build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Железничка алијанса на Југосферата

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4077
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 11-Sep-2010 at 12:37
so iznajmuvanje na infrastrukturata vo mk, cij budzet kje se polni?budzetot od MZ zeleznici ili ona od vladata?
Back to Top
Swimmer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 09-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote Swimmer Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 11-Sep-2010 at 12:39

Помина ли возот за Македонија?

 

„Македонски железници“ допрва ќе одлучува каков договор ќе потпишe со новата компанија „Карго 10“

Соња Маџовска


Помина ли возот со кој Македонија можеше поактивно да се вклучи во заедничката железничка компанија со Словенија, Хрватска и со Србија?

Откако овие три железници завчера потпишаа протокол со што практично формираа компанија „Карго 10“, сега воопшто не е јасно дали и како „Македонски железници“ е заинтересирана да се вклучи во овој проект. Директорот Оливер Дерковски, иако неодамна тврдеше дека земјава е решена да се приклучи на железничката иницијатива што ја предводат овие три поранешни југословенски републики, вчера за „Утрински весник“ изјави дека треба внимателно да се игра. „Допрва ќе одлучуваме каков договор ќе потпишеме со новата компанија што ја формираа Словенија, Хрватска и Србија. Тоа ќе се знае откако работната група, што е формирана во ’Македонски железници‘, ќе ги дефинира сите услови, цени, формалности за овој проект. Таа анализа треба да биде готова до крајот на октомври. Но, ние би влегле во оваа иницијатива без учество со основачки влог во заедничката компанија, туку само во бизнисот. Секој ќе си го гледа сопствениот интерес. Треба внимателно да се гази. Ние ќе ја нудиме нашата траса по Коридорот 10, кој води потоа до Солун, па Атина. Оваа иницијатива нуди побрз транспорт, олеснување на формалните процедури, царинските пречки. Ќе се однесува само на товарниот сообраќај. Ако има заинтересираност за нашата траса, ќе се вклучиме“, вели Дерковски.

Според него, Македонија за овој проект добила покана во јули, а во Љубљана на 31 август, разговарал со првите луѓе од „Словенечки железници“ за тоа како ќе оди нашето вклучување. За овој проект се заинтересирани и Црна Гора и Босна и Херцеговина, но и тие, како и Македонија, бидејќи по се' изгледа задоцнија, најверојатно ќе се вклучат само доколку има интерес за тоа.

И премиерот Никола Груевски вчера изјави дека Владата го поддржува овој проект, но, сепак, остава конечна одлука да донесе МЖ.

Излегува дека откако сите помисливме оти Македонија, дефинитивно, има желба да стане дел од железничката алијанса што ја формираат Словенија, Хрватска и Србија, а чија цел е поефикасен, порентабилен и побрз превоз на стоки во регионот, сега повторно се тактизира, како што тоа се правеше и пред добивањето на официјалната покана.

Македонските бизнисмени, пак, веќе се изјаснија дека би имале голема корист од железничкото спојување, кое би значело олеснето движење на стоките, што игра важна улога во бизнисот. Дали и овој пат земјава изгуби уште една шанса да се вклучи активно во проект што ќе му донесе бенефит и на бизнисот, но и на железницата, која се дави во долгови, а вработените постојано се закануваат со штрајк, поради доцнење на платите?

Инаку, заедничката железница се обелодени како проект уште во мај, но конкретниот договор беше потпишан завчера во Белград, кога беше официјализирана новооснованата фирма „Карго 10“, а се очекува на 1 октомври од Љубљана да тргне и првиот воз. Цел на оваа компанија е намалување на времето на транспорт по Коридорот 10, која со подобра организација треба да и' конкурира на алијансата Коридор 4, во која се здружени железниците на Унгарија, Романија и на Бугарија.

 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 14-Sep-2010 at 09:09
Незнам зошто се ставаме во ваква сервилна ситуација. Од една страна секогаш ни е полна устата за тоа како МК има стратешка позиција на балканот и се мора да помине преку нас. Од друга страна, дозволуваме некој друг да ги диктира правилата на коридор 10 (каде  физички неможе да сме заобиколени) а ние да земаме само некакви трошки од тоа во функција на набљудувачи. 
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 14-Sep-2010 at 09:53
Македонија сè уште во игра за влез во балканската железница
 
14.09.2010 | 09:39
Извор: Макфакс
Прочитано: 26 пати
Испрати на пријател
Сподели на Facebook
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот
 
Вратата за вклучување на Македонија во проектот „Железничка алијанса“ останува отворена, а доказ за тоа е денешниот состанок во Загреб, на кој македонска делегација ќе учествува како посматрач.
 
