build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Црна хроника

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 22232425>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #461 Posted: 31-Mar-2016 at 18:58
Originally posted by Џоле

И еден снајпер во возот би го решил проблемот.
или па по еден фрлач на камења во секој вагон... taste of their own medicine
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
11111 View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 04-Jan-2015
Location: tetovo
Online Status: Offline
Posts: 27
  Quote 11111 Quote  Post ReplyReply #462 Posted: 31-Mar-2016 at 20:09
Возот за Кичево удри во трактор некаде кон Жеровјане,причина или сигнализацијата или управувачот на тракторот.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1108
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #463 Posted: 29-May-2016 at 13:31
Според времето е некоја од новите Го-ве-да!

Возот за Битола налета на метален контејнер

Мај 29, 2016



На 29.05.2016 година околу 02,30 часот на дел од пругата помеѓу ЖС Велес према ЖС Чашка, поточно после излезниот сигнал од ЖС Велес кај надвозникот, патнички воз кој сообраќал на релација Скопје – Битола наишол и удрил во метален контејнер кој бил поставен од страна на непознати лица од десната страна на пругата во правец на движење на возот.

Од ударот моторната гарнитура била оштетена и причинета е материјална штета. Повредени патници и возен персонал нема. Возот не застанал на местото на настанот туку го продолжил движењето кон Битола. Од страна на екипа од ПС Прилеп била извршена кримтехничка обработка и се работи на целосно расчистување на случајот.
http://tera.mk/vozot-za-bitola-naleta-na-metalen-kontejner/



Back to Top
ViktorMKD View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 07-Jan-2016
Online Status: Offline
Posts: 38
  Quote ViktorMKD Quote  Post ReplyReply #464 Posted: 29-May-2016 at 15:30

Претераа со глупостите!
Кој толку ли ја мрази железницата кај нас
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1108
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #465 Posted: 03-Oct-2016 at 16:57
И уште еднаш...
http://tera.mk/vozot-za-bitola-naletal-i-udril-vo-kamena-na-prugata/

На 02.10.2016 година во 09.36 часот на дел од пругата помеѓу Железничка станица Прилеп и Железничка станица Битола, патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје-Битола по тргнување од Железничка станица Прилеп наишол и удрил на поставени камења на пругата. Повредени патници нема и не е предизвикана материјална штета. Во 09.48 часот возот продолжил да се движи кон Железничката станица Битола.



Edited by Тркало - 03-Oct-2016 at 16:58
Back to Top
mon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Dec-2009
Location: Europa
Online Status: Offline
Posts: 665
  Quote mon Quote  Post ReplyReply #466 Posted: 06-Oct-2016 at 07:43
Во една држава која повеќе ја нема ваквите дејствија беа незамисливи...
Затоа и постарите имаат обичај да кажат: „ех, добрите стари времиња...„   
Železničko modelarstvo:
Makedonija: http://outmacedonia.blogspot.se
ex-YU: http://malezeljeznice.net
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #467 Posted: 06-Oct-2016 at 09:39
Многу е јасно кој е тој што ги става овие камења. Македонски железници ги укинаа сите возови кон останатите дестинации, остана уште релацијата кон Битола. Таму ги има по пет дневно, па со вакви дејанија треба да се предизвика и нивно укинување.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1108
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #468 Posted: 06-Oct-2016 at 17:13
Кога сме веќе кај ова, дивите таксисти на старата автобуска во Прилеп беа толку нападни да не сакаш и на поминување да завртиш преку таа улица.А ги имаше буквално за секаде - првенствено Битола и Кавадарци, а и за Кичево, Скопје ,Велес.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1108
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #469 Posted: 23-Nov-2016 at 20:27
Не е класична црна хроника ама поврзано со железница...

Кичево/Охрид, 23. ноември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Вчера во попладневните часови, во Кичево на железничката станица при утовар на огревни дрва во вагон, од товарно возило паднал 50-годишен охриѓанец.

Повредениот со возило на Итната медицинска помош бил префрлен во Медицински центар – Кичево, каде била констатирана смрт.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и припадници на полициската станица од Кичево. Врз телото на починатиот ќе се врши обдукција.



