build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Демографија
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Демографија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 8910
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2074
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 03-Jun-2020 at 17:12
Објавени се и конечните податоци за 2019 година: 19,845 живородени бебиња на територијата на РСМ. За прв пат во забележаната историја се родиле помалку од 20,000 бебиња.

Споредено со годината претходно, падот изнесува 1,488, или 6.98%. По региони: Полошки 3,028 (-5.43%), Скопски 7,559 (-5.75%), Пелагониски 1,849 (-5.76%), Североисточен 1,595 (-6.89%), Југозападен 1,728 (-7.49%), Вардарски 1,362 (-8.10%), Источен 1,245 (-10.43%) и Југоисточен 1,479 (-12.79%). Конче (28%), Вевчани (28.57%) и Карбинци (38.24%) стојат најдобро, а Пласница (32.08%), Росоман (43.18%) и Ново Село (56.67%) најлошо.

Во Скопје се родиле 6,281 бебе, за 5.73% помалку.


Во последните 5 години, падот на наталитетот е голем. Лани се родиле 3,751 бебе помалку од 2014 - колапс од 15.90%. Во Скопскиот регион има пад од 7.75%, во Вардарскиот 14.93%, Полошкиот 16.88%, Североисточниот 20.57%, Југоисточниот 21.66%, Пелагонискиот 22.89%, Источниот 22.96% и Југозападниот 23.13%. Најголемо зголемување има во Бутел (9.32%), Демир Хисар (9.80%) и Богданци (22.06%), а најголемо намалување има во Пласница (50%), Ново Село (64.38%) и Зрновци (73.33%). Чучер Сандево (0.65%), Дебарца (3.23%), Карбинци (4.44%), Арачиново (5.71%) и Центар (7.67%) се останатите од вкупно 8 општини каде има раст, а од поголемите градови, во Штип (25.75%) и Кичево (28.69%) има пад за повеќе од четвртина.


Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 638
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 05-Jun-2020 at 15:29
strašno, strašno. Od ovaa situacija teško deka ke najdeme izlez
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 21-Jun-2020 at 17:12
Живородени (после 2003 година не се вбројуваат веќе родените во странство)

Македонци

1992: 17.380 (52.3%)
1993: 16.666 (51.5%)
1994: 16.704 (49.9%)
1995: 15.853 (49.3%)
1996: 15.315 (48.8%)
1997: 14.290 (48.5%)
1998: 14.004 (47.9%)
1999: 13.308 (48.7%)
2000: 14.173 (48.4%)
2001: 13.299 (49.2%)
2002: 13.639 (49.1%)
2003: 13.353 (49.4%)

2004: 12.488 (53.5%)
2005: 11.923 (53%)
2006: 11.707 (51,8%)
2007: 11.807 (52%)
2008: 12.254 (53,3%)
2009: 12.490 (52,7%)
2010: 12.658 (52,1%)
2011: 11.544 (50,6%)
2012: 11.995 (50,8%)
2013: 11.550 (49,9%)
2014: 12.099 (51,2%)
2015: 12.308 (53,3%)
2016: 12.047 (52,4%)
2017: 11.260 (51,76%)
2018: 10.862 (50,91%)
2019: 10.039 (50,58%)


Албанци

1992: 11.479 (34.5%)
1993: 11.353 (35.1%)
1994: 12.010 (35.9%)
1995: 11.607 (36.1%)
1996: 11.409 (36.3%)
1997: 10.491 (35.6%)
1998: 10.641 (36.4%)
1999: 9.838 (36.0%)
2000: 10.750 (36.7%)
2001: 9.604 (35.6%)
2002: 10.118 (36.4%)
2003: 9.766 (36.2%)

2004: 7.390 (31.6%)
2005: 7.230 (32,1%)
2006: 7.396 (32,7%)
2007: 7.392 (32,5%)
2008: 7.309 (31,8%)
2009: 7.454 (31,4%)
2010: 7.888 (32,4%)
2011: 7.727 (33,9%)
2012: 8.035 (34,1%)
2013: 8.137 (35,1%)
2014: 7.908 (33,5%)
2015: 7.604 (32,9%)
2016: 7.774 (33,8 %)
2017: 7.404 (34,03%)
2018 7.546 (35,37%)
2019: 7.047 (35,5%)