Заедничкото претпријатие на железниците на Словенија, Хрватска и Србија, наречено „Карго 10“, би можело да се прошири и со железниците на Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Во Загреб денеска на дневен ред ќе биде интензивирањето на активностите околу соработката меѓу екс ју железниците, додека втора точка ќе биде подготовката за регистрација на претпријатието „Карго 10“.

Се очекува првиот воз на заедничкото претпријатие да тргне на 1. октомври од Љубљана, каде што ќе биде седиштето на компанијата. Во почетокот ќе се превезува само стока, а подоцна не се исклучува можноста за превоз на патници меѓу земјите на поранешна Југославија.

http://tocka.com.mk/index12.php?ID=19533
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 14-Sep-2010 at 18:00
Коридор 10 е врска на северот со истокот или Европа со Турција т.е во овој случај Словенија Хрватска Србија преку Димитровград кон Истанбул. Делот кој иде преку Македонија кон Солун и Атина е далеку со помало бруто превезена стока, така да и не е „атрактивен“.

Е сега, нашиот интерес во алиансата „Карго 10“, треба да влеземе со одреден капитал за финансирање на тоа АД и потоа да го делиме профитот, кој од горе наведеното е минимален. Друго факт е дека      премала територија сме, така да со споразумот би било поисплатливо да една пр. словенска или хрватска локомотива протрча и нис наша територија за да се ушеди, а за тоа делот од профитот повторно кај друг.

И на крај за овој краток осврт, сеедно што сме вон таа алианса ако тргне некој карго накај Солун сепак ќе мора да платат за тој премин како што и денеска функционира. И останува на крај убрзувањето на овој коридор која е и основната идеја на овој проект. Него само медјудржавните споразуми и процедури можат да го убрзат а не железницата, кое исто важи како за товарниот така и за патничкиот со заедничка длабинска царина, синхронизација на транспортот и т.н.

Така да помпезната вест дека сме вон алиансата буквално не е ништо важно, а со влез на сите земји во ЕУ станува ирелевантно со влезот на далеку поголеми карго претпријатија.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 14-Sep-2010 at 21:26

МЖ - Транспорт се приклучи кон Алијансата - Карго 10

Македонски железници - Транспорт се приклучија на Алијансата на железници на Коридорот 10 - Карго 10 во која учествуваат и железничките претпријатија од Србија, Хрватска, Словенија и Република Српска.

Одлуката за пристапување на МЖ - Транспорт кон Алијансата, како што информираат од Хрватски железници, е донесена на денешниот состанок во Загреб на директорите на Хрватски железници, Словенечки железници, Железницата на Србија и Железницата на Република Српска.

На состанокот, како што се посочува, за прв пат присуствувал и генералниот директор на Македонски железници - Транспорт Оливер Дерковски.

- На состанокот е донесена одлука да се прифати пристапот на Македонскаи железници - Транспорт во Алијансата во согласност со Спогодбата од Опатија, а договорот за приклучување најверојатно ќе се потпише пред поаѓањето на првиот воз во организација на Алијансата што се планира за почетокот на идниот месец, велат од Хрватски железници и потсетуваат дека МЖ - Транспорт за првпат изразиле желба за вклучување во Алијансата.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 15-Sep-2010 at 10:37
Мислам дека избрзавме со приклучувањето кон железничката алијанса.

Добар беше предлогот на г-динот Дерковски да бидеме набљудувачи на почетокот и да ги рентаме нашите пруги на оваа алијанса, со што ќе остваревме профит а немаше да вложиме ништо.


Заедничкото претпријатие подразбира и вложување на секоја железница во локомотиви и теретни вагони во заедничкото претпријатие кои ќе возат долж целиот Коридор 10.


Главното прашање е што тоа ние можеме да дадеме од локомотиви и товарни вагони кога имаме недостиг на машини во железничкиот сообраќај во моментов и дали ќе се јави проблем со нормалното одвивање на железничкиот сообраќајDunno?!
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 15-Sep-2010 at 17:11
Како и да веќе се приклучивме, се надевам со одогловечувањето добивме некоја бенефиција.

Дерковски потврди дека разговарал „МЖ“ да стане дел од Карго 10

14 септември 2010, 19:53
Извор: Макфакс/ Форум /Хина


Директорот на „Македонски железници“ (МЖ) Оливер Дерковски ја потврди информацијата за Макфакс и Форум која што ја објави хрватска Хина, дека разговарал со претставници од Карго 10, МЖ да стане дел од Алијансата.

