build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Демографија
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Демографија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 111213
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 892
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #241 Posted: 01-Mar-2021 at 17:59
Ајде вака анализа. Ако има зголемана смртност од 25% и тоа се 25 илјади, тогаш значи дека од корона се 5000, а не 3000 како во официјалната статистика. Значи тој муабет дали некој починал или не од коморбидитети не само што не додава случаеви како што некои тврдат, туку напротив одзема.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8957
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #242 Posted: 01-Mar-2021 at 18:29
Порталб анализа: 40 отсто од високообразованите живеат и работат во странство (инфографик)

Официјално, пописот во земјава почна. На 1 март започна попишувањето на нерезидентното население, луѓето кои повеќе од една година се надвор од земјава, главно дијаспората. Статистичката операција која треба да го „преброи“ населението ќе биде дочекана со загрижувачки податоци кои досега „премолчено“ се коментираа во јавноста, пишува „Порталб.мк“. Еден од нив што се очекува да исплива на површина е егзодусот на „мозоци“.

Стратегија за спречување на „одлив на мозоци“ има, но дали има ефекти?

Незапирлив тренд на одлив на високообразован кадар од земјава. Во 2010 година, според проценките на Светска банка, 29,1 отсто од високо образованите луѓе од земјава заминале да живеат или работат во странство. Девет години подоцна состојбата е драстично влошена.

„Според последните податоци и издадената анализа во 2019 година стапката на високообразован кадар што живее и работи во странство е особено висока и изнесува скоро 40 отсто или повеќе од една третина од високообразованиот кадар“, нотира анализата „Владино планирање – ефективност на владините мерки за справување со ризиците на пазарот на труд и начинот на планирање на средствата за надминувување на истите“ на Државниот завод за ревизија.

„Порталб.мк“ веќе ги објави клучните наоди од оваа анализа кои се однесуваат на горливиот проблем „младинската невработеност“, како и на невработеноста која е последица на ковид кризата, но ова истражување содржи сериозни забелешки за тоа дали институциите ги спроведуваат мерките за да се запре „белата чума“. Така, ревизорите потсетуваат дека Министерството за образование има изготвено Национална статегија за спречување на одлив на високообразован и стручен кадар 2013-2020, а за нејзино реализирање бил изготвен и Акциски план до 2014, но не и до 2020 година.

„По спроведените интервјуа и разговори со надлежни лица ревизијата не доби информација, ниту извештаи за реализација на утврдените цели и активности од стратегијата. На ваков начин и покрај вложените ресурси за изработка на ваков значаен стратешки документ за намалување на одливот на високообразовани и стручни кадри, ревизијата не доби докази дека стратегијата заживеала во пракса и без образложение за истото“, забележуваат ревизорите.

За една година – 5.000 нови луѓе пријавиле дека ја напуштиле Македонија

Ревизорите ги нотираат институциите кои го регистрираат „одливот“ на луѓе, привремено или трајно заминати во странство. Дел од тој ланец се МВР и Државниот завод за статистика. Така, се забележува дека различни институции раполагаат со различни податоци за тоа колку луѓе со какво образование ја напуштиле земјава.

Овие податоци покажуваат дека само за една година Министерството за внатрешни работи регистрирало 5.000 нови луѓе кои пријавиле престој во странство – или ја напуштиле Македонија. Според Државниот завод за статистика пак, само за една година, за повеќе од четири пати е зголемен бројот на отселени граѓани со високо образование. Без разлика што податоците доаѓаат од различни извори и мерени се според различни критериуми – епилогот е ист, на годишно ниво драматично се зголемува бројот на граѓани што ја напуштаат земјава.

„Причините кои водат до одлив на мозоци генерално се должат на можностите за вработување, повисоки плати, професионално унапредување и обука, подобра иднина за членовите на семејството, како што се можности за образование на децата и подобри услови за живеење и работа“, заклучуваат ревизорите.

На крајот од минатиот месец, Агенцијата за вработување регистра 13.262 невработени со високо образование.





https://meta.mk/portalb-analiza-40-otsto-od-visokoobrazovanite-zhiveat-i-rabotat-vo-stranstvo-infografik
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2500
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #243 Posted: Yesterday at 23:53
Процент на живородени во странство во периодот 2015-2019 според податоците на ДЗС. Вкупно 18,35% (24.500 од 133.509) бебиња во овој период биле родени од македонски мајки надвор од Македонија, и тоа 8,22% кај Пелагонискиот регион, 8,61% Скопски, 9,16% Вардарски, 16,56% Источен, 18,06% Југоисточен, 19,43% Североисточен, 30,5% Југозападен и 35,99% Полошки. Кај општините, бројката кај Новаци е 0,75%, Македонски Брод 1,56%, а Вевчани 2%, додека на другиот крај се Ново Село со 55,87%, Центар Жупа 62,31% и Маврово и Ростуша со 69,06%.

Интересно е што најпразните македонски региони - Порече, Азот и Мариово - стојат најдобро.

Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4989
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #244 Posted: Today at 09:37
Маврово-Ростуше има толку иселеници по светот за да има толкав процент? Или едноставно има многу мал наталитет па од тие ~10 родени деца 7 биле во странство?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 111213

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.