build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Демографија
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Демографија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Online
Posts: 5062
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #221 Posted: 01-Feb-2021 at 22:30

Миграција село-град? Ова е проблем во сите „наши“ средини, си викам истото важи и во албанските.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1050
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #222 Posted: 02-Feb-2021 at 00:10
Миграција село-град, да! Ама "град" не се подразбира секогаш да е во Македонија! Шала на страна, во една друга тема го зборевме ова. Видете ја екпанзијата на згради што се случува во Чаир, во Тетово, во Гостивар. Веќе ни иселениците не се понашаат такк нецивилизирано и неефикасно да градат 4 спрата торта која после седи празна. Доволно им е да купат стан за да имаат каде пристојно да одседнат додека се тука неколку недели во годината, за празник, за свадба,....... за попис, за избори.
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 746
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #223 Posted: 02-Feb-2021 at 13:34
Originally posted by user8642

Групчин, така ќе се подели. Скопје ќе го Македонизираме откако во нашиот дел политичката сила на албанците ќе исчезне. Истото е и со Тетово. Толку е просто.


Граница кај Ѓорче и 50,000 македонци од Полошко да се заменат со исто толку албанци од Скопје и околината...со овие два потеза бројот на албанци во скопскиот регион ќе се намали за дупло....и одма лакше се дише.
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 214
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #224 Posted: 02-Feb-2021 at 14:13
I za 10 godini ke imame iscisten zapaden del od Makedonci i povtorno nakoteni Albanci vo Skopskiot region. Razmena na naselenie, genocidni idei za cistenje na edni i drugi od rodni kraista ne samo so se losi sami po sebe nego ke ostanat kako traen i neresliv konflikt so koj nikogas nema da prosperirame kon EU i NATO.

Zatoa so vika eden moj skolski pravete pari i deca oti ni nema spas (ova poslednovo na sala)
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 746
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #225 Posted: 02-Feb-2021 at 15:19
Originally posted by MKDSTRUGA

I za 10 godini ke imame iscisten zapaden del od Makedonci i povtorno nakoteni Albanci vo Skopskiot region. Razmena na naselenie, genocidni idei za cistenje na edni i drugi od rodni kraista ne samo so se losi sami po sebe nego ke ostanat kako traen i neresliv konflikt so koj nikogas nema da prosperirame kon EU i NATO.

Zatoa so vika eden moj skolski pravete pari i deca oti ni nema spas (ova poslednovo na sala)



Незнам дали знаеш...али коа ќе излезеш од Ѓорче па до Другово, македонско влијание скоро и да нема,за 10 години нејќам ни да мислам што ќе биде.
Инаку со такво иселување на пола албанско население од Скопско, ќе биде демографски удар за нив од кој никогаш нема да се повратат.

А моменталната положба е геноцидна и мачна за сите, и не гарантира ама баш никаков развој. Грција е најсилна, најстабилна и најпросперитетна држава на Балканот баш поради тоа што е и најхомогена...
Размена на население и територии е увод во траен мир и просперитет, особено во наш случај.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 635
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #226 Posted: 02-Feb-2021 at 16:37
Originally posted by kiriOK


Размена на население и територии е увод во траен мир и просперитет, особено во наш случај.


Совршено концизно решеие, бравос!

И Милошевич и Туџман имаа иста идеа за Босна, па ете ја, моментално кај економските аналитичари е позната како „Балкански тигар„, со просечна стапка на раст од 8,7% годишно. Да не зборуваме за социјалната кохезија и прогресивните ставови на политичките елити таму.