Претставниците на железниците на Словенија, Хрватска и Србија на 9-ти септември во Белград го потпишаа протоколот за усогласување на основачкиот акт на Алијансата на железници во 10-от коридор – Карго 10 и протоколот за основање заедничка компанија на железничките компании од трите држави, односно нова компанија за товарен железнички сообраќај „Карго 10“.

Како што пренесе Хина, Хрватски железници во вторник попладне издале соопштениe во кое се наведува дека според потпишаното и договореното во Белград, во Загреб бил одржан состанок на претставниците на идната Алијанса Карго 10, ХЖ Карго, Словенечки железници, Железница на Србија, Железница на Република Српска, а првпат уечствувал и претставник на Македонски железници – Транспорт, директорот Оливер Дерковски, кој изразил желба и македонската компанија да се вклучи во Алијанса Карго 10.

На состанокот била донесена одлука дека се прифаќа пристапувањето на Македонски железници на Алијансата, што е во согласност со Договорот од Опатија кој беше потпишан оваа пролет, а договорот за приклучувањето ќе се потпише најверојатно пред поаѓањето на првиот воз на Алијансата што според планираното треба да се случи на почетокот од октомври.

Во соопштението на Хрватски железници се додава дека на состанокот во Загреб било нагласено дека групата е отворена за нови членки,кои ќе можат да се приклучат по склучување на договор за пристапување.

Основата цел на Алијансата и на новата железничка компанија ќе биде оптимизацијата на деловниот процес во организација на товарниот железнички сообраќај. Учесниците на денешниот состанок разговарале за моменталните и идните активности.

Генералниот директор на МЖ, Дерковски имал и одвоена средба со управата на Холдингот ХЖ, Зоран Поповац, на кој било разговарано за натамошната соработка меѓу двете компании и за вклучувањето на МЖ во Карго 10.

Инаку директорот на Словенечки железници Роберт Вуга, на состанокот реферирал за разговорите што ги имал со претставниците на црногорската железница и некои други железнички компании од регионот.

http://www.makfax.com.mk/_home/home#116075
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Swimmer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 09-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote Swimmer Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 15-Sep-2010 at 17:30

Од каде сте толку сигурни дека се избрзало, можеби нешто се променило, созреала состојбата и се пристапило кон интеграција. Не верувам дека би прифатиле да бидеме во загуба. Па од тука, пред да разбереме нешто околу тоа што вложуваме, а што добиваме, колкави инвестиции треба да направиме, а колку ќе профитираме, да не критикуваме.

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 15-Sep-2010 at 20:57

Македонски железници се приклучува на „Карго 10“

среда, 15 септември 2010, 17:40

Македонија влегува во проектот железничка Алијанса но нема да има статус на оснивач-сопственик на фирмата Карго 10 која од први октомври ќе управува со проектот. Претпријатието кое го формираа Србија, Хрватска и Словенија, ќе биде во сопственост на овие три држави, а Македонија ќе биде придружен член, за што во рок од еден месец треба и формално да го потпише договорот за приклучување. Директорот на МЖ транспорт Оливер Дерковски за Алфа изјави дека Македонија влегува во проектот под исти услови како и БиХ и подоцна Црна Гора. Во бордот на директори на фирмата ќе имало и претставник од МЖ.

Проектот за железничка Алијанса на бившите ЈУ републики беше договорен уште во мај во Опатија. Идејата е преку соработка на железниците транспорт долж коридорот 10 да се направи поефикасен и поекономичен. Ќе се олеснат царинските процедури, нема да има промени на локомотивите при влез од една во друга земја, со што драстично ќе се намали времетраењето на патувањето. Првиот воз стартува веќе на почетокот на октомври од Параќин во Србија до словенечко-италијанската граница.
Според проценките, Хрватска, Србија и Словенија годишно од овој проект ќе профитираат по околу 50 милиони евра. Со оглед дека Македонија не се вклучи во сопственоста на Карго 10, профитот на земјава од овој бизнис ќе биде многу помал
http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mid=37&eventid=27685
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 15-Sep-2010 at 21:19
Originally posted by Vladimir P

Коридор 10 е врска на северот со истокот или Европа со Турција т.е во овој случај Словенија Хрватска Србија преку Димитровград кон Истанбул. Делот кој иде преку Македонија кон Солун и Атина е далеку со помало бруто превезена стока, така да и не е „атрактивен“.

Е сега, нашиот интерес во алиансата „Карго 10“, треба да влеземе со одреден капитал за финансирање на тоа АД и потоа да го делиме профитот, кој од горе наведеното е минимален. Друго факт е дека      премала територија сме, така да со споразумот би било поисплатливо да една пр. словенска или хрватска локомотива протрча и нис наша територија за да се ушеди, а за тоа делот од профитот повторно кај друг.

