build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Црна хроника

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 232425
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1133
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #481 Posted: 03-Jun-2019 at 18:23
Локомотива се (под)запалила сабајлево на возот Гевгелија-Скопје...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12959
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #482 Posted: 02-Jul-2019 at 10:07
МВР потврди дека ноќеска нешто пред 2 часот по полноќ, товарен воз излетал од Шините во близина на преминот на с. Черкези. Товарниот воз собраќал од Табановце кој Трубарево, при што излетал од шините.

Од фотографиите и од видеото може да се забележат превртените вагони, истурениот товар како и напукнат ѕид од куќа. За среќа нема повредени лица.

Возот излетал од шините во населено место, меѓутоа било многу доцна, па тоа придонело да нема никој во тој момент на шините.




https://tv21.tv/mk/prevrteni-vagoni-tovar-nasekade-eve-kako-utrinava-izgleda-mestoto-na-izletuvaneto-na-vozot-foto-video/
За сè има вторпат
Back to Top
sase View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Apr-2015
Location: makedonija
Online Status: Offline
Posts: 350
  Quote sase Quote  Post ReplyReply #483 Posted: 03-Jul-2019 at 20:42
Страшно изгледа ова Shifty.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5529
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #484 Posted: 02-Apr-2020 at 11:06
ТОВАРЕН ВОЗ ИЗЛЕТА ОД ПРУГАТА КАЈ МИРАВЦИ ОТКАКО УДРИ ВО ОДРОН ОД КАМЕЊА

Откако во вторникот пругата кон Битола беше расчистена од одронот на камења, утрово се случи нов одрон на пруга, овојпат кон Гевгелија, близу станицата Миравци. Поради тоа, железничкиот сообраќај од Велес кон Гевгелија и обратно е во прекин. МВР го потврди инцидентот кога на одронот налетал и товарен воз.

„Утрово во 6:40 часот, товарен воз кој сообраќал од Гевгелија за Табановце удрил во одрон од камења меѓу железничките станици Миравци и Клисура. Притоа, дел од возот излетал од пругата, повредени нема“, изјави Хризантема Рендева, портпарол на СВР Струмица.

Од ЈП МЖ Инфраструктура го потврдија инцидентот и велат дека имаат „вонреден настан“, со тоа што најавуваат дека пругата ќе биде расчистена уште во текот на денот. Целиот превоз од Солунското пристаниште за Македонија, но и за средна Европа оди преку оваа пруга.

ЈП МЖ Инфраструктура вчера информираше дека е расчистен одронот од пругата кон Битола, меѓу Мартолци и Стари Град и во текот на денот таму веќе минале два товарни воза. Одронот се случи на 15 март во вечерните часови.

„Железничкиот сообраќај од и кон Битола е нормализиран. На местото каде што беше одронот ќе се вози со брзина од 20 км/ч“, информираа од ЈП МЖ Инфраструктура.

Од МЖ Транспорт АД соопштија дека патничкиот сообраќај на релација од и кон Битола ќе биде воспоставен во понеделник.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/tovaren-voz-izleta-od-prugata-kaj-miravtsi-otkako-udri-vo-odron-od-kamena/
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 882
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #485 Posted: 02-Apr-2020 at 15:15
Трагедија жива сме, а ова дека целиот превоз за средна Европа одел преку нашата пруга е трагикомедија. Уште некој одрон и застој ако се случи ни за нас повеќе нема да користиме воз, а не пак некој од средна Европа.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #486 Posted: 02-Apr-2020 at 18:53

Не ти е точна констатацијата, бидејќи кинеската компанија Коско и те како ги користи нашите пруги, која е сопственик и на пристаништето во Пиреја ако не се лажам.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 882
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #487 Posted: 02-Apr-2020 at 20:15
Можеби грешам, повеќе беше мислење отколку факт.

Кога сме кај факти, завод за статистика вика дека во прв квартал од 2010 сме имале превезена стока во меѓународен железнички сообраќај од 703.000 тони, додека во последниот квартал од 2019 сме имале 471.000 тони. Кон 2017 сме паднале и на 300.000 тони (можеби заради кризата), но сме се опоравиле малку изминативе 2-3 години. Со оглед на тоа што економиите на средна Европа растеа со околу 3% годишно изминативе 10 години, а нас транспортот ни паднал за 30-35%, би рекол дека или транспортот со воз не заобиколува изминативе 10 години или средна Европа преминува на користење друг вид на транспорт, па оттука моето мислење дека тоа целиот превоз за средна Европа да одел преку нашата пруга е троа overstatement.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 232425

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.