Демографија |
Post Reply | Page <1 222324 |
Author | |
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #461 Posted: 27-Aug-2010 at 01:56 |
Ееее ееее Драган не ми требаше ваков одговор. Отиде предалеку наназад. Зборував за села што на гоогле се познавата остатоци од куќи без кровови. Три века наназад само цркви има остатоци зашто тоа е чувано, за село ич да не правиме муабет, сигурно дека ни куп камења нема останато. Зборувам за села што се иселени максимум во последните сто години. Така некако нелогичен ми беше овој предел. Нјаверојатно ми е дека е поради Криволак, ама Брегалница па од друга страна е неискористен потенцијал, ако ништо друга барем за земјоделие покрај таква рамнинска река.
Edited by lslcrew - 27-Aug-2010 at 02:12 |
|
Dragan
Senior Member Joined: 19-Feb-2009 Location: Tetovo Online Status: Offline Posts: 1172 |
Quote Reply #462 Posted: 26-Aug-2010 at 19:53 |
Незнам ама хмм сум слушнал дека во 50 год на прошлиот век ( 20) од Македонија се отселиле голем број на турци, исто така сум слушнал дека во тој дел кога траеле турските походи тие донеле со себе население од Азија-разни турци коим служеле за чување стока за храна, припремни работи за нивната војска и сл. такви се нели Черкези Јурулци Ашкалии и др. Каде е православното население ? може би одговорот треба да се даде на 2 поход на Сулеман величаствени, кога Австриците биле до овие простори а токму овој султан ги протерал. Се кажува дека турците се до овој период (1640-1650) не вршеле муслиманизација на христијанското население, меѓутоа Австрија на овие простори се задржала 40-50 год. ( Пиколомини) и за тоа време некој историчари тврдат дека е протерано муслиманското население ( турско ) така да овој поход на Турција по содземанјето од војните во Азија му доаѓа како освета. Па така имаме позната изрека дека од Едрење па се до Босна нишето живо христианско не останало све било натакнато на колец, имам некаде прочитано дека живите им завиодувале на мртвите така да можно е да на овие простори е направен геноцид на христианското население а доселено турско. Кога останатиот дел од христианското население ( Охрид, Битола, Кичево,Гостивар,Тетово и др) дознава за овој покол поголемиот дел со Печкиот патриарх Арсение заминува за воена Крајна. Така да оваа случка како селидба на народи и не ги опваќа само Србите како што некои сакаат да кажат туку и огромен дел биле наши луѓе. Има една добра книга мислам дека е од Матеа Матевски и се вика ''Македонскиот полк во Украјна '' тука е опишано одењето на некои наши луѓе во денешна Украјна на повик на тогашната Руска царица.
Edited by Dragan - 27-Aug-2010 at 02:05 |
|
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #463 Posted: 26-Aug-2010 at 17:07 |
Најдов на мапа десетина села со турски имиња. Претпоставувам дека се турски села иселени уште при балканските војни, зашто до тука фаќал некој српско-бугарски фронт ли, врска немам имало некој фронт до тука. Ама сепак е компактна област што дури и предходно била ретко населена. Може би и затоа црквата нема евиденција, ако не се работи за православно население.
|
|
Dragan
Senior Member Joined: 19-Feb-2009 Location: Tetovo Online Status: Offline Posts: 1172 |
Quote Reply #464 Posted: 26-Aug-2010 at 13:55 |
Еве едно друго мислење за мали села и ретко населени области, каде населението е христијанско, во последните 20 год. а и пред 2 светска војна и по 70 год најдобра евиденција за демографија мора да даде црквата. Таа крштевала таа погребувала. пр Едно мало село со 30 куќи,црквата односно попот по должност мора да води епархиска книга на умрени и родени, е сега 30 куќи пати 5 жители тоа е 150. Е сега бројот на родени на 150 се мери во промили значи на 1000 жители 1 роден е еден пормил, викаме дека секое 3 дете е сложена репродукција ако такво село има 1/3 деца ,1/3 жени мажи во репродукциска состојба, 1/3 се старци тогаш 1/3 од 150 е 50, значи од овие 50 еден промил е 0,15,односно веројатнос да во тоа село се родат 5 деца годишно што е многу (тука се врти оваа математика) додека починуваат 4 лица тоа значи дека имаме прираст на 150 жители само еден, и тоа ако има проширена репродукција. Ова понатака за период од 50-70 год повлекува добивање на една цела генерација. Но што ако се родиле 4 а починале 5 лица.
Да се вратим дали Брегалничката епархиа има податоци за ова и што таму поповите клателе ногете, ако немаат никави податоци, колку само за информација католичката црква на други места егзакно ги бележи овие работи. Ако не тогаш општините општинските центри треба со својата документација тоа да го докажат. Edited by Dragan - 26-Aug-2010 at 13:58 |
|
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #465 Posted: 26-Aug-2010 at 05:13 |
Една работа што оддамна ме интересира, а немаме ниедна нишка што има малку барем допирна тема со ова, па да отворам. Да ни користи за различни демографски прашања, колку има жители Скопје, миграција.
Од секогаш ме интересира зашто воопшто не е населен оној дел од Македонија по течението на Брегалница. Ама тоа е така пусто од Штип до Градско, а се работи за низина. Барем колку што се сеќавам дека сум учел, а и логично е дека луѓето се населувале по течението на реките. Тука ми изгледа дека има совршени услови, а е сепак пусто. Ај да има некое напуштено село, ама ни такво нема. На мапа демек има некое, ама никаде не гледам објекти. Се работи за течението на Брегалница и плус оној дел јужно од Брегалница се до полигонот Криволак. Дали е нешто на времето во Југославија намерно поради полигонот па доодселени се овие неколку неприметни села што постојат само во архива. Ако ништо друго штета е ваков предел да стои така пуст, може да се искористи за лов, риболов, за викендици и слично. |
|
Post Reply | Page <1 222324 |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |