build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Демографија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 456
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1360
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 25-May-2018 at 18:15
Според моите пресметки ускладени со податоците на ДЗС, стапката на фертилитет (бројот на родени деца по жена во плодно доба) во Македонија во 2016 изнесувала 1.51. За да има замена на генерациите, стапката на плодност треба да биде над 2.1. Интересни податоци:
Најголема - општина Чашка: 3.10;
Најмала - општина Маврово и Ростуша: 0.77;
Рурални општини: 1.53;
Урбани општини: 1.50;
Вардарски регион: 1.56:
Источен: 1.26;
Југозападен: 1.24;
Југоисточен: 1.50;
Пелагониски: 1.41;
Полошки: 1.26;
Североисточен: 1.43;
Скопски: 1.87;
Град Скопје со Сопиште: 1.81;
Општина Куманово: 1.45;
Битола: 1.41;
Тетово: 1.60;
Гостивар: 1.02;
Прилеп: 1.40.
Бидејќи за општините Сопиште, Кисела Вода, Аеродром, Центар, Чаир, Бутел и Шуто Оризари не постојат одделни податоци за возрасните групи, истите се групирани во едно цело.
Најголемата стапка на фертилитет е во Скопје, а генерално, градските средини стојат подобро од селата; просекот на руралите општини е повисок само поради високиот фертилитет во Чашка, Студеничани и Зелениково - без нив TFR-от во руралните општини би бил 1.40.
Целосните податоци по општини: 1, 2



Општини кои имаат помал, ист или поголем TFR од Република Македонија:

Извори на податоци:
http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Naselenie__ProcenkiNaselenie/126_Popis_Ops_NasPolStar3112_mk.px/?rxid=4f444882-d193-4f7f-978c-4d9970c826c7 и http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Naselenie__Vitalna/125_VitStat_Op_RodVozMajk_mk.px/?rxid=4f444882-d193-4f7f-978c-4d9970c826c7
За пресметка ја користев формулата број на родени/број на жени од 15 до 49години*7*4.8. Користев 4.8 наместо 5 (како што налага формулата) за да ги усогласам моите податоци со тие на Државниот завод за статистика, бидејќи ги немам податоците за бројот на родени по возрасни групи; но направив пресметка и со 5.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1360
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 21-Aug-2018 at 15:55
Според податоците на Државниот завод за статистика, Скопскиот регион на 31.12.2017 година имал 627,558 жители, што е пораст за 0.48% од претходната година. Во 2016 година имал 624,585 жители и пораснал за 0.59%.

Во периодот 2007-2017, просечниот годишен раст изнесувал 0.53%, па доколку продолжи така, годинава Скопје ќе има 630,884 луѓе, во 2021 640,968, во 2024 651,214, а бројката од 700 илјади ќе ја надмине во 2038, кога би требало да има 701,234 жители. Во 2051, во Скопскиот регион би требало да живеат 751,116 жители.

Во изминатава декада, Република Македонија годишно растела за 0.15%. Во 2017 во РМ живееле 2,075,301 граѓани, што е за 0.08% повеќе од претходната година, кога бројот на жители изнесувал 2,073,702 - 0.12% повеќе од 2015. Доколку продолжи со ова темпо, во 2025 Македонија ќе има 2,100,336 луѓе, во 2041 2,151,315, а во 2051 2,183,803 жители.

Но сепак мора да се напомене дека последниот попис беше во 2002 година, па податоциве треба да се земат со резерва. Бројот на емигранти од Република Македонија е потценет, а и не можеме да сме сигурни за бројката за Скопје, бидејќи тука се доселуваат и голем број луѓе од внатешноста на земјава. Пробниот попис во 2019 кој ќе се спроведе во неколку општини би требало да покаже колку се точни податоците на ДЗС, а пописот во 2020 ќе ја покаже вистинската слика.

Интересен податок е дека во 2017, 30.24% од граѓаните на РМ живееле во Скопје, додека 35.64% од родените во овој регион.






Со добро планирање, мислам дека Скопје може да достигне 700,000 жители порано - во 2030 наместо 2038. Исто така, и Република Македонија може да се одржи некаде околу 2,050,000 жители, доколку вистинската бројка во моментов е отприлика 1,900,000. За тоа би требало подобрување на демографската политика и зголемување на природниот прираст, напредок на државата со што би се вратиле голем број луѓе кои ја напуштиле земјава, и привлекување на странци. Ниту еден од трите предлози не би требало да биде многу скап, а би бил од голема корист.

Некои мои идеи (убаво би било секој да предложи по нешто):

Подобрување на природниот прираст:
- зголемување на бројот на детски градинки;
- бесплатен престој во јавните детски градинки за сите деца;
- реформи во градинките и продолжување на работното време;
- реформи во основното образование;
- намалување на данокот на производите неопходни за бебињата;
- нова политика за парична помош на семејствата со новороденче, и тоа:
• еднократна парична помош во висина од две просечни плати за првородено дете;
• еднократна парична помош во висина од четири просечни плати за второродено дете;
• еднократна парична помош во висина од шест просечни плати за трето и/или четвртородено дете, додаток во висина на минимална плата во првите шест години и во висина од 50% на минималната плата до полнолетството;
- породилно отстуство од 9 месеци за мајката (15 месеци доколку родила повеќе деца одеднаш);
- породилно отсуство од 3 месеци за таткото;
- подобрување на здравствениот систем.

Со ова, значителни би се олеснил финансискиот товар на семејствата со новороденче, а реформите би ги поттикнале луѓето да раѓаат деца. Подобрувањето на здравствениот систем би го зголемил животниот век, со што би се намалил бројот на починати лица.
Истовремено треба да се работи на едукација на младите и зајакнување (empowerment) на жените, како и модернизација, со што би се намалил бројот на раѓања кај малолетниците и раѓање по 5 и повеќе деца од бездомници и луѓе кои живеат во slum-ови (тука пред сѐ мислам на интеграција и значително подобрување на животниот стандард на Ромите).

Враќање на емигранти:
- економски напредок на државата;
- владеење на правото и подобрување на бебедноста;
- рефрорми во прилично секој сектор;
- поттикнување на емигрантите да се вратат;
- олеснување на постапката на добивање македонско државјанство на потомците на граѓани на Република Македонија и на етничките Македонци кои живеат надвор од границите на РМ.

Имајќи предвид дека финансиите не се единствената причина поради која Македонците се иселуваат, нужно е сеопшто подобрување на состојбата на државата за барем дел од веќе иселените да се вратат. Освен враќање на емигрантите, Македонија треба да го задржи контактот со оние што се надвор со тоа што сите, вклучително и нивните потомци би биле граѓани на земјава (освен доколку земјата во која живеат не забранува двојно државјанство). И доколку не можеме драстично да ја подобриме состојбата на етничките Македонци во соседните земји, тогаш можеме да им дадеме државјанство и да им понудиме да живеат тука.

Привлекување имигранти:
- истите мерки со кои би ги враќале емигрантите;
- промовирање на Република Македонија во странство;
- примање на 1,000 бегалци од Сирија и Ирак, со тоа што минимум 40% мора да се жени, не повеќе од 40% да се помлади од 30 години и не повеќе од 20% да се помеѓу 18 и 30 години. Истите би биле детално прегледани и би се работело на нивна интеграција;
- привлекување на 50,000 имигранти од земји како што се Филипините, Кина, Индија, Зимбабве и Венецуела со промовирање на РМ и олеснување на постапката за добивање државјанство на оние кои сакаат да се интегрираат и да придонесат во развојот на РМ;
- доселување на 10-50 луѓе од секоја држава на светот;
- развој на IT секторот;
- поттикнување на доселување млади луѓе кои би основале start-up компании со даночни олеснувања и финансиска помош;
- привлекување луѓе, на пример пензионери, кои бараат поспокоен живот во потопла земја.

Ова е преамбициозен план кој би можел да се скрати, но мислам дека имаме потенцијал барем делумно да го исполниме. Доселувањето на странци, покрај што би ја подобрило демографската состоба, би придонело и до развој на мултитетничноста, но и разновидноста (нпр. некој од десетината имигранти од Тајланд би отворил ресторан за тајландска храна, а некој од Колумбија би отворил студио за латино танци). Со развојот на IT секторот (ќе видиме дали Владата е сериозна или си фантазира), би можеле да ја промовираме Македонија како современа земја и да привлечеме млади и образовани луѓе од странство кои би работеле во оваа гранка и млади кои би се населиле во неколку села (во скопскиот регион, Сарај, Чучер Сандево и Зелениково се добри кандидати) и би основале компании. А општините Струга, Охрид, Ресен и Дојран, покрај туристи, би можеле да привлечат и неколку пензионери кои бараат место за одмор (како што голем број Британци одат во Шпанија и југозападна Франција).

Покрај ова, треба да размислиме и за внатрешната миграција. Дали сите ќе се преселат во Скопје или не. Според мене, нема никаква логика во 21 век да се живее во изолирано село со 100 жители, па мислам дека треба да поттикнеме групирање во поголеми села (со развој на земјоделството) и урбанизација. Скопје, како најразвиен град е и најатрактивен за доселување и миграцијата од внатрешноста во Скопје не треба да се спречи, но може да се подобри состојбата и во останатите градови.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11665
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 21-Aug-2018 at 17:34
Интересно, но и преамбициозно. Со мометалнава економска ситуација, треба да сме среќни ако ги задржиме сегашниве 1,8-1,9 милиони жители што реално ги имаме. Инаку, на мислење сум дека секој регион во Македонија треба да има свој центар што ќе ги вшмукува тамошните жители, па така Македонија ќе добие 5-6 економски успешни и функционални градови со население до 100.000, додека Скопје би се задржало на околу 600-700 илјади, ако некогаш и стигне до таа бројка.

