build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Изградба и ентериери
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Ладење на кров на куќа - Roof cooling

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ATC@LWSK View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 12-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ATC@LWSK Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Ладење на кров на куќа - Roof cooling
    Posted: 10-Aug-2010 at 22:22
Здраво,

како што некои од вас се сеќаваат (Pbanks Thumbs%20Up) првпат се вклучив на форумот лани ова време, кога бев во процес на изградба на куќа во Жданец. Па, куќата бидна лани во Ноември, 6 и пол месеци по удирањето темели, и овде сме веќе 9 месеци, меѓутоа, немав време да направам апдејт, иако требаше Smile. Во меѓувреме, ја проширивме фамилијата, и сега сме комплетни. Како и да е, задоволни сме од се како излезе, зимата ја поминавме супер, за греење се одлучив за чилер со топлинска пумпа, од Aermec, и фенкојлери во сите соби, како и подно во кујна, трпезарија, ходници и купатила, и супер функционираше. Како за споредба, цела зима греев површина од 130м2 на два ката, 24н, и највисоката месечна сметка ми беше во јануари, 10500 денари. Во Март имав проблем со чилерот, кој го сервисираа од Еуротерм во рамки на гаранцијата, и се греев со електричен котел. За споредба, во март, кој беше доста потопол од Јануари, сметката за струја ми беше 16500 денари. Истиот систем го користам и за ладење, кое летово и не го користев премногу, а потрошувачката е незначителна (повеќе струја се троши на машини за перење и сушење).
Е сега, она што можам да го приметам е дека навечер и во текот на ноќта, најтопло ми е во поткровјето, и понекогаш,  морам да го вклучам и ладењето. Ова и немаше да биде толку чудно, затоа што во претходниот стан што го имав, кој беше на поткровје, деноноќно работеше климата за да можеме да функционираме во лето, и поучен од тоа, гледав да ставам добра изолација. И ставив, 15цм тврдо пресуван тервол (го земав преку еден другар од Грција, имаше спецификација од некои 60кг на м3 (другаров го користи за производство на комби плочи од лим и тервол), и стварно мислев дека ќе биде доста ефикасен, и веројатно и е ефикасен, меѓутоа, и тоа не е доволно. Инаку, кровот е од пластифициран лим, кој знае добро да се загрее.

И сега, размислувам да изнајдам начин да го ладам кровот, па да видам кој какви идеи и сугестии има. Гледам дека има некои решенија со прскалки но и со продупчена бакарна цевка па сега ме интересира дали да продолжам да размислувам во оваа насока, или едноставно, да го оставам ладењето во текот на ноќта. Ова не ми изгледа како голема инвестиција, но не знам каков би бил ефектот. Некој предлог?

Поздрав,

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 11-Aug-2010 at 06:01

h5 ATC еве нешто абер- Самата вентилација на кровот ќе биде Вентилиран покрив со сите запазени параметри, за ладен и топол кров+++

- http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=335&PID=25222#25222

- http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2143&Itemid=122

- http://www.karmen.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=90&Itemid=95

- http://www.bramac.rs/proizvodi/krovna-oprema/ventilacija-krova/ventilacioni-crep.html

- http://dragovic.co.rs/?to=about&catalog_id=206

или лади си го со клима или вентилатор!

Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 11-Aug-2010 at 12:24
Незнам зошто бакарни, кога можеш полиетиленско со готови прскалки далекууу поефтини, мислам Конти Хидропласт ги има.



А ако веќе математиката со потрошувацка на струја се рачуна, тогаш идеално решение е поставување на фото панели кој ќе бидат и прекрасна изолација-вентилација на ужарениот покрив, и муфте стуја, само почетни финансии ууу...
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 18-Aug-2010 at 16:53
Дали некој има сознание термички како би влијаела бојата на материјалот од кои би се изградил покривот? Во смисол, што посветла боја на пластифицираниот лим, толку поголема рефлексија на зрачењето и намалување на затоплувањето во поткровјето... Изгледа шашаво, но, тоа сепак би бил најефтиниот и „секомудостапен” метод за (барем почетно) справување со прегрејувањето на покривот.
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12071
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 18-Aug-2010 at 17:24
Апсолутно, колку си поблиску до бела, толку помалку апсорбира. Колкав е точно ефектот не знам, но сигурно не е за потценување при избор на бои. Инаку не само нијансата на бојата, туку и нејзиниот хемиски состав игра важна улога, а има и специјални бои/средства токму за таква намена. На гугл има цел куп страници на оваа тема, еве неколку:

http://www.heatreflectivepaint.com.au/
http://www.homeenergy.org/archive/hem.dis.anl.gov/eehem/94/940509.html
http://www.house-energy.com/Roof/Roof-basics.htm
http://www.solutionindustries.com.au/Paints/Roof-Coatings/THERMOBOND-Heat-Reflective-Paint-621.htm
http://www.indiamart.com/citadel/specialized-architectural-products.html

уште еден Interesting read:
http://en.wikipedia.org/wiki/Cool_roof
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.