build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Демографија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 14151617>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12649
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #301 Posted: 04-Sep-2021 at 09:08
ПОПИСОТ ПОЧНУВА УТРЕ, РЕЗУЛТАТИТЕ НАЈДОЦНА ДО ЈАНУАРИ 2022, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА ДЗС СИМОВСКИ

Првиот попис по 20 години почнува утре и ќе трае до 30 септември, а директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС) Апостол Симовски вели дека верува оти добиените податоци ќе ги објават најдоцна во јануари 2022. Симовски вели дека протоколот што е подготвен за спроведување Попис во време на пандемија со ковид-19 е многу строг и прецизен.

„Нашите попишувачи се запознаени со Протоколот, веќе им се распределени заштитени маски КН95 и средства за дезинфекција и точно знаат како треба да се однесуваат и што треба да направат при влегување во едно домаќинство. А тоа е: правилно да ја носат маската, да побараат од домаќинот, доколку не носи маска, да стави маска, да ги дезинфицираат рацете пред да влезат во домот како и лаптопот со кој ќе го вршат попишувањето и доколку попишувањето се врши во затворен простор, да замолат да се отворат прозорците и распоредот на седење да биде со задолжителна дистанца од најмалку 2 метра. Секаде каде што дозволуваат условите се препорачува попишувањето да се спроведува на отворен простор и мислам дека временските прилики ќе ни го дозволат тоа“, вели Симовски во интервјуто за МИА.

Ова е и првиот попис со комбиниран модел, што подразбира одење на терен, односно попишување лице в лице и користење на податоци од бази. Вообичаено, овој комбиниран метод е преодна фаза меѓу класичниот попис и пописот базиран на регистри. Македонија е една 12 држави во Европа кои спроведуваат комбиниран метод на попис.

„Што подразбира тоа: прибирање на податоци директно од населението на терен и користење на податоци од таканаречената Претпописна база на податоци која е компилирана од повеќе бази кои постојат во државата и чијшто квалитет е анализиран и проверен. Со внесувањето на матичниот број на граѓанинот во пописната апликација, автоматски се повлекуваат сите податоци што за тоа лице постојат во базите во државата. Секако остануваат прашања на кои лицето ќе мора да даде одговор бидејќи за тоа не постојат записи во базите, а ова особено се однесува на чувствителните прашања за етничка припадност, вероисповед, мајчин јазик и јазик кој вообичаено се зборува во домаќинството. Ова се прашања со кои се искажува лично чувство и затоа се внесуваат одговори онака како што ќе се изјасни лицето. Силно верувам дека по успешно спроведениот попис овој септември, нашата држава, во наредниот циклус на пописи околу 2030 година, ќе може да спроведе попис целосно базиран на регистри“, вели Симовски.

Досега, на веб страницата на ДЗС се самопопишаа приближно 191.000 македонски државјани во странство.

Симовски вели и дека според Законот за Попис, Заводот има обврска да ги објави податоците 6 месеци по завршувањето на теренските активности, но оти веруваат дека ќе успеат да ги завршат обработките многу порано и до крајот на годинава, најдоцна во јануари 2022 да ги објават податоците.

„За разлика од претходно, кога имавме првични, па следеше долг процес на внесување податоци, со овој процес сега ќе објави само дефинитивни конечни податоци“, вели Симовски.

Со Пописот ќе се добијат огромен број на податоци кои ќе бидат од интерес и важност за речиси секоја сфера од живеењето и работењето во државата.

„Прво и основно, ќе добиеме точна бројка колку не има во државата и каде сме точно распоредени, односно прецизна територијална распределеност на населението дури на километар квадратен. Ќе се добие прецизна слика за половата, старосната, образовната, економската структура на населението. Потоа ќе се добие прецизна слика на станбениот фонд во државата и неговата состојба, карактеристиките на станбените единици и нивната разместеност, ќе се добие слика на условите за живеење на населението – тоа е навистина едно огромно богатство на податоци, показатели кои ќе не насочуваат каде и како треба да се движиме во иднина“, вели Симовски.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/popisot-pochnuva-utre-rezultatite-najdotsna-do-januari-2022-veli-direktorot-na-dzs-simovski/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12649
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #302 Posted: 06-Sep-2021 at 07:41
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12649
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #303 Posted: 06-Sep-2021 at 11:43
ПАДНА ИНТЕРНЕТОТ, ПОПИСОТ ВО ПРЕКИН Попишувачите не можат да ја вклучат апликацијата

Слаб е интернетот, имаме мал застој со пописот. Ова го изјави директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, откако неколку попишувачи го алармирале дека не можат да ја вклучат апликацијата за пописот.

Според Симовски, апликацијата совршено функционира, но како што вели, постои глобален проблем со интернетот низ целата земја.

Операторите се известени и очекуваме во најкус период да биде решен проблемот и теренското попишување повторно да продолжи нормално да се одвива – вели Симовски.

Тој повторно апелираше до граѓаните да ги дадат своите податоци во интерес на државата и нејзиниот развој, но водејќи сметка за заштитните мерки против ковид-19.

https://plusinfo.mk/padna-internetot-popisot-vo-prekin-popishuvachite-ne-mozhat-da-a-vkluchat-aplikaci-ata/
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 289
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #304 Posted: 06-Sep-2021 at 14:19
Mi deluva na DDoS napad. Se nadevam nema da se prepolnat serverite so fiktivni popissani gragani.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1289
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #305 Posted: 06-Sep-2021 at 19:33
Некој од новинариве ги праша идиотите од Влада да го објаснат моментот зашто стапката на вработеност е на исто ниво како пред две години и кои се причините? Или не дај боже да земат да истражат за овие работи.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5307
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #306 Posted: 07-Sep-2021 at 07:34

Оти имаше пандемија овие две години и бавно се враќаат работите во нормала (колку толку)? Веројатно јасно ни е на сите дека имаше доста отпуштања во државата.


Сепак, кај нас главна финта во последните 15 години (почна кога дојде ВМРО на власт и Грујо уште не беше со автократорски комплекс) беше тоа што престана да биде задолжително да си пријавен како невработен (активен барател на работа) за да може да добиеш здравствено осигурување. Оттука многу луѓе кои немаат работа престанаа да се бројат како невработени (бидејќи не се пријавени како активни баратели на работа), со што стапката на невработеност опадна (и продолжи да опаѓа, особено со исселувањето на многу млади кои исто така не се бројат како невработени).

Патем главен економски показател не е вработеноста, туку невработеноста.

Edited by гитардемон - 07-Sep-2021 at 07:39
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12649
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #307 Posted: 07-Sep-2021 at 12:24
БАГОВИ“ ГО ПАУЗИРАЛЕ ПОПИСОТ По рестартот на системот, попишувачите повторно излегуваат на терен

Правиме обновување на сето она што вчера беше сработено, а во моментов се врши и рестартирање на целиот процес со цел избегнување на било какви падови на системот во иднина, рече директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски, додавајќи дека апликацијата за попис утрово повторно не работела оти се вршело отстранување на „багови“.

Тој рече дека конечно е решен проблемот со конекцијата, па попишувачите денеска повторно се излезени на терен и го попишуваат населението.

Денешното рестартирање на целиот процес е за да нема слични проблеми во иднина. Пронајдено е решението на проблемот и слични такви падови во иднина нема да имаме. Треба да знаете дека вакви проблеми се можни секогаш кога работите со технологија – рече Симовски.

Тој посочи дека досега се попишале околу 150.000 граѓани.

– Не можам да ви кажам точна бројка во моментов, но утрово добив информација дека досега се попишани околу 150.000 луѓе. Како што кажав и вчера, не се забележани инциденти за време на спроведувањето на операцијата, а обврска на државните инструктори е да излезат на терен и да поразговараат со луѓето кои не сакаат да се попишат. Исто така, кога станува збор за заштитата од коронавирусот, теренските попишувачи добиваат адреси од луѓето кои се во изолација или се позитвни на ковид-19 – рече директорот на ДЗС.

https://plusinfo.mk/bagovi-go-pauzirale-popisot-po-restartot-na-sistemot-popishuvachite-povtorno-izleguvaat-na-teren/
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1289
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #308 Posted: 07-Sep-2021 at 19:55
@Гитардемон

Стапката на невработеност е битна за општото население и популизмот на владите, додека стапката на вработеност е онаа која е битна за стопанството во целина.

Така, стапката на вработеност ако останала иста, а невработеноста опаѓа тогаш имаме проблем, бидејќи се зголемува бројот на населението кој не спаѓа во овие категории, а тоа население зависи во индиректна мера од државата преку разни социјални програми.

Чисто прогуглај и провери колку се стапките во ЕУ на вработеноста и се надевам ќе сфатиш тоа што го зборувам.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5307
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #309 Posted: 08-Sep-2021 at 07:49

Доста добро сум запознат со макроекономските показатели, и причината за оваа разлика кај нас ја лоцирам во тоа што преку стотина илјади државјани кои живеат и работат во странство, не се бројат ниту како невработени, ниту како вработени кај нас.
Да имавме нормален попис, можеби после пописот ќе се средеше колку толку, но реалноста е дека пак ќе се броиме племенски, и стотина илјади луѓе кои се надвор од државата ќе бидат внесени како резиденти (фала ти ДУИ), но нема да бидат ниту вработени ниту невработени.

Оттука, логично е нашата стапка на вработеност да е помала.

Не значи дека сите тие се на товар на државата, бидејќи за да цицаш од државната цицка треба да си пријавен за невработен (со исклучок на ФЗОМ).

P.S. Да додадам набрзинка за другите кои читаат:

Стапката на невработеност е поважна од стапката на вработеност бидејќи покажува колкав дел од работоспособното население „активно бара работа“, но пазарот не створил доволно работни места за тие луѓе да бидат вработени (и оттука добиваме показател за тоа колку е раздвижена една економија).

Edited by гитардемон - 08-Sep-2021 at 07:53
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12649
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #310 Posted: 09-Sep-2021 at 09:48
ПОПИШУВАЧИТЕ ДОБИЛЕ НАРЕДБА ДА СЕДАТ ДОМА Пописот повторно прекинат, Симовски вели да не го прашуваме ништо

Не ме прашувајте ништо, наскоро ќе добиете соопштение од Владата во врска со пописот. Ова кратко ни го рече директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски, откако денеска попишувачите повторно не излегоа на терен за да ја спроведат статистичката операција.

– Не можам ништо да ви кажам. Ве молам да не ме прашувате ништо во врска со пописот. Во моментов сум на состанок и наскоро ќе добиете соопштение од Владата – изјави Симовски.

Како што дознава Плусинфо, техничките проблеми со кои се беа соочиле попишувачите на вториот попишувачки ден наводно се надминати и апликацијата за попишување е повторно ставена во функција, но нејасно е зошто попишувачите утрово добиле наредба од ДЗС да си останат дома и да не го попишуваат народот.

Статистичката операција успешно течеше сè до вториот ден кога попишувачите мораа да ги исклучат компјутерите поради технички проблеми со апликацијата. Симовски тогаш рече дека се работи за глобален проблем со интернетот, а потоа истакна дека апликацијата има „багови“ и дека се работи на нивно отстранување.

Пописот е предвидено да заврши на 30 септември, а досега се попишани околу 190.000 граѓани.

https://plusinfo.mk/popishuvachite-dobile-naredba-da-sedat-doma-popisot-povtorno-prekinat-simovski-veli-da-ne-go-prashuvame-nishto/?fbclid=IwAR3vGCzL6hJqE6GRshV3gJVIA9ck1sKRDIbJTPFvvrSQbad-L2fcUO3ieGI
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1525
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #311 Posted: 09-Sep-2021 at 17:13
Мислам дека тука некаде ќе заврши пописов. Ќе биде чудно ако воопшто продолжи.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12649
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #312 Posted: 09-Sep-2021 at 17:29
ПРЕКИНОТ Е ЗА ТЕХНИЧКИ УСОГЛАСУВАЊА, ПОПИСОТ УСПЕШНО ЌЕ ЗАВРШИ НА 30 СЕПТЕМВРИ, ВЕЛАТ ОД ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА

Државниот завод за статистика (ДЗС) вели дека се прават технички усогласувања со цел пописот да продолжи со несмален интензитет и дека а заклучно со 30 септември успешно ќе бидат попишани населението, домаќинствата и становите на територијата на целата земја.

Во првите четири дена од пописот се попишани повеќе од 200.000 граѓани, додаваат од ДЗС.

Во тек е надминување на помали технички предизвици кои повремено се појавуваа претходните денови кога на терен имаше висок интензитет на попишување. Сите внесени податоци се успешно процесирани во системот, а техничките усогласувања се прават со цел процесот да продолжи со несмален интензитет, се вели во соопштението од ДЗС. Досегашната динамика на попишувањето на терен е гаранција дека заклучно со 30 септември успешно ќе бидат попишани населението, домаќинствата и становите на територијата на целата земја“, се вели во соопштението на ДЗС.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/prekinot-e-za-tehnichki-usoglasuvana-popisot-uspeshno-ke-zavrshi-na-30-septemvri-velat-od-drzhavniot-zavod-za-statistika/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12649
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #313 Posted: 10-Sep-2021 at 17:16
ХАКЕРИ ГО НАПАЃААТ САЈТОТ НА ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА Попишувачите се на терен, ама не работат со полна пареа

Пописните активности на терен течат, не се прекинати, а се спроведуваат со намален интензитет со цел техничкото усогласување да се заврши во најкраток можен рок и час поскоро процесот да продолжи со висок интензитет како и досега, информираат денеска од Државниот завод за статистика (ДЗС).

„Ова се должи на техничките интервенции кои се вршат во софтверот за пописната апликација поради што се диктира и прилагодува темпото на попишување заради санирање на пречките кои доведуваа до успорување на пописната апликација. Тимот за техничка поддршка на пописните активности работи забрзано на надминување на проблемот и има сериозен прогрес, што значи дека во најбрз можен рок сите попишувачи ќе можат непречено да си ја извршуваат својата работа“, се вели во соопштението од ДЗС.

Од ДЗС, исто така информираат дека во последниве денови, веб-страниците на Државниот завод за статистика се под постојани напади и затоа во одредени периоди не се достапни поради заштитите што се користат за спречување на овие напади.

„Страниците се со највисоко ниво на безбедност, а податоците се заштитени на повеќе нивоа по највисоките ИТ стандарди“, посочуваат од ДЗС.

ДЗС апелира до јавноста да има разбирање за овие технички проблеми кои се вообичаени кога станува збор за масовни операции со користење на напредни технологии.

https://plusinfo.mk/hakeri-go-napa-aat-sa-tot-na-drzhavniot-zavod-za-statistika-popishuvachite-se-na-teren-ama-ne-rabotat-so-polna-parea/?fbclid=IwAR1Znw-EA6lXq7V7Ombo6UKOWYAZ1GdmltNjlcYQ32l9tF1ckxb7YXERwMw
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12649
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #314 Posted: 12-Sep-2021 at 13:28
ПОПИСОТ ПРОДОЛЖИ СО ПОСАКУВАНИОТ ИНТЕНЗИТЕТ, ДОСЕГА ПОПИШАНИ СЕ НАД 300 ИЛЈАДИ ГРАЃАНИ, ВЕЛАТ ОД ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА

Попишувањето продолжува со посакуваниот интензитет и темпо, соопшти Државниот завод за статистика, три дена откако оттаму рекоа дека се соочуваат со помали технички предизвици и прават технички усогласувања. Од ДЗС додаваат дека вчера до 20 часот се попишани 308.551 лице.