Турци

2010: 1.080
2011: 1.046
2012: 1.092
2013: 1.104
2014: 1.135
2015: 1.098
2016: 1,031
2017: 940
2018: 973
2019: 876


Роми

2010: 1.806
2011: 1.574
2012: 1.552
2013: 1.554
2014: 1.545
2015: 1.271
2016: 1.334
2017: 1.271
2018: 1.298
2019: 1.272

Бошњаци

2010: 192
2011: 213
2012: 251
2013: 248
2014: 261
2015: 248
2016: 233
2017: 213
2018: 221
2019: 196

Срби

2010: 109
2011: 111
2012: 125
2013: 120
2014: 109
2015: 112
2016: 131
2017: 129
2018: 125
2019: 118
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 21-Jun-2020 at 17:13
Живородени-Умрени

2008... 2019

Македонци

12 254 - 14 140
12 490 - 14 332
12 658 - 14 298
11 544 - 14 409
11 995 - 14 823
11 550 - 14 219
12 099 - 14 716
12 307 - 15 163
12 047 - 15 091
11 260 - 15 005
10 862 - 14 455
10 039 - 15 206



Албанци

2008...2019

7 309 - 3 170
7 454 - 3 023
7 888 - 3 073
7 727 - 3 198
8 035 - 3 416
8 137 - 3 230
7 905 - 3 106
7 604 - 3 402
7 774 - 3 435
7 404 - 3 434
7 546 - 3 433
7 047 - 3 432

Edited by kiriOK - 21-Jun-2020 at 17:15
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5624
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 06-Jul-2020 at 15:39
Продолжува миграцијата село – град: Од лани 1.122 лица станале скопјани

Ако се направи споредба на доселувањата и на заминувањата од Скопскиот регион, тогаш може да се забележи дека во 2019 година, главниот град Скопје има нови 1.122 жители. Податоците од анкетите говорат дека дури 49 отсто од мигрираните изјавиле дека се преселиле заради склучување брак, 28 отсто од семејни причини, 7,9 отсто заради вработување, а само 0,8 отсто како причина за иселувањето го навеле образованието

Ако се направи споредба на доселувањата и на заминувањата од Скопскиот регион, тогаш може да се забележи дека во 2019 година, главниот град Скопје има нови 1.122 жители. Податоците од анкетите говорат дека дури 49 отсто од мигрираните изјавиле дека се преселиле заради склучување брак, 28 отсто од семејни причини, 7,9 отсто заради вработување, а само 0,8 отсто како причина за иселувањето го навеле образованието

Внатрешната миграција на ниво на региони покажува дека најголемо учество од 36,6% имаат преселбите од село во град, додека меѓуградските преселби учествуваат со 8,2%. Салдото на надворешни миграции е најголемо во Скопскиот регион и изнесува 1.233 лица – појаснуваат од Статистика.

Во градовите во Македонија лани се родиле 11.772 деца, додека во селата 873 новороденчиња. Најмногу деца се родиле во Скопскиот регион – 4.997 што е (38,1%), а најмалку во Источниот регион (6,3%). Наспроти тоа, лани во градовите починале 12.831 лице што е 62,8% од вкупниот број на умрени.

– Најголемо учество во однос на вкупниот број на починати лица по региони е Скопскиот со 4.721 (29,9%), а најмалку е Североисточниот со 8,1% – информираат од Државниот завод за статистика.

Податоците покажуваат дека во градските подрачја починале 66 доенчиња, а во селските 46. Просечната возраст на умрените лица во градските средини е 73,7 години, наспроти 73,8 години во селските.

Природниот прираст кај населението во градовите е негативен и изнесува 1.059 лица (значи повеќе починале отколку се новородени). Додека во селата има позитивен прираст на населението од 458 лица. Загрижува фактот што дури во шест региони во државава има негативен прираст на населението и тоа во: Вардарскиот, Источниот, Југозападниот, Југоисточниот, Пелагонискиот и Североисточниот регион.