Друго чудно интересно ми падна в очи во написов - дека товарен воз имало во Кичево, и баш за дрва?Можда еднаш или двапати годишно ако се воопшто со било каков товар...
Некој случајно со информација како стојат таа и пругата кон Битола со карго?
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 742
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #470 Posted: 23-Nov-2016 at 21:56


Битола мислам дека отсекогаш стоела многу послабо со товарни возови, за разлика од Кичево, која мислам дека е доста фрекфрентна во тој поглед.

Да не заборавиме, додека работи Југохром, има редовни товарни возови до фабриката превезувајќи камен, потоа додека работеше рудникот Тајмиште, исто така имаше посебна делница. Огревно дрво и пренесот на овците на пролет и на есен е исто така вообичаено за линијата кон Кичево.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12266
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #471 Posted: 29-Mar-2017 at 14:46
СЕ СУДРИЈА ВОЗ И АВТОМОБИЛ ВО СКОПЈЕ: Двајца повредени, едниот од нив задржан во болница

Во несреќата со повреди се здобиле возачот на автомобилот и сопатникот, кој по укажаната лекарска помош ГОБ „8 Септември“ поради сериозноста на повредата е препратен и задржан на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување.



Според информациите на МВР, вчера во 17:10 часот на железничката пруга Скопје – Кичево, на див премин во близина на ул. „Качанички пат“, се случила железничка незгода помеѓу патничкиот воз, управуван од машиновозачот Д.М. (54) од Скопје и автомобил „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Е. (32) од село Танушевци, Скопско.

Во несреќата со повреди се здобиле возачот на автомобилот и сопатникот С.А. (27) од село Мојанце, кој по укажаната лекарска помош во ГОБ „8 Септември“ поради сериозноста на повредата е препратен и задржан на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување - КАРИЛ при Клинички центар „Мајка Тереза“.

Железничкиот сообраќај бил во прекин до 21 часот. Причините за несреќата засега се непознати.

http://telegraf.mk/aktuelno/hronika/ns-newsarticle-se-sudrija-voz-i-avtomobil-vo-skopje-dvajca-povredeni-edniot-od-niv-zadrzan-vo-bolnica.nspx
За сè има вторпат
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2368
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #472 Posted: 16-Sep-2017 at 19:20
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #473 Posted: 17-Sep-2017 at 18:07
PLEME
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1108
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #474 Posted: 25-Dec-2017 at 15:12
Пак кај Жеровјане, т.е.премин со Неготино Полошко.Запнале и тој еден воз да го укинат.

Дизел моторна гарнитура, дали е Макоса или Кинез, не знам.Кинезите имаа премиера за Кочани, ама не било сигурно дали ќе стигнат поради состојбата на пругата ....
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12266
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #475 Posted: 13-Mar-2018 at 16:17
Одрон на карпа пред Велес, за среќа, нема жртви.

извор: твитер (@karadza999)

За сè има вторпат
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #476 Posted: 30-Jan-2019 at 11:25
Машиновозачот и помошникот во товарниот воз, кој попладнево удри во одронот кај станицата Рајко, се лекуваат во велешка болница

Дваесет и три годишниот Стефан М и неговиот врсник Роберто Б, првиот машиновозач и вториот совозач, во товарниот воз што попладнево во 17.10 часот удрил во одрони од карпа на пругата Велес - Скопје се задржани на болничко лекување во ЈЗО Општа болница во Велес. Тие се надвор од животна опасност но имаат повреди кои ги здобиле во несреќата.

- Двајцата повредени се донесени со Итна помош во Ургентниот центар на болницата. Пациентите се прегледани и им е укажана лекарска помош. Задржани се на хирушкото одделение на осервација . Еден од пациентите е снимен на Компјутерски томограф, глава и врат, додека другиот на ренгенолошки снимања поточно краниограм.Ги очекуваме резултатите од снимањата на двајцата пациенти додека тие се хоспитализирани и веќе примааат одредена терапија, рече портпаролот портпаролот на велешка блница Марина Андова.