„Државниот завод за статистика ја информира јавноста дека попишувањето продолжува со посакуваниот интензитет и темпо. Заклучно со вчерашниот ден, 11 септември, до 20 часот, попишани се 308 551 лице. Само вчера беа попишани 114 308 лица“, соопштија од ДЗС.

Од ДЗС апелираат граѓаните да ги примат попишувачите во своите домови со доверба и почит и да ги дадат потребните податоци.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/popisot-prodolzhi-so-posakuvaniot-intenzitet-dosega-popishani-se-nad-300-iljadi-gragani-velat-od-drzhavniot-zavod-za-statistika/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12649
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #315 Posted: 24-Sep-2021 at 07:08
НЕМА СИЛА ШТО МОЖЕ ДА ГО МИНИРА ПОПИСОТ Бојкотирачите ќе се бројат како статистичка грешка

Ризикот за делегитимирање на разултатите од пописот е минимален, па дури и непостоечки, а бојкотирачите на статистичката операција, колку и да се, треба да сфатат дека ѕид не се руши со глава, особено ако наумиле да го срушат без некоја посебна причина. Ваков е ставот на политичките аналитичари со коишто разговараше Плусинфо, откако во јавноста почнаа да се поставуваат прашања дали и како би можел некој да ја „минира“ статистичката операција и да ги натера надлежните да го прогласат пописот за неуспешен.

Според аналитичарите, помалите етнички заедници во земјава се исплашени да не го загубат политичкото влијание во рамки на големите коалиции доколку резултатите од пописот покажат дека се помалубројни одошто сметаат дека треба да бидат.

Од друга страна, пак, Државниот завод за статистика (ДЗС) ни потврди дека бојкотирачите на пописот можат да се избројат на прсти и дека за разлика од неуспешниот попис во 1991 година кога бил активен масовен бојкот, сегашната операција се спроведува успешно според сите очекувања. Оние граѓани кои одбиваат да се попишат, појаснуваат од ДЗС, влегуваат во статистичка грешка која е дозволена во секоја статистичка операција во светот.

Политичкиот аналитичар Синиша Пекевски вели дека приказната со пописот завршува на 30 септември, а крај на натпреварот ќе свирне меѓународната заедница која ќе ја прогласи статистичката операција за релевантна и успешна.

– Ако се попише најголем процент од вкупното население, а под најголем процент мислам на повеќе од 95 отсто, тогаш статистичката операција автоматски се прогласува за успешна. Во секоја работа има минус, но верувам дека надлежните имаат точна стратегија како да постапуваат во случаи кога некои граѓани одбиваат да учествуваат во пописот. Затоа не очекувам на 30 септември да слушнеме ништо друго освен дека пописот бил успешен, иако, според мене, не е успешен затоа што не беше прифатен и одобрен од сите политички субјекти во земјава. За таква важна политичка операција треба сите да се согласат и никој да не повикува на бојкот. Како и да е, приказната со пописот завршува на 30 септември и никој нема да може да го оспори фактот дека операцијата е успешно спроведена, особено откако меѓународната заедница ќе го прогласи пописот како релевантен – вели Пекевски.

Втора шанса, па и трета
Многу е мал процентот на граѓани кои одбиле да учествуваат во статистичката операција, а тој процент секојдневно се намалува, бидејќи самите граѓани почнуваат да сфаќаат колку е важен пописот за државата и дека нивното бојкотирање никому не оди во прилог, вели директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, за Плусинфо.