И на крај за овој краток осврт, сеедно што сме вон таа алианса ако тргне некој карго накај Солун сепак ќе мора да платат за тој премин како што и денеска функционира. И останува на крај убрзувањето на овој коридор која е и основната идеја на овој проект. Него само медјудржавните споразуми и процедури можат да го убрзат а не железницата, кое исто важи како за товарниот така и за патничкиот со заедничка длабинска царина, синхронизација на транспортот и т.н.

Така да помпезната вест дека сме вон алиансата буквално не е ништо важно, а со влез на сите земји во ЕУ станува ирелевантно со влезот на далеку поголеми карго претпријатија.


Владимир, свесен сум дека оваа алијанса е креирана со примарна цел да се парира на Бугарија-Романија-Унгарија во борба за каргото кон Турција. Сепак неможе да ги занемариме можностите на делот кон Грција и фактот дека трасата на К10 проаѓа низ нас (нешто што треба да е повеќе од доволно за да не сме во ист кош со ЦГ и БиХ).

Само на таа карта требаше од старт да сме повеќе проактивни да влеземе како основачи во овој проект. Дури и делот кон Димитровград да е приоритет, зошто да ги немаме умешано прстите во сето тоа.

Вака повторно се влегува на принципот „битно е да се учествува“, не научивме да сме поагресивни во бркањето на нашите интереси и ширење на влијанието.

Алудирањето на СХС кое го прават многу медиуми можеби изгледа невкусно, но менталитетно, очилгедно не се променило премногу од тогаш.

За крај, свесен сум дека овој пост нема врска со реалноста, во ситуација кога железницата е во мизерна состојба дома нема причина да очекувам дека ќе направи регионален пробив. Да се надеваме дека макар и ова „неосновачко“ учество во таа алијанса ќе ни донесе корист.

Слично треба да се свестиме во врска со Коридор 8 (изградба и здружување со БГ и АЛ) да не не изеде Виа Игнација.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 15-Sep-2010 at 22:14
Еве да нафрлам некој мисли.

Ма потполно се слагам со тебе, но има една мало но, за да влеземе во алиансата или поточно кажано Акционерското друштво треба да влеземе и со пари и со опрема.
За жал ни едното ни другото моментално го немаме за дома а камоли за надвор.

- Значи ќе треба владата да одвои пари за нови современи товарни вагони кој (дај боже) ќе треба да трчаат по целиот коридор, и да бидат вон Македонија.

Е сега кој ни е приоритетот во МК, највероватно процениле дека од ова ќе имаме корист.!?
Од друга страна ЕУ стално кука регионална поврзаност, па најверовато ова е тоа, па се надевам и ова ќе го ценат, мада идејата е да им земеме од колачот!?
Можда и чекањето било и тактично, да се издејствува нешто, незнам!?
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Swimmer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 09-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote Swimmer Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 16-Sep-2010 at 01:39
 

МЖ станува дел од Алијансата Карго 10

15 септември 2010, 15:56
Извор: Макфакс / Хина
Скопје

Вчера конечно се завршени преговорите и, колку што дознав, во рок од еден месец треба да се потпише договор за македонски железници да стане дел од Алијансата Карго 10, изјави премиерот Никола Груевски.

„Би сакал да истакнам дека ова добро се заврши, како што посакувавме. По извесен период на преговори, македонската железница беше поканета да влезе во оваа група така што тоа ќе биде една придобивка за нашите железници и влегуваме во една група што има сериозни заеднички проекти за движење напред на железниците од овој регион“, рече Груевски.

Како што вчера пренесе Хина, Хрватски железници во вторник попладне издале соопштениe во кое се наведува дека според потпишаното и договореното во Белград, во Загреб бил одржан состанок на претставниците на идната Алијанса Карго 10.

На состанокот присуствувале ХЖ Карго, Словенечки железници, Железница на Србија, Железница на Република Српска, а првпат учествуваше и претставник на Македонски железници – Транспорт, директорот Оливер Дерковски, кој изрази желба и македонската компанија да се вклучи во Алијанса Карго 10.

На состанокот била донесена одлука дека се прифаќа пристапувањето на Македонски железници на Алијансата, што е во согласност со Договорот од Опатија кој беше потпишан оваа пролет, а договорот за приклучувањето ќе се потпише најверојатно пред поаѓањето на првиот воз на Алијансата што според планираното треба да се случи на почетокот од октомври.

Во соопштението на Хрватски железници се додава дека на состанокот во Загреб било нагласено дека групата е отворена за нови членки,кои ќе можат да се приклучат по склучување на договор за пристапување.