п.с. Додиќ е еден од кандидатите за Нобелова за мир за 2021.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Online
Posts: 5062
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #227 Posted: 02-Feb-2021 at 16:57
Додик, не Додиќ, ама point taken. Има мала разлика сепак, таму со сила беше прекинат процесот на хомогенизација, и сега се заглавени во статус кво - веќе почнале да се убиваат, ама сега на сила мора да живеат заедно.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 214
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #228 Posted: 02-Feb-2021 at 18:14
Грција е настаната во други околности со масовни размени на население пред се со Турција, Бугарија како и невиден геноцид. Но тоа беа други времиња, тоа беше 19 и 20 век. Кога големите сили имале интерес тоа било лулка на демократијата одбрана од Исламот и Османлиите. Денес во 21 век кој мене многу повеќе ми се свиѓа од предходните (најкрвавите) два, кога секој знае и гледа се што се случува во светот, како би се убедил човек Македонец од запдна Македонија или Албанец од Скопје на сила да си го остави домот и имањето и да си оди во име на етнички чисти територии? Еве ти ако си од Скопје или источна Македонија би му дал куќа на некој Македонец од Тетово? Јас мислам дека денар не би дале мнозинството Македонци да им помогнат на сонародниците од западниот дел од државата.

Иначе Албанците со безмалку 20 промили наталитет и половината да ги иселиш ќе имаат позитивен природен прираст во Скопскиот регион и постепено ќе растат Тие безмалку имаат 3 родени Албанчиња на еден починат во Скопскиот регион. Од друга страна ние Македонците и покрај доселувањето би стагнирале што поради се поголемото заминување во странство а смалено доселување во Скопје, што поради се поголемиот негативен природен прираст... Врти сучи за 10 год па ќе треба да се делиме...

За нас решение е здрави демографски мерки како и мерки за еманципација на малцинствата кои се осетно по не еманципирани од нас. Се друго ќе биде крај и за држава и за слобода а за многу луѓе и не среќен крај на нивните животи.

Јас секогаш велам дека има баланс во природата и кога би имале солидна економија Демографските движења би биле стабилни. На секој човек кој не сака да има деца сигурно има и човек кој сака голема фамилија и просекот би бил балансиран. Проблемот е што економска состобја кај нас Македонците повеќе повеќе тежнее конј оние кој не сакаат или сакаат мали семејства а помалку тежнее или балансира на оние кој сакаат поголеми семејства.

Од друга страна со не еманципацијата кај малцинствата имаме обратен процес, големи семејства имаат и луѓе кои најверојатно при еманципиран живот би имале други интереси наместо 5 деца, додека оние кои сакаат да имаат многу деца се дополнително стимулирани од средината.

Просто да објаснам, кога Македонците кои сакаат поголеми семејства би имале доволно средства да ги изгледаат и Албанците кои сакаат кариера наместо 5 деца би се еманципирале и едуцирале, демографскиот проблем би се решил.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12288
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #229 Posted: 02-Feb-2021 at 18:45

Демографскиот проблем на Македонскиот народ (и решението), лежи кај самите Македонци, не кај Албанците. Слично е и со демографско-политичката стабилност на државата.

Еве за момент заборавете на Албанците. Што ќе видите ако анализираме само кај Македонците?
1. Долг период на катастрофален фертилитет, со понатамошен надолен тренд.
2. Влегуваме во период кога завршуваат бројчано силните генрации родени до 90-тите, а со тоа нагло ќе почне да ни паѓа репродуктивно способното население.
3. Масовно иселување од земјата, особено на младото, репродуктивно и работоспособно население.

Така да, дури и да имавме етнички чиста држава, пак ќе имавме голем демографски проблем.

Јас би рекол дека треба да почнеме од самите себеси. За точката 2 сме немоќни, но по точките 1 и 3 работите можат да се подобрат (а тоа за 25 години би имало ефект и кај трендот на точката 2).


Најактивни секако треба да се најгласните патриоти, па еве за почеток kiriOK може да се врати од Англија, и да направи барем 2-3 деца
И тоа е полесниот дел, после ќе треба од нив да направи луѓе и да ги воспита да си ја сакаат татковината со дела, а не само со зборови.




Edited by Cloverstack - 02-Feb-2021 at 19:20
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 214
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #230 Posted: 02-Feb-2021 at 22:13
Originally posted by Cloverstack


Демографскиот проблем на Македонскиот народ (и решението), лежи кај самите Македонци, не кај Албанците. Слично е и со демографско-политичката стабилност на државата.

