build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Дезинфекција, Дезинсекција, Дератизација

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ATC@LWSK View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 12-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ATC@LWSK Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Дезинфекција, Дезинсекција, Дератизација
    Posted: 17-Aug-2010 at 08:24
Дали некој може да препорача квалитетна служба за ДДД?
Сакам да направам ДДД во куќата, превентивно, па што мислите, дали е тоа пожелно и потребно. Скоро година дена сум вселен, и досега не сум имал проблеми со напаст од тој вид.

Поздрав
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 24-Apr-2016 at 18:42



Најверојатно најозлогласените и најопасните штетници кои претставуваат најголема закана за прехрамбената индустрија се стаорците и глувците. Тие мораат да бидат строго контролирани во организациите кои произведуваат, складираат и дистрибуираат храна затоа што тие ги оштетуваат садовите каде храната е складирана, ја јадат храната и ја контаминираат со урина и измет. Најчести се домашниот глушец и таванскиот стаорец кои се размножуваат многу брзо, дури и по 25 – 30 пати во годината.

Знаците за присуство на глувци и стаорци се лесно забележливи, појава на измет, звуци на гризење, масни дамки од крзното на глодарите, стапки, знаци на гризење и оштетување на електричната инсталација и траги од урина кои се видливи под ултравиолетова светлина. За ефикасно справување со глодарите, најважно е да се најдат нивните легла (во машина која не се употребува, меѓу палети, во близина на местото каде се складира отпадот). Доколку сте сигурни за присуството на глувци и стаорци, првиот чекор е да го отстраните целиот отпад од околината и да ги елиминирате изворите од каде би можеле глодарите да доаѓаат до храна и вода. Потоа со обиколка околу порсториите на организацијата, најдете ги и затворете ги сите места од каде што би можеле глодарите да влезат во просториите на организацијата.

Контролата на глодарите треба да вклучува поставување на надворешни и внатрешни стапици. Сите стапици треба редовно да се проверуваат и одржуваат. Постојано треба да се знае колку се на број и да бидат јасно обележани. Бројот на стапици треба да се зголеми за време на зимскиот периот затоа што тогаш е почеста појавата на овие штетници. Поставувањето на отров за глодарите е друга алтернатива за елиминирање на нивната појава, но тоа е работа која треба да се остави за професионални овластени институции. [1]

последниве два месеца уловив три глувчиња, но за среќа успеав да набавам жива стапица онаа на фотката, и тоа на зелен пазар за 250 денари, вака не само што се избегнува можноста да се отепаат глодарите што во мојот случај бидејки поретко го посетувам наоастениот простор па каква и да е друга смртоносна стапица би предизвикала реа и потенцијална зараза од бактерии, туку и човек со мал потег успева да си ја одржи хуманоста во кондиција, доколку нетепањето животни се подразбира како таков чин, веројатно имам среќа што не е некоја наезда туку случајни гости па лесно излегувам на крај, инаку сигурно ќе викнев служба за дератизација, а тие јасно дека подалеку од отрво не се замараат, иако истата опција им е достапна и на широките маси познатиот мишомор, а има и соодветн отрвони стапици за таква цел http://primatex.com.mk/?cat=24

како мамец користев маслинка, а глувчињата ги пуштав отаде река за да го изгубат трагот, бидејки како животинчиња се територијални, па и да ги пуштите подалеку повторно можат да си го најдат патот назад, исто со ваквата стапица 10х20х12см потенцијално можат да се уловат и стаорци но и други глодари како куни или верверици, па и поситни влечуги, а притоа и да не се отепат ...


HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 598
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 25-Apr-2016 at 08:17
si trebalo da gi ubiesh, postoi sansa da se vratat. Dali se raboti za gluvcinja kako so gi narekuvash ili za staorci, ako se raboti za poedinecni gluvci OK, no staorcite treba sistematski da se unistuvaat [1]. A za zal otrovite se nuzno zlo.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2347
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 25-Apr-2016 at 11:57
Meне пред неколку години многу ефикасна работа ми заврши лепаков:

http://www.hromospesticidi.com.mk/ostanato/alt.html
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1392
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 10-Aug-2018 at 21:00
Не можев да ја најдам темата „Без коментар“, па еве тука

Градот ги кани граѓаните утре да присустуваат на полетувањето на авионот кој ќе прска против комарци

Град Скопје ја повикува јавноста во 05.00 часот на спортскиот аеродром Стенковец, да присуствува на полетувањето на авионот кој треба да го изврши планираното прскање против комарци. Ова меѓудругото стои во денешното соопштение кое градот го испрати во обвининувањата дека видеото од денешното прскање е лажно и со него се манипулира јавноста.

„Ја увидовме грешката што ја ни ја посочија дел од вашите колеги новинари, односно сме објавиле видео за почетокот на третото прскање против комарци со авион, а кое што е од почетокот на минатиот месец, односно од второто прскање. Очекуваме ново видео за прскањето против комарци кое ќе се направи утре, и истото ќе Ви го доставиме“, велат од Градот.

http://www.libertas.mk/gradot-gi-kani-graganite-utre-da-prisustuvaat-na-poletuvaneto-na-avionot-koj-ke-prska-protiv-komartsi/
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11764
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 11-Aug-2018 at 12:33
Ха-ха-ха, а пиво ќе има таму или од дома да си донесеме.
За сè има вторпат
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 680
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 11-Aug-2018 at 13:25

Добро денес пуштиле три авиони минимум (толку видов над Ѓорче во еден момент) и тоа брчеа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1392
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 17-Aug-2018 at 16:04
WTF

Интервју со Петре Шилегов, градоначалник на Скопје

Зошто толку многу се доцнеше со прскањето против комарци во Скопје? Дали е поради авионите, нивната бучава и дали ќе се спасиме од комарците?

Инсистирав авионите кои ќе летаат над Скопје и средството да бидат што е можно најбезбедни за граѓаните, затоа и ги сменивме. До лани градот прскал со руски авион произведен во 1926 година, едномоторен. Да пуштиш 90 години стар авион да лета над Скопје, а со еден мотор, за мене е малку неодговорно. Особено ги имам предвид упатствата кои се дадени од ЕК или европскиот стандард, каде прелет над населено место на едномоторни воздухоплови не е дозволено. Тоа е во функција на зголемување на безбедноста. Тоа е единствената новина, што ги сменивме авионите. Овие се и побезбедни, потивки, помодерни од тие претходно што беа користени.

(...)

https://kajgana.com/intervju-so-petre-shilegov-gradonachalnik-na-skopje
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.