Основата цел на Алијансата и на новата железничка компанија ќе биде оптимизацијата на деловниот процес во организација на товарниот железнички сообраќај.



Edited by Swimmer - 16-Sep-2010 at 01:42
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 16-Sep-2010 at 10:29
Дечки во моментов имаме 10-тина исправни електрични локомотиви, од кои 4-5 сигурно ни одат за патничките возови, а останатите на товарните возови, од каде ние ќе можеме да дадеме електролокомотиви за новото претпријатие за да се движат долж целиот коридор до СловенијаBig%20smile?

Треба да ни стигнат нови 36 товарни вагони до крајот на годинава поради недостиг на вагони, а треба да дадеме од нив за Алијансата.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 17-Sep-2010 at 21:11
Дневниот ред за седницата од 14-ти

Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 17-Sep-2010 at 21:58
Пак ништо не ми е јасно. Нели БИХ беа аутсајдери како и ние? Од каде сега од една страна искочија СЛО, ХР, СРБ и БИХ а од друга МК и ЦГ?

Edited by pbanks - 17-Sep-2010 at 22:17
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 17-Sep-2010 at 22:12
За жал немаме доволно информации од кај нас, па вака наѓагаме, сето останато е новинарски пишувања.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 18-Sep-2010 at 18:22
Еве нешто повеќе

Од октомври Македонски железници во „Карго 10“
18/09/2010
   
За 7 часа побрзо ќе стигнуваат товарните возови од Солун до Љубљана кога „Македонски железници“ и официјално ќе станат дел од „Карго 10“, регионалното железничко претпријатие кое го формираа Србија, Словенија и Хрватска. Според директорот на МЖ, Оливер Дерковски, тоа треба да се случи на почетокот од идниот месец пред поаѓањето на првиот воз. Скусувањето на часовите ќе се добие со намалување на граничните и царинските процедури, но и директно на пругите.

„Некогаш реципрочно ќе си ги менуваме локомотивите, ќе пуштиме да вози еден воз, една композиција да оди по поголемата или целата должина на трасата со една локомотива за да не се губи време. Договарана е и размена на вагони за да не се губи време и да не се прават непропорционални трошоци како што сега често се случува“, рече Оливер Дерковски, директор на „Македонски железници-транспорт“.

Вака, според Дерковски, стоките ќе патуваат побрзо, фирмите повеќе ќе ги користат возовите и профитот на „Железница“ ќе расте. Колку пак, ќе треба да се вложи во „Карго 10“?

„Практично нема никакви вложувања во тоа претпријатие од наша страна, а може да има добар бенефит доколку се продаваат услугите на Коридорот 10 затоа што на оваа траса поминува пругата од Словенија, Хрватска, Србија, нашиот дел од трасата и надолу Грција со која дополнително ќе се разговара дали сака да биде дел од проектот“, објаснува Дерковски.

Токму ова сакаа да слушнат и бизнисмените.

„Основно е дека целокупната увозно-извозна политика на Македонија е насочена кон север“, вели Митко Митевски, Стопанска комора на Македонија.

Митевски го поздравува поврзувањето и вели дека со него се намалуваат бариерите со земјите кои ни се најголеми трговски партнери, а железницата ќе заработи и за подобрување на инфраструктурата. Тој сепак смета дека и во „Карго 10“, „Македонски железници“ ќе мора да лобираат за своите интереси.

„За сите оние превози кои одат за Блискиот исток, нашата заложба е тоа да оди по Коридорот 10 за транзит преку Македонија. Ако се оствари таа заложба ефектите за „Македонската железница“ ќе бидат многу поголеми“, додава Митевски.

Желба за приклучување во железничката алијанса досега искажаа и Босна и Херцеговина и Црна Гора, а ќе бидат поканети и Бугарија и Турција. Основната цел на Карго10 е да се скуси патувањето на возовите од Истанбул до Љубљана од 57 на 35 часа. http://alsat.mk/ekonomija/1273102.html
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 18-Sep-2010 at 18:38
А како е оваа материја регулирана низ Европа? Стварно е крајно нелогично ова се менување локомотиви, па и вагони. Најдобра е комплетна либерализација на железничкиот простор како што тоа е за обични патнички возила.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 18-Sep-2010 at 18:59
Сегдека во Европа-свет се работи на истиот начин - секоја држава своја локомотива.

Но, со споразум како овој нашиов Франција и Германија се договорија IC возовите ICE i TGV реципрочно да влегуваат до нивната крајна дестинација во соседната држава.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.193 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.