Еве за момент заборавете на Албанците. Што ќе видите ако анализираме само кај Македонците?
1. Долг период на катастрофален фертилитет, со понатамошен надолен тренд.
2. Влегуваме во период кога завршуваат бројчано силните генрации родени до 90-тите, а со тоа нагло ќе почне да ни паѓа репродуктивно способното население.
3. Масовно иселување од земјата, особено на младото, репродуктивно и работоспособно население.

Така да, дури и да имавме етнички чиста држава, пак ќе имавме голем демографски проблем.

Јас би рекол дека треба да почнеме од самите себеси. За точката 2 сме немоќни, но по точките 1 и 3 работите можат да се подобрат (а тоа за 25 години би имало ефект и кај трендот на точката 2).


Најактивни секако треба да се најгласните патриоти, па еве за почеток kiriOK може да се врати од Англија, и да направи барем 2-3 деца
И тоа е полесниот дел, после ќе треба од нив да направи луѓе и да ги воспита да си ја сакаат татковината со дела, а не само со зборови.




Се согласувам 100%
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9659
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #231 Posted: 05-Feb-2021 at 13:06
Лицата во странство ќе се самопопишуваат, но за нив ќе може да одговара и некој близок: Објавени сите детали за пописот

Резидентите секој сам од дома лично, а лицата кои се државјани на Македонија, а не се овде подолго од една година ќе се самопопишат преку посебна апликација која веќе е изработена или за нив ќе може да одговара лице кое добро ги познава. На пописот, најголемата статистичка операција која во Македонија ќе се спроведува во месеците март и април ќе се попишува вкупното резидентно и вкупното нерезидентно население. Државниот завод за статистика ја објави денеска методологијата за извршување на овој процес.

Кој се е резидент, а кој не е? Според методологијата во вкупното резидентно население спаѓаат лицата државјани со место на вообичаено живеење во Македонија без оглед дали на пописот се наоѓаат на местото на живеење или во друго место во државата. Резиденти се и лицата – странци кои престојуваат во земјава подолго од 12 месеци со одобрение за привремен престој, но и лицата што имаат место на живеење во Македонија, а се во странство помалку од една година поради работи или друга причина како и членовите на нивните семесјтва кои престојуваат со нив.

Резиденти се и лицата што имаат место на вообичаено живеење во Македонија, но во моментот се во странство како дипломати или претставници на комори, на армијата. Во вкупното резидентно население спаѓаат и странците со признат статус на бегалец што ќе се најдат во Македонија за време на пописот, но и странците со признато право на азил поради супсидијарна заштита кои во времето на пописот се нашле во Македонија. Резиденти се и странците со поднесено барање за признавање право на азил.

Нерезиденти, пак се лицата лицата државјани на Македонија кои во времето на пописот престојуваат во странство повеќе од 12 месеци поради работа или друга причина како и членовите на нивните семејства. Нерезиденти се и лицата странци кои престојуваат во земјава до 12 месеци односно помалку од една година со одобрение за привремен престој.

Сите ќе се попишуваат со таканаречен комбиниран метод на попис.

„Овој попис ќе се спороведе со комбиниран метод на попишување. Истовреемно ќе се врши попишување на терен, но во исто време и користење на единиците кои ги имаме во базите на податоци. Линкот на овие бази ќе биде со користење на единствениот матичен број на лицето. Вака се намалува потребното време за вршење на пописот, но се намалува и трошокот на целокупната операција, но и потребното време за обработка на податоците, конечни податоци за пократок период, рече Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика.

Има посебна пописна база, а во неа влегуваат податоците од Министерство за одбрана, од Министерство за правда, Министерство за образование и наука, Аггенција за вработување, Управа за јавни приходи, Агенција за катастар за недвижности и сите податоци од Државниот завод за статитистика.

Попишувачите ќе бидат цело време он лајн поврзани на базите – ќе има 150 државни инструктури, вработени во ДЗС, и најмалку 5.500 попишувачи.

Како ќе се попишуваат лицата кои се надвор од земјата – Симовски објасни дека има два начини на попишување. Едниот е самопопишување односно лицата кои се надвор од земјата на посебна апликација да ги пополнат сите податоци, додека вториот е за нив да одговараат и лица кои им се блиски, односно кои добро ги познаваат. Апликацијата на која ќе се самопопишуваат ќе биде достапна од 1 март до 21 април. Симовски вели дека таа е апсолутно безбедна и на неа ќе се пристапува со посебни процедури, но на неа нема да може да се вклучи никој од Македонија, туку само лица од странство.