Податоците од анкетите говорат дека дури 49 отсто од мигрираните изјавиле дека се преселиле заради склучување брак, 28 отсто од семејни причини, 7,9 отсто заради вработување, а само 0,8 отсто како причина за иселувањето го навеле образованието.

Ваквите несразмерни демографски промени носат опасност од целосно опустошување одредени делови од нашата земја, процес што е веќе започнат и кој најдобро може да се забележи доколку се прошета низ селата. Ретки со некои рурални средини каде што може да се видат млади, а уште поретки селата каде што може да се чуе детски џагор. Всушност, од географската карта на Македонија во иднина би можеле да се избришат најмалку стотина села во кои веќе со децении не живее никој.

(С.Бл.)

https://www.vecer.press/продолжува-миграцијата-село-град-од-л/
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 06-Jul-2020 at 20:55

Има ли начин да се демотивираат Македонци да стануваат скопјани!?
една добра гачка би било да вадејќи се на екологијата но и на некомплетираната примарна сообраќајна мрежа во Град Скопје да се кренат тродупло комуналии за оние кои не се родум од градот, но тоа би паднало на Уставен како нерамноправност во однос правото на Слободно Движење претпоставувам, но и да помине некако правно ваква гачка доколкиу се наштима соодветно легислативата апропо кризни времиња т.е. оправданост од кризни мерки повторно тоа не е доволна издашка на нечиј домашен буџет за да се кандиса за Реемиграција во својо роден крај ...
можеби чаре е во однос вработувањето законски Први да имаат предност оние кои се Родени во Скопје а потоа сите останати, но и ова на Уставен ќе падне освен ако и за ваква мерка не се впрегнат некои Кризни Закони ...
сигурно најбезболно ресетирање на овој тренд на скопјанизација на Македонија е преку масовно заживување на Земјоделието но не на индивидуалистички туку колективистички начин иако сред кашатализам но со оправдување дека тоа се прави пред се’ заради Социјално Загрозените Сограѓани, да не верглам ко рипит-папагал (иако би требало бидејќи постојните удбалитичари никогаш нема вакво нешто да завозат ним им требаат што повеќе бројлери за во тирз-ои) кој не ет запознаен нека ѕирне следниве фусои [1][1][1] ... Само Ако Продолжи Ко Досега Да Си Дреме Народ и чека некој да го ослободи, ќе се изначека на постојните Затворени В Себе Партии кои ко такви и нешто да извадат како Програма за Живот (а не заживување) на Селата истата бидејќи ја клепале двајца без тројца ко таква ниту ќе биде ефктивна ниту пак решение за постојниот ќорсокак на повеќе нивоа од економија преку градежништво, Народ пак наместо да бара излез од ваквата зачауреност Самоорганизирајќи се по Невладини еФоруми со капацитет да станат Партии доколку правилно се распалуе Дебата тој дреми на фејкбук и чека да го фтаса долгонајвуваната светска економска депресија, а тој и да се сети дека мора да се Сплоти прашање е дали од тоа ќе има целисходно фајде во однос Самоодржлова Рурална Реемиграција која натака во зорт околности би ги крепела и градоите ...
се чудум како оние 40% кои сега мигрираат од Село во Град како никој ако не самите тие да ги освестува колку е саат и ги праша што мајка бараат да се гетоизираат во скотската центрифуга, дали се свесни дека се осудиле доброволно на самоизолација за возврат можноста да шетаат по булеварски тротоар и пијат кафе во пластика, си трампале Природен за вештачки веј оф лајф уште сега, а тро потака и онаков дистописки апокалиптичен при што само и храната купена во маркети е напудрена со стотици хемии а не пак соживотот кој денес станал зависен строго од ефтин материјалистички интерес - бреј треба и јавно да им се честита на кусогледиот Подвиг да си скоцкаат и сотрат живото во постојнава скотска касапана!   