Edited by Џоле - 21-Aug-2018 at 17:35
За сè има вторпат
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 165
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 21-Aug-2018 at 17:42
Друже, а да основаме политичка партија - ти ќе си лидер, јас ќе те финансирам од дијаспорава? Big%20smile

Шега настрана, идеиве што ги презентира ми се допаѓаат многу. А делот за подобрување на природниот прираст и враќање на емигранти треба да е секојдневна битка и преокупација. Проблемот што јас го глеам е што кај нас приориетот е како да се остане на власт, а не каде ја гледаме Македонија во 2050 година... За дел од последните идеи сметам дека за жал би биле несфатливи за просечниот конзервативен Македонец.

Нејсе, да не навлегувам во политика - уште да му реплицирам на кириОК за бројките од Скопје, се надевам ќе го прочита одговорот овде. Како што пишал Старо Скопје погоре, проценките се дека моментално има околу 630.000 жители во Скопје. Тоа се жители според адресата на живеење во лична карта. Бројката од 800.000 жители што ја спомнав јас дополнително ги вклучува илјадници луѓе што живеат во Скопје кои сеуште имаат адреса на старото место на живеење. Колку што знам кај нас адресата не игра некоја голема улога во секојдневието, а не знам ни дали има некакви законски последици во однос на тоа. За споредба во Германија мора да се промени адресата на живеење не подоцна од 7 дена после промена на местото на живеење. Исто така тука влегуваат илјадници студенти кои не фигурираат како жители на Скопје, но живеат најмалку 10 месеци во него. Дискусијата почна од тоа дали улиците во Аеродром ќе го издржат сообраќајот. Сите овие луѓе се учесници во истиот.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11665
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 21-Aug-2018 at 18:35
Тоа се бројки за скопскиот регион, каде влегуваат и бројни села. Самиот град сигурно нема повеќе од 550.000 жители, а би бил пријатно изненаден ако на следниот попис се покаже дека има и над таа бројка.
За сè има вторпат
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Online Status: Offline
Posts: 379
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 21-Aug-2018 at 19:09
Какво доселување на луѓе од странство во Скопје и Македонија...
Скоро бев во Тунис,Африка,главниот град...значи Скопје е неспоредливо помизерен град од главниот град на оваа африканска земја!

Јас живеам во Англија и можам многу убаво да ги воочам промените во стандардот и општеството генерално бидејќи не сум тука нонстоп,па кога човек е отсутен еден период па се враќа многу по видливи и очигледни се некои работи кои ние тука или не ги приметуваме или онака ќе ги подцртаме со пар збора...значи ситуацијата во Скопје и Македонија наместо да напредува,оди кон полошо,народот е по сиромашен,немаштијата е по изразена...а Скопје станува еден загаден хаос,братче на Приштина и Тирана.

Edited by kiriOK - 21-Aug-2018 at 19:15
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1360
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 21-Aug-2018 at 20:08
Во Република Македонија во 2017 година се родиле 21,754 деца, просечната плата во декември 2016 (последниот месец од претходната година би го зел како референтен за износот на просечната плата) била 23,457 денари, а минималната 12,000 денари. Од живородените, 9,471 биле прво дете, 7,757 второ, 3,275 трето, 774 четврто, 228 петто и 249 шесто или повеќе или непознато. За еднократната парична помош за прво дете би се одделиле 444,322,494 денари, за второ дете 727,823,796, а за трето, четврто или петто дете 601,953,534 денари. За шесто дете и нагоре мислам дека не треба парична помош. Значи за еднократен надоместок, државата годишно би требало да одвои 1,774,099,824 денари или 28,827,835 евра. Дополнително, за сите трети, четврти и петти деца наредните 6 години годишно би се двоеле 615,888,000 денари или 10,007,850 евра. Вкупно 38,835,685 евра. Бидејќи добра бројка на живородени, според мене, е 25,000 (14.92% повеќе), тоа значи и за толку поголеми средства, т.е. 44,629,969 евра. Прилично голема цифра, но се исплати, особено кога ќе видиме на какви глупости се трошат пари. Доколку го исклучиме надоместокот за прво дете, тоа се 36,320,463 евра. Кога на нив ќе се додадат загубите од намалениот данок, трошоците за изградба на нови градинки (кои можат да се покријат со кредити, грантови и донации и се трошок само за една-две години), вработување на нов персонал и зголемените плати на вработените, како и загубите поради укинување на наплаќањето (1,490 денари за целодневен престој и 298-806 денари за полудневен во зависност од оброкот), тоа се некаде 50 милиони евра годишно. Доколку е премногу, со некои корекции и идеи на демографи и останати експерти од оваа област, мислам дека овој план може да се исполни.