„За лицата што се наоѓаат во странство има посебно апликативно решение и лицата сами ќе можат да ги дадат своите податоци за себе. Бидејќи за жал, не можеме да гарантираме дека секаде ќе стигне информацијата даваме можност и за нив да одговараат лица кои ги познаваат. Но, секако не може во име на друг да даде одговор за етничка и религиозна припадност и за јазик. Затоа, сега имаме можности технолошки да се искомуницираат тие луѓе и сами да ги кажат, вели Симовски.

Контролата за тоа дали некој дава лажни податоци ќе се прави отпосле со проверка на податоците во сите бази кои се користат. Тој вели дека со нив може лесно и брзо да се провери дали некој дал лажни податоци – на пример со податоци од Фондот за здравствено осигурување или од МВР во однос на граничните премини, но и од други институции.

Контролата не ја прави попишувачот на лице место, тоа ќе се прави подоцна.

На листите ќе има околу шеесетина прашања, и тие се на седум јазика. Не е можно да не се даваат сите податоци, но секако бројот на прашањата зависи од тоа дали станува збор за лице кое е вработено или оди во училиште.

Симовски не сакаше да коментира политички изјави и мислења во однос на одложување на пописот. Рече дека било кој ќе одлучи да бојкотира си прави штета само на себе.

Попишувачите нема да се тестираат за присуство на корона вирусот, затоа што постојано ќе с ена терен. Симовски вели дека постојано ќе бидат со маски.

https://faktor.mk/licata-vo-stranstvo-kje-se-samopopishuvaat-no-za-niv-kje-moze-da-odgovara-i-nekoj-blizok-objaveni-site-detali-za-popisot
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 214
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #232 Posted: 05-Feb-2021 at 13:29
Sto mislite sto e poloso da nemame popis ili da imame popis na koj ke ispadneme 2.1 milioni ziteli ( edno 400.000 plus od toa sto stvarno sme)?
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1050
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #233 Posted: 05-Feb-2021 at 14:24
Мислам дека е најпаметно да се направи практично паралелно два пописа, еден на резиденти (плус странски државјани затекнати повеќе од Х месеци), вториот на државјани (плус иселените граѓани). Па кој како сака нека толкува после.

Edited by user8642 - 05-Feb-2021 at 18:27
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1203
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #234 Posted: 05-Feb-2021 at 18:13
Па и тоа ќе го имаме: попис од две графи (резиденти и нерезиденти).

Решението не е непознато, Грците го имаат и така ги спроведуваат нивните пописи.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9659
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #235 Posted: 06-Feb-2021 at 15:33
Комбинацијата од зголемување на постарата популација со намалување на вкупниот број жители е иницијација за домино-ефект

Како демографските проблеми се трансформираат во економско-финансиски
Статистиката покажува дека територијата на Европа e населена со голем број стари лица, а во просек многу постари од населението во другите делови во светот. Средна возраст во Европа е 43 години, што е за 12 години повеќе отколку на кој било друг континент.

На повидок нов облик на криза

Во таква ситуација, поради демографските промени, според аналитичарите, на повидок е криза што ќе ги загрози економскиот пораст и јавните финансии. Но што точно значи ова? Дали е можно, дури и со побавен пораст, поради повисокиот процент на старите лица, да се обезбеди соодветно функционирање на сите важни социјални системи без тешкотии? Проблемот на ЕУ не е што уделот на старите лица во населението ќе продолжи да се зголемува. Проблемот е што од оваа 2021 година, според процените на ООН, во Европа тој ќе почне да се намалува.
Другите делови на светот ќе растат демографски, а во Европа ќе има силни трендови на депопулација. Најголемите ќе бидат забележани на југ и исток од Европа. Западна Европа, и покрај големиот удел на стари лица, треба да забележи дури и мал демографски суфицит до 2025 година.
Комбинацијата на зголемување на учеството на постарата популација со намалување на вкупниот број жители е она што потенцијално може да предизвика цела низа тешко решливи проблеми. Притоа, треба да се внимава дека промените ќе бидат огромни. Драматичниот пад на бројот на работоспособни лица ќе го отвори прашањето за финансиската одржливост на повеќе социјални системи.