– Ниту еден попис во светот не гарантира целосна покриеност, па затоа и ние водиме сметка за статистичката грешка. Работиме со комбиниран метод и ги имаме потребните регистри со податоци за сите наши граѓани. Па така, ако некој упорно бојкотира или нашите попишувачи никако не можат да го затекнат лицето во домот, ние ги отвораме регистрите и дознаваме дали лицето можеби е оправдано отсутно, или, пак, не сака да се попише поради некоја друга причина. Но, многу е важно тоа што не се соочуваме со активен бојкот на пописот. Наша должност е да го посетиме секое домаќинство, а должност на секое домаќинство е да учествува во статистичката операција. Има такви кои не сакаат да чујат за попис и упорно ги одбиваат попишувачите, па ние им праќаме наши луѓе кои ќе им објаснат за позитивните работи кои ќе произлезат од резултатите. На крајот, над 90 отсто од тие луѓе попуштаат и ги даваат потребните информации. Мал е бројот на граѓани кои сè уште не се попишале, ама ние повторно ќе им дадеме шанса да се предомислат, оти не сакаме никој да плаќа казна – објаснува Симовски.

На прашањето дали некоја политичка партија би можела да го делегитимира пописот по неговото завршување на 30 септември, Симовски рече дека таква опасност не постои.

– Некои политички партии водат активна кампања, односно пропаганда за бојкотирање на пописот. Но, освен тоа што таквото делување е навидум штетно за државата, сепак нема доволно моќ за да направи проблеми. Пописот ќе се затвори на 30 септември и приказната завршува. Тоа значи дека никој нема да може да ги делегитимира резултатите. Политичките партии можат да поднесуваат жалби колку што сакаат, но тоа не може да ѝ наштети на операцијата – вели Симовски.

Премал процент на бојкотирачи
Поранешниот директор на Државниот завод за статистика, Дончо Герасимовски, вели дека пописот ќе биде прогласен за успешно спроведен без разлика на оние граѓани кои потклекнале на пропагандите за бојкот на статистичката операција.

– За сите граѓани кои не се дома во моментот кога попишувачите им тропнале на вратата за да ги попишат, добиваат писменце на кое е наведено дека следниот ден попишувачот повторно ќе дојде за да ја спроведе операцијата. Обично, таквиот начин на комуникација со граѓаните функционира, бидејќи и самите граѓани во најголем дел го почитуваат договорот и ги очекуваат попишувачите повторно да пристигнат. Сепак, има и такви кои и покрај сите напори на Државниот завод за статистика и објаснувања за потребите од пописот, упорно одбиваат да учествуваат во статистичката операција – рече Герасимовски.

За среќа, додава тој, бројот на тие што бојкотираат е премал, па процентот на непопишани е излишен за пописот да биде прогласен за неуспешен.

– Во 1991 година, на пример, се соочивме со масовен бојкот на пописот, па тогаш бевме принудени да ја прекинеме операцијата. Но, сега таков проблем не постои и пописот ќе биде прогласен за успешно спроведен без разлика на оние што потклекнале на пропагандите за бојкот што ги водат некои политички партии. На 30 септември ќе се означи крајот на статистичката операција, а резултатите од пописот никој нема да може да ги оспори. Пописот сигурно ќе биде признаен и од страна на меѓународната заедница, па ниту една политичка партија во земјава нема да може да го делегитимира. Освен техничките проблеми и хакерските напади со коишто се соочивме на почетокот на операцијата, можам да кажам дека сум горд поради тоа што статистичката операција поминува онака како што очекував – објаснува Герасимовски за Плусинфо.

Услови и очекувања
Политичката партија Левица, отворено, јавно и недвосмислено води кампања за бојкотирање на пописот во земјава и тврди дека методологијата е на штета на Македонците. Лидерот на партијата, Димитар Апасиев, тврди дека 200.000 Македонци досега одбиле да соработуваат со попишувачите, а тоа, според него, е доволен процент за да се прогласи пописот за неуспешен.