Edited by Zelenikovo - 06-Jul-2020 at 21:00
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 24-Jul-2020 at 16:22

за кој и зошто нашите Социолози одработуваат изборно-демографски проекти, а ако порано тоа го праеле субверзивно невладини организации, денес самите Институции им прибираат подобни Анализи, претпоставувам - така полесно и побрзо ќе сме се демократизирале - им е изговорот на оние кои ги прифатиле грантоите, само после не се чудете зошто не бушат кога и како сакаат ко швајцарско сирење, протнувајќи ни континуирано инструирана "демократија" изборно, од која директно аир гледаат удбашко-удбалитичарски кланои најчесто а евентуално индиректно Народ колку да преживее, но таквиот "демократски спин" не сведе на ниво да сме рамнодушни кон Себството а да спас да гледаме во континуитет Понадвор, арно им се може додека им се може, а потоа нек си пребројуваат демографски-изборно азијци и африканци како тргнало натака и ќе заврши!?

http://www.isshs.edu.mk/demographic-research-in-north-macedonia/ [1][1]

не е ни тајна дека cia е консиљере ако не замаец на "фондацијата"

https://militarist-monitor.org/international_foundation_for_electoral_systems/ [1][1]

Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2074
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 12-Aug-2020 at 16:04
Излезена е публикацијата за природно движење на населението во 2019, па направив графикони за движењето на бројот на живородени според етничката припадност на мајката. Сите податоци се преземени од бројни публикации на ДЗС.

Бројот на родени има тенденција на намалување, со тоа што во 2015 има сериозен пад кај Ромите, а од 2016 кај Македонците


Етничката структура изминативе 14 години е горе-долу слична, со благо зголемување на Албанците на сметка на Македонците и Ромите


Лани бил забележан најмалиот број живородени вкупно и живородени Македонци, Албанци, Турци, Роми и ВБО откако започна водењето на новата детална статистика во 2004. Бројот на Власи е мал со големи варијации (со зголемување од 2004, во некои години и со индекс над 250), а Бошњаците посебно се водат од 2005, па ги групирав со останатите.


Просечен број живородени во тригодишни периоди


На ниво на државата, забележливо е намалување на уделот на живородени Македонци споредбено со вкупниот број на Македонци на пописот во 2002, зголемување на уделот на Албанци, значително зголемување на уделот на Роми (со обратен тренд последниве години) и значително намалување на уделот на Срби и Власи (исто обратен тренд).


Во Град Скопје ситуацијата е слична како на ниво на цела држава, со повоочливо намалување на разликата помеѓу двете најголеми етнички групи.


Во Битола има средно-благ пад на Македонците и раст на Ромите, како и средно зголемување на Албанците


Во Гостивар структурата на живородени е многу слична со структурата на населението во 2002, но има раст на Ромите на сметка на Албанците


Слично е и во Кичево, со тоа што шифтот Албанци->Роми е поголем и растот на Македонците е малку повоочлив


Во Куманово има благо намалување на Македонците и посериозно на Србите, но средно-благ раст на Албанците и посериозен на Ромите


Струга забележала пад на уделот на Албанци и Турци и огромен раст на останатите - веројатно Македонци муслимани кои се пишале или така или само муслимани, а не Албанци или Турци (или Македонци), како и раст на Македонците. Последниве неколку години, сепак, се гледа реверзија на тој тренд и поместување од останатите кон Албанците и Турците.


Во Струмица има големо поместување Македонци>Турци


Тетово доживува блага хомогенизација, со раст на Албанците и пад на Македонците,


Додека во Штип има шифт Македонци,Власи>Роми
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2074
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #189 Posted: Today at 15:10
Удел на живородени бебиња од мајки со македонско државјанство во странство во вкупниот број живородени по општини.

Напомена: бројот на родени во странство е се води одделно и тие бебиња не се дел од регуларниот број на живородени.


Најчеста држава на раѓање. Под „останати“ се вклучени сите земји кои не се набројани на картата (плус AT, DK, UK, CA и US), па ако тие се разбијат веројатно картата ќе биде поцрвена, позелена и пожолта, а помалку сива.


Вклучувајќи ја и Македонија. Во Ново Село, Маврово и Ростуше и Центар Жупа повеќе од половина бебиња се родиле во една странска држава.


Извор е истата публикација на ДЗС
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 8910

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.