Какви се анализите и процените на ММФ и на други релевантни
институции

Бројот на лица што се работоспособни, односно помеѓу 20 и 64 години, го достигна својот врв во Европа уште во 2010 година. Минатата година во таа група веќе имало 12 милиони луѓе помалку, а до 2035 година базенот на работната сила ќе биде за 50 милиони помал отколку во 2010 година.
Според процените на ММФ, стареењето на населението во комбинација со трендот на депопулација ќе доведе до намалување на БДП по жител, особено во развиените земји. Според пресметките на бриселскиот аналитички центар „Бертелсман штифтунг“, демографските промени ќе доведат до пад на приходот по жител во Германија, Италија, Франција и во Шпанија, помеѓу 4.759 и 6.548 евра, според цените од 2010 година. Во исто време, Европската комисија го проценува порастот на здравствените трошоци и грижата за старите лица за 2,3 процентни поени. Тоа, според аналитичарите, не звучи многу, но тие нагласуваат дека треба да се земе предвид дека во ЕУ овие трошоци веќе се на огромни 25 проценти од БДП.
Европските земји претежно планираа многу значително зголемување на вкупните трошоци за стари лица (пензии, грижа, образование, бенефиции за невработеност, трошоци за здравствена заштита), а Хрватска и Грција се меѓу ретките земји што во проекциите 2016-2040 на времето планираа да ги намалат овие трошоци за повеќе од два процентни поени.
Јасно дека ова е неодржливо поради фактот што до 2035 година секое четврто лице во ЕУ би било над 65 години, додека пак во 1950 година секој 13-ти граѓанин бил на оваа возраст.
Анализата на ваквиот контекст на ЕУ укажува на тоа дека инвестициите во развој на нови модели на сребрена економија и порастот на плодноста ќе треба да бидат многу поголеми. Особено загрижувачки за ЕУ ​е намалената стапка на плодност во земјите како Шпанија, Италија, Грција и Португалија. Цела Јужна Европа е под стапката на фертилитет од 1,37 и дискутабилно е прашањето како ќе ги зачува социјалниот и пензискиот систем. Источна Европа, од друга страна, е под демографско влијание на емиграцијата. Хрватска, Естонија, Летонија, Литванија, Србија, Бугарија и Романија се меѓу оние со најголеми проблеми поради емиграцијата, а стапката на плодност се намалува. Со зголемување на плодноста, ќе биде потребно значително да се продолжи работниот век, што е веќе тренд во голем број земји.
Демографските проблеми се заеднички за повеќето земји во ЕУ на различни начини. Во Италија не биле забележани помалку раѓања од средината на 19 век. Таа земја очигледно се намалува пред очите на носителите на одлуки таму и јасно е дека нема да има реални стапки на пораст без работна сила.

Недостиг од работна сила

Дали недостигот од работници ќе доведе до зголемување на номиналните каматни стапки и инфлација? Дали такво нешто може да доведе до колапс на јавните финансии и значителен пад на стандардите дури и во развиените земји? Тоа, според аналитичарите, е тешко прашање. Без големи промени во политиката, како што е зголемување на вработеноста кај жените, повисоко и подолго платено породилно отсуство, значително продолжување на работниот век за сите, реформи на пензиските системи во насока на зголемување на стапката на распределба…, ризиците растат. Дури и најагилните европски економии почнуваат да имаат сериозни демографски проблеми. Исто така и Германија започна да се намалува. За време на пандемијата, Германија не успеа да го пополни базенот со работна сила со нови имигранти, кои со себе носат поголема стапка на плодност. Така, Германија загуби 40.000 луѓе во првата половина на 2020 година. Ако Германците се во неволја, тогаш кој не е?
Влијанието на стареењето и депопулацијата врз економијата на ЕУ ќе биде огромно, иако не знаеме точно колкаво. За потсетување, теоријата за животните циклуси на Модиљани ја препозна важноста на демографијата пред повеќе од 70 години. Младите позајмуваат повеќе, средовечните и постарите трошат помалку и заштедуваат повеќе. Што точно ќе донесат овие големи промени во односот на големината на овие групи и во однос на инвестициите, извозот, потрошувачката и производството е тешко да се процени, но не треба да се плаче ако продавањето помагала за одење стане подобар бизнис од пијалаците насочени кон младите луѓе. Проблем е ако не дојде до приспособување.

Што значи во сиот овој контекст реалното зголемување на животниот век кај луѓето?

Со сè помалку сиромашни, како и со огромните достигнувања во медицината и исхраната, многу е веројатно дека треба да се смета на понатамошно зголемување на животниот век. Во ЕУ можеме да очекуваме прославата на 100-оти роденден да стане нешто вообичаено. Не е исклучено дека до 2050 година, бројот на суперстогодишници, односно оние постари од 110 години, значително би се зголемил. Тоа нема да биде статистички импресивна група, туку повеќе индикатор за тренд. Во моментов има само 50 лица на светската листа со по 111 година или постари. Сите лица постари од 113 години се всушност суперстарици. Најстариот маж на списокот од 50 најстари е Сатурнино де ла Фуенте Гарсија. Овој Шпанец е на 47-то место според возраста и треба да поживее подолго од седум години за да стигне до Кејн Танака, Јапонка, која влезе во 119-та година од животот на почетокот од оваа година.
Заклучок: Можеме да очекуваме понатамошно пробивање на границите на максималниот „биолошки можен“ животен век и значително зголемување на бројот на долговечни, со тоа што особено расте бројот на долговечните жени. Иднината ќе им припаѓа многу повеќе на долговечните жени. Бабите и дедовците во Европа ќе станат доминантна потрошувачка сила.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/politika/комбинацијата-од-зголемување-на-пост/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9659
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #236 Posted: 10-Feb-2021 at 09:15
Над 600.000 граѓани се отселија од Албанија за една деценија

Неколку истражувања и методологии спроведени од ИНСТАТ и различни невладини организации покажуваат влошување на феноменот со имиграција во третата декада од падот на комунистичкиот режим во Албанија.

Една од нив, која ги мери имиграцијата и дијаспората, покажува дека од 2011 до 2020 година, околу 600.000 луѓе ја напуштиле земјата.

ИНСТАТ користи индиректни методи за да спроведе проценка на бројот на имигранти, која се заснова на податоци од два последователни пописи, иако има потешкотии или низа ограничувања.

Пописот на население и домување во Албанија дава проценка на состојбата на миграција во периодот помеѓу пописот, кој обично се спроведува на секои 10 години и содржи само мал број прашања, што не може да ги брои сите миграциски настани, како што се , привремена и циркулирачка сезонска миграција.

Индиректниот метод што го користеше ИНСТАТ беше споредба на двете популации, онаа на резидентното население и граѓанскиот регистар покажаа дека бројот на иселеници кои живеат во странство достигна 1,6 милиони луѓе во 2020 година во споредба со 1,08 милиони што беа според резултатите од пописот во 2011 година, или околу 600.000 повеќе луѓе.

Според податоците на ИНСТАТ, од 2001 до 2011 година, 481.000 лица се иселиле, но во текот на третата декада 2011-2020 година, бројот на иселеници се зголемил за 25%.

Растечкиот тренд на емиграција беше воден од економската криза од 2008 година и укинувањето на визите со Европската унија во декември 2010 година. Во текот на последната деценија, имиграцијата се прошири од изолирани лица до заминување на целото семејство. Многу семејства побараа економски азил по 2015 година, феномен што продолжува да се појавува.

Оваа бројка е скоро двојно поголема од онаа на неодамнешното истражување на ИНСТАТ, според кое во текот на 2011-2019 година повеќе од 360.000 луѓе ја напуштиле земјата или 13% од населението во 2011 година.

Една неодамнешна студија на професорите Илир Гедеши и Расел Кинг покажува дека емиграцијата ги погоди сите сегменти на албанското општество, од елитите до најсиромашните и најмаргинализираните групи и привлече луѓе од сите региони на земјата.

