот живот. Џабе е фрлање камења и секири по возовите или, пак, правдање дека ние не сме виновни за одредена несреќа кога системите функционираат ако сите елементи во нив работат правилно. Кај нас некако не е така.

Од друга страна, треба да знаеме дека логиката на нештата ќе понуди два правци на одвивање на работите во иднина. Или системот ќе ги исфрли оние нефункционалните или, пак, тие (нефункционалните) ќе го расипат системот. Да се потрудиме сите со сопствениот пример на однесување да изградиме функционален систем во кој жртвите и повредените ќе бидат сведени на минимални бројки, а казните ќе бидат исклучоци на кои ретко кој ќе се сеќава.



       
Автор: Жарко Василевски / zarko.v@novamakedonija.com.mk

Edited by zookisk - 14-Aug-2014 at 13:13
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11620
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #420 Posted: 11-Nov-2014 at 00:00
ВОЗ ПРЕГАЗИ УШТЕ ЕДЕН МИГРАНТ СРЕДЕ ВЕЛЕС

Македонските пруги ја зедоа и петата жртва за само десет дена. Се' уште се утврдува идентитетот на бегалецот од Блискиот Исток

Велес – Животот на уште еден мигрант-бегалец заврши трагично на пругата кај Велес. Утрово воз на „Македонски железници“ го прегазил бегалецот кој се движел по пругата. Од СВР Велес информираат дека се работи на откривање на идентитетот и возраста на лицето, за кое е извесно дека е бегалец од Блискиот Исток.

Настанот се случил во Велес, во близина на спортската сала Гемиџии, нешто пред 6 часот изутрина. Според очевидците, група од 20-ина лица се движела по пругата Кочани - Велес, кога наишол товарен воз од правецот Гевгелија за Скопје. Од необјасниви причини, еден од нив ја напуштил групата и преминал на пругата каде што сообраќал возот, по што бил удрен и починал на лице место.

По ова бегалците се разбегале, но наишла друга група од 10-ина лица, која била приведена од полицијата, која вршела увид на местото на несреќата.

„Приведените лица се на распит во ПС Велес. Но, бидејќи тие не биле во група со прегазеното лице, засега нема кој да го идентификува. Кај него нема ниту документи за лична идентификација. Извесно е дека е бегалец-мигрант“, велат од СВР Велес.

Ова е петта жртва на бегалци, кои загинаа во четири одвоени железнички несреќи на пругата Велес - Гевгелија. Во последно време илегалните мигранти ја користат пругата Гевгелија - Скопје за полесно да се ориентираат при движењето, а скоро да нема ден пограничната полиција да не открие мигранти, кои најчесто преку илегални премини на македонско-грчката граница влегуваат во нашата држава. Без лични документи и со малку пари во џебовите тргнуваат од Сирија, Пакистан, Нигерија, Авганистан, преку Истанбул, кој е влезната порта за нивното патување низ Балканот. Од Гевгелија до Табановце тие поминуваат околу 250 километри мачен и неизвесен пат во надеж дека ќе заминат во Србија, а од таму кон европските земји.

Од „Македонски железници“ велат дека станува збор за сериозен проблем, поради што апелираат да се преземат мерки за да се спречат овие појави. Иако не е дозволено движење на пругата и покрај пругата во радиус од 25 метри, бегалците се' почесто се движат и по самата пруга. Откако зачестија несреќите, од „Македонски железници“ велат дека ја намалиле брзината со која се движат возовите, но и тоа не е доволно бидејќи за да застане возот му е потребна доволна раздалеченост.

http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=70D2C436C6CC3A4493FD58EF9DF0E792
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1920212223 24>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.