Од друга страна, Денис Селмани од здружението „Аваја“ рече дека некој врши притисок врз Ромите во Македонија и дека ги тера да не се попишуваат како Роми. Тој очекува дека резултатите од пописот ќе покажат дека во Македонија живеат околу 100.000 Роми, односно 4 проценти од вкупното население.

Најава за можно непризнавање на статистичката операција испрати и Емин Хусрев од координативното тело за попис на Турците во Македонија, кој рече дека турската заедница нема да признае резултат кој вели дека во земјава живеат помалку од 7 проценти Турци.

Слична е ситуацијата и со Албанците во Македонија, а Арбер Адеми од ДУИ уште во јануари годинава рече дека албанската заедница нема да го признае пописот ако Албанците се под 20 проценти. Пратеникот од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, Халил Снопче, пак, рече дека Албанците во Македонија се над 29 проценти.

Во истиот ред застанаа и бугарските политичари кои тврдат дека 130.000 македонски граѓани имаат бугарски пасош, па оттаму очекуваат процентот на Бугари во Македонија да се рефлектира и во пописните резултати.

https://plusinfo.mk/nema-sila-shto-mozhe-da-go-minira-popisot-bo-kotirachite-e-se-bro-at-kako-statistichka-greshka
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12649
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #316 Posted: 30-Sep-2021 at 12:06
Денеска завршува пописот, ќе излезе дека Македонија има жители колку и гласачи. Каде се малолетните?

На овие локални избори официјално регистрирани се 1.824.864 гласачи, полнолетни граѓани на Македонија. Според некој статистички просек, околу 20 отсто од населението се малолетни лица или според бројката на ДИК и МВР за регистрирани гласачи, Македонија на овој попис би требало да има околу 2,2 милиони жители. Денеска завршува пописот на населението во Македонија, а до вчера се попишани околу 1,8 милиони лица. Тоа значи дена денеска конечната бројка на населението треба да покаже дека во Македонија живеат околу 1,9 милиони жители. Оваа бројка е приближно еднаква со бројот на гласачи. Тоа значи некаде недостигаат околу 300 илјади жители.
Вака излегува дека овој попис земајќи ги државјаните за главна единица за попишување ги изедначи пописот и избирачкиот список. За бројот на државјани под 18 години, а се во странство може само да претпоставуваме. Досега од дијаспората се попишале околу 200 илјади македонски жители кои повеќе од 12 месеци се во странство.

Според дефиницијата за овој попис излегува дека Македонија треба да има 2,3 милиони жители.

Има многу нелогичности во пописните дефиниции, но најважното е дека се изедначени пописот и избирачкиот список. Оттаму опфатот на овој попис е загрижувачки и покрај претпоставките дека има многу двојно попишани што значи тие 1,8 милиони се реално и помалку, велат експертите.

Она што загрижува, според експертите е и тоа што овој попис нема никакви контролни механизми, не се бараат документи, трети лица даваат податоци за отсутните, нема никаков механизам за контрола на опфатот и квалитетот т.е. точноста на податоците, во законот нема постпописно истражување кое во сите пописи е инструмент за контрола на точноста и опфатот.

И покрај овие нелогичности, одговорните лица велат дека сѐ се одвива според законските норми, дека нема потреба од продолжување на пописот и дека денеска, како што е и предвидено со законот, пописот завршува, а за околу шест месеци треба да се очекуваат првите резултати.

Во однос на дилемите за тоа зошто во прашалникот за попис стои припадност на етничка група или етничка заедницам од Државниот завод за статистика велат дека така било и досега и дека се работи за стандард на Обединетите нации. „Во пописниот прашалник има прашање за државјанство и прашање за припадност кон етничка заедница. Прашањето за државјанство е задолжително според Препораките на ООН и сите држави мора да го вклучат во пописниот прашалник, а прашањето за етничка припадност е незадолжително, односно секоја земја одлучува дали ѝ се потребни тие податоци. За жал, во пописите во нашата држава прашањето за етничка припадност е најважното прашање и околу него се кршат сите копја, но и токму поради ова прашање не можевме да спроведеме попис 20 години. При составувањето на прашалникот за попис, се тргнува од Препораките на ООН кои се задолжителни за сите земји и според националните потреби. Ова е стандард во сите досегашни пописи, па и во овој“, велат од Државниот завод за статистика.