Планот за враќање емигранти е поамбициозен и треба доста работа да се спроведе. Планот за привлекување имигранти е уште поамбициозен, но делумно може да се исполни.

И, како што кажав, економијата не е единствената причина за иселување. Ѓубрето на сите страни, корупцијата, назадноста и моралната беда, лошиот образовен систем, сообраќајниот хаос, здравството и еден куп други работи придонесуваат и може да се сметаат за „последната капка“ поради која луѓето се иселуваат. Доколку овие работи се средат (а голем дел од нив, доколку сакаме, можат да се средат многу брзо), заедно со постепеното подобрување на економијата, може да ги задржиме нашите тука, а оние кои си отишле да ги вратиме.

Министерот без ресор задолжен за дијаспората би требало да стане министер без ресор задолжен за демографска политика, па освен со дијаспората, би се бавел и со демографијата дома.

Originally posted by Џоле

Инаку, на мислење сум дека секој регион во Македонија треба да има свој центар што ќе ги вшмукува тамошните жители, па така Македонија ќе добие 5-6 економски успешни и функционални градови со население до 100.000, додека Скопје би се задржало на околу 600-700 илјади, ако некогаш и стигне до таа бројка.

Доколку планираме порамномерен развој, тогаш македонските градови можат да се поделат во три или четири категории:

I: Скопје
II: Регионалните центри: Велес, Штип, Струга (или Охрид), Струмица, Битола, Тетово и Куманово
III: Останатите градови

Во трета категорија може да се стават локални центри: Кавадарци, Кочани, Кичево, Охрид (или Струга), Гевгелија, Прилеп и Гостивар (можеби и Берово и Крива Паланка). Останатите градови би биле четврта категорија.

Originally posted by ironm

Шега настрана, идеиве што ги презентира ми се допаѓаат многу. А делот за подобрување на природниот прираст и враќање на емигранти треба да е секојдневна битка и преокупација. Проблемот што јас го глеам е што кај нас приориетот е како да се остане на власт, а не каде ја гледаме Македонија во 2050 година... За дел од последните идеи сметам дека за жал би биле несфатливи за просечниот конзервативен Македонец.Нејсе, да не навлегувам во политика - уште да му реплицирам на кириОК за бројките од Скопје, се надевам ќе го прочита одговорот овде. Како што пишал Старо Скопје погоре, проценките се дека моментално има околу 630.000 жители во Скопје. Тоа се жители според адресата на живеење во лична карта. Бројката од 800.000 жители што ја спомнав јас дополнително ги вклучува илјадници луѓе што живеат во Скопје кои сеуште имаат адреса на старото место на живеење. Колку што знам кај нас адресата не игра некоја голема улога во секојдневието, а не знам ни дали има некакви законски последици во однос на тоа. За споредба во Германија мора да се промени адресата на живеење не подоцна од 7 дена после промена на местото на живеење. Исто така тука влегуваат илјадници студенти кои не фигурираат како жители на Скопје, но живеат најмалку 10 месеци во него. Дискусијата почна од тоа дали улиците во Аеродром ќе го издржат сообраќајот. Сите овие луѓе се учесници во истиот.



Originally posted by Џоле

Тоа се бројки за скопскиот регион, каде влегуваат и бројни села. Самиот град сигурно нема повеќе од 550.000 жители, а би бил пријатно изненаден ако на следниот попис се покаже дека има и над таа бројка.

Бројката се однесува на Скопскиот регион (Град Скопје+7 околни општини). Доколку сите пријавени во Скопје живеат тука, а се додадат и мигранти од внатрешноста и студенти, тогаш да, Скопје има минимум 700,000 жители, ништо чудно и повеќе. Можеби треба да се промени законот и, како во Германија, секоја пресеба да мора да се пријави. Не знам дали со ЕУ интеграцијата ќе мора да го сториме ова или не.

Инаку, Град Скопје со Сопиште (не знам зошто ДЗС не води одделни податоци за процена на население за општините Сопиште, Кисела Вода, Аеродром, Центар, Чаир, Бутел и Шуто Оризари) има 550,602 жители. Во Сопиште би требало да живеат околу 6,000 жители, така да во Град Скопје има околу 544 илјади.