Според нив, по три децении миграцијата сè уште продолжува да се случува, иако нејзината природа е променета – помалку миграција поради сиромаштија, очај и протест, како што беше во текот на 90-тите, додека денес во структурната карактеристика на албанското општество и демографијата доминираат младите, кои се најобразованите слоеви на населението.

Земјите кои имаат за цел да ја вклучат својата дијаспора во развојот на земјата, не само што нивниот број е доволен, туку многу важен е и нивниот профил, и демографски и социјален и економски. ИНСТАТ препорачува дека мора да имаат информации за нивната концентрација, образовен статус и вработување. Овие карактеристики најмногу ќе и помогнат на владата појасно да го разбере професионалниот и економскиот потенцијал што го има дијаспората. Изградбата на регистарот за имигранти, иницијатива што веќе ја презеде Министерството за внатрешни работи, ќе помогне многу во овој поглед. Напори ќе се направат и од Министерството за Европа и за надворешни работи за собирање на квалитетни податоци од дипломатските преставништва.

Друго истражување на ИНСТАТ, во соработка со донатори во околу 20 000 домаќинства минатата година (април-јули 2019 година) откри застрашувачки факт во изминатата деценија, бидејќи феноменот се прошири на емиграција на целото семејство. Во текот на последните 10 години, 6,6% од семејствата ја напуштиле земјата, вкупно 49.500, додека во годините 2001-2011, заминале 4,4% од домаќинствата.

Земјите кои имаат за цел да ја вклучат својата дијаспора во развојот на земјата, не само што нивниот број е доволен, туку многу важен е и нивниот профил, и демографски и социјален и економски. ИНСТАТ препорачува дека мора да имаат информации за нивната концентрација, образовен статус и вработување. Овие карактеристики најмногу ќе и помогнат на владата појасно да го разбере професионалниот и економскиот потенцијал што го има дијаспората. Изградбата на регистарот за имигранти, иницијатива што веќе ја презеде Министерството за внатрешни работи, ќе помогне многу во овој поглед. Напори ќе се направат и од Министерството за Европа и за надворешни работи за собирање на квалитетни податоци од дипломатските преставништва.

Анкетата покажа дека економските услови, вклучително сиромаштијата, невработеноста и недоволно вработување, нискиот приход од вработување, тешките услови за живот, ограничената социјална заштита и долговите се главните фактори за албанските емигранти.

Покрај овие основни фактори, уште еден поттик е иднината на децата. Покрај овие, постојат и други фактори, како што се недостатоци и низок квалитет на здравствени услуги, домување, конфликти и физичка безбедност кои предизвикуваат постојан психолошки стрес, вклучувајќи го и нискиот квалитет на образование. За некои подгрупи (на пр. Роми и Египќани), дополнителен фактор е дискриминацијата. Огромното мнозинство луѓе кои емигрираат се млади, додека 14% од нив имале високо образование. Заминувањето на мажите беше 200% повисоко отколку на жените.

Иселувањето во последната деценија вклучи значителен дел од средната класа и во однос на образованието. Според податоците од истражувањето, од оние што заминале, 54% имале завршено средно училиште, стручно или општо образование или вишо образование. Скоро 14% од иселениците во текот на периодот 2011-2019 година имаат завршено високо образование.

Извор: Монитор/Албаниан Дејли њуз


https://www.slobodenpecat.mk/nad-600-000-gragani-se-otselija-od-albanija-za-edna-deczenija/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9659
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #237 Posted: 24-Feb-2021 at 14:24
Критичниот момент за пописот ќе биде на полноќ меѓу 31 март и 1 април

Државниот завод за статистика вчера го објави јавниот конкурс за ангажирање реонски попишувачи и реонски инструктори кои ќе учествуваат во спроведувањето
на пописот на населението, домаќинствата и становите во периодот од 1 до 21 април годинава. Главен услов е тие да немаат засновано работен однос и да завршиле средно образование.

Заводот за статистика од пријавените ќе одбере 5.055 попишувачи и 506 реонски инструктори, кои во март ќе бидат обучени за попочнување на апликацијата за попис, а обуките ќе ги спроведат 150 државни инструктори кои први ќе поминат низ обука наредната недела.