https://www.mkd.mk/makedonija/politika/deneska-zavrshuva-popisot-kje-izleze-deka-makedonija-ima-zhiteli-kolku-shto-ima
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5307
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #317 Posted: 30-Sep-2021 at 14:47

Да се укинат глупостите со 20% и 25%, албанскиот да стане официјален во цела држава, и Скопје да стане двојазично со закон, па после и Сарај и Кондово нека си ебаат мајката во приградска рурална селска општина и општина Бутел да го голтне Чаир, а општина Центар да биде раководена директно од Град Скопје и градоначалникот - па на пописите нека си бидат со 15% Албанци и проблемот решен. Вака со племенски глупости крајот не ни се наоѓа.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1525
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #318 Posted: 30-Sep-2021 at 15:39
Наместо тоа, јас би го спуштил прагот на 15% за официјален јазик на ниво на цела цржава. Со тоа ќе се задоволи Македонската страна да Македонскиот јазик биде единствен официјален по устав, а другите да бидат по процент. А ем нема да ги има овие глупости со 20 или 25 проценти.

Сепак постои ризик Македонскиот како политички неподобен јазик да биде избегнуван и на државата да и се обраќаат дипломатски на Албански. И плус Албанскиот користи латиница за разлика од Македонскиот, па глупаво е сепак да стимулираме еден тотално вештачки процес во Македонија.

Значи ок е сосема ова со модусот Македонски јазик единствен официјален по устав, а други според процент. Доволно е тој процент да се намали на 10 15. Макар и до 1% да се намали, сепак да остане формулацијата на процент. Зашто па инаку после и проблем е, она што венецијалнаката комисија го уочи. А тоа е дека формално правно еден закон, или договор, или што и да е правен акт, мора да се каже на кој јазик е официјалната верзија при судски спорови, а која верзија е превод на оригиналот. Затоа е битно Македонскиот да остане единствен за оваа намена.

Edited by user8642 - 30-Sep-2021 at 15:53
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 665
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #319 Posted: 30-Sep-2021 at 15:42
Potpolno se soglasuvam so tvojot post. I ne znam zošto tolku gi čudi brojot vo glasačkite spisoci. Lugeto emigriraat i ne se odjavuvaat, ostanuvaat vo glasačkiot spisok iako ne živeat vo zemjata. Možat koga ke dojdat izbori da se vratat doma, da glasaat i da si zaminat pak vo Švajcarija, germanija, itn. Ne e ništo protivzakonski.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12649
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #320 Posted: 01-Oct-2021 at 07:23
ПОПИСОТ ЗАВРШИ, ПОПИШАНИ 1.832.696 ГРАЃАНИ

Директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС) Апостол Симовски вечерва соопшти дека пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија заврши, а попишани се 1.832.696 лица, 568.175 домаќинства и 837.255 станови.

Од дијаспората, самопопишани се 204.805 македонски државјани.

Симовски рече дека бројката на оние што одбиле да се попишат е занемарувачка и за нив ќе бидат покренати постапки. Резултатите од пописот се очекува да бидат објавени во рок од шест месеци, односно до крајот на март следната година.

„Пописот е целосно успешно спроведен. Земјава покажа дека има капацитет да спроведе ваква тешка статистичка операција. Сите домови беа посетени, сите граѓани беа дел од пописот, а оние кои не беа опфатени, а се дел од базите на податоци, ќе бидат дел од пописот“, изјави Симовски на прес-конференција.

Ова е прв завршен попис во земјата по 2002 година, кога беа попишани 2.022.547 граѓани.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/popisot-zavrshi-popishani-1-832-696-gragani/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 14151617>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.