Во пресметките, покрај Град Скопје и Сопиште, ги вклучувам и општините Арачиново, Илинден, Петровец, Зелениково, Студеничани и Чучер Сандево зашто се дел од Скопскиот регион, тесно се поврзани и интегрирани со Градот (јавен превоз и сл.), некои од нив се речиси физички споени, и има голема дневна мобилност на населението, па слободно може да ги сметаме како дел од Скопје.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Online Status: Offline
Posts: 379
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 22-Aug-2018 at 07:31
Општина Чаир



По пописот 2002:

Вкупно: 64,773

Албанци: 36,921 = 57.0%
Македонци: 15,628 = 24.13%
Турци: 4,500 = 6.95%
Роми: 3,083 = 4.76%
Бошњаци: 2,950 = 4.55%

Доселени / Иселени 2007-2017

Македонци

85 / 284
42 / 265
39 / 105
44 / 174
30 / 102
48 / 127
27 / 122
29 / 147
49 / 89
28 / 141
27 / 100

Вкупно: -1208

Албанци

173 / 150
107 / 114
71 / 55
87 / 54
74 / 43
78 / 76
71 / 59
94 / 39
67 / 43
120 / 90
110 / 75

Вкупно: +254



Edited by kiriOK - 22-Aug-2018 at 07:32
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 592
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 25-Aug-2018 at 13:24
drugari,zaboravete na vrakanje na emigrantite, toa nema da se sluci kakva bilo politika i stimulacijii da se davaat. Koj zamine, se vraka samo kako penzioner, mnogu retko poinaku.

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8957
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 25-Aug-2018 at 14:22
Интересни податоци за Чаир. За Македонците бројките се очекувани, но баналниот + на Албанците и големите апсолутни бројки на отселување укажуваат колку се големи економските проблеми таму. 
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Online Status: Offline
Posts: 379
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 26-Aug-2018 at 07:25
Град Скопје

Родени / Умрени 2017

Македонци: 3,327 / 3,864 = 51.47% од вкупниот број родени
Албанци: 2,232 / 722 = 34.53%
Роми: 508 / 202 = 7.86%
Турци: 90 / 57 = 1.39%
Бошњаци: 81 / 63 = 1.25%
Срби: 43 / 159 = 0.66%
Власи: 20 / 15 = 0.30%
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Online Status: Offline
Posts: 379
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 27-Aug-2018 at 07:28
Живородени - Умрени , Македонци


Opstina : 2008 / 2009 / 2010 / 2011 / 2012 / 2013 / 2014 / 2015 / 2016 / 2017


Makedonija     :     12254     -     14140     /     12 490     -     14 332     /     12 658     -     14 298     /     11 544     -     14 409     /     11 995     -     14 823     /     11 550     -     14 219     /     12 099     -     14 716 / 12.307-15.163/ 12.047-15.091 / 11.260-15.005


Skopje : 3328-3503 / 3 417-3 495 / 3 451-3 558 / 3 292-3 545 / 3 392-3 669 / 3 422 -3 519 / 3 531-3 803 / 3 693- 3 925 / 3.718-3.925 / 3.327-3.864

Aerodrom : 678-495 / 722-521 / 720-513 / 726-522 / 702- 542 / 722-510 / 788-607 / 837-605 / 842-640 / 722-651

Butel : 203-195 / 257-210 / 226-207 / 261-207 / 223-254 / 211-229 / 223-217 / 203-233 / 227-263 / 214-259

Gazi Baba : 536-462 / 532-529 / 539-499 / 498-530 / 525-540 / 499-546 / 513-602 / 494-607 / 543-549 / 428-608

Gjorche Petrov : 336-338 / 330-333 / 347-389 / 326-364 / 341-366 / 345 -340 / 359-371 / 375-404 / 378-394 / 342-347

Karposh : 503-613 / 507-572 / 510-631 / 439-565 / 508-615 / 504-582 / 478-652 / 576-725 / 512-669 / 506-640

Kisela Voda : 551-581 / 526-543 / 524-549 / 472-580 / 528-621 / 549-579 / 553-621 / 563-612 / 565 -669 / 568-646

Saraj : 14-22 / 15-20 / 23-17 / 6-28 / 15-19 / 16-12 / 31- 18 / 18-18 / 20-13 / 10-13

Centar : 373-526 / 391-532 / 408-502 / 450-526 / 412-489 / 444-532 / 467-520 / 490-490 / 524-540 / 455-519

Chair : 122-249 / 120-214 / 137-239 / 94-199 / 122-207 / 117-172 / 98-181 / 124-218 / 89-179 / 65-158

Shuto Orizari : 12-22 / 17-21 / 17-12 / 20-24 / 16-16 / 16-17 / 21-14 / 13-13 / 18-9 / 17-23


Arachinovo : 7 - 6 / 4 - 5 / 10 - 4 / 6 - 4 / 2 - 3 / 7 - 4 / 3 - 5 / 3-0 / 3-3 / 0-6

Berovo : 92 - 158 / 114 - 142 / 105 - 150 / 89 - 137 / 102 - 175 / 96 - 149 / 96 - 158 / 107-171 / 78-173 / 83-144

Bitola : 757-1083 / 760-1 027 / 785-1 071 / 705-1 092 / 691-1 167 / 668-1 078 / 707-1 076 / 754-1.125 / 713-1055 / 704-1121