Според Заводот за статистика, ќе се почитуваат пропишаните здравствени протоколи, а добро би било доколку сите инструктори и попишувачи бидат во приоритената група за вакцинирање. Попишувачите ќе добијат маски и друга заштитна опрема, а кај болните и кај лицата во изолација ќе влегуваат со мантили и визири, според безбедносните протоколи.

Директорот на Заводот Апостол Симовски вели дека критичниот момент за пописот ќе биде на полноќ меѓу 31 март и 1 април. Тоа значи дека починатите граѓани и родените бебиња по овој критичен момент нема да влезат во статистиката. Семејствата или блиските роднини ќе треба да дадат информации за починатиот член доколку тој починал по критичниот момент, но пред да пристигнат попишувачите во нивниот дом.

– Ние имаме критичен момент и ја гледаме состојбата заклучно со тој датум. Ако лицето било живо до тој момент, но починало пред да пристигнат попишувачите, тогаш тоа лице ќе се брои и ние ќе земеме податоци за тој човек. Од друга страна, ако се роди дете по критичниот момент, тогаш тоа бебе нема да влезе во статистиката. Тоа се прави за да се утврди точната состојба до одреден датум. Тој момент е полноќ помеѓу 31 март и 1 април, па сите податоци се собираат само до тој ден. Кога ќе ве прашаме дали во текот на изминатата недела сте работеле за дополнителен хонорар, тогаш ние мислиме за последната недела од март, иако попишувачите можат да пристигнат во домот на 15 април, на пример, појасни Симовски за Плусинфо.

Подготовките за спроведување на пописот течат и засега не се забележани никакви проблеми. Од 1 март започнува самопопишувањето, како и попишувањето на лицата во Армијата и во дипломатско-конзуларните претставништва. Обуките на попишувачите почнуваат од 15 март.

https://nezavisen.mk/kritichniot-moment-za-popisot-kje-bide-na-polnokj-megju-31-mart-i-1-april/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1050
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #238 Posted: 24-Feb-2021 at 14:28
Ова се информации неважни за јавноста, туку интерни техникалии кои можат отпосле да ги соопштат. Сега фали само некој будала да го изврти ова на некој шупачки портал и да почнат прашања "дали тие родени на 1ви Април ќе добијат државјанство?" и такви слични манипулации глупости дека починати ќе гласаат.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9659
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #239 Posted: 01-Mar-2021 at 13:42
ОФИЦИЈАЛНО: Во 2020 во Македонија умреле за 25 отсто повеќе

Заводот за статистика денеска официјално ги објави бројките за бројот на починати и родени во 2020. Сумирајќи ги резултатите од сите четири тромесечија, во текот на минатата година починале вкупно 25.049 граѓани.

Тоа е за 25 отсто поголема бројка во однос на една година претходно, кога бројките од кварталите покажуваат 20.412 починати. Разликата ја прави последното тромесечие во 2020, кога се евидентирани 9.465 починати, односно околу 5.000 повече во однос на истиот период една година претходно. Според Заводот за статистика, ваквата бројка сепак се должи и на тоа што се доцнело со обезбедување на податоците.

„Како последица на пандемијатa со КОВИД-19 и задоцнувањето на извештаите од одделни матични подрачја од претходните квартали, бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2020 година бележи зголемување од 89.1.% во споредба со истото тримесечје од 2019 година и изнесува 9 465 лицa, а од нив 12 се умрени доенчиња“, соопшти Заводот.
Од друга страна бројот на новородени се намалува. Ако во 2019 нивната бројка била 19.725, во 2020 тие биле 18.863



https://faktor.mk/oficijalno-vo-2020-vo-makedonija-umrele-za-25-otsto-povekje-
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 214
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #240 Posted: 01-Mar-2021 at 13:56
Ova se preliminarni podatoci koj seuste ne se podpolni osobeno vo delot na zivorodeni deca kade seuste nema korekcija. Ocekuvam vo konecnite podatoci minimum plus 500-750 novorodeni deca poveke a za zal i isto tolkavo zgolemuvanje kaj pocinatite.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.