build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Демографија
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Демографија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Στεφανοζ View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 15-Aug-2019
Online Status: Offline
Posts: 2
  Quote Στεφανοζ Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 15-Aug-2019 at 23:03

Generacija 1999 Mkd vs Alb

GODINA NA RAGJANJE(1999) 
Makedonci
1999: 13.308 (48.7%)
Albanci
1999: 9.838 (36.0%)

KRAJ NA OSNOVNO(2013/2014)
Makedonci
12 168 (56.9%)
Albanci
7 005 (32.8%)

KRAJ SREDNO (2017/2018)
Makedonci
12.486 (62.0%)
Albanci
5.931 (29.4%)

Mnohu pomasovno iseluvanje na albancite se slucuva posle sredno, ili 90% od iseluvanjeto. Imajki vo predvid deka vo osnovno ima sekogas fiktivno zapisani koi vo sredno se eliminiraat. Toa go potvrdi i direktorot na statistika. Ako ima realen popis na rezidentnoto makedoncite nema zosto da se plasat od procentite, samo od brojkite.
Back to Top
Στεφανοζ View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 15-Aug-2019
Online Status: Offline
Posts: 2
  Quote Στεφανοζ Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 15-Aug-2019 at 23:07
За кој град/место станува збор?
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1527
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 29-Aug-2019 at 20:34
ДЗС ги објави податоците и за вториот квартал од годинава, па за пола година веќе имаме бројки. Ситуацијата е повеќе од катастрофална: 13% пад во Q1 и 9% во Q2, односно 11% пад на бројот на живородени во првата половина од 2019 година. Од општините со над 50 раѓања, Ресен стои најдобро со раст од 48%, а Желино со пад од 33% е на дното.

Во апсолутни бројки, бројот на живородени е паднат од 10415 на 9248, а природниот прираст од 300 на -1311, не само поради наталниот колапс, ами и зголемениот број на смртни случаи. Македонија за прв пат има негативен природен прираст во вториот квартал, а ако во третиот и четвртиот квартал немаме позитива од 1312 (лани била 1423), за прв пат ќе имаме година со негативен природен прираст.





извор
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 32
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 30-Aug-2019 at 08:41
За жал, тврденењето на министерката Царовска дека политиката за подршка на семејства кои имаат повеќе од 3 деца не давала резултати испадна сосема погрешно. Дополнително што во старосната пирамида, по природен пат има пад на фертилното население надополнето со засилено иселување на младите предизивикано од 4,5 години политичка криза. Сега како никогаш предходно потребни се мерки за стимулирање на наталитет како би се порамнила старосната пирамида што многу би помогнало при планирање на државните политики на средни и подолги патеки. Оваа година треба да сме радосни ако остане Македонија со над 20.000 новороденчиња. Исто така Македонците треба да сме свесни дека тешко ќе видиме година со над 50% новородени деца ако продолжат овие трендови, што е многу опасно бидејќи го губиме статусот на мнозински народ и во ова парче земја што ни остана.
Back to Top
Graditelot View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 17-May-2016
Online Status: Offline
Posts: 35
  Quote Graditelot Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 15-Sep-2019 at 16:06
Голем дел од албанците во руралните средини не ги пуштаат децата да одат во средно, а особено женските деца, не дека тие се иселени.
Во однос на средното образование нпр. во Скопје, Хемиското средно во аеродром стана доминантно албанско средно школо првпат во историјата. Истото важи и за средното медицинско во Скопје.

Односот на умрените македонци и албанци е 8-1, додека односот на живородените е 4.7 - 4.1.
Албанците веќе немаат толку голем поттик да се иселуваат кога имаат малтене гарантирана државна работа. Поттикот за иселување веќе превагува на страната на Македонците.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1527
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 24-Sep-2019 at 18:48
Originally posted by Џоле

Во ЕУ лани се доселиле 228.000 луѓе од Западен Балкан

Ама дел од мигрантите се враќаат назад, па салдото е малку поблаго.

Мислам дека е време поригорозно да се води статистиката за емиграција и да се воведе единствен популациски регистар за Европската Унија (и по можност останатите европски земји) за да се избегне двојно броење на голем дел од интра-ЕУ мигрантите.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1527
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 30-Nov-2019 at 22:16
Излегоа и прелиминарните податоци за третото тримесечје од оваа година: падот на наталитетот продолжува, но поблаго.

Во јули, август и септември 2019 година се родиле 5,374 бебиња, што претставува пад од 280 души, односно 4.95%. Во Град Скопје биле родени 1,811 бебиња - за 0.78% повеќе од претходната година.

Согласно овие податоци, во првите три квартали годинава имало 14,622 живородени во земјава, или 9% помалку од 2018. Во Скопје имало 4,638 раѓања - 7.55% помалку.

извор
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12465
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 20-Dec-2019 at 10:25


За сè има вторпат
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 599
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 20-Dec-2019 at 11:41
Боите на графиков ќе беа порелевантни ако беа правени во релативен однос со бројот на жители, а не во апсолутни бројки. Вака делува дека ок е тоа што кај нас се иселиле 260к жители бидејќи уште сме во зелена зона, а Србија со помал процент на иселеност е во жолта зона. Истото важи за останатите држави.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12465
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 20-Dec-2019 at 12:25
Мене бројките ме зачудија, посебно за Албанија, поразителни се, испаѓа дека за десет години изгубила една третина од населението, иако ни другите држави не се нешто за пофалба. Ова е само показател дека сите овие држави (но и други балкански држави што не се опфатени во графикава) потфрлија во основното - обезбедување пристоен живот за своите граѓани.
За сè има вторпат
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 773
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 20-Dec-2019 at 20:10
Ако гледаме релативно, тогаш Босна и Херцеговина и Црна Гора се добитниците. Од другата страна се Албанија и Косово.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1527
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 13-Jan-2020 at 15:01
Балкански градови со над 25,000 жители во или околу 1910 година. Преземено од SSC, труд на романскиот член marty11. За Битола, Призрен и сега грчките градови Атина, Солун и Патра не нашол податоци, но се претпоставува дека сите пет имале над 25k.

Интересно колку нештата се промениле од тогаш...

Bucharest 341,321
Chisinau 108,483
Sofia 102,812
Subotica 94,610
Belgrade 89,876
Cernauti 87,100
Zagreb 79,038
Iasi 75,229
Timisoara 72,555
Galati 71,641
Braila 65,053
Oradea 64,169
Arad 63,166
Cluj 60,808
Pula 59,498 (pop. includes military garrison stationed there)
Ploiesti 56,460
Sarajevo 51,919
Craiova 51,404
Rijeka 49,806
Plovdiv 47,981
Skopje 43,331
Ljubljana 41,727
Varna 41,419
Brasov 41,056
Ruse 36,255
Satu Mare 34,892
Novi Sad 33,590
Sibiu 33,489
Botosani 32,574
Tighina 31,797
Osijek 31,388
Sombor 30,593
Senta 29.666
Buzau 28,807
Cetatea Alba 28,258
Maribor 27,994
Vrsac 27,370
Constanta 27,201
Kikinda 26,795
Zrenjanin 26,006
Targu Mures 25,517
Barlad 25,288
Sliven 25,142
Focsani 25,066
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.