Bogdanci : 71 - 80 / 61 - 103 / 60 - 87 / 53 - 96 / 64 - 112 / 64 - 87 / 64 - 95 / 74-111 / 63-77 / 73-108

Bogovinje : 0 - 1 / 0 - 1 / 2 - 3 / 0 - 1 / 0 - 0 / 0 - 1 / 1 - 0 / 0-2 / 2-0 / 2-0

Bosilovo : 158 - 146 / 121 - 147 / 141 - 140 / 118 - 150 / 133 - 151 / 120 - 116 / 109 - 156 / 131-145 / 110-166 / 78-137

Brvenica : 64 - 60 / 64 - 88 / 74 - 61 / 62 - 86 / 45 - 83 / 53 - 66 / 69 - 68 / 62-82 / 52-76 / 58-77

Valandovo : 88 - 81 / 94 - 83 / 105 - 94 / 90 - 103 / 91 - 118 / 79 - 106 / 87 - 115 / 73-117 / 94-106 / 80-106

Vasilevo : 124 - 73 / 129 - 90 / 114 - 97 / 113 - 106 / 110 - 87 / 124 - 91 / 101 - 103 / 78-101 / 87-81 / 86-89

Vevchani : 30 - 32 / 24 - 29 / 23 - 20 / 22 - 29 / 22 - 24 / 16 - 30 / 21 - 26 / 27-30 / 17-22 / 22-27

Veles : 451 - 512 / 420 - 538 / 431 - 503 / 400 - 511 / 436 - 576 / 402 - 562 / 389 - 558 / 393-592 / 404-532 / 416-545

Vinica : 135 - 181 / 154 - 158 / 142 - 162 / 131 - 156 / 155 - 178 / 124 - 176 / 141 - 191 / 159-166 / 130-190 / 120-177

Vraneshtica : 6 - 25 / 6 - 22 / 3 - 31 / 6 - 25 / 5 - 23 / 5 - 17 / - / - / -

Vrapchishte : 10 - 18 / 10 - 13 / 14 - 12 / 7 - 11 / 19 - 20 / 8 - 11 / 15 - 12 / 14-13 / 5-13 / 6-9

Gevgelija : 235 - 219 / 258 - 235 / 231 - 240 / 175 - 234 / 196 - 258 / 205 - 241 / 206 - 235 / 225- / 227-270 / 226-257

Gostivar : 146 - 165 / 151 - 165 / 165 - 182 / 151 - 177 / 157 - 161 / 135 - 165 / 191 - 154 / 155-171 / 157-179 / 144-164

Gradsko : 27 - 39 / 29 - 35 / 33 - 37 / 19 - 41 / 26 - 35 / 27 - 31 / 25 - 31 / 28-43 / 17-32 / 24-27

Debar : 13 - 17 / 10 - 13 / 24 - 9 / 26 - 14 / 22 - 16 / 23 - 22 / 26 - 20 / 33-15 / 28-15 / 25-19

Debarca : 37 - 125 / 27 - 102 / 31 - 111 / 28 - 127 / 36 - 102 / 36 - 98 / 26 - 73 / 34-106 / 42-89 / 31-100

Delchevo : 140 - 163 / 117 - 162 / 138 - 183 / 130 - 168 / 131 - 180 / 95 - 192 / 114 - 191 / 106-165 / 113-191 / 111-181

Demir Kapija : 33 - 41 / 31 - 52 / 37 - 52 / 25 - 47 / 21 - 33 / 36 - 47 / 31 - 63 / 32-55 / 38-50 / 34-38

Demir Hisar : 62 - 140 / 69 - 154 / 57 - 145 / 71 - 131 / 53 - 137 / 43 - 135 / 45 - 138 / 48-121 / 52-129 / 51-131

Dojran : 23 - 26 / 31 - 38 / 26 - 36 / 16 - 22 / 27 - 24 / 29 - 41 / 25 - 35 / 27-28 / 28-39 / 19-41

Dolneni : 37 - 97 / 42 - 89 / 43 - 77 / 57 - 91 / 46 - 97 / 32 - 92 / 53 - 96 / 38-78 / 38-102 / 37-91

Drugovo : 21 - 58 / 20 - 54 / 23 - 43 / 20 - 38 / 20 - 48 / 18 - 55 / -

Zhelino : 0 - 2 / 0 - 5 / 1 - 0 / 1 - 1 / 0 - 2 / 1 - 3 / 0 - 2 / 0-0 / 0-0 / 1-2

Zajas : 2 - 5 / 1 - 8 / 2 - 6 / 0 - 5 / 0 - 4 / 0 - 4 / -

Zelenikovo : 30 - 24 / 31 - 27 / 22 - 27 / 23 - 28 / 29 - 24 / 20 - 23 / 31 - 25 / 34-32 / 28-17 / 26-20