Според неа во текот на ноќта, штом стигнат резултатите од медицинските испитувања дежурните лекари ќе продолжат со лекувањето и со ординирање на дополнителна терапија.

Машиновозачот Стефан М, додека се жалеше на болките во пределот на главата и вратот, сосема кратко рече дека од она што се сеќава е моментот кога одненадеж ја видел одронетата карпа на железниќката пруга и се обидел да го стартува кочењето но тоа било предоцна и локомотивата се забила во одронот по што излегла надвор од шините на железничката пруга. Додаде дека на тоа се сеќава бидејќи се случило пред да почувствува силна болка во пределот на главата од што се онесвестил. Тој се сомнева дека се откачил уредот за осветлување и паднал врз него.

Роберто Б беше сеуште видно вознемирен и единствено што изјави е дека добил удар од кој не се сеќава на ништо што се случувало.

Локомотивата на товарниот воз излегла од шините и при тоа биле оштетени два столба и електрична сигнализација . Железничкиот сообраќај е во прекин, бидејќи вработени од Македонски Железници ги отсрануваат одроните карпи од пругата, информира портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.

Увид на местото на несреќата направи екипа на СВР Велес и на ЈП „Македонски Железници“.

Од Македонски Железници веќе информираа дека сите патници кои од Скопје вечерва планирале да патуваат до Велес, Кочани, Битола и Гевгелија ќе бидат превезувани со автобуси што ќе ги обезбеди јавното железничарско претпријатие./У.Ј

Izvor: http://duma.mk/region/veles/26765-2019-01-29-21-45-35

Во скопските медиуми пишаа дека немало повредени и ја минимизираа несреќата. Цела среќа е што не налетал патнички воз на овој одрон, бидејќи токму во тој период минуваат возови за Кочани, Гевгелија и Битола. Ова е трета поголема несреќа за една година што се случува на пругите низ земјава, па се поставува прашање дали Македонски железници-Инфраструктура си ја врши својата работа. Не е само прашањето дали пругата е исправна, туку и дали се прават испитувања на карпите. Се сеќавам порано дека по пругите и железничари се движеа за да ги проверат трасата пред да помине воз.

Од она што се чита во овој новинарски текст, очигледно е дека Македонски железници изгуби една локомотива која сигурно чини барем 2 милиони евра. А да не говориме за товарните вагони и за транспортот во нив.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1108
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #477 Posted: 18-Feb-2019 at 08:55
Сабајлево пак поставени камења на возот за Кичево.
Денеска усоеале и да го излетаат од шини, за среќа без жртви.
Меѓу Гостивар и Кичево инаку се случило, на најстрмната делница
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12266
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #478 Posted: 18-Feb-2019 at 10:11


коментар на твитер: @jocoska20m
„Штом почне да паѓа промет на комбенцата, оп - карпи на шините“









https://publicist.mk/izleta-vozot-kichevo-skopje/
За сè има вторпат
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 925
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #479 Posted: 18-Feb-2019 at 16:23



на истиот потег [1] "во околината на Падалиште" имало и 2012-та проблеми [2] а и 2008-ма велат таму е критична точка за каменувања и саботажи [3] но првпат (бар од достапните информации) воз да излета на оваа делница, среќа Машиновозачот навремено интервенирал за да не се случи поголема несреќа!

според НоМа пак станува збор за одрон односно карпа која сама паднала на шините [1] може медиумот не сака да се крева џева дека во прашање се деликвенти ако е саботажа, иако ете во инфото од втората фуснота велат и порано имало те карпи те балвани те машини за перење како саботажа по шини, но на фотките не се гледа некој одрон или поголема карпа во ровот од страна доколку возот удрил со десниот дел од браникот за да го исфрли во лево, но чим велат дека е карпа карпа ет, иако има и други начини како да се исфрли воз од шини, но намерно или не симптоматично е што во рок од 20 дена се случуваат две излизгувања а и двете од одрон на камења!

Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1108
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #480 Posted: 25-May-2019 at 15:16
Напредок во темава Воз и автошкола кај Битола


Edited by Тркало - 25-May-2019 at 15:16
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 22232425>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.