Zrnovci : 21 - 43 / 21 - 43 / 26 - 36 / 20 - 37 / 26 - 51 / 24 - 28 / 29 - 29 / 14-33 / 17-32 / 11-33

Ilinden : 170 - 108 / 161 - 111 / 165 - 118 / 149 - 113 / 157 - 121 / 140 - 122 / 169 - 138 / 179- / 170-163 / 144-143

Jegunovce : 63 - 75 / 47 - 86 / 66 - 69 / 49 - 85 / 53 - 83 / 43 - 87 / 53 - 82 / 51-83 / 42-84 / 42-80

Kavadarci : 373 - 349 / 325 - 347 / 333 - 346 / 330 - 360 / 379 - 405 / 325 - 421 / 331 - 372 / 397-418 / 371-416 / 371-374

Karbinci : 27 - 45 / 29 - 49 / 31 - 49 / 27 - 65 / 33 - 57 / 17 - 42 / 23 - 55 / 24-48 / 24-42 / 45-43

Kichevo : 152 - 164 / 134 - 147 / 130 - 156 / 154 - 135 / 132 - 159 / 120 - 145 / 156 - 254 / 167-262 / 157-263 / 168-236

Konche : 23 - 23 / 25 - 31 / 35 - 30 / 39 - 25 / 41 - 28 / 21 - 24 / 28 - 24 / 33-30 / 20-26 / 17-30

Kochani : 307 - 330 / 324 - 369 / 320 - 338 / 252 - 357 / 299 - 367 / 263 - 392 / 248 - 391 / 295-369 / 290-361 / 244-373

Kratovo : 70 - 115 / 69 - 106 / 66 - 128 / 70 - 98 / 71 - 114 / 64 - 102 / 72 - 98 / 74-116 / 48-124 / 49-112

Kriva Palanka : 164-185 / 192-200 / 209-203 / 174-197 / 160-198 / 159-181 / 175-199 / 153-217 / 147-192 / 124-179

Krivogashtani : 50 - 77 / 46 - 78 / 54 - 109 / 30 - 90 / 47 - 97 / 39 - 86 / 40 - 69 / 46-95 / 49-79 / 44-88

Krushevo : 51 - 96 / 56 - 78 / 52 - 86 / 40 - 78 / 34 - 107 / 55 - 81 / 43 - 72 / 46-85 / -94 / 34-82

Kumanovo : 663-704 / 729-691 / 704-720 / 649-741 / 707-738 / 718-691 / 760-717 / 666-755 / 663-705 / 666-735

Lipkovo : 6 - 8 / 6 - 3 / 6 - 11 / 2 - 5 / 8 - 4 / 11 - 2 / 4 - 5 / 2-2 / 7-2 / 5-5

Lozovo : 19 - 25 / 14 - 21 / 25 - 23 / 19 - 29 / 26 - 32 / 17 - 32 / 28 - 33 / 18-35 / 25-31 / 22-33

Mavrovo and Rostusha : 16 - 18 / 10 - 23 / 54 - 16 / 43 - 19 / 23 - 33 / 16 - 31 / 30 - 25 / 21-18 / 24-29 / 28-28

Makedonska Kamenica : 73 - 63 / 68 - 59 / 72 - 64 / 60 - 71 / 66 - 63 / 44 - 55 / 64 - 74 / 43-73 / 60-76 / 47-72

Makedonski Brod : 59 - 101 / 66 - 107 / 56 - 99 / 58 - 95 / 41 - 99 / 36 - 97 / 46 - 85 / 43-92 / 50-112 / 56-107

Mogila : 54 - 75 / 58 - 95 / 60 - 92 / 61 - 113 / 53 - 84 / 44 - 84 / 46 - 117 / 52-105 / 47-82 / 56-104

Negotino : 162 - 169 / 173 - 148 / 166 - 158 / 138 - 140 / 171 - 186 / 149 - 157 / 168 - 163 / 169-173 / 167-206 / 158-191

Novaci : 43 - 77 / 29 - 77 / 35 - 66 / 35 - 79 / 22 - 74 / 29 - 68 / 27 - 69 / 32-60 / 28-63 / 24-46

Novo Selo : 101 - 124 / 77 - 122 / 86 - 133 / 85 - 118 / 87 - 131 / 72 - 135 / 70 - 111 / 62-142 / 59-129 / 50-146

Oslomej : 1 - 6 / 0 - 7 / 0 - 1 / 0 - 6 / 0 - 3 / 0 - 1 /

Ohrid : 453-493 / 491-541 / 458-480 / 411-520 / 427-518 / 414-533 / 457-503 / 437-504 / 486-541 / 391-529

Petrovec : 53 - 35 / 50 - 40 / 63 - 41 / 50 - 47 / 53 - 41 / 41 - 42 / 51 - 61 / 45-43 / 72-54 / 40-55

Pehchevo : 51 - 86 / 32 - 64 / 27 - 69 / 27 - 70 / 20 - 61 / 33 - 60 / 30 - 56 / 32-58 / 23-65 / 21-74

Plasnica : 1 - 6 / 0 - 5 / 0 - 4 / 2 - 2 / 0 - 1 / 2 - 0 / 2 - 0 / 6-2 / 2-2 / 0-1

Prilep : 596-831 / 648-904 / 634-844 / 545-876 / 568-840 / 539-787 / 602-848 / 579-893 / 559-870 / 547-903

Probishtip : 123 - 164 / 145 - 192 / 133 - 166 / 112 - 154 / 128 - 154 / 113 - 146 / 113 - 174 / 132-161 / 110-176 / 104-185

Radovish : 234 - 236 / 267 - 236 / 231 - 252 / 201 - 239 / 224 - 202 / 241 - 223 / 228 - 241 / 247-235 / 227-231 / 177-226

Rankovce : 33 - 58 / 39 - 46 / 47 - 53 / 39 - 49 / 37 - 64 / 36 - 51 / 34 - 55 / 40-49 / 38-52 / 41-57

Resen : 80 - 186 / 86 - 187 / 94 - 190 / 98 - 170 / 96 - 175 / 92 - 181 / 98 - 189 / 93-174 / 78-172 / 93-182

Rosoman : 38 - 27 / 46 - 46 / 46 - 47 / 38 - 57 / 22 - 55 / 28 - 31 / 37 - 44 / 43-49 / 39-50 / 39-47

Sveti Nikole : 153 - 192 / 170 - 189 / 168 - 215 / 144 - 177 / 153 - 195 / 161 - 174 / 145 - 190 / 160-208 / 145-231 / 141-209

Sopishte : 39 - 46 / 32 - 44 / 44 - 30 / 37 - 35 / 40 - 37 / 44 - 40 / 46 - 47 / 51-42 / 39-44 / 47-46

Staro Nagorichane : 45 - 85 / 35 - 94 / 32 - 87 / 33 - 79 / 40 - 77 / 30 - 83 / 40 - 76 / 33-71 / 36-76 / 32-62

Struga : 288 - 269 / 204 - 238 / 273 - 248 / 252 - 238 / 242 - 244 / 234 - 227 / 226 - 224 / 235-224 / 249-216 / 207-215

Strumica : 519-502 / 567-487 / 556-490 / 497-512 / 546-515 / 505-511 / 534-530 / 556 -564 / 483-538 / 482-602

Studenichani : 5 - 6 / 8 - 3 / 13 - 5 / 12 - 3 / 0 - 1 / 17 - 3 / 17 - 5 / 18-2 / 18-2 / 12-1

Tearce : 18 - 37 / 27 - 44 / 19 - 46 / 20 - 44 / 16 - 32 / 24 - 49 / 21 - 41 / 23-27 / 19-34 / 19-24

Tetovo : 173 - 199 / 188 - 234 / 197 - 230 / 175 - 235 / 198 - 206 / 182 - 246 / 157 - 214 / 185-202 / 159-241 / 180-212

Centar Zhupa : 8 - 3 / 4 - 2 / 9 - 1 / 6 - 1 / 5 - 0 / 4 - 0 / 8 - 1 / 5-1 / 5-5 / 7-1

Chashka : 36 - 70 / 37 - 67 / 37 - 66 / 26 - 63 / 30 - 83 / 38 - 60 / 26 - 58 / 15-71 / 21-60 / 21-59

Cheshinovo-Obleshevo : 64 - 101 / 61 - 107 / 49 - 103 / 61 - 96 / 54 - 82 / 49 - 74 / 51 - 94 / 50-96 / 61-101 / 48-90

Chucher - Sandevo : 59 - 61 / 60 - 44 / 72 - 50 / 67 - 45 / 58 - 44 / 44 - 40 / 51 - 37 / 37-40 / 52-62 / 50-49

Shtip : 390-387 / 439-440 / 412-389 / 371-465 / 371-455 / 384-432 / 408-417 / 371-430 / 376-433 / 372-455


Kichevo 2015,2016,2017 = Vraneshtica + Drugovo + Zajas + Oslomej
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 524
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 27-Aug-2018 at 13:33
Не сум знаел дека бебињата со орле или лавче на чело се раѓаат. Патем, од каде се податоциве?
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Online Status: Offline
Posts: 379
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 27-Aug-2018 at 15:28
Originally posted by hcitrS

Не сум знаел дека бебињата со орле или лавче на чело се раѓаат. Патем, од каде се податоциве?
Завод за статистика,од секогаш се воделе податоци по етнкчка припадност на родените и умрените,како и на учениците.
Back to Top
Graditelot View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 17-May-2016
Online Status: Offline
Posts: 1
  Quote Graditelot Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 27-Aug-2018 at 15:58


Edited by Graditelot - 27-Aug-2018 at 16:03
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 456

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.